Декември. Месецот во кој главна тема на разговарање се најдобрите и најлошите нешта кои се случиле во текот на последниве 12 месеци. Бидејќи од неодамна е традиција, музичките артисти ширум светот го користат ова време за споделување на нивните ремикси од најпопуларните песни во текот на целата година.rnrn
rnrnДиџејот Earworm оваа година прв започнал, така што го објавил ова одлично видео кое ги вклучува најдобрите поп песни од оваа година. Додека ја слушате неговата музичка компилација која тој ја нарекол 50 нијанси поп, без сомнение ќе почувствувате и носталгија за 2015 која набрзо ќе заврши…rnrn
Tag: поп
-

Музичка компилација од најпопуларните поп песни во 2015 година
-

64 лабави песнички за љубителите на инди поп музика
Сакате да ви свират релаксирачки, мирни ноти, додека ги вршите вашите задачи на работа или спремате некој испит за на факултет, а не сакате да ве деконцентрира? Наместо да пуштате Јутјуб и на секои неколку минути да менувате друга песна, стиснете плеј на плеерот и уживајте 4 часа, во убавите звуци на инди поп ритамот. :)rn rn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Дали ги проценуваме луѓето според музиката која ја слушаат?
Што слушаш – тоа и си! Многумина млади својот идентитет го градат врз основа на музиката која ја слушаат, токму затоа на другите луѓе музиката може многу да им открие за нивниот карактер. Доколку некој ви го открие својот музички вкус, природно е врз основа на тој податок вие да изградите некој претпоставен став за тој човек, неговите вредности, неговото друштво и неговите навики.rnrn
rnrn rn„Музиката е моќно средство за друштвени експресии, која може да ги појача стереотипите и предрасудите“ – вели психологот и водачот на истражувањето за музичките вкусови, Џејсон Рентфроу од Универзитетот Кембриџ.
rnРезултатите од ова истражување покажале дека љубителите на класична музика, луѓето ги доживуваат како тивки, неатрактивни и досадни. За разлика од нив, љубителите на рокот се сметаат за емоционално нестабилни и бунтовници по природа, како и за многу неодговорни луѓе. Обожавателите на попот повеќето луѓе ги процениле за по малку смотани, оние на рапот за спортски духови и за агресивни луѓе, а покорниците на електронската музика за невротични ликови. Најдобро прошле обожавателите на џезот, бидејќи нив луѓето ги сметаат за вешти, мирољубиви, либерални, љубезни и отворени по природа.rnrn
„На луѓето не можеме на лице место да им направиме психолошка анализа преку прашања, за да изградиме слика за нивната личност. Ова истражување покажува дека, иако нашите претпоставки не мора да бидат точни, си создаваме слика за некој човек според одговорот на прашањето ‘Каква музика слушаш?’“ – заклучува Рентфроу.
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како да изгледате како омилениот пејач?
Имате идол кој е познат поп или рок пејач? Се воодушевувате на неговиот имиџ? Пронајдете го вашиот идол и облечете се во негов стил.




















-

Музичката кариера на глумците од „Gossip Girl“
Тејлор Момсен (Џени Хамфри), Ед Вествик (Чак Бес) и Лејтон Мистер (Блер Волдорф), не само што се прославија со своите улоги во мега-популарната ТВ серија „Gossip Girl“ (Озборувачка), туку тие градат и свои музички кариери. Заедничко за тројцата пејачи е тоа што музиката за нив претставува излез од реалноста и ослободување на душата. Повеќе или помалку успешни, тие се на почетоците од својата музичка кариера, а сега засега „дивата“ Тејлор Момсен изгледа најнадежна.rn.rnТејлор Момсен
rn17-годишната Тејлор Момсен, не само што се прослави со својата улога на Џени Хамфри, туку таа е и модел, текстописец и неверојатен музичар. Нејзините вокални способности се фантастични и таа веќе гради успешна музичка кариера со својот алтернативен рок бенд The Pretty Reckless. Таа е водечкиот вокал во бендот и ритам гитаристка, а останатите членови се Бен Филипс на гитара, Марк Дејмон на бас и Џејми Перкинс на тапани. Тејлор е текстописец на сите песни од нивниот демо албум „Light me up“, кој излезе на 30-ти август 2010-та.

Помалата сестричка на Ден Хамфри која сите ја знаме, е вушност многу дива и контраверзна на своите настапи со бендот, нашминкана секогаш со црна сенка за очи и црн креон, облечена во екстра кратки фустанчиња (или маички), при што ѝ се ѕирка сексапилниот долен веш. Таа уште на 5-годишна возраст била заљубена во The Beatles. „Бев опседната со нив“ – вели таа. „Ги сакав и Led Zeppelin, The Who, Pink Floyd, Audioslave, Soundgarden, Oasis и Nirvana. Тоа е сè што слушав. Сите мои рок идоли се мажи“.rnrnrnrnВо врска со своите 3 занимања таа вели: „Не ја одбрав глумата или манекенството. Се уфрлив во тие области. Ми се допаднаа, па не ми претставува никаков проблем да се занимавам и со тоа. Но, музиката и пишувањето песни, се нешто кое отсекогаш сум сакала да го правам. Имам одено во музички студиjа и работено со музички продуценти уште од 5-годишна возраст. Не можев да снимам албум на 8 години, но сега можам“ – објаснува таа низ смеа.rnrnrnrn„Албумот е за животот“ – вели таа. „Тој во себе содржи сè: љубов, смрт и музиката сама по себе. Тој е симбол на рок енд рол. Секс. Дрога. Религија. Политика. Секоја песна раскажува приказна за тешкотиите, страдањата и војувањето со емоциите кои јас сум ги искусила или сум ги набљудувала. Ова не е весел поп албум, но не е ниту симбол на ѓаволот. Идејата на текстовите не е тие да бидат сфатени буквално, туку се отворени за интерпретација.“rn.rnЕд Вествик
rn23 годишниот актер Ед Вествик, кој ја глуми улогата на неодоливиот Чак Бес, беше фронтмен на британскиот петочлен бенд „The Filthy Youth“. Тој бил оформен во 2006-та година, а има елементи на инди, панк рок и алтернативна музика. Ед бил вокалот во бендот, а знае малку да свири и на гитара.
„The Filthy Youth“ има сè што се очекува од еден рок енд рол бенд: фризурите, искулираното однесување на сцената, сексапилен водечки вокал и „валкани“ рефрени проследени со гитара. Влијание врз нивната музика имале: The Clash, Xtc, Weller, The Rakes, The Libertines, The Hives, The Rolling Stones и The Doors. За жал Ед не можел да продолжи паралелно да работи на својата музичка кариера и на ТВ серијата “Gossip Girl”, откако таа станала мега-популарна.rnrnТој во врска со музиката вели: „Отсекогаш сум бил поврзан со музиката. Животот не е она што го гледаш, туку она што ти се случува во главата. Музиката е нешто кое произлегува од твојата потсвест. Музиката за мене претставува ослободување.“
Негова инспирација е филозофијата на Џим Морисон. „Не се само песните кои The Doors ги направија тоа што беа, туку и нивното шоу на сцената. Додека сум на сцената, јас сум шоумен. Не би рекол дека сум рок ѕвезда… Ок, во мојот свет на соништата сум.“ Тој планира и во иднина да се занимава со музика и вели дека работи на таен музички проект. Во меѓувреме ни останува да ја слушнеме музиката на The Filthy Youth, а во продолжение следуваат две песни кои се дел од саундтракот на Gossip Girl.rn.rn- rn011
- rn
Orange – The Filthy Youth
rn
- rn
Come Flash All Your Ladies – The Filthy Youth
rn
rn011
rn
rn
.rnЛејтон Мистер
rn24-годишната Лејтон Мистер, која е најпопуларна со својата улога на сексапилната заводничка Блер Волдорф, се занимава и со музика од април, 2009-та година, кога потпиша договор со Universal Republic продукција. Таа е поп пејачка, текстописец и модел, а нејзиниот деби албум насловен „Your Love’s a Drug“ зачинет со софистицирани, електро, денс елементи, ќе излезе наскоро.
Лејтон го цени модерниот звук, а инспирација црпи од Gwen Stefani, Black Eyed Peas, M.I.A и други. Таа, во врска со нејзините две професионални преокупации, музиката и глумата вели: „За да бидеш во филм, треба да успееш да ја доловиш визијата на сценаристот и режисерот и да правиш сè што тие сакаат. Треба да се вложиш себеси во улогата и токму тоа е убавината во глумата – да дадеш дел од себе. Но, мојата музика се подобри како резултат на мојата глума, на тој начин, што кога пеам правам перформанс“.rnТаа вели дека пишувањето текстови и создавањето музика е сосема нов свет, во кој можеш да започнеш од нула и да изградиш песна базирана на она што го посакува твоето срце. Токму затоа музиката ја исполнува.rn
„И за луѓето кои се занимаваат со глума и за музичарите, чувството е исто; ако навистина сакаш нешто, не ти е толку грижа за комерцијалниот успех на истото, сè додека е квалитетно. Така се чувствувам и за мојата музика. Сакам да биде добра, за да можат луѓето да ме почувствуваат преку неа“ – објаснува Лејтон.rnrnrnЧија музика вам најмногу ви се допаѓа ?
- rn