Радаменес, мало и црно ангелско маче кое живее во Бидгошч, Полска, дава сè од себе за да им помогне на животните кои доаѓаат во ветеринарниот центар да им биде подобро. Откако ветеринарите го спасиле од сигурна смрт, тој се обидува да ја возврати услугата така што ги гушка, масира и понекогаш дури и чисти другите животни кои доаѓаат таму. Ова мачка станала локална атракција и луѓето почнале да го посетуваат центарот само за да видат како им помага на другите животни.rnrn
rnrnКога го донеле во центарот, тој страдал од сериозна инфекција на дишните патишта и бил толку болен што ветеринарите дури и размислувале да го успијат. Но, кога го слушнале како преде, решиле да се обидат да го спасат. Откако неговата состојба чудесно се подобрила, тие се изненадиле кога забележале дека и покрај сè, тој се обидува да ги утеши другите животни кои се таму, така што ги чистел и прегрнувал. Тој бил особено внимателен со оние кои имале сериозни операции. Оттогаш па наваму, ветеринарите ја сметаат оваа мачка за нивна медицинска сестра со полно работно време.rnrn
Tag: помагање
-

Оваа неверојатна мачка е медицинска сестра во ветеринарен центар
-

Спој на различностите: Како да функционираме во работна средина во која сите сме различни?
Автор: Петар ЛазаровrnrnЗошто е тешко да се разбереме со нашите колеги, менаџери, партнери, пријатели, родители, комшии, сограѓани и соселани?!rnrnЕдноставно е. Затоа што сме различни!rnrn
rnrnЕ сега, проблемот е тоа што нас опкружувањето нè учи и стимулира да не ги сакаме и почитуваме различностите. Згора на тоа, тука се и основните психо-социолошки карактеристики на луѓето, егото и потребата да се рефлектираме самите во другите околу нас. Секогаш, сите заклучоци, мислења, констатации и пресуди ги базираме на тоа како ние би постапиле, направиле во тие ситуации. И доколку нивното нас не ни се допаѓа и не влегува во нашиот прифатен вредносен систем, го отфрламе како неточно и неправилно. Нормално, нашето е секогаш најдобро! Тоа пак, е егото.rnrnТргајќи од таа перспектива може да се каже дека е многу нормално луѓето меѓусебно тешко да функционираат и да се разбираат. Затоа, единствено што може да направиме е да научиме како да ги прифатиме различностите и да живееме и работиме заеднички кон остварување на поголеми цели и идеи.rnrnНа работа поминуваме најголем дел од денот. Постојано сме изложени на притисок од работата и околината. Понекогаш е многу тешко да се справиме со сите колеги околу нас. Со некои едноставно не може да се разбереме.rnrn
rnrnЗа да ја намалиме таа бариера и да успееме подобро да се усогласиме со нашите колеги (партнери), еве неколку совети:rnrn1. Почитувајте ги и прифатете ги различностите: Сите сме различни, затоа мора и јас да ве прифатам вас и вие мене. Гледајте на вашите колеги како комплементарни на вас, кои ќе ви помогнат да остварите поголема цел.rnrn„Големи работи се случуваат, кога една идеја добива форма преку контакт со други идеи.“ – Нилофер Мерчант (консултант и автор)
rn2. Емпатија: Пробајте навистина да влезете во нивна кожа. Емпатијата не е сочувство (карактеристика на добрите луѓе). Емпатијата е вештина која се учи и усовршува. Така подобро ќе ги сфатиме другите и полесно ќе ги прифатиме.rnrn3. Не рефлектирајте: Сите тоа го правиме. Не треба да ги мериме и споредуваме ставовите, мислењата и реакциите на другите со нашите. Со тоа како ние би постапиле. Тоа е нивна работа. Тоа се нивните вредности и верувања. И не е наша работа да ги осудуваме и критикуваме.rnrn4. Прашајте, не претпоставувајте: Бидејќи не се разбираме со луѓето, многу често си правиме филмови. Правиме претпоставки. Во овој случај најдобро е да прашате ако нешто не сте разбрале или сакате да ви се дообјасни.rnrn5. Помагајте: Ако секогаш му помагате на тимот и не се жалите дека тоа не е ваша работа, тогаш и другите ќе се однесуваат исто кон вас. Ако правите добро, со добро ќе ви се врати.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како можете да им помогнете на бездомниците и сиромашните во Македонија?
Македонија е сиромашна земја со сиромашни луѓе. Дури една третина од населението живее во сиромаштија, а регистрирани се и 140 луѓе во целата држава кои немаат дом и ноќите ги поминуваат под ведро небо. Дури 120 од нив се во Скопје.rnrn
rnrnНема повеќе потреба да се трошат зборови на тоа затоа што на сите им е јасно во какви услови живеат дел од нашите сограѓани. Со оглед на тоа што го читате овој текст вие сте дел од онаа група среќници кои се соочуваат со помали проблеми од нив, па ако сакате да им помогнете и сте во можност да го сторите тоа, ние ви предлагаме неколку начини за тоа. Се разбира, можете како и досега да им дадете храна или облека на сиромашните кои ги среќавате на улица, но ако сакате да се придружите или да помогнете на некоја организација или иницијатива која поревносно се занимава со тоа, ова се вашите опции.rnЦрвен крст
rnЦрвениот крст е организацијата која најмногу работи на терен со бездомниците и сиромашните. Тие управуваат со единствениот пункт за бездомници во државата. Тој се наоѓа во Скопје, во населбата Момин Поток, веднаш зад касарната Илинден. Тоа е место каде што бездомните лица можат да добијат храна и облека, да се избањаат, да добијат услуги од лекар, психолог и социјален работник, како и услуги од бербер. Пунктот е отворен два пати во неделата. Покрај тоа, кога температурите се пониски Црвениот крст на град Скопје испраќа и патролни екипи кои на ранливите лица им делат ќебиња, вреќи за спиење, облека и сл.rnrnОвие активности можете да ги помогнете со донации или со волонтирање. Волонтерите се луѓе кои помагаат без паричен надомест водени само од желбата да донесат одредени промени во кои веруваат. Ако сакате да волонтирате во Црвениот крст и да ги помогнете овие активности најдобро е да се јавите на телефон: 02 3139 578 или обратете се лично во нивната канцеларија во домот „Даре Џамбаз“.rnrn
rnНародни кујни
rnНародните кујни се места каде што оние кои не можат да си дозволат ниту да јадат можат да одат и да добијат оброк. Има многу народни кујни низ голем број градови во Македонија кои ги посетуваат илјадници наши сограѓани. Надлежно за нив е Министерството за труд и социјална политика, а има и некои кои ги отвора и управува Македонската православна црква. Доколку сакате да помогнете во нивната работа обратете се до народната кујна која е најблиску до вашиот дом и тие ќе ви објаснат на кој начин можете да го сторите тоа.rn
Дневен центар за деца на улица
rnДневниот центар за деца на улица во Скопје ги помага децата кои денот го поминуваат питајќи на улица. Тие деца се прибираат во центарот каде што поминуваат низ работилници преку кои стекнуваат основни навики и вештини за живот. Тие овде учат како да ја одржуваат личната хигиена, се описменуваат, се образуваат итн.rnrnНа центарот му се потребни волонтери. Можете да се вклучите така што ќе ги понудите вашите вештини на децата за и тие да можат да се осамостојат и да не бидат веќе социјални случаи. Меѓу другото, би им читале на децата, би цртале со нив, би ги учеле како да ја одржуваат хигиената итн. Иако ова е добра можност за идните педагози, психолози или социјални работници да стекнат некакво практично искуство, во центарот секој може да биде волонтер независно од професионалниот профил. Најважно е да има желба да помогне. Покрај тоа можете да помогнете и со донации. Облека, средства за хигиена и училиштен прибор ќе им бидат од голема помош. Ако сте заинтересирани за да му помогнете на центарот и на децата, информациите за контакт се поставени на овој линк.rnrn
rnПоглед кон вистината
rnЗдружението на граѓани „Поглед кон вистината“ раководи со „Проектот вистински дела на љубезност“. Оваа хумана група на луѓе преку својот проект им помага на оние кои имаат проблем да си обезбедат храна така што секоја недела пред спомен-куќата на Мајка Тереза делат храна, односно по еден солен или благ сендвич и чај или овошје. Покрај тоа делат и облека, обувки и други работи, зависно од она со што располагаат во моментот. Доколку тоа им го дозволуваат моменталните средства и слободното време, работат и во други денови освен недела. Им помагаат и на луѓето на улица и на оние кои имаат свој дом, но живеат во голема сиромаштија. Отворени се за каква било помош која можете да им ја понудите, вклучително и донации и волонтирање. Најлесно ќе ги контактирате преку нивниот Фејсбук профил на овој линк.rn
Храна за сите – Банка за храна на Македонија
rn„Храна за сите – БХМ“ е непрофитна организација која ја собира храната чиј рок на траење е при крај, а продавачите не можат да ја продадат, со цел да ја дистрибуира до оние на кои им е најмногу потребна. Тие немаат контакт со крајните корисници, туку храната ја даваат на народните кујни и сл. Ваков тип организации има во речиси секоја држава во Европа. Нивната работа таму, особено на оние во Западна Европа, оди мазно затоа што добиваат голем број донации на храна која е близу до расипување, а покрај тоа се субвенционирани од матичните држави.rnrnВо Македонија тоа не е случај, така што оваа организација сè уште се мачи со обезбедување на простории за работа и храна која треба да се подели. Засега нивните активности опфаќаат само повремени хуманитарни акции во повеќе градови: Скопје, Битола, Охрид, Струга, Велес, Тетово, Штип, Куманово, Струмица и Кавадарци. Ним им се потребни повеќе луѓе, а вие можете да ѝ помогнете на банката за храна преку донации или вклучување во хуманитарните акции. За тоа или за повеќе најдобро е да ги контактирате на bankazahranamk@gmail.com.rnrn
rnЛице в лице
rn„Лице в лице“ е списание кое го продаваат исклучиво бездомни лица. Чини 100 денари, од кои 50 одат за лицето кое го продава, а другите 50 за развој на проектот. Тоа значи дека со купување на списанието директно го помагате она ранливо лице кое ви го продава така што му плаќате за неговиот труд. Инаку списанието излегува еднаш во два месеца, а содржините се создаваат преку добротворна работа.rn
Солидарен оброк
rnСолидарен оброк е убава иницијатива која за жал не заживеа кај нас. Таа дава можност некаде да платите оброк плус кој некое лице кое не може да го плати подоцна ќе дојде по него. Според информациите од нашите медиуми, само 200 оброци биле платени во првата половина од 2014 година. Сепак, тоа сè уште постои како можност и можете и на овој начин да им помогнете на бездомниците и на нашите сиромашни сограѓани.rnrn rnrnЗнаете ли уште некоја можност да ѝ се помогне на оваа категорија граѓани? Споделете со нас и со читателите!rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Што ВИЕ можете да направите денес за да го направите светот подобро место за живеење?
Сите сакаат да бидат среќни и да живеат подобар живот, но толку многу се фокусирани на своите цели што едноставно забораваат на оние нешта кои можат да го подобрат светот околу нив. Без разлика на вашата возраст, пол или националност, сите вие поседувате способност да влијаете за позитивни промени така што ќе поставите добар пример и ќе ги инспирирате другите. Погледнете ги овие 5 едноставни начини на кои можете брзо да го направите светот подобро место за живеење…rnrn
rn1. Бидете љубезни
rnМногу е лесно да се биде безобразен кон луѓето кои ги мразите, но не му дозволувајте на вашиот гнев и омраза да ги дели луѓето на добри и лоши. Вие никогаш не можете да ја знаете целосната приказна на одредена личност, па токму затоа не е во ред да осудувате. Вие не знаете што тој/таа размислува или чувствува. Едноставно бидете добри кон луѓето и тие ќе бидат добри кон вас. Ослободете се од чувствата на омраза и со тоа ќе станете многу посреќна личност.rn
2. Помагајте
rnДа бидеме искрени, не е лесно да помогнете некому бесплатно. Треба да имате голема емпатија за да волонтирате. Но, помагањето на луѓето или животните кои имаат потреба е еден од најдобрите начини на кои можете да го направите светот подобро место за живеење. Доволно е само да му дадете храна на некое улично кученце, да им помогнете на вашите соседи, да волонтирате по еден ден во месецот во засолниште за бездомници, да засадите цвеќиња или дрвја или пак, ако можете да си дозволите, да им донирате пари на оние кои навистина немаат и верувајте, светот околу вас веднаш ќе стане многу посреќно место.rn
3. Давајте комплименти
rnВие не треба да бидете богати за да го промените светот. Една насмевка упатена кон странец е сосема доволна за да го направите неговиот, но и вашиот ден подобар. Токму затоа не се воздржувајте со комплиментите, кажете ѝ на вашата мајка дека денес изгледа прекрасно или пофалете ја новата кошула на вашата пријателка. Секогаш кога давате комплименти бидете искрени, а доколку нешто не ви се допаѓа, подобро премолчете отколку да лажете.rn
4. Одржувајте ја природата чиста
rnСветот никогаш нема да се подобри доколку не се грижиме за природата. Ако садите цвеќиња и дрвја, тогаш тоа е во ред, но ако фрлате ѓубре на улица, тогаш ѝ правите на природата многу голема штета. Не ги оставајте отпадоците позади вас во паркот и не ги фрлајте во водата. Уште полошо е доколку имате навика да ги палите или закопувате. Бидете пример и инспирирајте ги другите така што ќе се грижите поактивно за природата или пак, ќе започнете со рециклирање.rn
5. Престанете да се натпреварувате
rnМногу луѓе го поминуваат својот живот тежнеејќи кон тоа да бидат подобри од своите пријатели, соработници или соседи. Тие работат напорно за сите оние нешта кои ги постигнале, само за да бидат подобри од своите пријатели или соработници. Но, оваа навика лошо влијае врз вас и врз оние околу вас. Токму затоа најдете друга инспирација која ќе ве води низ животот. Престанете да се споредувате со другите и фокусирајте се на себе. Доколку некој пред вас добие унапредување, бидете среќни за него/неа и продолжете со вашата добра работа и понатаму. Нема потреба постојано да покажувате дека сте подобри, бидејќи на тој начин не само што ги оддалечувате вашите најблиски од вас, туку и оставате лош пример во средината во која живеете.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

По што се разликуваат совесните и учтиви луѓе?
Една изрека вели:rn
„Обѕирноста и учтивоста ќе ве однесат многу подалеку во животот од кој било факултет или диплома.“
rnИ тоа е точно. Совесноста спрема другите луѓе претставува највисока форма на љубезност и емпатија. Тоа е културно однесување, каде се грижите за доброто на останатите, без да очекувате нешто за возврат. Секако, потребни се труд и работа за ваквото размислување да се преточи во вистински дела. Доколку се прашувате како да го направите тоа, погледнете кои се особините што еден човек го прават обѕирен, совесен и учтив.rnrn
rnПокажуваат емпатија
rnЕмпатичното размислување е сосема поразлично од емпатичното дејствување. Обѕирните луѓе не само што можат да се стават во ситуацијата на другиот, туку и на светот гледаат целосно објективно и духовно свесно. Сомилоста ги води кон полесно поврзување со останатите и токму од таа несебичност црпат среќа и енергија.rn
Често се смеат
rnНасмевката има огромен удел врз тоа како другите ве доживуваат. Па, смејте се барем поради позитивниот ефект што тоа го има врз другите луѓе. На пример, застанете пред огледало и набљудувајте се какви сте кога сте насмеани, а какви кога сте намуртени. Разликата е огромна. Уште веднаш ќе сфатите колку сте поубави со насмевка.rn
Интуитивни се за потребите на другите
rnКога размислувате и сте свесни за чувствата на другите, знаете дека дури и наједноставните прашања за тоа што прават и како се чувствуваат, ќе направат чуда за нивната самодоверба и расположение.rnrn
rnrnНа пример, кога влегувате во лифт на 10-на секунди, можни се две опции. Да се потрудите да оставите добар впечаток и да кажете „Како сте?“ или да продолжите да зјапате во мобилниот. Рака на срце, прашањето нема да ви го смени животот. Но, поставете го за да личноста спроти вас се почувствува вредна и ценета. И токму тука лежи обѕирноста. Не се работи за одговорот, туку за намерата!rnВнимаваат на манирите
rnМанирите не почнуваат и завршуваат со „фала, молам, благодарам“. Тие означуваат севкупно почитување и признавање на туѓите чувства, пропратени со соодветно однесување. Или подобро кажано:rn
„Не правете им го на другите она што не сакате тие да ви го прават вам.“
rn
rnrnЗатоа, трудете се да бидете точни, почитувајте туѓото време. Не бидете посесивни, почитувајте ја туѓата слобода. И секогаш активно слушајте што другите имаат да кажат, пред да го дадете својот суд. Мора да внимавате на сите кажани информации, да донесете логичен заклучок за вашиот став и дури потоа јавно да го кажете. Логиката изразувајте ја емпатично. Дури тогаш ќе бидете разумни, а сепак грижливи и обѕирни за туѓите чувства и потреби.rnПонекогаш другите ги ставаат на прво место
rnНесебичноста на овие луѓе е меч со две острици. Додека грижата за туѓите потреби пред личните, напати ги исполнува, неретко токму на тој начин го губат допирот со себе и своите лични потреби. Затоа, балансот е неопходното решение. Инаку, би западнале во замката на постојано удоволување на другите, што ја намалува продуктивноста, па дури и идентитетот. Не грижете се, можете да останете обѕирни и истовремено да се научите да велите „не“. Токму тој баланс ќе ве направи разумни. Кажувањето „не“ во ситните ситуации, ќе ви даде сила тоа да го направите и во поважните. Треба да знаете кога да бидете совесни, а кога едноставно да бидете обѕирни спрема самите себе.rn
Трпеливи се
rnТрпението не е пасивна состојба. Напротив, понекогаш е многу тешко да се достигне, особено во моменти на стрес, раздразливост и непосакувани дразби од околината. Како и сè друго, и трпението се вежба. Само е потребна мотивација, свесност и труд.rnrn
rnrnВо моменти кога вие сте учтиви спрема некого, а тие ве игнорираат, не треба попусто да ги губите нервите. Зошто таа ситуација да не ви биде мотив да создадете пример за културно однесување и учтивост? Вие самите да бидете позитивно влијание. Ако вака влијаете на околината, тогаш ќе бидете мотивирани за уште поголеми промени.rnЗнаат да се извинат кога ќе погрешат
rnНекои луѓе велат „извини“ од страв да не ги навредат другите. Други пак, воопшто не си ни извинуваат, однесувајќи се грубо и бесчувствително. Каде е златната средина?rnrn
rnrnВистинското „извини“ означува каење за нешто што сте го направиле. Обѕирноста значи извинување во оние моменти кога мислите дека сте погрешиле. Инаку, ако се извинувате само за да им удоволите на другите – веќе си наштетувате на себеси. Затоа, бидете свесни за своите грешки и извинувајте се само кога чувствувате дека навистина сте погрешиле. -

Животни лекции кои можете да ги научите од кучињата
Кучињата не само што можат да бидат наши пријатели, туку можат да бидат и наши учители. Во ова видео од две минути, кучињата ќе ни презентираат многу важни животни лекции.rnrn
rnrnТие ќе ви покажат дека е важно да слушате, да вежбате, да уживате во животот, да бидете херои, да споделувате и да сакате и многу други важни работи. Погледнете:rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Погрешниот начин на помагање
Постои вистински, но и погрешен начин на кој можете да им помагате на луѓето. Многу е важно да запомните дека дури и кога дејствувате со вашите најдобри намери, тоа не мора да значи дека е најдобриот начин за некој друг. Погледнете ги наредниве неколку совети кои ќе ви помогнат да сфатите дали е потребно да го промените вашиот пристап на помагање на блиските…rnrn
rnГи правите луѓето зависни од вас
rnЕдна стара изрека вели, „Дајте му на човек риба и ќе јаде еден ден. Научете го човек да рибари и ќе се исхранува цел живот.“rnrnКога постојано се фокусирате на моменталните потреби на луѓето и не ги учите како тие понатаму во слични ситуации да се грижат самите за себе, на некој начин ги правите свои „затвореници“. Ако некој е целосно зависен од некој друг, без разлика дали станува збор за храна, среќа или успех, тие никогаш нема да бидат вистински слободни, ниту пак ќе имаат контрола врз својот живот.rnrnОвој вид зависност може да биде од помош, но само во ретки случаи кога одредени луѓе од одредени причини воопшто не можат да се грижат за себе. На пример, кога станува збор за потешко ментално или физичко нарушување. Во сите други случаи, одржувањето на ваков вид зависност често е негативно и нездраво.rn
Се обидувате да правите нешта надвор од вашата моќ
rnЕден од најлошите начини да им помагате на луѓето е да се обидете да смените нешто што е комплетно надвор од вашата моќ. Кога се мешате во проблеми, посебно во оние за кои немате доволно знаење или искуство, можете многу лесно да ги направите работите уште полоши. Сепак, вие сте само човек и немате ни доволно време ни доволно ресурси за да му помогнете секому во секоја дадена ситуација.rn
Се обидувате да им помогнете на луѓе кои очигледно не ја сакаат вашата помош
rnУште една честа грешка. Кога се обидувате да смените нешто против нечија волја, често се случува тие да ви се налутат и да се свртат против вас. Дури може да го направат и спротивното од она што сте им го кажале, без разлика дали е добро или лошо за нив, бидејќи едноставно не сакаат да го следат вашиот совет.rnrnДоколку некој не ја сака вашата помош, многу е важно да го почитувате тоа. Како што споменавме погоре, вие не знаете секогаш што е најдоброто за сите околу вас и понекогаш перспективата на некој друг може да е многу поразлична од вашата. Обидете се да ги почитувате границите на луѓето.rn
Помагате само со очекување нешто за возврат
rnВо некои ситуации, сигурно се случува да забележите дека им помагате на одредени луѓе само зашто очекувате некако да ви вратат за таа помош во иднина. Но сепак, и покрај тоа што ова однесување во поголем или помал степен е дел од секој човек, не треба да биде главната причина за вашата помош.rnrnМногу луѓе не сакаат помош од оние кои не го прават тоа затоа што навистина сакаат. Некои од нив дури го сметаат и за навредливо. Кога им помагате на другите, бидете внимателни да немате некои скриени мотиви, туку само вашата искрена желба за тие да бидат посреќни и поуспешни. И никогаш не заборавајте, ако добиете нешто за вашето добро дело – супер. Ако не, тогаш самото задоволство од помагањето на некој кој има потреба од тоа треба да ви биде доволно.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Доброто со добро се враќа
Автор: Весна ЈовановскаrnrnКога последен пат помогнавте на некој изнемоштен старец да ја премине улицата? Му подадовте ли рака на детето кое падна пред вас? И понудивте ли помош на бабичката која едвај ги носеше торбите или можеби го поделивте вашиот сендвич со бездомникот кој го затекнавте како бара храна во контејнер?rnrn
rnrnРетки се оние кои ќе кимнат со главата додека го читаат ова. Но, тоа не значи дека сме себични и сурови, туку невнимателни. Денеска сите некаде брзаме и не им обрнуваме внимание на овие ситни работи, кои нам ќе ни одземат незначително малку време, а некому сигурно ќе му го разубават денот. Со ваквите мали и несебични гестови, можеби ќе мотивираме и некој друг да го стори истото.rnrn
rnrnПогледнете како љубезноста се пренесува од еден на друг и ни се враќа како бумеранг, преку ова кусо видео на добротворната организација „Life Vest Inside“.rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.








