КАФЕ ПАУЗА

Tag: помагање

  • На која возраст треба децата да започнат да помагаат во домашните обврски?

    На која возраст треба децата да започнат да помагаат во домашните обврски?

    Според научниците, децата кои помагаат во домашните обврски постигнуваат подобри резултати во текот на животот. Домашните обврски можат дури и да го подобрат менталното здравје на децата бидејќи тие се вклучени во помагањето и се чувствуваат важни. Сепак, секоја обврска треба да се воведе на одредена возраст и родителите не треба да го искористуваат тоа за да си ги намалат обврските. Наместо тоа, овие задолженија треба да се користат како начин да им се предадат вредни животни лекции на децата. Прочитајте кои обврски се соодветни за возраста и какви придобивки ќе имате од нив.rn

    2-5 години: учење ред и редослед

    rnНа која возраст треба децата да започнат да помагаат во домашните обврски?rnrnДомашните обврски треба да им помогнат на малите деца да развијат нови вештини и да им покажат дека секоја задача има почеток, средина и крај – ја облекувате облеката, ја носите, а потоа ја ставате во корпа за нечисти алишта. Најлесните домашни задачи ќе ги научат децата како да ги поделат поголемите проекти на помали чекори во иднина.rnrnЗабелешка: Обврските во секоја нова возрасна група ги вклучуваат обврските од сите претходни возрасни групи.rnrnПредложени домашни обврски: средување на играчките и книгите, ставање на алиштата во корпа, средување на креветот и собирање на чиниите по јадењето.rn

    6-7 години: помагање и учество во тимска работа

    rnНа која возраст треба децата да започнат да помагаат во домашните обврски?rnrnНа оваа возраст, децата се во можност да помагаат повеќе низ куќата. Оваа возраст е соодветна за да се всади важноста на тимската работа и на помагањето на другите: децата можат да ви помогнат при готвењето, поставувањето на трпезата, правењето списоци со намирници и внесувањето на потребните работи од продавницата. Исто така, грижата за домашното милениче не само што ги учи да помагаат туку е и забавна. Генерално, детето ќе се чувствува вклучено и ќе има можност подобро да се поврзе со членовите на семејството.rnrnПредложени домашни работи: помагање при подготовка на оброци, помагање при купување намирници, поставување трпеза, хранење на домашните миленици и наводнување на растенијата.rn

    8-9 години: сфаќање дека сè има свое место

    rnНа која возраст треба децата да започнат да помагаат во домашните обврски?rnrnКако што растат децата, тие можат да преземат поголема одговорност, како на пример да управуваат со своите работи. Околу нив има систем каде што сè има свое одредено место. Тие треба да го организираат својот животен простор така што секој уред, училишен прибор, играчка и парче облека ќе бидат на своето место. На овој начин, детето учи да биде доследно и како да го одржува просторот за живеење уреден.rnrnПредложени домашни работи: организирање на своите работи, диплење алишта, празнење на машината за миење садови и прибирање на приборот за јадење и садовите.rn

    10-11 години: да станете посамоуверени

    rnНа која возраст треба децата да започнат да помагаат во домашните обврски?rnrnСега е време да се подготвите за поголеми задачи. Во овој период, може да се воведат обврски како пакување ручек или подготвување појадок пред училиште. Комплексните, повеќефазни обврски како правењето појадок ги охрабруваат децата да планираат однапред и да ги откријат потребните чекори за да завршат некоја задача. Ова ќе им помогне на децата да стекнат вештини за управување со времето и за решавање проблеми.rnrnПредложени домашни работи: правење појадок, пакување ручек за на училиште, празнење на корпите за отпадоци, фрлање ѓубре, бришење прашина, чистење и проверка на поштенското сандаче.rn

    12-15 години: поставување приоритети

    rnНа која возраст треба децата да започнат да помагаат во домашните обврски?rnrnДомашните обврски можат да им помогнат на тинејџерите да изградат позитивна самодоверба ако се чувствуваат способни и доверливи или со други зборови, ако се третираат како возрасни. Воведувањето нови обврски соодветни за возраста може да направи чудо за мотивацијата на вашиот тинејџер. Важно е да ги научите децата на самодисциплина и како да поставуваат приоритети, така што спроведувањето флексибилност и слобода околу домашните обврски може да биде добра идеја.rnrnПредложени домашни работи: миење автомобили, перење алишта, работа во дворот, чистење, косење трева, менување чаршафи, пеглање, шиење копчиња и чистење прозорци.rn

    16+ години: подготвување за влез во светот на возрасните

    rnНа која возраст треба децата да започнат да помагаат во домашните обврски?rnrnКога децата ќе влезат во адолесценција, тие се веќе прилично способни, така што нивните обврски вклучуваат сè што треба да може да направи еден возрасен човек. Тие вклучуваат управување со пари и справување со итни ситуации. Сепак, иако сите овие вештини дефинитивно ќе им помогнат на тинејџерите да се снаоѓаат подобро подоцна во животот, тоа не значи дека треба да им ги предадете сите обврски на вашите деца. На крајот на краиштата, тие се само луѓе.rnrnПредложени домашни работи: шопинг, готвење оброци, одржување на автомобилот, купување намирници, промена на светилките, чистење на апаратите за домаќинство (одмрзнување на замрзнувачот) итн.rnrnПрочитајте со кои психолошки проблеми треба да се справите пред да имате деца.

  • Ѕвездено семе: 25 нешта кои докажуваат дека сте на овој свет за да им помогнете на другите

    Ѕвездено семе: 25 нешта кои докажуваат дека сте на овој свет за да им помогнете на другите

    „Ѕвездено семе“ е релативно нов поим, но се однесува на нешто навистина старо. Луѓето кои се опишани со овој термин се или многу стари или многу нови души. Како и да е, тие се многу поразлични од другите луѓе и нивната цел на Земјата е да ја искористат таа разлика и да му помогнат на светот и на човештвото.rnrn25 нешта кои докажуваат дека сте овде за да им помогнете на другитеrnrnОвие луѓе се познати по нивната интуиција, интересот за духовното и бескрајната желба да им помогнат на другите. Како деца често имале проблеми да се совпаднат и го гледаат светот на нов и различен начин. Ова се 25-те знаци кои покажуваат дека можеби и вие спаѓате во ова група.rnrn1. Не можете да објасните како, но знаете дека не сте од овој свет. Уште од најрана возраст сте чувствувале дека сте поразлични и знаете дека не треба да се совпаднете.rnrn2. Сте имале тежок живот. Овие луѓе најчесто имаат проблеми во адолесценцијата кога сообразноста не само што е надградувана, туку е и неопходна за функционирање.rnrn3. Воодушевени сте од духовноста и верувате дека сè е енергија, дури и нашите тела и битија.rnrn4. Сте искусиле многу брзо созревање. Без разлика дали се чувствувате како млада или стара душа, имате толку многу мудрост и знаење за споделување што и самите не знаете од каде потекнуваат.rnrn5. Природно сте креативни и ја сакате уметноста.rnrn6. Премногу сте чувствителни. Реагирате посилно на вашите емоции за разлика од другите луѓе.rnrn7. Навистина ве мотивира помислата дека сте овде да им помогнете на луѓето на кој било начин.rnrn8. Тажни сте поради мракот што постои во светот. Ако сте во можност, лична мисија би ви било да го спасите секој човек, животно или дел од природата што е во неволја.rnrn9. Сакате да живеете исполнет, автентичен живот. Не ве интересира следењето на туѓите стандарди, традиции и идеи за тоа како би требало да се одвиваат нештата.rnrn10. Знаете дека имате некоја исцелувачка моќ или некои натприродни способности до тој степен што можете да знаете, да гледате или да чувствувате работи кои за другите се невидливи.rnrn11. Поврзани сте со природата, но најмногу ве воодушевува целиот универзум. Сакате да знаете што друго постои таму и тешко ви е да поверувате дека сме сами.rnrn12. Отсекогаш сте се чувствувале како отпадник, како оваа планета да не е ваш дом. Ја гледате како место кое треба да го посетите на одредено време.rnrn13. Фактот што не сте се вклопувале никаде ви предизвикувал проблеми додека сте растеле. Во тој период сте сакале само да се вклопите и да чувствувате мир. Сепак, сега сфаќате дека ова е важен дел од процесот на вашето ментално и емоционално созревање.rnrn14. Чувствувате потреба да го правите она што е правилно, постојано.rnrn15. Имате навистина уникатен стил. Не е ексцентричен, но секогаш имате фризура или облека која навистина ве опишува.rnrn16. Без разлика колку сте со отворен ум, немате многу слободен дух. Потребна ви е структура и сигурност за да функционирате.rnrn17. Сте имале необјасниви духовни искуства во текот на животот. Можеби сте сведочеле на нешта од други димензии кои за повеќето луѓе се целосно непознати.rnrn18. Сте задржале дел од сеќавањата од вашиот минат живот. Можеби дури можете и да визуализирате како изгледал вашиот дом или барем како ви изгледале минатите животи.rnrn19. Сте имале проблеми со пријателите додека сте растеле, но кога сте ги пронашле вистинските, тие ви станале како семејство.rnrn20. Знаете дека судбина ви е да ја пронајдете сродната душа ако не сте го направиле тоа досега.rnrn21. Кога пишувате, цртате, танцувате или правите што било експресивно, се чувствувате како со вас да владее некоја сила која твори преку вас.rnrn22. Вие сте егзистенцијалист. Не можете а да не се прашувате зошто сме овде и кое е значењето на сето ова.rnrn23. Го прифаќате тоа што не сте разбрани. Во еден момент од животот почнувате да сфаќате дека тоа што се различни ви дава сила и не сакате да бидете како другите луѓе.rnrn24. Скептични сте во врска со поголем дел од институциите на Земјата. Овде спаѓаат владите, образованието и религијата.rnrn25. Длабоко во себе знаете дека не сте дел од овој свет и дека сте овде за да помогнете да се создаде нов.rnrnДознајте и нешто повеќе за индиго децата.

  • Поучни приказни што ќе ви докажат дека секогаш треба да си помагаме едни на други

    Поучни приказни што ќе ви докажат дека секогаш треба да си помагаме едни на други

    Еднаш во еден голем парк избил пожар. Сите се разбегале. Останале само двајца: Еден слеп човек и еден човек без нога. Во сета таа паника, слепиот тргнал кон огнот.rnrnПоучни приказни што ќе ви докажат дека секогаш треба да си помагаме едни на другиrnrn„Не натаму! Ќе завршиш во оган!“, извикал инвалидот.rnrnСлепиот човек исплашено извикал:rnrn„А каде тогаш?“rnrnЧовекот без нога одговорил:rnrn„Јас можам да ти го покажам патот, но не можам да трчам. Ако ме кренеш на грб, обајцата ќе можеме да побегнеме од оганот и да се скриеме на сигурно.“rnrnАко успееме да научиме дека своите искуства и можности треба да им ги ставаме на располагање на другите, сите наши надежи, разочарувања, но и успеси би можеле да им бидат од голема корист на сите луѓе. Па дури и тогаш кога ни се чини дека сѐ е бескорисно, како на пример кога 9-годишното девојче се вратило дома откако отишло кај сосетката чија ќерка загинала во сообраќајна несреќа.rnrn„Зошто беше таму?“, ја прашал таткото.rnrn„Да ја утешам мајката на мојата другарка“, одговорило девојчето.rnrn„Ти си толку малечка! Што можеше да сториш за да ја утешиш?“rnrn„Седев во нејзината прегратка и плачев заедно со неа“, рекло девојчето.rnrnОна што го имате во поголема мера од другите, како што е здравје, талент, спретност, успех, среќно детство, добри услови за живот, не смеете да го земате здраво за готово и да сметате дека сте го заслужиле. Мора да ја платите цената за тоа. Мора во замена да го посветите вашиот живот во корист на животот на другите луѓе.rnrnПрочитајте ја и следнава поучна приказна за несебично дадената помош.

  • Поучна приказна: Несебично дадената помош секогаш се враќа назад

    Поучна приказна: Несебично дадената помош секогаш се враќа назад

    Некогаш си постоело едно мало момче по име Шанкар кое потекнувало од сиромашно семејство. Еден ден тој поминувал низ шумата, носејќи неколку дрва. Одеднаш, Шанкар здогледал некој стар човек кој бил многу гладен. Момчето сакало да му даде малку храна, но немал ниту за себе, па така, си продолжил по својот пат.rnrnПоучна приказна: Помагањето на другитеrnrnПотоа здогледал елен кој бил многу жеден. Сакал да му даде малку вода, но бидејќи ни тоа немал, си продолжил по својот пат. Набрзо здогледал некој човек кој сакал да направи мала куќичка, но немал дрва. Откако дознал кој е неговиот проблем, Шанкар му дал неколку од своите дрва, а за возврат добил малку храна и вода. По ова, Шанкар се вратил кај стариот човек, му дал храна, а потоа отишол кај еленот и му дал вода. Старецот и еленот биле многу среќни, а потоа момчето си продолжило по својот пат.rnrnНеколку денови подоцна Шанкар паднал надолу по ридот. Имал болки, но не можел да мрда и наоколу немало никој кој може да му помогне. Одеднаш се појавил старецот на кој тој претходно му помогнал и набрзо го извлекол нагоре по ридот. Шанкар имал многу рани, а тоа го забележал еленот на кој тој исто така му помогнал. Еленот веднаш истрчал во шумата и донел некои билки со кои почнале да се лекуваат неговите рани. Шанкар брзо се вратил во одлична форма и бил пресреќен што успеал да направи неверојатни пријателства.rnrnПоука: Ако им помагате на другите, кога-тогаш и тие ќе ви помогнат вам.

  • Како да им помогнете на уличните животни да преживеат за време на снежните денови?

    Како да им помогнете на уличните животни да преживеат за време на снежните денови?

    Вашите домови се топли, вие облекувате подебела облека, јадете здрава храна за да го зајакнете својот имунитет и не излегувате од дома без некоја голема потреба во текот на студените денови. Гледајќи преку прозорецот уживате во прекрасната снежна идила која ве потсетува на сцени од приказните. Сепак, еден дел од бајките е заборавен – како да им помогнете на оние кои се принудени зимските денови да ги поминат на отворено.rnrnПомогнете им на вашите четириножни пријатели: 5 лесни начини да им бидете од корист во студените деновиrnrnВо овој момент на улиците постојат многу напуштени животни кои немаат каде да се скријат, немаат што да јадат, ниту со што да се покријат. Додека вие го читате ова, нивните стомаци се празни, телата им треперат на студот и можеби нема да го преживеат денешниот ден. Сето ова не се случува некаде далеку, во друг град или друга земја, туку токму во вашето место на живеење, под вашиот прозорец! А вие можете да направите нешто за да им помогнете на овие суштества. Погледнете неколку начини на кои можете да ги заштитите кутрите и напуштени животни…rn

    1. Отворете ја вратата на влезот од зградата

    rnСо тоа што ќе им дозволите на кучето или мачето да влезат во зградата, тие нема да ве изедат, да ви пренесат каква било болест или да ви го извалкаат влезот. Ставете им мал картон каде што ќе може да легнат и тоа ништо нема да ве чини. Всушност, замислете дека сте сами и токму во овие студени денови го имате заборавено клучот од станот, па морате да чекате со саати пред влезот…rn

    2. Правењето снешко со децата е забавно, но изградбата на мала куќичка за напуштените животни е и забавно и хумано!

    rnОрганизирајте се со вашите пријатели или членовите на семејството, па од стари дрва, стиропор, крпи, ќебиња, слама и друг материјал којшто не ви е потребен, направете засолниште за напуштените животни во вашето место. Ако немате време да се посветите на правење куќичка, доволно ќе биде да поставите и картонска кутија на местата каде што нема снег. Животните ќе ви бидат благодарни, вашите деца ќе научат да им помагаат на другите и самите себеси ќе се гледаат со други очи, а ако сето ова го фотографирате и го споделите на социјалните мрежи, многумина ќе ве поддржуваат во вашите постапки.rnrnПомогнете им на вашите четириножни пријатели: 5 лесни начини да им бидете од корист во студените деновиrn

    3. Малку храна и чинија топла вода може да ги спасат животните во последен момент

    rnОд празничните трпези сигурно ви останува многу храна, па погледнете во фрижидерот и издвојте го сѐ она што нема да го јадете. Земете две пластични чинии и ставете топла вода и храна наменети за напуштените животни во вашето место на живеење. Ако можете да си дозволите и ако не се брзате, можете да купите и конзервирана храна за кучиња и мачки и да ја оставите на местата каде што не врне дожд или снег.rn

    4. Не се загрозени само кучињата и мачињата, туку зимата е тешка и за птиците

    rnПоставете куќичка за птици, а доколку немате време за тоа, наполнете една чинија со зрна и ставете ја на вашиот прозорец или тераса.rn

    5. Вдомете животно

    rnАко сте љубители на животните и отсекогаш сте сакале да вдомите некое, ова е одлично време да го направите тоа! Од една страна вие ќе се чувствувате исполнети и посреќни, а од друга страна ќе спасите еден живот.

  • Неколку знаци што покажуваат дека имате претерано добра душа

    Неколку знаци што покажуваат дека имате претерано добра душа

    Луѓето се многу комплицирани суштества. Животните, на пример, ако им се спие – спијат, ако им се јаде – јадат, ако сакаат да се размножуваат – се размножуваат. На животните не им е гајле колку е часот, каква е храната што ја јадат, што ќе прават за 30 години и дали партнерот ќе ги изневери.rnrnНеколку знаци што покажуваат дека имате претерано добра душаrnrnНо, луѓето имаат разум и поради тоа многу се грижат за времето што поминува. Тоа ниво на свест нѐ прави свесни за нашето постоење во времето и просторот. Ние сме свесни за минатото, сегашноста и иднината. Токму затоа, секој од нас има своја приказна, карактерни особини, начин на однесување, доблести и мани, таленти, знаење и искуства.rnrnПомеѓу приказната од нашето минато и сликата за тоа какви би сакале да бидеме во иднина, се наоѓа нашето его. Добро е да се има здраво его. Тоа нѐ издвојува од останатите и ни помага да напредуваме во иднина. За да можеме да ја планираме иднината мора да бидеме свесни за тоа кои сме и што сакаме. Меѓутоа, постои нешто што ни го попречува напредокот, а произлегува од нашата несигурност. Тоа е грижата за туѓото мислење. Со цел да го скриеме фактот дека немаме самодоверба, ние сакаме да бидеме прифатени од сите луѓе кои нѐ опкружуваат. Ние бараме бегство од суштинскиот проблем што е производ на нашата слабост.rnrnДоколку сакате сите да имаат позитивно мислење за вас, постои голема веројатност дека постојано им помагате на луѓето, се однесувате примерно и секогаш ги ставате другите пред себе. Суровата реалност е дека на овој начин само си наштетувате. Се обидувате да ги спасите сите луѓе додека вам ви треба вистинската помош. Единствената личност која може да ви помогне е презафатена со тоа што им помага на останатите, а тоа сте вие самите.rnrnЦелта на нашиот ум е да ни овозможи да ја потрошиме енергијата на најефикасен начин. Доколку сте премногу добродушни, тоа значи дека не ја трошите вашата енергија продуктивно. Ако се пронајдете во следниве неколку примери, тоа е доказ дека имате претерано добра душа…rnrnНеколку знаци што покажуваат дека имате претерано добра душаrnrn1. Чувствувате дека постојано се жртвувате за другите.rnrn2. Ги заборавате лошите работи што луѓето ви ги направиле и сѐ уште се дружите со нив, иако знаете дека не ве почитуваат.rnrn3. Секогаш ги ставате другите пред себе.rnrn4. Премногу често ги преминувате вашите граници за други луѓе.rnrn5. Сметате дека не заслужувате љубов и кога некој ќе направи нешто убаво за вас, вие возвраќате со двојно повеќе љубов.rnrn6. Не си го браните вашиот став.rn

    Како да не бидете толку добродушни?

    rnАко им помагате на другите само затоа што сакате тие да ве сметаат за добра личност, вие правите добрини бидејќи очекувате нешто за возврат. Очекувате да бидете наградени од луѓето, универзумот, Господ или што било друго, затоа што сте биле добар човек. Но, работите не функционираат така.rnrnЛуѓето чија добрина е автентична знаат кому му треба нивната помош. Самиот чин на помагање е награда. Мора прво да си помогнете себеси за да стигнете до ова ниво на свесност. Кога ќе почнете да се почитувате себеси и да се сметате за личност која заслужува љубов, ќе почувствувате слобода да го правите она што го сакате, а не она што ќе ве претвори во добар човек.rnrnНа тој начин, ќе можете слободно да се претставувате себеси во вистинско светло и ќе станете свесни за вашата вредност. Нема да ви треба ничие одобрување или позитивно мислење. Доброто и злото се идеи создадени од егото. Но, вие можете да го надминете вашето его. Вие сте тоа што сте и нема потреба од понатамошно комплицирање на работите. Само бидете свои!

  • Со несебичното давање на другите, вие всушност се грижите за себе

    Со несебичното давање на другите, вие всушност се грижите за себе

    Филантропијата во својата основа значи љубов кон човештвото. Сите вие можете да бидете филантропи со тоа што ќе го подарувате вашето време и внимание на некој за кој се грижите. Со тоа што ќе се одлучите несебично да подарувате, ќе успеете да пронајдете љубов, среќа и вистинско задоволство. Погледнете кои работи ќе ги добиете доколку го отворите своето срце кон другите.rnrnСо несебичното давање на другите, вие всушност се грижите за себеrn

    1. Ќе запознаете многу интересни личности кои во спротивно не би ги сретнале

    rnКога отворате една врата, таа може да ве води кон многу други. Така, вашиот круг на пријатели постепено ќе се зголемува, притоа збогатувајќи ве со повеќе можности и искуства.rn

    2. Ќе се забавувате

    rnЕдна од најголемите предности кои ви ги нуди несебичното дарување на другите е споделените среќа, пријателство и искуство. Многу личности кои го практикуваат ова се најисполнети и најмалку се соочуваат со гневот.rn

    3. Ќе ви помогне да ги заборавите болните искуства

    rnСо тоа што ќе им помагате на другите вие ќе бидете фокусирани на подобрите аспекти од вашиот живот, при што ќе заборавите на болните минати искуства. На пример, во една студија која вклучувала алкохоличари кои биле во фаза на лекување, оние кои им помагале имале речиси два пати поголема веројатност да останат трезни една година подоцна, а исто така се намалило и нивото на депресија. Помагањето на другите, пред сѐ, најмногу ви помага вам!rnrnСо несебичното давање на другите, вие всушност се грижите за себеrn

    4. Ќе бидете исполнети

    rnНа една личност ѝ е потребно надминување на самата себеси, односно остварувања надвор од оние сопствените. Она што можете да го направите е да им помагате на другите, па со текот на времето ќе почувствувате колку подобра личност станувате.rn

    5. Ќе пронајдете среќа

    rnМногу често среќата можете да ја пронајдете кога ќе почувствувате дека сте им корисни на другите луѓе. Ова го потврдуваат и бројни научни студии. На пример, во едно направено истражување во 2009 година, германскиот психолог Малте Клар и американскиот професор Тим Касер, заклучуваат дека активизмот, односно посветеноста на социјалната средина, обезбедува голем дел од човековата среќа, како што е чувство дека личноста е корисна, дека може да го промени светот и дека може да биде дел од нешто поголемо, надвор од индивидуалните проблеми.rnrnМногу полесно е да го подарите вашето време и внимание на другите, отколку што замислувате. Тоа нема да ве чини пари, ниту пак ќе ви одзема многу време, а со сигурност ќе го направи вашиот живот поинтересен. Кога ќе ви се отворат различни врати, вие ќе се чувствувате многу поспособни и ќе можете да правите неверојатни работи за кои до тогаш сте мислеле дека не можат да се остварат. Па, зошто да не си дадете зелено светло? Немате што да изгубите!

  • Основно правило на универзумот: Давај за да добиеш!

    Основно правило на универзумот: Давај за да добиеш!

    Помислете за момент на вашиот организам. Во него сѐ се одвива врз основа на принципот на соработка и размена, сите органи соработуваат и секој го дава она што му е потребно на другиот за да може да функционираат како целина. Кога еден од органите би се одделил, би станал себичен и би решил да работи сам за себе, целиот организам би престанал да функционира, заедно со тој одделен орган.rnrnОсновно правило на универзумот: Давај за да добиеш!rnrnТака функционира и целиот универзум. Природата постојано ни дава, но ние не сме научиле да возвратиме, туку само земаме и не знаеме како да даваме. Сите бараме нешто и постојано се прашуваме „Зар премногу барам?!“. Универзумот е богата ризница во која има повеќе отколку што можеме да замислиме, но прашањето е како да стигнеме до неа, како да го добиеме она што го сакаме. Одговорот е: Давајте и бидете дел од целината.rnrnИма приказна за еден оџа кој се давел во реката. Луѓето му приоѓале и му велеле: „Оџа, дај ја раката!“, но тој не реагирал и се удавил. Кога дошол друг оџа да види што се случило и кога ги видел сите тие луѓе, прво ги нападнал затоа што никој не го спасил. Меѓутоа, тие му раскажале дека му приоѓале и му велеле „Оџа, дај ја раката“, но тој не одговарал. На тоа верскиот службеник им рекол: „Сте погрешиле. Не сте требале да велите ’дај ја раката’, туку сте требале да велите ’оџа, повели раката’ и ќе го спасевте“.rnrnТоа што не разбираме дека во давањето лежи спасот, ќе нѐ одведе во пропаст и ќе се згушиме во сопственото верување дека ќе се спасиме ако се фокусираме на себе и сопствените потреби, но на тој начин само ќе создадеме неплодно тло.rnrnСекој запченик, дури и оној најситниот, е неопходен за непреченото функционирање на целиот механизам. Сѐ е важно. Се вели дека кога пеперутката ќе замавне со крилјата на едно место, тоа има влијание на друг континент.rnrnПостојат безброј начини тој механизам да се покрене, односно да му го дадеме она што на другиот му е потребно и да се однесуваме според законите на универзумот: Доколку можеме да помогнеме со материјални средства, да кажеме убав збор, да им помогнеме на соседите, да ги нахраниме животните, да не озборуваме, да им помогнеме на другите да го постигнат она што го сакаат. На тој начин се излегува од микро планот и фокусот кон самите себе и се влегува во општиот, универзален план.rnrnСо тоа што ќе станеме дел од механизмот за остварување на сопствената цел, ние дејствуваме како запченик во часовник, додека нашите дела претставуваат семе со кое ќе можеме да ги насадиме нашите желби и намери. Според обичајот треба да фрлиме паричка во фонтаната и да посакаме желба. Самиот чин на фрлање паричка потврдува дека ние имаме добивка преку чинот на давање. Законот е едноставен: Давајте за да добивате.

  • Приказна која ќе ве научи дека поблагословен е оној кој дава отколку оној кој добива

    Приказна која ќе ве научи дека поблагословен е оној кој дава отколку оној кој добива

    Уште од мали нозе учиме дека не треба да бидеме себични, дека секогаш треба да ги делиме работите и да им помагаме на оние кои бараат помош. Сите велат дека многу поубаво е чувството кога подаруваме нешто, отколку кога добиваме подароци. И тоа навистина е така. Нема поголемо задоволство од сознанието дека сме извлекле насмевка на нечие лице. Уште една потврда за таа вистина е следнава поучна приказна која зборува за дарежливоста и чувството на исполнетост кое следува по понудената помош на оној кому најмногу му треба…rnrnПриказна која ќе ве научи дека поблагословен е оној кој дава отколку оној кој добиваrnrnЕден млад студент отишол на прошетка со неговиот професор. Додека се шетале и разговарале, на патот здогледале еден пар стари чевли, кои судејќи по изгледот му припаѓале на сиромашниот селанец кој работел на блиското поле. Студентот му рекол на професорот:rnrn„Ајде да се пошегуваме со селанецот. Ајде да му ги скриеме чевлите и потоа ќе отидеме зад онаа грмушка и ќе ги гледаме неговите реакции додека ги бара.“rnrnПрофесорот му одговорил:rnrn„Младичу, никогаш немој да се шегуваш на сметка на туѓата неволја и беда. Со оглед на тоа што си богат, можеш да си дозволиш поголеми задоволства од овој сиромав човек. Стави по еден златник во секој негов чевел и потоа ќе се скриеме и ќе ја набљудуваме неговата реакција.“rnrnСтудентот тоа и го направил и двајцата се скриле зад некоја грмушка во близина. Селанецот завршил со работа и брзо дошол до местото на патот каде ги оставил неговиот капут и чевли. Додека го облекувал капутот, ја ставил ногата во едниот чевел и открил дека нешто има внатре. Прво си помислил дека е некое камче, но набрзо сфатил дека тоа е златник.rnrnЗачудено го погледнал златникот и погледнал околу себе, па го набљудувал златникот некое време. Повторно се свртел на сите страни, но не видел никого. Го ставил златникот во џеб и продолжил да го облекува другиот чевел. Но, неговото изненадување било уште поголемо кога и во него нашол златник. Одеднаш емоциите го совладале. Се фрлил на колена, ја подигнал главата кон небото и гласно почнал да кажува молитва во знак на благодарност.rnrnЗборувал за неговата болна и беспомошна жена и неговите деца кои немале што да јадат, а благодарение на невидливата рака која му ги испратила парите, тие ќе бидат спасени.rnrnСтудентот бил длабоко трогнат и очите му се насолзиле. Професорот го прашал:rnrn„Дали би бил посреќен кога би се пошегувал со овој селанец, наместо да му ги подариш златниците?“rnrnМладичот му одговорил:rnrn„Ме научивте лекција која никогаш нема да ја заборавам. Сега навистина ги разбирам оние зборови кои претходно не можев да ги сфатам: Поблагoсловен е оној кој подарува, отколку оној кој добива!“

  • Луѓето со интегритет се подобри луѓе. Еве како!

    Луѓето со интегритет се подобри луѓе. Еве како!

    Што е тоа интегритет? Постојат многу различни дефиниции, но онаа која веројатно најјасно ќе го објасни значењето на овој збор е дека да се има интегритет значи да се прави она што е правилно и хумано дури и тогаш кога можете да смислите милион изговори да не го направите тоа.rnrnСледниве неколку примери на луѓе со интегритет се добар доказ зошто тие се многу подобри од останатите токму поради оваа нивна особина.rnrnlugjeto-so-integritet-se-podobri-lugje-eve-kako-kafepauza.mkrn

    Родители кои им се извинуваат на своите деца кога ќе претераат

    rnРетко кој родител е подготвен да се извини доколку претера во однесувањето кон своето дете. За жал, ние сѐ уште живееме во општество во кое многу семејства се водат според ставот дека родителите се секогаш во право и мора да се слушаат по секоја цена.rnrnНо реалноста е малку поинаква. Вистина е дека родителите треба да се почитуваат и да се слушаат бидејќи во поголем дел од времето се во право, но има и ситуации кога тие едноставно претеруваат. Со викање, со карање, со кажување сѐ и сешто, со казнување.rnrnНо она што ги издвојува родителите со интегритет од оние останатите е моментот кога, откако ќе се случи такво нешто, тие ќе им се извинат на своите деца. Ова не се однесува само на извини, туку на која било постапка со која тие искажуваат дека им е жал и дека се свесни дека погрешиле.rn

    Директори кои ги истакнуваат достигнувањата на своите вработени

    rnСветот е преполн со луѓе на кои моќта им има удрено во глава. Искористувајќи ја позицијата на која се наоѓаат, тие се изживуваат со своите вработени на секој можен начин мислејќи дека така ќе им покажат каде им е местото во хиерархијата. Но факт е дека на овој начин тие само лечат некои свои комплекси и бубачки во глава, обидувајќи се да си го намалат стравот дека некој од нивните вработени ќе го заземе нивното место или, пак, ќе стане поуспешен.rnrnОна што го забораваат е дека кога некој нивни вработен ќе успее во нешто, тоа е и нивни успех. Кога некој од вработените ќе сработи нешто како што треба, пофалбите и признавањето на добрата работа само ќе го мотивира вработениот да работи уште подобро, за нив. Шефовите кои го прават ова се луѓе со интегритет и со вродени карактеристики на лидер. Нивната моќ доаѓа од тоа што се луѓе пред сѐ останато.rnrn(1)-lugjeto-so-integritet-se-podobri-lugje-i-eve-kako-kafepauza.mkrn

    Љубовни партнери кои го спречуваат злобното однесување при кавги

    rnКараниците се неизбежни кога станува збор за љубовните врски. Не постои пар на планетава Земја кој не се кара и кој има совршена врска. Расправиите се логични и сосема очекувани, но она по кое тие се разликуваат е однесувањето кое го имаат партнерите меѓу себе кога се лути и нервозни. Некои викаат, некои се навредуваат, некои кршат, некои се тепаат… Навистина, сѐ е можно кога станува збор за љубовните врски.rnrnОние врски на кои поретко може да се налета се врски во кои карањето не е платформа за злобно однесување. Во овие врски партнерите тежнеат кон зборување наместо викање, почитување на туѓото (различно) мислење наместо користење навреди. Партнерот кој се бори за ваква врска е партнер со интегритет кој го вреднува тоа што го има и не сака тоа да го загрози само бидејќи не знае да се воздржи во момент на нервоза.rn

    Возачи кои скоро секогаш возат стрпливо и смирено

    rnКолку пати сте налетале на возач кој сосема безобѕирно вика, свири и вози? Колку пати вие сте биле тој возач? Возењето по нашите улици е дефинитивно едно од највозбудливите. Свирење за секој застој пропратено со навредување и карање, незастанување на пешачки премин и нестрпливост во секоја смисла на зборот.rnrnОна што многу ќе зачуди некого е кога за промена ќе налета на возач кој не го прави тоа. Сите забораваат како е да се биде на другата страна или дека, можеби, возачот пред нив има оправдана причина зошто не вози побрзо. Како и да е, користењето грди зборови и повишен тон нема да ве доведат побрзо до местото каде што треба да стигнете, но стрпливоста и културата ќе ве oкарактеризираат како подобра личност.rnrn2-lugjeto-so-integritet-se-podobri-lugje-eve-kako-kafepauza.mkrn

    Моќни луѓе кои се извинуваат кога доцнат, а некој ги чека

    rnЛуѓето треба да се луѓе без разлика на тоа кои се и што прават во животот. Културата и основните норми на однесување не се исклучок за никого, па ни за оние кои мислат дека се најважните луѓе на светот.rnrnЕден ваков пример се моќните луѓе кои, и покрај фактот што постигнале многу во својот живот, не забораваат на своите манири, па кога доцнат на некое предавање, разговор или држење говор, им се извинуваат на останатите кои стрпливо ги чекале. Иако веројатно имаат навистина добра причина што доцнат со оглед на тоа дека се зафатени 24/7, тие го ценат времето на другите бидејќи знаат колку многу значат тие 24 часа на ден и колку некогаш не се доволни. Затоа, кога доцнат тие се извинуваат без разлика на тоа кој е тој што ги чека.rn

    Луѓе кои носат заклучоци за некого или нешто само откако ќе ги дознаат сите факти

    rnА колку ретко се случува ова таму каде што живеете? Многу почесто ќе налетате на луѓе кои само сакаат да зборуваат и да рашират сѐ што ќе слушнат без да знаат дали е тоа вистина, на тој начин создавајќи навистина големи проблеми за некого. Дури и несвесни за тоа дека можат да повредат некого со своите зборови, овие луѓе не се ни обидуваат да застанат и да подразмислат дали барем, ако ништо друго, тоа што го зборуваат е вистина.rnrnНекогаш тоа се луѓе кои ни се далечни, некогаш тоа се луѓе кои ни се блиски; некогаш станува збор за празно озборување, но некогаш се работи за момент кога имаме потреба некој да ни верува или да не нѐ осуди предвреме. Луѓето кои го прават ова се многу ретки и тоа се луѓе со силен карактер, разумни и луѓе со интегритет. Тие се ставаат себеси како пример во дадената ситуација и пред да зборуваат за други, се запрашуваат како би им било на нив кога тие би биле на озборуваната страна.rnrnLithuania Integrity Conceptrn

    Волонтери

    rnНесебични луѓе кои ќе најдат време да волонтираат некаде каде нивната помош е од огромно значење – дали постојат луѓе со поголем интегритет од овие? Веројатно не. Денес светот се движи ненормално брзо. Луѓето немаат време да јадат, а не да застанат и да губат време некаде каде што нема ни да бидат платени за тоа. Но тие луѓе немаат претстава колкаво задоволство носи волонтирањето. Да направиш нешто само поради несебичната желба да помогнеш кога можеш е најблагодарната човекова карактеристика.rnrnНикој не е роден како личност со интегритет, што значи дека секој може да ја развие оваа особина само доколку навистина сака. Со оглед на тоа дека секојдневно се соочуваме со безброј ситуации во кои можеме да покажеме дека сме луѓе со интегритет, сѐ што треба е да го направиме првиот чекор.