Ако сте личност што постојано настинува и не можете да објасните како се случува тоа, тогаш треба на момент да застанете и да се подготвите за вистинско откровение. Поленот од пчелите може да биде вашиот спас ако сте склони на настинки и да, мислиме на вистинскиот нектар што доаѓа од брмчливите мали пчели што можете да ги најдете во вашата градина. Изгледа дека пчелите се зафатени со причина, а плодот на нивниот труд може многу да ви помогне за здравјето.rnrn
rnrnНе грижете се, никој не бара од вас да се соочите со пчела за да го извлечете поленот од неа. Ако малку подобро истражитеќе откриете дека постојат додатоци од полен од пчели наменети исклучиво за луѓето со вакви проблеми. Но како тој всушост функционира?rnrnПоленот од пчелите е спакуван со есенцијалните витамини и минерали што му се потребни на вашето тело. Тој исто така содржи ензими и ко-ензими што помагаат при дигестијата, и имаат моќ да го подобрат вашиот имунитет подобро од кога било претходно.rnrnСо оглед на тоа што јадеме многу лоша и нездрава храна, како нација имаме склоност на воспаление на дигестивниот тракт, па поленот од пчелите ни доаѓа како мало чудо спакувано во шише, помагајќи ни да ја расчистиме штетата и да го вратиме нашето тело на правиот пат.rnrnКолку помалку воспаленија има во нашето тело, толку поздраво ќе биде и поотпорно на болести. Поленот од пчели е исто така богат со антиоксиданси што ве заштитуваат од штетните слободни радикали. Кој би рекол дека нектарот од најздодевните инсекти би можел да биде толку добар за човечкото тело?rnrnВо случај да ви треба повеќе убедување за магијата на поленот од пчелите, тој одлично влијае и при намалување на стресот! Вреди веднаш да го пробате, се согласувате?
Tag: полен
-

Ако постојано сте болни, побарајте спас во поленот од пчелите
-

Немојте да ги игнорирате: 3 скриени симптоми на сезонските алергии
Кивањето, раздразнетите синуси, чешањето и болењето на грлото се едни од најчестите симптоми на сезонските алергии кои се најизразени во пролетните месеци. Тоа се должи на високата концентрација полен, на кој многу луѓе покажуваат симптоми како потешкотии со дишењето и солзење на очите. Но, постојат и скриени знаци на алергиите кои потсетуваат на обична настинка, вирус па дури и ПМС. Во продолжение прочитајте кои се тие и обидете се да не ги игнорирате и да побарате соодветна помош, бидејќи иако алергиите можат да се контролираат тие сепак знаат да бидат доста непријатни.rnrn
rn1. Умор и слабост
rnДоколку во текот на денот забележите дека сте поуморени од вообичаено и немате волја да се движите, тогаш можеби станува збор за некаква сезонска алергија. Чувството на умор може да предизвика симптоми како што се печење и чешање на очите што е често резултат на недоволното спиење.rn
2. Главоболка и кашлица
rnГлавоболката се поврзува со т.н. пролетен умот и промена на времето. Но, позади неа може да се крие и сезонска алергија. Ваквите главоболки се тесно поврзани и со затнувањето на носот, што може погрешно да се интерпретира како симптом на настинка или вирус. Меѓутоа, причинителот е слузта која се собира во синусите поради притисокот на фронталната коска. Исто така, еден од скриените симптоми е и кашлицата која може да го зајакне тој притисок во главата и по продолжение, главоболката.rn
3. Раздразнетост и нервоза
rnРаздразнетоста и немањето концентрација се поврзани со носот, ушите и синусите, односно со целосната слузница на нашиот организам која под влијание на алергените може доста да се оштети. Лошата работа и неправилното функционирање на слузницата може да го отежни дишењето и да предизвика несоница или лошо спиење. Ваквите непријатни симптоми можат да влијаат и врз расположението, па доколку почувствувате нервоза или лутина без никаква причина, тоа се должи на цутењето на одредени пролетни растенија.
-

5 природни начини на кои можете успешно да се изборите со пролетните алергии
Алергиите се реакција на имунолошкиот систем како заштита од одредени фактори од околината. Но, дали сте знаеле дека токму природните продукти можат да ви овозможат совршена заштита од симптомите на алергија? Со цел да го зајакнете вашиот организам, потребно е да се вратите на природните начини на лечење, кои не вклучуваат токсини и хемикалии. Дел од овие начини кои можат многу да ви помогнат се и следниве 5…rnrn
rn1. Коприва
rnКопривата е природен антихистамин и имуномодулатор кој го чисти целиот организам и на тој начин помага при справувањето со сите алергии. Тој ги ублажува симптомите како што се кивањето и надразнетите очи. Најдобриот начин на кој можете да ја внесете копривата во вашето тело е преку чај, кој не само што ја ублажува алергиската реакција, туку и придонесува при создавање на црвените крвни зрнца во организмот.rn
2. Пробиотици
rnДобрите бактерии во цревата го стимулираат создавањето на имуноглобинот кој потоа ги неутрализира токсините. Едно неодамнешно истражување покажало дека пробитоците или пријателските бактерии можат многу да ја намалат алергиската реакција на полен. Исто така, ова истражување покажало и значително опаѓање на симптомите кои се јавуваат како плацебо ефект.rn
3. Масло од црн ким
rnТоа влијае против воспаленијата и има антихистаминско делување, па токму затоа треба да ви биде и еден од првите избори при ублажување и превенција на симптомите на алергија. Ова масло не само што ги ублажува сите алергиски симптоми, туку и го олеснува дишењето и истовремено го спречува развојот на секундарните бактериски инфекции кои често се јавуваат паралелно со сезонските алергии.rn
4. Масло од еукалиптус
rnЕдно истражување од 2010 година открило дека ова масло има благотворно делување врз респираторните проблеми како астмата. Ставете малку од ова масло во еден сад и поставете го на вашата работна маса додека сте на работа. Дишењето дополнително ќе го олесните доколку измешате 3 капки масло од еукалиптус со една лажица маслиново масло кое потоа ќе го нанесете на вашите гради.rn
5. Мајчина душица
rnЧајот од мајчина душица го ублажува кашлањето и има смирувачко делување врз грлото (особено ако е воспалено). За да ги намалите алергиските реакции, комбинирајте мајчина душица со коприва. Извлечете го максимумот од овие две состојки така што ќе подготвите чај од 2 лажици коприва и 1 лажица мајчина душица во пола литар зовриена вода. Покријте го и почекајте 15 до 20 минути да делува и потоа пијте го.rn
Дополнителни начини на кои можете да го зајакнете вашиот организам:
rn
- rn011
- Витаминот Ц е моќен антихистамин, па токму затоа кај оние со алергии се препорачува секојдневно да пијат по 2 до 3 грама.
- Во вашата исхрана вклучете повеќе лук и кромид, бидејќи тие содржат високи концентрации на состојки кои делуваат против воспаленија.
- Избегнувајте ја протеинската храна како млеко, јајца, месо…
- Од млечните производи се препорачуваат само ферментирани производи кои се богати со пробиотици (јогурт, кефир…).
- Наместо кравјо млеко пијте козјо млеко.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Практични мерки на заштита од алергиски реакции:
rn
- rn011
- За време на сезоната во која има висока концентрација на полен во воздухот, држете ги прозорците што повеќе затворени.
- Избегнувајте да бидете на отворено кога има многу сонце и ветар (тогаш има најголема концентрација на полен во воздухот).
- По секое враќање во домот, фрлете ја целата облека за перење и истуширајте се со цел да ги отстраните сите зрнца полен кој се задржале на вашето тело.
- Имајте на ум дека најмалата концентрација на полен во воздухот е по дождот, па токму тогаш би било најсоодветно да излегувате на отворено.
- Пред да излезете од вашиот дом намачкајте го вашиот нос со невеново масло (или маслиново масло) со цел да го намалите вдишувањето на поленот од воздухот.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

5 митови и вистини поврзани со сезонските алергии
Автор: Бојана МандевскаrnrnПролет! Сѐ цвета и раззеленува. Свежиот мирис на цвеќињата е толку нежен и пријатен, дрвата расцутеа, на пазарите сѐ повеќе и повеќе е застапен свеж зеленчук и свежо овошје. Со нетрпение чекавте да помине ладната зима за да може повеќе време да поминувате во прошетки низ природа, да се ослободите од зимската облека и да јадете посвежа храна.rnrnСè навидум е убаво, но оваа пролет нешто се случи со вас. Веќе неколку дена кивате, очите ви солзат, се борите за здив, јазикот ви е црвен, ни пудра не ви помага во сокривањето на подочниците околу очите. Бевте на лекар, подлегнавте на безброј испитувања и крајниот резултат беше алергија? Сега се прашувате како ќе продолжите понатаму, дали има лек? Не паничете, веќе сме 21 век кога медицината е толку напредна и секојдневно сме сведоци на нови изуми, лекови, сѐ со цел да се подобри здравјето на луѓето.rnrn
rnrnОдвојте неколку минути за да се запознаете со основните елементи на алергиите, неколку митови и вистини поврзани со нив, кои ќе ви бидат од голема корист.rnrnАлергија е преосетливост на организмот кон некои супстанци, додека пак алергиската реакција е одговор на имуниот систем на организмот кон внесените алергиски супстанци. Носечките супстанци (алергени), кои предизвикуваат алергиска реакција може да бидат: храна, полен, микро-крлeжи, делови од тело на животните, отров од инсектите и многу други. Постојат многу видови алергии и голем број нивни причинители. Ова се 5 најзастапени митови/прашања поврзани со алергиите и вистините за нив.rnrnМит: Јадењето мед може да ги спречи или излекува сезонските алергии?rnrnОвој мит потекнува најверојатно од размислувањето кое постои кај луѓето дека во медот има минимални количини полен. Доколку во текот на годината се внесува секојдневно мед ќе се смали сензитивноста на организмот од полен и ќе се излекува сезонската алергија. Вистината е дека стварно во медот има одредено количество полен, кое пчелите го собираат од растенијата. Проблемот е во тоа што поленот кој предизвикува алергии, што првенствено го има во дрвјата, тревите и плевелта, не е од растенијата кои пчелите ги користат за производство на мед. Но, доколку сте љубител на медот, алергијата не треба да биде причина која ќе ве спречи во уживањето на неговиот вкус.rnrn
rnrnМит: Возрасните не можат да се „разболат“ од алергијаrnrnВистината е дека и возрасните може да се „разболат“ од алергија. Тоа што сте возрасни не значи дека не може да бидете подложни на антитела кои ќе ви предизвикаат алергиска реакција. Нивото на антителата „IgE“, предизвикувачи на алергии, во организмот на човекот со текот на годините почнува да опаѓа, но тоа не значи дека не постои можност за појава на алергија во повозрасните години. Доколку се појави алергија, тоа значи дека извесен период организмот бил изложен на некој алерген.rnrn
rnrnМит: Цветните растенија се најголемите причинители на алергијаrnrnВистината е дека цвеќињата како розите и лилјаните поседуваат т.н. тежок полен, односно полен кој потешко се пренесува бидејќи луѓето не се во близок секојдневен контакт со нив. За разлика од цвеќињата кои ги споменавме, постојат други растенија кои поседуваат т.н. лесен полен и тие се „виновниците“ за појавата и развојот на алергиите. Растенијата содржатели на лесен полен се дрвјата, плевелот, тревите кои што ги има насекаде околу нас. Поленот од овие растенија се пренесува многу лесно особено преку ветерот.rnrn
rnrnМит: Алергиите не претставуваат сериозен здравствен проблемrnrnВистината е дека алергијата не преставува едноставна моментална непријатност. Тие се состојба на која ѝ треба соодветен лекарски третман. Можна е појава на одредени здравствени компликации доколку не се третира алергијата. Компликациите се појавуваат во вид на кашлица, астма, главоболка, прекини во вечерното спиење и дневна поспаност, омалаксаност. Постои можност од појава на синуситис.rnrn
rnrnМит: Земањето лекарства е единствениот начин за борба против алергиските симптомиrnrnВистина е дека земањето лекарства ги ублажува и намалува алергиските симптоми. Но, во поново време е измислен нов начин на лекување на пациентите преку процес на имунотерапија. За пациентите кои консумираат поголемо количество на медикаменти, се предлага замена на апчињата за алергија со имунотерапија. Имунотерапијата е процес кој трае неколку години, но во голем процент ги намалува и лекува алергиите. Посоветувајте со вашиот лекар и доколку постои можност, заменете ги лекарствата со имунотерапија.rnrn
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.