КАФЕ ПАУЗА

Tag: Покахонтас

  • Принцезите на Дизни како модерни девојки од 21-от век

    Принцезите на Дизни како модерни девојки од 21-от век

    Како илустратор на детски книги и дизајнер на ликови за анимација и анимирани филмови, но и голем љубител на класичните бајки од Дизни, Аноша нацртала една серија илустрации во кои ги прикажува познатите принцези како млади девојки од 21-от век. Таа се обидела да ја задржи автентичноста на оригиналните карактери на принцезите, паралелно претставувајќи го нејзиното мислење за нив и после секоја илустрација напишала мала приказна која опишува каков живот би имале тие ако би живееле во денешно време.rn

    1. Мерида како панк рокер

    rnПринцезите на Дизни како модерни девојки од 21-от векrnrnСпоред приказната на Аноша, Мерида е млада бунтовничка која сака да јава коњи секој викенд и да зема часови по стрелаштво. Таа го обожава британскиот панк рок и нејзиниот омилен бенд е „Mor’du“.rn

    2. Снежана како кралица на социјалните мрежи

    rnПринцезите на Дизни како модерни девојки од 21-от векrnrnСнежана, уште позната како @poison_apple7, ја сака природата, старата мода и старите филмови. Таа никаде не оди без својот ајфон и има голем број следачи поради нејзината скромна природа и фактот што ги охрабрува сите да се сакаат себеси, бидејќи убавината доаѓа во секакви форми и големини.rn

    3. Ариел како антрополог

    rnПринцезите на Дизни како модерни девојки од 21-от векrnrnСпоред Аноша, Ариел сака да учи за луѓето и различните култури. Нејзиниот татко нема да биде многу среќен кога ќе дознае дека таа студира антропологија, бидејќи тој отсекогаш сакал Ариел да биде морски биолог, но сепак ќе ги прифати и почитува желбите на неговата омилена ќерка.rn

    4. Покахонтас како лингвист

    rnПринцезите на Дизни како модерни девојки од 21-от векrnrnПокахонтас, поради љубовта кон различните јазици и нејзиното потекло, е студент по лингвистика и повремено работи како преведувач. Исто така, таа го сака адреналинот и обожава да планинари, да кајакари и да нурка. Нејзиниот сон е да работи како културен советник во филмската индустрија за да може да се погрижи дека холивудските филмови ќе ги почитуваат различните култури и ќе ги прикажуваат точно и оригинално.rn

    5. Есмералда како балерина

    rnПринцезите на Дизни како модерни девојки од 21-от векrnrnСпоред приказните на Аноша, Есмералда се преселила во Франција кога имала 16 години и станала главна балерина во една престижна балетска компанија. Таа напорно работела и се соочувала со многу предрасуди и стереотипи, но никогаш не ги заборавила своите корени. Затоа таа секогаш присуствува на протестите за права на емигрантите. Таа го обожава Париз, но нејзиното омилено место е Богородичната црква.rnrn

  • Каков тип личност си според Дизни?

    Каков тип личност си според Дизни?

    Веднаш да отстраниме еден сомнеж, принцезите се супер. Ги сакаме додека се убави. Ги сакаме додека ненаспани се вртат на зрно грашок. Ги сакаме кога бакнуваат жаби, а богами ги сакаме и нивните згодни принцови. Кога го рековме сето тоа, ни изгледа дека принцезите на Дизни многу повеќе би страдале во модерниот свет отколку во своите кралства. Замислете ја ненаспаната принцеза како брза на работа, како некој ѝ дише во врат во автобус преполн со средношколци и замислете ја, на пример, кутрата принцеза на која шефот ѝ вика затоа што згрешила нешто на работа. Која нормална принцеза би го издржала сето тоа?rnrn0-kakov-tip-lichnost-si-spored-dizni-kafepauza.mkrnrnПред брзо да заминеш на Pickbox и да гледаш каков лежерен живот имале принцезите на „Дизни“, погледни со кој тип принцеза на „Дизни“ најмногу се поклопува твојата модерна личност.rn

    Снежана

    rnНајдобриот ден за тебе е оној во кој успешно си сликала барем 20 селфи фотографии и за секоја од нив си добила најмалку 100 лајкови? Честитки, ти не си принцезата, туку вештерката што ја мрази принцезата. А ако си убава и не си свесна за својата убавина, и си толку наивна што од кого било на улица би зела јаболко и би го изела, имаш многу пријатели што ќе те заштитат ама и доволно непријатели за еднаш дневно да те турнат во очај, ти веројатно си модерната Снежана. Не земај јаболки од други луѓе, аман!rn

    Алиса

    rnНема на глас да кажеме дека се дрогираш, но да речеме дека авантурите во „Земјата на чудата“ не ти се непознати. Дури знае да се случи и да имаш халуцинации дека си се смалила, си поминала низ зајачка дупка и си завршила на луда забава со многу откачени луѓе. Инаку си мила девојка, секогаш убаво облечена и уредно исчешлана, имаш културни родители и се гордееш со своите префинети манири. Ова со опијатите е само рекреација, но не би штетело малку да се прибереш.rnrn5-kakov-tip-lichnost-si-spored-dizni-kafepauza.mkrn

    Есмералда

    rnСакаш да го минуваш времето по патишта, да пееш и да свириш со улични свирачи, а во животот да им помагаш на несреќни луѓе кои животот не ги галел. Ти си лежерна, мила, а кога е потребно, и кога тоа животот од тебе го бара, многу си храбра. Никогаш не би ги предала своите идеали и имаш храброст да им се спротивставиш и на најмоќните луѓе. Честитаме, девојко, со уличната интелигенција и со големото срце ти си олицетворение на Дизниевата Есмералда од „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ и единствена си што би се снашла сама во белиот свет. Што ќе ти е принц кога се имаш самата себе и пријатели кои те носат на грпката?rn

    Покахонтас

    rnНајубавиот можен ден за тебе е оној во кој можеш да трчаш по ливади, да го впиваш сонцето, да скокаш во реки и мориња (на глава, секако), а најлошиот е кога некој ти наредува и ти кажува што да правиш. Иако си пораснала во мала средина, сепак си многу слободоумна и не познаваш граници. Ако се заљубиш во висок, русокос странец (да ти кажеме веднаш дека тој веројатно е Скандинавец), прифати ја романсата и избегај со него на крајот од светот. Па ти си Покахонтас, а Покахонтас го слуша своето срце. Знае да се снајде во светот, но животот понекогаш ја крши твојата храброст. Никако немој да одбираш работа во корпорација.rnrn3-kakov-tip-lichnost-si-spored-dizni-kafepauza.mkrn

    Храбрата Мерида

    rnТи си девојка што секогаш ја задушувале семејната традиција, општествените клишеа и светот во кој младите жени се слаби и имаат потреба од внимание. Не си груба жена, но знаеш да го подигнеш гласот, да влезеш во неволи и да се искараш кога е потребно. Иако си една од оние што би се истепале со момчињата на училиште, всушност си симпатична, со добро срце и никогаш никому не би му наштетила за џабе. Да, мила, ти си Храбрата Мерида. Па, уште и ако имаш виткана портокалова коса, не треба да бараме понатаму. Паметно одбери ги своите битки.rn

    Пепелашка

    rnДома те тераат постојано нешто да чистиш и да раскреваш и имаш сестри кои те малтретираат на дневна основа и манијакално се љубоморни на твојата аристократска убавина. Деновите ги минуваш како добра мала домаќинка, а навечер се искрадуваш и одиш на забави и таму го бараш вистинскиот. Ти си модерната Пепелашка која ја немаат скршено проблемите во животот. А и мило ни е што си свесна дека забавите се најдобриот начин да се заборави горчливото секојдневие. Ослободи се, напиј се пијачка и возврати му на намигнувањето на она згодно момче. Не е принц, ама…rnrn6-kakov-tip-lichnost-si-spored-dizni-kafepauza.mkrn

    Принцезата и жабата

    rnТи имаш претприемачки дух и сонуваш да отвориш сопствен бизнис, и ништо нема да те спречи во тоа. Цел живот работиш многу, си поминала низ сѐ и сешто, но сепак, ништо не успеало да ја скрши твојата амбиција. Иако понекогаш мислиш дека би било најдобро патиштата да ти се вкрстат со некаков богаташ кој ќе те обезбеди за цел живот, јасно ти е дека во животот ништо не се добива тукутака. Ќе ти кажеме само една работа, Тијана, ако случајно сретнеш жаба со лице што необично потсетува на човечко, немој да се двоумиш, бакни ја. Ако не се претвори во принц, барем ќе имаш интересна приказна за внуците.rn

    Проверете и која Дизниева принцеза сте според хороскопскиот знак?
  • Најубавите песни од цртаните филмови на Дизни

    Најубавите песни од цртаните филмови на Дизни

    Цртаните на Дизни ќе се памтат засекогаш, а тоа е благодарение на одличните приказни, интересните ликови, фантастичната изработка и нормално песните кои толку грижливо се одбрани за секој филм. Оваа листа содржи еден мал дел од убавите песни кои ги карактеризираат цртаните на Дизни, а вие слободно дополнете не во полето за коментари.Најубавите песни од цртаните филмови на Дизниrn

      rn011

    • Цртан филм: Аладин
    • rn011

    • Песна: A Whole New World
    • rn011

    • Година: 1992
    • rn

    rn

    rn

      rn011

    • Цртан филм: Малата сирена
    • rn011

    • Песна: Kiss the Girl
    • rn011

    • Година: 1988
    • rn

    rn

    rn

      rn011

    • Цртан филм: Покахонтас
    • rn011

    • Песна: Colors of the Wind
    • rn011

    • Година: 1995
    • rn

    rn

    rn

      rn011

    • Цртан филм: Кралот лав
    • rn011

    • Песна: Circle of Life
    • rn011

    • Година: 1994
    • rn

    rn

    rn

      rn011

    • Цртан филм: Тарзан
    • rn011

    • Песна: You’ll be in my heart
    • rn011

    • Година: 1999
    • rn

    rn

    rn

      rn011

    • Цртан филм: Кралот лав
    • rn011

    • Песна: Hakuna Matata
    • rn011

    • Година: 1994
    • rn

    rn

    rn

      rn011

    • Цртан филм: Мулан
    • rn011

    • Песна: Reflection
    • rn011

    • Година: 1998
    • rn

    rn

    rn

      rn011

    • Цртан филм: Убавицата и ѕверот
    • rn011

    • Песна: Beauty and the Beast
    • rn011

    • Година: 1991
    • rn

    rn

    rn

      rn011

    • Цртан филм: Кралот лав
    • rn011

    • Песна: Can You Feel the Love Tonight?
    • rn011

    • Година: 1994
    • rn

    rn

    rn

      rn011

    • Цртан филм: Книга за џунглата
    • rn011

    • Песна: The Bare Necessities
    • rn011

    • Година: 1967
    • rn

    rn

    rn

      rn011

    • Цртан филм: Херкулес
    • rn011

    • Песна: Zero to Hero
    • rn011

    • Година: 1997
    • rn

    rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 12 анимирани филмови од Дизни кои никогаш нема да ги заборавиме

    12 анимирани филмови од Дизни кои никогаш нема да ги заборавиме

    И по 80 години, анимираните генијални дела на Волт Дизни се уште се едни од најгледаните во светот. Почнувајќи од 1937 година, па сè до денес снимени се околу 50 неверојатни филмови, секој на свој начин посебен и забавен. И покрај големиот избор на анимирани Дизни филмови, има неколку од детството на многу генерации кои едноставно не можат да се заборават. Кога случајно ќе налетаме на нив, без разлика на годините, се потсетуваме на времето кога сме ги гледале и веднаш се појавува насмевка на нашето лице.rnrn12 анимирани филмови од Дизни кои никогаш нема да ги заборавимеrn

    Снежана и седумте џуџиња – Snow White and the Seven Dwarfs (1937)

    rnСнежана и седумте џуџиња е првиот анимиран долгометражен филм во историјата, првиот кој бил целосно во боја и првиот филм на продукцијата на Волт Дизни. Базиран е според германската бајка на браќата Грим. Незаборавни песни од овој филм е „Heigh Ho“, „Whistle while you work“ и „Some day my prince will come“.rnrnrnrn

    Пинокио – Pinocchio (1940)

    rnПинокио е вториот анимиран филм на Дизни. Базиран е според „Авантурите на Пинокио“ од Карло Колоди. Најпознатите песни од Пинокио се „When you wish upon a star“, „Give a little whistle“ и „Hi-Diddle-Dee-Dee (An Actor’s Life for Me )“.rnrnrnrn

    Пепелашка – Cinderella (1950)

    rnПепелашка е 12от Дизни филм и е базиран според бајката „Cendrillon“ од Чарлс Перолт. Песните кои се издвојуваат од овој филм се „Тhe Work Song“ и „Bibbidi-Bobbidi-Boo“.rnrnrnrn

    Петар Пан – Peter Pan (1953)

    rnБазиран според драмата Петар Пан, момчето кое никогаш нема да порасне од Џ. М. Бери е 14от анимиран филм на Дизни. Петар Пан бил дел и од Филмскиот Фестивал на Кан во 1953 година. Најпознатите песни од филмот се „A Pirate’s Life“, „Following the Leader“ и „You can fly“.rnrnrnrn

    Сто и еден далматинец – One hundred and one dalmatians (1961)

    rnОвој анимиран филм е базиран според новелата на Дуди Смит. Сто и еден далматинец е 17от на листата на Дизни. Песната која посебно се издвојува во овој филм е „Cruella De Vil“.rnrnrnrn

    Мечот во каменот – The sword in the stone (1963)

    rnОвој анимиран фантазија-комедија филм е 18от на листата од Дизни. Базиран е според книгата „The sword in the stone“ на Т. Х. Вајт. Незаборавни песни од овој филм се „Higitus Figitus“, „That’s What Makes the World Go Round“ и „Mad Madame Mim“.rnrnrnrn

    Книгата на џунглата – The jungle book (1967)

    rnОвој анимиран филм е 19от по ред на Дизни. Инспириран е од приказните за дивото дете Могли од  Рудјард Киплинг. Песни кои се издвојуваат во овој филм се „The Bare Necessities“ и „I wanna be like you“.rnrnrnrn

    Малата сирена – The little mermaid (1989)

    rnДизни за време на 70те и 80те има неколку анимирани филмови кои добиле строги критики и со појавата на Малата сирена тие повторно се вратиле на добар пат. Овој анимиран филм е базиран според бајката со исто име и го одбележал почетокот на нова ера, наречена Дизни Ренесанса. „Under the Sea“ и „Kiss the Girl“ се песни од овој филм кои нема никогаш да бидат заборавени.rnrnrnrn

    Убавицата и ѕверот – Beauty and the Beast (1991)

    rnБазиран според бајката „La Belle et la Bête“ од Жон-Мари, ова е 30от анимиран филм на Дизни. Песните кои долго ќе се паметат од овој филм се „Be our guest“, „Something there“ и „Beauty and the Beast“.rnrnrnrn

    Аладин – Aladdin (1992)

    rnАладин е 31от анимиран филм на Дизни. Базиран е според Арапската фолк-приказна „Аладин и магичната ламба“ од 1001 Ноќ. Незаборавни песни од Аладин се „A friend like me“, „Prince Ali“ и „A whole new world“.rnrnrnrn

    Кралот лав – The Lion King (1994)

    rnКралот лав е анимиран музички-авантуристички филм кој се наоѓа на 32то место на листата од Дизни. Дејството се одвива во Африка и била инспирирана од библиските приказни за Јосиф и Мојсеј, како и од Хамлет на Шекспир. Овој филм е еден од најуспешните на Дизни. Најпознатите песни се „Hakuna Matata“, „Circle of Life“, „I can’t wait to be king“ и „Can you feel the love tonight“.rnrnrn

    Покахонтас – Pocahontas (1995)

    rnПокахонтас е 33от по ред анимиран филм на Дизни. Овој анимиран филм е првиот кој е базиран според реален историски лик. „Colors of the wind“ е песната по која ќе се памети овој анимиран филм.rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.