Оваа шармантна и живописна куќа во Бафало, Тексас е целосно под земја и има три спални, две бањи и три дополнителни соби. Во моментов се продава и чини 2.200.000 долари.rnrn
rnrnКуќата нема природна светлина, но декорот е многу светол, па изгледа како пријатно место за живеење.rnrnСепак, оваа куќа не е само подземен дом. Имотот вклучува и речиси 40 хектари земја, гаража и работилница, а има и езерце.rnrnВо куќата се влегува преку „хобитска дупка“ која е обоена и изгледа како тунел.rnrnСопственикот на имотот ги имал предвид приватноста и безбедноста при изградбата на куќата. Освен тоа, тој размислувал и за заштитата од торнада.rnrnКуќата е изградена на брдо. Ископале брдо, ја создале структурата, ја изградиле и потоа повторно ја покриле. Секоја соба е уредена во различен стил.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги овие 20 дневни соби со прекрасен поглед.
Tag: подземна
-

Оваа куќа под земја во која се влегува низ „хобитска дупка“ нема да ве остави рамнодушни
-

Неверојатен подземен „хобитски“ дом во којшто ќе посакате да живеете
Доколку некогаш сте сметале дека архитектурата не бара уметност и креативност, Хавиер Сеносиаин ќе ви го докаже спротивното со неговото ремек-дело. Еден мал рид, во близина на Мексико Сити, станал совршената локација за извонредниот дом што го конструирал Хавиер. Малата куќа која наликува на кикирика е изградена уште во 1984-та година.rnrn
rnrnУште тогаш, оваа куќа од 170 метри квадратни била нешто пред нејзиното време. Куќата е вклопена во нејзиното природно опкружување, па доколку одите во градината, лесно можете да зачекорите и на покривот од куќата, без да го забележите тоа. Мексиканскиот архитект успеал да го искористи опкружувањето и да направи куќи инспирирани од формата на змиите, печурките, па дури и цветовите.rnrn
rnrnОрганската куќа е моделирана според лушпа од кикирика, па ова ја прави навистина пространа. Во куќата има две овални простории кои се поврзани со тесен ходник. Едната просторија може да се користи навечер и е приватна, додека другата е светла и е дизајнирана за социјализирање.rnrnИако внатрешноста изгледа како пештера, куќата има огромен функционален прозор, кој гледа кон зелениот пејзаж. Хавиер ги вметнал клучните елементи во уметничкото ремек-дело, како кујна, трпезарија, тоалет, соблекувална и дневна соба, па оваа куќа е целосно опремен дом.rnrn
rnrnЗа Хавиер, целта на куќата било неговото психолошко и физичко чистење. Со толку многу загадување и стрес ширум светот, оваа куќа е како совршена зелена локација за освежување. Внатрешноста е постудена од надвор, а куќата е заштитена од сончева светлина, врева и прашина.rnrnСкалилата водат до спалните соби, кои се малку потемни за да го олеснат спиењето. Останатиот дел од куќата е добро осветлен и со исправен систем за вентилација. Куќата е совршено дизајнирана за човечка употреба и може да изгледа како пештера, иглу или како да пораснала од земјата. Хавиер, без сомнение, ја создал совршената хобитска куќа.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn -

Подземната река Пуерто Принцеса
Подземната река Пуерто Принцеса е најживописниот дел од истоимениот национален парк на Филипините. Таа тече под планинскиот масив Сент Пол, кој се наоѓа на северниот брег на островот Палаван, пред да се влее во Западното Филипинско Море. Пуерто Принцеса е најдолгата подземна река во Азија, а втора најдолга во светот.rnrn

rnrnОваа река, всушност, има две имиња. Горниот тек го носи името Кабајуган, извира од планината Блумфилд и тече надолу по нејзините падини, при што нејзините води се користат главно за наводнување на оризовите ниви. Потоа, во долниот тек, реката исчезнува некаде под планината Сент Пол и повторно се појавува во пештерата на националниот парк Пуерто Принцеса како подземна река, по што и го добива името.rnrn

rnrnЕгзотичната убавина составена од карстни карпести формации, кристално чиста вода на која се огледуваат сталактитите и сталагмитите во пештерата, како и ендемичниот животински и растителен свет од Пуерто Принцеса создале туристичка атракција, која што веќе е прогласена за едно од седумте светски чуда на природата. Само осум километри од реката се пловни, но се доволни за на посетителите да им бидат достапни организирани тури со чамец преку коишто можат да уживаат во мистичната околина. Задоволството чини околу 30 евра.rnrn



rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.