КАФЕ ПАУЗА

Tag: подвезица

  • Фудбалскиот клуб Њукасл Јунајтед со своја женска долна облека

    Фудбалскиот клуб Њукасл Јунајтед со своја женска долна облека

    Фудбалскиот клуб Њукасл Јунајтед, кој настапува во англиската Премиер лига, ја пушти во продажба својата брендирана долна облека за жени. Во серијата, која ги симболизира црно-белите пруги од дресот на тимот, има танга-гаќички, градник, подвезици, хулахопки, боксерки и ноќница.Фудбалскиот клуб Њукасл Јунајтед со своја женска долна облекаТие договорот го склучиле со специјалистите за фудбалска долна облека „Premier Lingerie“, а парчињата со нивното лого ќе се продаваат во официјалните продавници на клубот. Ова е втор клуб после Вулверхемптон, кој склучил ваков договор, за произведување брендирана долна облека. Клубот Вест Хем во 2009 година, во продажба пушти ограничена количина долна облека инспирирана од Кети Пери, која на доделувањето на Ем-ти-ви наградите се појави во долна облека во боите на клубот, поради нејзиниот маж Расел Бренд, кој е голем обожавател на лондончани.Фудбалскиот клуб Њукасл Јунајтед со своја женска долна облекаПол Робинсон, директорот на „Premier Lingerie“ изјавил:rn.rn

    Среќни сме што ќе работиме со Њукасл Јунајтед. Тоа е многу голем клуб со огромен број обожаватели. Со Вулверхемптон имавме одличен фидбек од фановите, па уверен сум дека и овој пат ќе биде така.

    rnФудбалскиот клуб Њукасл Јунајтед со своја женска долна облека.rn

    Голем број клубови го ставаат своето лого на розови женски маички, но тоа не е доволно. Многу клубови не прават ништо секси за своите женски обожаватели, но ние сме тука, токму поради тоа. Големите клубови од Премиер лигата, како што се Манчестер Јунајтед и Челзи, не нудат брендирана долна облека во своите клупски продавници, а во другите лиги од Европа, само Реал Мадрид од Шпанија го прави тоа.

    rnФудбалскиот клуб Њукасл Јунајтед со своја женска долна облекаrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Подвезица – детектор за неверство

    Подвезица – детектор за неверство

    Сте помислиле ли некогаш колку би било добро кога би можеле некако да дознаете дали вашата партнерка ве изневерува со друг? Сега можете да престанете да се двоумите, бидејќи има решение и на овој проблем.rnrnАнглискиот брачен пар Едвард и Лусинда Хејл измислиле револуционерен пронајдок – подвезица за неверство. Нивниот брак бил во криза поради неверство на сопругата. На Лусинда и било многу жал што го изневерила својот сопруг и посакала да постои нешто што на време би ја спречило да го стори тоа. Тоа им дало идеја и тие заедно почнале да размислуваат за пронајдок кој ќе им помогне на многу парови ширум светот.Подвезица - детектор за неверствоПодвезицата има вграден чип кој реагира кога жената е сексуално возбудена и автоматски испраќа СМС порака на изневерениот партнер. Чипот го регистрира забрзувањето на пулсот и промените на влажноста на кожата. Скептиците ќе кажат дека жената лесно може да ја извади подвезицата, но пронаоѓачите мислеле и на тоа. Жената треба да добие повратна СМС порака од партнерот за таа да се отклучи.rnrnСвојот пронајдок брачниот пар го продава преку веб-сајтот на Едвард. Ги нудат во две варијанти, тантелени и свилени и работата им оди одлично. Цената на подвезиците е од 60 до 75 фунти.rnrnШтета што подвезици носат само жените и не можат истиве да се искористат за откривање на неверните мажи. Да се надеваме дека наскоро овој или некој друг пар, ќе смисли некое машко чорапче со чип кој испраќа СМС порака. :)rnrn