Подбрадокот се формира како резултат на генетиката, стареењето и зголемувањето на телесната тежина. Но, има и друга причина: неправилно држење на јазикот. Сепак, добрата вест е што можете да се ослободите од оваа физичка карактеристика. Помладите луѓе што имаат затегната кожа, можат значително да ги подобрат контурите на лицето по отстранувањето на мрснотиите.rnrn
rnrnОна што се нарекува подбрадок е „изобилството“ што се формира под брадата. Сите ние имаме малку мрснотии и тоа е нормално. Сепак, мускулот платизма, кој го поврзува вратот со брадата, може да попушти. Во овој случај, може да се акумулираат повеќе мрснотии, предизвикувајќи појава на подбрадок. Ова масно ткиво што се формира над платизмата под брадата се нарекува „претплатизмална маст“ и тоа е она што создава подбрадок.rnrnЛошото држење на јазикот го олабавува мускулот и почнува да се формира двојна брада. Специјалистите велат дека ако научиме како правилно да го поставувате јазикот, може да се ослободите од двојната брада и да ја подобрите вилицата. Тоа се случува затоа што правилната положба на јазикот ја држи целата структура на лицето.rnrnПравилното држење значи вашиот јазик секогаш да биде потпрен на горниот дел од устата, вклучително и на долната третина. Може да научите правилно да го поставувате јазикот во усната шуплина ако ги правите овие неколку вежби и ако на почетокот правилно го одморате јазикот, а потоа ќе се навикнете на тоа.rn
Вежба 1
rn
rnrn1. Ставете го врвот на јазикот на горниот дел на усната шуплина, веднаш зад горните заби и притиснете го на тврдото непце.rnrn2. Повлечете го остатокот од јазикот рамно на горниот дел на усната шуплина.rnrn3. Затворете ја устата и дишете нормално и обидете се да го држите јазикот во оваа положба во секое време.rn
Вежба 2
rn
rnrnАко не можете да ја направите претходната вежба, пробајте ја следнава:rnrn1. Изговорете го гласот „Н“. Додека го изговарате, задржете го. Положбата на јазикот што ја имате во тој момент е правилната положба.rnrn2. Цицајте го задниот дел од јазикот на непцето.rnrn3. Вршете одреден притисок во задниот дел на јазикот и движете го нагоре.rnrn4. Јазикот нека биде таму постојано – ова е правилното држење. Кога ќе заборавите како да го направите тоа, изговорете го гласот „Н“ повторно.rn
Вежба 3
rn
rnrn1. Земете голема гума за џвакање и почнете да ја ширите низ целиот горен дел на усната шуплина.rnrn2. Започнете со задниот дел на забите и раширете ја наназад колку што може да влезе внатре.rnrn3. Кога ќе завршите, можете повторно да ја џвакате, а потоа да го повторите целиот процес на ширење.rnrnПрочитајте што е „суши лице“ и како да го избегнете.

rnrnОтворете ја устата и свртете ја долната уста кон навнатре. Замислете дека треба да соберете вода со долната вилица. Поместувајте ја главата надолу кога ја отворате устата, а при затворањето подигнете ја нагоре. Додека ја изведувате оваа вежба, внимавајте краевите на усните да ви бидат опуштени.rn
rnrnБрадата е поврзана со мускулите на јазикот, па затоа е и важно да ја затегнувате. Исплазете го јазикот што повеќе можете и обидете се да го допрете носот со врвот. Усните треба да ви бидат опуштени.rn
rnrnАко сакате да го повратите лицето во формата што сте ја имале како млади, следете ја оваа вежба. Свртете ја главата на левата страна, повлечете ја вилицата кон напред, притискајќи ги мускулите на вратот. Треба да почувствувате како мускулите на левата страна самите се затегаат. Потоа свртете ја главата на другата страна и повторете ја вежбата.rn
rnrnЗамислете дека треба да бакнете жирафа. Подигнете го лицето нагоре и гледајте кон таванот. Нежно поместете ја долната вилица кон напред и стиснете ја устата како да треба да бакнете некого. Ако ја изведувате оваа вежба правилно, треба да почувствувате силна тензија во вратот. Држете 5-8 секунди, па опуштете.rn
rnrnЗа оваа вежба е потребно да стиснете тупаници и да ги поставите веднаш под брадата. Потоа лесно поместете ја долната вилица кон нив, затегнувајќи ги мускулите што даваат отпор. Полека давајте напор и кога ќе го достигнете максимумот, држете 3 секунди па пуштете.rn
rnrnСтиснете ги забите со затворени усни и потоа обидете се да ги раширите аглите на усните што повеќе можете. Турнете го јазикот кон тврдото непце, постепено зголемувајќи ја силата. Ако чувствувате силна напнатост во мускулите на брадата, ја изведувате вежбата правилно. Држете го чувството на напнатост 5 секунди, па опуштете 5 секунди.rn
rnrnВдишете длабоко и наполнете ја устата со воздух. Затворете ја цврсто и истакнете ги образите. Потоа притиснете со дланките на нив и почувствувајте ја тензијата во мускулите. Држете 3-5 секунди, па опуштете.rnrnПогледнете ги и овие 

rn
rn
rn
rn