КАФЕ ПАУЗА

Tag: победа

  • 3 едноставни начини да го победите внатрешниот критичар и да си ја подобрите самодовербата

    3 едноставни начини да го победите внатрешниот критичар и да си ја подобрите самодовербата

    Една од најчестите препреки при остварувањето на соништата и достигнувањето на својот максимум е внатрешниот критичар. Тоа негативно чувство што нè јаде однатре како отров, доколку се остави без контрола, ќе се претвори во бариера за успехот и ќе ни ја намали самодовербата без воопшто да забележиме. Токму затоа е и многу важно да развиете ритуали со чија помош секојдневно ќе се борите со самокритиките и ќе си ја храните самодовербата без воопшто да се трудите.rnrn3-ednostavni-nachini-da-go-pobedite-vnatreshniot-kritichar-i-da-si-ja-podobrite-samodoverbata-www.kafepauza.mkrn

    1. Внимателно разгледајте ги сите докази

    rnНајчесто во моментите на самокритикување, ние не размислуваме трезвено туку целосно сме фокусирани на тоа што нашиот внатрешен критичар ни го зборува. Токму затоа и потребно е да направите еден чекор наназад и објективно да ги разгледате сите услови и околности што довеле до исходот со кој во моментот се соочувате. Тргнете го гризењето на совеста на страна и испитајте ги двете страни од приказната – и вашето гледиште и тоа на критичарот. Кога ова ќе ви премине во навика, вие ќе имате пореална слика за тоа што се случува околу вас и нема толку лесно да паѓате под влијание на неоправданата самокритика.rn

    2. Прифатете ги своите маани

    rnПостои голема разлика помеѓу изјавата „Не сум доволно добар/добра“ и „Има простор за напредок“. Иако е потребна мала доза критики за да се одржувате на правиот пат, сепак потребно е и да бидете оптимистични за своите слаби страни исто како што сте и за силните. Мааните ви овозможуваат простор за растење и нови насоки за движење што сигурно не би сте ги ни помислиле доколку не ги содржевте овие послаби страни во себе.rn

    3. Посветете внимание на вашите мисли

    rnНајважната и највозбудливата врска е онаа што ја имаме со самите себе. Ако на ова го додадеме и фактот дека секојдневно процесираме повеќе од 60.000 различни мисли, не можеме да не заклучиме дека е многу важно тоа што си го зборуваме. Токму затоа и секогаш кога ќе имате време, обидете се да станете свесни за мислите што ви се вртат низ глава. Обидете се и да ги препознаете негативните обрасци на однесување и полека да ги менувате во позитивни. Како да почнете? Пронајдете активност што успешно ќе ве оттргне од негативните мисли!rnrnПрочитајте ги и овие 15 работи што луѓето кои имаат висока самодоверба никогаш не ги прават!

  • Како да победите во расправија со секој хороскопски знак?

    Како да победите во расправија со секој хороскопски знак?

    Најдобар начин да победите некого е да влезете во неговата глава. А најдобар начин да влезете во нечија главата е преку нивната дата на раѓање. Кога ќе ја откриете најголемата слабост, можете да ја искористите за да победите. Дозволете ѝ на астрологијата да се придружи во вашата „борба“ и да ве научи како да победите против секој хороскопски знак.rnrnkako-da-pobedite-vo-raspravija-so-sekoj-horoskopski-znak-kafepauza.mkrn

    Овен

    rnДржете се до вашето мислење. Кога Овните се налутени користат силеџиство. Ќе „експлодираат“ кога ќе сфатат дека нивната лутина не влијае на вас, но тоа што се уште полути не значи дека победиле.rn

    Бик

    rnИзненадувачки напад. Со среќа со Биковите. Најдобар начин да ги оттргнете од нивната тврдоглавост е да ги заслепите. Дозволете им да помислат дека победиле и потоа вратете се на расправата кога најмалку очекуваат.rn

    Близнаци

    rnИгнорирајте ги. Близнаците се очајни за публика, па ако се расправате со нив и си заминете, тоа што ќе немаат кој да ги слуша ќе ги полуди. Ќе го променат тонот на гласот само за да имаат со кого да разговараат.rn

    Рак

    rnНаправете ја расправата емоционална. Тие многу лесно ќе сочувствуваат со емотивна молба и ќе ви дозволат да победите. Раковите се многу подобри кога се сојузници отколку кога се противници.rn

    Лав

    rnНатерајте ги да помислат дека сте на иста страна. Сè што посакува еден Лав е да се чувствува како „алфа“. Тие можеби нема да се согласат со нешто со цел да контролираат, но ако направите да изгледа дека она што го сакате е нивна идеја, тие ќе се сложат со вас.rn

    Девица

    rnОтстапете. Девиците се логичари, па ако ги имате сите факти и добро ја претставите вашата страна тие самоволно ќе ја прифатат.rn

    Вага

    rnОсигурете се дека сте во право. Водолиите не сакаат расправии, бидејќи тие се задоволувачи на луѓе. Како и да е, сепак тежнеат кон фер однос и секогаш ќе ја разгледаат страната на другите. Погрижете се да имате добар аргумент, откако ќе размислите за сè, бидејќи во спротивно нема да можете да ги победите.rn

    Скорпија

    rnБидете внимателни. Скорпиите можат да ве натераат да помислите дека победувате, бидејќи тие на тој начин ве придобиваат. Претпоставете дека тие се немаат откажано бидејќи кога ќе сфатат дека сте ја научиле нивната стратегија, ќе попуштат.rn

    Стрелец

    rnПочекајте, но не се предавајте. Стрелците ќе се „борат“ со вас, но нивното внимание не трае доволно долго. Евентуално ќе им досади и ќе продолжат натаму, па ова ќе биде ваша победа.rn

    Јарец

    rnИграјте според нивното его. Од каква помош ќе им биде да се согласат со вас? Ако направите да изгледа дека вашето мислење ќе им помогне во иднина, ќе победувате секој пат.rn

    Водолија

    rnНаправете да се чувствуваат како да се глупави. Ако ја прикажете вашата страна како просветлување, тие ќе се согласат со вас. Ништо не може да ја скрши Водолијата како помислата дека не е „кул“.rn

    Риби

    rnКако што сакате. Рибите не се грижат многу што понекогаш може да биде досадно. Речиси и не се чувствува како победа бидејќи тие никогаш не притискаат.

  • 5 најважни навики на луѓето што секогаш победуваат во животот

    5 најважни навики на луѓето што секогаш победуваат во животот

    Најдобриот начин за да направите нешто големо е да го сакате она што го правите. Ако сѐ уште не сте го пронашле тоа, барајте понатаму. „Не се согласувајте на компромиси“, е познатата изјава на Стив Џобс што ги инспирира новите генерации. Џобс во своите јавни настапи нагласуваше дека треба да ја бараме својата страст. Но, поновите истражувања покажале дека од страста поважни се овие навики…rnrn1-5-najvazhni-naviki-na-lugjeto-koi-sekogash-pobeduvaat-vo-zhivotot-www.kafepauza.mk_rn

    1. Ја градат својата цел

    rnСтраста е збор што многумина го набљудуваат низ призмата на себичноста. Целта, од друга страна пак, ги вклучува и личностите кои се наоѓаат околу вас.rn

    „Целта е настојување да оствариме вистински односи помеѓу себе и другите, помеѓу себе и својата работа, односно помеѓу нас и нешто поголемо од нас“, вели психологот Џонатан Хаидт во својата книга „Хипотеза за среќа“ (The Happiness Hypothesis).

    rnСтраста можеби нè прави големи во очите на јавноста, но целта нè поврзува со околината поради што го пронаоѓаме нашето вистинско место во општеството.rn

    2. Избирливи се

    rnПотврдно одговараме на обврските, поради стравот или поради желбата да не ги повредиме луѓето кои ги сакаме. Луѓето кои победуваат во животот знаат дека е важно да си осигурат време и простор во кој ќе го изберат она што навистина го сакаат. Знаењето да кажат „не“ за нив е една од најважните особини. За таквите личности пребирањето не е лош квалитет. Плус, таа овозможува да размислиме пред да делуваме. Исто така, ни дава време да побараме мислење од колегите, пријателите или партнерот, па така ги добиваме сите потребни информации пред да одлучиме.rn

    3. Ги вежбаат своите вештини

    rn

    „Откако ќе го откриете и развиете интересот за одредено подрачје, морате да му се посветите со фокус и полно срце за да го совладате. Морате да обрнете внимание на вашите слабости, да повторите една иста работа повеќепати, од час во час, од ден за ден“, вели Ангела Дакворт, авторка на книгата „Силен карактер: Моќта на страста и истрајноста“ (Grit: The Power of Passion and Perseverance).

    rnСите ние ги сакаме препреките во животот, бидејќи нè привлекува фактот дека добиваме нешто повеќе со помалку труд. Но, истражувањата покажаа дека со вежбањето на одредени вештини навистина доаѓаме до совршенство.rnrn2-5-najvazhni-naviki-na-lugjeto-koi-sekogash-pobeduvaat-vo-zhivotot-www.kafepauza.mk_rn

    4. Планираат

    rnБез разлика дали вашата цел е да напредувате во работата или сè уште ја барате кариерата од соништата, за да успеете морате да имате детален план, кој се темели на вистински податоци. Оптимизмот е посакуван во работата, но не треба да претерувате со него. Луѓето кои секогаш победуваат во животот знаат дека е подобро да одредат реалистични очекувања, отколку да градат кули во воздух. Тие не се подготвуваат само за успехот, туку и за сите работи кои може да се влошат при остварувањето на поставените цели.rn

    5. Упорни се

    rnНеуспехот е патот кон успехот, тврдат многу успешни луѓе. Тие не дозволуваат одбивањето и неразбирањето да ги попречат во напредокот. Напротив, упорни се во своите настојувања да бидат подобри, побрзи, поинтересни и поквалитетни. Свесни се дека понекогаш ќе добијат отказ, ќе изгубат клиент или ќе прекинат однос со некој кој многу им значел, но токму поради тоа ќе се вратат посилни отколку претходно.

  • Неверојатни фотографии што покажуваат како природата може да ја победи цивилизацијата

    Неверојатни фотографии што покажуваат како природата може да ја победи цивилизацијата

    Понекогаш се вели дека во вечниот конфликт помеѓу човекот и природата, нема победници. Меѓутоа, кога ќе се појави пукнатина во некој објект или расипаниот автомобил ќе биде оставен некаде одреден период, вегетацијата веднаш почнува да ја презема контролата.rnrn

    Неверојатни фотографии што покажуваат како природата може да ја победи цивилизацијата
    Рибарско место, Кина
    rnrnПогледнете ја галеријата и прошетајте низ напуштените тунели, бродови, палати и други објекти, кои иако ги создал човекот, брзо станале дел од природниот пејзаж.rnrn

  • Безвременската мудрост на војсководецот Сун-цу за победата, успехот и поразот

    Безвременската мудрост на војсководецот Сун-цу за победата, успехот и поразот

    Сун-цу важи за еден од највлијателните воени стратези на сите времиња. Тој е значаен не само поради неговиот успех на военото поле, туку и поради неговите непроценливи лекции кои можат да ни помогнат во секојдневниот живот. Сун-цу е автор на „Умешноста на војувањето“, древна кинеска расправа за воената стратегија која се смета за вистинско богатство во западната и источната култура. Неговото учење го користеле многу историски личности, од Мао Це Тунг, до Колин Пауел. Според бројни историчари, учењето на Сун-цу е од клучна важност за подемот на Кина. Неговите мисли содржат голема мудрост и можат да се применат во која било уметност, дисциплина или задача. Имајќи го тоа на ум, прочитајте ги следниве негови животни лекции имудрости…Безвременската мудрост на војсководецот Сун-цу за победата, успехот и поразотrnrn rn

    „Генералот кој напредува без желба за слава и кој се повлекува без страв од срам, кој само размислува како да ја заштити неговата земја и добро да му служи на владетелот, тој е вистинско богатство за кралството.“

    rn

    „Така оди тоа во војната: Победничкиот војсководец ја бара битката откако ја добил победата, а оној кој е осуден на пораз, најпрво оди во битка, а потоа трага по победа.“

    rn

    „Нашата непобедливост зависи од нас, ранливоста на непријателот зависи од него.“

    rn

    „Доколку се наоѓате далеку од вашиот непријател, наведете го да помисли дека сте блиску.“

    rn

    „Глумете инфериорност и поттикнете ја неговата ароганција.“

    rn

    „Забранете го претскажувањето и тргнете се од празноверните сомнежи. Додека не дојде самата смрт, не постои несреќа од која треба да се плашите.“

    rn

    „Брзината е суштината на војната.“

    rn

    „Доколку вашиот противник има колеричен темперамент, нервирајте го.“

    rn

    „Доколку го познавате непријателот и се познавате себе, не треба да се плашите од резултатот на стотици битки. Доколку се познавате себе, но не и непријателот, за секоја победа која ќе ја остварите, ќе претрпите и пораз исто така. Доколку не го познавате непријателот ниту самите себе, ќе потфрлите во секоја битка.“

    rn

    „Војната се темели на измама. Доколку сме во можност да нападнеме, мора да изгледаме неспособно. Кога ја користиме нашата сила, мора да изгледаме неактивно. Кога сме блиску, мора да го увериме непријателот дека сме далеку. Кога сме далеку, мора да го увериме дека сме блиску.“

    rnБезвременската мудрост на војсководецот Сун-цу за победата, успехот и поразотrn

    „Доколку вашиот непријател е сигурен во сите точки, бидете подготвени. Доколку е посилен, одбегнете го. Доколку вашиот противник е темпераментен, нервирајте го. Преправајте се дека сте слаби за тој да стане арогантен. Доколку се смирил, не давајте му мир. Ако неговите сили се соединети, разделете ги. Нападнете го таму каде што не е подготвен, појавете се таму каде што не ве очекува.“

    rn

    „Нападот е тајна одбрана, одбраната е планирање на нападот.“

    rn

    „Вештиот тактичар може да се спореди со Шуаи-јан. Шуаи-јан е змија која живее Ч’анг планините. Нишанете во главата, а таа ќе ве нападне со опашката. Нишанете во опашката и таа ќе ве нападне со главата. Нишанете во средина и таа ќе ве нападне и со главата и со опашката.“

    rn

    „Врвната вештина се состои во уништувањето на непријателскиот отпор без борба.“

    rn

    „Доколку војсководецот се однесува со неговите војници како со деца, тие ќе го следат и во најмрачните долини. Доколку се однесува со нив како со свои синови, тие ќе бидат до него до смртта. Доколку е великодушен со нив, а тие сепак не го слушаат, ако ги сака, а тие сепак не ги исполнуваат неговите наредби, ако е толку недисциплиниран со нив што не може да ги доведе во ред, тие ќе бидат како разгалени деца од кои нема никаква корист.“

    rn

    „Оние кои вешто можат да го натераат непријателот да направи потег со кој би создал ситуација која им одговара, мораат да го залажат со нешто што сигурно ќе го привлече и тогаш со наводната мамка да чекаат внимателно.“

    rn

    „Предзнаењето не може да стекне од духови и привиденија, не може да се добие по аналогија, не може да се дознае со пресметка. Може да се добие од луѓе, луѓе кои ја знаат состојбата на непријателот.“

    rn

    „Најтешките несреќи кои можат да ја снајдат војската произлегуваат од двоумењето.“

    rn

    „Она што е тешко, планирајте го додека е лесно. Она што е големо, направете го додека е мало.“

    rn

    „На почеток претставете се како невина девојка, сѐ додека непријателот не ви се отвори. Потоа бидете брзи како зајак на трка и тогаш ќе биде предоцна да ви се спротивстави непријателот.“

  • Ако изгубите некого, но се најдете себеси – тоа е ваша победа!

    Ако изгубите некого, но се најдете себеси – тоа е ваша победа!

    Раскинувањата се болни затоа што се дефинираат како загуба. Загуба на нови сеќавања, потенцијална среќа и врска со некој кој го чувствувате близок. Раскинувањето е процес на тажење, во кој заздравувањето подразбира романтични филмови и праќање пораки на пијано на вашиот симпатија од средно.rnrnНормално е да бидете вознемирени по раскинувањето и треба да продолжите понатаму, но тоа не значи дека сите бродови мора да ви потонат. Врската пропаднала, но не и целиот свет.rnrnАко изгубите некого, но се најдете себеси - тоа е ваша победа!rnrnНа почетокот ќе искусите еден вид криза на идентитетот по раскинувањето, особено ако сте биле заедно долго време.rnrnТреба да одлучите како ќе се справите со пријателствата кои заеднички сте ги стекнале, со скорешните одмори, заедничките цели, па дури и покани на семејни настани во некои случаи. Понекогаш раскинувањето менува буквално сѐ.rnrnТоа е страшно и емотивно. Меѓутоа кога ќе се прилагодите на ситуацијата и ќе научите како независно да живеете, тоа може да биде најубавото и најневеројатното искуство што ќе го доживеете.rnrnОд сите тие љубовни цитати кои сте ги прочитале на социјалните мрежи, сигурно сте налетале на еден куп кои велат нешто во стилот на „Сѐ се случува со причина“. Понекогаш причината е што едноставно ви требала токму таа личност и тоа раскинување за повторно да се пронајдете себеси.rnrnКога ќе бидете подготвени да се мрднете од каучот и да излезете на сонце, обидете се да ја отфрлите идејата дека раскинувањата се поврзани со загуба. Но, ако добро одиграте и научите дека не треба да бидете во врска за да бидете среќни, тогаш ќе сфатите дека постојат толку многу работи што можете да ги добиете од болното раскинување.

  • Мудроста што се крие зад победата без борба

    Мудроста што се крие зад победата без борба

    Секојдневно се соочуваме со конфликти со различни луѓе. Колку повеќе улоги имате во општеството, толку поголема е веројатноста дека ќе се судрите со мислења и гледишта поразлични од вашите. Додека го браниме нашиот став пред противникот, ние започнуваме психолошки судир кој честопати доведува до сериозни психички повреди. Но, дали таквите последици се навистина неизбежни? Следуваат неколку ефективни техники на „психолошко аикидо“ кои ќе ви помогнат да го решите секој проблем без карање…rnrnМудроста што се крие зад победата без борбаrnrn1. Психолошкото аикидо е исто како да одржувате баланс на топка. Треба да одржите рамнотежа пред да преминете на агресивно однесување. Будистите велат дека ако се препуштите на таквото однесување, ќе го ослабете отпорот.rnrn2. Не се карајте, бидејќи на тој начин несомнено ќе се претворите во она против кое се борите. Премногу сила доведува до спротивен ефект.rnrn3. Научете да бидете предводени, за да можете да ги водите другите.rnrn4. Оној што вика на вас е во афективна состојба, што значи дека нивната свесност е исклучена. Смешно е да пробате да разговарате со човек чиј ум е целосно исклучен. Исто е како да зборувате со некој кој спие. Дали сте виделе некој да вика некому кога е добро расположен?rnrn5. Ако и вие почнете да викате, тоа е исто како со весло да удирате човек што се дави. Тие навистина се дават во нивниот сопствен бес. Не помагајте им во тоа.rnrn6. Што правиме кога се чувствуваме лошо? Обвинуваме други, викаме и плачеме. Тоа значи дека кога некој вика на нас, тој или таа всушност се чувствува лошо.rnrn7. Знаете како да го сопрете нивното викање? Останете тивки и дозволете им да се смират. Не слушајте ги нивните зборови, тоа само нивната болка зборува. А како да останете вие смирени? Давајте си комплименти во себе: „Каков талент сум! Можам да останам смирен/а дури и со ваков човек!“. Обичната тишина има ефект на ладна вода. Додека вашиот противник беснее, гледајте го внимателно и слушајте го. Пуштете го да се олади.rnrnТешка задача е тоа да се препуштите и да молчите кога толку многу сакате да ја докажете вашата поента, но верувајте дека вреди. Ако едната засегната страна од конфликтот се однесува паметно, сите присутни ќе се чувствуваат посмирени. Токму затоа, усовршете ја вештината на психолошкото аикидо и на тој начин ќе го зачувате вашето здравје, но и мирот на вашите блиски.

  • Никогаш не се откажувајте: 7 реченици кои ќе ве претворат во вистински победници

    Никогаш не се откажувајте: 7 реченици кои ќе ве претворат во вистински победници

    Колку често ви се случило да се борите за нешто толку долго што одеднаш веќе престанало да ви има смисла и сте се откажале? Или пак, колку пати сте се откажале без воопшто да почнете само затоа што сте се убедиле дека нема да успеете?rnrnНикогаш не се откажувајте: 7 реченици кои ќе ве претворат во вистински победнициrnrnАко нешто е сигурно, тоа е дека никогаш не можете да знае што ви носи наредниот ден. Без разлика колку лошо се чувствувате во овој момент, не треба да им се предадете на овие чувства и да се откажете од нешто што знаете дека со тек на време ќе ве направи среќни и исполнети. Токму затоа погледнете ги следниве 7 совети кои од вас ќе направат вистински победници кои никогаш не се откажуваат од оние нешта што ги посакуваат…rnrn1. Тропнете на сите врати и некој сигурно ќе ви отвори. Кога ве одбиваат, тоа не значи дека не сте успешни, само дека треба да бидете малку потрпеливи.rnrn2. Соништата не се остваруваат само кога ќе се откажете од нив. Сфатете го ова како едно единствено искуство. Болно искуство кое целосно го променило начинот на кој гледате на светот.rnrn3. Обидете се да се насочите целосно само на позитивните мисли. Научете се да размислувате како победници, а не како губитници. И за позитивните мисли е потребен огромен труд.rnrn4. Не сфаќајте ништо премногу сериозно. Вие нема да стигнете многу далеку доколку сè сфаќате лично и сериозно. Зарем вреди да се разболите поради некој кој не ја цени вашата вредност?rnrn5. Секогаш бидете малку критички настроени кон себе. Можеби сепак не сте онакви какви што сте мислеле дека сте. Откријте ги своите недостатоци, а потоа и поправете ги. Работете малку на себе.rnrn6. Сфатете дека секоја ситуација има позитивна и негативна страна. Ваша работа е да откриете на која страна се наоѓате, но и да се обидете да ја забележите и другата.rnrn7. Никогаш немојте да се откажувате. На крајот ќе се сфатите зошто сè што сте правеле се исплатело.

  • Победете ја анксиозноста во само 8 чекори

    Победете ја анксиозноста во само 8 чекори

    Недефинираното чувство на страв, вознемиреност и тага кое се појавува без навидум очигледна причина е едно од најчестите психолошки проблеми. Станува збор за анксиозноста која често предизвикува и чувство на немоќ, бидејќи едноставно никој не може да се соочи со оние проблеми кои не може јасно да ги види. Но, тоа не значи дека таа е непобедлива. Погледнете ги овие 8 чекори предложени од страна на Академијата за психологија во Америка со цел полесно да се справите со ова состојба.rnrnПобедете ја анксиозноста во само 8 чекориrnrn1. Контролирајте ја вашата загриженост: Одвојте 30 минути за целосна насоченост кон себе. Во околина која ви е удобна и пријатна и која ви обезбедува мир, направете листа од сите оние нешта кои ве загрижуваат. Откако ќе ги запишете вашите грижи ќе сфатите дека барем за половина од нив нема потреба од загриженост. Токму тоа ќе ви помогне да ги издвоите вистинските проблеми и да се фокусирате на нивно решение. И не заборавајте, секој проблем е решлив, потребно е само да се најде вистинскиот начин.rnrn2. Вратете се малку во минатото и искрено разговарајте самите со себеси: Дали до крајот сте се избориле за проблемите кои сте ги имале или пак, сте ги „турнале“ под тепих и сте ги потиснале во себе? Иако се невидливи, често неразрешените проблеми од минатото се причина за појава на анксиозност во сегашноста.rnrn3. Направете листа од вашите стравови и рангирајте ги според начинот на кој влијаат врз вас: Направете скала од 1 до 10 и со помош на вашиот здрав разум разделете ги вистинските опасности од оние кои се ирационални. Сигурни сме дека ќе сфатите колку повеќето од нив се бесмислени.rnrn4. Во распоредот со вашите секојдневни вежби додадете редовна физичка активност: Најдобро тоа да е некаде на отворено, на свеж воздух. На овој начин ќе ги покренете умртвените процеси во вашето тело и ќе ги стимулирате хормоните кои носат задоволство и релаксирање на вашиот нервен систем.rnrn5. Одвојте време за одмор кога сте дома: Слушајте ја онаа музика која ја сакате, научете основни јога вежби и применувајте ги секој пат кога ќе се чувствувате вознемирени. Кога ќе почувствувате необјасниви стравови, веднаш престанете со сите активности и неколку минути дишете длабоко, фокусирани целосно кон себе.rnrn6. Неколку дена не консумирајте кафе, газирани пијалаци, алкохол и цигари: Нивните состојки го иритираат централниот и периферниот нервен систем, а со тоа влијаат и врз вашето расположение, начинот на кој се доживувате себе и вашата околина, како и врз погледот кон она што во моментот ви се случува.rnrn7. Разговарајте со вашите блиски за тоа како се чувствувате: На овој начин ќе ги споделите вашите грижи и со другите, па токму затоа и потоа ќе ви биде полесно. Ако е потребно, не се плашете да се обратите ка психолог или психотерапевт за помош.rnrn8. И за крај, не заборавајте дека во борбата за анксиозноста најважна е акцијата, а најлоша е пасивноста.

  • Фотографии од крајот на револуцијата во Куба

    Фотографии од крајот на револуцијата во Куба

    После долги шест години герилско војување во кубанските шуми, Фидел Кастро и неговите соработници конечно ја реализираа револуцијата во Куба соборувајќи го диктаторот Фулгенсио Батиста. Потоа следувало победничко дефиле низ улиците на Хавана, за што сведочи оваа галерија фотографии која датира од 1959 година.rnrnФотографии од крајот на револуцијата во КубаФотографии од крајот на револуцијата во КубаФотографии од крајот на револуцијата во КубаФотографии од крајот на револуцијата во КубаФотографии од крајот на револуцијата во КубаФотографии од крајот на револуцијата во КубаФотографии од крајот на револуцијата во КубаФотографии од крајот на револуцијата во КубаФотографии од крајот на револуцијата во КубаФотографии од крајот на револуцијата во КубаФотографии од крајот на револуцијата во Куба
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.