КАФЕ ПАУЗА

Tag: пластична

  • Зошто платнените торби не се добра замена за пластичните кеси?

    Зошто платнените торби не се добра замена за пластичните кеси?

    Ако се обидувате да живеете еколошки и да ги спречите глобалните катастрофи како уништувањето на океаните или климатските промени, формулата е едноставна – користете ги работите повеќепати и поретко купувајте нови.rnrnЗошто платнените торби не се добра замена за пластичните кеси?rnrnПластичните кеси не се разградуваат и ги загадуваат океаните, животот во морињата и околината воопшто. Но, за изработка на органските памучни торби се троши повеќе вода, енергија и други ресурси, па затоа тие не се добра замена.rnrnНајмногу се зборува за пластичните кеси. Но, дали тие навистина се полоши од хартиените? Што е со торбите? Стручните лица велат дека нема едноставен одговор.rnrnЈасно е дека пластичните кеси не се разградуваат и ги загадуваат океаните, но познавачите на областа велат дека ниту памучните торби не се добра опција. Тие тврдат дека пластичните полиетиленски кеси со мала густина се поприфатливо решение од нив. Можете да ги препознаете по тоа што се попроѕирни од класичните.rnrnДанските еколози тврдат дека со нивното спалување се прави помала штета отколку со платнените торби, кој би требало да се употребат 1.000 пати за да бидат еколошки оправдани. Освен тоа, тие сметаат дека органскиот памук е поштетен од обичниот кога е во прашање општото влијание врз околината. Неговото производство повеќе ја загадува околината отколку производството на обичниот памук – се троши многу вода и енергија, иако се употребуваат помалку ѓубрива и пестициди.rnrnБи требало да се употребуваат околу 20 илјади пати повеќе од обичните памучни торби за да бидат покорисни од нив. Освен тоа, памукот не може успешно да се рециклира затоа што за тоа постои малку инфраструктура.rnrnИзработката на хартиените кеси исто така има лошо влијание врз околината. Тие се полош избор од полиетиленските кеси затоа што заради нивното производство се уништуваат шумите. Најдоброто решение според данските еколози е да употребите таква кеса каква што имате дома – немојте да ги фрлате. Употребувајте ги додека не се распаднат и не купувајте нови.rnrnМожеби ќе сакате да прочитате и за отпушоците од цигари што се исто толку штетни за океаните колку и пластичните кеси.

  • Зошто треба да ја чувате пластичната фолија во замрзнувач?

    Зошто треба да ја чувате пластичната фолија во замрзнувач?

    Не постои кујна без пластична фолија, којашто се користи за пакување и затворање на храната. Навикнати сме да ја држиме во близина на храната, за секогаш да ни биде при рака кога ќе ни притреба. Но, понекогаш ракувањето со фолијата може да биде малку непријатно и досадно поради нејзината лепливост. Ако и вие се борите со овој проблем, тогаш имаме совршено решение за вас!rnrnrnrnЗа среќа, постои едноставен трик со кој ќе ја „укротите“ пластичната фолија и ќе го направите ракувањето со неа многу полесно. Па, наместо во фиока или на полица, ставете ја во замрзнувачот. Таа повторно ќе ви биде во близина, но кога ќе треба да ја искористите, ќе биде многу „попослушна“. Студениот воздух од замрзнувачот ќе го намали електрицитетот на фолијата, поради што ќе ја направи и помалку леплива, но не за долго. Ќе имате доволно време да ја наместите, и кога таа малку ќе се затопли, ќе ја врати целосно својата функционалност.rnrnДобра идеја, се согласувате? Ако ви се допадна овој трик, прочитајте ги и овие 7 нови и алтернативни начини да го искористите замрзнувачот.

  • Наместо да ги фрлате старите пластични шишиња, направете корисни предмети од нив

    Наместо да ги фрлате старите пластични шишиња, направете корисни предмети од нив

    Сигурно и вие секојдневно фрлате по неколку пластични шишиња, а притоа воопшто не ни помислувате дека можете да ги искористите за да направите прекрасни и корисни работи. Со само мало трпение и желба, од навидум некорисните работи, ќе создадете предмети што потоа ќе можете да ги употребувате секојдневно.rnrnЗемете какво било пластично шише. Отстранете го капачето и држете го над свеќа неколку секунди. Откако малку ќе се стопи пластиката, развлечете ја средината на капачето со стапче, а потоа исечете го врвот и ќе добиете одлично шише што ќе можете да го користите за различни намени.rnrn(1) Наместо да ги фрлате старите пластични шишиња, направете корисни предмети од нивrnrnДоколку пак го пресечете шишето на половина и краевите ги стопите со помош на пегла, тоа ќе можете да го користите за складирање различни работи, како што се четки, пенкала и слично.rnrn(2) Наместо да ги фрлате старите пластични шишиња, направете корисни предмети од нивrnrnОд старите шишиња исто така можете да направите и чаша со дршка, така што на шишето од страната ќе нацртате правоаголник, ќе го исечете задно со врвот, па ќе го завиткате надолу.rnrn(3) Наместо да ги фрлате старите пластични шишиња, направете корисни предмети од нивrnrnАко пак сѐ уште не го знаете стариот добар трик за користење на врвот од шишето, време е да го дознаете! Доволно е да го исечете, да го ставете во пластична кеса, да ја свиткате ќесата на пола па да го затворите капачето.rnrn(4) Наместо да ги фрлате старите пластични шишиња, направете корисни предмети од нивrnrnПокрај другото, од старите шишиња можете да направите и саксија за цвеќе. Пресечете го шишето на половина, вметнете конец низ отворот, заврзете го и завртете го горниот дел во долниот, така што долу ќе ставите вода, а во горниот дел земја и ќе ја посадите билката.rnrn(5) Наместо да ги фрлате старите пластични шишиња, направете корисни предмети од нивrnrnЗа подетално да видите како можете да ги направите овие секојдневни и корисни работи, погледнете го видеото.rnrnrnrnСјајни идеи, зар не?

  • Пластичните операции низ бројки

    Пластичните операции низ бројки

    Пластичната или естетската хирургија добива сè поголем размер низ светот. Сè почесто луѓето се решаваат да одвојат големи суми за да направат некаква интервенција на своето тело. Поразителни се бројките кои укажуваат дека сè повеќе малолетни лица се решаваат на ваков чекор. Погледнете дел од статистиката…Пластичните операции низ бројкиrn

      rn011

    • Во 2010 година, 91% од сите пластични операции биле извршени врз жени.
    • rn011

    • Само во САД биле потрошени вкупно 10.677.415.674 американски долари за пластични операции.
    • rn011

    • Во 2010 година 318.123 жени направиле пластична операција за зголемување на градите.
    • rn011

    • Од таа бројка 2.414 жени се на возраст од 65 години и повеќе, додека 4.153 се на возраст од 18 или помалку години.
    • rn011

    • 20% од овие пациенти за 10 години ќе мораат да ги отстранат имплантите, поради стврднување на ткивоto околу нив и други компликации (според извештајот на „U.S. Food and Drug Administration“).
    • rn011

    • Во 2010 година се извршени 133.511 пластични операции за корекција на нос.
    • rn011

    • Од оваа бројка 9.094 интервенции се направени врз девојки помлади од 18 години.
    • rn011

    • 33% од потенцијалните  пациенти кои сакаат да направат интервенција на носот имаат умерени до тешки симптоми на растројство од дисморфичност на телото (според една студија на „Plastic and Reconstructive Surgery“).
    • rn011

    • Во 2010 година 84.685 козметички хируршки интервенции биле извршени на лица постари од 65 години.
    • rn011

    • Од нив 26.635 биле за затегнување на лицето и 24.783 за интервенција на капаците на очите.
    • rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.