КАФЕ ПАУЗА

Tag: плаќање

  • 12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платени

    12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платени

    Постои една изрека според која треба да најдете нешто што сакате да го правите, а потоа да најдете начин да ве плаќаат за тоа. Иако можеби изреката не треба да се сфати буквално, постојат луѓе кои успеваат да заработат правејќи работи што ние останатите ги правиме бесплатно. Погледнете некои од најчудните „работи од соништата“ за кои веројатно немате ни помислено.rn

    1. Тестирање на тобогани

    rn12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платениrnrnНекои хотели и големи туристички агенции најмуваат луѓе да тестираат тобогани. Задачата на овие луѓе е да оценат дали тобоганите се безбедни и забавни. Доколку го работите ова, можете да пишувате рецензии за нив на социјалните мрежи или на веб-сајтови за патување.rn

    2. Гледање ТВ серии на Нетфликс

    rn12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платениrnrnМногу луѓе, веројатно и вие, уживаат во гледањето серии и филмови. Доколку секојдневно го правите ова, имате можност да го претворите во кариера. Постојат луѓе кои се патени да гледаат ТВ серии и филмови на Нетфликс по цел ден. Нивната задача е да собираат податоци за пребарувањето и категориите на Нетфликс. Исто така, тие одредуваат за која старосна група е погодна серијата.rn

    3. Организирање бинго турнир

    rn12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платениrnrnНајчесто овие луѓе се најмуваат во казина. Нивната задача е да е осигурат дека се следат сите државни регулации за играта и дека наградите се завршуваат каде што треба.rn

    4. Тестирање гуми за џвакање

    rn12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платениrnrnДали сакате гуми за џвакање? Постојат луѓе кои им помагаат на производителите да ги оценат нивните гуми за џвакање, но и да развијат нови проекти. Според некои податоци, тестирачите на гуми за џвакање можат да заработат и до 100.000 евра годишно.rn

    5. Дегустатор на чоколадо

    rn12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платениrnrnДоколку сакате благо, гумата за џвакање нема да ве задоволи. Повеќето луѓе навистина уживаат во вкусот на чоколадото, а некои од нив се дури и платени за да го пробуваат. Но бидејќи јадењето премногу чоколадо не е здраво, овие луѓе или го плукаат или јадат по многу малку. Исто така, по секој залак пијат вода и јадат крекери за да го „исчистат“ нивниот вкус.rn

    6. Продавање фотографии

    rn12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платениrnrnМногу луѓе сакаат да си играат со камерата на нивниот телефон, а некои успешно заработуваат од случајните фотографии што ги прават. Постојат многу веб-сајтови на кои можете да продавате аматерски фотографии. Најчесто фотографиите се прикачуваат бесплатно, а сајтот добива процент од секоја продажба.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Интелигентно куче користи лисја како платежно средство

    Интелигентно куче користи лисја како платежно средство

    Секој барем еднаш во животот слушнал дека „парите не растат на дрво“. Но ова изгледа не важи за едно кученце. Паметното куче по име Негро успеало да си обезбеди храна плаќајќи ја со лисја.rnrnИнтелигентно куче користи листови како платежно средствоrnrnНегро живее во Техничкиот институт за едукација во Колумбија. Тој бил посвоен од вработените и слободно се шета низ училишниот двор. Понекогаш учениците му купуваат храна од локалната продавница, но еден ден тој одлучил дека е време сам да се грижи за себе.rnrnИнтелигентно куче користи листови како платежно средствоrnrnПо внимателно набљудување на учениците кои купувале храна, кучето направило нешто неверојатно.rnrnИнтелигентно куче користи листови како платежно средствоrn

    „Еден ден тој се појави со лист во неговата уста. Весело ја мавташе опашката и ни даде до знаење дека сака колаче“, изјавила една од учителките.

    rnИнтелигентно куче користи листови како платежно средствоrnrnКучето го понудило листот како платежно средство во продавницата. Продавачката била воодушевена и не можела да го одбие.rnrnИнтелигентно куче користи листови како платежно средствоrn

    „Секој ден доаѓа за колачиња. Секогаш плаќа со лист“, изјавила продавачката.

    rnИнтелигентно куче користи листови како платежно средствоrnrnБидејќи неговите „пари“ буквално растат на дрво, од продавницата му дозволуваат да „купува“ само неколку пати дневно. Негро ги оставил сите без збор.rnrnИнтелигентно куче користи листови како платежно средствоrn

    „Кога прв пат ќе го видите, ќе сакате да заплачете. Најде начин како да го разбереме. Навистина е многу интелигентен.“

    rnИнтелигентно куче користи листови како платежно средствоrnrnДознајте и зошто вашето куче е многу попаметно отколку што мислите.

  • Градови и држави кои ќе ви платат за да живеете во нив

    Градови и држави кои ќе ви платат за да живеете во нив

    Можеби ви звучи неверојатно, но навистина постојат градови и места каде што државата им плаќа на луѓето за да живеат во нив. Секако, станува збор за градови и држави во САД. Во продолжение дознајте кои се тие и размислете дали можеби би сакале да живеете во нив…rn

    Хармони

    rnГрадови и држави кои ќе ви платат за да живеете во нивrnrnХармони е гратче во Минесота и овој град е подготвен да ви даде 12 000 евра ако сакате да живеете таму засекогаш. Со оглед на тоа што се свесни дека на повеќето куќи во градот им требаат многу поправки и голема парична инвестиција, тие смислиле начин да ги поттикнат сите они кои размислуваат да се преселат таму. Оваа необична акција во Хармони трае неколку години.rn

    Детроит

    rnГрадови и држави кои ќе ви платат за да живеете во нивrnrnВо изминативе неколку децении, Детроит бил во многу тешка ситуација поради што има многу напуштени делови во градот. За да се изборат со тоа, властите ја започнале програмата „Challenge Detroit“ со цел да ги поттикнат младите, способни и образовани луѓе да дојдат да живеат во овој економски пропаднат, празен и запуштен град.rn

    Алјаска

    rnГрадови и држави кои ќе ви платат за да живеете во нивrnrnАко не сте зиморливи и ако вашето омилено годишно време е зима, тогаш оваа програма за населување е она што ви треба во случај да одлучите дека сакате да живеете во САД. Имено, Алјаска им плаќа на луѓето кои живеат таму. За да добиете пари потребно е само да отидете во Алјаска и да докажете дека сте се преселиле засекогаш. Откако ќе го направите тоа, Алјаска секоја година ќе ви исплаќа 18 000 долари.rn

    Чатануга

    rnГрадови и држави кои ќе ви платат за да живеете во нивrnrnОвој град во Тенеси неодамна го доби прекарот „GigCity“, што значи дека секој граѓанин во Чатануга има пристап во безжична Интернет брзина од 1 гигабајт по секунда. Поради тоа, тие ја смислиле програмата „GeekMove“ со цел да им се помагне на младите генијалци за компјутери да се преселат и работат во Чатануга.rn

    Саскачеван

    rnГрадови и држави кои ќе ви платат за да живеете во нивrnrnЗа да привлечe што е можно повеќе млади интелектуалци, оваа канадска покраина одлучила да им понуди 20 000 долари на луѓето од Канада, но и на доселениците кои би дошле тука да живеат и работат најмалку 7 години. Единствен услов е да имате завршено факултет и да се соочите со екстремните канадски зими.rn

    Нијагарини водопади

    rnГрадови и држави кои ќе ви платат за да живеете во нивrnrnИако многумина сонуваат да ги посетат овие познати водопади, тамошните власти на сите можни начини се обидуваат да привлечат млади жители. Имено, тие нудат 7 000 долари за исплата на студентските кредити, ако сакате да живеете таму. Доколку штотуку сте дипломирале, можеби треба да размислите за оваа понуда.rn

    Канзас

    rnГрадови и држави кои ќе ви платат за да живеете во нивrnrnДржавата Канзас е подготвена да им плати на луѓето кои сакаат да живеат и работат таму. Од 105-те делови на оваа држава, 77 им нудат финансиска помош на жителите. Во зависност од тоа за кој дел од државата ќе се одлучите, можете да добиете и до 15 000 долари за исплата на студентскиот кредит или пак да бидете ослободени од плаќање данок во наредните 5 години.rnrnДознајте и кои се најдобрите 15 места за живеење.

  • Ако нешто морате да платите со својот мир, тогаш тоа е премногу скапо!

    Ако нешто морате да платите со својот мир, тогаш тоа е премногу скапо!

    Понекогаш, најтешките рани не се оние кои ги добивате од другите, туку оние со кои вие самите си наштетувате. Тоа се оние бројни рани во кои ги откривате своите болни сеќавања, рани во кои се присетувате на своите стари разочарувања и го задржувате во мислите сѐ она што ви го руши мирот. Најтешки се оние рани од кои ништо не учите и кои не ви даваат никаква животна лекција, а секогаш повторно се појавуваат. Но, за тие сами сте си криви, затоа што повторно им се враќате и тие повторно се причината за вашето страдање.rnrnАко нешто морате да платите со својот мир, тогаш тоа е премногу скапо!rnrnНајтешки се оние рани за кои немате сила да си опростите, иако знаете дека другите веќе го направиле тоа, зашто мислите дека така ќе ја подобрите сликата која ја имате за себе. Ваквите рани не ви овозможуваат да се помрднете од место, а настануваат тогаш кога се грижите за тоа што другите мислат и зборуваат, па ги оставате на страна сите оние соништа кои ги носите со себе. Најтешки се оние рани кога не правите граница помеѓу себе и другите, оние рани кои настануваат кога им дозволувате на останатите да се однесуваат кон вас онака како што тие посакуваат, наместо самите да им одредите граници до каде може да одат, а до каде не. Тешки се раните кои настануваат кога премногу им верувате на луѓето, иако безброј пати ве разочарале, мислејќи дека овој пат ќе се однесуваат поинаку, а тие повторно, по стоти пат ве повредуваат. Тие повеќе не се поединечни рани, туку стануваат постојана состојба во која веќе немате моќ да се борите за себе.rnrnАко нешто морате да платите со својот мир, тогаш тоа е премногу скапо!rnrnСето тоа се случува затоа што го жртвувате вашиот мир поради некоја лажна надеж и ветување, го жртвувате својот мир сакајќи да ги задоволите другите, оние кои тоа не би го направиле за вас. А потребно е само едно, да бидете свесни колкава е вредноста да имате свој мир, да не трчате по другите, да не се залагате за работи кои не ве прават среќни, да имате своја цел и да верувате во идеалите. Сѐ помалку од тоа значи дека самите си нанесувате рани.

  • 13 моменти во кои ќе се почувствувате како возрасна личност

    13 моменти во кои ќе се почувствувате како возрасна личност

    Можеби во душата сè уште сте мали деца, но светот на возрасните е точно на прагот од вашиот живот. Затоа погледнете ги овие 13 моменти во ќе се почувствувате како возрасна личност.rn

    1. Купувате тоалетна хартија

    rn1-13-momenti-vo-koi-kje-se-pochuvstvuvate-kako-vozrasna-lichnost-www.kafepauza.mk_rn

    2. Ги плаќате сметките од сопствената плата

    rn2-13-momenti-vo-koi-kje-se-pochuvstvuvate-kako-vozrasna-lichnost-www.kafepauza.mk_rn

    3. Готвите ручек без користење на микробрановата

    rn3-13-momenti-vo-koi-kje-se-pochuvstvuvate-kako-vozrasna-lichnost-www.kafepauza.mk_rn

    4. Одлучувате да останете дома наместо да излезете за викенд

    rn4-13-momenti-vo-koi-kje-se-pochuvstvuvate-kako-vozrasna-lichnost-www.kafepauza.mk_rn

    5. Ги каните пријателите на вечера

    rn5-13-momenti-vo-koi-kje-se-pochuvstvuvate-kako-vozrasna-lichnost-www.kafepauza.mk_rn

    6. Купувате пијачки без да ви бараат лична карта

    rn6-13-momenti-vo-koi-kje-se-pochuvstvuvate-kako-vozrasna-lichnost-www.kafepauza.mk_rn

    7. Добивате покана за свадба од некој со кого сте дипломирале

    rn7-13-momenti-vo-koi-kje-se-pochuvstvuvate-kako-vozrasna-lichnost-www.kafepauza.mk_rn

    8. Не го разбирате текстот на популарните рап песни

    rn8-13-momenti-vo-koi-kje-se-pochuvstvuvate-kako-vozrasna-lichnost-www.kafepauza.mk_rn

    9. Размислувате да се вселите заедно со партнерот

    rn9-13-momenti-vo-koi-kje-se-pochuvstvuvate-kako-vozrasna-lichnost-www.kafepauza.mk_rn

    10. Сами си закажувате докторски прегледи

    rn10-13-momenti-vo-koi-kje-se-pochuvstvuvate-kako-vozrasna-lichnost-www.kafepauza.mk_rn

    11. Рано си легнувате

    rn11-13-momenti-vo-koi-kje-se-pochuvstvuvate-kako-vozrasna-lichnost-www.kafepauza.mk_rn

    12. Одлучувате да не ги потрошите последните пари кои ги имате на сметката за алкохол

    rn12-13-momenti-vo-koi-kje-se-pochuvstvuvate-kako-vozrasna-lichnost-www.kafepauza.mk_rn

    13. Сфаќате дека популарните познати личности се помлади од вас

    rn13-13-momenti-vo-koi-kje-se-pochuvstvuvate-kako-vozrasna-lichnost-www.kafepauza.mk_rnrn rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога се сака, сè се може: Млади луѓе објаснуваат како плаќаат за своите патувања

    Кога се сака, сè се може: Млади луѓе објаснуваат како плаќаат за своите патувања

    Генерацијата Y, или Millennial, како што некои ја нарекуваат, е генерацијата на млади луѓе родени од средината на осумдесеттите па сè до почетокот на новиот век. Важат за генерација која сака да одлага некои важни работи во животот, како што се стапувањето во брак или основањето семејство. Честопати се обвинувани дека го одложуваат влезот во „сериозниот живот“ пред сè затоа што не секогаш сакаат веднаш по студиите да започнат со кариера или дека не се мотивирани да работат.rnrnДруга битна карактеристика на младите од Генерацијата Y е тоа што тие патуваат повеќе од која било друга генерација. Не бараат добри хотели, луксузни крстарења или скапи коктели купени на плажа, туку се заинтересирани за културниот аспект на патувањата и искусувањето на местата од локална перспектива. А, за такво патување не се потребни многу пари, но потребна е желба и љубопитност за опкружувањето. Како овие млади луѓе кои не сакаат да работат сепак наоѓаат начин да патуваат и да видат повеќе од другите? Во продолжение следуваат неколку објаснувања од такви кои доста пропатувале.rnrnКога се сака, сè се може: млади луѓе објаснуваат како плаќаат за своите патувањаrnrn rn

    „Патувањето го направив приоритет. Размислував вака: ‘Хм, за цената на таа чанта би можела да летам до Чарлстон и да ја посетам пријателката’, или: ‘Неделава ќе готвам сама, а оние 100 долари што ќе ги заштедам ќе ги потрошам на вечера во Лондон’. Тоа беше психолошка игра ама знаев дека единствениот начин да стигнам каде било е да си платам самата за себе.“ – Катка Лапелосова

    rn

    „Летото пред да се преселам во Франција за да предавам англиски работев како бебиситерка за да заработам повеќе пари за патување. Штом стигнав во Франција веќе примав мал месечен надомест, а подучував англиски за пари и во слободното време. Освен тоа, самата си готвев дома, пешачев каде и да одев и штедев на кафиња и излегувања. По завршувањето на мојот 7-месечен договор имав заштедено доволно пари за комотно да патувам два месеци по југот на Франција. Workaway исто така е доста добра опција за штедење за која се интересирав, но сè уште немам искуство со тоа. Тој веб-сајт ви дава бесплатно сместување насекаде по светот за неколку часа работа во денот!“ – Пејџ Смит

    rn

    „За време на моето скитање јужно од Алјаска работев со група жени изработувајќи перничиња за масажи и рендиња за сирење. Поминував по 12 часа на ден покрај 65-годишна жена чија исхрана се состоеше од коктел од психотропни дроги и топли лименки Кока-кола. Иако работевме насекаде по западниот брег, помеѓу патувањата имав слобода да кампувам во шумите на Северна Калифорнија, да ги истражувам пиварите во Денвер и да киснам во врелите извори во Ново Мексико. Продавањето на кинеско ѓубре не направи да се почувствувам гламурозно, но ме однесе до следната дестинација, а тоа беше сè што сакав.“ – Карлин Круг

    rnКога се сака, сè се може: млади луѓе објаснуваат како плаќаат за своите патувањаrnrn rn

    „Работам шест недели со три недели одмор на нафтена платформа во Гвинејскиот Залив во Западна Африка како менаџер на терен. Тие шест недели се долги 12-часовни работни денови седум дена во неделата, но трите недели одмор се мои. Тие доаѓаат со авионски билет до каде што ќе посакам. Треба само да одлучам каде сакам да одам.“ – Џенифер Мелрој

    rn

    „Работам за компанија која врши научни истражувања во различни земји од светот. Работиме заедно со волонтери, ги едуцираме и правиме истражувања во повеќе области. Досега со нив сум работел во Тајланд, Еквадор и Костарика. Додека работиме, ни го покриваат скромното сместување и храната, па иако не сум добро платен, тоа е доволно да скокнам до околината.“ – Сатеш Венкатеш

    rn

    „Јас и моето момче пред околу три години решивме да го направиме патувањето наш приоритет во животот. Во тоа време работевме канцелариска работа во Сиетл и не бевме задоволни со нашите перспективи. И двајцата работевме работа која не ја сакаме, па нашиот избор беше да продолжиме така како што беше или да најдеме други работи. Но, ние си создадовме трета опција – да патуваме. Ни требаше околу една и пол година да работиме и штедиме за да собереме доволно пари со кои ќе издржиме една година. Потоа дадовме отказ и заминавме. За време на патувањата волонтиравме преку HelpX и Workaway за да ги намалиме трошоците и секогаш баравме хостели со кујна за да готвиме колку што е можно повеќе.“ – Џина Корзилја

    rn

    „Пред да си го спакувам животот во ранец и да се качам на возовите кои кружат околу Америка, работев шест месеци како бебиситерка. Додека бев на пат пишував за Listverse, кои плаќаат 100 долари за еден текст, а можеш да пишуваш за што сакаш. Тоа беше лесно за пишување и, како што знаете, кога си на пат на располагање ти се сите извори на информации, па идеите лесно ми доаѓаа. Ретко јадев во ресторани и воглавно готвев во кујните на хостелите или кај моите домаќини од Каучсурфинг, што беше едно од најдобрите искуства од моето патување. Среќавање на други патници кои би ти дозволиле да спиеш на нивниот кауч? Тоа е извонредна придобивка за човештвото.“ – Шенон Гадбери

    rnКога се сака, сè се може: млади луѓе објаснуваат како плаќаат за своите патувањаrnrn rn

    „Моите најрани патувања беа финансирани од моето прекрасно семејство, пријателите и црквата, затоа што многу волонтирав, главно со Habitat for Humanity. Потоа дознав дека ако си лидер на тим, летот ти е покриен. Кога наполнив 25 години (бараната возраст) завршив обука со Habitat for Humanity. Оттогаш со мојот сопруг водиме тимови и тоа ни ги покрива скоро сите трошоци, а си покриваме само она малку што не ни е покриено.“ – Кејт Шевон Малиган

    rn

    „Ова лето патував во Македонија цел месец, каде можев да преживеам благодарение на тоа што работев ноќни смени во хостел. Беше супер. Сретнав многу луѓе додека работев таму, добив бесплатно сместување и појадок, па дури го имав на располагање и сето овошје од градината на хостелот. Можам да кажам дека ова беше моето прво големо патување, не се вратив побогат, но гордо тврдам дека станав помудар. Сега пак сум во мојата земја, каде што учам за да станам професор по шпански јазик. Се надевам дека во иднина, помеѓу работата во хостел, предавањето шпански и хонорарното пишување, и патувањата ќе доаѓаат едно по едно.“ – Марко Делгадо

    rn

    „Во минатото предавав англиски во Јужна Кореја, а во моментов живеам и работам во Канада. Се трудам да живеам скромно и да заштедам колку што можам додека работам на едно место, а потоа заминувам на патување од неколку месеци. Во моментов работам на решение кое ќе ми овозможи да живеам и работам од која било локација.“ – Мери Кинг

    rnАко овие искуства ве инспирираа и сакате да почнете сопствена авантура, прочитајте како може да си овозможите патување со мал буџет: како до евтин транспорт и евтин престој.

  • Топ 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаат

    Топ 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаат

    Интернетот е дел од нашите животи. Со негова помош доаѓа до раѓање и изумирање на многу нешта. Клучниот збор кој во последно време многу често се поврзува со интернетот е „бесплатно“. Па, како би можеле да се заработат пари од бесплатни работи? Останува на компаниите сами да си откријат начин (како на пример рекламирањето, кое е број еден во таа област), додека пак за останатите – еве неколку работи кои можат да се најдат на интернет бесплатно.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    1. Меѓуградски разговори

    rn„Да операторе, поврзете ме со Токио. Да, ги прифаќам трошоците.“ Овие зборови се поретко се случуваат по појавата на интернетот. Комуникацијата е бесплатна активност преку социјалните алатки како Ем-ес-ен, имејл, Фејсбук, Скајп… Скајп им дозволува на корисниците и да се јавуваат бесплатно преку услуга, за која исто така не се наплаќа, која дури и Си-ен-ен ја користи за разговор со новинари кои се јавуваат во живо од локацијата каде што снимаат. Покрај говорните повици овие социјални програми ни овозможуваат и видеоповици.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    2. Веб-адреси

    rnРечиси сите нови музички групи функционираат преку Мајспејс, бесплатно место на кое можат да се објават распоредите на турнеите, да се слушаат нивните песни и да се поврзат со обожавателите. Тоа е најекономичниот и најефективниот начин да се прошири нивната музика. Другиот начин на кој може многу брзо да се рашири бизнис од кој било вид се фан-страниците, групите и индивидуалните профили на Фејсбук. Нема подобар начин на поврзување со јавноста од оној кој самата таа го користи.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    3. Вести

    rnУште една индустрија која полека оди во надолна линија се весниците. Телевизијата им го зададе првиот удар, но интернетот дефинитивно моментално има најголема предност во овој „натпревар“. Зошто некој би платил да чита нешто до коешто би можело да се дојде бесплатно и во кое било време?rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    4. Состаноци

    rnНаоѓањето девојка/момче за состанок е исто толку лесно колку и наоѓањето „жешко“ име на Фејсбук. Одењето на состанок е исто толку лесно колку и гледањето телевизија. Трудот и кавалерството не се одлика на помладите генерации. Денешните запознавања се базираат на разговор преку чет и разгледување на интересите на личноста на нејзиниот профил, додека пак излегувањата во ресторан или во кино се својствени само на оние кои се официјално во врска.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    5. Софтвер

    rnВиндоус, програми, игри – интернетот е главниот извор за бесплатна набавка на овие работи. Почнувајќи од Напстер и Казаа, па сè до најефективните торенти денес, се појавуваа различни програми и игри за кои на луѓето едноставно не им се даваат пари. И покрај секојдневните адаптирања на комапаниите, сепак хакерите наоѓаат начин да ги заобиколат нивните надградби.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    6. Општи информации

    rnСе сеќавате ли на времето кога онлајн енциклопедиите како Енкарта дозволуваа бесплатно читање само на воведот од статијата? За целосен влез беше потребно плаќање на месечна членарина исто како и во библиотеките, каде што се плаќаше за изнајмување на секоја книга. Денес доволно е да го напишеме она што нè интересира во некој онлајн-пребарувач и пред нас ќе се појават илјадници сајтови кои дозволуваат бесплатно прегледување и користење на нивните содржини.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    7. Забава за возрасни

    rnНикој повеќе не крие списанија за возрасни во нивните фиоки за чорапи, ниту пак некој оди во дивидитека со ранец и темни наочари за да изнајми филм за возрасна публика. Целосни филмови со добар квалитет кои можат бесплатно да се гледаат се широко распространети на интернет и се одалечени на само едно Гугл-пребарување од нас.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    8. Телевизиски емисии и серии

    rnНекои едвај легални веб-сајтови (најчесто преку Mегавидео) овозможуваат која било телевизиска емисија или серија да се гледа веднаш по нејзиното емитување и без реклами (секако и без потребата да се плати сметката за услугите на ТВ операторите). За да се адаптираат на овие услови, некои ТВ оператори им дозволуваат на своите корисници пропуштените епизоди да ги гледаат онлајн, без да наплаќаат за тоа.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    9. Филмови

    rnМногу веб-сајтови дозволуваат бесплатно онлајн-гледање или симнување филмови со многу добар квалитет. Со поврзување на телевизорот на интернет, на само неколку минути од нас се сите досега снимени филмови со вклучен превод на јазик по наш избор. Секако, дома имаме и поголема удобност отколку во кино салите.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    10. Музика

    rnНајголемо влијание интернетот има врз музичката индустрија. Музичката пиратерија постои повеќе од една декада и со помош на торентите, таа е еден вид невидлив криминал, но имајќи предвид колку е лесно да се „украде“ музика, кој би платил за неа? Дури, Јутјуб на пример, во соработка со Ријл плеер ни овозможува и бесплатно симнување на видео спотовите на песните.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаат
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.