Брзо исушена и совршено обликувана мазна коса која не е оштетена од топлината е најголемиот тренд оваа пролет. А Philips ги носи врвните светски трендови во „Нептун“ преку најиновативните пегли за коса и фенови со ThermoShield технологија.rnrn
rnrnМоќните фенови за коса Philips 5000 Series овозможуваат многу брзо сушење на косата со врвна заштита од оштетување благодарение на иновативната технологија со минерални јони. Двојната јонска нега го намалува површинското оштетување на косата предизвикано од УВ-зраците и го засилува нејзиниот сјај спречувајќи го разлетувањето. Вградениот сензор ја оптимизира и контролира температурата на топлиот воздух со што не дозволува прегревање и оштетување на влакното. Овие фенови имаат пет различни поставки за топлина и брзина преку кои овозможуваат прецизна контрола на сушењето, како и поставка за ладен воздух која обезбедува совршен проток со кој ќе ја финализирате и задржите посакуваната фризура.rnrn
rnrnИновативната технологија ThermoShield со минерални јони е вградени и во пеглите за коса Philips 5000 и 7000 Series кои овозможуваат обликување на косата со помалку оштетување. Негативно наполнетите јони го елиминираат електрицитетот, додека минералните јони го намалуваат негативното влијание на УВ-зраците врз косата. Резултатот е здрава, мазна и сјајна коса која не се разлетува. Керамичките плочи на пеглата збогатени со арганово масло овозможуваат и до 50% побрзо обликување на косата, давајќи и свиленкаст и мазен изглед.rnrnПролетното разубавување во „Нептун“ веќе започна. Голем број жени викендов во продажниот салон на „Нептун“ во Ист гејт мол уживаа во вештините на познатиот стилист Бојан Сејменоски кој им овозможи прекрасни пролетни фризури благодарение на иновативните фенови и пегли за коса на Philips. Задоволството од финалните резултати беше очигледно.rnrn
rnrnПовеќе информации за овие фенови и пегли за коса може да најдете на линкот.
Tag: Philips
-

Пролетно разубавување со Philips во „Нептун“
-

Како да ја заштитиме кожата во деновите кога загаденоста на воздухот е превисока?
Според светската здравствена организација (СЗО) 22% од луѓето ширум светот живеат во градови кои не ги исполнуваат стандардите за квалитет на воздухот на СЗО. Човечките активности што доведуваат до загадување и оштетување на животната средина се од најразличен вид и меѓусебно поврзани, а аерозагадувањето влијае повеќекратно врз здравјето на луѓето.rnrn
rnrnЕден од најпогодените делови е човековата кожа и токму затоа, за штетното влијание на загадениот воздух врз овој дел од човековото тело, како и за начините како да се заштитиме во деновите кога воздухот е најзагаден зборувавме со д-р Наташа Теовска Митревска, специјалист дерматолог. Таа е магистер по јавно здравство и е активен член на бројни здруженија од областа на дерматологијата, алергологијата и естетската медицина, а веќе 10 години е и дел од тимот на ПЗУ „Ремедика“.rnrnСпоред д-р Теовска Митревска иако човековата кожа делува како биолошки штит против про-оксидативните хемиски и физички загадувачи на воздухот, продолжената или повторувачка изложеност на високи нивоа на овие загадувачи може да има длабоки негативни ефекти врз кожата.rn„Изложеноста на кожата на загадувачи на воздухот е поврзана со стареење на кожата и воспалителни или алергиски состојби на кожата како што се атопичен дерматитис, егзема, псоријаза или акни, додека ракот на кожата е меѓу најсериозните ефекти“, вели д-р Наташа Теовска Митревска.
rnВо надворешниот простор, загадувачите на воздухот можат да го пробијат озонскиот слој, дозволувајќи ултравиолетовото зрачење од сонцето да помине преку горниот слој на атмосферата. Не само што ова може да доведе до карцином на кожата, туку и да се ослободат слободни радикали кои се апсорбираат преку кожата и можат да влијаат врз целото тело со оштетување на клетките и предизвикување на други болести. Според д-р Теовска Митревска, ефектите врз кожата можат да се манифестираат со сувост, која понатаму ја нарушува заштитната обвивка на кожата и доведува до влез на алергени, бактериски или вирусни микроорганизми, како кај децата, така и кај возрасните.rnrn
rn„Сè почесто во нашите ординации се присутни состојби кои во услови на зголемена загаденост на воздухот, состојбата која претходно ја имале им се влошила. Најранливи категории се младата популација, адолесцентите, децата и постарите лице, како и луѓето кои веќе боледуваат од одредена болест, било да се работи за кожно заболување или заболувања на други органи“, споделува со нас д-р Наташа Теовска Митревска.
rnВо деновите кога метеоролозите прогнозираат лоши услови за квалитет на воздухот, и мерните станици покажуваат високо ниво на аерозагаденост, таа препорачува облекување на кошули со долги ракави. На тој начин ги задржувате честичките од загадувањето на воздухот подалеку од вашата кожа. Исто така, пред да заминете на отворено, таа советува и користење на крема со фактор за сончевите зраци, дури и во зимски услови.rnrnИнтересен е фактот што истражувањата објавени од Агенцијата за заштита на животната средина укажуваат дека загадувањето на воздухот во затворен простор може да биде дури два до пет пати повисоко од нивото на загаденост што се регистрира надвор. Загадувачите во затворениот простор може да предизвикаат иритација на кожата и осип, а тоа значи дека ниту во домот не сме целосно заштитени од загадувачите.rnrn
rnrnВо насока на обезбедување на што почист и поквалитетен воздух во домашни услови, д-р Теовска Митревска советува подобрување на вентилацијата во затворениот простор, односно овозможување на повеќе свеж воздух, одржување на влажноста на ниско ниво и употреба на производи што испуштаат пониски количини на формалдехи. Покрај тоа, таа препорачува користење на правосмукалки со филтер ХЕПА и правосмукалки за редовно чистење на честички од прашина што се наоѓаат во теписите и на други површини за домаќинството, како и одржување на филтрите за климатизација чисти, за да можат да ги задржат загадувачите во затворен простор.rnrnМеѓутоа, како еден од најефективните начини за намалување на загаденоста на воздухот во домот, таа го издвојува користењето на апарати за прочистување на воздухот.rn„На пазарот се нудат повеќе типови на прочистувачи, меѓутоа колку што знам, Philips апаратите за прочистување на воздух во себе имаат инсталиран ХЕПА филтер, кој ги филтрира ситните честички, дури и тие со големина до 0,003 микрони, отстранувајќи до 99,97% од загадувањето на воздухот дома. Дополнително, прочитав дека филтерот со активен јаглен кај овие прочистувачи ги отстранува штетните гасови, вклучувајќи ги и испарливите органски соединенија, а претфилтерот ги задржува големите честички, како што се правот или влакната од домашните миленичиња“, вели д-р Наташа Теовска Митревска.
rnТаа дополнува дека преку користење на Philips прочистувачите за воздух не само што успешно се филтрира загадувањето во воздухот и се намалува ризикот од осипи на кожата, туку се олеснуваат и симптомите на алергија и се олеснува дишењето кај луѓето кои имаат проблеми со дишните патишта. На тој начин обезбедуваме сигурност дека воздухот во домот е почист односно дека сме обезбедиле ефикасна заштита од надворешното аерозагадување и внатрешните алергени, а со тоа сме го заштитиле своето и здравјето на најблиските.
-

Воздухот во домот може да биде од 2 до 5 пати позагаден од надворешниот воздух
Отстранете до 99,97% од загадувањето во вашиот дом – со Philips прочистувачите на воздух!
rn
rnrnАерозагадуањето во Македонија секоја година е на алармантно високо ниво. На тоа укажуваат мерните станици низ целата држава, кои речиси секојдневно во зимските месеци регистрираат загадување кое е повеќекратно над дозволеното. Според анализата на Светската банка уште од 2011 г., во Македонија повеќе од 1.350 смртни случаи годишно се резултат на загадувањето со ситни честички, а неофицијално сега овој број е можеби и трикратно зголемен. Дополнително, неколку илјади работни места се губат поради хроничен бронхитис, астма или прием во болница.rnrnPM 2,5 честичките од прав во составот на смогот претставуваат реална опасност за здравјето на човекот. Заради исклучително малите димензии (2,5 микрона или 20 пати помали од човечкото влакно) тие се практично невидливи. Долготрајното вдишување на загаден воздух го скратува просечниот век на живеење. PM 2,5 честичките продираат во белите дробови и во крвниот систем, го зголемуваат ризикот од болести на респираторниот систем и го нарушуваат здравјето на луѓето кои страдаат од респираторни хронични заболувања.rnrnКога сме затворени во домот, сметаме дека сме заштитени од смогот и од загадувањето. Меѓутоа, тоа не е така! Природната вентилација во воздухот пропушта алергени, како што се ситните PM 2,5 честички прав и цветниот полен. Освен надворешните загадувачи на воздухот во домот, постојат и други алергени: домашен прав, грини, спори од мувла и животински влакна како и бактерии и вируси. Исто така, лоши честички се создаваат и при готвење и при чистење. Од друга страна, реновираните простории и мебелот можат да испуштаат гасови и отровни органски супстанции. Па така, загадувањето на воздухот во домашни услови може да биде од 2 до 5 пати поголемо од надворешниот воздух.rnrn
rnrnТокму затоа, апаратите за прочистувачање на воздух сѐ почесто почнуваат да се користат во обезбедувањето на чист воздух и здрава средина за живеење и работење. На пазарот се нудат повеќе типови на прочистувачи, меѓутоа истражувањата покажуваат дека Philips апаратите за прочистување воздух отстрануваат до 99,97% од загадувањето на воздухот во домот. Овие прочистувачи во себе имаат инсталиран Nano Protect HEPA филтер со помош на кој се отстрануваат честички со големина до 0,003 микрони (за споредба, алергените достигнуваат големина од 10 до 100 микрони).rnrnПовеќеетапното филтрирање на воздухот кај Philips прочистувачите се одвива на тој начин што загадениот воздух влегува во апаратот, претфилтерот ги задржува големите честички, на пример правот или влакната од домашните миленичиња. Потоа филтерот со активен јаглен ги отстранува штетните гасови, вклучувајќи ги и испарливите органски соединенија. Филтерот NanoProtect HEPA ги филтрира ситните честички, дури и тие со големина до 0,003 микрони, и на крајот, чистиот воздух излегува од апаратот за прочистување на воздухот.rnrnДополнителна предност кај Philips прочистувачите на воздух е користењето на VitaShield технологијата односно прочистувањето на воздухот е на природен начин – без јони, озон или хемиски средства. Тие нудат единствено прочистување без употреба на хемикалии и озон, ефикасна филтрација на загадувачите во воздухот до размер од 0,003 миркони.rnrn
rnrnАпаратите за прочистување воздух на Philips се препорачани од Полското здружение на алерголози. Независни центри за алергија го тестираат секој препорачан апарат за прочистување воздух. Затоа, можете да бидете сигурни дека Philips прочистувачите на воздух се безбедни за луѓето со алергии. Исто така, врз основа на извршените клинички тестови, фондацијата „Европски центар за истражување алергии“ (ECARF) потврдува дека апаратите за прочистување воздух на Philips придонесуваат за ублажување на алергиските симптоми.rnrnPhilips прочистувачите успешно го филтрираат загадувањето во воздухот, ги олеснуваат симптомите на алергија и го ограничуваат ризикот од појава на истите, го олеснуваат дишењето на луѓето кои имаат проблеми со дишните патишта, безопасни се за децата и за домашните миленици. Сите овие предности кај прочистувачите на воздух на Philips даваат сигурност дека воздухот во домот е почист односно дека сме обезбедиле ефикасна заштита од надворешното аерозагадување и внатрешните алергени, а со тоа сме го заштитиле своето и здравјето на најблиските. -

Започнете ново пријателство со Philips Lumea, за мазна кожа без влакна, и до 6 месеци!
Есента е во полн ек и полека почнуваме сѐ повеќе да користиме слоевитата облека која ја крие нашата кожа. Но, слоевитата облека не значи дека кожата не треба да биде негувана, совршено мазна и нежна. Напротив, секоја девојка и жена треба безгрижно да ги облекува омилените фустани и здолништа во секое време, без разлика на сезоната.rnrn
rnrnBо соработка со врвни дерматолози од целиот свет, Philips сеопфатно ги истражуваше професионалните третмани во кои се користи технологијата на интензивна пулсирачка светлина и ја приспособи оваа технологија да може да се користи сосема безбедно во домашни услови. Така настана фотоепилаторот Phillips Lumea. Имено, овој уред користи технологија на интензивна пулсирачка светлина (IPL технологија), која се користи за долготрајно отстранување на несаканите влакна од различните зони до телото, испорачувајќи нежни светлосни пулсирања до коренот на влакната.rnrnЕмитирајќи ги овие светлосни импулси кои се апсорбираат од пигментот кој се наоѓа во фоликулите на влакната, коренот на влакното се „успива“, а тоа значи забавување на повторното растење на влакната. Со повторување на третманите на прецизно дефинирани временски интервали, влакната се ставаат во мирување, за на крајот воопшто и да не растат.rnrnСледствено на тоа, можеме да кажеме дека Philips Lumea е мултисезонско и идеално решение кое ни ја нуди слободата на долготрајно мазна кожа и до 6 месеци!rnrn
rnrnЗа да се увериме во резултатите, минатата година производот имаа можност да го тестираат многу девојки, а меѓу нив и нашите познати инфлуенсерки @Ane Djeo и @kikaaveiro кои едногласно се сложија за производот: Phillips Lumea навистина делува!rn@anedjeo: Целиот третман ми оди супер лесно, готова сум за 40-тина минути. Верувајте, толку е едноставно, лесно и практично што навистина сум изненадена. Затоа ја сакам мојата Lumea. ❤ Дружбата со неа може да се нарече СРЕЌА. 🙂 Lumea и јас продолжуваме со дружбата… 🙂 Еве овде накратко можете да видите на што мислам.
rn
@kikaaveiro: Прво нешто многу важно е дека е сосема безболно и пријатно. Навистина вреди да ја направите инвестицијата, да ја имате Lumea-та дома, да ја користите кога сакате и без никаква болка. Сериозно, навистина сум среќна што сега го најдов ова решение.
rn
rnrnЕве зошто Philips Lumea е вистинското решение за долготрајното отстранување:rn- rn 011
- Резултатите од спроведените тестови покажуваат дека кај 78% од жените кои го тестирале Lumea Prestige, кожата останува мазна и без влакна дури и до 6 месеци по 12 третмани, а тоа во превод значи – САМО 2 третмани годишно! Можете ли да замислите да се занимавате со отстранување на влакна само двапати годишно!?
- Philips е бренд број 1 во Европа во IPL според водечкиот институт за истражување на пазарот, малопродажна вредност по IPL категорија, од август ‘17
- IPL (Intensive Pulsed Light) или Интензивна пулсирачка светлина, во суштина претставува метод или пак терапија базирана на светлина, која се користи за широка палета на процедури во рамките на дерматологијата, меѓу кои и долготрајно отстранување на несаканите влакна од различните зони од телото.
- Уредот, во дел од секундата емитира светлосен пулс чиешто времетраење е сосема доволно да биде апсорбирано од фоликулите на влакната и да ги “успие” . Во суштина, пигментот на фоликулите, ја апсорбира светлината од пулсот, енергијата се претвора во топлина која влијае врз активноста на фоликулите и го одложува повторното растење на влакната.
- Третманот со Philips Lumea е целосно безбеден и безболен, што значи дека можете слободно и без грижи да ги третирате сите делови од телото, дури и најделикатните, како на пример бикини-зоната и зоната под пазувите.
- Досега, не се регистрирани никакви сериозни несакани ефекти или оштетувања на кожата што би се појавиле од долгорочна употреба.
- Денеска, Philips Lumea е избор на над 3 милиони жени ширум светот кој го одбрале токму Lumea-начинот за отстранување на несаканите влакна на речиси сите делови од телото.
- Во Македонија пак, Philips Lumea фотодепилаторот е избор на сè повеќе и повеќе жени, кои едногласно потврдуваат дека Philips Lumea навистина функционира во борбата со несаканите влакна.
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
rnrnИ за крај, Lumea е еднократна инвестиција, без дополнителни скриени трошоци, чии придобивки корисниците можат да ги ползуваат и до 20 години континуирана употреба (доколку се разбира уредот се користи согласно упатствата).rnrnУживајте во мазна кожа без влакна и до 6 месеци. 🙂 -

Девојки, летото е на прагот! Дали сте подготвени за совршено мазна кожа?
Иако можеби надворешните температури не ни дозволуваат целосно да се ослободиме од слоевитата облека, повисоките температури на пролетта ни дозволуваат под сакото, блузата или наметката да облечеме блуза со куси ракави. За секој случај, нели! :)rnrnНабрзо ќе дојде време да уживаме во полесната облека, куси ракави, пантолони, здолништа… А, и летото е на прагот! Доаѓа времето кога ќе можеме кожата да ја покажеме во своето најубаво светло, но за тоа да го направиме, најпрво таа мора да биде мазна и нежна.rnrn
Па така, периодов почнуваат зачестените третмани за отстранување на несаканите влакна, а со тоа и добро познатите фрази „Немам што да облечам“, „нема шанси да облечам фустанче, не сум издепилирана“, „кај најде да одиме баш овој викенд, не сум средена“ и слично.rnrnЗа среќа, за сè има решение! Со цел да им ги минимизира ваквите грижи на девојките низ целиот свет, Philips разви уред со кој девојките и жените целосно ќе можат да уживаат во слободата на мазната кожа која трае и до 6 месеци.rnrnВо соработка со врвни дерматолози од целиот свет, Philips ја приспособи IPL технологијата која се користи во козметичките салони и создаде уред за безбедна употреба во домашни услови.rnrnIPL претставува „интензивна пулсирачка светлина“ која овозможува забавување на растот на влакната, а благодарение на нежните пулсирања на светлината кои допираат директно до коренот од влакното, по само 12 третмани ќе уживате во мазна кожа без влакна и до 6 месеци, што во превод значи депилација само 2 пати годишно! Замислете, цели 6 месеци без влакна?!rnНе замислувајте, делувајте 🙂
rnА зошто токму овој период е совршен за да го набавите Philips Lumea фотоепилаторот?rn
- rn 011
Резултатите се видливи по само три третмани – според истражувањата, евидентирано е до 92% намалување на растот на влакната по само три третмани (важи за уредите од серијата Prestige)- Резултатите се долготрајни: по иницијалните 12 третмани согласно препорачаниот распоред на третмани; кожата ќе остане мазна, без несаканите влакна во период од 6 месеци
- Одлично е да започнете пред сезоната на сончање бидејќи се препорачува да се причека до 48 часа по сончањето, кожата треба да е потполно смирена и без црвенила при користење.
- Philips Lumea e целосно безбеден и безболен, што значи дека можете слободно и без грижи да ги третирате сите делови од телото, дури и најделикатните, како на пример бикини-зоната – значи ќе бидете спремни за на плажа
- Валиден е попуст од -10% на одредени модели J
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnДополнително, од оваа сезона, портфолиото на Philips Lumea Prestige е збогатено со уште два нови уреди, па покрај моделот BRI 953 кој доаѓа со 3 smart додатоци дизајнирани за секоја облина на човечкото тело, што гарантираат максимална ефикасност и резултати, во оптек се и два нови модели: BRI950 кој доаѓа со 2 смарт додатоци за лице и тело и BRI956 со 4 smart додатоци.rnrn
rnrnСекој од додатоците е заоблен на уникатен начин за да ги следи облините на телото со што се обезбедува максимална ефикасност при секој допир со кожата, осигурувајќи дека секој светлосен импулс допрел до фоликулите на влакната. Дополнително, овие додатоци содржат уникатен чип со помош на кој уредот го препознава соодветниот додаток и соодветно ја прилагодува поставката за оптимални резултати на секоја зона од телото.rnrnДоколку сè уште постојат отворени прашања или ви се потребни дополнителни информации, истите можете да ги најдете овде: lumea.philips.com.mk. -

Отворено со @antonijalokvenec и @angelagjorgieva: Моето патување до мазна кожа без влакна… започнува и завршува со Philips Lumea
Антонија Локвенец и Ангела Ѓоргиева се две прекрасни девојки, особено активни на социјалната мрежа Инстаграм. Она што е заедничко и за двете дами, освен нивната природна убавина, грижа за својот изглед и самоувереност е и нивната дружба со Philips Lumea.rnrnСвоето патување до мазна кожа без влакна со Philips Lumea тие го започнаа во ноември оваа година, a се веќе подготвени да говорат за резултатите и нивните искуства од користењето.rnrnСо цел да ги видиме нивните впечатоци и ефикасноста на уредот, им поставивме неколку прашања за нивните рутини и методи за отстранување на несаканите влакна од телото, п.е.л (пред ерата на Lumea :)), но и за резултатите по само 3 третмани.rn
1. Како се запознавте со Лумеа?
rn
Антонија: За првпат пред неколку месеци, чинам беше на социјалните медиуми, кога за првпат уредот ми го привлече вниманието. А пак физички и во живо го запознав кога мојата најдобра другарка ја купи и почна се фали. :)rnrnАнгела: Преку сајтовите на кои девојки споделуваа искуства. Само од далеку. 🙂 Но, сега се радувам што денес и јас сум една од нив. Онаа која зборува и го споделува позитивното искуство од користењето на Lumea.rnrn
2. Кој беше првиот впечаток кога го видовте уредот?
rnАнтонија: Голема возбуда, но искрено и малку недоверба дека баш тој апарат може да ми обезбеди такви резултати.rnrnАнгела: Убава на изглед, мала и компактна, а може да ги реши секојдневните проблеми на една жена или девојка.rn
3. Што ви беше првото што ви падна на памет кога видовте дека постои решение за долготрајно мазна кожа?
rn
Антонија: Колку сакам секој ден во годината да е лето. :)rnrnАнгела: Одлично, идеален уред за мазна кожа во домашни услови.rn4. Пред да започнете со употребата на Lumea, каков метод за отстранување на влакната користевте и што најмногу ви пречеше кај тој метод?
rn
rn
rnАнтонија: Особено внимание посветувам на грижата за себе и своето тело. И во секојдневието, ноrnrnи заради професијата, важно ми е секогаш да изгледам одлично пред камера. Па, како најпрактичен метод (како и повеќето од нас, нели) користев брич. Тоа што највеќе ми пречеше е дека влакната растат повторно за само 2-3 дена.rnrnАнгела: Депилација со восок, каде што за разлика од Lumea, болката е неспоредлива, а барањето слободен термин кој ви одговара некогаш е луксуз.rn
5. Која зона ја третирате?
rnАнтонија: Целото тело, односно нозете, пазувите, стомакот и бикини зоната.rnrnАнгела: Во сите области на кои Lumea се користи. Раце, нозе, бикини зона, пазуви, надусници… ја користам максимално.rn
6. По колку третмани забележавте резултати?
rnАнтонија: На секој предел различно, на некои и после првиот, но на повеќето после вториот третман.rnrnАнгела: После вториот третман влакната почнаа да се изретчуваат, а со секој нов третман, резултатите беа сè повидливи.rn
7. Дали боли?
rnАнтонија: Јас искрено имам висок праг на толеранција на болка, но Lumea-та во ниеден момент не ми претставуваше проблем. Третманите се сосема безболни, во споредба со сите други начини на отстранување на несаканите влакна.rnrnАнгела: Не би ја нарекла болка, тоа е едно минимално пецкање и чувство на топлина, само на одредени места.rn
8. Во која зона забележавте најмногу резултати?
rnАнтонија: Стомакот и нозете.rnrnАнгела: Пазувите. Она што беше некогаш секојдневно бричење, сега се сведе на безболни третмани со одличен резултат.rn
9. За крај, која е вашата препорака за оние кои се уште се двоумат дали да ја купат?
rnАнтонија: Инвестирањето во Лумеа е една од најпаметните одлуки кои можете да ги направите. Ви ветувам дека инвестицијата е мала во споредба со трајните резултати.rnrnАнгела: Топло ја препорачувам. Искористете ги актуелните поволности и набавете ја уште сега, и подгответе се уште сега за во летото да уживате во мазната кожа.rnrn
Па девојки, сонот за долготрајно мазна кожа може да стане јаве. Не дозволувајте да ви раскажуваат или само да читате за бенефитите на овој ваш одличен сојузник.rnrnИ, не заборавајте да ги следите искуствата на прекрасните @antonijalokvenec и @angelagjorgieva кои оваа зима ни се приклучија во тестирањето на Philips Lumea Prestige и со нас и со вас ќе го споделуваат своето искуство со Philips Lumea!rnrnЗемете ја својата нова најдобра пријателка – Philips Lumea Prestige и уживајте во мазна кожа дури и до 6 месеци! -

Дозволете си пеглањето да Ви биде задоволство, наместо здодевна домашна обврска
Пеглањето на алиштата, речиси за секој од нас претставува вистински предизвик.rnrnТукушто извадените истуткани алишта од машината за сушење се ноќна мора за секого, па затоа, секоја супер домаќинка веднаш се повикува на „повисоки сили“ – пребарувања на Интернет и распрашување по пријателки како полесно да ги испегла алиштата, совети како да не се туткаат алиштата во машината за перење или во машината за сушење.rnrn
rnrnОд најразличните „How to…“ трикови, пребарувања и совети добиваме резултати со неверојатни „изуми“ како: поставување коцки мраз во машината за сушење, поставување алуминиумска фолија на даската за пеглање, прскање со вода, пеглање со влажна крпа или пешкир, газа на понежните материјали и што уште не. Секако, да не заборавиме и на поставувањето на истутканите одела, сакоа во бањата пред туширање за да се исправат нерамнините од пареата, и навраќање кон најстарите трикови за пеглање со топол лонец.rnrnНајголемиот предизвик, речиси секогаш се појавува при пеглањето на кошулите и понежните материјали, независно дали се работи за вашата омилена кошула, свилениот фустан, фустанчето со омилената апликација на ќеркичката или кошулата на вашиот сопруг. Сигурни сме дека сите сме го доживеале „Ууупс“ моментот кога сме уништиле една или неколку парчиња облека. Некои од нас, мака мачат одредувајќи го вистинскиот програм на пеглање, па ненамерно ќе изгорат нешто, други мака мачат со плочата на пеглата која често знае да остави траги на бели алишта или пак пареата која остава жолти дамки на посветлите површини.rnrnЕдно е сигурно, најголемите „аман бееее…“ моменти се случуваат токму кога брзаме, кога остатокот од десетте минути до излегување за да го испегламе фустанот за излегување или пак кошулата за деловниот состанок, ни делуваат како цела вечност во која би можеле да направиме речиси сѐ.rnrnЗамислете колку би бил полесен животот, ако пеглањето на купот алишта би било лесна обврска која би ја завршувале за само неколку минути, без:rn- rn 011
- да треба да ја подесувате температурата за различните видови материјали
- никогаш повеќе да не ги изгорите своите омилени парчиња облека
- да се грижите за редоследот на пеглање на алиштата заради бојата и материјалот на облеката
- да ги пробувате сите пронајдени совети и изуми на интернет, или од мајките и бабите
- да трчате од кујната да проверите дали сте ја заборавиле пеглата врз облеката
- да мислите дали сте ја исклучиле пеглата откако сте излегле од домот
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnПоаѓајќи токму од овие „е затоа мразам да пеглам“ моменти, докажаниот бренд број 1 во светот на лесното пеглање – Philips, ја создаде линијата на генератори на пареа со технологијата „Optimal Temp“ кои направија револуција во пеглањето.rnrn
rnrn rnrn
rnrnСо Philips генераторите на пареа, слободно може да заборавиме на сите несакани ситуации моменти и постојаното менување на температурата при пеглањето на алиштата. Со нивната револуционерна технологија „Optimal Temp“ која овозможува пеглање на различни видови ткаенини и текстури без прилагодување на температурата. Тоа се генератори на пареа со кои можеме да ја оставиме пеглата врз облеката и таа никогаш нема да биде изгорена, можеме да пегламе вертикално благодарение на моќната пареа која ја имаат, можеме дури и да пегламе врз апликации без никакво оштетување, ниту на гардеробата, ниту на пеглата.rnrn
Дозволете си Philips парната магија да ве воведе во новата ера на пеглање, свет на брзо, лесно и едноставно пеглање без подесување на температурата, без сортирање на материјалите и едноставно отстранување на наборите.rnrnДозволете си пеглањето да ви биде вистинско задоволство, уживање и забава, наместо една здодевна домашна обврска.rnrnДознајте повеќе овде>>>rn
Комерцијален текст
-

Што велат Јана Бурческа и Ружица Антиќ за Philips генераторите на пареа?
На профилите на социјалните медиуми на две супер позитивни дами, Јана Бурческа и Ружица Антиќ, периодов забележуваме постови и објави каде тие возбудено раскажуваат за нивното искуство со пеглањето. За подобро да разбереме кој е поводот за нивното необично дружење со нашите секојдневни и вообичаени рутини, ги прашавме подетално за што точно се работи.rnrnНа прашањето, за што точно станува збор, двете речиси едногласно ни кажаа: Philips генератори на пареа.rnrnНо, со ред. Што всушност претставуваат Philips Парните генератори во една реченица: Револуционерна технологија и линија на парни генератори кои ги воведуваат корисниците во светот на лесното пеглање.rnrn
Philips Парните генератори овозможуваат буквално да заборавиме на постојаното менување на температурата при пеглањето на алиштата, сето тоа благодарение на револуционерната технологија „Optimal Temp“ која овозможува пеглање на различни видови ткаенини и текстури без подесување на температурата.rnrnСе работи за парни генератори кои можеме да ги оставиме врз облеката и таа никогаш нема да биде изгорена, можеме да пегламе вертикално благодарение на моќната пареа која ја имаат, можеме дури и да пегламе врз апликации без оштетување ниту на гардеробата, ниту на пеглата.rnrnЗа сѐ ова да не звучи како приказна, ги прашавме овие две дами да ги споделат своите искуства и секојдневни рутини за да се увериме во револуцијата која ја воведоа Philips парните генератори.rnrnПоубавата половина од љубовниот „all-star“ тандем Антиќ, ни призна дека до пред неколку години пеглањето го сметала за една од подосадните домашни обврски, која секогаш се трудела да ја избегнува сè до последен момент. Но, последниве неколку години со сите обврски кои ги има како мајка на три деца, супер успешна деловна жена и сопруга, почнала да сака да пегла и да го користи пеглањето како еден вид бегство и време за размислување.rnrnИстото ни го потврди и младата, енергична и секогаш расположена Јана Бурческа, која го смета пеглањето за време за себе, медитација и „мозок пуштен на пасење“. Сподели дека обожува да пегла во одлична атмосфера со музика, кафе и секако свој солистички концерт.rnrn
rnrnКако поприлично ангажирани деловни жени, со сите деловни и семејни обврски, не одолеавме да ги прашаме како жонглираат со времето и домашните обврски, па ги прашавме колку време најчесто одвојуваат за нивната (сега омилена) рутина – пеглањето.rnrnЈана како повеќето млади мајки, пегла буквално сѐ и тоа доста редовно – две утра неделно по два часа. Ова „буквално сѐ“ подразбира и пеглање на минијатурните чорапчиња на нејзината преслатка ќерка.rnrnРужица ни кажа дека има недели во кои пегла секој втор ден, но има и такви кога пегла неколку часови, вообичаено за време на викендот, нормално најчесто во недела. И таа е од оние типови на луѓе кои пеглаат речиси сѐ, а сето тоа помножено со 5, од долна облека, пешкири, постелнини, облека, па сѐ до свечени фустани и нормално, облека за човек од 211 цм.rnrnНа прашањето што најмногу им пречело во пеглањето (пред да се сретнат со Philips генераторите на пареа :)), а што со сигурност се поклопува со нервозите и кај сите од нас што пегламе, нели ,Ружица вели дека неверојатно ја иритира моментот на „загорување“ на плочата и немала пегла дома која останала со чисто тло. Колку и да внимавала, нешто ќе се залепело, никогаш не можела да најде совршена температура за најнежните материјали, па неколку омилени блузи од свила, завршиле со флеки од други материјали кои никако не се чистеле.rnrnЗа Јана најголемите тешкотии и фрустрации при користењето регуларни пегли е тоа што постојано морала да биде на „штрек“ при регулација на температурата и проблемот со соодветно подесување на модулот и температурата за соодветниот материјал. Сигурни сме дека со овие проблеми сме запознаени сите и дека сите сме уништиле барем едно омилено парче облека.rnrnОд неодамна овие супер позитивни и харизматични дами остварија партнерство со Philips за дружба и истражување на најновите модели на Philips генераторите на пареа. Возбудата по првото пеглање може да се забележи низ сите објави на нивните социјални мрежи.rnrnНајпрво нѐ интересираше што најмногу ги импресионираше кај Philips парниот генератор.rnrn
Јана, како веќе постоечки корисник на постар модел на Philips парен генератор, смета дека едноставно производот во целост е за восхит, но кога би морала да одбере само две, би ги издвоила „Optimal Temp“ технологијата и автоматското исклучување. Пеглањето со Philips парниот генератор од домаќински аспект за неа е најдоброто нешто што ѝ се случило. Потенцираше дека РААТОТ е најголемата придобивка од производот, повеќе не се грижела за регулација на температура, ниту се туфкала кога ќе излезе дали ја исклучила пеглата, алиштата ѝ се секогаш цакум пакум средени за многу кратко време. Ни призна и дека:rnrn„Не би го менувала дури и да се обидат да ме подмитат со нова пегла, хихи. :)“rnrn
Секако и Ружица беше восхитена од овој револуционерен Philips производ, од леснотијата на пеглата за управување, до олеснувањето околу температурните разлики потребни за различни материјали, можноста да има „паметен“ уред на своја страна, кој ќе ѝ овозможи никогаш повторно да нема изгорени или извалкани алишта. Особено олеснување забележала кога пеглала погруби материјали, како лен, некои видови комбинации со памук, џинс, со Philips парниот генератор потребен и бил премалку труд за тие парчиња облека да бидат совршено испеглани, што значително и го скратувало времето на пеглање и ѝ отворало простор за поголем одмор. Ружица верува дека за некои работи кои нудат особено висок квалитет, чии перформанси го олеснуваат секојдневието, и животот, дефинитивно треба да се инвестира. Конкретно за овој супер производ смета дека буквално вреди за секој денар, па и повеќе, бидејќи со него затворила едно цело поглавје од домаќинските работи, на најубав можен начин.rnrnСите овие восхити ги увериле овие дами дека пеглањето никогаш не било полесно! Дека апсолутно ништо не преставува проблем, не се заморуваат со температурата, многу лесно управуваат и најважно од сѐ e што со само неколку поминувања и без многу напор алиштата веднаш се совршено испеглани. Но, освен што пеглањето со Philips парниот генератор ги уверило дека е лесно, им покажало дека може да биде и супер забавно.rnrnИ за крај, доколку сакате да бидете во тек со нивното дружење со Philips генераторите на пареа следете ги на @ruzicaantic и @boorche.rnrnДознајте повеќе овде>>>rnКомерцијален текст
-

Мазна кожа без влакна и до 6 месеци? Нема проблем! Philips Lumea е докажано безбеден сојузник на секоја жена и девојка
Зимата речиси ни пристигна, студеното време започна, а со тоа, нормално, во полн ек е и слоевито облекување. Секоја сезона со своја убавина, особено за девојките. Прв слој – маичка, втор слој – подебел џемпер, капут, омилениот шал без кои не можеме да излеземе од дома и да се впуштиме во дневната авантура.rnrnНо, слоевитата облека не значи дека кожата не треба да биде негувана, совршено мазна и нежна. Напротив, секоја девојка и жена се труди да ја одржува својата кожа, безгрижно да ги облекува омилените фустани и здолништа во секое време, без разлика на сезоната.rnrnЗатоа, Philips го создаде фотоепилаторот Philips Lumea, производ кој ги освои срцата на повеќе од 3 милиони жени низ целиот свет.rnrnВо кратки црти – Philips Lumea е уред кој обезбедува и нуди слобода, без грижи за несаканите влакна на секоја модерна жена. rnrnВо соработка со врвни дерматолози од целиот свет, Philips сеопфатно ги истражуваше професионалните третмани во кои се користи технологијата на интензивна пулсирачка светлина и ја приспособи оваа технологија да може да се користи сосема безбедно во домашни услови. Имено, овој уред користи технологија на интензивна пулсирачка светлина (IPL технологија), која се користи за долготрајно отстранување на несаканите влакна од различните зони на телото, испорачувајќи нежни светлосни пулсирања до коренот на влакната.rnrnЕмитирајќи ги овие светлосни импулси кои се апсорбираат од пигментот кој се наоѓа во фоликулите на влакната, коренот на влакното се „успива“, а тоа значи забавување на повторното растење на влакната. Со повторување на третманите на прецизно дефинирани временски интервали, влакната се ставаат во мирување, за на крајот воопшто и да не растат.rnrnСледствено на тоа, можеме да кажеме дека Philips Lumea е мултисезонско и идеално решение кое ни ја нуди слободата на долготрајно мазна кожа и до 6 месеци!rnrn
rnrnПо првичните 4-5 третмани, веќе е евидентна разликата и намалениот раст на влакната, а за обезбедување на долготрајни ефекти, односно за да се одржи фоликулот на влакното во фаза на мирување, потребно е третманите да се повторуваат на период од 4-8 недели.rnrnРезултатите од спроведените тестови покажуваат дека кај 78% од жените кои го тестирале Lumea Prestige, кожата останува мазна и без влакна дури и до 6 месеци по 12 третмани, а тоа во превод значи – САМО 2 третмани годишно! Можете ли да замислите да се занимавате со отстранување на влакна само двапати годишно!?rnrn
Големиот ефект се должи на комбинацијата на технологијата и единствените паметни закривени додатоци. Секој додаток е дизајниран да осигура најоптимални резултати за различните делови од телото.rnrnУредот има три различни додатоци (за тело, за лице и за деликатни области) кои се заоблени на начин со цел да обезбедат добар контакт помеѓу кожата и уредот, така што целото светло ќе се апсорбира од коренот на косата.rnrnДополнително, додатоците се паметни, што значи дека секој има посебен чип, па кога го менувате додатокот, уредот знае дека третирате друга област и ја прилагодува програмата за да обезбеди најдобри резултати во секоја област.rnrnОна што е особено важно, е што додатокот за лице има дополнителен УВ филтер за дополнителна заштита, за да избегне иритирање на многу деликатна кожа на горната усна и брадата.rnrnПокрај сите бенефити како ефикасноста, резултатите на долг рок и корисноста на Philips Lumea, тука се и безболноста и безбедноста. Третманот со најдобриот сојузник на секоја жена и девојка, е целосно безбеден, може слободно и без грижи да се третираат сите делови на телото, вклучувајќи ги и најделикатните како бикини-зоната, лицето и зоната под пазувите.rnrn
rnrnПа девојки, сонот за долготрајно мазна кожа може да стане јаве. Не дозволувајте да ви раскажуваат или само да читате за бенефитите на овој ваш одличен сојузник.rnrnИ, не заборавајте да ги следите искуствата на прекрасните @antonijalokvenec и @angelagjorgieva кои оваа зима ни се приклучуваат во тестирањето на Philips Lumea Prestige и со нас и со вас ќе го споделуваат своето искуство со Philips Lumea!rnrnЗемете ја својата нова најдобра пријателка – Philips Lumea Prestige и уживајте во мазна кожа дури и до 6 месеци!rnКомерцијален текст
-

Смути или свежо цеден сок?
Кога станува збор за здрава храна, овошјето и зеленчукот секогаш го имаат приматот на пиедесталот и се најважните состојки кои никогаш не треба да ги тргнеме од нашата дневна исхрана. Најважните витамини, минерали и хранливи состојки нашето тело најлесно ги консумира преку плодовите, па токму затоа во комбинација со протеини и јаглехидрати, тие секогаш треба да исполнуваат барем половина од чинијата.rnrnБрзиот начин на живеење и модерните навики кои ни ги создава секојдневието, придонесоа трендот на смутиња и свежо цедени сокови да стане најчестиот начин за редовно консумирање на овошје и зеленчук. Токму тука се поставува најчестото прашање: Дали е подобро да се консумираат смутиња или свежо цедени сокови? Одговорот на ова прашање е малку покомплексен бидејќи и двата начини си имаат свои придобивки, но сепак можеме да ги издвоиме главните бенефити, па да оставиме вие да направите избор според вашите потреби.rnrn
rnrnМногумина се фокусирани на бенефитите и нутритивните вредности на свежо цедениот сок. Веројатно веќе имате слушнато нешто како „толку е здрав, можеш да пиеш колку и да сакаш“. Меѓутоа, иако соковите се несомнено здрави и добри за брзо добивање енергија и витамински буст, пиењето свежо цедени сокови често и во големи количини може да биде штетно, особено кога ги консумирате на празен стомак. Голем проблем со соковите е тоа што тие всушност ги исфрлаат корките, семињата и мембраните на овошјето – делови кои содржат најмногу хранливи влакна како и антиоксиданси, фитонутриенти, витамини и минерали. Кората на јаболкото, семките на малините, мембраните кои ги држат парчињата портокали заедно – сите тие се здрави и добри за нас. Хранливите влакна се добри за желудникот; заситуваат и ја забавуваат апсорпцијата на шеќери, придонесувајќи за помали менувања на нивото на инсулин. Хранливите влакна го одржуваат протокот на шеќер редовен, како што телото го апсорбира и навлегува во крвотокот. Смутијата се генерално спој на цели парчиња.rnrnСо блендирање на овошјето и зеленчукот ги разложуваме хранливите влакна, со што му помагаме на организмот полека да ги обработува и да не дојде до нагло покачување на шеќерот во крвта. Смутињата заситуваат и се идеален појадок или ужина помеѓу ручекот и вечерата. Голем бенефит кај смутињата е што можеме да додадеме и други состојки.rnrn
rnrnДоколку сте загрижени за флуктуирање на нивото на шеќерот во крвта, обидете се да додадете зеленчуци како краставици, спанаќ или марула. Овие зеленчуци се богати со вода и имаат малку калории, па така имаат минимален ефект на шеќерот во крвта.rnrnДополнително, можете да го зголемите нивото на протеини со додавање грчки јогурт, во густа или прашкаста состојба. Исто така можете да додадете здрави масти во форма на авокадо, чиа семиња или путер од бадеми. Збогатете го блендирањето со состојки со богат спектар на нутритивни вредности како свежо рендан ѓумбир, мача или какао, свежо нане или цимет. Нутритивниот баланс на смутито е тоа што го прави вистинска замена за оброк или одличен пијалак за освежување и зајакнување по тренинг.rnrnУште една многу важна работа, особено за младите мајки, е тоа што децата обожаваат смутиња, а сите знаеме колку е тешко да ги натерате малите дечиња да внесуваат доволно овошје и зеленчук во својата исхрана.rnrnСо редовното консумирање на смутиња консумираме повеќе овошје и зеленчуци со кои го зајакнуваме имунолошкиот систем и со тоа го намалуваме ризикот за чести разболувања и нагло губење на енергија. Смутињата ни овозможуваат да се чувствуваме сито, енергично и инстантно го подобруваат расположението на оние кои ги консумираат.rnrnМногу смути „почетници“ ја прават грешката на правење смути само од овошје или зеленчук. Резултатот може да биде премногу густо и тешко за пиење смути. Тајната за совршено смути е баланс на овошје, зеленчук и течности. Препорачуваме 1/3 овошје, 1/3 зеленчук и 1/3 течност (може да биде вода, сок, млеко).rnrnБидејќи смутито направено од плодови е полно со витамини и минерали помага да останеме подолго фокусирани и умот да ни е изострен и мирен. Со редовно консумирање на смути можете да заборавите на маглата во главата и на чувството на поспаност и напнатост. За крај, нормално и најголемиот бенефит е подобрената дигестија и смалувањето на тегобите и подуеноста во стомакот. Ова се случува благодарение на блендирањето на плодовите, со што се намалува работата на дигестивниот систем, додека паралелно голем број од нутритивните својства и хранливите влакна завршуваат во организмот.rnrn
rnrnУште еден многу важен фактор во подготовката на совршеното смути е блендерот кој го користите за правење на смутито. Не секој блендер ќе направи одлично смути. На пазарот постојат таканаречени high speed блендери кои даваат подобри резултати за блендирање. На пример, high speed блендерот на Philips има моќен мотор од 1.400W и револуционерна ProBlend 6 3D технологија на блендирање која издвојува повеќе хранливи состојки од овошјето и зеленчукот. Со своите 35.000 ротации на сечилата во минута, овозможува целиот процес на правење смути да е брз и лесен, а смутито да има мазна текстура за лесно пиење. Доаѓа во комплет со голем бокал доколку сакате да направите доволно смути за целото семејство, како и со две чаши за носење, со што можете да си направите вкусно смути за на работа или за на спортување. Најдобриот дел е што можете да си направите смути директно во преносните чаши така што нема да има потреба од дополнително чистење.rnrnПовеќе информации за овој производ можете да видите тука.rnrn

