Доколку ви е потребна идеја за тоа како да се нашминкате, облечете или да си го разубавите денот, профилите на овие Инстаграм девојки се одличен избор за вас. Инстаграм го прослави својот 5-ти роденден, а ние ви ги претставуваме 5-те најдобри профили.rnrn
rn
1. @debbiefortes
rnДеби Фортес има око за детали – таа може еден обичен момент да го претвори во совршена фотографија. Линиите и облиците се голем дел од нејзиниот стил. Во споредба со другите, кај неа палетата на бои е секогаш нагласена иако никогаш не ја намалува приказната која уметникот сака да ни ја раскаже. Документирањето на секојдневниот живот во Дубаи од едноставна перспектива, Деби ни прикажува работи кои инаку би биле занемарени.rnrn
rn
2. @hudabeauty
rnХуда Катан е лице од социјалните медиумски кругови на Блискиот Исток. Таа започнала како бјути блогерка, а сега својот профил го претвори во култен, со повеќе од 6 милиони следбеници на Инстаграм и 650 илјади претплатници на Јутјуб. Да не спомнуваме дека од своите мејкап туторијали направи империја после лансирањето на својот бренд „Huda Beauty“ во 2013 година.rnrn
rn
3. @laura_eltantawy
rnПатувајте низ светот заедно со египетскиот фотограф Лаура Ел-Тантави! Од аџиите до јапонските венчавки во Хирошима, постои одредена врска помеѓу неа и нејзините 26 илјади следбеници, докажувајќи дека убавината на светот е насекаде околу нас.rnrn
rn
4. @secretsquirrelfood
rnЕден од најмногу фотографираните објекти на Инстаграм е храната, а Карен Маклин знае доста за тоа. Многу од нејзините фотографии со храна се фотографирани од птичја перспектива, а нејзините аранжмани со храна и способностите да ги меша боите се спектакуларни. Оттука произлегуваат нејзините 111 илјади следбеници на нејзиниот Инстаграм профил.rnrn
rn
5. @Ascia_akf
rnЕдна половина од дуото Ahmad & Ascia е кувајтска трендсетерка од Блискиот Исток. Нејзините Инстаграм фотографии укажуваат на една жена која не се срами од светлите бои и дезени. Таа често претставува скромни преголеми капути и широки панталони. Фотографиите главно се едноставни, оставајќи облеката и нејзината смисла за мода да зборуваат сами за себе.rnrn

rnrnОваа вирална фотографија била објавена во холандскиот весник „de Volkskrant“ во нивното специјално издание за храна.rnrnДвајцата артисти почнале да соработуваат на уметнички проекти во 2007, а нивниот прв заеднички филм ги испитува различни начини да се стопи
rnrn rnrn

Моќната комбинација од сила и баланс прикажана од страна на балерината, е повремено придружена од нејзината емоционална болка и плач од бол, бидејќи вложениот напор и физичката исцрпеност тежат врз нејзините пренапрегнати прсти. Перформансот на Сегара поттикнува емпатија кај публиката додека таа се напрега, тежнеејќи кон совршенство. Таа е истовремено, прекрасна и скршена. Според описот на креаторот на проектот, тој
rnrn
rnrnНајпрво да ги дефинираме и двата поими, за кои психолозите тврдат дека во комбинација се гаранција за неуспех. Што е перфекционизам, а што одолговлекување?rnrn
rnrn
rnrnПланирањето на обврските сè до најситен детаљ одзема време. Нè прави да се чувствуваме безбедно, како да имаме контрола над ситуацијата. До некаде тоа е добро бидејќи сте подготвени за она што доаѓа. Но, мора да постои момент кога ќе почнете да дејствувате. Претераното размислување и планирање ги уништува работите.rnrnЕве еден мал пример. Се подготвувате да учите со цел да го положите испитот. Но, не само да го положите, туку да извлечете најмногу што можете, па притисокот станува уште поголем. Вашиот план за учење е направен, материјалите се собрани, но имате „поважни“ обврски. Прво ќе си ја средите собата, ќе го разлистате омиленото списание, ќе видите што има ново на интернет за да бидете во тек со новостите, ќе излезете на пазарење за да не мислите што треба да купите додека учите… и на крај ви станува јасно дека оваа листа на „обврски“ нема крај. 
Таа потреба сè да биде совршено, постојано нè притиска и ни создава немир. Постојаната потрага по совршеното никогаш нема да нè остави вистински да уживаме, блазе на оној кој свикнал да е задоволен со постоечката состојба. Но, јас со тешко срце признавам дека сум дел од оние кои не можат да ги остават работите да поминат несовршени. Едно време мислев дека тоа ми е предност, но претпоставувам дека сфаќањето на оваа карактеристика како маана е првиот чекор кон опоравување.rnrnНо, почнувам да свикнувам на тоа дека 
rn
rn
rn
Често самите си наметнуваме обврски и правила кои нѐ гушат и ни ја цицаат енергијата. Не заборавајте дека вие управувате со сопствениот живот и со вашето време. Опуштете се со добра книга, но само ако уживате во тоа, во спротивно земете списание или едноставно не правете ништо. Не е страшно ако сте поминале некое време во безделничење – ритамот на животот си го диктирате самите. Пуштете музика, кренете ги нозете во вис, дозволете си чаша вино на пладне, искапете се во добра пенеста купка, разгалете се и опуштете се. Вие може да сте толку успешни, што би можеле со една наредба и планина да поместите, но пак ништо не сте направиле ако немате време со задоволство да уживате во вашето кафе и на раат да си читате Кафе пауза :)rnrn