КАФЕ ПАУЗА

Tag: перцепција

  • Како да го сопрете времето околу вас?

    Како да го сопрете времето околу вас?

    Барем еднаш сите сме се почувствувале како да немаме доволно часови во денот за да ги завршиме сите наши обврски, а уште помалку па и за да се одмориме. Барањата од работата и социјалниот живот, комбинирани со нашите потреби за сон, храна и вежбање можат толку многу да се насоберат што ќе направат да се чувствуваме како времето да ни бега и како постојано да сме во трчање.rnrnВремето можеби е ограничено, но не мора постојано да го чувствувате тоа на вашата кожа. Новите истражувања покажале дека ако ја промените вашата моментална свесност, вашиот моментален начин на кој гледате на светот – ќе можете и да го промените начинот на кој го перцепирате и доживувате времето, а за возврат ќе бидете многу посреќни и позадоволни од животот.rnrnКако да го сопрете времето околу вас?rnrnВо одредени моменти од вашиот живот, сигурно сте се почувствувале како времето да ви запрело. Можеби тоа било кога првпат сте се искачиле на врвот од некоја планина во Македонија или пак, кога сте сфатиле дека сте заљубени. Овие искуства најчесто се проследени со восхит, чувство кое произлегува од перцепцијата за неизмерноста (во однос на значајноста или големината на нештата) и потребата да го промените начинот на којшто во тој момент гледате на светот за да можете да се прилагодите на оваа нова ситуација.rnrnВо својата студија, истражувачите Мелани Руд, Кејтлин Вохс и Џенифер Ејкр испитувале дали чувството на восхит во комбинација со среќата би можело да го намали чувството на луѓето за притисокот на времето и истовремено да им влијае тие повеќе да сакаат да го „волонтираат“ своето време и да избираат искусување нешта пред материјални објекти, како и едноставно да уживаат повеќе во животот.rnrnЗа да ги истражат овие хипотези, истражувачите спровеле три експерименти. Резултатите кои тие ги добиле сугерирале дека за да се чувствуваме како да го имаме целото време на светот (дури и кога го немаме) треба да правиме нешто што ќе инспирираа восхит кај нас. Многу е лесно да се „заглавите“ во секојдневните рутини на животот и да  пропуштите потенцијално прекрасно искуство, кое можеби дури се наоѓа и пред вашиот нос. Понекогаш и самиот факт дека постоите може да биде доволен за да ве инспирира на тој начин.rnrnИстражувачите исто така забележале дека понекогаш е добро да се чувствувате како времето да ви е ограничено, за да можете да завршите со работните обврски на време. Но, од друга страна, со денешниот начин на живот може многу почесто да ви е потребно ова чувство на восхит, кое ќе ви помогне да го сопрете малку времето околу вас и едноставно да можете да уживате во сегашниот момент.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што сè знаат бебињата?

    Што сè знаат бебињата?

    Не постои некој кој може да му одолее на невиниот бебешки израз. Но, бебињата не се само слатки, туку и паметни. На научниците им беше потребно многу време да откријат што сè знаат бебињата. По долготрајни истражувања, ова се нивните заклучоци за бебешката перцепција.rnrnШто сè знаат бебињата?rnrnНа само десет месеци бебињата може да определат кој е главен во одредена ситуација. Експериментите биле правени на тој начин што на бебињата им биле покажувани помали и поголеми објекти кои биле во меѓусебна интеракција. Кога поголемиот објект бил отстранет од страна на помалиот, бебињата биле позаинтересирани за таквото случување, што значи дека биле изненадени од таквиот развој на настаните. Но, кога помалиот објект бил отстранет заради поголемиот, вниманието на бебињата траело пократко затоа што таквото случување било веќе очекувано.rnrnРезултатите од овие студии укажуваат на тоа дека бебињата ја разбираат хиерархијата уште од најрана возраст и ја согледуваат врската помеѓу „големината“ и „надлежностите“. Ова го потврдува фактот дека се раѓаме со основна социјална интелигенција, која ја надградуваме во текот на животот.rnrnШто сè знаат бебињата?rnrnПред да научи да каже „мама“ и „тато“, бебето знае да ги протолкува емоциите на кучињата. Една студија од 2009 година покажала дека бебињата стари шест месеци правилно ги толкуваат непријателското ржење и пријателското цвилење на кучињата. Според Рос Флом, професор по психологија на Универзитетот во Јута, емоциите и нивното толкување се една од првите работи кои бебињата ги развиваат по раѓањето.rnrnБебињата ги разбираат емоциите на оние кои им се блиски. Иако сè уште не зборуваат, тие многу добро чувствуваат кога некоја блиска личност е тажна. На пет месеци знаат да разликуваат весели од тажни мелодии, а на седум месеци можат да го идентификуваат тажниот тон во серијата весели песни во Седмата симфонија на Бетовен.rnrnШто сè знаат бебињата?rnrnКога сме веќе кај музиката, треба да се додаде дека бебињата се раѓаат со одлично чувство за играње на кое не можат да му одолеат. Не само што имаат слух за музика, туку можат и да ги координираат движењата во согласност со тактот на мелодијата. За да ги тестираат музичките способности на бебињата, психолозите им пуштиле класична музика каде што ритамот и говорот се примарна работа. Реакциите на бебињата биле снимени, а снимките биле анализирани од страна на балетски уметници.rnrnСе покажало дека бебињата мрдаат со рацете, нозете, телото и главата многу поинтензивно кога ќе им се пушти музика наместо разговор. Со ова се потврдува дека луѓето имаат вродена способност за танцување. Покрај тоа, бебињата разликуваат и весела од тажна музика. Кога ќе слушнат весела музика, тие почнуваат да играат, да плескаат и да се смеат, но кога ќе слушнат тажна музика, бебињата се сериозни и отсутни.rnrnШто сè знаат бебињата?rnrnНа возраст од шест месеци бебињата имаат чувство за добро и лошо. За време на истражувањето спроведено во Јеил, на бебињата им била пуштена снимка на која една кукла требала да се качи на некој рид. Прво, на куклата ѝ помогнале уште неколку други кукли, а потоа друга кукла ја туркала и ѝ го отежнувала качувањето на првата кукла. Снимките биле пуштени неколку пати, по што на бебињата им биле донесени добрите и лошите кукли. Ниедно бебе не посегнало по лошата кукла, туку сите сакале да си играат со добрите кукли.rnrnШто сè знаат бебињата?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фотографии кои ја предизвикуваат вашата перцепција за реалноста

    Фотографии кои ја предизвикуваат вашата перцепција за реалноста

    Доколку сте сигурни во она што го гледате на фотографиите на германскиот фотограф Мартин Валдбауер, тогаш подобро погледнете уште еднаш. Ништо не е како што изгледа во овие дигитално манипулирани фотографии и фотомонтажи. Валдбауер успева да им наметне на луѓето кои ќе ги погледнат неговите дела, перцепција за реалноста која малку нема логика.Фотографии кои ја предизвикуваат вашата перцепција за реалностаТој во неговата биографија има наведено дека фотографира од љубов и дека неговите дела се аматерски. Меѓутоа мора да се согласиме дека овие фотографии се далеку од аматерски. Креативноста во неговите креации е навистина освежувачка. Во нив постои некаква игрива конфузија, која го тера гледачот да се запраша за веродостојноста на прикажаното.Фотографии кои ја предизвикуваат вашата перцепција за реалностаФотографии кои ја предизвикуваат вашата перцепција за реалностаФотографии кои ја предизвикуваат вашата перцепција за реалностаФотографии кои ја предизвикуваат вашата перцепција за реалностаФотографии кои ја предизвикуваат вашата перцепција за реалностаФотографии кои ја предизвикуваат вашата перцепција за реалностаrnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Надреални цртежи кои нудат двојна перспектива

    Надреални цртежи кои нудат двојна перспектива

    Инспириран од натприродната уметност на Дали и Рене Магрит, романскиот сликар Михаи Кристе ја проширил оваа невообичаено експресивна артистичка форма во неговите илузионистички слики. Тој располага со обилно портфолио, богато со имагинативни уметнички дела, кои ги прикажуваат неговите вешти способности за креирање надреално и двојно значење на елементите во нив. rnrnНадреални цртежи кои нудат двојна перспективаrnrnСекоја слика нуди двојна перспектива, а зависи од самиот набљудувач што од сликата ќе воочи прво, а што ќе смета за вешто осмислена оптичка илузија од страна на уметникот. За восхит е способноста на Михаи да гледа толку неограничено на светот. За почит е и неговиот талент за соединување на природата со неживите предмети.rnrnНадреални цртежи кои нудат двојна перспективаНадреални цртежи кои нудат двојна перспективаНадреални цртежи кои нудат двојна перспективаНадреални цртежи кои нудат двојна перспективаНадреални цртежи кои нудат двојна перспективаНадреални цртежи кои нудат двојна перспективаНадреални цртежи кои нудат двојна перспективаНадреални цртежи кои нудат двојна перспективаНадреални цртежи кои нудат двојна перспективаНадреални цртежи кои нудат двојна перспективаНадреални цртежи кои нудат двојна перспективаНадреални цртежи кои нудат двојна перспективаНадреални цртежи кои нудат двојна перспективаНадреални цртежи кои нудат двојна перспективаНадреални цртежи кои нудат двојна перспектива
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.