Начинот на кој луѓето во околината ве перципираат честопати се разликува од она што навистина сте. Ако сакате да откриете каков впечаток оставате врз другите луѓе и што се крие зад вашата „фасада“, решете го овој тест.rnrn
rnrnЗамислете ја следнава ситуација: саксијата со цвеќе што ја чувавте на оградата паѓа долу. Трчате по скалите за да ја процените штетата. Што гледате?rnrn1. Растението лежи на земја, во недопрената саксија.rnrn2. Саксијата се скршила, но растението го преживеало падот.rnrn3. И саксијата и растението се целосно уништени.rnrn4. На некој необјаснив начин, и растението и саксијата исчезнале без трага.rnrnТајниот живот на растението одговара на скриената, добро заштитена страна на вашата личност. Во продолжение прочитајте што открива одговорот што го избравте.rnrn1. Ниту растението, ниту саксијата не се уништени – вие постапувате одлучно и сигурно и секогаш останувате ладнокрвни при неволја. Но, под таа цврста фасада се крие личност која повеќе се грижи да ја одржува таквата претстава за себе, отколку тие особини вистински да ги оствари во животот.rnrn2. Саксијата се скршила, но растението го преживеало падот – на другите им изгледате сталожено и мирно, но вистината е дека не сакате да покажете што чувствувате. Овие потиснати чувства растат во вас од ден на ден и ниту една „саксија“ не може вечно да ги задржи во себе.rnrn3. И саксијата и растението се целосно уништени – изгледате смирено и повлечено, но тој роден набљудувач во вас едноставно копнее за можност да заблеска и да се најде во центарот на вниманието. Вие само чекате шанса да ја пробиете школката во која сами сте се скриле.rnrn4. Саксијата и растението необјасниво исчезнаа– ви оди од рака да го забавувате друштвото и да ги засмејувате сите околу вас, па затоа ве сметаат за незаменливи на забавите, но и надвор од нив. Но, под таа надворешност се крие вашето сериозно, дури и срамежливо лице што не сакате да им го покажете на другите.rnrn[message_box title=”Изберете ја сликата што ве привлекува и откријте што ви е потребно за мир и среќа.” color=”yellow”]
[/message_box]
Tag: перцепција
-

Психотест за справување со грижите: Дознајте како ве гледаат другите
-

Тест: Тоа што прво ќе го забележите на сликата открива како го гледате светот околу вас
Без разлика колку заеднички работи имате со вашите пријатели, родители или партнери, сите го гледаат светот од друга перспектива. За да го направите овој тест на личноста ќе ви бидат потребни само неколку секунди, но ќе добиете многу одговори. Погледнете ја сликата и обрнете внимание на тоа што ќе го видите прво.rnrn
rn1. Мачка
rnАко гледате мачка, вие сте личност која го гледа светот како нешто што треба да се освои. Секој ден сте полни со енергија и со волја. Вие не сте личност што чека некој друг да го направи првиот чекор – попрво би се фрлиле на глава, дури и ако не застанете на нозе.rnrnВашата желба за живот е прекрасна, но не може сè да се реши со уривање. Не плашете се да ги преиспитате ситуациите и да видите дали постои поинаков начин да го решите тоа што сакате.rn
2. Пеперутка
rnАко гледате пеперутка, тоа значи дека го гледате светот како место предводено од невидливи сили. Вие верувате во натприродното и во судбината и верувате дека без оглед на тоа што ќе кажете или што ќе направите, работите ќе се одвиваат точно онака како што треба. Мислите дека не можете да ги контролирате работите и тоа не ви пречи. Не плашете се да ги остварите вашите соништа, дури и ако мислите дека тие не треба да се остварат.rn
3. Јога
rnАко гледале личност што вежба јога, вие сте личност што се гледа себеси како центар на универзумот. Вие не сте себични или арогантни, но не гледате многу подалеку од вашето мало место во универзумот. Вие се грижите за проблемите само ако тие им пречат на вашата среќа, на вашата удобност или на вашиот успех. Во универзумот постојат многу луѓе, вие не сте единствени. Побарајте врски со другите луѓе надвор од вашето мало царство и можеби ќе откриете дека сте способни за многу работи за коишто никогаш не сте помислиле дека би можеле да ги постигнете.rnrn[message_box title=”Изберете љубовен симбол и дознајте ја вашата љубовна судбина” color=”yellow”]
[/message_box] -

Проверете ја вашата моќ на перцепција и пронајдете ги скриените животни на сликата
Ако сте експерт во забележување ситници, ако тестовите на Интернет ги решавате за неколку минути и ако сте вистински професионалец во играта „скриен предмет“, проверете дали ќе успеете да ги забележите скриените животни во оваа оптичка илузија, креирана од Алан Шерин.rnrn
rnrnНа илустрацијата се скриени четири животни. Колку забележавте на прво погледнување? Успеавте ли да ги пронајдете сите?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Кликнете тука ако сакате да го откриете одговорот” active=”false”]Четирите животни се лисица, лилјак, антилопа и фламинго и освен фламингото, кое е во долниот лев агол, сите останати се наоѓаат на карпата десно.rnrn
rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnПогледнете ја оваа луда оптичка илузија од која ќе останете без зборови. -

Овој проект е доказ дека насмевката може да влијае на начинот на кој ги доживувате луѓето
Уште во декември, 2013 година, фотографот Џеј Вајнстајн тргнал на пат во северозападниот дел на Индија. Додека фотографирал пејзажи во близина на една железничка станица, забележал личност која сакал да ја фотографира, но се двоумел дали да го стори тоа.rnrn
rn„Неговите очи, како и неговиот леден поглед ме заплашуваа“, вели Вајнстајн. „Токму тој момент на двоумење секогаш ја убива добрата фотографија. Некако се решив да го избегнам и додека фотографирав други субјекти, одеднаш го слушнав неговиот весел глас велејќи ми ‘Направи фотографија и од мене!’. Тоа и го сторив, но нешто се промени. Во истиот момент кога побарав од него да се насмее за камерата, човекот целосно се трансформираше. Неговото лице почна да зрачи со топлина, а во очите му светкаше хумор. Дури и држењето на неговото тело омекна.“
rnТокму овој настан го инспирираше новиот проект на фотографот, наречен „ So I Asked Them To Smile“. Целта е да се покажат фотографии од луѓе пред и откако биле замолени да се насмеат. Резултатите покажуваат дека гледањето луѓе на чие лице е испишана среќа, може целосно да ја смени вашата перцепција за нив.rnrnКако што тој патува низ Индија, неговото родно место, Вајнстајн постојано е во потрага по луѓе за неговиот проект. Но, тоа не е секогаш лесно. Постојат денови кога му е навистина тешко да им пристапи на луѓето, бидејќи тој самиот е интроверт. За него е голем предизвик секој контакт со непознати лица, без разлика од каде се.rn
„Мојата природа е причината поради која секоја фотографија е резултат од неколку настани кои се случуваат одеднаш – лице кое ме инспирира, силата да се соочам со мојот страв и добрината на луѓето кои се согласуваат да бидат фотографирани.“
rnОвој проект јасно ни покажува што може да се постигне со зборовите „Насмеј се!“ Погледнете…rnrn
-

3 едноставни начини да останете ведри и за време на „дождливите денови“
Животот е како времето – малку сонце, малку дожд. Луѓето поминуваат низ тешки и непријатни ситуации дома, на работа, а некогаш може и еден обичен дождлив ден да ви го расипе расположението. Дали ви се случува да се чувствувате несреќни и фрустрирани кога надвор врне? Може ли времето да влијае на вашето расположение и тоа да го диктира вашето однесување кон себеси и кон околината? Што можете да направите во тие мигови? Ви нудиме 3 едноставни совети кои можат да ја покренат вашата среќа и нивото на енергија, не само во дождливите денови, туку секогаш кога работите не одат онака како што посакувате. Тогаш, кога ќе почувствувате дека емоциите почнуваат да се мешаат, а вашите очи се полнат со солзи.rnrn
rn1. Сменете ја перцепцијата
rn
„Ако го смените начинот на којшто гледате на нештата, нештата во кои гледате ќе се сменат.“ – д-р Вејн Дајер
rnМожете да изберете да ја смените перцепцијата и да го гледате дождот како благослов за убавото зеленило во природата. Дождот е суштински елемент за одржувањето на животот и за растот во природата. Но, тој исто така е добар и за нашата коса, па затоа нема ништо лошо да направите една незаборавна прошетка, со или без чадор. Излезете слободни на дождот и дишете од чистиот воздух што го носи со себе. Не дозволувајте му да ве затвори, затоа што природата и надворешниот свет не живеат само кога има сонце.rnrnДождот значи живот исто колку и сонцето. Животот е полн со падови и искачувања. Исто како и дождливите и сончевите денови. Кога имате денови кои не течат онака како што сакате вие, сетете се на дождот и сменете ја перцепцијата на којашто ги гледате работите. Побарајте ја позитивната страна во секоја ситуација што ви ја носи денот и одете напред, затоа што секогаш после дождот доаѓа сонце.rn
2. Согледајте ги можностите
rn
„Секоја катастрофа, секоја грешка, секоја душевна болка со себе носи еднаква или поголема добивка.“ – Наполеон Хил
rnПриродата ни дава прекрасен пример којшто можеме да го примениме и врз нашите животи. Доколку таа има потреба од дождливи денови, во кои зема малку здив и се подготвува за топлите сончеви зраци, зошто тоа да не го практикувате и во себе? Едноставно учете од природата.rnrnКога ќе почувствувате одреден мрак и тежина во вашата душа, како сивилото што некогаш се распостила на небото, посветете си време само за вас. Земете здив, одморете, искористете ги тие мигови за нештата кои ве исполнуваат. Слушајте добра музика, дишете длабоко, медитирајте. Секогаш има безброј можности да ја пронајдете светлината во вас, без оглед дали дождот лие надвор или само во вашата душа.rn
3. Верувајте! И оваа ситуација ќе помине
rn
„Не можете да ја смирите бурата, затоа престанете залудно да се обидувате. Можете да се смирите себеси. Бурата ќе помине.“ – Тимбер Хокиј
rnПосле дождот изгрева сонце, секогаш. Така е во природата, така е и во нашите животи. Како што ноќта ја заменува светлината на денот, така и мрачните и тмурни чувства не траат вечно. Ниту една ситуација во животот не е вечна, нештата си течат и полека се менуваат. Останете смирени, цврсти и продолжете напред. Планирајте што ќе правите утре или задутре, кога дождот ќе запре, а на вашата кожа ќе ги почувствувате топлите сончеви зраци.rnrnКога сонцето ќе изгрее и ќе го осветли небото над вас, тие мигови особено ќе ги почитувате. Можеби затоа и се појавуваат дождливите и тмурни денови, за да научиме да бидеме благодарни и да го бараме сонцето, како надвор, така и во нас самите.
-

Кои се најчестите неоправдани причини поради кои му се лутиме на нашиот партнер?
Уште пред 2.000 години, римскиот император Марко Аврелиј рекол: „Доколку сте вознемирени поради некој надворешен фактор, болката не е резултат на самиот тој фактор, туку на вашата проценка на истиот, која имате моќ да ја промените во секој момент“.rnrnИли со други зборови: Се чувствувате онака како што мислите. Вашите верувања, очекувања и мисли во врска со нешто доведуваат до чувствата што ги имате. Токму затоа две различни личности реагираат на сосема различен начин кога ќе се најдат во иста ситуација. Доколку заглавите во сообраќај, или ќе се нервирате и ќе викате, или ќе се опуштите, ќе си пуштите музика и ќе грицнете нешто. Не е сообраќајот она што ве вознемирува, туку вашите верувања и мисли за него.rnrn
rnrnОва важи за сите нешта во животот. Верувале или не, можете да почувствувате болка и вознемиреност, без да се налутите и нервирате. Ние сме несреќни само поради нашата перцепција и очекувања. Кога доживуваме некои негативни емоции, сакаме веднаш да се ослободиме од нив и наместо да се соочиме, ги насочуваме кон некоја друга личност или на повеќе луѓе кои нѐ опкружуваат.rnrnПочнуваме да ги обвинуваме надворешните нешта и луѓе, наместо да погледнеме што се случува во нас самите. Кога станува збор за љубовни врски, најлесно е да се обвини личноста со којашто сме, односно нашиот партнер. Ова се двете најчести причини поради кои неоправдано му се лутите на вашиот партнер…rnСте имале нереалистични очекувања
rnМногу е важно да имате високи стандарди, но ниски очекувања. За повеќето луѓе важи обратното. Имаат ниски стандарди и прифаќаат секакво можно токсично однесување од останатите, но истовремено имаат и неверојатно високи очекувања, па се чувствуваат разочарани кога тие нема да бидат исполнети.rnrnДоколку некогаш сте разочарани или фрустрирани, тоа значи дека вашите очекувања веројатно биле многу високи во одредена ситуација. Можеби сте очекувале некаков посебен подарок за вашиот роденден или сте очекувале вашиот сакан да ви ги прочита мислите и да знае дека треба да ви помогне околу домашните обврски. Треба да имате високи стандарди, но не и да очекувате од вашиот партнер да ги исполни 100% од времето.rnrn
rnВерувате дека вашата гледна точка е единствената гледна точка
rnЛуѓето имаат тенденција да мислат дека секогаш се во право и дека ги знаат вистинските факти. Но, постојат различни начини на кои може да се гледа одредена ситуација. Ако 5 луѓе се сведоци на сообраќајна несреќа од 5 различни гледни точки, веројатноста е дека ќе дадат различни изјави за она што „навистина“ се случило и кој бил виновен. Ниту еден од нив нема да биде 100% во право. Се работи само за нивната лична перцепција на она што се случило.rnrnКога сме во врска, ние постојано го правиме ова. Но, ако ја отфрлате гледната точка на вашиот партнер само затоа што се разликува од вашата, тоа неизбежно ќе доведе до караници и конфликти.rn
Преземете одговорност за вашите сопствени очекувања и перцепција
rnПред да му се истурите на партнерот, направете анализа на она што го размислувате и зошто го размислувате. Запрашајте се: „Кој вели дека ова е вистина?“ или „Што друго би можело да биде вистина?“.rnrnНареден пак кога ќе се скарате или ќе се почувствувате фрустрација поради вашиот сакан, земете воздух, застанете и поставете си ги тие прашања. Ако сакате да го промените начинот на кој се чувствувате, прво мора да го промените начинот на кој размислувате.
-

Едноставен карактерен тест кој ќе ја открие вашата перцепција за животот
Овој едноставен психолошки тест ќе ви даде детален приказ на вашата интуиција и ќе ви помогне да ја откриете својата скриена внатрешна страна. Со неговото решавање ќе можете подобро да ја разберете својата перцепција за животот и своите лични вредности. Единственото правило е да ги одговорите прашањата најбрзо и најискрено што можете.rnrn
rnrn1. Замислете се на еден пат. Опишете го. (Дали е земјен, зафатен автопат или нешто друго?)rnrn2. Каде моментално се наоѓа сонцето? (Дали замислувате ден или ноќ?)rnrn3. Продолжувате да одите по патот и стигнувате до една ограда. Како изгледа? Од што е направена? (Дрво, камен, метал…)rnrn4. Како преминувате преку неа?rnrn5. Како што продолжувате да одите, стигнувате до една шума. Опишете ја. Дали е светла или темна? Дали има мешани или зимзелени дрвја?rnrn6. Низ шумата има пат. Чекорите по патот и на земјата гледате клуч. Како изгледа клучот? Што правите со него? Дали го земате или го оставате на земјата, или можеби го обесувате на една од гранките на дрвата?rnrn7. Продолжувате по патот и се приближувате до некоја форма на водна површина. Како изгледа? Што правите со неа? Дали пливате во неа, или седнувате во нејзина близина?rnrn8. Откако ќе ја поминете водната површина, ја гледате куќата од вашите соништа. Мажот/жената од вашите соништа ве поканува да останете засекогаш таму, со него/неа. Што одлучувате?rnrn9. Директно зад куќата има пат. Како изгледа? Дали повторно наидувате на пречка? Каква пречка е тоа? Дали е тоа истата пречка којашто ја видовте на почетокот, или не?rnrn10. Каде се наоѓа сонцето?rnrn
rnrnТестот има едноставна интерпретација.rnrnПатот го претставува вашето однесување кон околината. Доколку патот што го замисливте е автопат со многу автомобили, тогаш вие сте активна, зафатена личност која оптимално го искористува и своето работно и своето слободно време. Ако е земјен пат, тогаш живеете тивок, одмерен живот. Се обидувате да ги контролирате настаните, наместо да им дозволите да се одвиваат по природниот тек. Патот со мали дупчиња и камчиња претставува нешто незначајно што постојано ви пречи.rnrnСонцето ги претставува вашите планови, идеи и цели. Изгрејсонцето значи дека сте на патот кон целта. Ако сонцето е директно над вас, тогаш се обидувате да ги остварите своите планови. Зајдисонцето значи дека веќе сте оствариле дел од своите цели.rnrnОградата симболизира пречка. Колку што е повисока, толку повеќе имате тенденција да ги преувеличувате вашите неуспеси.rnrnНачинот на кој поминувате преку неа покажува како преминувате преку пречките во животот. Ако се качувате преку оградата, одите околу неа или се обидувате да најдете врата или отвор, тогаш сте флексибилни во решавањето на проблемите и се обидувате да ги решите тогаш кога ќе се случат, што побрзо и што поефикасно. Доколку се удирате во ограда, тогаш вие сте директна личност која сака да прави брзи одлуки.rnrnШумата го претставува вашиот внатрешен свет. Изборот помеѓу светла и темна шума може да покажува како го перципирате животот – во позитивно или во негативно светло. Мешана шума значи дека сте интересна индивидуа која секогаш сака да научи нешто ново. Зимзелена шума може да покажува дека имате рационален ум – дека сте доверлива личност која знае што сака во животот.rnrnКлучот ја претставува вашата среќа. Колку што е помал, толку ви е поважен односот со вашите сакани, вашата среќа, и духовната состојба. Поголемите клучеви значат дека материјалните работи се висок приоритет во вашиот живот. Колку што е поубав клучот, толку повеќе внимание обрнувате на естетиката во животот. Изборот дали ќе го понесете клучот со себе или ќе го оставите на земја или ќе го обесите на некоја гранка ги претставува луѓето кои успеваат или не успеваат да ги забележат добрите шанси околу нив.rnrnВодата ги претставува вашите чувства и ја симболизира личноста која ја сакате. Колку што е подлабока, толку се посилни вашите чувства за саканата личност. Доколку е мирно езеро, тогаш вие и вашиот партнер сте луѓе со еднаков темперамент. Ако е брза река или водопад тогаш вие сте страсна индивидуа и сакате повеќе внимание од саканите. Седењето блиску до водата значи дека сакате да бидете во близина на вашиот партнер. Допирањето на водата или пливањето значи дека барате внимание од него/неа.rnrnКуќата и мажот или жената од соништата ја покажуваат вашата тенденција за преземање ризик и коцкањето. Овие симболи се поврзуваат и со тоа колку добро давате отпор на искушенијата.rnrnПатот зад куќата го симболизира вашиот иден живот. Доколку пречката е сѐ уште присутна, тоа значи дека не учите од минатите искуства.rnrnСонцето може да ви каже дали вашите планови ќе бидат успешни. -

Како да бидете расположени и среќни без особена причина?
Дали можете да бидете среќни од чиста мира? Среќни затоа што дишете, затоа што живеете, расположени затоа што сте се разбудиле или затоа што токму во моментов го пиете вашето утринско кафе?rnrnГолем број луѓе ја врзуваат среќата со некаква посебна форма. Нешто треба да биде некако за да бидеме среќни. Или ние мораме да бидеме некакви, поспособни, поубави, послаби, попаметни, покомуникативни, попродуктивно, или средината околу нас мора да биде некаква… И секогаш среќата ја бараме токму таму некаде. Колку пати самите сте си кажале: „Уште ова да се смени и тогаш ќе можам да бидам среќен/среќна“? Но, и кога тоа ќе се оствари, многу брзо се појавува нешто ново кое сакаме да го направиме и кое мислиме дека ќе нè исполни. И така ни поминува целиот живот. А каде е радоста? Каде е чувството на задоволство? Каде да ја бараме смислата?rnrn
rnrnМожеби токму таму каде најмалку сте очекувале. Токму пред вашиот нос. Всушност не ви е ни пред нос, туку уште поблиску. Во вас самите.rnrnСè она што се наоѓа надвор од нас е потполно неутрално и само по себе не е никаков извор на среќа и радост. Но, оние кои го доживуваат тоа што го имаат во себе, можат да му дадат значење и на тоа „нешто“ надвор од нив. Тоа значи дека животот се одвива од внатрешноста спрема надворешноста. Со тоа што ние ги забележуваме сите нешта што нè опкружуваат и им даваме значење, ние ја креираме стварноста. Нашата радост, тага, среќа и несреќа.rnrnОна што го дефинираме како „добро“, нè прави среќни, а она што го дефинираме како „лошо“ – несреќни. Меѓутоа ништо не е само по себе добро или лошо. Сè зависи од нашиот поглед кон работите.rnrnСигурно се сеќавате кога некоја „лоша“ ситуација ве направила несреќни, а по некое време сте станале благодарни поради искуството и сте биле среќни што се случило тоа. И тоа повторно ни докажува дека сè зависи од нашата перцепција.rnrn
rnrnДали можете да поверувате дека сè е совршено токму онакво какво што е? Ако нешто сметате за „добро“, веќе сте среќни поради тоа. Ако е „лошо“, знајте дека тоа е до вашата моментална перцепција. Кога ќе го промените вашето гледиште и начинот на размислување и доживување на нештата, ќе видите како се менува и вашето внатрешно чувство. Кога ги менуваме нашите внатрешни гледишта, растеме и созреваме. Учиме да стекнеме нов поглед кон светот и животот и така расте нашата свест. Така стануваме послободни и порадосни. Во тој момент и некоја „лоша“ ситуација може да стане инспиративна и да го поттикне нашиот личен развој.rnrnКога ќе сфатите дека не постојат „добри“ и „лоши“ ситуации, туку дека станува збор за вашето моментално доживување на работите кој може да се промени, ќе станете слободни.rnrnЗадоволството лежи во самото животно патување. Ништо не е константно. Сè е минливо и ништо нема да можете да задржите засекогаш. Ако се врзете за некоја форма на среќа, таа кога – тогаш ќе исчезне. Суштината е да си играте со нејзината форма, а не да се врзувате за неа. Треба длабоко да се поврзете со самиот извор на живот, со самата есенција на вашето постоење. Треба длабоко да се поврзете со она што самото по себе нема форма, а може да се манифестира во сите форми.rnrn
rnrnСамата суштина на патувањето низ животот е да ги доживувате сите тие форми и да го развивате духот низ нив. Дали би биле посреќни кога би добиле на лото или кога некој би ви дал чаша свежа вода кога сте навистина жедни?rnrnОд прва, повеќето би одговориле дека би биле посреќни кога би добиле на лото, затоа што вода имаат и онака. Меѓутоа ако добиете на лото, а никогаш повеќе не би можеле да се напиете вода, што би било поважно? Многу работи ги земаме здраво за готово и сонуваме за други „големи“ нешта кои во реалноста не се навистина толку многу важни.rnrnПогледнете околу себе! Постојат толку многу прекрасни нешта поради кои можете да бидете радосни, среќни и расположени во секој момент од вашиот живот. Сменете го вашиот поглед кон работите и манипулирајте со формата на вашата среќа. Веднаш ќе пронајдете милион причини поради кои би можеле да бидете среќни и ќе почнете да го извлекувате позитивното од секоја лоша ситуација. -

Дали можете да го надмудрите овој тежок тест?
Оптичките илузии се добро познати феномени во науката. Токму затоа и ќе ја искористиме оваа шанса за да ве тестираме со цел да откриеме колку е искривена вашата перцепција на светот. Епа ајде, дали можете да го надмудрите овој тест или пак, ќе паднете под влијание на оптичките илузии?rn
1. Дали оваа слика се движи?
rn
rnrnа) Даrnrnб) Неrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Точен одговор:” active=”false”]б)[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn2. А дали оваа слика се движи?
rn
rnrnа) Даrnrnб) Неrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Точен одговор:” active=”false”]б)[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn3. Кој круг најбрзо се движи на оваа слика?
rn
rnrnа) Во горниот десен аголrnrnб) Сите се движат со иста брзинаrnrnв) Ништо не се движи на оваа сликаrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Точен одговор:” active=”false”]в)[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn4. Дали коцките со точките имаат иста боја?
rn
rnrnа) Даrnrnб) Не, едното е бело, а другото сивоrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Точен одговор:” active=”false”]а)[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn5. Кој круг е поголем?
rn
rnrnа) Во горниот десен аголrnrnб) Во долниот лев аголrnrnв) Тие имаат иста големинаrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Точен одговор:” active=”false”]в)[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn6. Дали овие линии се паралелни?
rn
rnrnа) Не, не сеrnrnб) Изгледаат како да се паралелниrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Точен одговор:” active=”false”]б)[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn7. Колку црни точки има на оваа слика?
rn
rnrnа) Ниту една, сите се белиrnrnб) Сите се црниrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Точен одговор:” active=”false”]а)[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn8. Што гледате на оваа слика?
rn
rnrnа) Круговиrnrnб) Спиралаrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Точен одговор:” active=”false”]а)[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn9. Во кој дел од линијата има посветла боја?
rn
rnrnа) Од десноrnrnб) Од левоrnrnв) Нејзината боја е истаrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Точен одговор:” active=”false”]в)[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn10. Каде се наоѓаат овие луѓе?
rn
rnrnа) Во базенrnrnб) Лежат на асфалтrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Точен одговор:” active=”false”]б)[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnПа, колку точни одговорите имавте? Споделете со нас во коментарите подолу… -

Елиминирањето на овие 2 збора од вашиот речник ќе ве направи поуспешни
Начинот на кој зборуваме го оформува нашето однесување и има огромен ефект врз тоа како луѓето нè перципираат. Промената на еден збор со друг може да направи голема разлика во начинот на кој им се приближуваме на нашите животни цели и аспирации. Ваквиот став го изнесува Бернард Рот, професор по инженерство на Унивезритетот Станфорд и академски директор на Институтот за дизајн „Хасо Платнер“, кој во својата нова книга „Навиката на достигнувањето“ предложува неколку лингвистички трикови кои гарантираат поуспешна иднина.rnrn
rn1. Заменете го „но“ со „и“
rnМожете да кажете: „Сакам да одам на кино, но имам работа“.rnrnНаместо тоа, професорот Рот предложува да кажете: „Сакам да одам на кино и имам работа“.rn
„Кога го користите зборот „но“, вие само си создавате конфликт и понекогаш причина која што често не постои. Со други зборови, можете и да одите на кино и да ги завршите работните обврски. Само треба да најдете решение“, вели професорот.
rn
„Од друга страна, со користењето на зборчето „и“, вашиот мозок одлучува како ќе се справи со двата дела од реченицата“, пишува проф. Рот.
rnМожеби решението е да погледнете пократок филм и правилно да ја селектирате работата.rn
2. Заменете го „морам“ со „сакам“
rnПрофесорот Рот препорачува една едноставна вежба: Наредниот пат кога во своите мисли ќе си речете „морам“, заменете го тој збор со „сакам“.rn
„Оваа вежба е многу ефективна и им помага на луѓето да разберат што е она што навистина сакаат да го прават во својот живот. Дури и оние работи кои се непријатни се всушност нешто што тие самите би го избрале“, објаснува тој.
rnНа пример, еден од студентите на Рот сметал дека му е потребно да зема часови по математика за успешно да ја совлада материјата од неговата избрана студиска програма, иако не сакал да го направи тоа. Во еден момент, откако ги завршил часовите, сфатил дека не само што му требале туку и дека потсвесно сакал да присуствува на нив, бидејќи користа од завршувањето на студиските задачи била поголема од неудобноста која ја чувствувал додека седел на часовите во кои не уживал.rnrnОвие трикови се базираат врз една клучна компонента во стратегиите за решавање на проблемите, наречена „размислување по дизајн“. Кога ја применувате оваа стратегија вие всушност се обидувате да го предизвикате своето автоматско мислење и да ги гледате работите онакви какви што навистина се. А, кога експериментирате со поинакви ставови, ќе заклучите дека проблемот не е толку нерешлив како што изгледа и дека имате многу поголема контрола врз својот живот отколку што мислите.





