Гостински пост: М-р А. Митов dr.medrnrnПоследниве денови светот слушна за 4 метил имидазол, супстанцијата заради која Кока-кола и Пепси објавија дека ќе ја променат формулата на производство.
Сепак, научниците се запознаени со оваа супстанција малку поодамна:rn
- rn011
- Во 1956 година е докажано дека животните изложени на високи дози 4 метил имидазол добиваат конвулзивни напади, немир, пенење од устата и парализа.
- Во 1969, 1986 и 1987 други научни студии ја покажале истата конвулзивна активност на 4 метил имидазолот со генерализирани грчеви на телото.
- Во 1993 исти ефекти биле утврдени и кај кози и глувци. Со тоа невролошките несакани ефекти на 4 метил имидазолот биле потврдени кај поголем број животински видови.
- Во 2006 година било испитувано евентуалното мутагено дејство на супстанцијата кај бактериски видови и експериментите дале негативни резултати.
- Во 2008, Националната програма за токсикологија во САД објави резултати според кои јасно се покажало дека 4 метил имидазол предизвикува рак кај глувци и стаорци.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnНе очекувајте слични студии кои ќе покажат канцерогеност на 4 метил имидазол кај луѓе од една едноставна причина: никој не би дозволил таков експеримент со потенцијално канцерогена супстанција бидејќи таквата студија би била неетичка.rnrnЗошто воопшто се користи таа супстанција? 4 метил имидазолот всушност ја дава „бојата на карамела“ на Кока-кола, Пепси и други производи. Нема никаква нутритивна или презервативна вредност и се додава исклучиво заради козметички причини. Во почетокот на ‘90-тите, Пепси и Кока-кола создале безбојни „диетални“ верзии на своите производи, бистри и проѕирни како вода, но со ист вкус како и нивните вообичаени пијалаци. Таквите производи веројатно не се продавале добро („вода“ со вкус на Кока-кола или Пепси), па набргу се напуштени. Значи, тие пијалаци може да се произведат и без оваа боја, а со потполно ист вкус.rnrnКога се во прашање токсични супстанции веројатно ќе помислите која е дозволената дневна доза која не би имала никакви ефекти. Меѓутоа, ова правило не важи за канцерогените супстанции – за нив практично нема дозволен праг или теоретски се поставуваат извонредно ниски дози како максимално дозволени дневни дози со цел да се заштити популацијата. Дозволената дневна доза за 4 метил имидазол, според државата Калифорнија, само во една лименка од Кока-кола или Пепси е надмината за 5 пати!rnrnСепак, државата Калифорнија не ја забранува употребата на 4 метил имидазолот, туку ги обврзува производителите да стават јасна налепница на амбалажата која вели: „Производот може да предизвика рак“. Кока-кола и Пепси за да ја избегнат оваа обврска ќе ја сменат формулата, но само во Калифорнија! Компаниите планираат истата промена да ја направат и во останатите држави од САД за неколку години, но не и во Европа. Можеме да претпоставиме што ќе се случи со пијалаците произведени во Македонија.rnrnПостојат многу начини на кои индустријата се обидува да ја релативизира целата ситуација.rnrnПрво, тврдат дека не е точно дека 4 метил имидазолот е канцероген. Сепак, ако тоа не беше така, замислете какви тужби ќе беа покренати во САД против оние кои ги „клеветат“ нивните производи за наводно предизвикување рак! Ако не е точно, едноставно зошто не ги тужат?rnrnВторо, се обидуваат да направат забуна околу самата супстанција, па наместо со цело име 4 метил имидазол, ја нарекуваат „4 МЕИ“, „карамела“ или „карамелно обојување“. Да, 4 метил имидазолот е боја и се користи за да се добие изглед на карамела, но тој нема никаква врска со природната карамела. 4 метил имидазолот не е природна супстанција и не се добива во природата. 4 метил имидазолот не е карамела. 4 метил имидазолот е боја.rnrnТрето, велат дека супстанцијата не ја употребуваат само тие и дека ја има и во други прехранбени производи. Манипулацијата овде е јасна: „еве, насекаде го има 4 метил имидазолот, сите го користат, па ништо не е страшно“. Точно е дека го има и во други храни, вештачки додаден. Затоа би требало, не само на Кока-кола и Пепси да пишува „Содржи супстанција која предизвикува рак!“. Таа налепница треба да стои на сите такви производи, или уште подобро, употребата на 4 метил имидазолот треба да се забрани целосно во храната, а не да се тешиме со тоа дека многу го има. И други штетни супстанции се присутни насекаде и многу луѓе ги користат, но тоа не ги прави помалку опасни. Таквите супстанции со право се забрануваат.rnrnКако лекар, не можам да го опишам мојот првичен шок кога дознав какви сè супстанции се користат во процесите на производство на храна, супстанции за кои е повеќе од јасно дека предизвикуваат болести и дека се смртоносни. Кај споменативе пијалаци 4 метил имидазолот е само еден дел од приказната. Можеби многу поопасен е фактот дека во една чаша Кока-кола има 10 лажички шеќер. Или пак, фактот дека овие пијалаци изобилуваат со фосфати и дека предизвикуваат остеопороза и ослабување на коските. Впрочем листата на потенцијално опасни супстанции во тие пијалаци е долга: аспартам, содиум бензоат, БПА… Нема една здравствена (или здраворазумна) причина која би оправдала консумација на таков пијалак.rnrnСекој од нас е одговорен за личното здравје. Можеби некој очекува дека сопствениците на огромните компании или законодавците ќе се грижат повеќе за неговото здравје и здравјето на неговите деца отколку тој самиот. Јас не. Не очекувам дека некој ќе признае дека неговите пијалаци предизвикуваат рак. Светов е таков каков што е, и единствено ни преостанува самите да се заштитиме сè додека не дојдат некои подобри времиња и не завладее етиката во бизнисот. Нашата генерација најверојатно нема да го дочека тој ден.rnrnАвторот е доктор по медицина и има две магистратури за влијанијата на животната средина врз здравјето, стекнати на Кембриџ и Харвард.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rnrnАмериканската администрација за храна и лекови го регулира внесувањето кофеин во газираните пијалаци. Лимитот е 71 милиграм кофеин во 350 милилитри газиран пијалак. Енергетските пијалаци многу го прекршуваат овој лимит, откако масовно го заземаа пазарот на пијалаците. Многу брендови содржат и многу поголеми количини кофеин во една лименка, за кои купувачот не е ни свесен. Затоа, доколку кофеинот ви создава некакви проблеми, посетете ги официјалните веб-сајтови на пијалаците кои честопати ги консумирате за да проверите колку кофеин содржат. Плус, имајте на ум дека ваквите пијалаци содржат многу „празни“ калории и вештачки засладувачи, кои доведуваат до покачена телесна тежина. rnrnПогледнете колкави количини кофеин се кријат во популарните пијалаци.rnrn
rn
rn
rn
rnrn
Навистина е фасцинантно да дознавате факти за историјата на вашите омилени производители. На пример, дали сте знаеле дека “Кока-кола” порано се викала “Кола Вино” и се продавала како лекарство? Следува листа од 10 интересни факти поврзани со имињата на некои познати гиганти.rn








