КАФЕ ПАУЗА

Tag: пејзаж

  • Што се крие зад овие убави пејзажи?

    Што се крие зад овие убави пејзажи?

    Погледнати оддалеку овие фотографии потсетуваат на пејзажи составени од природни земјени облици како брда, карпи, долини и планини. Но, кога ќе ги погледнете одблизу, ќе сфатите дека станува збор за природа, но во човеков облик. Креирана од страна на лондонскиот фотограф Карл Ворнер, „Bodyscapes“ е креативен проект, сочинет од еден поинаков, неконвенционален стил на работа, кој ги соединува портретите и пејзажите во едно.rnrnШто се крие зад овие убави пејзажи? Што се крие зад овие убави пејзажи?rnrnРечиси е невозможно да не посакате да ги препознаете и одвоите сите делови од човечкото тело, додека ги набљудувате овие фотографии. Ворнер им открива делови од сложувалката на своите гледачи, креативно именувајќи ги неговите фотографии како: ридеста долина од рамена, дини од гради, пустина од грбови…rnrnШто се крие зад овие убави пејзажи? Што се крие зад овие убави пејзажи? Што се крие зад овие убави пејзажи?rnrnОва е една сензуална колекција од линии и облини, кои заеднички се испреплетуваат, за да создадат апстрактни форми. Фотографот, кој обично работи со храната како негов медиум, го опишува овој негов проект како „алтернативен портрет на човековото битие, во кој телото станува пејзаж на себеси“. Тој смета дека развитокот на ваквата нова перспектива на човечкиот облик, евоцира интимна рефлексија на нашето внатрешно „јас“.rnrnШто се крие зад овие убави пејзажи? Што се крие зад овие убави пејзажи? Што се крие зад овие убави пејзажи? Што се крие зад овие убави пејзажи? Што се крие зад овие убави пејзажи? Што се крие зад овие убави пејзажи? Што се крие зад овие убави пејзажи?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да влезете во езеро, а да не се намокрите?

    Како да влезете во езеро, а да не се намокрите?

    Во Феклабрук, Австрија постои едно навистина живописно и креативно место, каде што посетителите имаат прилика да се движат низ езерце, без да се намократ ниту една капка. Прекрасниот пејзаж вклучува патче кое води кон вдлабната кружна површина, во која луѓето можат да влезат и да се релаксираат покрај природата.  Како да влезете во езеро а да не се намокрите?Набљудувачката удолна платформа создава едно натприродно чувство, додека гледате како нивото на водата се покрева од сите страни. Кога луѓе ќе влезат во просторот за релаксација, во зависност од перспективата од којашто ги гледате, изгледа како тие да шлапкаат во езерото, без воопшто да се натопат.Како да влезете во езеро а да не се намокрите?Како да влезете во езеро а да не се намокрите?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хотели со незаборавни погледи

    Хотели со незаборавни погледи

    Без разлика дали удобноста и луксузот на хотелот ви се од примарна важност кога патувате или можеби едноставно ви е важно само да имате чисто место каде да преспиете додека истражувате нови агли на светот, убавиот поглед секогаш додава нова димензија на уживањето. Општо познато е дека најубавите соби се тие со најубав поглед и секако имаат „најинтересна“ цена, но судејќи според сликите подолу, едноставно вреди да се работи цел живот само човек да се разбуди на некое вакво место.rn

    Wolwedans – природниот резерват Намибранд, Намибија

    rnХотели со неверојатни погледиrnrnВолведанс е повеќе од само атрактивна дестинација за сафари искуство. И покрај својата популарност, местото во голема мера останало недопрено од човечката рака благодарение на традицијата за едноставен живот и поврзување со природата. Страсно ја поддржуваат својата парола за екотуризам која повеќе е насочена кон доживување на овој резерват, отколку негово искористување до максимум.rnrnСместен во бескрајните дуни и опкружен со недогледен пустински пејзаж, хотелот Волведанс е совршено место за оние кои сакаат да ги спојат во едно авантурата и луксузот. Внимателно одбраниот ентериер со дрвена платформа дава чувство на интимна камперска атмосфера, но самите услови кои ги нуди можат да се мерат со најсофистицираните хотели во светот. А погледот е дефинитивно уникатно искуство.rn

    Jade Mountain Resort – Соуфриере, Св. Лусија

    rnХотели со незаборавни погледиrnrnУтрата во овој резорт со поглед кон планините Petit и Gros Piton кои се издигаат од сјајното синило на Карипското море мора да се незаборавни! Архитектот и сопственик Ник Троубецкој (среќник!) има вложено големи напори, а богами и големи пари за да го создаде ова чудо од хотел кое нуди максимално уживање и е во совршена хармонија со природата.rnrnВо резортот кој опфаќа 600 хектари тропска убавина спаѓаат 40-тина „светилишта“ со приватни базени, пристап до преубавите плажи како и плантажа на која си одгледуваат сопствена органска храна. Собите немаат телевизори и слична технологија со цел да се задржи чувството на поврзаност со природата и да им се пружи на гостите вистински одмор и целосно уживање.rn

    Lebua, Стејт Тауер – Бангкок, Тајланд

    rnХотели со незаборавни погледиrnrnАко се прашувате кое би било најдоброто место на светот да го поставите судбоносното прашање, најверојатно тоа е хотелот Лебуа во Бангкок. Поглед врз прекрасната метропола со безбројните светла кои ја красат ноќта и ниту една девојка не би можела да каже „не“. Ресторанот на отворено Сироко спаѓа во рамките на хотелот и е познат по феноменалниот декор, беспрекорната услуга и секако поглед од кој едноставно запира срцето.rn

    Conrad Rangali Island Resort – Малдиви

    rnХотели со незаборавни погледиrnrnЗа убавините на ова место може многу да се пишува, но во суштина доволен е само еден збор – рај! Симпатичните вили сместени во азурните, кристално чисти води се навистина најубавото можно сместување за егзотичен одмор. Овој резорт се наоѓа на два приватни острови познати по својата убавина и уникатното доживување кое го нудат.rnrnХотели со незаборавни погледиrnrnЗгора на сè, резортот нуди и вечера скоро 5 метри под вода, каде што можете да пиете шампањ, да пробате разни деликатеси, кои сигурно нема да ги најдете на друго место и секако, да уживате во незаборавниот поглед на океанскиот подводен живот.rn

    Oberoi Wildflower Hall – Шимла, Хималаи

    rnХотели со незаборавни погледиrnrnОвој хотел е дел од феноменалниот Оберои резорт и има соодветно и специфично име – Сала Диво цвеќе. Вгнезден на 2.515 метри и опкружен со густата борова шума на прекрасните Хималаи, овој хотел е вистинско прибежиште од остатокот на светот. Пријатната атмосфера и вешто дизајнираниот простор со дрвени плафони, богато украсени соби и извонредни уметнички дела создаваат чувство на врвно, луксузно одморалиште.rnrnНо, она што ги привлекува посетителите не е ентериерот на хотелот туку она што ги очекува кога ќе погледнат надвор од своите соби. Пејзажи кои оставаат без здив, а се протегаат од рестораните, надворешното џакузи, топлиот базен и секако бројните патеки за оние кои обожаваат да пешачат. Совршено!rn

    The Twelve Apostles Hotel and Spa – Кејп Таун, Јужна Африка

    rnХотели со незаборавни погледиrnrnВо овој хотел навистина не е важно на која страна гледа собата, зашто каде и да се свртите ве очекува неизмерна убавина. На едната страна се наоѓа Table Mountain National Park којшто е заштитен од УНЕСКО и скоро се најде на листата на новите 7 светски чуда, а од другата страна широкото пространство на Атлантски Океан чија што површина од време на време ја разигруваат китови и делфини со нивните скокови. Бајковито нели?rn

    Hilton Embassy Suites – Нијагарини водопади, Канада

    rnХотели со незаборавни погледиrnrnПретседателските апартмани во овој светски прочуен ланец хотели, сместен во близина на популарните Нијагарини водопади, имаат убедливо еден од најспектакуларните погледи. Со самото тоа што станува збор за претседателски апартмани се подразбира дека нудат комоција и луксуз, но погледот кон ова чудо на природата можат да си го дозволат и оние кои немале среќа да бидат сместени во нив. Истиот поглед го има и ресторанот на хотелот кој се наоѓа на 9-ти кат, со огромни прозори за непречено уживање.rn

    Hotel Caruso – Равело, Италија

    rnХотели со незаборавни погледиrnrnСместен на крајбрежјето Амалфи, хотелот Карузо нуди вистинско медитеранско уживање. Станува збор за палата од 11 век која што Италијанците умешно ја имаат претворено во стилски хотел, секако со современи услови и стандарди, но со шмек на класика и историско наследство. А, бисерот на хотелот е всушност бескрајниот базен на покривот за којшто среќниците велат дека е неповторливо искуство и место каде што се спојуваат морето и небото.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дубаи – градот над облаците

    Дубаи – градот над облаците

    Германскиот фотограф Себастијан Опитц, кој живее и работи во Дубаи, направил фантастични фотографии од градот, во состојба на густа магла при изгрејсонце. Тој го нарекол овој прекрасен пејзаж „Градот над облаците“, бидејќи густата магла го обзема градот и го пополнува празниот простор помеѓу зградите.Дубаи - градот над облаците
    rn

    „Живеам во Дубаи повеќе од 4 години и секогаш сум сонувал да направам слики над густата магла. Ова се случува 4-6 дена во годината, а кога се случува трае до 9 часот наутро. Затоа мора да бидете на кровот пред изгрејсонце и да се надевате дека сè ќе помине во најдобар ред.“

    rn

    Дубаи - градот над облацитеЗа среќа, Опитц успеал да го овековечи овој магичен момент од 85-иот кат на кулата „Princess“. Дубаи - градот над облацитеДубаи - градот над облацитеДубаи - градот над облацитеДубаи - градот над облацитеДубаи - градот над облацитеДубаи - градот над облацитеДубаи - градот над облацитеrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

    rn

  • Уникатни фотографии од експлозијата на метеорот над Челјабинск

    Уникатни фотографии од експлозијата на метеорот над Челјабинск

    Утрото на 15 февруари сè било замрзнато во Челјабинск, со температура од околу -17 степени Целзиусови, мирно без ветар и без облаци. Бидејќи претходната вечер времето било потопло, тоа утро сите дрвја биле прекриени со лед. Фотографот Марат Ахметјалев решил да ја искористи оваа ситуација за да направи неколку пејзажи од неговото омилено место. Околу 9 часот наутро тој бил на планираната локација во Челјабинск, подготвен да ги направи првите фотографии. Уникатни фотографии од експлозијата на метеорот над ЧелјабинскКако и секогаш, немало ништо необично на небото. Откако направил неколку фотографии од различни агли, тој решил да се премести на друга локација. Во тој момент фотоапаратот му бил насочен кон изгревањето на сонцето.Уникатни фотографии од експлозијата на метеорот над ЧелјабинскУникатни фотографии од експлозијата на метеорот над ЧелјабинскОдеднаш на небото, буквално од никаде се појавил голем објект. Фотоапаратот за среќа бил насочен во близина на овој непознат објект. Марат на работ на своето око забележал силна светлина и веднаш го свртел фотоапаратот кон него и во моментите кога експлозијата го достигнала својот врв тој направил неколку неверојатни фотографии.Уникатни фотографии од експлозијата на метеорот над ЧелјабинскУникатни фотографии од експлозијата на метеорот над ЧелјабинскКако што се смирувала ситуацијата, тој продолжил да фотографира. Како резултат ги добил и овие прекрасни и незаборавни фотографии од своето омилено место за фотографирање…Уникатни фотографии од експлозијата на метеорот над ЧелјабинскУникатни фотографии од експлозијата на метеорот над ЧелјабинскУникатни фотографии од експлозијата на метеорот над ЧелјабинскУникатни фотографии од експлозијата на метеорот над ЧелјабинскУникатни фотографии од експлозијата на метеорот над ЧелјабинскУникатни фотографии од експлозијата на метеорот над ЧелјабинскУникатни фотографии од експлозијата на метеорот над ЧелјабинскУникатни фотографии од експлозијата на метеорот над ЧелјабинскУникатни фотографии од експлозијата на метеорот над Челјабинск
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Реални места кои изгледаат како да не се

    Реални места кои изгледаат како да не се

    На прв поглед наредниве неколку фотографии можеби ќе ви изгледаат како компјутерски обработени, но верувајте, тие се исто толку реални колку и моменталниот поглед кој го имате низ вашиот прозорец. Не ви се верува? Погледнете подобро…rnrn

    Реални места кои изгледаат како да не се
    Планината Гринел – Националниот парк Глечер, Монтана
    rnrnОвие фотографии целосно ги мешаат нашите перцепции за реалноста и фантазијата. Но, тоа е само уште еден доказ дека на мајката природа никогаш не ѝ недостасуваат начини да нè изненади. Разгледајте ги и останатите фотографии и уживајте во ова кратко бегство од реалноста…rnrn
    Реални места кои изгледаат како да не се
    Моравија, Република Чешка
    rnrn
    Реални места кои изгледаат како да не се
    Намибија
    rnrn
    Реални места кои изгледаат како да не се
    Портата до пеколот – Дервезе, Туркменистан
    rnrn
    Реални места кои изгледаат како да не се
    „Бранот“ – Аризона
    rnrn
    Реални места кои изгледаат како да не се
    Лапланд, Финска
    rnrn
    Реални места кои изгледаат како да не се
    Камената шума – Јунан, Кина
    rnrn
    Реални места кои изгледаат како да не се
    Тунелот на љубовта – Клевен, Украина
    rnrn
    Реални места кои изгледаат како да не се
    „Chand Baori“ – Абанери, Индија
    rnrn
    Реални места кои изгледаат како да не се
    Полињата со лалиња – Лисе, Холандија
    rnrn
    Реални места кои изгледаат како да не се
    „Salar de Uyuni“ – Боливија
    rnrn
    Реални места кои изгледаат како да не се
    Сокотра, Јемен
    rnrn
    Реални места кои изгледаат како да не се
    Кристалната пештера – Скафтефел, Исланд
    rnrn
    Реални места кои изгледаат како да не се
    Структурата Ришат, Мауританија
    rnrn
    Реални места кои изгледаат како да не се
    Планината Рораима, Венецуела
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Воз „дух“ патува низ Канада

    Воз „дух“ патува низ Канада

    Младиот и талентиран фотограф Џеф Фризен направил проект наречен „The Canadian: Ghost Train Crossing Canada“ во којшто преку фотографии ни го претставува патот на еден воз низ Канада. Но, како и секогаш, и тука има еден мал неочекуван пресврт.Воз „дух“ патува низ Канадаrn
    rn

    „Јас го возам возот, а не тој мене. Можам слободно да кажам дека го собира во торба за пазарење,“ вели Фрисен.

    rnВоз „дух“ патува низ КанадаОваа уникатна серија на фотографии ни ја покажува пространата, разновидна и прекрасна страна на Канада исполнета со слатки и магични пејзажи. На прв поглед ќе бидете убедени дека станува збор за вистински воз, но всушност на овие фотографии можеме да го доживееме светот онаков каков што изгледа за најмалите животни и инсекти околу нас. Уживајте во возењето!Воз „дух“ патува низ КанадаВоз „дух“ патува низ КанадаВоз „дух“ патува низ КанадаВоз „дух“ патува низ КанадаВоз „дух“ патува низ КанадаВоз „дух“ патува низ КанадаВоз „дух“ патува низ КанадаВоз „дух“ патува низ КанадаВоз „дух“ патува низ КанадаВоз „дух“ патува низ КанадаВоз „дух“ патува низ КанадаВоз „дух“ патува низ КанадаВоз „дух“ патува низ Канада
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лажни пејзажи за спектакуларна фотографија

    Лажни пејзажи за спектакуларна фотографија

    Вештината на професионалните фотографи не се состои само во познавање на бројни техники на фотографирање или на поседување одличен фотоапарат, туку и на способност за креирање лажен пејзаж од кој може да произлезе спектакуларна фотографија. rnrnМетју Албанезе, фотограф од Њу Џерси, пред да почне да работи прво оди до супермаркет да набави памук, кафе, чоколадо, ќеси за ѓубре и многу други предмети кои потоа ги комбинира со фотографските вештини и ги создава овие вештачки копии на природниот амбиент наречени диорами. Една диорама се конструира цел месец, а тој потоа ја фотографира по повеќе од 500 пати сè додека не биде задоволен од резултатот. Ако сè уште се чудите зошто никако не успевате ниту со голо око да здогледате пејзаж како оние на фотографиите кои одземаат здив, разгледајте ја следната галерија.rnrnТорнадо – Оваа диорама е направена од памук, челична волна, магдонос и мов.Лажни пејзажи за спектакуларна фотографијаЛажни пејзажи за спектакуларна фотографијаrnrnРека – Спектакуларна глетка створена од пергамент, хартија, конец, пердуви од ној, резбано чоколадо, жица, лента за маскирање, синтетички мов и памук.Лажни пејзажи за спектакуларна фотографијаЛажни пејзажи за спектакуларна фотографијаrnrnТропски остров – Доволни му биле само сол, шеќер, памук, калајна фолија, платно и пердуви.Лажни пејзажи за спектакуларна фотографијаЛажни пејзажи за спектакуларна фотографијаrnrnМарс – За да се направи фотографија од Марс, а да не е од Кјуриосити, потребно е црвен пипер, цимет, креда, чили во прав, морско оревче и мајчина душица.Лажни пејзажи за спектакуларна фотографијаЛажни пејзажи за спектакуларна фотографијаrnrnВулкан – Смесата од талог за тули, памук и фосфорно мастило е осветлена од сијалици со моќност од 6 до 60 вати.Лажни пејзажи за спектакуларна фотографијаЛажни пејзажи за спектакуларна фотографијаrnrnПодводен свет – Овие „морски длабочини“ се сликани на суво во студиото на Метју, а подводниот ефект е постигнат благодарение на видео проектор. Инаку флората и фауната се направени од многу различни материјали, меѓу кои се восок, ореви, смокви, мов, сунѓер, паста за заби, итн.Лажни пејзажи за спектакуларна фотографијаЛажни пејзажи за спектакуларна фотографијаrnrnШума – Оваа диорама е конструирана од дрво, ќеси за ѓубре, мов, жолти светки, хартија, шеќер, итн., а ефектот на пожар е постигнат со жолти, портокалови и црвени светилки.Лажни пејзажи за спектакуларна фотографијаЛажни пејзажи за спектакуларна фотографијаrnrnПланини – Полињата се од лажно крзно, облаците се памучни, а планините се од талог од тули.Лажни пејзажи за спектакуларна фотографијаЛажни пејзажи за спектакуларна фотографијаrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бајковитите Фарски Острови

    Бајковитите Фарски Острови

    Малите Фарски Острови се наоѓаат некаде на пола пат помеѓу Норвешка и Исланд. Тие се мошне интересен архипелаг од островчиња кој ги меѓепсува посетителите со своето беспрекорно зеленило, особено во пролет и лето. Многумина велат дека овие пејзажи ги потсетуваат на оние од филмската трилогоја „Господарот на прстените“, а има и зошто. На островите речиси нема дрвја, туку само бескрајни ливади, нема поголеми реки и езера, а бреговите се карпести и стрмни.rnrnБајковитите Фарски ОстровиБајковитите Фарски ОстровиrnrnНе се населени сите 18 острови. Само на неколку од нив живеат луѓе, Скандинавци, чиј вкупен број е помал од 50.000. Втори по населеност овде се овците, кои покрај рибарството претставуваат едно од главните занимања на населението.rnrnБајковитите Фарски ОстровиБајковитите Фарски ОстровиrnrnТуристите не можат да останат рамнодушни на мистичниот амбиент на Фарските Острови. Тие се рај за оние кои сакаат долго да пешачат и да воздивнуваат на она што ги опкружува. Овде дури и маглата делува магично, но таа глетка брзо се менува поради непредвидливата клима. Велат дека ако ве фати дожд додека ги разгледувате прекрасните предели, треба да почекате неколку минути, можеби ќе престане.rnrnБајковитите Фарски ОстровиБајковитите Фарски ОстровиБајковитите Фарски ОстровиБајковитите Фарски ОстровиБајковитите Фарски ОстровиБајковитите Фарски ОстровиБајковитите Фарски ОстровиБајковитите Фарски ОстровиБајковитите Фарски ОстровиБајковитите Фарски Острови

  • Штосни тапети кои ќе му дадат поинаква димензија на вашиот дом

    Штосни тапети кои ќе му дадат поинаква димензија на вашиот дом

    Би сакале ли да се разбудите во спална во која пливаат рипки или пак во убав зимски снежен пејзаж? А што велите за поглед кон Ајфеловата кула во Париз директно од вашиот дом? Сите ваши соништа можат да станат реалност со тапетите од компанијата „Eazywallz“, кои ви овозможуваат да го разубавите вашиот свет, нудејќи неверојатно реалистични ѕидни тапети, кои изгледаат како некој убав поглед низ вашиот прозорец.Штосни тапети кои ќе му дадат поинаква димензија на вашиот домШтосни тапети кои ќе му дадат поинаква димензија на вашиот домШтосни тапети кои ќе му дадат поинаква димензија на вашиот домТапетите на „Eazywallz“ се испечатени на високо-квалитететен, самолеплив материјал кој не се кине ниту тутка и личи на тенко платно за сликање. Дури и ако згрешите при лепењето, можете да го одлепите и да го репозиционирате повторно залепувајќи го, благодарение на силното лепило на тапетите, кое може да се користи повторно и повторно. Во дом со вакви тапети, најверојатно никогаш нема да ви биде здодевно да седите. 🙂Штосни тапети кои ќе му дадат поинаква димензија на вашиот домШтосни тапети кои ќе му дадат поинаква димензија на вашиот домШтосни тапети кои ќе му дадат поинаква димензија на вашиот домШтосни тапети кои ќе му дадат поинаква димензија на вашиот домШтосни тапети кои ќе му дадат поинаква димензија на вашиот домШтосни тапети кои ќе му дадат поинаква димензија на вашиот домШтосни тапети кои ќе му дадат поинаква димензија на вашиот домШтосни тапети кои ќе му дадат поинаква димензија на вашиот домШтосни тапети кои ќе му дадат поинаква димензија на вашиот домШтосни тапети кои ќе му дадат поинаква димензија на вашиот домШтосни тапети кои ќе му дадат поинаква димензија на вашиот домrnМожеби ќе ве интересира и: Модерни тапети за урбан амбиент или 10 кул црно-бели тапети.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.