КАФЕ ПАУЗА

Tag: паркинсонова болест

  • ЗА и ПРОТИВ пиењето кафе

    ЗА и ПРОТИВ пиењето кафе

    Оние кои наутро најпрво посегнуваат по шолјата кафе го сметаат кафето за пијалак испратен од Бог. Консумирањето кафе има бројни бенефиции, како спречување на Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест или зголемена ефикасност на одредени апчиња против болки, како Аспиринот на пример. Сепак, кафето има и одредени негативности. Може да предизвика покачување на крвниот притисок, нарушувања во спиењето како и дамки на забите. Ова се некои бенефиции, но и негативности од косумирањето кафе. Сепак, сè си има свои добри и лоши страни, па така и кафето.rnrnza-i-protiv-pienjeto-kafe-kafepauza.mkrn

    ЗА:

    rnКафето содржи антиоксиданси, витамини, минерали и диететски протеини. Редовните консументи на кафе имаат бројни здравствени придобивки. Жените кои се страсни обожаватели на кафето имаат помал ризик за заболување од рак на дојка, додека кај мажите е намален ризикот од рак на простата. Истражувањата покажале дека консумирањето кафе го намалува ризикот од некои болести и заболувања, како на пример:rn

      rn011

    • Паркинсонова болест
    • rn011

    • Алцхајмерова болест
    • rn011

    • Дијабетес тип 2
    • rn011

    • Жолчни камења
    • rn011

    • Рак на усната шуплина, на хранопроводот или грлото
    • rn011

    • Напади на астма
    • rn011

    • Срцева аритмија
    • rn011

    • Мозочен удар
    • rn011

    • Цироза
    • rn011

    • Служи како стимуланс на одредени апчиња против болки
    • rn

    rnЗА и ПРОТИВ пиењето кафеrn

    ПРОТИВ:

    rnИако кафето има позитивни ефекти, преголемата консумација може да резултира негативно. Негативните ефекти на кафето вклучуваат:rn

      rn011

    • Нарушување на сонот и шемата на спиење
    • rn011

    • Аудитивни халуцинации
    • rn011

    • Отежнување на апсорпцијата на некои витамини и минерали во организмот, како магнезиум, цинк и железо
    • rn011

    • Покачување на крвниот притисок
    • rn011

    • Дехидрација и губење на витамин Б и Ц, како и калциум, железо и цинк
    • rn011

    • Дамки на забите
    • rn011

    • Може да ја влоши состојбата доколку сте подложни на киселини во желудникот
    • rn

    rnИсто така, кафето спаѓа меѓу растенијата и плодовите кои најмногу се прскаат со пестициди.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Морничави нарушувања на спиењето

    Морничави нарушувања на спиењето

    И покрај тоа што спиењето изобилува со мистерии, сепак би требало да е период за мир и релаксирање. Поголемиот број од нас го „напуштаат“ будниот свет преку предвидливи циклуси на длабок сон, по кој доаѓа РЕМ-фазата исполнета со многу соништа. Но, кога границите на овие неколку фази ќе се изместат, сонот може да биде навистина застрашувачки. Всушност, некои нарушувања на спиењето повеќе изгледаат како сцена од некој хорор филм, отколку како нешто што би можело да му се случи на секој во неговата спална соба.rnrnМорничави нарушувања на спиењетоrnrnИнсомнија – Неможност да се заспие или да се спие непрекинато. Тоа може да предизвика раздразливост и намалување на концентрацијата во текот на денот. Но, доколку ви се случува често може да стане многу опасно – инсомнијата меѓу другите лоши симптоми, најмногу се поврзува со прекумерната тежина, високиот притисок, срцевите удари и сообраќајните несреќи. И покрај тоа што таа секогаш се објаснува преку психолошки проблеми, може да биде и знак за некој посериозен физиолошки проблем.rnrnЈадење за време на спиење – Можеби имате волја да одолеете на благите додека сте будни, но што се случува кога спиете? Оние кои го имаат ова нарушување јадат благи, си подготвуваат некој вид ручек или пак во некои случаи јадат сирова храна, како замрзнати продукти или чист путер. Ова нарушување ги збунува и најголемите научници, но сега за сега се знае само дека настанува во период на не-РЕМ спиењето.rnrnМорничави нарушувања на спиењетоrnrnСексомнија – И покрај тоа што е релативно ново нарушување на спиењето (за првпат било претставено во студија од 1996 година), сепак тоа е едно од посериозните. Таа се манифестира преку испуштање гласни (сексуални) извици, опасно самозадоволување проследено со повреди или пак во најлошите случаи преку секс (доброволен, напад или силување) во кој партнерот не знае дека личноста спие. Причините сè уште не се познати, но сексомнијата се поврзува со недостаток на сон, стрес, алкохол, дрога или пак во некои ретки ситуации и со случаен физички допир со партнерот во кревет за време на спиењето.rnrnНарушување на однесувањето за време на РЕМ-фазата – Понекогаш мозокот не му дава доволно сигнали на телото да остане мирно за време на РЕМ-фазата од спиењето и кога тоа ќе се случи луѓето почнуваат да ги прават движењата кои ги сонуваат. Во зависност од темата на нивниот сон тие можат да почнат да клоцаат, да удираат или пак да станат од нивниот кревет и да трчаат. Сè уште не се знае од каде потекнува грешката со сигналите од мозокот, но една од причините поради кои може да се појави ова нарушување е и појавата на Паркинсонова болест.rnrnМорничави нарушувања на спиењетоrnrnПарализа за време на спиењето – Ви се случило ли некогаш да сте сигурни дека сте будни, но да не можете да се помрднете? За време на РЕМ-фазата нашето тело е целосно парализирано за да не почнеме да се однесуваме според нашите соништа. Но, понекогаш таа парализа поради грешка во сигналите од мозокот може да продолжи и откако ќе се разбудиме и скоро секогаш е проследена со халуцинации кои воопшто не се пријатни.rnrnСиндромот на експлодирачка глава – Не секирајте се, овој синдром воопшто не значи детонирање на вашата глава. Станува збор за нарушување во кое личноста одеднаш се буди поради остра и гласна бука, која наликува на експлозија. Докторите не можат овој синдром да го поврзат со ниедна болест и сè уште не знаат ниту една причина поради која се појавува.rnrnМорничави нарушувања на спиењетоrnrnНарушување на кошмарите – Сите од нас доживеале барем еден кошмар во текот на животот. Но, кога тие ќе преминат од нешто кое повремено ве нервира, во нешто кое е целосно застрашувачко и е проследено со студена пот и „жива“ меморија на ужасните соништа, тоа значи дека вашето тело не може да го издржи моменталниот стрес и недостаток на сон низ кој поминувате.rnrnНоќни стравови – Ноќните стравови се одликуваат со викање, удирање и очајничко клоцање, кои за разлика од кошмарите се појавуваат за време на не-РЕМ фазата. Кога личноста доживува ноќен страв многу често брзо се исправува и со очите широко отворени почнува да вика. За време на ова доживување тие не можат да бидат разбудени од страна на друга личност, но по 10 до 15 минути сами од себе се враќаат во кревет и продолжуваат со спиење. Кога ќе се разбудат немаат никакво сеќавање за настанот. И во овој случај причината е мистерија, но честопати се поврзува со треска, нередовно спиење и стрес.rnrnМорничави нарушувања на спиењетоrnrnХалуцинации за време на спиењето – Сите ние сме навикнати да гледаме чудни работи во нашите соништа, но што ако тие работи почнеме да ги гледаме и додека сме будни? Таканаречените хипнагогични халуцинации настануваат за време на транзитот помеѓу будноста и спиењето, како и во периодот за време на будењето. Луѓето кои ги искусиле велат дека слушаат гласови, чувствуваат допири на нивното тело или пак забележуваат чудни објекти во нивните соби. Доколку ви се случува понекогаш не е ништо страшно, но ако халуцинациите се проследени со дневна поспаност и губење на мускулната контрола кога сте возбудени или изненадени, ви препорачуваме веднаш да посетите доктор.rnrnМесечарење – Околу 15% од возрасните повремено „лутаат“ низ нивниот дом додека спијат, додека кај децата бројот е малку поголем. Не се знае зошто месечарите одат за време на сонот, но како и останатите нарушување на спиењето најчесто се поврзува со стресот и нередовното спиење. Месечарите не одат со рацете исправени пред нив, како во филмовите. Повеќето од нив многу лесно се движат од соба во соба и понекогаш дури и си го поместуваат мебелот за да поминат.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали треба да пиеме помалку кафе?

    Дали треба да пиеме помалку кафе?

    Позитивните или негативните влијанија од кафето врз нашето здравје е постојан предмет на истражување на универзитетите ширум светот. Повеќето од добиените резултати велат дека кафето не е штетно по нашето здравје, туку напротив може и да го подобри, борејќи се против заболување од некои болести. Сепак, некои доктори на науки имаат поделено мислење околу оваа тема. Погледнете кој е одговорот на двајца професори на прашањето: дали треба да пиеме помалку кафе?rnrnДали треба да пиеме помалку кафе?rn

    НЕ

    rnСпоред проф. д-р Роб Ван Дам, доцент по здрава исхрана на харвардскиот факултет за јавно здравје, не треба да пиеме помалку кафе, бидејќи од него имаме големи здравствени придобивки. Еве што вели тој на оваа тема:rn

    За повеќето од нас, кафето не е штетно

    rnТочно е дека кафето може да го покачи крвниот притисок, така што ако имате хипертензија, паметно е да се префрлите на кафе без кофеин. Кофеинот исто така може да ви го наруши спиењето. Ако забележите дека од кафето сте вознемирени навечер кога ќе си легнете и не можете да спиете, намалете ја количината кафе која ја пиете на дневна база.rn

    Кафето може да го намали ризикот од заболување од дијабетес

    rnСекоја шолја кафе која ќе ја испиете, го намалува ризикот од заболување од дијабетес. Според истражувањето на архивите од интернационалната интерна медицина, откриено е дека после 3-4 испиени шолји дневно, го намалуваме заболувањето од дијабетес за 25%. Друго истражување покажало дека кафето без кофеин може исто така да го намали ризикот од заболување од дијабетес, што сугерира на тоа дека не е кофеинот тој кој што се бори против оваа болест, туку нешто друго во кафето, најверојатно антиоксидансот таканаречен хлорогенска киселина. Консументите на кафе, исто така поретко заболуваат од цироза и рак на црниот дроб.rn

    Кофеинот има свои предности

    rnКофеинот може да го намали ризикот од заболување од Паркинсонова болест, а најверојатно и од Алцхaјмерова болест. Тоа не е причина да почнете да пиете кафе доколку тоа не го правите сега, но е добра вест за оние кои уживаат во овој пијалак.rn

    ДА

    rnСпоред Џејмс Д. Лејн, професор, д-р на науки и директор на универзитетскиот медицински центар „Дјук“ во лабораторијата за психофизиологија, кафето е штетно и треба помалку да се консумира. Тој смета дека:rn

    Истражувањата поврзани со бенефициите од кафе се слаби

    rnГлавниот проблем во многубројните истражувања, е тоа што во нив се компарираат групи луѓе кои редовно пијат кафе и оние кои не пијат воопшто. Консументите на кафе можеби имаат нешто друго заедничко покрај пиењето кафе, што е вистинската причина зад која стојат овие здравствени придобивки. Само затоа што две нешта се доведени во корелација, не значи дека едното го предизвикува другото.rn

    Кафето може да ја влоши здравствената состојба

    rnКофеинот во кафето има негативни последици, особено кај луѓето кои имаат висок крвен притисок или дијабетес. Во едно истражување, хипертензичниот крвен притисок бил намален кај пациентите кои не пиеле кафе една седмица. Во друго истражување, откривме дека кај дијабетичарите на кои им се даде кофеин пред да им се направи гликоза толеранс тест (ОГТТ) им бил повеќе покачен шеќерот, отколку кога не им се даваше кофеин. Со други зборови, кај луѓето кои веќе имаат дијабетес, по сè изгледа дека кофеинот само им ја влошува состојбата. Кафето без кофеин пак, е сосема безбедно за овие пациенти.rn

    Кафето може да ви го зголеми стресот

    rnМоите истражувања имаат покажано дека адреналинот ќе влијае повеќе на стресот доколку сте се напиле кафе, отколку ако не сте пиеле. Тоа може да ве направи да се чувствувате напнато, вознемирено и нервозно и да ви направи проблеми со спиењето.rn

    Заклучок:

    rnДоколку немате дијабетес или висок крвен притисок, навиката за коснумирање кафе најверојатно нема да ви наштети, а може дури и да го подобри вашето здравје. Додека некои истражувања сугерираат на тоа дека некои луѓе се почувствителни на кофеин во однос на други, сепак немате причина да ја намалувате количината кафе која ја внесувате на дневна база, освен доколку сметате дека тоа ви создава несоница или чувство на вознемиреност. Ако тоа е случај, можеби треба да се префрлите на кафе без кофеин. Од друга страна, ако не пиете кафе воопшто, немате ни причина допрва да почнувате. Додавањето повеќе овошје, зеленчук и зрнеста храна во вашата секојдневна исхрана, е посигурен начин за намалување на ризикот од заболување од некоја болест.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафето како лек против некои посериозни болести

    Кафето како лек против некои посериозни болести

    Кафето ја поттикнува активноста на одредени човечки органи како срцето, мозокот, нервите, бубрезите и мускулите. Повеќето од луѓето кои редовно пијат кафе, консумираат од една до две шолји на ден. Експертите велат дека разумното пиење кафе (2-3 шолји дневно) не може да им наштети на здравите луѓе, туку напротив може да го подобри нивното здравје. Ова не се однесува на оние кои дневно внесуваат прекумерни количини кофеин. Еве неколку резултати добиени од поголем број британски експертски истражувања поврзани со улогата на кафето врз некои видови болести.Кафето како лек против некои посериозни болестиrn

      rn011

    • Зачудувачки е фактот, дека комбинацијата од алкохол и кафе, во суштина штити од заболување од цироза на црниот дроб. Секако најефикасната заштита од оваа болест е воопшто да не се пие алкохол, но според резултатите од спроведеното британско истражување, оние кои пиеле помалку од една шолја кафе дневно, го намалиле ризикот за заболување од цироза за 30%, оние кои пиеле од една до три за 40%, а оние кои пиеле четири или повеќе шолји до 80%.
    • rn011

    • Кофеинот го намалува ризикот од заболување од рак на кожа. Исто така, млеката за тело кои содржат екстракти од зелен чај и кофеин, го имаат ова заштитно дејство на вашата кожа.
    • rn011

    • Консумирањето една до две шолји чисто кафе на дневна база, го подобрува вашето расположение и целокупното здравје. Оваа карактеристика е објаснета со фактот дека кофеинот содржи допамин – супстанца, која според научниците е одговорна за нашата зависност од пиење кафе.
    • rn011

    • Докажано е дека луѓето кои не сакаат и не пијат кафе, имаат поголем ризик од заболување од Паркинсонова болест.
    • rn011

    • Кофеинот содржи многу антиоксиданси.
    • rn

    rnКафето како лек против некои посериозни болестиrn

      rn011

    • Истражувањата потврдуваат дека кафето ја елиминира болката во мускулите, предизвикана од тежок, долготраен стрес. Во ваквите ситуации, кафето може да делува поефикасно од аспиринот.
    • rn011

    • Според ново истражување, 4-5 шолји кафе на ден, го прават телото помалку чувствително на различни кардиоваскуларни болести.
    • rn011

    • Оние луѓе кои често пијат кафе, не треба да се грижат дека ќе ја изгубат нивната меморија на стари години.
    • rn011

    • Кафето исто така, ја подобрува и краткотрајната меморија. Научниците сугерираат дека најверојатно тоа е резултат на мозочната стимулација, која тоа ја предизвикува.
    • rn011

    • Кафето не доведува до хипертензија (зголемување на крвниот притисок во мирување). За оние пак, кои имаат низок крвен притисок, кафето е добро бидејќи им го качува.
    • rn011

    • Кафето во одредени околности е корисно и за децата. Во 1999 година, официјално беше одобрена кофеинската инјекција, која го стимулира дишењето кај бебињата.
    • rn011

    • Пиењето кафе може да го намали бројот на вашите посети на забар. Но, ова повеќе се однесува на пиење кафе без млеко, шеќер и други додатоци. Печените зрна кафе ја имаат способноста да ја убијат бактеријата „Streptococcus mutans“, која е една од причините за појава на кариес на забите.
    • rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.