Доволно е да ѝ се препуштите на интуицијата и да изберете една од овие палми.rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Палма бр. 1″ active=”false”]Вашиот избор покажува дека очекувате некаква промена. Запомнете дека не секогаш промените се негативни и затоа не треба да чувствувате страв. Можеби на почетокот нема да ви се допадне како ќе се одвиваат работите, но обидете се да ги прифатите. Ослободете се од стравот од непознатото и почнете да чекорите по патот до успехот. Освен тоа, не занемарувајте ги вашите потреби и не заборавајте дека е неопходно понекогаш да бидете и себични. Меѓу другото, овој период ве очекуваат многу пријатни изненадувања.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Палма бр. 2″ active=”false”]Вашиот избор покажува дека не треба да брзате. Не заборавајте дека сè се случува во свое време и дека ништо не е случајно. Доволно е да бидете трпеливи и да не се откажувате од сопствените цели и замисли. Негувајте позитивни мисли дури и кога ќе наидете на пречки и тешки ситуации. Правете го она што го сакате, патувајте и живејте го максимално секој миг. Овој период ќе ви биде исполнет со разноразни задоволства.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Палма бр. 3″ active=”false”]Време е да размислите за вашиот живот. Ако секојдневниот живот ве прави нервозни и уморни, запомнете дека само вие можете да го промените тоа. Летото е сезона која ни носи многу пријатни чувства, а неговата убавина нè опкружува насекаде. Затоа, не плашете се да излезете од вашата удобна зона. Продолжете да размислувате за идеи, инспирирајте се и опкружете се со позитивни и успешни луѓе. Добри вести ве очекуваат во блиска иднина.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со нашиот тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да добиете порака од моќниот шаман.rnrnИзвор: atma.hr
Tag: палма
-

Тест: Изберете палма и откријте што ве очекува до крајот на летото!
-

Запознајте ја палмата „елеганс“: преубавата салонска палма која ќе го освежи вашиот дом
Нежните, издолжени лисја на елегантните гранки ја прават оваа палма добредојден украс во многу ентериери.rnrnПо потекло од тропските џунгли на југоисточно Мексико и Гватемала, овој член на големо семејство палми вирее на релативно ниска надморска височина.rnrn
rnrnОдгледувачите на ова растение во градинарски центри обично сеат повеќе семиња во ист сад, така што може да добиете повеќе грмушки кои имаат меки лисја во форма на пердуви.rnrn„Елеганс“ палмата е многу издржливо растение, што значи дека ќе издржи да вирее и во сенка и на пониски температури, па дури ќе го преживее и прекумерното наводнување.rnrnСепак, ќе биде подобро ако за неа одберете светол агол во станот, каде не треба да имате индиректно, филтрирано светло. Внимавајте палмата да не биде изложена на директна сончева светлина бидејќи ова ќе предизвика појава на кафени дамки по листовите.rnrnОва декоративно растение е, исто така, познато и како „салонска палма“ кому најмногу му одговара густ супстрат кој треба да се додава во почвата еднаш месечно во пролет и лето и еднаш на секои два месеци во текот на есента и зимата. Имајте на ум дека палмите имаат долг корен, па затоа би било добро црепот во кој ќе ја пресадите да биде длабок и тесен.rnrnВо продолжение погледнете фотографии кои ќе ви покажат како палмата може да биде ефективен елемент во уредувањето на домот.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnМожеби сакате да прочитате и 12 докази дека клупата во кујната му дава на домот посебен шарм и топлина. -

Дали палминото масло е здраво или штетно?
Погледнете ги состојките на пакувањето на шампонот, на пастата за заби или на путерот од кикирики и најверојатно ќе најдете палмино масло кое може да се крие под различни имиња.rnrn
rnrnПалминото масло е вид растително масло за јадење направено од плодовите на палмите кои обично успеваат во топли, тропски прашуми. Дури 85 % од палминото масло во светот доаѓа од Индонезија и од Малезија. Маслото се добива со цедење и со варење на месестиот дел од плодот на палмата. Палминото масло има околу 200 други алтернативни имиња, вклучувајќи ги палмат, палмолеин и натриум лаурил сулфат.rnrnПалминото масло се наоѓа во храната и во козметичките производи. Во храната најчесто го има во нудлите, во маргаринот, во сладоледот и во путерот од кикирики, а во козметичките производи најчесто го има во шампоните и во кармините. Палминото масло ги подобрува текстурата и вкусот на производите, го спречува нивното растопување и го продолжува рокот на траење. Ова масло е без боја и без мирис, што значи дека не ги променува производите во коишто е додадено.rnДали палминото масло е штетно за вашето здравје?
rnЕдна лажица палмино масло (14 грама) содржи 114 калории и 14 грама масти (7 грама заситени масти, 5 грама незаситени масти и 1,5 грама полинезаситени масти). Исто така, ова масло содржи 11 % од препорачаната дневна доза на витамин Е. Витаминот Е кој се наоѓа во палминото масло се нарекува токотриенол и има моќни антиоксидантни својства што можат да го одржуваат здравјето на мозокот. Иако палминото масло не содржи трансмасти, сепак содржи многу заситени масти, што значи дека може да го подигне нивото на холестеролот и на триглицеридите, а тоа ја зголемува веројатноста за појава на срцеви заболувања. Во принцип, палминото масло е поздраво од некои други масла за готвење, но не е толку здраво како маслиновото, кокосовото и лененото масло.rnrnДоколку во вашата исхрана користите маслиново масло, погледнете како да проверите дали е вистинско.
-

Кула во форма на палма во богатиот Дубаи
Овој импресивен дизајн за кулата наречена „Woven Tower“ која ќе се наоѓа во Дубаи е направен од страна на Џузепе Фарис и Стефан Шунинг. Предложената структура на зградата има за цел да опфати неколку аспекти од арапската култура. Самиот дизајн на зградата потсетува на стебло од палма.
Фасадата на зградата исто така претставува и преплетена мрежа, како симбол на преплетените трговски патишта кои минуваат низ богатиот Дубаи.


rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

10 најчудни овошја во светот
За сите нас, тропските овошја се налик малку чудни, но и многу вкусни. Доколку кога бевте деца мислевте дека ананасот е чуден, чекајте да ги погледнете овие овошја за кои сигурни сме дека ако ги видите во живо, нема да ви падне на памет дека можат да се јадат. :)rn
1. Кивано
rnКиваното е овошје кое потекнува од јужна и централна Африка, кое е уште познато и како афиканска краставица, англиски домат и желе-лубеница. Иако се смета дека е предок на класичните лубеници, сепак се смета за посебен вид овошје. Од надвор е жолто со специфични мали трнчиња кои изобилуваат со витамин C, а однатре е со изразита зелена боја. Киваното се јаде, но често се употребува само како декорација во овошни салати бидејќи има вкус, сличен на краставицата.rnrn
rn2. Змејско овошје
rnОва овошје има многу различни имиња, во зависност во кој регион се одгледува. Најчесто во англискиот јазик е познато како змејско овошје, но нативното име му е питаја. Тоа потекнува од Мексико и Јужна Америка, но се одгледува и во Источна Азија и Индонезија. Питајата е плод на кактус, кој во Мексико го нарекуваат „сладок кактус“. Однадвор изгледа како модерно декориран пламен, а внатрешноста му е бела со црни семиња. Има сличен вкус како лубеница.rnrn
rn3. Дуриан
rnДуриан е големо овошје кое во Југоисточна Азија е познато како „кралот на овошјата“. Карактеристично е по своите боцки кои потсеќаат на обвивката на дивиот костен. Може да порасне до 30 см и да тежи 3 кг. Ова овошје потекнува од Брунеј, Филипини, Индонезија и Малезија. Некои луѓе сметаат дека има пријатен вкус, за други е груб и јак. Вкусот на дурианот предизвикува секакви реакции кај луѓето, од убаво и пријатно за јадење, до длабоки гадења и опис како мешавина на бадем со скапан кромид, па дури некои велат дека има мирис на нечисти чорапи.rnrn
rn4. Раката на Буда
rnРаката на Буда е цитрусно овошје кое на јапонски се вика „бушукан“ односно цитрусната рака. Ова овошје расте на грмушка со долги и неправилни трње, која најчесто вирее во Индија, Кина и Јапонија. Има лушпа која лесно се вади и во суштина е суво овошје без течност, а понекогаш нема ни семки. Името на овошјето се поврзува со будистичките обичаи и тоа најчесто се користи при кажување на молитви кога се избира затворено овошје (односно со собрани краци).rnrn
rn5. Овошје пасифлора
rnПасифлората потекнува од Парагвај, Бразил и Северна Аргентина, но се одгледува во многу делови на Азија, Средна Америка и Австралија. Овошјето е округло со жолта внатрешност исполнета со семки. Пасифлората изобилува со бета каротен, калиум и диетални влакна. Сокот од пасифлора е добар извор на витамин Ц и е добар за луѓе со висок крвен притисок.rnrn
rnrn