КАФЕ ПАУЗА

Tag: пајажина

  • Зошто не треба да ги убивате пајаците во вашиот дом?

    Зошто не треба да ги убивате пајаците во вашиот дом?

    Пајаците кои се појавуваат дома се важен дел од природата и екосистемот, а во исто време се и сосема безопасни за вас, па затоа обидете се да не ги убивате следниот пат. Некои видови пајаци можат да се најдат во домот сосема случајно, а други всушност уживаат во тоа да бидат некаде внатре. Овие инсекти може да бидат корисни, односно да ловат и јадат други инсекти, меѓу кои и поопасните видови пајаци.rnrnЗошто не треба да ги убивате пајаците во вашиот дом?rnrnНајпознатиот „домашен“ пајак е оној со големи и тенки нозе и токму тој е сосема безопасен, но може да создаде мрежа во која ќе улови друг инсект кој можеби би ве каснал или пак би ви пренел некоја зараза. Комарците се едни од нивните омилени закуски, а постојат и видови пајаци кои јадат исклучиво комарци кои неодамна каснале некого и се полни со крв на својата жртва. Така, со убивање на пајак, всушност му овозможуваме на предаторот да продолжи да живее во вашиот дом.rnrnСтравот од пајаци е сосема природен, а може да потекнува од изгледот и од отровноста, која кај честите видови е мала и ретко може да им наштети на луѓето. Постојат и такви кои што иако некогаш се плашеле, успеале да го надминат стравот од пајаци со тоа што се посветиле на нивно проучување. Значи, не е невозможно.rnrnЗошто не треба да ги убивате пајаците во вашиот дом?rnrnИсто така, треба да имате на ум дека вие воопшто не сте цел на пајакот кој некако се нашол во аголот од собата. Всушност, пајаците повеќе се плашат од луѓето. Каснувањата од домашни видови пајаци се ретки, а опасните видови не живеат блиску до нас. Затоа, следниот пат кога ќе начекате пајак кај вас дома, ако веќе не можете да го поднесете, наместо да го убиете и фрлите, пробајте некако да го фатите и изнесете го надвор, за да може да продолжи да живее.rnrnИсто така, прочитајте ги и овие застрашувачки факти за бубачките кои ќе ги потврдат вашите стравови.

  • Совршената симетрија на пајаковите мрежи

    Совршената симетрија на пајаковите мрежи

    Само на момент, заборавете ги чудовиштата со 8 нозе кои ги креираат овие „домови“ и погледнете ја неверојатната убавина на пајаковата мрежа. Секоја од нив е извонредно прецизно исплетена и едноставно остава без здив. Можеме слободно да кажеме дека од животинскиот свет пајаците се најголемите уметници, а наредниве неколку фотографии можат и да го докажат тоа…rnrnСовршената симетрија на пајаковите мрежиrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дрвја „облечени“ во пајажина

    Дрвја „облечени“ во пајажина

    Без сомнеж, пајаците се меѓу најголемите уметници во природата. За нив е невообичаено пајажината да ја плетат во групи, но како и останатиот жив свет, така и тие очигледно се обединуваат за време на елементарни непогоди.rnrnЗа време на поплавите во Пакистан во 2010, за да се спасат од водата, милиони пајаци се преселиле на дрвјата и буквално ги заробиле во пајажина.Дрвја „облечени“ во пајажинаСлични мрежи од пајажина биле пронајдени и во други делови од светот, но сè уште не е докажано на што се должи овој природен феномен. Освен дека најверојатно се работи за нагон за преживување, научната јавност досега не понудила друго објаснување. Како и да е, оваа ретка појава е најчесто поврзана со водата.rnrnСпоред некои мислења пак, се работи за посебен вид пајаци, кои се обединуваат за да заробат повеќе плен, кој потоа го делат меѓу себе, додека поплавата била само коинциденција.Дрвја „облечени“ во пајажинаДрвја „облечени“ во пајажинаДрвја „облечени“ во пајажинаДрвја „облечени“ во пајажинаДрвја „облечени“ во пајажинаrnrnrnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.