КАФЕ ПАУЗА

Tag: падови

  • Кои работи не смеете да ги заборавите секогаш кога се чувствувате обесхрабрено?

    Кои работи не смеете да ги заборавите секогаш кога се чувствувате обесхрабрено?

    Секој од нас во одреден момент од животот доживува подеми и падови кои се едноставно неизбежни. Не постои ниту еден човек кој барем еднаш не почувствувал страв, тага, депресија, разочарување и обесхрабрување. Но, како полесно да се изборите со овие негативни чувства кои можат да бидат сосема нормална реакција по секој неуспех? Еве ги работите кои треба да ги запаметите секогаш кога се чувствувате обесхрабрено.rnrnКои работи не смеете да ги заборавите секогаш кога се чувствувате обесхрабрено?rn

    1. Запомнете да ги предвидите позитивните промени.

    rnЧестопати кога наидувате на пораз се чувствувате како да е крај на светот и како ништо да не може да ви помогне да го надминете нередот во кој сте се нашле. Сосема е нормално да се чувствувате на овој начин. Продолжувате да се фокусирате на негативните работи без да размислите дека воопшто не било лесно да ги постигнете сите досегашни успеси. Во овој случај сè што треба да направите е го смените вашиот начин на размислување и да верувате дека нештата кога-тогаш ќе се подобрат.rn

    2. Запомнете да живеете во сегашноста.

    rnКога сте тажни и разочарани, ја губите контрола над вашиот живот. Клучот е да се фокусирате на сегашноста. Наместо да продолжите да се фокусирате на негативните настани од минатото кои можат да ви ја намалат самодовербата, почнете да размислувате на кој начин можете да ги решите можните конфликти и проблеми.rn

    3. Запомнете да бидете благодарни.

    rnСо текот на годините сите ние стекнуваме знаење за себе и за светот околу нас. Кога ќе наидете на одредени тешкотии во животот, нормално е да почнете да размислувате дека не заслужувате среќа или дека едноставно вашата судбина е да страдате и дека тоа не може да се промени. Сите овие верувања не само што можат да ви ја намалат самодовербата туку и да ви наметнат одредени ограничувања. Размислете понекогаш за позитивните искуства во вашиот живот и зошто не можете да бидете среќни за она што го имате.rn

    4. Запомнете дека животот е неизвесен.

    rnПовеќето од нас го забораваат фактот дека животот е она што се случува овде и сега. Освен, тоа тој е краток и непредвидлив па затоа не вреди да потрошите ниту една секунда размислувајќи за негативните искуства. Запомнете дека секој ден имате можност за позитивен почеток.rnrnОткако прочитавте како полесно да се изборите со негативните чувства на неуспехот, можеби ќе сакате да прочитате и 10 здрави начини да се изборите против неуспехот.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • На секој може да му се случи: Намалете го ризикот да се лизнете и да паднете во кадата, под тушот или на плочките

    На секој може да му се случи: Намалете го ризикот да се лизнете и да паднете во кадата, под тушот или на плочките

    За да ја направите вашата бања побезбедна, ви даваме 10 совети кои може да ви помогнат во намалувањето на ризикот од падови и повреди.rnrnНа секој може да му се случи: Намалете го ризикот да се лизнете и да паднете во кадата, под тушот или на плочкитеrn

    Тргнете ги малите простирки од подот во бањата

    rnТие  се многу опасни на сите подови, без разлика дали се послани врз плочки, пархет или линолеум.rnrnПоголемиот дел од времето, ние се грижиме за нивните бои или шари, а премалку внимание посветуваме на тоа дали се лизгаат од подлогата.rnrnАко не можете без килимчиња во бањата, проверете дали опачината им е направена од материјал кој не лизга или прицврстете ги со двострана леплива лента.rn

    Спречете лизгање во кадата

    rnКадата или тушот секако се најлизгавите површини во бањата. Секогаш треба да имате некоја нелизгава простирка што е добро прицврстена и израмнета.rnrnРабовите не треба да се свиткуваат. Поставете и рачки околу кадата.rn

    Одржувајте максимална чистота во кадата

    rnИ кадата и туш кабината, како и простирката во нив, треба да бидат целосно чисти – без траги од шампон и сапун.rnrnНа овој начин, тие ќе бидат помалку лизгави и нивната отпорност и цврстина ќе траат подолго.rn

    Подот на бањата треба секогаш да биде сув

    rnОва секако не е можно кога во неа има када или туш, но треба да се преземат превентивни мерки за да се одржи подот сув.rnrnВнимателно измерете ја висината на завесата за туширање за да не излегува од кадата или од работ на тушот. Тие секогаш треба да се навлекуваат за водата да не прска на подот.rnrnИсто така, добра е идејата да ставите малите тегови на работ на завесите, како кај собните завеси, за тие да бидат доволно тешки и да стојат на место.rn

    Обрнете поголемо внимание на рачките и држачите во поголемите бањи

    rnОва правило е особено важно ако во домаќинството живеат постари луѓе. Проверете ги природните патеки на движење и поставете ги каде и да почувствувате дека има потреба, затоа што некој може да изгуби стабилност, дури и за момент.rn

    Осветлете ја бањата што е можно подобро

    rnАко имате прозорец во бањата, денски, ова прашање е решено. Сепак, во текот на ноќта, не е потребно само да се има добро осветлено огледало, што им го олеснува шминкањето на многу дами, туку и на делот од влезот во бањата или на аглите каде што се плакарите.rnrnМожеби одговара да вметнете и мало сензорно светло како и да поставите светливи лепенки кои го олеснуваат движењето во текот на ноќта.rnrnНикогаш не оставајте на подот од бањата нешто што инаку не стои таму – соберете ја облеката, крпите, влечките и – ставете ги на друго место.rn

    Нагодете ја височината на ВЦ школката во тоалетот

    rnВЦ школката во тоалетот не треба да биде премногу ниска за кој било член во семејството. Во овој случај, станувањето од неа е тешко, затоа треба да имате соодветна школка или дополнително да поставите држачи.rn

    Купете стол за туширање

    rnВо домаќинствата каде живеат стари лица, таквото столче е задолжително.rnrnИсто така, важно е да се има доколку некој од членовите на семејството има телесна попреченост или дури и минлива повреда. Секогаш е полесно да седнете и станете отколку да легнете во кадата и да излезете од неа!rn

    Вградете туш со прилагодлива височина

    rnОва е важно за сите бањи што имаат корисници со различна височина. При капењето, всушност, сите непотребни движења треба да се минимизираат и треба да ви биде удобно, лесно и едноставно.rnrnПоследното нешто што сакате да го сторите е, во просторијата полна со пареа, да се мачите со тушот кој не можете да го наместите.rnrnОва важи и за утринско капење, кога сè уште сте сонливи, но и за вечерниот тоалет кога сте уморни и желни за сон.rn

    Никогаш не брзајте додека се бањате!

    rnБез оглед колку и да се трудите, бањата секогаш ќе биде лизгава. Доколку брзате, постои огромен ризик од паѓање!rnrnМожеби сакате да дознаете што ви порачуваат директно домаќинките: 5 совети за чиста и уредна бања.

  • 5 лекции кои можете да ги научите само откако ќе изгубите сѐ

    5 лекции кои можете да ги научите само откако ќе изгубите сѐ

    Во животот постојано се соочуваме со подеми и падови на секое животно поле, било да се работи за професионалното или љубовното. Но, сте се обиделе ли некогаш да го промените начинот на кој ги доживувате неуспесите во животот? Што ако би можеле да гледате на негативните работи како можност за учење и развој? Што ако би можеле да ги претворите во позитивни нешта? Животните падови можат да ве научат на многу работи. Бидете отворени и имајте ги предвид следниве неколку совети нареден пат кога ќе доживеете негативно искуство…rnrn5 лекции кои можете да ги научите само откако ќе изгубите сеrn

    1. Ќе ве научи што треба да подобрите кај себе

    rnСекој ден треба да се стремите кон тоа да станувате подобри во што и да правите. Понекогаш забораваме колку е важен личниот напредок. Луѓето честопати се задоволни со тоа каде се моментално и не чувствуваат потреба да напредуваат. Но, секогаш треба да го извлекувате најдоброто од себе во секој аспект од животот. Неуспехот веднаш ќе ви покаже што не функционира и што треба да смените. Тоа ќе ве научи што би требало да правите. Доколку луѓето не сакаат да бидат во ваше друштво, можеби треба да станете подобра и посоцијална личност.rn

    2. Ќе ви покаже што вреди, а што не

    rnСекогаш кога почнуваме да правиме нешто ново, посакуваме да знаеме дали ќе вреди или не. За жал, одговорот не можеме да го знаеме. Но, негативните искуства со текот на времето ќе ви помогнат да одредите дали работите што ги правите ќе ви значат понатаму во животот или не. Ако водите успешен бизнис, но тој ве попречува да поминувате време со семејството, можеби не вреди толку да жртвувате. Ова ќе биде различно за секого. Треба да го одберете она што ве прави среќни, тоа треба да биде вашиот приоритет.rn

    3. Ве подготвува за идните предизвици

    rnПредизвиците се неизбежен дел од секојдневниот живот. Без разлика дали почнувате сопствен бизнис, создавате семејство или решавате да почнете со активно вежбање, поентата е дека секогаш ќе треба да се соочите со некој предизвик. Успесите се супер, но падовите ќе ве подготват за она што следи. Најголемиот личен развој ќе го доживеете кога ќе поминете низ тежок период од вашиот живот, бидејќи тогаш ќе ја согледате вашата вистинска сила и волја. Кога ќе го поминете секој предизвик, ќе станете психички цврсти личности. Тоа ќе направи предизвиците да се чинат помалку тешки.rnrn5 лекции кои можете да ги научите само откако ќе изгубите сеrn

    4. Ќе ја изгради вашата психичка сила и самодоверба

    rnСите знаеме колку е важно градењето на психичката сила и самодовербата во животот. Мора да бидете способни да функционирате кога сѐ ќе се сврти против вас. Ако постојано доживувате само успеси, никогаш нема да ја добиете онаа психичка сила и самодоверба кои ќе ви бидат потребни кога нештата нема да одат онака како што сте си замислиле.rn

    5. Ве мотивира да продолжите понатаму

    rnУпорноста е од витално значење за да постигнете успех. Не е важно дали ја освојувате девојката која ви се допаѓа но не е заинтересирана, или се обидувате да го завршите напорниот проект пред да ви помине рокот. Упорноста е она што ќе ве однесе до целта. Животните неуспеси ја извлекуваат вашата мотивација и вредности. Овие искуства на суптилен начин ве известуваат дека можете да се вратите на нозе и да продолжите напред. Можеби некогаш работите нема да одат онака како што сте очекувале, но наместо да се разочарате и да кренете раце, искористете го тоа како мотивација да станете уште подобри.rnrnПостои генерално верување дека падовите се ужасни и дека тие се доказ за тоа дека не треба да го правите она што го правите. Наместо тоа, променете го начинот на размислување и ќе видите како неуспесите можат да го подобрат вашиот живот и да го направат поубав и поквалитетен.

  • 5 совети со чија помош ќе го надминете секој предизвик

    5 совети со чија помош ќе го надминете секој предизвик

    Секој нов предизвик со себе носи доза страв кој нè тера да се преиспитуваме себеси и нашата цел. Но исто така, предизвикот претставува авантура сама по себе која ни дава чувство на возбуденост и чудна енергија додека се впуштаме во нешто ново и интересно. Но она што е важно е да бидеме свесни дека скоро секогаш, точно пред самиот успех, работите се неизвесни и делуваат како ништо да не е во ред, меѓутоа токму таа ситуација можеме да ја искористиме во наша корист, па на крајот да излеземе поефективни и попродуктивни од претходно. Со други зборови, треба да сме подготвени дека ќе паднеме многу пати, но уште порешителни во намерата секој пат да се исправиме посилни од претходниот.rnrn(1)-5-soveti-so-chija-pomosh-che-go-nadminete-sekoj-predizvik-kafepauza.mkrnrnПостојат многу начини на кои можеме да влијаеме на нашата подготвеност да се избориме со сите предизвици кои ќе се најдат на нашиот пат, но меѓу оние најефективните се следниве пет.rn

    1. Спиење

    rnСекоја активност во нашиот живот подразбира трошење енергија, без разлика дали е тоа психички или физички напор. Согласно на ова, на телото му е потребен одмор со цел да ја обнови енергијата која потоа ќе му биде потребна, односно спиењето е од витална важност за здравиот организам. Па ако знаете дека ве очекуваат напорни денови, дозволете им на телото и умот онолку часови одмор колку што им се потребни за да можете следниот ден да го започнете свежи и подготвени за уште една битка.rn

    2. Бидете трпеливи со самите себе

    rnНишто никогаш не оди како подмачкано, па не треба да се зачудите кога тоа ќе биде случајот и со вас. Никој не е способен сто проценти од времето да функционира најдобро што може и сосема е нормално да правиме грешки, да забораваме работи или едноставно да не сме во форма. Но колку и да мислите дека во тие моменти критиката и самопрекорувањето ќе помогнат, она што навистина може да направи многу повеќе за вас е трпеливоста. Дадете си себеси простор да се вратите во форма. Бидете добри кон себе и поттикнувајте се на оној начин кој за вас функционира.rn

    3. Хранете се здраво

    rnЗдравата исхрана е како гориво за организмот кое ви дава енергија за денот кој е пред вас. Токму поради ова, многу е важно да се исхранувате здраво и да внесувате состојки кои дополнително ќе го потхрануваат вашиот мозок и ќе го негуваат вашето тело. Па така, ако се грижите за своето здравје пред сѐ останато и притоа сакате да бидете способни за попродуктивно функционирање, избегнувајте да јадете храна која влијае лошо на вас.rn

    4. Опкружете се со прекрасни луѓе

    rnНе постои ништо што може повеќе да ве расположи и исполни со енергија. Поддршката од луѓето кои ви се блиски е од огромно значење за вашата умствена и душевна состојба. Многу е полесно кога знаете дека имате луѓе околу вас кои се тука кога и да ви се потребни. Дури и кога ви е потребно само да се издувате некаде и добро да се насмеете. Поради ова е топло препорачливо да се опкружите со пријатно друштво и љубов кога се соочувате со повеќе проблеми, нови предизвици или што и да ви виси над глава.rn

    5. Верувајте

    rnНе секогаш ги имаме одговорите на секое прашање и тоа е во ред. Она што е важно и потребно за да ја решиме секоја загатка со која ќе ги вкрстиме патиштата е вербата во себе и нашата способност да најдеме решение. Кога веруваме во нешто, чудесно е како даваме и повеќе одошто сме мислеле дека можеме. Верувајте во она што го правите, она што сте и ќе бидете исполнети со позитивна енергија која ќе ви даде чувство дека сѐ е можно. А кога верувате дека сѐ е можно, ретко што навистина не е.

  • Што треба да запомните во лошите периоди?

    Што треба да запомните во лошите периоди?

    Секој од нас минува низ лоши периоди во животот. Тогаш ни се чини дека сè заминува надолу и работите никако да тргнат како што треба. Факт е дека ничиј живот не е совршен и секој се соочува со падови, само што некои личности полесно ги пребродуваат лошите периоди. Која е нивната тајна и што треба сите ние да знаеме кога се соочуваме со овие моменти?rnrnШто треба да запомнете во лошите периоди?rn

    Прифатете ја ситуацијата

    rnДоколку имате моќ и влијание да ги смените нештата, дајте сè од себе. Но, постојат работи на кои не можеме да влијаеме колку и да сакаме. Нашето страдање се случува токму поради одбивањето да ги прифатиме нештата. Да, нешто тргнало наопаку, да можело да биде и подобро. Но опседнатоста со таквата ситуација само ќе донесе уште лошо и уште повеќе негативност.rn

    Проблем е само ако вие го сметате за проблем

    rnДа бидеме искрени, најчесто самите себе сме си најголеми непријатели. Сè зависи од нашата перспектива, и како ние гледаме на нештата. Ако нешто го сметате за огромен и нерешлив проблем, многу поголем од вас, тогаш токму така и ќе биде. Среќата е начинот на кој гледаме на нештата. Наместо да го сметате за нешто што ќе ве уништи гледајте го како животна лекција и како нешто во што ќе бидете подобри во иднина.rn

    Ако сакате промена, почнете со самите себе

    rnНадворешниот свет е само рефлексија од нашиот внатрешен свет. Сигурно познавате личности чии животи се еден огромен хаос. Постојано се во брзање, постојано се жалат, постојано ништо не им оди по ќеф. Тоа е така бидејќи самите тие го создаваат тој хаос. Повеќето од нас сосема погрешно ја сфаќаат ситуацијата. Вистината е дека не треба да чекаме да се променат околностите за да се смениме ние, напротив, треба да почнеме од нас, ние да бидеме таа промена која сакаме да ја видиме. Подоцна и околностите ќе се променат.rn

    Не постои неуспех – тоа се вика лекција

    rn

    „Не е дека не успеав. Едноставно најдов 10.000 начини кои не носат успех.“ – Томас Едисон

    rnИзбришете го зборот „неуспех“ од вашиот речник. Многу големи и познати личности доживеале „неуспех“. Тоа се вика лекција. Падот ве учи како да постапите поинаку во иднина. Бидете благодарни за лекцијата, добро запаметете ја и продолжете понатаму.rn

    Ако не го добиете она што го сакате тоа значи дека нешто многу подобро е на пат

    rnКажете што сакате, но во животот сè се случува со причина. Можеби во моментот нема да ви биде јасно зошто тоа ви се случило вам, но подоцна ќе сфатите. Сигурно постои добра причина зошто не го добивте посакуваното работно место. Само бидете трпеливи и достапни за новата подобра и поплатена работа. Само имајте верба дека сè се случува онака како што треба да се случи.rnrnШто треба да запомнете во лошите периоди?rn

    Ценете го сегашниот момент

    rnОва е сегашниот момент, и нема да се повтори. Не се враќа назад, нема да имате можност повторно да го доживеете. Апсорбирајте сè што има да ви понуди. Често сме заглавени во она што се случило вчера или она што ќе се случи утре, па забораваме да го живееме она што ни се случува денес.rn

    Држете ги емоциите на неутрално ниво

    rnНаучете да се справувате со подемите и падовите. Не летајте високо кога ќе ви се случи нешто добро, но и не закопувајте се под земја кога ќе доживеете неуспех. Она што за вас е големо и ви изгледа како да не можете да го апсорбирате во моментот, држете го на неутрално ниво. Верувајте, ништо не е толку страшно колку што ви изгледа сега.rn

    Бидете свесни за своите стравови, но и благодарни за нив

    rnЗа да надминете некој страв едноставно ви треба пракса. Стравот не е вистина, стравот е илузија. Секој се плаши од нешто, и секој од нас го искусил она чувство на тресење на нозете кога се соочува со некој свој страв. Бидете благодарни за вашите стравови. Тие ви носат прекрасно чувство на победа штом еднаш ќе се соочите со нив. Подоцна ќе може да ја свртите главата назад и да им се насмеете победнички.rn

    Дозволете си да доживеете среќа

    rnБи биле изненадени колкав е бројот на оние кои не знаат да им се радуваат на нештата. Секогаш сакаат повеќе, секогаш мислат дека можело да биде подобро и никогаш не се задоволни. Вие не станувајте дел до оваа група личности. Научете да им се радувате на малите нешта, да ги апсорбирате сите убости на животот и дозволете си да бидете весели, вистински среќни за сè што денот ви носи, дури и ако не е толку совршено.rn

    Не споредувајте се со другите

    rnДобро, можеби не изгледате како најпопуларната девојка или момче во училиштето (кој/а и самата се соочува со многу несигурности), но имате толку многу нешта, благословени сте со толку убави работи. Сте се сетиле да бидете благодарни за нив?rn

    Вие не сте жртви

    rnЗаборавете на сожалувањето на себеси. Секому тоа му оди најлесно. Мислите дека ви е тешко? Точно, но не сте единствени. Сте преброделе многу лоши нешта, па гледајте се себеси како победници наместо како жртви. Секогаш е полесно да обвиниш некој друг за својата благосостојба и да си ставиш етикета на жртвено јагне. Бидете силни.rnrnШто треба да запомнете во лошите периоди?rn

    Работите ќе се сменат

    rnСè што било поминало и сè што ќе биде и тоа ќе помине. Ништо не останува исто засекогаш, па така и вие ќе излезете од оваа „каша“. Само гледајте позитивно на нештата бидејќи ако заглавите со негативни мсили и среќата ќе крене раце од вас.rn

    Сè е возможно!

    rnМислите дека оние кои го менуваат светот не доживеале несигурност? Мислите дека никој никогаш не им кажал дека нивните соништа се глупави и смешни? Мислите дека не се буделе среде ноќ препотени и прашувајќи се што им требало да се зафатат со нешто? Не ограничувајте се и не покорувајте се на она што општеството го диктира како прифатливо. Едноставно сè е можно, па тргнете кон тоа што го сакате!

  • 8 тајни на успехот од Елен Деџенерис

    8 тајни на успехот од Елен Деџенерис

    Елен Деџенерис е прекрасна и инспиративна личност. Нејзината оригиналност и храброст да биде тоа што е, ја прават многу популарна личност на која многумина ѝ се восхитуваат. Нејзините зборови се или инспирирачки или смешни, или пак и двете. Еве на што нè учи Елен за успехот.rnrn8 тајни на успехот од Елен Деџенерисrn

    1. За да бидете успешни прво мора да се прифатите себеси такви какви што сте

    rn

    „Убавината значи да ти биде удобно во сопствената кожа. Треба да знаеш кој си и да се прифатиш како таков.“

    rnУспешните луѓе стигнале до успехот прифаќајќи се себеси, а не обидувајќи се да се променат за да ги задоволат туѓите апетити. Секој паѓа под искушение да се промени поради другите, но никогаш не заборавајте дека има луѓе кои ве сакаат такви какви што сте, и многумина што допрва ќе станат дел од вашите животи бидејќи ја сакаат вашата оригиналност и бестрашност. Не можете да бидете успешни ако сте нечија копија или ако пробувате да влезете во „калапот“ наметнат од општеството. Мора да бидете тоа што сте.rn

    2. За да бидете успешни треба да бидете топли личности и отворени за нови познанства и контакти

    rn

    „Светот е полн со страв, негативност и осудување. Мислам дека луѓето треба да се осврнат кон радоста и среќата. Колку и да звучи старомодно, мора да направиме пресврт.“

    rnУспешните луѓе не ги осудуваат другите и не ги оддалечуваат од себе. Не се ладни како камења и им даваат шанса на луѓето. Да, цврсто ќе се држат до своите убедувања, но ќе направат простор за да ги чујат туѓите мислења и ставови бидејќи свесни се дека секој е различен.rn

    3. Успехот бара подготвеност да правите работи кои за вас не се пријатни ниту пак лесни

    rn

    „Пријдете му на непознат на улица и речете му ‘Ти си тоа!’, и побегнете.“

    rnУспешните личности не потклекнуваат под стравот од непознатото. Секако, можат да бидат преплашени но никогаш нема да се вратат назад. Најчесто нештата кои ве плашат се истите оние кои водат до големи успеси.rn

    4. Успехот бара ентузијазам дури и кога доживувате падови

    rn

    „Знаете, многу е тешко да напишете книга. Не можам да избројам колку пати сум пробала, па ми се крши перото, или пак истурам мастило врз напишаното.“

    rnСекој доживува падови, но оние кои се решени да успеат, ќе се исправат и ќе продолжат понатаму. Неуспехот е само една лекција на патот кон целта. Решителноста и тврдоглавоста, неретко ќе ве одведат подалеку од самиот талент.rnrn8 тајни на успехот од Елен Деџенерисrn

    5. Мора да се грижите за себе, без разлика колку сте зафатени

    rn

    „Мора да останете во форма. Баба ми почна да пешачи по 8 километри на ден кога имаше 60 години. Сега има 97 и немаме поим каде по ѓаволите се наоѓа.“

    rnЗанемарувањето на вашето здравје само ќе ве направи мрзливи и ќе се чувствувате исцрпено постојано. Мора да се грижите за себе без разлика колку сте зафатени. Добриот сон, здравата исхрана и движењето се многу важни. Зафатеноста е само изговор да не се грижите за себе.rn

    6. Успехот бара да имате време за себе, да се опуштите и релаксирате

    rn

    „Одолговлекувањето не е проблем. Тоа е решението. Тоа е знак од универзумот кој ви вели стоп, успори, се движиш пребрзо. Слушајте ја музиката. Едноставно, слушајте ја музиката.“

    rnПатот до успехот е да се работи напорно, онолку колку што е потребно, а не да се работи до исцрпување. Доколку се фокусирате само на работа, ќе ја достигнете таа точка на вриење која ќе ве натера да се изгубите себеси целосно. Сите вие воркохолици, не чувствувајте грижа на совест секогаш кога ќе земете малку време за себе. Тоа ви е потребно, неопходно, ако сакате да успеете во што било.rn

    7. За да бидете успешни треба да знаете како да ги зближите луѓето

    rn

    „Толку многу се фокусираме на разликите меѓу нас, и според мене тоа резултира со хаос, негативност и насилство. Мислам дека сите ние треба да се фокусираме на она што ни е заедничко – сите сакаме да бидеме среќни.“

    rnСите се различни и имаат право да бидат. Сè додека се фокусираме на разликите меѓу нас ќе има кавги, негативност и несогласувања. Отворете ги мислите, гледајте подалеку од сопствениот нос, прифатете ги луѓето, зближете ги, ширете топлина. Токму тоа го прават успешните луѓе.rn

    8. За да бидете успешни треба да бидете сурово искрени кон себеси

    rn

    „Понекогаш не можеш да се видиш себеси јасно сè додека не се погледнеш низ очите на другите.“

    rnСекој ден е нова можност да се унапредиш себеси, да пораснеш, да стекнеш нови знаења и искуства. Ако сте успешни не значи дека треба да станете арогантни и да мислите дека сте совршени. Факт е дека сите правиме грешки и сите можеме да бидеме подобри од тоа што сме. Некогаш за да се видите јасно, мора да се погледнете со критичко око.

  • „Детоксикација“ на животот во 5 лесни чекори

    „Детоксикација“ на животот во 5 лесни чекори

    Сите понекогаш чувствуваме дека животот ни е пренатрупан и посакуваме да ја изладиме главата и да се вратиме назад на вистинскиот пат. Има периоди кога се чувствуваме потиснато, флегматично и ни фали инспирација и мотивација. Некогаш тоа се случува поради многу обврски, поминување тежок период во животот или губење надеж поради неостварени сништа. Време е да ја кренете главата и да си ја вратите желбата за нови победи. Еве како да го детоксицирате својот живот во 5 чекори.rn

    „Детоксикација“ на животот во 5 лесни чекори

    rnrn

    Идентификувајте ги вашите слаби точки

    rnВо која област од вашиот живот во моментов се чувствувате потиснато и незадоволно? Дали станува збор за односите во семејството, кавга со пријател, или проблемот е во тоа што не сте доволно вреднувани на вашето работно место? Обрнете внимание на тие полиња. Така ќе знаете на што најмногу да ставите акцент и на што најмногу да обрнете внимание во текот на периодот на детоксикација.rn

    Јадете добро за да се чувствувате добро

    rnНе, не мора да држите диети до изгладнување, но вашата исхрана влијае на толку многу полиња во вашиот живот, така што и вашето расположение воопшто не е исклучок. Брзата и мрсна храна во вашата исхрана заменете ја со свежо сезонско овошје и зеленчук и здрави оброци.rnrnНе мора да се откажувате буквално од сè, држете се до неколку слатки и „забранети“ задоволства. Но со самиот внес на повеќе свежа и здрава храна, вашето тело брзо ќе почне да дава позитивни резултати, а вие ќе се чувствувате подобро знаејќи дека сте воспоставиле некаков ред во исхраната и сте останале доследни до својата одлука. Со детоксикација на животот, секако оди и детоксикација во исхраната.rn

    Пролетно чистење

    rnСе вика пролетно чистење, но не мора да ја чекате пролетта за да се одлучите на таков чекор. Се мисли на генерално и детално чистење на вашиот дом или местото каде работите. Со тоа што доведувате ред во вашата соба и се ослободувате од непотребните работи, ќе чувствувате дека имате целосна контрола над животот. По темелно чистење и вие сте нова личност.rnrnТоа што местото каде живеете и работите е чисто и мириса убаво, ќе направи да се чувствувате подобро и ќе бидете попродуктивни во работата како и во секојдневниот живот. Затоа станете од столчето и темелно средете го секое ќоше од вашата соба. Создадете пријатна и убава атмосфера и ослободете се од сè што не ви треба. Направете некоја промена во поставеноста на мебелот и задолжително преуредете го плакарот. Нели чувството е добро?rn

    Љубов за самите себе

    rnСега е време да ги средите мислите и да направите место за позитивни мисли. Сте знаеле ли дека секој ден во глава ни се вртат околу 70.000 мисли, од кои 90% се истите од претходниот ден? Што значи тоа? Дека вашата мисла го контролира вашето тело и вашите акции. Со тоа што ќе се сконцентрирате на позитивни промени и убави мисли, голема е веројатноста да ги задржите во вашиот ум многу долго време.rnrnПроблемот е во тоа што, ние луѓето сме навикнати да натрупуваме и многу негативни мисли. Со негативните мисли се оддалечуваме од позитивните нешта во животот и се оградуваме од чувството на мотивација и надеж.rnrnЧесто некој внатрешен глас знае да ни каже дека не сме доволно добри, убави, паметни. Прво, знајте ги овие мисли и бидете свесни за нивното постоење. Не игнорирајте ги, но спротивставете им се. Да, јас имам маани, но се прифаќам онаков/ва каков/ва што сум и навистина сум добар/ра во она што го правам. Пробајте да го кажете ова пред огледало. Дали постоењето на внатрешен глас во секој од нас звучи како лудост? Можеби, но не можеме да одречеме дека постои нешто што нè „јаде“ на моменти. Затворете му ја устата.rnrnИмате лош ден? Помирете се со фактот што секој понекогаш има падови и лоши моменти и дека сè се случува со причина. Она што сте имале лош ден можеби е само најава за одличниот кој следува, исто како што сонцето заоѓа за да изгрее наредниот ден. Целата филозофија за посреќен живот започнува со сакање на она што навистина сте и прифаќањето дека имате маани и лоши моменти, баш како и секој човек на планетата Земја.rn

    „Чистење“ на кругот на пријатели

    rnКако што имаме пријатели кои ќе нè мотивираат да бидеме поодговорни и поупорни, така имаме и онакви кои ќе нè натераат да бидеме пасивни и непродуктивни. Имате ли пријателства кои ве задушуваат или просто не ве инспирираат на позитивен начин? Вие сте број еден личноста за која треба најмногу да се грижите. Да, ставањето остра граница за да го спречите влијанието на таквите личности може да биде тешко. Но по одредено време, ќе ви биде јасно од каков товар сте се ослободите. Помислете на себе. Постојат ли личности кои секојдневно се во вашето опкружување, но не ви мислат добро, не се однесуваат добро и на вас влијаат негативно? Ваша е одлуката дали и понатаму ќе им дозволите да влијаат на таков начин.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога трамбулините го возвраќаат ударот

    Кога трамбулините го возвраќаат ударот

    Скокањето на трамбулина е неверојатно забавна активност, но сепак со неа доаѓаат и одредени опасности. Опасностите секогаш се појавуваат кога луѓето сакаат да направат некоја акробација за која не се доволно спремни. Повеќето од овие падови во компилацијата сигурно болеле многу, но сепак нема да можете да се воздржите од смеење.Кога трамбулините го возвраќаат ударотrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кажете му „да“ на сегашниот миг

    Кажете му „да“ на сегашниот миг

    Современиот начин на живеење е исполнет со стрес поради брзиот начин на живот, финансиската несигурност и воопшто, поради неизвесната иднина. За жал, постои одреден јаз помеѓу она што од нас го бараат околностите во кои живееме и она што го налага човечката природа, па оттука не е изненадување тоа што луѓето бараат начин како да се справат со стресот.rnrnСпоред психологот Мелани Гринберг еден од начините за тоа да се постигне, е да се забави со темпото на живеење така што грижите за минатото и иднината ќе се заменат со повеќе внимание на сегашноста. Еве кои начини ни ги предлага таа за постигнување на оваа цел.rnrnКажете му „да“ на сегашниот мигrnrnФокус на она што се случува со сегашниот миг Размислувањето за непријатните моменти од минатото всушност претставува нивно враќање во сегашноста, при што одново се поминува низ истото горчливо искуство. Тоа ќе ве натера на иднината да гледате со песимизам и ќе ве исполни со стрес. Поштедете се од таквото гледиште затоа што никој не може да ја предвиди иднината и наместо тоа сконцентрирајте се само на она што се случува овде и сега.rnrnЦелосна присутност – Бидете свесни за она што го искусувате во сегашноста. Што гледате, слушате или мирисате сега? Како се чувствувате поради тоа?rnrnОтвореност за нови искуства – Дозволете си да бидете љубопитни. Наместо да мислите дека нема да успеете поради лошите искуства, прифатете ги новите предизвици од сегашноста и љубопитно почекајте да видите какво искуство ќе ви донесат овој пат.rnrnНе судете – Начинот на кој ги прифаќаме новите нешта зависи од чувствата кои сакаат да нè заштитат од нешто или да нè тераат да дејствуваме кон нешто. Потрудете се да ги прифатите работите со отворен ум без да судите.rnrnПрифаќање на работите такви какви што се – Немојте да се залажувате дека реалноста е или треба да биде онаква како што вам ви одговара. Така ќе завршите со чувство дека сте жртва и ќе се жалите дека животот не бил фер кон вас. Согледајте ја реалноста и станете свесни за неа, имајќи предвид дека можете да се приспособите и да ја толерирате или да се борите за да промените нешто. На тој начин ќе го прифатите и фактот дека и другите најдобро знаат што е добро за нив.rnrnСвесност за поврзаноста со природата Околината не е нешто од кое треба да се браниме. Ние сме дел од неа и оттаму добиваме нешта кои ни се потребни: храна, убавини, можности… Сите живи ентитети во природата сакаат да бидат задоволни и според тоа не сме сами во справувањето со стресот и проблемите во бесконечната потрага по задоволство.rnrnБез приврзување – Не приврзувајте се премногу за луѓе, предмети или искуства, затоа што во современиот начин на живот тешко дека ќе успеете да ги зачувате сите нешта што сте ги сакале и уште ги сакате. Останете независни од нив, затоа што преголемата приврзаност кон нештата извира од стравот и претставува основа за страдање. Сè тече, сè се менува. Една врата се затвора, друга се отвора.rnrnОстанете смирени – Животот си има свои подеми и падови. Во која било етапа да се наоѓате, знајте дека таа ќе заврши. Кога минувате низ лош период, останете присебни и доследни на вашите вредности и ставови и мирно продолжете кон остварување на вашите цели.rnrnСочувство – Третирајте се и себеси и другите луѓе со љубезност и сочувство. Наместо да осудувате, бидете отворени за туѓите проблеми, обидете се да ги разберете и не колебајте се да сочувствувате. Сочувството е една од основните човечки потреби која се остварува преку врските со другите. На тој начин брзо ќе сфатите дека не сте сами во калта од проблеми.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 победнички навики на успешните

    5 победнички навики на успешните

    Успешните луѓе се навистина фасцинантни. Наместо да им се завидува, од нив треба да се учат здрави победнички навики. Тие треба да се набљудуваат и анализираат и да се црпи најкорисното од нив. Еве неколку од нивните победнички тактики.5 победнички навики на успешните

    rnrn

    Имајте крајна цел

    rnДали се чувствувате изгубени кога правите нешто, а не знаете каде тоа ве носи? Луѓето кои постигнуваат успеси на сите полиња, секогаш ја имаат целта во глава. Тие знаат што сакаат и се посветуваат целосно кон остварување на замисленото. Кога имате поставено цел, имате и на што да се фокусирате. Доколку немате цел, секогаш ќе талкате наоколу, чувствувајќи се изгубено. Секогаш имајте на ум што треба да правите, така ќе си помогнете полесно да стигнете таму.rn.rn

    Имајте причина

    rnИмањето крајна цел е само еден мал сегмент од целата приказна. Победниците секогаш имаат причина зад нивните намери. „Патувањето“ кон вашата цел е полно со препреки. Повеќето луѓе се откажуваат на половина пат затоа што немаат конкретна причина за она што го прават. Како и да е, оние кои имаат силни причини, имаат и поголеми шанси да ги „прерипаат“ препреките. Веројатноста да се откажете е многу поголема доколку немате причини за она што го правите. Како на пример, доколку имате за цел да изгубите 10 килограми од вашата тежина, знаете дека оваа задача нема да ви биде воопшто лесна. Но, доколку си речете дека без тие 10 килограми ќе изгледате фантастично за време на свадбата на која ќе присуствувате, задачата е веќе на повисоко нив и вие влегувате мотивирани и фокусирани.rn5 победнички навики на успешнитеrn

    Детално планирање на времето

    rnВремето е еден од најважните ресурси. Можете да трошите пари, а потоа да успеете да најдете начин како да ги вратите назад, но за времето тоа е невозможно. Морате да бидете претпазливи како го трошите. Доколку сакате да си ги  исполните целите, сигурно поголемиот дел од денот не треба да го потрошите гледајќи телевизија или дружејќи се со пријателите.rnrnВодете бележник за секој саат од денот. Ова во денешно време можете да го правите со многуте апликации, кои можете да ги користите онлајн или на вашиот мобилен телефон. Доколку сте решени навистина да успеете, посветете се на поважните обврски, наместо да се опуштите.rn.rn

    Имајте поддржувачи

    rnСекогаш е полесно да се откажеш кога си сам. Соберете или формирајте поддржувачка група која ќе ви помогне на патот до успехот. За да креирате ваква група, потребно ќе ви биде да најдете истомисленици кои сакаат да постигнат слични цели на вашите. Групата обидете се да биде помала, од двајца до максимум шест луѓе, кои морате да ги одбирате внимателно. Одберете луѓе кои се позитивни, ориентирани кон успехот и со слични ставови.rnrn5 победнички навики на успешнитеrn

    Обидувајте се повторно и покрај падовите

    rnТешко е да се погоди метата од прва. Затоа вистинските победници  никогаш не се откажуваат. Има многу нешта кои не ги знаеме во животот, па грешките ни помагаат да научиме нешто ново. Имајте на ум дека секогаш можете да научите побрзо, доколку се обидувате почесто во краток временски период, а притоа не успевате да постигнете успех. Со побавно реагирање, учењето е со побавно темпо. Кога преземате нешто побрзо, учите забрзано и почнувате да разбирате кои работи функционираат, а кои не.rnrnЗа време на процесот на учење можеби ќе се соочите со многу фрустрации. Како и да е, никогаш не  откажувајте се. Секогаш обидувајте се со нови идеи кои сте ги создале за време на целиот процес. Нема краток пат низ овој процес.rn5 победнички навики на успешнитеИсто така, можете да најмите и ментор или тренер. Без разлика дали целта ви е да ослабете или да отворите компанија за профит, неговото искуство ќе ви биде добредојдено на патот кон постигнување на целта. Бидејќи тие сигурно веќе го поминале тој пат, ќе работат со вас и ќе ви помагаат заедно да ги пребродите предизвиците.rn