КАФЕ ПАУЗА

Tag: овошен сок

  • Добри и лоши страни: Како детоксикацијата со сокови делува на организмот?

    Добри и лоши страни: Како детоксикацијата со сокови делува на организмот?

    Без разлика дали детоксикацијата со сокови ја спроведувате неколку дена или пак цела недела, во вашето тело дефинитивно ќе дојде до промени поради драстичното намалување во внесувањето на калории, масти и протеини. Некои од тие промени се добри, бидејќи ја поттикнуваат детоксикацијата, но секако треба да се спознаат и негативните страни на детоксикациските сокови.rnrnПовеќето програми за детоксикација со сокови подразбираат внесување на сокови од различни видови зеленчук и овошје. Тие сокови содржат многу сорбитол или глуцитол. Тоа е вид шеќер кој поттикнува насобирање на вода во цревата, поради што има лаксативно дејство. Својот дигестивен систем дефинитивно ќе го прочистите, но подгответе се за дијареи и не заборавајте да го зголемите внесувањето на вода.rnrn1-dobri-i-loshi-strani-kako-detoksikacijata-so-sokovi-deluva-na-organizmot-www.kafepauza.mk_rn

    1. Хормони

    rnКога на телото ќе му го ограничите внесот на калории, тоа влегува во стадиум на гладување, а ова предизвикува хормонска нерамнотежа. Нивото на хормони во вашето тело ќе биде слично на она ниво што сте го имале пред да влезете во пубертет и тоа ќе го забележите веднаш после неколку дена. Тоа може да ја наруши конзистентноста на менструалниот циклус, особено ако ги практикувате детоксикациските сокови во периодот кога вашата менструација треба да започне.rn

    2. Мускули

    rnСоковите не содржат протеини. Но, вашето тело не е свесно дека не внесувате протеини, па тоа ќе продолжи и понатаму да ги разградува, исто како да ги внесувате, но сега оние од мускулите. Ако детоксикацијата со сокови трае една недела, тоа може да предизвика значајно намалување на мускулната маса, дури до 300 грама мускули дневно. Тоа за вас значи побавен метаболизам и помалку трошење калории во стадиум на мирување.rn

    3. Телесна тежина

    rnДефинитивно ќе го намалите бројот на непотребните килограми, но не оние кои сакате. Гликогенот во вашето тело, кој доаѓа од јаглехидратите, му помага на телото во задржување на водата. Кога ќе започнете со детоксикација со сокови, ќе ја исфрлите целата непотребна вода преку мокрење, но изгубените килограми всушност ќе бидат еднакви на изгубената вода. Тие килограми ќе ги вратите веднаш по завршувањето на детоксикацијата.rn

    4. Нивото на енергија

    rnСамо затоа што драстично го намаливте внесот на калории, тоа не значи дека и вашето тело ќе престане да ги троши. Помалото внесување на калории значи помалку гликоген и помала количина на енергија. Ќе започнете да чувствувате слабост и хроничен умор.rnrn2-dobri-i-loshi-strani-kako-detoksikacijata-so-sokovi-deluva-na-organizmot-www.kafepauza.mk_rn

    5. Метаболизам

    rnПоради намаленото мускулно ткиво, телото ќе троши помалку калории во состојба на мирување. Ако изгубите околу 1 килограм мускулно ткиво, секој ден ќе трошите околу 15 калории помалку. Ако детоксикацијата со сокови трае кратко, побавниот метаболизам е моментален и брзо ќе се врати во нормала. Но, ако детоксикацијата со сокови ја практикувате подолго време или премногу често, тоа може да остави долгорочни штетни последици врз работата на вашиот метаболизам.rn

    6. Расположение

    rnСоковите не содржат масти и протеини, соединенија кои му се потребни на вашето тело за да произведува невротрансмитери. Тие го регулираат расположението и помагаат во спречување ненадејни промени на расположението. Токму поради тоа, детоксикацијата со сокови може да предизвика нагли промени во расположението и раздразливост.rn

    7. Срце

    rnДетоксикацијата со сокови има позитивно влијание на здравјето на срцето. Неколку дена на детоксикација со сокови може да помогне во регулирање на холестеролот и намалување на нивото на крвниот притисок. Исто така, може да го регулира нивото на шеќер и осетливоста на телото на инсулин.rnrn3-dobri-i-loshi-strani-kako-detoksikacijata-so-sokovi-deluva-na-organizmot-www.kafepauza.mk_

  • 10 здрави оброци за повеќе енергија и помалку килограми

    10 здрави оброци за повеќе енергија и помалку килограми

    Следните 10 оброци, според нутриционистите, можат да придонесат за значително намалување на прекумерната телесна тежина, бидејќи заситуваат и содржат прилично малку калории. Едноставни се за подготовка, вкусно звучат и докрај ќе ги наполнат вашите батерии.rnrn10 здрави оброци за повеќе енергија и помалку килограмиrn

      rn011

    • Овесна каша со боровинки, мед и ореви. Одлична порција нискокалоричен појадок.
    • rn011

    • Мусли со свежо исцеден овошен сок или со млеко (по избор). Се разбира, само една полна чинија. 🙂
    • rn

    rn10 здрави оброци за повеќе енергија и помалку килограмиrn

      rn011

    • Сварени овесни зрна (може и други видови зрна) со кисело млеко или со овошни плодови и една до две супени лажички ленено масло.
    • rn011

    • Овошна салата – портокал, јаболко, круша, банана, сето тоа ситно исецкано и прелиено со свежо исцеден сок од лимон.
    • rn

    rn10 здрави оброци за повеќе енергија и помалку килограмиrn

      rn011

    • Сендвич – диетален леб со семки, варено пилешко месо, малку безмасно тврдо сирење и зелена салата.
    • rn011

    • Урда со сушени плодови (Особено се корисни урмите. Земете два до три плода, исечете ги на мали парчиња и смешајте ги со урдата).
    • rn011

    • Омлет со билки и свеж зеленчук. За оброкот да биде комплетен, доволни се 2-3 јајца и вашиот омилен зеленчук.
    • rn

    rn10 здрави оброци за повеќе енергија и помалку килограмиrn

      rn011

    • Кисело млеко со банана, јаболко и корнфлекс (потребни се: половина банана исечена на парчиња, половина ситно исецкано јаболко и 2-3 супени лажици корнфлекс).
    • rn011

    • Каша од хељда со млеко (јадење кое е многу богато со железо)
    • rn011

    • Салата од авокадо, 2 јајца и рендано сирење. Сечете и декорирајте по желба.
    • rn

    rn10 здрави оброци за повеќе енергија и помалку килограми
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Напијте се чаша здравје секој ден!

    Напијте се чаша здравје секој ден!

    Најверојатно досега сте ја слушнале фразата „Вие сте она што го јадете“. Но, вие сте и она што го пиете, бидејќи пиењето многу течности, може да му помогне на вашиот организам да се ослободи од токсините, кои можат да бидат предизвикувачи на тешки болести. Течностите, исто така можат да ви помогнат повеќе часови да се чувствувате сито, благодарение на што, ќе јадете помалку храна. Ова е добра вест, бидејќи одржувањето на здрава телесна тежина, може да го намали ризикот од заболување од неколку видови рак. Но, не секој пијалак ја има таа моќ. Во продолжение ви ги прикажуваме предностите и слабостите на популарните пијалаци.rnrnНапијте се чаша здравје секој ден!rn

    Кафе – шолја полна со здравје

    rnЗдравствени придобивки: Антивоспалителните и антиоксидантските својства кои ги има кафето, може да спречат заболување од дијабетес, срцев удар и некои видови рак.rnrnШто да избегнувате? – Додатоци за кафе, како шеќер, млечна пена, шлаг, преливи и млеко, бидејќи тие можат да додадат просечно околу 700 калории на само една шолја кафе. Кафето само по себе, нема калории. Пресметајте колку масни наслаги е тоа во обем, доколку пиете секој ден по две шолји.rnrnПрепорачлива дневна доза: Кофеинот може да предизвика загуба на течности, поради што вашето тело, може да има тешкотија да се ослободи од токсините. Затоа држете се во граници од 200 до 300 милилитри чисто кафе, без додатоци.rnrnНапијте се чаша здравје секој ден!rn

    Овошен сок – одберете некој со помалку шеќер

    rnЗдравствени придобивки: Сокот од овошје е одличен начин за внесување на многуте витамини кои му се потребни на вашето тело.rnrnПрепорачлива дневна доза: Обидете се да не пиете повеќе од една чаша од тетрапак сок дневно, бидејќи тој е полн со шеќери.rnrnСовет: Гледајте почесто да пиете свежо цеден сок, или кога веќе купувате, одберете го оној на чија амбалажа пишува 100% природен сок (не пијте сирупи на растворување). На овој начин, ќе ги избегнувате штетните засладувачи и големиот број внесени калории.rnrnНапијте се чаша здравје секој ден!rn

    Чај – белиот е најдобар

    rnЗдравствени придобивки: Чајот го забрзува вашиот метаболизам, што може да ви помогне да одржувате здрава телесна тежина. Уште повеќе, антиоксидансите кои ги има во чајот, можат да му помогнат на вашето тело да се ослободи од токсините, како и да ги спречат абнормалните клетки да се претворат во рак, вели Националниот институт за рак.rnrnЗнајте кој е вашиот најдобар избор! – Сакате да се „наполните“ со антиоксиданси? Тогаш пијте бел чај. Зелениот чај е вториот најдобар избор. Црниот чај, има помалку антиоксиданси кои се борат со ракот.rnrnШто да избегнувате? – Избегнувајте да ставате шеќер или засладувачи во шолјата чај, бидејќи тие додаваат многу калории на пијалакот.rnrnПрепорачлива дневна доза: Лимитирајте ја консумацијата на не повеќе од 1 литар незасладен чај дневно и пијте поголеми количини вода.rnrnНапијте се чаша здравје секој ден!rn

    Газиран сокови – избегнувајте ги секогаш кога е тоа можно

    rnБидете внимателни со консумацијата на газирани пијалаци. Диетални или не, тие секако не се воопшто здрави. Уште полошо е тоа што, газираните сокови е лесно да се пијат во големи количини, но не ви даваат чувство на ситост. Така, вие продолжувате да ја полните повторно и повторно чашата и никогаш не се чувствувате задоволно.rnrnШтетни состојки: Во лименка со газиран сок од 0,33 мл има скоро 150 калории, кои можат да ви наталожат масти во пределот околу стомакот и да го зголемат ризикот од заболување од рак, вели Американскиот институт за истражување на ракот. Плус, фосфорот кој го има во газираните сокови, им отежнува на коските да апсорбираат калциум, што од своја страна ве става на ризик од фрактура на коските и остеопороза.rnrnНапијте се чаша здравје секој ден!rn

    Нека водата биде вашиот омилен пијалак

    rnНа врвот на листата на здрави течности, дефинитивно е водата. Можете да пиете по колку чаши сакате на ден. Водата ја одржува хидратацијата на вашите мускули, така што физичката активност е поедноставна и со со поголема продуктивност.rnrnЗдравствени придобивки: Пиењето вода пред и за време на оброците ви го полни стомакот и спречува да изедете храна во прекумерни количини. Исто така, внесувањето доволно течности во организмот е дел од секоја здрава диета.rnrnНапијте се чаша здравје секој ден!rnrnСовет: Запомнете, повеќето од витамините, хранливите материи и антиоксидансите треба да ги внесувате преку природно овошје и зеленчук, а не преку пијалаци.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.