Погледнете ја сликата и одберете го оригамито што најмногу ви се допаѓа. Тоа ќе ви открие нешто повеќе за вашиот карактер како и сите ваши силни и слаби страни.rnrnrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Кафеава птица бр. 1″ active=”false”]Можете да се опишете како скептик и реалист кој не сака да лебди во облаци и стои цврсто на земјата. Така, препреките ги надминувате без одложување, а во бизнисот се обидувате да покажете издржливост и трудољубивост. Секогаш ги следите вашите планови и постојано се обидувате да направите сè како што треба.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Зелена птица бр. 2″ active=”false”]Секогаш прибегнувате кон логика, а тоа ви помага да ги спроведете сите замислени планови. Освен тоа, ги забележувате малите детали кои другите не се во состојба да ги видат. Сакате сè да организирате и тоа ви помага во животот. Од друга страна сакате да бидете центар на вниманието, но и да го истражувате светот околу вас.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Жолта птица бр. 3″ active=”false”]По природа сте романтична личност која сака да биде во облаци. Ја цените вашата слобода и не ги сакате пречките. Најчесто претпочитате сами да го поминувате времето што ви дава можност да добиете нова енергија. Имате филозофски поглед кон животот. Креативни сте, одговорни, но честопати имате хаотичен пристап кон работата.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Портокалова птица бр. 4″ active=”false”]Сите знаат дека сте добар и љубезен пријател. Имате добро срце, а вашата помош е секогаш ценета и добредојдена. Отворена, емотивна и пријателска личност сте по природа, но честопати ги земате нештата при срце. Така, долго време можете да чувствувате огорченост во себе и не можете да ја процените ситуацијата. Заштитнички сте настроени кон вашите ближни.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Виолетова птица бр. 5″ active=”false”]Свесни сте за убавината на светот, го сакате животот и не можете да живеете без авантурите кои животот постојано ви ги нуди. Не сакате да бидете без работа, па така постојано правите нешто, а на работа сте вредни и упорни. Вашите главни карактеристики се посветеноста и трудољубивоста. За вас, главен е резултатот, а не односот на колегите кон вас. Сонувате за сопствен бизнис, а тоа можете да го постигнете само со упорност и напорна работа.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој мал тест, можеби ќе сакате да направите и друг тест кој ќе ви открие која ваша способност може да ви го промени животот.rnrnИзвор: atma.hr
Уметникот Кристијан Маријанчуич цели 1.000 дена правел по едно оригами во форма на жерав. Откако го завршил проектот направил пауза, но одвреме-навреме и понатаму прави по некое мало ремек-дело.rnrnrn
„Си дозволувам да истражам повеќе теми и техники и да најдам инспирација и на други места.“
rnrnrnОва се неговите најнови креации. Некои од нив се инспирирани од грчката митологија, некои од јапонскиот фолклор, а некои пак ја прикажуваат природата и неговите лични искуства. Уживајте во оваа неверојатна колекција.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПродолжува на следната страница…rnrn
Сетот од керамички прибор за јадење кој е инспириран од оригами изгледа како вистинска свиткана хартија обликувана во форма на чинии. Совршени се за свечена вечер, зарем не?rnrnrnrnКерамичката уметница Анџелина Ерхон од Хамбург, ја креирала оваа занимлива серија садови која вклучува плитки чинии, длабоки чинии, филџани и вазни. За изработка на садови како овие, дизајнерката морала прво да креира примарен модел, потоа да обликува гипсен калап и дури потоа да создаде ваква керамика.rnrnrnrnФиналниот производ е керамика која изгледа како преклопена хартиена структура. Сите чинии се 100% рачна изработка од Хамбург, а зависно од големината, цената варира од 10 до 50 долари.rnrn
Земете парче хартија, превиткајте го неколку пати и покажете им ја магијата на јапонските оригами на вашите најмали. Тие ќе бидат воодушевени од начинот на кој ќе успеете да трансформирате едноставен лист хартија во риба, птица и други животни со само неколку брзи движења. Во нивните очи, вие ќе станете вистински магионичар.rnrnКучеrnrn
Кога се чувствувате како да сте ја изгубиле онаа искра или оној полет кој ве исполнувал, а не станува збор за тоа дека сте влегле во години кога страста им отстапува место на мудроста и мирот и сакате просто само да си живеете, тогаш време е за реинсталација на животната радост. Кога еднаш ќе решите дека тоа е приоритет во вашиот живот, нема да би виде тешко да обрнете малку внимание и на себе. Добрите искуства на оние кои успеале да се хармонизираат и да се фокусираат на позитивните работи предлагаат неколку едноставни чекори за достигнувањето на ваквата цел.rnrnrn
Шетајте секој ден
rnАко првото нешто што го помислувате за овој предлог е тоа дека немате време за прошетки, значи дека сѐ уште се борите со приоритетите. Сфатете го ова како предизвик и пронајдете ги тие 20 минути во денот, кога само ќе пешачите. Освен тоа што движењето е неопходно, тоа е и здраво, па ќе му направите и голема услуга на вашето тело и вашиот организам, воопшто.rn
Направете листа на работите кои најмногу сте ги сакале во детството
rnТоа во вас ќе ја разбуди онаа енергија со која сте вибрирале кога сте биле деца, кога светот бил нов за вас и секое задоволство било едноставно и интензивно. Трикот е во тоа да го повикате ова чувство, а телото ќе реагира со будењето на енергијата. Сигурно ќе пронајдете и некои работи во кои и сега ќе уживате, но сте заборавиле дека го можете тоа.rn
Прочитајте некоја посебна инспиративна книга
rnПронајдете некоја книга која за вас содржи моќна порака и може одново и одново да ве инспирира, без оглед на тоа колку пати досега сте ја прочитале. Доколку немате идеја што да читате, тогаш „Жените кои трчаат со волците“ од Клариса Пинкола Естес е добар избор.rn
Направете нешто со свои раце
rnОбидете се најпрвин со оригами – јапонска техника на уметничко превиткување на хартија која не бара од вас да бидете уметник. Само следете ги упатствата и лесно ќе создадете најразлични форми. Не е важно колку сте невешти да наравите нешто, важен е фокусот на физичката работа, на трудот и концентрацијата на работата со рацете. На енергетско ниво, вниманието посветено на мануелната активност ослободува неколку важни центри во вашиот мозок и телото и им дозволува да се поврзат и регенерираат на сличен начин како што тоа го прави сонот.rn
Напишете си писмо во минатото, сегашноста и иднината
rnПостојат работи за кои не сте свесни сè додека не почнете да ги вербализирате. Кога се обраќате на самите себеси, вие сте безбедни и можете да напишете сè што ќе ви падне на памет без она чувство кое го имате кога разговарате со некој друг – дека тоа е глупаво, срамно или дека нема да наиде на разбирање. На овој начин се поврзувате со својата суштина, која била, е и ќе биде вашето битие.rn
Простете им на сите кои ве повредиле
rnНајпрвин треба да се сетите на најтешките повреди, а тие веројатно се оние личности кои безусловно сте ги сакале и обожавале, но таа љубов не ви била возвратена. Ќе откриете дека не сте простиле многу работи и дека не сте надминале многу моменти за кои сте мислеле дека сте го направиле тоа. Можеби ќе откриете дека тоа чувство е многу подлабоко отколку што мислите. Менталните техники тука наоѓаат голема примена: Опуштете се, дишете рамномерно и визуализирајте ја врската меѓу вас и личноста која ве повредила. Потоа, обидете се со некој алат кој ќе го замислите, како на пример ножици, да ја пресечете таа врска на која претходно ќе ѝ дадете форма на конец. Доколку не успеете тоа да го направите уште на првиот обид, тогаш повторувајте ја постапката сè додека не пронајдете начин да ја прекинете врската и да се ослободите од минатото.
Сè уште не сте ја украсиле новогодишната елка и немате инспирација на кој начин да го направите тоа? Ако одењето во маркет пред празниците за вас е мачење и сакате да ги избегнете гужвите, но и да заштедите, одлична идеја е сами, со помош на ножички и хартија, да изработите оригинални украси за вашата елка. Заборавете на стандардното украсување како што се светликавите сијалички, лампионите и украсите со Дедо Мраз, снегулки и ирваси, туку украсете ја елката со оригами во облик на дијамант. Вашата елка ќе изгледа богато, раскошно, но и ќе заштедите. Ќе добиете прекрасен украс, и тоа бесплатно.rnrnrnrnЧекор 1: Изберете хартија во бела боја во облик на квадрат.rnrnrnrnЧекор 2:Потоа превиткајте го како триаголник (како што е покажано на фотографијата).rnrnrnrnЧекор 3:Расклопете го листот и повторно склопете го на другата страна од агол до агол.rnrnrnrnЧекор 4:Потоа расклопете го листот за да добиете облик како на фотографијата.rnrnrnrnЧекор 5:Следниот чекор е да го свиткате листот од дното кон врвот.rnrnrnrnЧекор 6: Потоа листот свиткајте го наопачки, односно обратно од претходниот пат.rnrnrnrnЧекор 7: Потоа расклопете го листот за да добиете облик како на фотографијата.rnrnrnrnЧекор 8:Нежно свиткајте го листот навнатре.rnrnrnrnЧекор 9: Започнете да го виткате листот на начинот кој е прикажан на фотографијата.rnrnrnrnЧекор 10:Завртете го листот за 180 степени и виткајте го од страна. Кога ќе завршете со виткањето, исечете го горниот дел.rnrnrnrnЧекор 11:Сега доаѓа малку потешкиот дел. Поставете го листот така што да се отвора накај вас и отворајќи го по малку (од левата страна), соберете го на десната страна. Притиснете го преклопот на врвот и свртете го налево.rnrnrnrnЧекор 12:Истата работа направете ја и од десната страна.rnrnrnrnЧекор 13: Потоа виткајте ги ќошевите на листот.rnrnrnrnЧекор 14:Следното нешто што треба да го направите е да го размотате листот.rnrnrnrnЧекор 15:Завиткајте ги ќошовите навнатре. Истото направете го и со другата половина за да добиете облик на дијамант.rnrnrnrnЧекор 16: Ставете малку лепак на аглите и нежно притиснете ја едната половина на дијамантот на другата.rnrnrnrnПостапката е готова. Наместо бела хартија можете да користите и во боја, а за да биде украсот што поефективен украсете го со светки, спреј или испишете некоја порака, омилениот стих или нацртајте нешто.rnrn
Многу уметници ја користат древната јапонска уметност оригами во креирањето на своите дела. Архитектите не се исклучок од оваа појава, па затоа имаме привилегија да уживаме во некои прекрасни градби за кои инспирацијата е црпена оттаму. Тоа најчесто се музеи, но има и административни згради, куќи, научни центри, па дури и капели.rnrnЧоколадниот музеј Нестле во Мексико СитиrnrnМузејскиот комплекс Каруизава Во Нагано, ЈапонијаrnrnМузејот на уметноста во Тел Авив, ИзраелrnrnФестивалската сала на Тиролер Фестшпиле во Ерл, АвстријаrnrnЖелезничката станица Ориенте во ЛисабонrnrnИнсталација на саем во ШангајrnrnЦентарот за обновлива енергија и технологија во Нингбо, КинаrnrnЗградата на Министерството за здравство во Билбао, ШпанијаrnrnЗградата на банката Берклис во ПаризrnrnКапелата во болницата Сен Луп во Помпапле, ШвајцаријаrnrnКуќа во АвстралијаrnrnПавилјонот во паркот во Куенка, ШпанијаrnrnКуќа во БарселонаrnrnБензинската пумпа Хелиос Хаус во Лос Анџелесrnrn rnrn
Иако живееме во време во кое парите предизвикуваат многу стрес, уметниците успеваат да најдат начин од нив да создадат нешто кое што ќе го привлече човечкото око, ќе ги задоволи естетските потреби и ќе предизвика задоволство.rnrnrnrnМанигами е токму таква уметност која се изработува со пари. Тоа е варијанта на добро познатата традиционална јапонска уметност на превиткување на хартијата во различни форми наречена оригами. Поимот оригами доаѓа од зборовите „ору“ (превиткување) и „ками“ (хартија), а името манигами значи оригами од банкноти.rnrnrnrnЗа разлика од вообичаените манигами-дела, примероците на јапонскиот уметник Хасегава Јосуке се издвојуваат со својата инвентивност и оригиналност. Тој банкнотите ги превиткува на начин што од нив создава портрети на лидерите чии ликови се наоѓаат на нив, а притоа секој од нив носи шапка соодветна на земјата од којашто доаѓа.rnrnrnrn