Да, за секоја жена организирањето на гардероберот е кошмар! Во состојба сме да купуваме и купуваме, да насобираме и насобираме работи во гардероберот, а потоа до бесконечност да го одложуваме моментот кога сето тоа ќе го средиме и здиплиме. Можеби ви е досадно, но средувањето на гардероберот ќе ве чека, одложувале вие или не.rnrnСо помош на овие мали трикови и совети ќе го организирате вашиот гардеробер на лесен и брз начин.rnrn
rnrnСортирање во купови: Започнете така што сè, буквално сè од гардероберот ќе префрлите на креветот. Потоа започнете да ги групирате: маиците во еден куп, блузите во друг, панталоните во трет и така натаму, сè додека не ја прегрупирате целата облека. Поделбата на облеката за преку ден и навечер или зимска и летна облека е исто така корисна за снаоѓање подоцна.rnrnСредување на куповите: Сега сите тие купови „прочистете“ ги и исфрлете сè што не ви се допаѓа, ви е мало или не го носите. Не, нема да ви затреба и не, нема да го носите, ако веќе не сте го носеле со години.rnrnОрганизирање по категории: Бидејќи веќе направивте купови, а потоа го исфрливте вишокот облека од секој од нив, сега започнете уредно да ја диплите облеката по категории. Панталони, блузи, џемпери и се така додека не распределите сè.rnrnОрганизирање по боја: За да ви биде уште полесно да се снајдете, облеката можете да ја организирате според боите.rnrn
rnrnКога сето тоа ќе го средите, можете да започнете да го средувате гардероберот. Нека на секоја полица биде ставена само една категорија облека, а во убави кутии можете посебно да ја спакувате вашата долна облека, чорапи, марами и слично.rnrnАко имате повеќе исти работи, на пример неколку идентични бели блузи, намалете го бројот на дупликати на минимум. Не ви се потребни толку исти работи, а исто така, тие само ви прават гужва.rnrnНаправете попис на својата облека: Слободно забележете сè што ви е потребно, а што веќе имате. Така својот шопинг во иднина ќе го направите рационален и покорисен.rnrnПретпоставуваме дека во текот на овој процес сте пронашле многу работи кои долго не сте ги носеле, а многу ви се допаѓаат. Ставете ги на врвот на купот, за да ви бидат „пред очите“ кога следниот пат ќе се пожалите дека нема што да носите.rnrnСега, кога сè е уредно и организирано – време е за ново пополнување на гардероберот! Бидејќи сега имате доста слободно место! Да, шопингот и средувањето на гардероберот чинат еден маѓепсан круг од кој нема излез…rnrn
Tag: организирање
-

Одлични трикови за организирање на гардероберот кои мора да ги испробате
-

Неколку совети за идните студенти: Започнете мудро за да ве следи академски успех!
Автор: Магдалена АрнаудоваrnrnСтудентските денови се едни од највозбудливите, а воедно и најнезаборавните денови во нашиот живот. Со започнувањето на студентскиот живот, всушност влегуваме во една етапа во која стекнуваме нови пријателства, нови искуства, а донесуваме и некои одлуки коишто ни влијаат на понатамошниот живот. Сепак, она што доаѓа е ново и непознато, па затоа е потребно да бидеме спремни за да знаеме што да очекуваме.rnrn
rnrnОвде следуваат неколку совети коишто ќе им помогнат на идните студенти во нивното соочување со студентските денови.rn1. Бидете редовни на предавањата
rnДоколку сакате да успеете во она за што сте се определиле, не е препорачливо да отсуствувате од наставата. Всушност, со пропуштањето на предавањата, вие ги пропуштате и дискусиите со вашите колеги, забелешките посочени од професорите, објаснувањето на задачите и сл. Правењето копии на тетратките од вашите колеги не може да го надополни вашето отсуство. Секако дека не можете да го надоместите предавањето и да го добиете знаењето од нечија друга тетратка.rn
2. Бидете организирани
rnКористете агенда или планер: носете ја вашата тетратка на секое предавање и запишувајте ги важните работи. Она на што треба да се навикнете е брзото пишување, односно, во повеќето случаи важи правилото: забележете го она што е важно со ваши скратеници за да успеете повеќе да запишете.rn
3. Добро организирајте го вашето време
rnУправувањето со своето време е важно за сите студенти, а особено за оние коишто покрај студирањето имаат и други обврски (работа, спорт и сл). Пред сѐ, најважно е да не се преокупирате со премногу обврски коишто е невозможно да ги извршите во дадениот рок. Исто така важно е да планирате однапред. Размислувањето за тоа како може обврските да се завршат најефикасно, на пример за три дена однапред, се смета за добар начин за организирање на вашето време којшто дава позитивни резултати.rnrn
rn4. Бидете ефикасни на предавањата
rnЕден од начините успешно да се вклучите во наставата е да научите да се прилагодувате на различните професори. Еден професор може да поттикнува отворени дискусии и да настојува кон размена на идеи, додека пак друг може да очекува студентите едноставно да слушаат на предавањата и да ги забележуваат важните работи. Важен дел од вашето образование е да научите како да се прилагодите на различните личности, различните стилови и очекувања.rnrnУште еден метод којшто може да биде корисен при вашето студирање е да бидете подготвени пред предавањето. Ова подразбира запознавање со задачите и материјалот пред започнување на часот. На овој начин ќе ви биде полесно да ги следите предавањата и презентациите, а со тоа и активно да се вклучувате во дискусиите, при што ќе совладате поголем дел од материјалот и значително ќе си ги намалите домашните обврски.rnrnКомуницирањето со вашите професори е уште еден начин на којшто можете да го подобрите вашето студирање. Разговарајте со вашите професори, секако, вие сте тие коишто треба да го иницираат контактот, а повеќето професори ќе бидат среќни согледувајќи ја вашата заинтересираност. Од вас се очекува и да ја почитувате приватноста на вашите професори и да ги барате само за време на работните часови.rn
5. Правете добри белешки
rnТестовите на факултет обично го покриваат материјалот којшто професорот го изнесува на предавањата. Затоа, од особена важност е да се забележуваат деловите на којшто тој обрнува внимание. Со цел да направите добри белешки, потребно е да бидете активен слушател, при што истовремено треба да размислувате и да се обидувате да ги разберете информациите коишто ви се претставени, како и да останете фокусирани на предавањето.rnrn
rn6. Научете КАКО да го читате материјалот
rnКога знаете на кој начин треба да го изучувате материјалот, тогаш вие сте во можност побрзо да разберете и да го запаметете она што сте го прочитале. Авторите на учебниците веќе ви ја олеснуваат работата со здебелувањето на буквите на она што е важно, додаваат табели, слики, графикони и прашања, сѐ со цел на појасен начин да ви биде прикажана обработената тема. Со следењето на овие три начини за студирање на вашата книга, вие ќе бидете во можност да запаметите побрзо:rn
Скенирајте
rnСкенирањето подразбира брз преглед на материјалите коишто ќе ги учите. Прочитајте го насловот, преводите, закосените и здебелените букви, прегледајте ги сликите, графиконите и табелите и прочитајте го резимето. Скенирањето ви обезбедува голем број информации во многу краток временски период, при што вие сте во можност да се здобиете со еден вид „информациона рамка“.rn
Читајте
rnОткако сте направиле површен преглед на прикажаните информации, следува внимателното читање. Задржете го вниманието на она што го читате, при што на крајот од секој дел запрашајте се што е важно и што треба да се разбере од прочитаното.rn
Повторувајте
rnПовеќето студенти откако ќе го прочитаат материјалот мислат дека завршиле и ја затвораат книгата. Користењето неколку минути плус за проверка на прочитаното, сепак прави голема разлика, зашто на овој начин би ги заклучиле важните информации во вашиот мозок, пред тие да испарат. И покрај тоа што на почетокот ова ќе ви изгледа како дополнително изгубено време, сепак, пред испитот вие ќе сфатите дека процесот на ревизија успеал да ви донесе повеќе академски успех.rn
7. Учете паметно
rnИако најдобро е да се има едно место каде што ќе учите редовно, тоа сепак не е правило, сѐ додека областа каде што учите е добро осветлена и има удобна површина за пишување. Пред да почнете да учите, дознајте како да го избегнете она што може да ја прекине вашата концентрација (на пример гласна музика, телефонски повици, ТВ и сл.). На некои студенти им треба тишина додека учат, додека пак други може да учат со музика. Ако сакате да слушате музика додека учите, најдобро е да слушате класична музика. Истражувањата покажале дека класичната музика може да ја подобри вашата концентрација.rnrnНајтешкиот дел од студирањето е да започнете. Не го оставајте учењето за подоцна, не измислувајте изговори и не чекајте да го добиете соодветното расположение. Започнете со предметот којшто најмногу ви се допаѓа – важно е да започнете. Среќно!
-

Како да заштедите време и пари кога ја организирате својата свадба?
Организирањето на свадба може да биде пекол. Тоа е безнадежен обид еден ден во животот да го претворите во најсреќен дотогаш, а за тоа не ви доволен партнерот туку ви требаат многу храна, алкохол, музика, цвеќиња, балони, покани и уште триста чуда. Сето тоа чини многу пари и бара доста време и нерви за да го организирате, освен ако обрнете внимание на овие неколку работи и совети од оние кои поминале низ ова.rnrn
rnСе памети чувството
rnАко ги прашате оние кои одамна направиле свадба што најмногу паметат од неа, тие ќе ви речат дека тоа е начинот на кој се чувствувале. Ако вие, ако до сега не сте направиле свадба, се запрашате што паметите од оние на кои сте биле гостин/ка, ќе сфатите дека паметите само како сте се чувствувале на оваа или онаа свадба. Не ви е веќе важно кој каков фустан имал, каква била тортата или какви биле поканите. Памтите само дали ви било убаво тој ден. Затоа нема потреба да фрлате многу пари на најскапите споредни предмети кои не се битни ниту на самиот ден, ниту се паметат.rn
Вложете во добрата забава
rnОчигледно дека за да ја паметите свадбата по добро потребно е да организирате добра забава откако ќе заврши венчавката. Затоа вложете во добар ресторан и во добар бенд. Секако, и тие не мораат да бидат најскапите. Доколку тоа ви одговара, ди-џеите се уште поевтини.rn
Не мора да имате премногу гости
rnТрошоците и времето за организирање многу зависат од бројот на гостите. Не мора да имате некоја од оние свадби на кои младоженците познаваат само половина од гостите. Поканете ги оние кои ви се поблиски во моментот и споделете ја својата радост со нив. Оние кои не ви се толку блиски ќе се мислат дали да дојдат, а и ако дојдат тоа ќе биде само од љубезност, а не од блискост. Сигурно и вие сте биле во таква ситуација кога ве канеле на свадба.rnrn
rnРазмислете за почитувањето на свадбените обичаи
rnРеално, на колку свадби сте биле, толку различни свадбени обичаи сте виделе. Тоа покажува дека немате некоја силна обврска да ја почитувате традицијата и да ги испочитувате сите свадбени обичаи и да ги купите сите предмети за да ги испочитувате. Тие не само што не се неопходни, туку додаваат и дополнителни трошоци. Не е фер и кон вас да се потчинувате на барање да правите нешто што не ви се прави, па на крај и да си платите за тоа.rn
Заштедете на фустан
rnВенчалните фустани чинат многу десетици илјади денари и затоа звучи разочарувачки тоа што ќе го облечете само еднаш во животот. Најдобро ќе биде да заштедитесо тоа што ќе искористите некој сервис за инајмнување венчаници какви што веќе почнаа да се појавуваат и кај нас. Друга опција за заштеда е да нарачате фустан од кројач, а не е непозната и ситуација во која ќерката на својата свадба ја носи венчаницата на мајка си.rn
Заштедете на тортата
rnИ онака ќе нема за сите од свадбената торта. Таа пред сè служи за сликање. Можете да купите поубава и помала која ќе ја изврши таа задача, а да имате на располагање уште неколку поголеми и поевтини од кои сите ќе каснат и нема да ви одземат премногу пари.rn
Заштедете време и пари на поканите
rnПоканите се забораваат многу брзо и многу лесно. И на крај сите одат во корпата за отпадоци. Вреди ли да губите време и пари во изборот?rn
Избегнувајте ги списанијата и ТВ емисиите за свадби
rnСписанијата и ТВ емисиите за свадби имаат доста предлози да понудат и доста работи да ви продадат. Избегнувајте ги додека не си купите или организирате сè. Не дозволувајте тие да направат да очајувате по кој знае каков фустан. Не се ставајте во состојба да губите време барајќи ги совршените чевли, кои ако воопшто ги најдете веројатно ќе треба да издвоите многу повисока сума за нив. Купете нешто во кое вие ќе бидете „вие“.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Најдобриот начин да го организирате вашиот фрижидер
Автор: Зорица ТодороваrnrnФрижидерот не е само обично складиште за храна – тој е високо-технолошка направа која ви овозможува да ги чувате своите омилените грицки и оброци во најпогодни услови. Кога го полните вашиот фрижидер, најверојатно не ја земате предвид моќта што неговите посебни прегради и зони ја имаат. Колку подобро научите што се складира во секоја посебна преграда, толку подобро ќе ја зачувате храната свежа, а воедно и ќе заштедите на пари. Во тоа ќе ви помогне следниот водич за организирање на вашиот фрижидер (и можеби ќе ги задоволите вашите опсесивно-компулсивни нагони).rnrn
rnrnЧекор 1: Поставете ја температурата на вашиот фрижидер на помеѓу 1,7°С и 4,4°С, а замрзнувачот на -18°С. Ова спречува размножување на бактериите, а секоја повисока температура веднаш ќе ја расипе вашата храна со што ризикувате да добиете труење.rnrnЧекор 2: Следната слика ќе ви помогне да го одржите вашиот фрижидер уреден, а вредно заработените пари в џеб, наместо на сметката на снабдувачот со електрична енергија. За да го искористите максимумот од просторот во фрижидерот:rn- rn011
- Спакувајте ги замрзнатите работи во вакумирани пластични ќеси, наместо во стаклени тегли кои зафаќаат повеќе место
- Онаа храна која потешко се расипува чувајте ја на вратите од фрижидерот, бидејќи тоа е најтоплата област внатре
- Остатоците од храна и пијалаците сместете ги на горните полици, каде температурата е најпостојана
- Месото, јајцата, морската храна и другите намирници кои треба да бидат ладни чувајте ги на долните полици
- Користете ги пластичните кутии! Дизајнирани се специјално за овошјето и зеленчукот.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnЕдна од потешките дилеми поврзани со фрижидерите е што треба да се чува внатре, а што не. На одредени намирници местото не им е во фрижидер. Доматите на пример, веднаш го губат својот мирис, затоа најдобро чувајте ги на собна температура. Авокадото и повеќето други овошја можат да се остават исто така на собна температура, но за да се забави процесот на расипување може да се чуваат и во фрижидерот.rnrn

-

Супер трикови кои ќе ви го олеснат животот и мора да ги знаете
Добро е да знаеме по некој трик кој ќе ни го олесни секојдневниот живот и ќе ни заштеди време и енергија. Ова се 13 супер трикови кои ќе ви помогнат во животот.rn
1. Може да ја украсите вашата тастатура лепејќи парченца селотејп во боја на секое од копчињата, што ќе ја направи поинтересна и разиграна.
rn
rn2. Ролната од тоалетна хартија може да ја употребите како помош при озвучување на вашиот телефон.
rn
rn3. Ставете неколку коцки мраз во сушарата за да немате изгужвани алишта.
rn
rn4. Кога ја загревате пицата во микропечка, ставете чаша со вода за да ја омекне кората на пицата и да може полесно да се џвака.
rn
rn5. Кога загревате остатоци од храна, поставете ја храната во чинијата така што ќе оставите еден празен круг на средина. Со помош на овој трик рамномерно ќе ја загреете храната.
rn
6. Ако некој ги притисне сите копчиња во лифтот, може да се поштедите себеси од застанување на секој кат со притискање на секое од копчињата два пати.
rn
rn7. Замотајте наводенета хартија околу стаклено шише пред да го ставите во фрижидер. Вака пијалакот ќе биде сосем ладен за околу 15 минути.
rn
8. Многуте кабли од електронските апарати во домот, може да ги организирате ставајќи самолеплива хартија на секој кабел, каде ќе биде напишана функцијата на кабелот и каде е поврзан. Така ќе го избегнете нередот и ќе заштедите време при вклучување и исклучување на каблите.
rn
rn9. Замрзнат сунѓер за капење натопен во вода и ставен во дебела затворена најлонска ќеса е одличен како ладна облога за повреденото место. Неговата предност е што водата нема да капе кога ќе почне да се одмрзнува.
rn
10. Употребете ги калапите за мраз за да направите одлично ладно кафе. Филтер или инстант кафето внимателно претурете го во калапот за мраз, вратете го во замрзнувач и оставете да замрзне. Потоа коцките прелијте ги со млеко во чаша и уживајте.
rn
rn11. Издишувајте во моментите кога левото стапало ја допира земјата за да избегнете грчеви при трчањето.
rn
rn12. Прилагодете го вашиот телефон на авионски режим и неговата батерија ќе се наполни многу побрзо.
rn
13. Сликајте ги вашите пријатели со предметот кој им го позајмувате за да не заборавите каде сте ги дале вашите предмети. 🙂
rnЗа уште корисни трикови кои ќе ви го олеснат животот, кликнете тука.
-

7 здрави навики на успешните жени
„Ние сме она што постојано го правиме. Извонредноста не е чин туку е навика.“ – Аристотел
rnИ оваа година, Форбс направи листа со 100-те најмоќни жени во светот, а веќе 3-та година по ред на врвот е германската канцеларка Ангела Меркел.rnrnГолем е бројот на жените кои секојдневно го движат и менуваат светот. Во време кога еманципираната жена има и кариера и семејство, денес сè повеќе се става акцент на одличната способност на жените да балансираат меѓу тие две важни области во животот. Модерната жена не чувствува дека треба да направи избор меѓу едното и другото, туку слободно може да ги има и двете.rnrn
rnrnКако успешните жени го прават тоа? Ова се 7 важни навики на успешните жени кои слободно можете да почнете да ги применувате уште денес.rnОрганизирани се
rnОрганизираноста е број 1 фактор од кој зависи вашиот успех. Таа продуцира ефикасност и ефективност. Доколку ви е тешко да ја присвоите оваа навика, почнете со некои основни чекори.rn
- rn011
- Вашето работно место секогаш одржувајте го чисто и средено
- Документите средувајте ги во папки и секогаш подредувајте ги по редослед
- Дајте им приоритет на важните работи, не одлагајте го она што е големо и бара повеќе време
- Научете се кој било предмет да го враќате на место по неговата употреба
- Користете потсетници така што нема да ги заборавате важните нешта
- Имајте дневен планер или електронски календар
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnМоже да ви звучи банално, но доколку имате навика да им давате приоритет на важните нешта, да ги чувате документите средени и секогаш да знаете каде и што можете да најдете, тоа значи дека ќе бидете брзи и ефикасни во извршувањето на вашите секојдневни обврски, притоа не губејќи време ниту пак губејќи си ја главата.rnrn
rnУмеат да се справат со сопствените емоции
rnЖените во глобала се поемотивни од мажите, но емотивните испади не се добредојдени на работното место. Дали некогаш некој ќе ве разлути или можеби ќе ве навреди? Да. Но никогаш не покажувајте ја вашата лутина или избувливост. Останете ладни и смирени и докажете ги вашите гледишта со аргументи и со мирен тон.rnrnДоколку не знаете да управувате со вашите емоции нема да бидете сфатени сериозно ниту пак ќе изградите авторитет во туѓите очи. Успешните луѓе се силни и не дозволуваат гневот или лутината да надвладеат со нив.rnrnСлободно треснете врата кога ќе се вратите дома, но додека сте на работното место вие сте воздржана дама која кога се бори за своите ставови останува на ниво.rn
Зрачат со самодоверба
rnСе разбира, не значи дека успешните личности никогаш немаат пад на самодовербата. Но знаат како да се носат со тоа. Некогаш ќе почувствувате несигурност поврзана со вашата работна способност, вашиот авторитет и надворешниот изглед, но важно е да се однесувате како вистински кралици. Никој не мора да ја прочита несигурноста на вашето лице.rnrnИ да постои нешто за што не го знаете одговорот, во ред е. Човек учи додека е жив. Само не избрзувајте во донесувањето заклучоци дека не сте доволно добри. Имате важна презентација за една недела? Ќе ја завршите и побрзо од очекуваното и ќе блеснете на самиот ден. Никогаш немојте да се посомневате во вашата способност.rnrn
rnИм помагаат на другите
rnСветски познатите моќни жени се големи филантропи, што значи дека вистински е успешен само оној кој им помага на другите. Вистински вреди личноста која има сочувство и знае да биде хумана, а не онаа која мисли дека треба да биде себична, да гази сè пред себе и да не вреднува ничиј труд. Само погледнете ја уште еднаш листата на Форбс. Ќе погледнете во имиња, не само на големи политичари или музичари, туку и на хуманисти.rnrnКога имате можност да направите добро дело, сторете го. Ако можете да му помогнете некому направете го тоа. Дури и да излезе дека тој некој не знае да ја цени вашата помош, важно е дека вие сте поголемата личност и бидете горди на себе.rn
Се грижат самите за себе
rnНикогаш не посветувајте се само на обврските запоставувајќи го сопственото здравје. Парите секогаш се заработуваат. Здравјето е она што не се купува со пари. Најдете начин да избегате од стресното секојдневие макар на момент. Изнајдете сопствена формула за справување со анксиозноста. Најдобар начин е да имате точен распоред така што вашето тело и ум ќе имаат навика да прават одредени работи во одредено време, и не пореметувајте го тој ред.rnrnВашето слободно време користете го за прошетки во природа, за спортување или медитирање. Успешните жени се хранат добро и здраво и се физички активни бидејќи знаат колку е важно да бидат витални и полни со енергија.rnrnУспешните жени се убави и негувани. Тоа во никој случај не значи дека треба да станете робови на надворешниот изглед, но жената со својата појава треба да остава впечаток на моќна и авторитетна личност. Доколку не се негувате себеси си правите штета за сопственото здравје, а воедно и за вашата кариера.rn
Се фокусираат на своите јаки страни
rnНаместо да се фокусирате на она што ви фали, на навика која не ја поседувате, работи кои ги правите погрешно, пофалете се себеси за она во кое сте навистина добри. Вашата јака страна искористете ја во ваш прилог. Никогаш не потценувајте се себеси мислејќи дека не сте доволно добри бидејќи не умеете да направите нешто. Нема секој талент за сè. Добри сте во пишување, математички пресметки или пак во готвење? Тогаш потенцирајте го тоа наместо да се фокусирате дека не сте доволно ефективни во комуникација со клиенти, на пример. Затоа постојат многу различни работни места за луѓе со различни карактери.rnrn
„Секој човек е генијалец“, рекол Ајнштајн. Но, ако ја проценуваш рибата според нејзината способност да се качува на дрво, таа ќе го живее цел живот мислејќи дека е глупава.“
rn
rnПоставуваат граници
rnУспешните жени се зафатени жени со многу обврски. Тоа е како да жонглираш со чинии и ти се чини дека штом ти испадне една, и сите останати ќе паднат на подот. Затоа успешноста со себе повлекува и голема одговорност. Токму поради тоа, вие мора да знаете како да поставите граници. Која е линијата што другите не смеат да ја поминат? Кога треба едноставно да кажете „не“? Запомнете, во најголем дел од ситуациите самите се натрупувате со обврски бидејќи не знаете како да ги поставите тие граници. Луѓето не можат да ви земат нешто што вие не сакате да го дадете. Ако се работи за вашето скапоцено време, имате право да речете „не“ доколку навистина чувствувате таква потреба.rnrnУспешноста на кое било поле во животот не доаѓа преку ноќ, туку е навика која се гради и бара трпение. Доколку се пронајдовте во некоја од горенаведените навики тогаш сте на добар пат, а доколку не, секој има можност и секој треба да поработи на себе. Којзнае, можеби за некоја година ќе ве видиме на листата на Форбс?rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Креативен начин за организирање на вашиот накит
Ние девојките навистина обожаваме накит! И да бидеме реални, никогаш не ни е доста зашто секогаш ќе има некоја нова маичка на која не одговараат ниту еден пар обетки од оние што ги имаме дома, онака совршено како што одговараат оние што ги здогледавме во продавница. Па обетките треба да се искомбинираат со ѓердан или можеби штосен прстен и така едноставно настанува преполна кутија со накит во која не можеме да пронајдеме ама баш ништо. Сепак, постои навистина лесен начин за организирање на бројните парчиња накит којшто истовремено ќе ви ја разубави собата. Погледнете ги инструкциите подолу за да ја изработите вашата нова рамка за накит.rnrn
rnПотребно:
rn
- rn011
- Стара рамка
- Подлога (може да оди заедно со рамката, ако не искористете парче иверица)
- Малечки куки
- Метална жица
- Лепак
- Боја
- Клинци
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rnrnШто се однесува до големината на рамката и должината на подлогата, најдобро е да се ориентирате според накитот што планирате да го чувате на вашата нова рамка за накит. Сигурно ќе ви треба подолго парче иверица доколку на неа закачувате долги ѓердани или обетки.rnrn
rnrnЗа ѓерданите и за обетките можете да употребите различни куки, отворени и пошироки за ѓерданите, а затворени и потесни за обетките, слично како на сликата погоре. Обојте ги елементите како што сакате и останува уште да ја прицврстите подлогата за рамката со неколку клинци.rnrn
rnrnДоколку ви остане простор, можете да го искористите за да залепите малечка кутија на самата рамка во која ќе ги чувате прстените. Едноставно и практично! -

Отворете ја летната сезона во вашиот плакар
За девојките, плакарот претставува храм, свето место каде што се чуваат сите драги парчиња облека, обувки, накит и други додатоци. Иако секоја девојка сонува за плакарот на Кери Бредшо од филмот „Сексот и градот“, повеќето од нас не живеат во таков луксуз, па ова останува само филмска сцена за која можеме само да мечтаеме.rnrn
rnrnВистинскиот проблем на „обичните“ девојки, кои не располагаат со по неколку соби во улога на плакари, е добро да ги организираат на почетокот на секоја сезона и притоа да избегнат неред на подолг рок. Иако топлите денови веќе настапија, ако чекавте официјално да дојде летото за да си го средите плакарот, крајно време е да ја отворите сезоната. Еве 5 едноставни чекори кои ќе ви помогнат во тоа.rn1. Поделете ја облеката по сезони
rnТешко е да ги средите сите алишта одеднаш. Затоа, олеснете си ја работата делејќи ги вашите „парталчиња“ во три купа: летни, зимски и пролетно-есенски. Вака ќе можете да се фокусирате на сезонските алишта, наместо да се обидувате одеднаш да направите чудо во плакарот. Чантите, чевлите и другите додатоци се носат во сите сеозни, затоа нив не треба да ги делите на истиот начин.rnrn
rn2. Направете 3 купчиња
rnОткако се фокусиравте на актуелната сезона, следниот важен чекор е да направите 3 нови купчиња, и тоа: алишта што ги задржувате, за фрлање и алишта за кои не сте сигурни што треба да им правите. Трите купа правете ги на што поодалечени места во вашата соба, а ако не располагате со многу простор, служете се со корпи, торби, па дури и легени. Само внимавајте да не ги доближите куповите едни до други, па на крајот од целата вложена работа да не сте сигурни ни за оние алишта на кои веќе сте им ја пресудиле иднината.rnrn
rn3. Пристапете му објективно на секое парче облека
rnСега доаѓа тешкиот дел, да се одреди кое парче во која сеозна припаѓа и дали е за задржување или за фрлање. Ова е многу потешко за девојките бидејќи тие често емотивно се приврзуваат за одредени парчиња од својата гардероба или пак гледаат потенцијал да ги употребат, ако не сега, во иднина. Но, мора да пресечете. Купот непотребни алишта ви го отежнува изборот на дневна база бидејќи најчесто од многу „партали“, не ни можете да ги забележите најубавите и најомилените. Нели? Запрашајте се:rn
- rn011
- Дали го сакам ова парче и не можам да живеам без него?
- Дали ова парче е згодно или ако не е, дали може да се прекрои, зашие, поправи?
- Колку често го носам?
- Дали ова парче е во согласност со мојот стил и моите преференции за трендовите ова лето?
rn011
rn011
rn011
rn
rnОткако ќе ги распоредите алиштата во трите купчиња, посветете му се на купот алишта за кои не сте сигурни и поминете го истиот процес уште еднаш. Ако и понатаму не добивате конкретни одговори на горните прашања, повикајте пријателка која знаете дека ќе биде искрена со вас.rnrnВо ова купче можете да задржите повеќе летни парчиња за кои не сте сигурни, за да им дадете уште една последна шанса да ги облечете. Префрлете ги во купот за задржување, па ако не ги облечете во текот на следните неколку месеци, ќе знаете што треба да правите на следната сезонска „чистка“ во вашиот плакар.rnrn
rn4. Одлучете што ќе правите со облеката од купчето за фрлање
rnНе мора буквално да ги фрлите во ѓубре сите парчиња од ова купче, но ако тие се исфлекани, искинати или оштетени на друг начин, најдобро е сепак да завршат во контејнер или евентуално да зачувате две-три парталчиња за бојадисување на ѕидовите во домот или за сликање на платно.rnrnОние алишта кои се во пристојна состојба можете да им ги понудите на дуќани кои продаваат second hand облека, за што можете да добиете и надокнада. Ако сакате да направите нешто добро за оние кои ќе имаат вистинска корист од тоа, донирајте ги вашите минатосезонски партали во добротворни организации. Не исклучувајте ги и вашите братучетки, внуки и другарки на вашиот помал брат или сестра.rnrn
rn5. Сосема тргнете ги зимските алишта и донесете ги летните напред
rnНавистина нема потреба да ви зафаќаат место шалови, капи и ракавици во период кога и онака сакате да носите очила за сонце и тенки лелеави марами. Зимските алишта нема да ги носите барем во наредните 3 месеци, затоа, потиснете ги поназад.rnrnМожете да ги спакувате во кутии и да ги сместите под креветот, во друг плакар или дури и да ги симнете во подрумот. Дополнително, водете сметка:rn
- rn011
- вашите џемпери и капути да бидат чисти пред да ги приберете за носење во следната зимска сезона
rn
rn
- rn011
- плетените џемпери, фустани и туники да не ги закачувате на закачалка бидејќи тоа ја деформира нивната форма
rn
rn
- rn011
- да ја сместите облеката на темно, суво и студено место (водете сметка за радијаторите) бидејќи влагата и топлината ги уништува алиштата.
rn
rnСега откако се ослободивте од зимските алишта, организирајте ги летните и поставете ги на дофат. Пролетно-есенските алишта и понатаму можете да ги оставите во истиот плакар, за да ви бидат близу доколку залади, но да не ви пречат кога сакате да посегнете по шорцевите.rnrn
rnrnКако вие го организирате вашиот плакар за време на летото? Имате некоја добра тактика што гарантира успех?rnrnМожеби сакате да си помогнете во организирањето на вашиот плакар со помош на вашиот компјутер.rnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.