КАФЕ ПАУЗА

Tag: опрема

  • Научниците создале екстензија за смартфон која со 99-процентна сигурност може да открие рак

    Научниците создале екстензија за смартфон која со 99-процентна сигурност може да открие рак

    Научниците од државниот универзитет во Вашингтон создале екстензија за смартфон која може да открие рак. Во нивната работа тие имале можност да откријат присутност на рак и тоа со точност од 99%. Секако, овие резултати можат малку да варираат во реалноста, бидејќи досега се испитувани само во лабораториски контролирани услови.rnrnНаучниците откриле опрема која со 99% сигурност може да открие ракrnrnОпремата се состои од плочка за анализирање за ЕЛИСА тест со 96 отвори, мала призма и 3Д потпора за паметниот телефон со камера. За да се даде дијагноза, се зема примерок од пациентот, се става во чинијата за анализа и се свртува на осветлено место. Светлото ќе блесне врз примероците во чинијата, преку призмата, па во камерата на паметниот телефон, каде ќе се користи апликација за анализирање на светлото од секој примерок во чинијата ЕЛИСА по нејзината боја. Резултатите зависат до бојата во која ќе се претвори светлото.rnrnНаучниците создале екстензија за смартфон која со 99-процентна сигурност може да открие ракrnrnЦелата работа се темели на идејата дека IL-6 е „тесно поврзан“ со различни видови рак на белите дробови, црниот дроб, градите и кожата. Имено, IL-6 е протеин кој човечкото тело го произведува како одговор на алармирањето на имунолошкиот систем: тој предизвикува клетките да создаваат повеќе антитела кои (кога работат правилно) се борат против напаѓачите и ги означуваат дека треба да ги уништат и да ги отстранат. Секој треба да има малку IL-6 кои ќе циркулираат во крвта. Кај пациентите во напредна фаза на рак или оние кои имаат метастази, сепак тие имаат тенденција да бидат повеќе присутни. Исто така IL-6 е поврзан и со депресијата и нарушувањето на расположението, така што не може едноставно да се погледне во крвната слика на пациентот и доколку се забележи поголема присутност на IL-6 да се каже дека со сигурност има рак. Но, ова може да биде поттик за тој да продолжи со понатамошни и подетални испитувања на крвта.rnrnОвој вид анализа не е ограничен само на дијагностицирање рак. Поради тоа што тој има способност да покаже со сигурност дали нешто е присутно или отсутно во еден примерок, тестот ЕЛИСА може да биде користен и за нешто повеќе, како на пример, откривање одредени алергии и ХИВ. За да се тестира протеин, потребно е антитела или нешто друго што е сложено со тој протеин. Треба да се стави антителата во отворите ЕЛИСА, да се додаде примерокот од пациентот и да се читаат брановите должини на светлината. Тоа ќе трае кратко и со користење на вистинската опрема и додатоци, може да се извлече некоја дијагноза.rnrnПа, сѐ зависи од тоа како човекот ќе ја користи науката и опремата за откривање работи во негова корист, а овој начин се покажал како доволен за да се добијат соодветни резултати.

  • Како да отпатувате до вселената?

    Како да отпатувате до вселената?

    Автор: Петар ТодоровскиrnrnОние кои се горди со тоа дека отпатувале дури до крајот на светот, не можат веќе да се фалат со тоа што биле на Аљаска, на Фиџи или на Антарктикот. Откако Денис Тито во 2001 година стана првиот турист во вселената, само ѕвездите се лимитот за далечните патувања. Ако имате желба да отидете до космосот и оттаму да ја ѕирнете Земјата, еве низ каква процедура треба да поминете.Како да отпатувате до вселената?rn

    Што е потребно за да заминете?

    rnКако и за секое друго патување, потребни ви се само волја и пари, само што овој пат ви требаат во многу поголеми количини. Еден лет во вселената чини помеѓу 20 и 30 милиони долари, цена која што не е фиксна, туку се договара со секој патник посебно. Оние поекстремните можат да доплатат уште 15 милиони за да излезат од бродот и да прошетаат во вселената накратко, но тоа е предизвик кој сѐ уште никој не го прифатил. Можна е уште една опција, а тоа е потенцијалниот патник да го помине тренингот пред заминување, а потоа да го гледа вселенскиот брод како заминува без него, можност која чини 3 милиони долари.Како да отпатувате до вселената?rn

    Пред заминувањето

    rnСо цел да се исклучат можните опасности по здравјето на вселенскиот турист и уживањето да се доведе до максимум, пред заминувањето во вселената неопходно е да се помине одреден тренинг кој ќе го подготви патникот за она што го очекува таму. Прво се прави лекарски преглед со кој би се откриле некои здравствени ризици што некои туристи и покрај големата желба и многуте пари, сепак би ги спречиле да полетаат. Потоа следуваат неколку курсеви на коишто патниците учат како патот да им биде попријатен, како да постапуваат во итни случаи, им објаснуваат за чувството на мачнина, психички ги подготвуваат итн. На крај следуваат пробувањето на скафандерот и првото соочување со бестежинска состојба.Како да отпатувате до вселената?rn

    Полетување

    rnУште пред да зазори, патникот заедно со останатиот дел од екипата заминува кон космодромот, затоа што летот секогаш е закажан за рано наутро. Групата од шест луѓе и двајца пилоти тргнува со 30-минутен лет нагоре, за кое време се прават последните вежби за редуцирање на паниката. Кога ќе се стигне на околу 15 километри висина, капсулата се одвојува од бродот и продолжува кон вселената. За тоа време небесната околина ја менува бојата од сина до пурпурна, а кога капсулата ќе ја напушти атмосферата, конечно сѐ станува црно.Како да отпатувате до вселената?rn

    Во вселената

    rnМоторите се исклучуваат и патниците во капсулата сега веќе можат да ги одврзат ремените и да уживаат во бестежинската состојба и можноста низ прозорците да се воодушевуваат на бесконечноста на вселената. Внатре нема клозет, не се внесува храна, а има само малку вода која туристите ја користат за да си играат со гравитацијата. Сето ова трае четири минути, по кои следува враќањето кон Земјата.Како да отпатувате до вселената?rn

    Враќање назад

    rnВраќањето назад е брзо, а кога гравитацијата ќе почне повторно да се чувствува туристите повторно седнуваат на седиштата и ги ставаат ремените. Капсулата се движи со огромна брзина при што опашката се врти како пердув, а тоа трае до 20 километри од тлото на Земјата, пред повторно да почне да лебди и безбедно да се спушти.Како да отпатувате до вселената?rn

    Очекувањата за во иднина

    rnСѐ повеќе компании се заинтересирани да влезат на пазарот за вселенски патувања и овој засега екстремен авантуризам да го претворат во индустрија и секојдневие. Компанијата Вирџин Галактик планира да воведе евтини летови за само 200.000 долари, за кои веќе имаат десетици резервации. Се претпоставува дека за неколку години овој лет ќе биде достапен за само неколку десетици илјади долари, со што едно вакво патување ќе чини колку на пример, еден поскап автомобил. Ако им се верува на ветувањата, оние кои ќе отпатуваат во вселената би можеле да отседнат во хотел, да спортуваат во арени во бестежинска состојба и многу други подобности за кои денес може само да се фантазира.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работни бироа кои секој би ги посакал

    Работни бироа кои секој би ги посакал

    Без разлика дали работите како дизајнер, програмер, видеомонтажер, пишувате книга или водите блог од дома, вашето работно биро игра многу важна улога во вашето работење. Некои сакаат да им е едноставно и секогаш чисто, други го сакаат пренатрупано, но во секој случај, тоа секогаш мора да е добро организирано за да можете барем вие да се снаоѓате додека работите на него.rnrnОвие прекрасно организирани работни бироа, со многу техничка опрема, кои претставуваат своевидни работни станици, се одличен пример како треба да изгледа едно мало катче на вашето работно место. Работни бироа кои секој би ги посакалРаботни бироа кои секој би ги посакалРаботни бироа кои секој би ги посакалРаботни бироа кои секој би ги посакалРаботни бироа кои секој би ги посакалРаботни бироа кои секој би ги посакалРаботни бироа кои секој би ги посакалРаботни бироа кои секој би ги посакалРаботни бироа кои секој би ги посакалРаботни бироа кои секој би ги посакалРаботни бироа кои секој би ги посакалРаботни бироа кои секој би ги посакалРаботни бироа кои секој би ги посакалРаботни бироа кои секој би ги посакалrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Екстремно нуркање под мраз

    Екстремно нуркање под мраз

    Автор: Марија СмокварскаrnrnОвој тип на нуркање е специфичен и екстремен заради замрзнатата покривка над главите на нуркачите кои треба да знаат да ја заобиколат за да излезат на воздух. Ова ја прави возбудата поголема, но истовремено и ризикот.Екстремно нуркање под мразПоради условите во кои се одвива (претерано ниска температура на водата и само еден влез и излез), за него е потребна специјална обука која се разликува од онаа која му претходни на класичното нуркање. Таа вклучува добивање податоци за формирањето на мразот, препознавање на тенок мраз, барање на соодветна опрема и сл. Нуркачите, пред да влезат во водата под мразот, на себе ставаат специјални појаси во функција на изолатори од студената вода, а за нив се прикачени големи сајли кои се прикрепени за надворешната површина. Нуркањето под мраз е тимска игра која не само што бара дисциплина, туку и голема храброст.Екстремно нуркање под мразЕкстремно нуркање под мразЕкстремно нуркање под мразЕкстремно нуркање под мразЕкстремно нуркање под мразЕкстремно нуркање под мразЕкстремно нуркање под мразЕкстремно нуркање под мразЕкстремно нуркање под мраз

  • Видео: сурфање на вода во „Матрикс“ стил

    Видео: сурфање на вода во „Матрикс“ стил

    Без разлика на која возраст сте биле кога сте го гледале првиот „Матрикс“, сигурно сте останале здрвени со подотворена уста пред телевизорот кога го видовте првиот т.н. bullet-time ефект. После повеќе од една декада, тимот кој ја воведе оваа иновативна техника во филмот, Timeslice Films, заедно со Rip Curl, гигантот во производство на опрема за сурфање и неколку познати шампиони во сурфање, направија нешто ново, поинакво, магично.Видео: сурфање на вода во „Матрикс“ стилПогледнете како изгледаат најдобрите сурфери од секој агол без да се обидувате да ги замрзнете најдобрите моменти. Видеото ќе го направи тоа за вас, и тоа во Матрикс стил.rnrn