КАФЕ ПАУЗА

Tag: океани

  • Отпушоците од цигари се исто штетни за океаните колку и пластичните кеси 

    Отпушоците од цигари се исто штетни за океаните колку и пластичните кеси 

    Една од позитивните страни на социјалните мрежи е тоа што ја зголемија свесноста за многу проблеми околу нас. Помеѓу многуте нешта за кои ни ја зголемија заинтересираноста, се наоѓа и загадувањето.rnrnОтпушоците од цигари се исто штетни за океаните колку и пластичните кеси rnrnМилениумците се првата генерација која всушност треба да се грижи дали да има деца или не. Покрај тоа, благодарение на нас, можеби ќе го доживееме и крајот на животот на Земјата.rnrnПоследен пат Земјата била под олкаво влијание од еден вид пред милијарди години, кога првите микроби го испуштиле кислородот што го дишеме денес. Можеме да кажеме дека нашиот придонес е далеку од олку позитивен.rnrnБлагодарение на евтиниот конзумиеризам, денес постои површина голема колку четвртина континент што плови низ океаните. Оваа површина ја сочинува ѓубре фрлено во водата, од кое најмногу е пластика и неразградливи материјали. Поради ова страда живиот свет во морињата и океаните. Овие настани стигнаа до социјалните медиуми во форма на фотографии и видеа. Можеби едно од попознатите видеа од овој тип е она на коешто е прикажана желка на која ѝ отстрануваат сламка од носот.rnrnБлагодарение на многуте објави, свесноста за пластичните сламки навистина се зголеми. Но она што е изненадувачко е дека сламките зафаќаат само 0,02% од ѓубрето во океанот. Главниот загадувач е многу почесто употребуван и многу позлобен, но најчесто избегнуваме да зборуваме за него. Станува збор за отпушоците од цигари.rnrnФилтрите на 5,6 трилиони цигари што се произведуваат секоја година се направени од целулозен ацетат на кој му е потребна над една деценија за да се распадне. Од 1986-та година, отпушоците од цигари се најсобираниот предмет на океанските плажи – за 32 години собрани се околу 60 милиони.rnrnВо 1900-тите, филтрите на цигарите биле направени со цел да се намали ризикот по здравјето, но сега се претвориле во голема катастрофа. Едно истражување спроведено од професорот Новотни во 2011-та година, покажало дека секој обид да ги спречат пушачите несовесно да ги фрлаат отпушоците бил неуспешен.rnrnЦигарите и другите производи од тутун се едни од најголемите кошмари на законодавците. Компанијата Малборо на пример, е вклучена во еден од најдолгите и најкомплексните судски процеси во Индонезија, каде што агентите за продажба целат на сиромашните и малолетните потрошувачи.rnrnСепак, погрешно е да се каже дека не се презема ништо. Низ целиот свет се преземаат чекори кон правилната насока. На пример во САД се направени обиди да се забранат филтрите, или да се зголеми цената на цигарите. Во Франција, во еден забавен парк, вработените се обучени да го собираат ѓубрето и сите отпушоци од цигари.rnrnПа, додека војната со пластиката и сламките е значајна и од голема важност, војната против загадувањето е далеку од завршена.rnrnПрочитајте ги и овие факти за загадувањето со пластика и што можете да направите во врска со него.

  • 10 фотографии од најневеројатните работи што се случуваат во океаните

    10 фотографии од најневеројатните работи што се случуваат во океаните

    Многу луѓе ќе ви кажат дека сакаат да ги гледаат ѕвездите. Но, и океаните на Земјата сè уште се неверојатна мистерија. Постојат толку многу суштества и феномени што не ги разбираме и има уште многу за истражување. Погледнете неколку фотографии од најневеројатните работи што се случуваат во океаните.rn

    1. Подводни кругови

    rn10 фотографии од најневеројатните работи што се случуваат во океанитеrnrnОвие кругови имаат дијаметар и до 213 центиметри. Научниците биле навистина збунети кога прв пат ги забележале, за на крајот да откријат дека се направени од машка „надувана“ риба за привлекување женски риби.rn

    2. Пукнатината помеѓу Евроазија и Северна Америка

    rn10 фотографии од најневеројатните работи што се случуваат во океанитеrnrnНаводно овие две тектонски плочи се одделуваат една од друга со брзина од 2,5 центиметри годишно. Овој факт навистина ќе ве натера да помислите како би изгледала Земјата за неколку векови.rn

    3. Подводни реки

    rn10 фотографии од најневеројатните работи што се случуваат во океанитеrnrnЗамислете, постојат подводни реки. Овој феномен се случува кога слатката вода се „среќава“ со посолена вода на дното. Разликата во густината предизвикува водата да создава слоеви наместо да се меша.rn

    4. Среќавање на слатка и солена вода

    rn10 фотографии од најневеројатните работи што се случуваат во океанитеrnrnИ во овој случај „виновник“ е различната густина. Слатката и солената вода нема да се измешаат, туку ќе создадат еден вид граница. Резултатот е навистина чуден и неверојатен.rn

    5. Зелени зраци

    rn10 фотографии од најневеројатните работи што се случуваат во океанитеrnrnЗелените зраци светлина понекогаш се видливи точно пред изгрејсонцето или веднаш по заоѓањето. Исчезнуваат многу брзо, но ако еднаш ги видите сигурно ќе ги помните засекогаш.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Рибар објавува фотографии од неверојатните суштества кои живеат во океанот

    Рибар објавува фотографии од неверојатните суштества кои живеат во океанот

    Што демне од најтемните и најдлабоките делови на океанот? Ако сте си го поставиле ова прашање, не сте единствените. Сепак, има малку одговори на ова прашање. Океаните зафаќаат 70% од површината на Земјата, а луѓето имаат истражено само 5%.rnrn(1)ribar-objavuva-fotografii-od-neverojatni-tesuhstestva-koi-zhiveat-vo-okeanot-kafepauza.mkrnrnЗа среќа, рибарот Роман Федорцов се обидува да ни покаже што навистина се наоѓа во океаните споделувајќи фотографии од суштествата кои ги наоѓа. Роман живее во Мурманск, Русија, пристанишен град кој се наоѓа во близина на Баренцовото море. Морето се влева во Арктичкиот Океан каде што рибарите и екипажот на Роман најчесто работат.rnrn(2)ribar-objavuva-fotografii-od-neverojatni-tesuhstestva-koi-zhiveat-vo-okeanot-kafepauza.mkrnrnНа речиси секое патување, Роман открива чудни суштества кои се фаќаат во неговата мрежа. Тој редовно ги фотографира и ги објавува на неговиот Твитер профил. Неговите откритија ги следат илјадници луѓе, вклучувајќи и научници кои сакаат да научат нешто повеќе.rnrn(3)ribar-objavuva-fotografii-od-neverojatni-tesuhstestva-koi-zhiveat-vo-okeanot-kafepauza.mkrnrnНекои од суштествата се како од некој хорор филм. Можеби ќе забележите дека поголемиот дел од нив имаат црна и црвена боја. Причината е тоа што ова се најдобрите бои со кои можете да живеете во длабочините на океанот. Повеќето од овие суштества живеат во „зоната на самракот“ на океанот, на длабочина од 200 до 1.000 метри. Суштествата пак кои живеат на длабочина од 1.000 до 4.000 метри речиси и да не добиваат сончева светлина. Бидејќи црната боја ја апсорбира секоја бранова должина на светлината без рефлексија, ова е најбезбедната боја за оваа длабочина. Истото важи и за црвените суштества. И тие изгледаат црни бидејќи нема црвена светлина која ќе се рефлектира.rnrn(4)ribar-objavuva-fotografii-od-neverojatni-tesuhstestva-koi-zhiveat-vo-okeanot-kafepauza.mkrnrn(5)ribar-objavuva-fotografii-od-neverojatni-tesuhstestva-koi-zhiveat-vo-okeanot-kafepauza.mkrnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Зачудувачки факти за Земјата

    Зачудувачки факти за Земјата

    Земјата постојано ни открива нови тајни. Многу луѓе не се свесни за нив… Еве ги најзачудувачките факти за нашата планета:rnrnЗачудувачки факти за Земјатаrn

      rn011

    • Веќе знаете дека Земјата не е округла, туку благо сплескана на половите. Оваа форма се вика плоскат сфероид.
    • rn

    rn

      rn011

    • Најдлабокото езеро на светот е Бајкалското, кое се наоѓа на територијата Русија. Неговата должина изнесува 643 километри, максималната широчина му е 48 км, а длабоко е 1,6 км. Се вели дека водата од петте најголеми езера би можелa да се сипат во него.
    • rn

    rn

      rn011

    • Повеќето пустини на земјата не се целосно покриени со песок, туку содржат и доста камења и ситен песок. Од целиот пустински предел, само 15% е песок.
    • rn

    rnЗачудувачки факти за Земјатаrn

      rn011

    • Каспиското море е најголемата затворена водена површина на земјата која се наоѓа помеѓу границите на Русија и Иран.
    • rn

    rn

      rn011

    • Ако испари целата вода од океаните, солта што ќе остане распространета на површината на Земјата ќе направи слој дебел 152 метри.
    • rn

    rn

      rn011

    • На секои 1.000 метри, температурата на планините опаѓа за околу 5,5 степени Целзиусови. Најдолгиот планински венец го сочинуваат Андите во Јужна Америка со должина од 7.282 км. По нив се Карпестите планини и Хималаите, Големите разделени планини во Австралија и Трансарктичките планини.
    • rn

    rnЗачудувачки факти за Земјатаrn

      rn011

    • Според експертите, секоја година по околу 1.000 тони парчиња од вселената врнат на нашата планета.
    • rn

    rn

      rn011

    • Понекогаш земјотресите се многу деструктивни и предизвикуваат масовно уништување и смрт на животни, луѓе и растенија. Фактот е дека Земјата произведува 1 милион земјотреси годишно. Но, само малку од нив се деструктивни, а повеќето се безопасни. Голем број од нив не се ни чувствуваат и поминуваат незабележано.
    • rn

    rn

      rn011

    • Земјата има многу атмосферски слоеви кои се наоѓаат околу неа и ја штитат. Помеѓу нив, тропосферата е најнискиот и најтенкиот слој кој е најблиску до Земјата. Се наоѓа на околу 16 км од нејзината површина, но има најважна улога во нашата заштита.
    • rn

    rn

      rn011

    • Се смета дека Долината на смртта во Калифорнија е најжешкото место на Земјата. И несомнено е. Сепак, најжешката забележана температура е во Ал Азизија, Либија, која изнесувала 57,8 степени Целзиусови, измерена на 13 септември 1992. Највисоката температура измерена во Долината на смртта изнесува 56,6 степени Целзиусови на 10 јули 1913.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.