На Малдивите е отворено ново одморалиште наречено Lux North Male Atol кое нуди вистинско уживање во тропскиот рај во Индискиот Океан. Станува збор за луксозното село на вода кое се состои од вкупно 67 двоспратни згради во лагуните, но и на плажата. Секоја зграда е опремена со сопствен базен и пријатно место за релаксирање на кровот. Во барот на кровот можете да уживате во добра масажа, филм под отворено небо, романтична вечера за двајца или пијалак со друштво.rnrnОвие згради имаат огромни дневни соби, луксузни бањи и тушеви на отворено. Сместувањето може да се резервира по цена од околу 1000 евра за вечер. Целото одморалиште можете да го изнајмите и по „прифатлива“ цена од 158 000 евра за три ноќи.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете го овој град од соништата во Северна Африка.
Tag: одморалиште
-

Село на вода: Во оваа држава секоја зграда има базен и бар на кровот
-

Летувалиште на Малдиви кое ви овозможува да спиете под ѕвездите и над океанот
Замислете си како пловејќи заспивате додека ги слушате брановите од океанот и ветерот. Најинтересниот дел е тоа што водата се наоѓа директно под вас додека лежите на специјално изработената мрежа поставена директно над водата. Можеби ова ви звучи како далечен сон, но е возможно за околу 22 илјади денари за една ноќ.rn
Инфлуенсерите од целиот свет го обожаваат одморалиштето
rn
rnТие се вљубени во ова место затоа што им овозможува да направат убави фотографии за Инстаграм. Одморалиштето располага со 120 вили, а секоја од нив е опремена со приватен базен и мрежа како што можете да видите на сликата. Инстаграмџиите и славните луѓе обожаваат да дремат, да јадат или едноставно само да позираат на гореспоменатата мрежа.rnСе наоѓа во Големиот парк Кодипару на Малдивите
rn
rnДалечното островско одморалиште изобилува со 120 вили
rn
rnСите вили се опремени со посебни мрежи кои лебдат над водата
rn
rnЦената за изнајмување започнува со 22.000 денари за една ноќ
rn
rnОдморалиштето станало екстремно популарна дестинација за инфлуенсерите
rn
rnrnПродолжува на следната страница…rn -

Луксузна вила на Француските Алпи која има сопствена дискотека
Оваа вила се наоѓа на Француските Алпи и е дел од зимското одморалиште Куршвел. Наречена е Малата палата (Le Petit Palais). Таа не само што изобилува со луксуз кој е типичен за сите вили со многу ѕвезди, туку има и некои додатоци кои се просто неверојатни. Еден дел од неа е адаптиран да служи како дискотека, има и базен, сауна, спа, салон за убавина и фитнес сала. Има и винарија, а за цената следува и личен готвач. rnrnМоже комотно да прими од 12 до 15 гости во своите речиси 1.700 метри квадратни. Доколку тоа не им е доволно на гостите, таа може лесно да се спои со друга вила која се вика Малиот замок (Le Petit Chateau). На богатите авантуристи ќе им се допадне и тоа што на најблиската патека за скијање се пристапува директно од излезната врата. Вилата се проценува на 60 милиони евра, но сопственикот не ја продава. Наместо тоа, ја издава за цена од 100.000 до 240.000 евра неделно, зависно од сезоната.rnrn
rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Планинско одморалиште од иднината
Во блиска иднина австриски архитекти од студиото „Coop Himmelb(l)au“ ќе почнат да градат планинско одморалиште во Кина. Грандиозниот проект наречен „Dawang Mountain Resort Changsha“ ќе биде распослан на 120 илјади квадратни метри, а во него ќе има хотел, неколку ресторани, шопинг центри, парк и висечки градини.
Ова ново и интересно место за одмор ќе биде сместено во еден веќе постоечки каменолом. Одморалиштето ќе се протега од едната до другата страна на каменоломот како мост, а под него се наоѓа едно мало езеро. Одделната кула е наменета за хотелот со пет ѕвезди, во кои ќе има околу 350 соби.
rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Совршено место за романтично бегство на Малдивите
Ова луксузно одморалиште е уште едно од низата мали парчиња рај на Малдивите. Место каде што ќе го најдете вашиот внатрешен мир и на кое вистински ќе се одморите. Одморалиштето „Gili Lankanfushi“ е изградено во сина лагуна и е перфектно место за романтично бегство.
Секоја вила овозможува интимна атмосфера, а до некои од нив мора да стигнете со бротче. Ентериерот на вилите е минималистички, со што се нагласува чистата убавина на сините води кои ве опкружуваат. Што сè има во ова одморалиште со 5 ѕвезди останува да погледнете од фотографиите.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Ова е совршеното место за вистински одмор
Ова луксузно одморалиште се наоѓа во островската држава Фиџи, поточно на островот Лаукала. Островот е распослан на 14 квадратни километри на кои има прекрасни лагуни, плажи со ситен песок, плантажи со кокосови дрвја и планини со бујно зеленило.rnrn
rnrnЛуксузното одморалиште се состои од 25 вили, а секоја од нив има приватен надворешен базен, прекрасен природен мебел и многу други луксузни задоволства. Тука посетителите можат да уживаат во многу активности, како нуркање, тури низ дождовни шуми, возење велосипед или јавање на коњи.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Најновото луксузно изненадување на Малдивите
„Dusit Thani“ е последното во низата феноменални луксузни одморалишта кои се наоѓаат на Малдивите. Распослано на брегот со бели песочни плажи на островот Mudhdhoo и опколено со богат морски гребен и тиркизна лагуна, ова одморалиште го промовира тајландското гостопримство.
Составен дел од него се 100 луксузни вили и резиденции опремени со најнова технологија и луксузен мебел. Цената за изнајмување соба започнува од 563 американски долари, но вреди за услугата која се добива.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Сакате ли да преспиете во птичјо гнездо?
Артистот Џејсон Фен од Калифорнија дизајнира и создава птичји гнезда, во кои луѓето можат да преноќат. Гнездата се направени од гранки собрани од локалните шуми, а достапни се за купување. Доколку сте заинтересирани, можете да преноќите во вакво гнездо во одморалиштето „Treebones“.
Пред да поскакате да преспиете во гнездо, треба да знаете дека тие не се така удобни како што изгледаат. Тие не се водоотпорни и немаат никакви други погодности освен кревет за двајца. Доколку почне да врне, можеби најдобро ќе биде да поставите шатор во гнездото.
Сепак, доколку сте љубител на авантури и природа, ова е искуство кои морате да го доживеете. Одморалиштето, нуди гнездо во кое можат да се сместат максимум 8 луѓе, а целото е изработено од гранки од еукалиптус. Оние кои ги изработува Џејсон за продажба можат да се направат по желба на клиентот, па така купувачите можат да изберат гнездо во кое ќе собира и до 30 луѓе.


rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Одмор помеѓу рипките
Одморалиштето „World Sentosa“ кое се наоѓа покрај брегот на Сингапур, пред кусо време ги презентираше своите 11 нови апартмани, за љубителите на луксузот и новите несекојдневни искуства. Инспирирани од природата, новите апартмани им ја нудат можноста на гостите да ја искусат магијата на подводниот свет, додека уживаат во комфорот на нивниот кревет.
Стаклените ѕидови им овозможуваат на гостите да имаат фантастичен поглед во најголемиот аквариум на светот во кој има над 70 видови водни животни. Приближно, во аквариумот има околу 50.000 водни животни.
Двокатните апартмани им овозможуваат на гостите покрај уживањето од стаклениот ѕид, да се релаксираат во погледот од нивните балкони. Таму гостите можат да уживаат во силното сонце, додека лежат во џакузи. Исто така, хотелот овозможува да најмите и батлер, кој секогаш ќе биде спремен да ве услужи. Ова задоволство чини 1.800 долари за една ноќ.



rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

rnrnЦелиот остров припаѓа на сопственикот на познатата компанија Ред Бул и се состои од 25 вили. Најдобрите вили имаат панорамски поглед на островот, бесплатни масажи и јавање коњи на плажа. Престојот тука чини 40.000 долари од вечер.rn
rnrnОваа вила зафаќа површина од 840 метри квадратни и има затворен џакузи базен за 12 лица со поглед на познатите улици во Вегас. Престојот во оваа вила чини 35.000 евра од вечер и има приватни тераси, приватен стаклен лифт, соба за вежбање и фитнес, соба за масажа, како и сува сауна и 24-часовна батлерска служба.rn
rnrnПретседателскиот апартман во овој хотел се наоѓа на булеварот „de la Croisette“ и бил отворен во 1929-тата година. Чини 35.000 евра од вечер и се состои од 4 спални соби, 2 соби за одмор и трпезарии, 2 работни соби, 2 сауни и 4 тоалети, сите опремени со посебна када со хидротерапија и турска бања/туш.rn
rnrnОдморалиштето нема листа на цени, но се претпоставува дека една вечер би чинела околу 35.000 евра, што е и стандардната сума за луксузните апартмани во хотелите. Одморалиштето има една затворена вила на јужниот дел од полуостровот која гледа кон мирното Егејско море. Има приватен базен, погоден за сите годишни времиња, 2 големи спални соби со огниште и широка мермерна бања со дополнителна гостинска соба и приватна тераса за сончање, сала за вежбање како и за масажа.rn
rnrnХотелот се наоѓа на островот Сардинија и содржи сѐ што би очекувале од едно медитеранско одморалиште. Претседателскиот апартман има приватен базен, фитнес центар и солариум.rn
rnrnОвој пентхаус чини 35.000 евра од вечер и нуди 9 соби распространети на 400 метри квадратни кои имаат поглед на градот од 360 степени. Ова е највисоката соба во Њујорк и биле потребни 7 години и 46 милиони евра за да се изгради.rn
rnrnИнтересното за ова одморалиште е тоа што содржи повеќе бањи отколку спални соби и најдоброто што може да го понуди е Палатата од која можете да очекувате златни статуетки од лавови покрај базените, приватно пристаниште и сопствен амам. Чини 40.000 евра од вечер.rn
rnrnХотелот ги нуди своите апартмани по цена од 53.000 евра од вечер. Покрај 6-те спални соби, гостите можат да уживаат во библиотека, приватен театар, соба за астрологија и приватна кујнска послуга. Хотелот моментално се реновира и во план е да се вклучат тераси со градини кои ќе се протегаат на 2.200 метри квадратни и тростран бесконечен базен.rn
rnrnОва е најскапиот хотел во светот и својата најскапа соба, односно претседателскиот апартман го нуди по цена од 60.000 евра од вечер. Во него престојувале дел од најбогатите луѓе во светот како што се Бил Гејтс и Мајкл Даглас. Се протега на 1.800 метри квадратни и има 4 големи спални соби, 12 мермерни бањи, соба за вежбање, маса за билјард и еден голем клавир од познатата фирма „Steinway“.rn
rnrnНајскапата соба која чини 130.000 евра од вечер всушност не се наоѓа во хотел, туку во подморница. Понудата доаѓа со целосен бродски екипаж кој ќе ве води низ длабочините на океанот, а ќе можете да уживате и во мирниот сон.
















