КАФЕ ПАУЗА

Tag: објаснувања

  • Научни објаснувања за 10-те најчести натприродни појави

    Научни објаснувања за 10-те најчести натприродни појави

    Повеќето од нас веруваат дека живееме во рационален свет, свет каде што демоните и мртвите не ги прогонуваат живите. Но ако духовите не се реални, зошто толку луѓе веруваат во нив? Изгледа дека одговорот е поврзан со човечкиот ум. Постои научно објаснување за речиси секое чудно нешто што го виделе луѓето. Кога станува збор за натприродното, научните објаснувања се понекогаш почудни и од самите митови.rn

    1. Ефектот идеомотор: Како работи таблата за комуницирање со духови?

    rnНаучни објаснувања за 10-те најчести натприродни појавиrnrnКога со пријателите ќе ги ставите прстите на таблата и ќе забележите дека малата пластична стрелка се движи, тоа навистина се случува. Нема потреба некој да се шегува и да ја мрда. Стрелката навистина се мрда, а луѓето што ја допираат не веруваат дека се одговорни за тоа.rnrnОвој ефект е познат како идеомотор и можете да го пробате и самите. Ставете тег на конец и држете го со мирна рака. Поставувајте си прашања и кажете си дека ако тегот се врти во насока на стрелките на часовникот одговорот е „Да“, во спротивно одговорот е „Не“. Како магија, тегот ќе ја промени насоката за да ви одговори, а вие ќе верувате дека не правите ништо.rnrnОва функционира бидејќи нашето тело прави мали, несвесни движења. Кога си поставувате прашања, вашиот потсвесен ум ги одговара и суптилно ги мрда вашите мускули без ваше знаење. Истото се случува и со таблата за комуницирање со духови.rn

    2. Експериментот Филип: Зошто на сеансите се случува лудило?

    rnНаучни објаснувања за 10-те најчести натприродни појавиrnrnВо 1972-ра година, тим психолози собрале 8 луѓе и им ја раскажале приказната за „Филип Ајлесфорд“. Потоа ги натерале да го повикаат преку сеанса. Ги затемниле светлата, пееле песни, му поставувале прашања и на нивно изненадување, почнале да се случуваат чудни работи. Масата почнала да се мрда, па дури и застанала на две ногарки, а светлата почнале да трепкаат. Слушале и некакви звуци за кои верувале дека е Филип кој одговара на прашањата, и тоа точно. Ова би било сигурен доказ дека го повикале духот на мртов човек но, Филип воопшто не постоел.rnrnПсихолозите го измислиле Филип, како и секој детаљ од неговиот живот. Сепак, групата била убедена дека повикала дух. Овде во игра влегле неколку психолошки трикови, но најголемо влијание имал ефектот идеомотор. Групата ја помрднала масата со нивната потсвесна волја. Психолозите ги објавиле своите резултати, а други научници ги повториле. И тие добивале луди сеанси каде што луѓето верувале дека повикале дух.rn

    3. Плацебо експериментот на Хенри IV: Како работат егзорцизмите?

    rnНаучни објаснувања за 10-те најчести натприродни појавиrnrnОпседнувањата од демони изгледаат лесни за објаснување. Со години сме немале разбирање за шизофренијата, епилепсијата и бројни ментални нарушувања, па сме се убедиле дека станува збор за демон. Но ако ова е вистина, што е со егзорцизмите? Ако сите опседнати луѓе имале шизофренија, како свештениците ги лекувале зборувајќи латински? И овде одговорот се наоѓа во нашиот ум.rnrnВо доцниот 16-ти век, кралот Хенри IV собрал група луѓе за да направи експеримент со жена која тврдела дека е опседната од демони. Ѝ кажале дека луѓето се свештеници и ќе ѝ направат егзорцизам. Свештениците го лажирале целиот настан, и успеале. Прво ѝ дале света вода од црква. Ја ставиле во обичен сад и ѝ кажале дека е обична вода. Вистинската света вода немала никакво влијание на неа. Потоа ѝ ставиле обична вода за која ѝ кажале дека е света, а жената почнала да се грчи од болка. Ставиле и парче железо на неа и ѝ кажале дека е реликвија од крст. Жената повторно чувствувала болка. Исто така, читале и книга на латински и се преправале дека е Библијата. Жената повторно реагирала, иако „свештениците“ ја читале „Енеида“ на Вергилиј. Жената не ги лажирала нејзините реакции, тоа бил нејзиниот ум.rn

    4. Ефектот Форер: Зошто луѓето веруваат во хороскоп?

    rnНаучни објаснувања за 10-те најчести натприродни појавиrnrnЕден човек по име Мајкл Гокелин пуштил реклама на која нудел бесплатна анализа на личноста само врз основа на хороскопскиот знак. Сè што требало да направите е да го испратите вашиот датум на раѓање. Неверојатни 94% од луѓето изјавиле дека Мајкл ги опишал совршено.rnrnИнтересно е што Мајкл ја испратил потполно истата анализа на секој човек кој се пријавил. Анализата немала никаква врска со хороскопот. Ова е наречено ефектот Форер, односно волјата на човечкиот ум да верува дека 2 неповрзани настани се поврзани.rn

    5. Парадигмата лажна слава: Зошто луѓето веруваат во минати животи?

    rnНаучни објаснувања за 10-те најчести натприродни појавиrnrnПричината зошто некои луѓе се убедени дека биле Јованка Орлеанка или работник од древен Египет е многу едноставна – тие имаат многу лошо сеќавање.rnrnГрупа истражувачи од Универзитетот Мастрихт направил тест наречен „Парадигмата лажна слава“. Во експериментот учествувале луѓе кои биле убедени дека ги помнат нивните минати животи. Тие читале листа од измислени имиња, а следниот ден читале нова листа со познати имиња и имињата од претходниот ден. Луѓето кои верувале дека ги помнат минатите животи инсистирале дека измислените имиња се прекари на познати личности. Со други зборови, нивните сеќавања лесно се мешале. Кога не можеле да се сетат од каде им е познато некое име, нивните мозоци измислувале приказни за да објаснат кои се тие лажни луѓе. Се верува дека се случува истото кога измислуваат приказни за минатите животи.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Еве што значат сите оние „чудни“ однесувања на вашата мачка

    Еве што значат сите оние „чудни“ однесувања на вашата мачка

    Мачките се прекрасни суштества кои може да ви бидат одлично друштво, но, понекогаш тие може да ве остават збунети со нивното однесување. За подобро да ги разберете своите прекрасни домашни миленици, во продолжение ви прикажуваме објаснувања на десетте нивни најчудни однесувања.rnrnЕве што значат сите оние „чудни“ однесувања на вашата мачкаrn

    1. „Разговараат“ со птиците

    rnКога ги гледаат пиците низ прозорецот, мачките често почнуваат да испуштаат звук сличен на чкртањето со забите. Експертите кои се занимаваат со однесувањето на мачките не се целосно сигурни зошто тие го прават тоа, но претпоставуваат дека на тој начин искажуваат фрустрација затоа што не можат да излезат надвор и да ги дофатат птиците. Други пак мислат дека брзите движења со вилицата се дел од инстинктот со кој мачките ги подготвуваат своите мускули за убивање на пленот.rn

    2. Ги „чешаат“ лицето и брадата од луѓето

    rnМачките го прават ова со оние со кои се блиски. Според советниците за однесување на домашните миленици, мачките на брадата имаат мирисни жлезди и на тој начин споделуваат фацијални феромони со нивните сопственици. Со оваа симпатична постапка мачката го поздравува и му дава до знаење на својот сопственик дека му верува и дека се чувствува сигурно. Ако вашата мачка не го прави ова, тогаш не треба да се грижите, можеби не е таков тип.rn

    3. Ви носат „дарови“

    rnМачките сакаат да се пофалат со својот лов, така што пред нивните сопственици носат мртво глувче, птица или некој инсект. Бихевиористите имаат неколку теории зошто тие го прават ова. Една од нив е таа дека мачката го имитира однесувањето на својата мајка која ѝ носела мртов плен додека била млада. Можеби пак вашата мачка сака да го сподели својот плен со вас за да ви се заблагодари за тоа што ја храните или пак сака да го сподели својот успешен лов со вас и да ви даде до знаење дека ве смета за свој пријател. Имено, за дивите мачки специфично е тоа што вишокот храна кој веќе не им е потребен, им го носат на другите, особено на малите и на мајките кои дојат.rnrnСо други зборови, можеби вашата мачка сака да ви помогне да имате доволно храна. Во вакви моменти важно е да не ја казнувате, затоа што таквото однесување е дел од нејзината природа. Како домашни миленици, мачките може да бидат многу поврзани со нивниот сопственик и спротивно на вообичаеното мислење, тие навистина ги сакаат своите сопственици, а носењето на уловениот плен е само еден пример за тоа! Тешкотии се јавуваат кај оние мачки кои премногу време се оставени сами.rn

    4. Жвакаат пластика и други необични работи

    rnАко вашата мачка жвака пластика, нечистотии, тепих, жици, волнено ќебе и слични предмети, најверојатно страда од состојба која може да е последица од дигестивни проблеми или тегоби. Како што луѓето ги гризат своите нокти или си играат со нивната коса кога се нервозни, така и мачките жвакаат предмети кога чувствуваат тегоби. Обрнете внимание доколку таа се однесува на овој начин, затоа што предметите кои ги жвака може да ѝ предизвикаат проблеми. Ако ова се случува постојано, посетете ветеринар.rn

    5. Ве „масираат“ со нивните шепи

    rnКога мачките често ве допираат со нивните шепи, односно ве притискаат како да ве „масираат“, тоа е еден знак на задоволство и среќа и тие се обидуваат да си го намалат чувството на тегоби или пак вам сакаат да ве означат со својот мирис, затоа што и на шепите имаат мирисни жлезди. Ова инстинктивно однесување се јавува набрзо по раѓањето, кога малите мачиња ги допираат млечните жлезди на нивните мајки со цел да го стимулираат протокот на млеко.rnrnЕве што значат сите оние „чудни“ однесувања на вашата мачкаrn

    6. Сакаат да лежат во кутии и други тесни простори

    rnНе е невообичаено што вашата мачка и покрај тоа што има избор за лежење на многу места, таа го избира најтесниот простор, како што е картонска кутија или лавабо. Тие го прават тоа затоа што се чувствуваат посигурно во помалите простори. Во дивината, мачките мора да бидат тивки и сокриени за да преживеат, а спиењето на отворен простор ги прави повеќе изложени на нивните непријатели.rnrnОд друга страна, криењето во некоја дупка прави потешко да бидат пронајдени. Затоа, наредниот пат кога ќе ја видите својата мачка како спие во кутија, можете да бидете сигурни дека се чувствува удобно. Мачките се фасцинантни животни! Со луѓето живеат веќе околу 10.000 години, а сепак сѐ уште го имаат зачувано нивното однесување, изгледот и повеќето особини на своите диви предци.rn

    7. Зјапаат во вас

    rnПоради очите на мачката која постојано зјапа во вас, вие може да се чувствувате непријатно, но не треба да се грижите затоа што таа не се обидува да ви го контролира умот. Со оваа постапка таа најверојатно се обидува да го добие вашето внимание за да ѝ дадете храна. Доколку не ја интересира храната, можеби само сака да знае што правите. Мачките комуницираат со различи гласови и тие брзо ги учат постапките на луѓето. Така, тие знаат дека отворањето на фрижидерот или пак шушкањето на некоја кеса значи храна. Покрај тоа, со позитивно поттикнување, односно наградување, мачките може да се тренираат.rn

    8. Ве игнорираат

    rnВо еден момент очите на вашата мачка се залепени за вас, додека во друг целосно ве игнорираат. Исто како и луѓето, така и мачките понекогаш сакаат да бидат сами. Кога со своето однесување таа ви покажува дека ѝ треба простор, тогаш оставете ја и ќе се чувствува посигурно со вас, знаејќи дека ги почитувате нејзините потреби. Откако ќе ѝ го дадете потребното време, подоцна мачката ќе почувствува потреба да ве побара и да биде во ваше друштво.rn

    9. Не го затрупуваат својот измет

    rnДоколку мачката не го затрупа својот измет откако ќе изврши нужда, тоа може да укажува на здравствени проблеми или проблеми со однесувањето, како што се инфекции на уринарниот тракт или повредени шепи. За да дознаете дали се работи за здравствен проблем, посетете ветеринар. Доколку не станува збор за здравствен проблем, тогаш можеби на вашата мачка не ѝ се допаѓа песокот што ѝ го ставате или пак не го чистите доволно често. Исто така постои можност тој простор да ѝ е премногу мал, па да не може да се врти во него. Ако имате повеќе мачки, треба да им поставите повеќе тоалети. Потребно е да имате еден тоалет повеќе отколку бројот на вашите мачки.rn

    10. Плачат во текот на ноќта

    rnПлачливото мјаукање на мачките во текот на ноќта, може да биде знак дека мачката има потреба за фаќање глодачи и инсекти. Нејзиниот обид да улови плен може да резултира со мјаукање поради возбуда или пак ако не успеала да го фати пленот. Осигурете се дека мачката има доволно игри и активности во текот на денот, така што ќе ја потроши својата вишок енергија и ќе ја потисне нејзината потреба за лов. Експертите советуваат да не користите ласер за игра со вашата мачка. Ако таа е постара, а често плаче во текот на ноќта, тогаш треба да ја одведете на ветеринар затоа што можеби се работи за некој посериозен здравствен проблем.rnrnЕве што значат сите оние „чудни“ однесувања на вашата мачка

  • 20 нешта што ги разбираат само оние кои имаат многу строги родители

    20 нешта што ги разбираат само оние кои имаат многу строги родители

    Детството е доволно тешко само по себе, особено тинејџерските години, но кога имате строги родители, нештата стануваат 10 пати полоши. Ако никогаш не сте ја искусиле радоста од останувањето подоцна од договореното време, ако никогаш не сте пробале да ги фатите во добро расположение за да ги прашате нешто што ви е важно и ако никогаш детално не сте се објасниле и за најмалиот детаљ поврзан со излегувањето, тогаш вие не знаете како изгледа да се има строги родители.rnrn0-20-neshta-shto-gi-razbiraat-samo-onie-koi-imaat-mnogu-strogi-rodiliteli-kafepauza.mkrnrn1. Вие сте првата личност која заминува од друштвото.rnrn2. Кога барате дозвола да преспиете кај пријател/ка потребни ви се 37 часа ментална подготовка, детална PowerPoint презентација од населбата и внатрешноста на куќата и секако, договор потпишан со вашата крв според кој нема да пиете и ќе си легнете во 12 часот.rnrn3. Вашите пријатели прават планови за подоцна истата вечер, а вие знаете дека нема да одите затоа што на вашите родители им требале 2-3 работни дена за да размислат дали воопшто да ве пуштат.rnrn4. Вежбате пред огледало за да ги прашате за нешто важно и потсвесно смислувате одговори на прашањата што знаете дека ќе ги постават.rnrn5. Секогаш чекате пред да прашате нешто – мора да бидат добро расположени.rnrn6. Некогаш, пред да прашате нешто, само тажно ќе ги погледнете и ќе речете: „Не е важно и онака ќе кажете не“ за да имате поголеми шанси да ве пуштат.rnrn7. Ги прашавте еднаш и само еднаш за да останете подолго во куќата на вашиот/та пријател/ка. Не ви е јасно зошто вашите пријатели мислат дека „прашај уште еднаш“ ќе смени нешто.rnrn8. Секогаш треба да избирате помеѓу излегување во петок или сабота затоа што нема шанси да ве пуштат двата дена.rnrn1-20-neshta-shto-gi-razbiraat-samo-onie-koi-imaat-mnogu-strogi-rodiliteli-kafepauza.mkrnrn9. Чувствувате огромна паника и страв кога вашите пријатели 10 пати ќе го променат планот и вие мора одново и одново да им објаснувате на вашите родители што точно ќе правите.rnrn10. Ако пропуштите само еден нивни повик тие наеднаш мислат дека пушите марихуана со „тие пријатели“ кои тие отсекогаш ЗНАЕЛЕ дека лошо ќе влијаат врз вас.rnrn11. Никогаш не сте пцуеле пред нив. И сѐ уште не пцуете.rnrn12. Секогаш сте го менувале каналот на телевизија кога ќе влезел некој од родителите додека вие сте гледале нешто каде што актерите може да се бакнат или, не дај Боже, да се разголат.rnrn13. Главни теми на разговор за време на јадење се вашето образование и што сте правеле на училиште – никако за социјалниот и љубовниот живот. Што е до нив, немате ниедно од тие две нешта.rnrn14. До ден-денес, сѐ уште не можете да се облечете без да помислите што вашите родители би мислеле за тоа што го носите.rnrn15. Според нив, треба да сте задоволни со само едно дупчење на ушите. Ако само помислите да ја обоите косата во необична боја, да си направите тетоважа или пирсинг, веројатно самиот пекол ќе замрзне.rnrn16. Веројатно сте имале исто име барем со 4-5 деца од вашиот клас.rnrn17. Манирите отсекогаш биле најважни. Говорот „не сакаме да нѐ мислат за дивјаци“ го имате слушнато преку 100-тина пати и веќе го знаете наизуст. Всушност, не сте сигурни кој говор сте го слушнале повеќе пати: тој или предавањето дека винската чаша се држи долу.rnrn18. Имате импулсивна реакција кога ќе слушнете дека некој од вашите пријатели преспал кај нивното момче/девојка. Тоа е огромен шок, толку голем што 15 минути седите со отворена уста.rnrn19. Многу внимателно ги одбирате шегите што им ги кажувате на родителите затоа што после кратката смеа може да следува 45-минутно предавање кое на крај завршува така што ве испраќаат во соба.rnrn20. Постојано лажевте. За сѐ. И сѐ уште ги лажете.rnrn2-20-neshta-shto-gi-razbiraat-samo-onie-koi-imaat-mnogu-strogi-rodiliteli-kafepauza.mk

  • Зошто имаме потреба од спиење?

    Зошто имаме потреба од спиење?

    Сте чуле ли дека големиот император Наполеон во просек спиел само 4 часа дневно? Научникот Томас Едисон тврдел дека спиењето е само губење време? Дали сте знаеле дека 8 часа сон даваат исто енергија колку еден тост? Тогаш зошто имаме потреба од сон? Мистеријата зад ова прашање е поголема отколку што мислите, затоа што точните одговори не ги знаат ни светските научници.rnrnЗошто имаме потреба од спиење?rn

    Зошто спиеме?

    rnЗамислете го вашето тело како автомобил. Не може постојано да работи без престан и без „полнење на резервоарот“. Нашето тело закрепнува во текот на спиењето, се одмора од дневните активности, од планирањата, размислувањата и грижите. Мозочните клетки и менталната енергија се обновуваат во текот на спиењето.rn

    Дали недостатокот на сон ѝ штети на нашата менталната стабилност?

    rnНедостатокот од сон има сериозни последици по нашата ментална стабилност. Само со една ноќ помината без спиење нивото на концентрација значително се намалува, но не само во наредниот ден. Доколку имате нередовен сон, тешко ќе успевате во подигнување на вашето ниво на концентрација кога ви е најпотребно.rn

    Кои делови од мозокот се најзагрозени при недоволно спиење?

    rnНедостатокот на сон најпрво влијае во делот на мозокот кој ги контролира лингвистичките способности, меморијата, чувството за време и место. Ви се има случено поради недостаток на сон да изгубите секакво чувство за простор и време? Верувале или не, несоницата влијае дури и на нашата смисла за хумор. Недоволното спиење не прави нервозни, нерасположени, нетрпеливи.rnrnЗошто имаме потреба од спиење?rnrnРековме дека мозокот додека спиеме се одмора и се обновува, но тој не е исклучен. Напротив, додека спиеме размислуваме и тоа многу. Експертите тврдат дека мозокот во спиењето ги организира и складира податоците примени во текот на денот, па размислете дали пак ќе заминете на испит без претходно добро да се наспиете. Поради работата на нашиот мозок, додека спиеме настануваат соновите, кои главно се резултат на нашата потсвест.rnrnСите ние можеме на одредено време да функционираме без спиење, но по долга несоница не би функционирале правилно. Рекордот за најдолго време поминато без спиење е поставен во текот на 60-те години од минатиот век и изнесува цели 11 дена или 264 часа. Поставен е од страна на Ренди Гарднер кој во тоа време имал само 17 години. Сигурно не би сакале да се најдете на негово место после 11-от ден.rnrnВеќе спомнавме дека енергијата која ја добиваме од сонот може да ја добиеме и на друг начин, но ние не спиеме само за да собереме енергија. Кофеинот и калоричните закуски со сигурност би ни дале доволно енергија за да останеме будни, но не би ни го дале одморот кој му е потребен на нашиот мозок.rnrnСпиењето влијае на многу работи. За некои од нив не би ни помислиле дека можат да бидат контролирани од спиењето. Додека спиеме се лачат најмногу хормони за растење. Сте помислиле зошто бебињата спијат многу повеќе од возрасните? Точно е дека постојат многу митови поврзани со спиењето , но потребата за сон и работата на мозокот во текот на спиењето се различни кај секој човек.rnrnПоминуваме речиси 1/3 од животот спиејќи, а никој не знае што точно се случува додека спиеме. Она што со сигурност го знаеме, е дека спиењето е ментална појава која ни е неопходна. Доколку не ви е јасно зошто спиете, пробајте да не го правите тоа макар два дена, па ќе ви стане јасно.rnrnНекои ќе речат дека спиењето е губење на време, напротив, спиењето е храна за мозокот. Можеби губите време кога се излежувате во кревет бидејќи со вас надвладеала мрзата, но не кога спиете, бидејќи од сонот имате реална потреба.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.