КАФЕ ПАУЗА

Tag: нормално

  • Едноставен тест со кој можете да дознаете дали вашите гради се нормални и здрави

    Едноставен тест со кој можете да дознаете дали вашите гради се нормални и здрави

    Жените често се сомневаат во својот физички изглед и ги проучуваат нештата под „лупа“. Токму затоа и секоја жена, барем еднаш во својот живот, ќе се запраша дали нејзините гради се нормални, односно дали отскокнуваат од просекот по здравје, пропорции, облик и други детали…rnrnЕдноставен тест со кој можете да дознаете дали вашите гради се нормални и здравиrnrnКај повеќето жени градите не се со еднаква големина бидејќи левата града е најчесто поголема од десната. Иако разликата е едвај забележлива, големината може да варира. Влакната околу брадавиците се исто така нормални, но изразени се кај оние жени со полицистични јајници или некоја друга состојба поврзана со хормонална нерамнотежа. Доколку ви пречат, најдобро е да ги скратите со ножички и да избегнувате да ги отстранувате со пинцета бидејќи на тој начин може да настанат поткожни влакна.rnrnГолемината на градите не е поврзана со големината на брадавиците, додека пак и двете зависат најмногу од генетиката, а потоа и од вкупната количина масни ткива во телото. Жените со поголем број килограми по правило имаат и поголеми гради, додека пак оние кои се послабички имаат помали гради. Исто така воопшто не е необично да се најдат големи брадавици на мали гради или пак, мали брадавици на големи гради.rnrnГрадите можат да се зголемат по природен пат, така што ќе ги вежбате мускулите над нив. На овој начин ќе ги подигнете градите, а токму затоа и тие ќе изгледаат многу поголемо. Ако од вашите брадавици излегува течност, а не сте бремени или пак, неодамна сте родиле дете, тогаш добро би било доколку го посетите вашиот гинеколог. Што се однесува до бојата на брадавиците, таа зависи од самата жена, па токму затоа и некои имаат светло розови, додека пак други кафеави. Бојата на брадавиците се менува за време на бременоста и доењето, така што станува потемна.rnrnСтриите на градите се сосема нормална појава по брзото растење во пубертетот, за време на бременоста или пак, по здебелувањето. Со тек на време тие ќе станат помалку видливи. Од 10 до 20 проценти од жените имаат една вовлечена брадавица и тоа не е проблем доколку отсекогаш била таква. Грутките во градите не се веднаш знак за грижа бидејќи поголемиот дел од жените имаат цисти кои не се опасни. Но, ако се појави нова грутка или чувствувате болка, веднаш посетете го вашиот доктор.rnrnПогледнете го видеото за подетално објаснување…rnrn

  • 5 одлични лекции наменети за чувствителните луѓе

    5 одлични лекции наменети за чувствителните луѓе

    Што е всушност нормално? Дали е нормално да плачете кога ќе изгубите некого или е нормално да се воздржите од емоциите бидејќи сте во јавност? Дали е нормално да помогнете на некој кому му е тешко или е нормално да се тргнете настрана бидејќи тој некој не ви е близок?rnrn(1)-5-odlichni-lekcii-nameneti-za-chuvstvitelnite-lugje-kafepauza.mkrnrnПреголемата чувствителност секогаш наидувала на различни осудувања од страна на општеството. Некои сметаат дека е добра, а некои се строго против неа. Но она што е навистина важно е што вие мислите за себе доколку сте чувствителна личност. Дали се срамите од тоа или сте подготвени позитивно да ја искористите вашата чувствителност во секоја смисла на зборот? Следниве неколку лекции ќе ви помогнат во одлуката.rn

    1. Прифатете ги и контролирајте ги вашите емоционални реакции

    rnОна на кое секогаш може да сметате како чувствителна личност е вашата емпатична реакција на она што им се случува на луѓето околу вас. Чувствувајќи го она што тие го чувствуваат и ставајќи се во нивна кожа, ќе сакате да им помогнете дури и тогаш кога тие не го бараат тоа од вас. Тоа често може да ве стави во доста неповолна положба со оглед на фактот дека не секој сака да му се мешате во животот, па можно е да го постигнете сосема спротивниот ефект од оној кој примарно сте го имале на ум.rnrnНо, првиот чекор кон каква било промена секогаш е прифаќање на фактот дека има потреба од таа промена. Така е и со вашите претерани реакции – нема да успеете да ги исконтролирате сѐ додека не прифатите дека некогаш навистина знаете да претерате.rn

    2. Слушајте се себеси и верувајте ѝ на својата интуиција

    rnЖелбата да помогнете некому е неверојатно голема кога сте чувствителна личност. Но истовремено, интуицијата која потекнува од вашата чувствителност е можеби и поголема. И додека едното кажува една верзија на настаните, а другото кажува друга, вие често решавате да ги затворите очите пред она кое длабоко во себе знаете дека е вистина.rnrnНаместо да ја слушате својата интуиција, вие одбирате да им верувате на луѓето и тоа што тие го зборуваат, а така станувате лесна мета за оние кои сакаат да извлечат нешто од вас. На крајот на краиштата, како очекувате да му помогнете некому ако не сте способни да си помогнете себеси така што ќе го слушате повеќе вашиот внатрешен глас?rn

    3. Концентрирајте се на работите кои се навистина важни

    rnТоа што сте чувствителни значи дека буквално сѐ влијае на вас. Дури и најкратката помисла дека нешто не е во ред има моќ да ве потресе и да ве загрижи. Бе разлика дали е тоа проблем кој го има некој ваш подалечен познаник или, пак, личност која ви е блиска, вие сте способни да го сфатите неговиот проблем како свој и да се преоптоварите со него.rnrnНаместо да се грижите за оние проблеми кои се реално ваши, вие губите време на туѓите. Ова можете лесно да го избегнете на тој начин што ќе си поставите приоритети и ќе се држите до нив. Она што вам ви се случува во животот е поважно од она кое им се случува на другите, па така и желбата да им помогнете на сите други ќе стане помала кога ќе бидете свесни дека прво треба да си помогнете себеси.rn

    4. Тоа што сте чувствителни не значи дека сте слаби личности

    rnСите оние глупости дека луѓето кои покажуваат емоции се слаби личности се токму тоа – глупости на кои не треба да обрнувате внимание. Она кое тие луѓе не го гледаат се сите придобивки кои таа чувствителност ги носи со себе.rnrnСилата, убавината и интензитетот на сите тие емоции ве прават само посилни од кога било, а способноста да бидете тука за некого кога никој друг не ни разбира што му се случува, ве прави подобра личност од останатите. Поседувајќи ги сите овие работи, вие сте способни да помогнете некому, да направите разлика, можеби и да промените нечиј живот. Дали е можно ова да е слабост?rn

    5. Бидете храбри

    rnЧувствителноста и сочувствувањето се нешта кои не секој може да ги има. Тие се редок подарок кој никако не треба да се земе здраво за готово, а чии придобивки може да се подарат одново и одново на оние околу вас. Па зошто би дозволиле некому да ве менува? Дали смее некој да влијае на вас до толку што вие нема да се сакате себеси такви какви што сте?rnrnБидете храбри. Тој некој не знае како е да можете да помогнете некому и да препознаете што сака да каже дури и кога не користи зборови. Чувствителноста е предност која ја имате пред сите останати. Немојте да ја изгубите.

  • 10 нормални работи кои во денешно време не изгледаат така

    10 нормални работи кои во денешно време не изгледаат така

    Поимот нормално се сведе на поимот просечно, медиокритет, потреба за материјални добра, послушност на диктатот на потрошувачкото општество и лицемерието на лажниот морал. Станавме себични и исплашени за себе и за сопственото преживување. Станавме завидливи и љубоморни, наместо радосни за успехот на другите. Идоли ни се популарните и гламурозни личности, наместо големите и сјајни умови и научници.rnrnОва е кратка листа на работи кои се нормални, но поради времето во кое живееме стануваат вистинска реткост.rnrn1-10-normalni-raboti-koi-vo-deneshno-vreme-ne-izgledaat-taka-www.kafepauza.mk_rnrn1. Помагање на непозната личност – Отуѓеност. Ова може да го кажеме кога коментираме за настан во кој некоја личност паднала, но никој не ѝ пришол да ѝ помогне. Ако вие сте единствените кои сте пришле да ѝ помогнете, додека десеттина други само гледале или уште полошо – поминувале и ја вртеле главата на другата страна, во нивните очи вие сте тие кои не се вклопуваат и правите тие да се чувствуваат непријатно. Најверојатно тој што паднал е алкохоличар, наркоман, скитник. Па што? Човек е!rnrn2. Преземање одговорност за своите грешки – Кога нешто ќе згрешите нормално е вие први да го забележите тоа и да кажете. На работа, во семејството, во врската, секаде каде што ќе погрешите. Но, преземањето одговорност денес стана екстравагантна и несакана појава, наместо да биде мерило за нормалност.rnrn3. Извинување – Извинување кога некого случајно ќе удрите додека се разминувате, извинување пред некому да му се обратите и извинување кога ќе погрешите нешто или ќе повредите некого. Се извинуваме со цел да го поправиме она што може да се поправи и да се прости. Нормалните луѓе го правеле тоа отсекогаш.rnrn4. Љубезност – Зборуваме за љубезното обраќање кон сите без разлика кои се и за подготвеноста да ги ислушате и да размислите како да им излезете во пресрет, дури и кога некого мора да одбиете, бидејќи не можете да направите нешто. Понекогаш сте направиле доволно со самото тоа што некого сте ислушале, сте го сфатиле сериозно и љубезно сте му се обратиле.rnrn5. Општа култура – Значи да ги следите и да ги познавате современите настани во музиката, книжевноста, политиката, економијата. Да имате љубопитност и редовна активност. Да читате, да одите во кино, да слушате музика, да гледате филмови. Да консумирате содржини кои се надвор од рамките на вашето општество. Да бидете подготвени да разговарате со кого било од која било земја во светот.rnrn2-10-normalni-raboti-koi-vo-deneshno-vreme-ne-izgledaat-taka-www.kafepauza.mk_rnrn6. Отвореност и доверба – Нормално е отворено да им пристапувате на луѓето и да имате доверба во нивните добри намери, само што ова повеќе не е нормално и луѓето се многу недоверливи и воздржани. Ова е резултат од многуте лоши искуства.rnrn7. Чесност и искреност – На чесниот и искрен човек му е навистина незгодно кога околината го гледа како будала и ексцентрик.rnrn8. Изјавување љубов и приврзаност – И љубовта е променета заедно со останатите човечки вредности. Често ги криеме нашите чувства, бидејќи нè прават ранливи и мета на оние кои сакаат да нè повредат.rnrn9. Радост за туѓиот успех – И тоа не мора да биде некој наш близок роднина или пријател. Ако некој успеал во нешто што ние одамна сме сакале да го постигнеме, тоа е дополнителен мотив за нас дека и ние го можеме тоа.rnrn10. Интегритет – Да се биде личност со интегритет значи да се познавате и сакате себеси и да живеете според сопствени правила, и покрај ненормалноста која ја диктираат поголемиот дел од луѓето.

  • 4 неверојатни работи поврзани со сексот кои некогаш биле нормални

    4 неверојатни работи поврзани со сексот кои некогаш биле нормални

    Денеска се чудиме на тоа што било нормално во сексот порано, а веројатно и генерациите после нас ќе се чудат на ист начин за денешнината. Ова се четири работи кои нам ни звучат неверојатно, но некогаш одамна биле секојдневие.rnrn4 неверојатни работи поврзани со сексот кои некогаш биле нормалниrn

    1. Мажите не требало да ја трошат енергијата на оргазми

    rnВо древна Кина се верувало дека мажите имаат ограничена количина животна енергија наречена „јанг“, а жените – неограничена животна енергија наречена „јин“. Мажите требало да ја штедат својата енергија за да не умрат прерано. Им се препорачувало да не ја трошат на многу оргазми, туку да впиваат од женскиот „јин“ преку женските оргазми. Затоа ним им се забранувало мастурбирање, додека жените можеле да се самозадоволуваат колку што сакаат. На мажите не им било дозволено ниту да ејакулираат пред жената да доживее по можност и неколку оргазми со цел „јин“ и „јанг“ да бидат во рамнотежа.rn

    2. Сексот без обврски бил пожелен

    rnДенеска според некои е пожелен, а според други не, но во 10-от век п.н.е. во Месопотамија жените преку сексот без обврски ја потврдувале својата плодност. Овој народ верувал дека сексот со непознат човек ја зголемува плодноста кај нив. Секоја жена барем по еднаш во животот требало да го посети храмот на божицата Иштар, да седи таму на скалите и кога ќе види привлечен маж да испушти сребрена паричка која ја држела во раката и да го покани в кревет. По некое време овој храм станал место каде што се собирале проститутки кои биле нарекувани „свети проститутки“ и било забрането за нив да се зборува со навредлив тон.rnrn4 неверојатни работи поврзани со сексот кои некогаш биле нормалниrn

    3. Сексот бил неморален дури и во бракот

    rnСредниот век донел мрак во секоја сфера од животот, меѓу другото и во интимната. Тогаш владејачките религии придонеле на сексот да се гледа како на срамен чин кој треба да служи исклучиво за размножување и никако да не се практикува заради задоволство. Според она што го запишал Свети Јован Златоуст сексот бил забранет кога жената била бремена, за време на празници, во деновите на пост, во деновите среда, петок, сабота и недела, не бил дозволен ниту во текот на денот, а бил забранет и ако целта не била зачнување дете или ако партнерите биле голи. Многу негативно се гледало и на оралниот секс и менувањето пози.rn

    4. Сè било нормално

    rnВо различни периоди од историјата различни работи поврзани со сексот биле нормални. Во античкиот период во Грција хомосексуалноста и бисексуалноста биле сосема нормални појави, па дури и чин за влез во светот на аристократијата. И проституцијата била нормална, па постоела и евтина и префинета проституција. Во Етрурија, територија која денес е во рамките на Италија, во древните времиња сосема нормално било одржувањето на големи оргии во кои се практикувале сите видови секс. Ако некое дете било родено како последица од нив, тоа се сметало за помалку вредно во споредба со оние родени во брак.

  • Љубомората и врските – Болест или сосема нормална појава?

    Љубомората и врските – Болест или сосема нормална појава?

    Не постои такво нешто како Не сум љубоморна/ен. Љубомората доаѓа сама по себе, сосема е нормална, логична и очекувана во секоја врска, секако во одредени граници. Сите во одреден момент сме се почувствувале љубоморни и несигурни, особено кога врската не ни е баш најсјајна, а како и не би се чувствувале така кога постои можност да ја изгубиме личноста која ја сакаме?rnrn(4)-ljubomorata-i-vrskite-bolest-ili-sosema-normalno-kafepauza.mkrnrnДали е љубомората во ред и кога, е прашање за кое не постои вистински одговор кој би ја задоволил целата маса луѓе. Велат дека таа е тесно поврзана со довербата, но тоа и не мора да значи. Во принцип, љубомората е фактор во секоја врска кој не може да се избегне, па на база на тоа постојат три типови на луѓе:rnrn1. Оние за кои љубомората е целосно одбивна и лоша карактеристика кај партнерот, па овие луѓе најчесто и ги завршуваат врските од оваа причина;rnrn2. Оние кои гледаат на љубомората како составен дел на секоја врска, па за нив љубомората знае да е шармантна, им кажува дека некој се грижи, а во некои прифатливи граници знае да биде и заводлива;rnrn3. Оние кои се болно љубоморни, кои во секој момент мора да знаат сѐ за партнерот, па затоа и лесно може да излезат од контрола.rnrn(2)-ljubomorata-i-vrskite-bolest-ili-sosema-normalno-kafepauza.mkrnrnВо едно неодамнешно истражување, направено од страна на Дејвид Фредерик и Мелиса Феилс, цел на проучување биле разликите кои се јавуваат кога станува збор за љубомората кај машките и женските. Конкретно фокусот бил насочен кон емоционалното наспроти физичкото неверство, а луѓето кои биле дел од ова истражување се изјаснувале кое од овие две неверства за нив е највознемирувачко. На база на сумираните податоци, заклучокот бил дека:rn

    Физичкото неверство без љубов им пречи повеќе на мажите

    rnВака се изјасниле 54% од мажите кои се хетеросексуални, 32% од мажите кои се хомосексуални и 27% од мажите кои се бисексуални наспроти 35% од жените кои се хетеросексуални, 34% од жените кои се хомосексуални и 27% од жените кои се бисексуални.rn

    Емоционалното изневерување, дури и кога сексот не е вклучен, им пречи повеќе на жените

    rnВака се изјасниле 65% од жените кои се хетеросексуални, 65% од жените кои се хомосексуални, 73% од жените кои се бисексуални наспроти 46% од мажите кои се хетеросексуални, 68% од мажите кои се хомосексуални и 73% од мажите кои се бисексуални.rn

    Тука е неминовно прашањето зошто е тоа така?

    rnФредерик и Феилс веруваат дека објаснувањето за ова лежи во еволуцијата на човештвото, односно физичките потреби на мажите и жените. Порано не постоеле ДНК тестови, па мажите не можеле да знаат дали одгледуваат свои или туѓи деца. Од ова произлегува дека физичкото изневерување е поопасно за нив поради фактот дека нивната семејна лоза не би се продолжила. Наспроти нив, жените сакаат и очекуваат некој да се грижи и да биде тука за нив и за децата, а емоционалното неверство повлекува дека мажот ќе замине бидејќи е вљубен во друга жена. Токму затоа повеќето жени се подготвени да го простат физичкото неверство сѐ додека мажот нив им се враќа дома.rnrnОвие претпоставки не треба да се земаат здраво за готово, особено во времето во кое живееме. Денес е многу лесно да се направи ДНК тест, а и поверојатно е дека какво било неверство ги вознемирува многу и мажите и жените.rnrn(1)-ljubomorata-i-vrskite-bolest-ili-sosema-normalno-kafepauza.mkrnrnОна што ретко кој заборава да го вметне во своите ставови е фактот дека љубомората е двонасочна, односно, доколку вие сте љубоморни тогаш немате право да му се лутите на партнерот кога и тој ќе искаже љубомора. Од друга страна, љубомората знае да биде нож со две оштрици. Нема кој не се обидел намерно да иницира љубоморни чувства кај партнерот, бидејќи сакаме внимание и љубов, но љубомората не е играчка со која треба да си играме бидејќи е лесно запалива.rnrn(3)-ljubomorata-i-vrskite-bolest-ili-sosema-normalno-kafepauza.mkrnrnДодека секој има право на свои сфаќања и прифаќања, факт е дека колку е помала дозата на љубомора во врската, а поголема на разбирањето, толку подобро за самата врска. Ниту една врска не е совршена бидејќи никој од нас не е совршен. Затоа, уживајте повеќе и не дозволувајте времето да ви помине во несакани караници за кои подоцна може да се каете.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Визуелно претставување на невротичните нарушувања

    Визуелно претставување на невротичните нарушувања

    Фотографот Џон Вилијам Киди во минатото имал проблеми со анксиозноста и други невротични нарушувања, но денес од тоа црпи инспирација во својата уметничка дејност. Неговата серија фотографии насловена „Тешко се забележува“ се обидува визуелно да го претстави она со кое луѓето со вакви проблеми секојдневно се соочуваат.rnrnВизуелно претставување на невротичните нарушувањаrnrnНеговата цел не е само да го прикаже тоа, туку и на „нормалните“ луѓе да им го постави прашањето што всушност е нормално кога само малку луѓе ги исполнуваат критериумите на нормалното.rn
    rn

    „Се чудам како може да се стави толку ограничена и цврста етикета на нешто што постојано се менува,“ вели тој. „Немам намера да му држам лекции на светот, но сакам да си дозволам јас да бидам јас.“

    rnВизуелно претставување на невротичните нарушувања Визуелно претставување на невротичните нарушувања Визуелно претставување на невротичните нарушувања Визуелно претставување на невротичните нарушувања Визуелно претставување на невротичните нарушувања Визуелно претставување на невротичните нарушувања Визуелно претставување на невротичните нарушувања Визуелно претставување на невротичните нарушувања Визуелно претставување на невротичните нарушувања Визуелно претставување на невротичните нарушувања Визуелно претставување на невротичните нарушувања (13) Визуелно претставување на невротичните нарушувања Визуелно претставување на невротичните нарушувањаВизуелно претставување на невротичните нарушувањаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што е нормално денес?

    Што е нормално денес?

    Пауло Коелјо заслужено е еден од највлијателните уметници на денешницата, чија огромна популарност доаѓа оттаму што со секоја нова реченица, успева да го скрши јазот помеѓу нашите внатрешни пориви, чувства и стравови, наспроти „нормалното“ однесување кое околината го очекува од нас. Во неговото дело „Победникот останува сам“, преку главниот лик Игор ја составил оваа листа од „нормални“ работи со која успеал да ја соголи бесмисленоста на одредени норми според кои живееме.rnrnrn1. Сето она што нè тера да заборавиме на нашиот вистински идентитет и на нашите соништа, а нè тера да работиме само колку да сработиме.rnrn2. Пропишување правила за војување (Женевската конвенција)rnrn3. Да поминеш години и години на факултет, а потоа да не можеш да најдеш работа.rnrn4. Да работиме секој ден од девет до пет нешто што не ни причинува задоволство, и тоа само за да можеме мирно да се пензионираме по 30 години.rnrn5. Во пензија да откриеме дека е потрошена животната енергија да се ужива во животот, па да се умре од здодевност после неколку години.rnrn6. Употреба на ботокс.rnrn7. Трагање по финансиски успех наместо по среќа.rnrn8. Исмејување на оние што трагаат по среќата наместо по пари, нарекувајќи ги неамбициозни.rnrn9. Натпреварување преку предмети како автомобили, куќи и облека и определување на квалитетот на живеење според нив, наместо да се направи обид да се спознае вистинската смисла на нашето постоење.rnrn10. Да не се зборува со непознати. Да се зборуваат лоши нешта за соседите.rnrn11. Да се смета дека родителите се секогаш во право.rnrn12. Да се влезе во брак, да се имаат деца и да се остане заедно дури и тогаш кога љубовта веќе ја нема, тврдејќи дека тоа е за доброто за децата (божем тие не ги слушаат секојдневните караници).rnrn13. Да се критикува секој што постапува поинаку.rnrn14. Да се будиме со хистеричен будилник.rnrn15. Да се верува во сè што е напишано на хартија.rnrn16. Да се носи парче облека околу вратот, позната под славното име „вратоврска“.rnrn17. Никогаш да не поставуваме директни прашања, иако личноста со која разговараме знае што нè интересира.rnrn18. Да ставиме насмевка на лицето кога ни се плаче и да ги сожалуваме оние што ги покажуваат чувствата.rnrn19. Да се смета дека уметноста вреди огромно богатство или дека не вреди апсолутно ништо.rnrn20. Секогаш да се презира тоа што е добиено на лесен начин, затоа што оној кој го добил тоа „не ја направил потребната жртва“, па оттука ги нема потребните квалитети за да добие што било.rnrn21. Следење на модните трендови, дури и кога тоа изгледа смешно и не е удобно.rnrn22. Да се смета дека сите славни личности имаат многу пари.rnrn23. Да се вложува многу во надворешната убавина, а на внатрешната да не ù се придава големо внимание.rnrn24. На секој можен начин да докажуваме дека иако сме сосема нормални, истовремено сме супериорни во однос на другите.rnrn25. Никогаш да не гледаме во очи некого додека се возиме со јавниот превоз, затоа што тоа може да се сфати како обид за заведување.rnrn26. Додека се возиме во лифт да гледаме само во вратата, како да сме единствената личност внатре, без разлика колкумина има во лифтот.rnrn27. Никогаш да не се смееме гласно во ресторан, без оглед колку е смешно тоа што го слушаме.rnrn28. Оние на северната хемисфера да се облекуваат исклучиво според годишното време: на кратки ракави во пролет (дури и кога е студено) и во волнен џемпер во есен (иако е топло).rnrn29. Оние од јужната хемисфера да ги украсуваат новогодишните елки со памук, иако Христовото раѓање нема ништо заедничко со зимата.rnrn30. Како што некој старее, да смета за себе дека е најмудриот човек на светот, иако понекогаш му недостасува искуство за да знае што е погрешно.rnrn31. Да одиме на хуманитарни настани и да мислиме дека со тоа сме ставиле крај на социјалните разлики во светот.rnrn32. Да јадеме три пати на ден дури и кога не сме гладни.rnrn33. Да веруваме дека другите се подобри од нас во секој поглед: подобро изгледаат, побогати се и попаметни. Со оглед на тоа што обидот да се испробаат сопствените можности секогаш е ризичен, најдобро е да не се презема ништо.rnrn34. Автомобилот да се користи како средство за добивање чувство на моќ и контрола.rnrn35. Да користиме вулгарни зборови додека возиме.rnrnrn36. Да се смета дека сите грешки на нашите деца се вина на друштвото во кое се движат.rnrnrn37. Да се стапи во брак со првата личност која ќе понуди висока општествена позиција. Љубовта може да почека.rnrnrn38. Да велиме дека сме се обиделе, а воопшто да не сме ни почнале да го правиме тоа.rnrn39. Да ги одложуваме најубавите работи во животот сè додека не дојдеме во ситуација да немаме повеќе енергија за нив.rnrn40. Избегнување на депресијата преку огромни дневни дози телевизиски програми.rnrn41. Да веруваме дека можеме да бидеме сигурни во сето она што сме го добиле.rnrn42. Да се смета дека жените не сакаат фудбал, а мажите не сакаат внатрешен дизајн.rnrn43. Да се обвинуваат властите за сите лоши работи кои се случуваат.rnrn44. Да веруваме дека ако сме добри, пристојни и учтиви, другите ќе нè сметаат за слаби, ранливи и лесни за манипулирање.rnrn45. Да веруваме дека агресивноста и нељубезноста се знаци на силна личност.rnrn46. Мажите да се плашат од фиброскопија, а жените од раѓање деца.rnrn47. И конечно, да сметаме дека токму нашата вера е единствениот пат до апсолутната вистина, а другите луѓе на оваа планета кои веруваат во друг бог, се осудени на пекол.rnrnДали вие имате да додадете нешто што Коелјо пропуштил да го спомене?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Непријатно засрамена (Awkward)

    Непријатно засрамена (Awkward)

    TВ серија за една 15-годишна девојка, која случајно се наоѓа во редица засрамувачки ситуации, кои ја водат до неочекувана популарност помеѓу нејзините врсници во училиштетоrnrnНепријатно засрамена (Awkward)Главни улоги: Ешли Рикардс, Бо Мирчоф, Џилијан Роуз Рид, Џесика Лу, Брет Даверн, Ники Делоа, Моли ТарловrnrnЖанр: комедија, тинејџ-драмаrnrnПремиера: 19 јули 2011rnrnЈазик: англискиrnrnВреметраење: 22 минутиrnrnБрој на сезони: 1rnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————–rnШто може да се случи со вашиот живот откако ќе доживеете несреќа која сите погрешно ќе ја интерпретираат? Обидот за самоубиство сам по себе е лош потег, но последиците може да ви го променат животот, изненадувачки, но кон подобро.rn————————————————————————————————————————————————–rn

    rnПриказна: Џена Хамилтон е млада девојка која често се чувствува невидливо во училиштето. Иако мудра за своите години, таа често делува како да не припаѓа во кругот на своето семејство и помеѓу нејзините врсници, но сè што сака е да се вклопи и да води нормален тинејџерски живот.Непријатно засрамена (Awkward)Дејството станува интересно откако добива едно анонимно злобно писмо кое е составено од неколку пораки кои го напаѓаат начинот на кој таа го живее животот, но истовремено на некој начин и ù помагаат да ги совладува секојдневните предизвици. Нејзиниот обид да одговори на писмото проследен со случаен пад, води до општата слика која изгледа како обид за самоубиство. Џена воопшто не е таков тип човек, но изгледа дека таа е единствената која верува во тоа. Како и да е, оваа лажна несреќа го насочува вниманието на целото училиште кон неа, па набрзо многуте вперени погледи во знак на сожалување стануваат мерка за нејзината голема популарност.Непријатно засрамена (Awkward)Напоредно со нејзината животна драма, таа води тајна врска со Мети Меккибен, кој е ултрапопуларен згоден дечко за кој никој не би поверувал дека има врска со девојка како Џена. Но, на Мети му се допаѓа Џена, само што не е сигурен дека сака јавноста тоа да го знае.rnНепријатно засрамена (Awkward)Мајка ù на Џена немала време да ги проживее своите младешки години онака како што е нормално бидејќи останала бремена како многу млада, па со својата лудост изгледа како да го живее тинејџерскиот живот наместо нејзината ќерка. За среќа, нејзиниот татко е малку поразумен, па постои некој хармоничен баланс во семејството.rnНепријатно засрамена (Awkward)Во животот на Џена има пријатели и непријатели, родители и други возрасни кои се однесуваат како деца… Фокусот е целосно на неа, на тој начин откривајќи ги и карактеристиките на другите ликови во серијата.rnНепријатно засрамена (Awkward)Глумата е одлична, сцените се ведри, а хуморот дозиран, онаков од кој нема да ви доаѓа премногу.Непријатно засрамена (Awkward)Кога и како да ја гледате: ТВ серијата „Непријатно засрамена“ во моментов ги прикажува првите 12 епизоди од првата сезона, но веќе е најавена втората за следната година. Одлична тинејџерска драма, која поттикнува и длабоки психолошки размислувања без оглед на годините. Лесно е да се соживеете со приказната, а можете да ја гледате во кое било време од денот. Серијата е баш кратка и слатка. Па, уживајте!Непријатно засрамена (Awkward)rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колку шолји кафе треба да пиеме дневно?

    Колку шолји кафе треба да пиеме дневно?

    Кафето најчесто се консумира со идејата дека кофеинот ќе го зголеми когнитивното функционирање и ќе го подобри расположението на консументот.  Всушност, многумина навистина и не можат да функционираат без утринското кафе. Тоа е така, бидејќи кофеинот го стимулира централниот нервен систем, го ублажува уморот и ја зголемува будноста. Меѓутоа како и се друго, кафето мора да се консумира во умерени количини за да го има посакуваниот ефект и за да се избегнат можните непосакувани последици од претерувањето.rnrnКолку шолји кафе треба да пиеме дневно?rnrnСпоред експертските анализи, еден просечен возрасен човек треба да пие 200-300 милилитри кафе дневно, што би значело 2 шолји кафе. Секако, во оваа бројка е вклучено само чистото кафе, без додатоци како млеко, засладувачи, преливи и слично. Редовното внесување на поголема количина кафе од просечната може да ви предизвика несоница, немир, нервоза, главоболки, неправилни и забрзани отчукувања на срцето, па дури и дијареа.rnrnКолку шолји кафе треба да пиеме дневно?rnrnНо, и откажувањето од кофеинот може да има лоши последици. На организмот ќе му треба време на се навикне на новата состојба, па затоа во првите недели би требало да чувствувате немоќ, константно да имате главоболки, да чувствувате болки во мускулите и слично. Доколку сте решени да го сторите ова, би ви било многу подобро доколку во тој период внесувате кофеин преку црн и зелен чај, чоколадо, енергетски пијалаци и други слични алтернативни производи кои содржат помало количество на кофеин.rnrnКолку шолји кафе треба да пиеме дневно?