Пролетта е вистинско време за лесни, разлетани парчиња облека, бидејќи надвор е доволно топло за конечно да се ослободиме од дебелата, зимска гардероба. А доколку се прашувате со што да го освежите вашиот гардеробер оваа сезона, ние ви предложуваме ефективни пантолони со широки ногавици и висок струк кои ќе бидат апсолутен тренд во наредните месеци.rnrn
rnrnОва парче облека е достапно во различни модели, бои и материјали, а ќе одговара за сите ваши потреби, без разлика дали станува збор за дневни, лежерни или вечерни, елегантни прилики. Лесни се и практични, па во нив со сигурност ќе се чувствувате удобно, а освен тоа ќе изгледате многу убаво и стилизирано. Овие пантолони ќе го направат вашиот изглед интересен и поразличен, а дефинитивно ќе се издвојувате од толпата девојки кои и понатаму лудуваат за тесните фармерки.rnrnДоколку ви се чини дека овој модел на пантолони е тежок за комбинирање, се лажете. Всушност, едноставно е, само потребно е да имате неколку клучни парчиња облека и да се забавувате!rn
1. Краток топ
rnВеќе знаеме дека комбинацијата на контрастни парчиња облека е добитна и со задоволство спојуваме долго и кратко, тесно и широко и останати слични парови. Исто така, со вашите лесни, широки панталони со висок струк одлично ќе се вклопува краток, залепен топ кој малку ќе го открие вашиот стомак. Ваквата комбинација е многу впечатлива и модерна и како таква е одлична за вечерни излегувања или слични малку лежерни варијанти. Задолжително додадете и интересно парче накит или модел на чанта и надополнете го вашиот изглед.rnrn
rn
2. Елегантна блуза
rnЗа формални прилики, заедно со своите омилени пантолони со висок струк и широки ногавици, можете да вклопите елегантна блуза или блејзер кој на вашиот изглед ќе му ја даде потребната доза на работен изглед. Доколку вашиот избор е токму ваква или слична блуза, задолжително вовлечете ја во пантолоните, за да ги истакнете, а освен тоа, и вашата фигура на тој начин ќе изгледа совршено. Во зависност од приликата, изберете соодветен модел чанта и обувки, а ќе изгледате шик доколку на целата комбинација додадете и шешир.rnrn
rn
3. Кошула
rnКој вели дека работните комбинации мора да бидат досадни и монотони? Одберете го својот омилен модел пантолони и комбинирајте ги со кошула и обезбедете си себеси професионален, но и тренди изглед. Со соодветниот аксесоар, ќе можете да изгледате модерно и ефективно дури и во канцеларијата која е сосема неинспиративна. Секако, комбинацијата на кошула и ваков модел пантолони може да се носи и во неформални прилики, особено ако изберете тексас или макси кошула која намерно ќе ја заврзете околу струкот.rnrn
rn
4. Обувки со висока потпетица
rnЗадолжителен додаток на вашиот омилен модел пантолони се дефинитивно чевлите со висока потпетица. Најнапред, тие ќе направат да изгледате повитки и поубави, а освен тоа ќе ги истакнат пантолоните кои многу поубаво ќе „паѓаат“, а со самото тоа и подобро ќе изгледаат. Без разлика дали вашиот избор ќе биде подолг или пократок модел пантолони, пронајдете ги соодветните чевли на висока потпетица и заблескајте со нив!rnrn

И иако висината во многу случаи се покажала како предност (не ме боли раката кога се држам во автобус на пример), во многу други ситуации посакував да сум барем некој сантиметар пониска. Најчесто, кога купувам панталони, бидејќи секогаш ми фалат десетина сантиметри должина. Кога би имала