Една Фејсбук објава на наставник од Гана стана вирална и ги освои срцата на многу луѓе, благодарение на неговите необични и импровизирани методи со кои го предава предметот информатика без компјутер! Овура Квадво предава информатика во рурална средина каде што не може да се најде основната опрема потребна за неговата работа. Секој наставник има свој стил на предавање, а ова е неговиот!rnrn
rnrnСо оглед на тоа што имал учено визуелни уметности, тој ги искористил своите вештини кога решил да ги научи учениците да создадат документ во Word со тоа што нацртал како сето тоа изгледа на табла, за потоа учениците да можат да го прецртаат и да учат од него.rn
„Го правам ова затоа што сакам моите ученици да го разберат она што го предавам. Сакам да им дадам барем некаква слика за она што би го виделе кога би биле пред компјутер. Сакам да се погрижам дека разбрале сѐ како што треба пред да излезам од училницата“, изјавил наставникот.
rnСе чини дека неговиот метод функционира одлично, бидејќи децата уживаат во часовите и успеваат да научат многу работи.rnrn
rnrnОбјавата испровоцирала жестока дискусија во Гана. Иако повеќето луѓе го пофалија господин Квадво за неговата посветеност и генијална импровизација, многумина го искажаа својот бес поради тоа што морал да вложи толкав напор. Зошто во 2018 година сѐ уште постојат училишта без компјутер? Наставникот сепак мисли дека нештата полека одат кон подобро.rn
„Владата помага и ѝ верувам. Тие се обидуваат да ги подобрат условите за информатика и за наставниците и за учениците. Ни требаат добро опремени институции и помагала за предавање и учење, како и влада која се грижи за образованието“, објаснил Квадво.
rnИако во големите градови, како што се Акра и Кумаси, сето ова се случува, напредокот оди побавно во руралните места.rnrn
rnrnСо оглед на тоа што објавата станала вирална, господин Квадво добил понуди за донации за лаптопи и проектори, а тоа се одлични вести за децата и училиштето. Наставникот е благодарен за секоја помош што може да им овозможи подобро искуство на учениците и планира им помогне и на други училишта од регионот.rn
„Има многу училишта што се соочуваат со истиот проблем. Можам да им помогнам и да им дадам некои од донациите, за да можат и тие да имаат придобивки од предметот информатика“, заклучил Квадво.
rn
rnrnТрудот и посветеноста на господин Квадво можат да послужат како одличен пример за наставниците во земјите во развој како што е Гана. Понекогаш потребно е малку импровизација за да се пополнат дупките што владата не може да ги исполни. Информатика е важен предмет за идните генерации, доколку Гана сака да се натпреварува на глобалниот пазар. Со вакви инспиративни наставници како господин Квадво, слободно можеме да кажеме дека има надеж!rnrnНесомнено е дека постојат одлични наставници ширум светот! За да се уверите во тоа, прочитајте ја оваа генијална порака што наставниците од едно училиште ја испратиле до родителите на нивните ученици.


rnrn
rnrn
rnrn
rnrn rnrn
rn




















Главни улоги:
Епизодите се базираат на обидите на Реј да води „нормален“ живот, додека истовремено го започнува својот бизнис како машка проститутка. Заедно со Тања го започнуваат нивниот бизнис „Консултанти за среќа“.
Низ епизодите ќе можете да го видите Реј во повеќе различни ситуации и „позиции“. Заедно со Тања не се обидуваат само да продадат секс, туку се обидуваат да им донесат среќа на нивните клиенти. Во меѓувреме Реј се обидува да биде добар татко на проблематичните близнаци и притоа да ги одржи неговите два животи одвоени.
Она што е доста симпатично во серијата е динамиката на врската помеѓу проститутката Реј и макрото Тања. Реј е прикажан како по малку срамежлив средовечен наставник по историја кој несигурно влегува во водите на проституцијата. Додека пак Тања е писателка која работи здодевна работа во весник и одеднаш решава да започне бизнис како макро бидејќи верува дека со нејзините способности, и големиот „алат“ на Реј можат да успеат.
Во втората сезона таа динамика ќе биде нарушена од новото макро на Реј – Ленор, која што ја глуми одличната Ребека Крескоф. Ленор работи како животен водич, таа беше донесена од Тања на почетокот за да им помогне, за подоцна да се обиде на повеќе начини да ја отстрани Тања и да го задржи Реј само за себе. Во третата сезона Ленор ќе се обиде да им ги украде клиентите на Тања и Реј, со нејзиниот нов и помлад жиголо Џејсон.rn

rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn