Изненадете ги вашите најблиски со овој вкусен десерт кој никого нема да го остави рамнодушен
rn
rn
Потребни состојки:
rn
За кората:
rn
rn011
- 6 јајца
rn011
- 6 лажици шеќер
rn011
- 40 грама какао
rn011
- 3 лажици брашно
rn011
- 1 пакување прашок за печиво
rn
rn
За првиот фил:
rn
rn011
- 150 грама мелени ореви
rn011
- 5 лажици млеко
rn011
- 4 лажици шеќер во прав
rn011
- 2 ванилини шеќери
rn011
- 250 грама маргарин
rn
rn
За вториот фил:
rn
rn011
- 100 грама мелени бисквити
rn011
- 100 грама мелени наполитанки
rn011
- 100 грама чоколадо
rn011
- 150 грама маргарин
rn
rn
За глазурата:
rn
rn011
- 100 грама чоколадо
rn011
- 100 грама маргарин
rn
rn
rn
Подготовка на кората:
rnИзматете ги жолчките со шеќерот. Додадете ги какаото, брашното и прашокот за печиво и полека помешајте со лажица. На крајот додадете го шамот од белки и лесно смешајте го. Плехот обложете го со хартија за готвење, а потоа во него ставете ја подготвената смеса за кора. Печете во рерна, на 180°C, додека тестото не порумени. Извадете ја печената кора на работна површина и со сукало завиткајте ја, така што едниот крај ќе се спои со другиот. Оставете да се излади.rn
Подготовка на првиот фил:
rnПрелијте ги оревите со врело млеко и оставете ги малку да се изладат. Посебно сматете ги маргаринот со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер и потоа соединете ги со изладените ореви.rn
Подготовка на вториот фил:
rnВо сад за готвење, на пареа стопете ги чоколадото и маргаринот. Тргнете ги од ринглата и додадете ги мелените бисквити и наполитанките.rn
Финална постапка:
rnИзрамнете ја кората и премачкајте ја со првиот фил. Во средината ставете го вториот фил и потоа повторно завиткајте ја кората. Чоколадото растопете го со маргаринот и со добиената глазура премачкајте го ролатот целосно. По желба, завршете со шеќер во прав.rnrnСовет: За подобро превиткување на кората користете дебело сукало или шише.