КАФЕ ПАУЗА

Tag: намуртен

  • 10 ситуации кои им се случуваат само на оние што постојано изгледаат намуртено

    10 ситуации кои им се случуваат само на оние што постојано изгледаат намуртено

    За жал, постојат луѓе чие лице во нормални околности изгледа како да е луто или намуртено. Луѓе, кои припаѓате во оваа категорија, честито, светот мисли дека го мразите. Факт е дека не е лесно да изгледате како да сакате да убиете некој во секој момент од вашиот живот, а еве и зошто.rnrn0-9-situacii-koi-im-se-sluchuvaat-samo-na-onie-shto-postojano-izgledaat-namurteno-kafepauza.mkrnrn1. Се возите со вашето момче/девојка во колата и одите на вечера. Вие си седите тивко и си потпевнувате од стиховите на песната која свири на плеерот. Единственото нешто што не е во ред со вас е тоа што сте уморни од работа, а сепак добивате прашање: „Добар/ра си?“ – „Да, да…“rnrn2. 8 часот, недела. Пиете кафе и излегувате надвор да се видите со вашата мајка: „Добро ти е? Изгледаш уморно.“ – „Да, само не сум расонет/а.“rnrn3. Започнувате разговор со нов колега во канцеларијата и по некое време ви кажува „Ти си навистина фина личност“ – „Фала што ме судиш по изгледот.“rnrn4. Повторно седите во кола со вашето момче/девојка. Уживате во секој момент во кој не треба да зборувате. „Сигурно не си лут/а?“ – „Не, не сум.“rnrn5. Почнавте да станувате блиски со колегата. По некое време ви вели: „Кога те запознав мислев дека си кренат/а.“rnrn6. Се возите со сестрата/братот во кола и само молчите. „Сѐ е во ред?“ – „Сѐ е супер.“rnrn7. Поминуваат две минути, истата ситуација додека се возите со сестрата/братот. „Ама сигурно сѐ е во ред?“ – „Да беееее.“rnrn8. Стоите и не правите ништо. „Уморен/а си? Би било добро да си легнеш.“ – „Не, само сум уморен/а од прашањата дали сум уморен/а.“rnrn9. Разговор помеѓу девојка со постојано намуртено лице со нејзината најдобра пријателка: „Те мразев кога се запознавме“ – „Зошто? Прилично сум сигурна дека не ти го зедов момчето, нити пак ти ги дупнав гумите.“rnrn10. Ова е разговор што може да се случи помеѓу личност со намуртено лице и кој било – цимер, соработник, шеф, родител, брат/сестра, сосед или кое било друго човечко суштество: „Сигурно сѐ е во ред?“ – „Беше досега, сега се изнервирав.“

  • Намуртениот мачор во улога на ликовите на Дизни

    Намуртениот мачор во улога на ликовите на Дизни

    Анимираните филмови на Дизни се полни со магија и среќа, па нормално намуртениот мачор со сигурност би ги мразел. Артистот Ерик Проктор, направил многу смешна серија илустрации кои ги закачил на неговиот профил на DeviantArt, каде што ги заменил ликовите на Дизни со намуртениот мачор.Намуртениот мачор во улога на ликовите на ДизниНамуртениот мачор во улога на ликовите на Дизни Намуртениот мачор во улога на ликовите на Дизни Намуртениот мачор во улога на ликовите на Дизни Намуртениот мачор во улога на ликовите на Дизни
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Намуртениот мачор се насмевна

    Намуртениот мачор се насмевна

    И тоа се случи, мачорот кој е познат по својата природно намуртена фаца, конечно искрено се насмевна и му покажа на светот дека и тој знае да биде весел и расположен.Намуртениот мачор се насмевнаrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали користиме повеќе мускули на лицето кога сме намуртени отколку кога се смееме?

    Дали користиме повеќе мускули на лицето кога сме намуртени отколку кога се смееме?

    Луѓето употребуваат најразлични насмевки во текот на нивниот живот – некои од нив се јасно забележливи, некои се потскриени. Без сомнение се смееме кога ќе победиме, но знаеме и несвесно да се потсмевнуваме кога се обидуваме да скриеме разочарување. Поради тоа Херман Мелвил ја нарекол насмевката „одбраното возило за сите двосмислености.“Дали користиме повеќе мускули на лицето кога сме намуртени отколку кога се смееме?Насмевката може да биде свесна, освојувачка или лажна. Може да биде огромна која се протега од „8-ца до 8-ца“ со големина на крокодилска насмевка или пак, да изгледа мистериозно како онаа на Мона Лиза. Олкава разновидност уште во старт ни сугерира дека се потребни значително помалку мускули за самата насмевка отколку за која било друга гримаса. Но, сепак сè зависи од самата насмевка.rnrnВистинската насмевка – онаа која ги вклучува мускулите на очите, која само 1% од луѓето можат свесно да ја контролираат, настанува со употреба на поголем број мускули од оние коишто се потребни за муртење, додека пак онаа помалата насмевка од стилот „не ми е толку забавно“ настанува со само еден или два пара мускули.rnrnНо, споредбата на „вистинските“ и „лажните“ насмевки не ја доловува целосно комплексноста на ова прашање. Основните базични емоции како лутината, тагата, стравот, изненаденоста, одбивноста, задоволството и среќата креираат лесно препознатливи изрази, но сепак насмевките можат да произлезат од најразлични емоционални состојби. Истражувачите сè уште не се согласуваат за тоа дали секоја емоција е соодветна за одредено движење на мускулите или дали една насмевка може да претставува повеќе видови чувства.rnrnОд друга страна, стариот цитат на Џо Гудвин, „Кога се смеете, целиот свет се смее со вас“ нè тера да веруваме дека има некаква вистина во моќта на насмевката. Истражувањата сугерираат дека луѓето имаат тенденција да ги дочекуваат туѓите насмевки со сопствени, додека ретко кој одговара на муртење со муртење. И не само тоа. Насмевките функционираат и во двете насоки. Исто како што среќата ве тера да се смеете, студиите покажуваат дека благороднине на автономниот нервен систем, смеењето може да ве направи среќни. За жал, истото важи и за тагата и вознемиреноста.rnrnИ двата феномена се поврзуваат со спротивни неврони, ќелии во мозокот кои се „вклучуваат“ кога ќе забележиме некој настан, како насмевката и кога ќе се вклучиме во истиот. Па затоа, нареден пат кога ќе се почувствувате нерасположено, едноставно насмејте се. Не само што ќе успеете да им го разубавите денот на оние околу вас, на тој начин и ќе го измамите вашиот мозок да се почувствува малку посреќно.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Моќта на насмевката

    Моќта на насмевката

    Смеењето прави да се чувствуваме подобро, но со насмевката им пренесуваме добро и на другите околу нас. За денес ви направивме селекција на најубавите мисли за моќта на насмевките, кои се надеваме дека ќе ве инспирираат почесто да ги носите на себе.rnrnМоќта на насмевкатаrnrn rn

    „Денес, подарете му насмевка на некој непознат. Тоа може да биде единствената светлина што тој ќе ја види во текот на денот.“ – Х. Џексон Браун Џуниор

    rn

    „Насмевката ќе го збуни намуртениот лик кој ви приоѓа.“ – непознат автор

    rn

    „Луѓето ретко ја забележуваат старата облека, доколку носите широка насмевка.“ – Ли Милдон

    rn

    „Насмевката е крива која ги исправува сите работи.“ – Филис Дилер

    rn

    „Светот секогаш изгледа посветло кога ќе се погледне од зад насмевка“. – непознат автор

    rn

    „Пред да наместите намуртена фаца, проверете дали немате насмевка на располагање.“ – Џим Бегс

    rn

    „Насмевката е евтин начин да си го промените изгледот.“ – Чарлс Горди

    rn

    „Брчките треба само да покажуваат каде претходно имало насмевка.“ – Марк Твен

    rn

    „Опљачканиот што се смее, краде нешто од крадецот.“ – Вилијам Шекспир

    rn

    „Ако се смеете кога нема никој околу вас, навистина се чувствувате така.“ – Енди Руни

    rn

    „Животот е како огледало, ги добиваме најдобрите резултати кога се смееме.“ – непознат автор

    rn

    „Насмевката е онаа светлина што ѕирка од прозорецот на вашето лице, која им кажува на луѓето дека сте дома.“ – непознат автор

    rn

    „Сите се смеат на ист јазик.“ – непознат автор

    rn

    „Никогаш не заборавајте да бидете среќни бидејќи не знаете кој во моментот се заљубува во вашата насмевка.“ – непознат автор

    rn

    „Ако немаш насмевка, ќе ти дадам една од моите.“ – непознат автор

    rn

    „Носи насмевка и ќе имаш пријатели, носи намуртено лице и ќе имаш брчки.“ – Џорџ Елиот

    rn

    „Смеењето е заразно,rnможеш да го префатиш како грип.rnАко денес некој ти се насмевне,rnќе почнеш да се смееш и ти.“rn– Керен Меклендон-Лауман

    rn

    „Насмевката е најкраткото растојание меѓу двајца луѓе.“ – непознат автор

    rn

    „Секое намуртено лице крие и облици на пријатни насмевки, кои само чекаат да бидат ослободени.“ – д-р Санволф

    rn

    „Ако не сте го започнале денот со насмевка, сè уште не е доцна да почнете да вежбате за утре.“ – непознат автор

    rn

    „Насмевката е универзалното добредојде“. – Макс Истман

    rn

    „Никогаш не сте целосно облечени без насмевка.“ – Мартин Чарнин

    rn

    „Насмевката може да го осветли и најмрачниот ден.“ – непознат автор

    rn

    „Смејте се. Тоа им овозможува на вашите заби да дишат.“ – непознат автор

    rn

    „Смејте се! Тоа ја зголемува вредноста на вашето лице.“ – Роберт Харлинг

    rn

    „Мирот почнува со насмевка.“ – Мајка Тереза

    rn

    „Насмевката не чини ништо, но многу дава. Ги збогатува оние кои ја примаат без да ги осиромаши оние кои ја даваат. Одзема само момент, но сеќавањето од неа понекогаш може да трае засекогаш. Никој не е толку богат или моќен за да може да оди напред без неа и никој не е толку сиромав за да не може да се збогати со нејзина помош. Сепак, насмевката не може да се купи, не може да се бара, позајмува или краде. Таа е без вредност за никого додека не се подари. Некои луѓе се премногу уморни за да се смеат. Ним, подарете им една од вашите насмевки бидејќи никому не му треба насмевка толку многу колку на оној кој нема насмевка да даде.“ – непознат автор

    rn

    „Потребни се 17 мускули за да се насмеете и 43 за да се намуртите.“ – непознат автор

    rn

    „Потребен е голем напор за лицето да намести насмевка, но само помислете колку добро смеењето може да му донесе на најважниот мускул во вашето тело – срцето.“ – непознат автор

    rnСе насмеавте денес?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.