КАФЕ ПАУЗА

Tag: најстари

  • 10-те најстари животни кои сè уште се живи

    10-те најстари животни кои сè уште се живи

    Во светот постојат навистина стари животни. Иако обично е тешко да се утврди возраста на дивите животни, научниците имаат неколку методи за ова. На животните кои живеат околу нас, или се одгледуваат во зоолошки често им се знае точната возраст. Ќе се изненадите колку всушност години имаат некои од нив.rn

    1. Папагалот Чарли

    rn10-те најстари животни кои сè уште се живиrnrnЧарли е роден во 1899-та година, а ова го прави 119 години стар. Неговиот сопственик е Питер Орам кој го купил од продавница за домашни миленици во 1965-та година. Питер го одбрал Чарли бидејќи сакал да пцуе и да кажува работи против нацистите. Се верува дека папагалот ги научил овие работи од британскиот премиер Винстон Черчил, кој наводно го купил во 1937-ма година. Ќерката на Винстон го негира ова додавајќи дека барале низ фотографиите, но не нашле никаков доказ за Чарли. Некои сметаат дека семејството ги негира гласините бидејќи ги прикажува во лошо светло.rn

    2. Морски сунѓер со големина на комбе

    rn10-те најстари животни кои сè уште се живиrnrnОвој сунѓер со ширина од 3,7 метри и должина од 2,1 метар е најголемиот кој е пронајден досега. Откриен е на длабочина од 2.100 метри околу Хаваи. Истражувачите не можат да ја одредат неговата возраст, но според големината сигурно е стар илјадници години. Помалите сунѓери кои живеат во слични, но поплитки води се стари над 2.300 години. Па овој сунѓер можеби е толку, а можеби и многу постар. Научниците сметаат дека ова е можеби најстарото живо животно во моментов на планетата Земјата.rn

    3. Јастогот Џорџ

    rn10-те најстари животни кои сè уште се живиrnrnСо неговите 140 години, Џорџ е најстариот јастог кој е пронајден. Фатен е во Канада и бил продаден во ресторан во Њујорк. Јастогот живеел во аквариумот на ресторанот и бил забележан од луѓе кои ѝ се јавиле на ПЕТА. Од организацијата побарале Џорџ да се врати во морето, а ресторанот се согласил. Неговата возраст е одредена од неговата тежина.rn

    4. Неименувана Гренланд ајкула

    rn10-те најстари животни кои сè уште се живиrnrnЕдна неименувана женска Гренланд ајкула го држи рекордот за најстариот ‘рбетник. Се верува дека е родена помеѓу 1501-ва и 1744-та година. Тоа значи дека има помеѓу 274 и 517 години. Научниците отсекогаш знаеле дека Гренланд ајкулите имаат долг животен век, но не можеле да одредат колку. Овие ајкули растат по 1 центиметар годишно, сексуалната зрелост ја достигнуваат на 150-годишна возраст и можат да достигнат должина од 5 метри.rn

    5. Алигаторот Муџа

    rn10-те најстари животни кои сè уште се живиrnrnНајстариот американски алигатор се чува во зоолошка во Србија. Неговото име е Муџа и се верува дека има барем 80 години. Пристигнал во зоолошката во Белград во 1937-ма година. Муџа ги преживеал 3-те бомбардирања на градот, како и Балканските војни. Речиси целиот живот здравјето на Муџа е одлично, но во 2012-та била ампутирна едната негова нога поради гангрена.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 10-те најстари артефакти во светот

    10-те најстари артефакти во светот

    Ние луѓето навистина се воодушевуваме од најстарите примери кои се плод на креативноста и интелигенцијата. Артефактите кои нашите предци ги оставиле, во голем дел нè одделуваат од животните и навистина сме горди на нив. Па кога ќе откриете артефакт за кој можете да кажете дека е „прв“ или најстар, тој има големо значење. Погледнете ги најстарите познати артефакти.rn

    1. Најстарата зачувана европска книга

    rn10-те најстари артефакти во светотrnrnНајстарата книга која сè уште е во одлична состојба е евангелието на Св. Кутберт. Овој текст бил напишан на латински во 7-иот век. Оваа книга е копија на евангелието на Св. Јован, оригинално напишано во североисточна Англија за Св. Кутберт и била поставена во неговиот ковчег пред повеќе од 1.300 години. Кога Викинзите го нападнале североисточниот брег на Англија, монасите го напуштиле островот и го земале ковчегот со нив, на тој начин зачувувајќи ја книгата. Ковчегот бил отворен во 1104 година кога бил граден нов олтар за светецот.rn

    2. Најстарата официјална монета

    rn10-те најстари артефакти во светотrnrnИако пости дебатирање, повеќето експерти се согласуваат дека првата вистинска монета била онаа на кралот Алијат во Лидија. Овие монети се користеле многу во тој период и се прославиле до древна Грција, а оттаму и низ западниот свет. Монетите биле изработени некаде помеѓу 660-та и 600-та година п.н.е. и според колекционерите не се многу ретки. Можете да ги купите по цена од околу 1.000 евра.rn

    3. Најстарата дрвена градба која сè уште стои

    rn10-те најстари артефакти во светотrnrnНајстарата дрвена градба која постои и денес е во будистичкиот храм Хорју Џи во Јапонија. Четири од зградите на храмот се во совршена состојба и датираат од јапонскиот период Асука. Изградбата започнала во 587-ма година по наредба на императорот Јомеи. По неговата смрт градбата ја завршил неговиот наследник во 607-ма година. Оригиналниот комплекс изгорел во 670-та година и бил реконструиран во периодот пред 710-тата. Неколку историчари се сомневаат за тоа дали пожарот го уништил оригиналниот комплекс. Ако не, тогаш градбата би била уште постара.rn

    4. Најстарото претставување на човечка форма

    rn10-те најстари артефакти во светотrnrnВенера од Холе Фелс е најстарата фигура на која е претставена човечка форма. Оваа 40.000-годишна статуетка пронајдена во Германија е висока околу 6 центиметри и е направена од коска од мамут. Како и повеќето фигури што ја репрезентираат Венера, таа претставува жена со облини и со истакнати гради и задник. На почетокот се мислело дека фигурата е стара околу 30.000 години, но со модерното датирање со јаглерод се открило дека е стара 40.000.rn

    5. Најстарите музички инструменти

    rn10-те најстари артефакти во светотrnrnВо 2012-та година се откриени најстарите музички инструменти, стари 42.000-43.000 години. Инструментите се флејти направени од коски од мамут и од птици. Откриени се во јужна Германија. Музиката најверојатно била користена за религиски ритуали. Некои научници сметаат дека способноста за свирење потекнува уште порано. Наводно, луѓето имале напредна културна креативност уште во Африка, пред околу 50.000 години.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 3-те најстари литературни дела во светот

    3-те најстари литературни дела во светот

    Како и во случаите со многуте други пронајдоци, областа на древна Месопотамија е колевка и на најстарите книжевни и литературни дела. Меѓутоа, сте се запрашале ли некогаш кои од овие творби, напишани на глинена плоча, го претставуваат почетокот на светската литература? Сумерската цивилизација го развила првиот познат систем на пишување околу 3400-тата година пред нашата ера. Со клинестото писмо се пишувале првенствено административните и трговските документи, за во 3-от милениум пред Исус постепено да започнат да се појавуваат и првите есеи, химни, поезии и митови. Во продолжение прочитајте кои се 3-те најстари литературни дела во светот.rn

    Химната на храмот Кеш и Инструкциите на Шурупак

    rn

    3-те најстари литературни дела во светот
    Химната на храмот Кеш
    rnrnДвете најстари книжевни записи биле „Химната на храмот Кеш“ и „Инструкциите на Шурупак“. Овие дела во пишана форма датираат од околу 2500-та година п.н.е., а прв од овие два текста е одата на храмот Кеш и божествата кои се опеваат во неа. Другиот текст припаѓа на т.н. мудра литература и е пишуван во форма на разумни совети кои сумерскиот крал Шурупак ги давал на својот син Зиусидру. Една од поговорките на Шурупак е да не се носат одлуки и да не се суди кога се пие пиво. Друг совет вели дека срцето кое сака го задржува семејството, а она кое мрази го уништува.rnrn
    3-те најстари литературни дела во светот
    Инструкциите на Шурупак
    rn

    Епот за Гилгамеш

    rn

    3-те најстари литературни дела во светот
    Епот за Гилгамеш
    rnrnСепак, помеѓу пионерските дела на сумерската и светската литература, посебно место зазема и „Епот за Гилгамеш“ – првата фиктивна пишана торба. Митскиот еп се појавил прв пат најверојатно во 3-от милениум п.н.е. и неговата содржина се фокусира на митскиот крал на Урук, Гилгамеш, кој е опишен како 1/3 човек, 2/3 бог. Неговите авантури како борбите со чудовишта, средбите со боговите и најважно, потрагата по клучот на бесмртноста се опишани на 12 глинени плочки.rnrnСамиот еп веројатно настанал со собирање на различни сумерски приказни и преданија, а неговиот препис и дополнување се направени подоцна за конечната и надалеку познатата верзија да ја добие во 12-от век п.н.е., во Вавилон. Но, приказната за најстариот еп не завршува тука. Тој потоа исчезнува околу 600-тата година пред нашата ера, за повторно да биде пронајден дури во 19-тиот век од нашата ера, од страна на археолозите кои вршеле ископувања во близина на ирачкиот град Мосула. Токму по ова откритие научниците го прогласите „Епот за Гилгамеш“ за првото дело – темелник на светската книжевност и литература.

  • Најстарите музеи во светот

    Најстарите музеи во светот

    Автор: Горана КоневскаrnrnСè додека не измисли човекот машина за патување низ времето, наша единствена шанса да зачекориме во минатото е да влеземе во музеј. И книгите исто така претставуваат добар метод за истото, но ништо не може да се спореди со разгледување на елементи кои биле користени или произведени во одреден период во историјата. Доколку сакате неверојатно патување, посетете некој од најстарите музеи на планетата. Освен археолошки откритија, овие музеи ќе ви презентираат и некои од светските уметници кои имаат оставено голем печат на денешната уметност и на нашите животи.rn

    1. Музеј Капитолини

    rnОва место е сплет од неколку различни музеи на уметност и археологија. Првиот чекор за создавање на овој музеј датира од 1471 година, кога Папата Сикстус IV донирал бронзени предмети со потекло од античкиот Рим. Тој ги сместил овие артефакти во Капитолини Хил. Во 1536 година Микеланџело Буонароти дизајнирал градба со три куполи и плоштад на средината. За да биде комплетирано ова место, домот на музеите, биле потребни повеќе од 400 години. Кога ќе го посетите овој музеј, сигурно ќе останете воодушевени од ренесансната уметност, древните римски статуи, колекции на монети и накит и други артефакти.Кога ќе порасне моето дете ќе бидеrn

    2. Музеј Ватикан

    rnОва е уште едно место каде истовремено можете да посетите повеќе музеи. Започнат со градба на почетокот на 16 век, музејот Ватикан се наоѓа во градот Ватикан. Првиот предмет кој е донесен во овој музеј бил порачан од Папата Јулиус II во 1506 година. Иницијалната колекција на предмети била изложена во Борџија апартманот. По некое време, била доградена и зграда за домашни предмети, а денеска музејот Ватикан е група на музеи со неколку скулптурни зданија.Кога ќе порасне моето дете ќе бидеrn

    3. Музеј на кралски оружја

    rnОва е еден од најстарите музеи во Обединетото Кралство, а исто времено и еден од најстарите во светот. Во него се изложени најголемите колекции на оружје во светот: национална артилерија, огнено оружје и слично. Според некои забелешки, овој музеј бил отворен за посета прв пат во 1545 година.Кога ќе порасне моето дете ќе бидеrn

    4. Музејот на ликовна уметност и археологија

    rnМузејот за ликовна уметност и археологија во Безансон е најстариот музеј во Франција. Изграден во 1694 година, овој музеј е познат по своите големи колекции на археологијата, слики и својот ликовен кабинет. Помеѓу популарни предмети кои можат да се разгледаат тука спаѓаат остатоци од древниот Египет, мумии, уметнички творби, дела од значајни италијански, француски и шпански сликари, како и над 5.500 цртежи собрани од европските училишта.Кога ќе порасне моето дете ќе бидеrn

    5. Ешмолскиот музеј

    rnЛоциран во Оксфорд, Англија, ова е најстариот универзитетски музеј во светот. Во 1677 година, во него била изложена првата колекција од Елиас Ешмол. Следната година започнало комплетирањето на колекцијата која била завршена во 1683 година. Денес, музејот содржи значителни колекции на библиски ракописи , слики од Леонардо да Винчи, Рафаел, Микеланџело, дел од церемонијалната облека на Лоренс од Арабија и многу други дела.Кога ќе порасне моето дете ќе бидеrn

    6. Музеј на Британија

    rnИзграден во 1753 година, британскиот музеј е еден од најстарите во светот, а во него може да се погледнат предмети собрани од целата планета. Со повеќе од 7 милиони предмети, во овој музеј можете да го погледнете целиот свет во мало и се што некогаш влегло низ вратите на британскиот музеј. Голем дел од просториите на музејот на Британија денеска се оддели на древен Египет и Судан, оддел за грчки и римски антиквитети, оддел на средниот исток, Азија, Африка, простории на монети и медали, библиотеки и архива.Кога ќе порасне моето дете ќе бидеrn

    7. Галерија Уфици

    rnЛоцирана во Фиренца, Италија, овој музеј не само што е еден од најстарите туку претставува и еден од најпопуларните музеи. Тој исто така е познат како по своите колекции, така и по својата фамозна градба. Главното предворје на музејот е долго и право и води се до реката Арно на својот крај. Во времето кога бил граден овој монумент (изградбата завршила во 1581 година), овој двор бил навистина уникатен. Тука се изложени многу познати дела на Леонардо да Винчи, Сандро Ботичели, Микеланџело, Фра Филипо Липи, Каваџио и на други уметници.Кога ќе порасне моето дете ќе бидеrn

    8. Белведере

    rnОвој дворец е дом на збирка предмети собрани од царското семејство од Виена. Сопственик на овој комплекс – палата, конструирана да биде летната куќа, бил принцот Јуџин од Савоја. По неговата смрт, започнало собирањето на царските колекции, а потоа истиот бил отворен за јавноста. Првите предмети биле сликите на предците од династијата Хабсбург. Сликите во Кралската Галерија најпрво биле сместени во одделот Империал во 1776 година, но подоцна биле пренесенаина горниот дел – Белведере. Пет години подоцна, галеријата била отворена за јавноста.Кога ќе порасне моето дете ќе бидеrn

    9. Лувр

    rnЛувр е можеби еден од најпопуларните и најголеми музеи во светот. И да, се разбира, еден од најстарите. Зградата во доцниот 12 век била замок, а француската револуција е периодот кога ова место било прогласено за музеј. Официјално бил отворен за посета на 10 Август 1793 година, со изложени 537 слики. Голем дел од предметите во овој музеј се превземени од црковно власништво. Денеска, во овој музеј може да се разгледаат на 35.000 слики и предмети.Кога ќе порасне моето дете ќе биде
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.