На листата на најскапи работи во светот вклучувајќи автомобили, часовници и мобилни телефони, на прво место дефинитивно се наоѓа јахтата чија вредност изнесува 4,47 милијарди евра.rnrn
rnrnHistory Supreme од само 30 метри е изградена за Британецот Стјуарт Хјуз, а ја купил анонимен малезиски бизнисмен. Уникатната јахта била градена во текот на три години, а за нејзината изработка биле употребени 100.000 килограми злато и платина.rnrnТрпезаријата, оградата, сидрото… сето тоа е направено од благородни метали, но златото и среброто не биле доволно екстравагантни: просторот за спиење е изграден од метеорит, а на ѕидот се наоѓа коска од Т-рекс.rn
„Ако куповната цена е точна, најверојатно купувачот е Роберт Куок, најбогатиот човек во Малезија, со нето богатство од 12,5 милијарди долари“, изјавува Business Insider.
rnИако фотографиите од јахтата се наоѓаат на официјалната веб-страница на Стјуарт Хјуз, се шпекулира дека најскапата јахта на светот всушност не постои. Иан Фортеј за веб-страницата Boat safe го тврди токму тоа, а како доказ го наведува фактот дека освен официјалните најави од 2011 година не може да се најдат фотографии од јахтата (како никогаш никаде да не пловела) и дека ни најбогатиот човек на светот не би дал третина од неговото богатство за јахта, каква и да е таа.rnrnОткако прочитавте за најскапата јахта во светот, можеби ќе сакате да прочитате и кои 10 работи можат да си ги дозволат многу мал број луѓе во светот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr


rn
rn
rn
rn
rnrnПродолжува на 
rnrnОвој кавијар може да достигне цена и до 4.300 евра за килограм. Кавијарот е всушност јајца од риба, а овој бренд доаѓа од белушкиот кит кој живее во Каспиското море. На китот му се потребни 20 години за да ја достигне максималната големина, и може да тежи и до 2 тона. Неговите јајца имаат од виолетова до црна боја, а најсветлите се најскапи. Кавијарот обично се служи на мало парче леб и не му се додаваат никакви зачини за подобрување на вкусот.rn
rnrnШафранот е најскапиот зачин на светот и неговата цена може да достигне до 1.800 евра за половина килограм. Шафранот е цвет чии цветови мора рачно да се одвојуваат. Потребни се илјадници цветови за да се добие околу 30 грама шафран. Најчесто се користи за боење и за подобрување на вкусот на храната.rn
rnrnТартуфите се најскапите печурки. Тие имаат арома која потсетува на пржени ореви која многу луѓе ја обожуваат. Белите тартуфи се најскапи од оваа група печурки. Најчесто ги сервираат на многу тенко исечени парчиња и се како украс на главното јадење. Често се ставаат во масло и се продаваат како масло од тартуфи.rn
rnrnОва месо се добива од посебен вид говеда кои се одгледуваат во Јапонија. Процесот на одгледување следи стара традиција и е голема тајна. Говедата ги хранат со пиво и житарици, па месото е навистина меко. Неговата цена може да достигне и до 260 евра за половина килограм. Исто така овие животни секојдневно ги масираат со цел да се подобри текстурата на месото.rn
rnrnГнездата за кои станува збор се на еден вид птици кои ја користат својата плунка за нивната изградба. Нивната плунка има хемикалија која го стврднува воздухот. Гнездата се деликатес во Кина и се еден од најскапите животински продукти. Најчесто се прави супа од нив, но може да се прават и слатки работи. Кога ќе се измеша со вода, тврдото гнездо добива текстура како на желе.rnrnПродолжува на 
Таа е сместена на имот од 3.264 квадрати. На нејзиниот петти кат се наоѓа спална соба од 200 квадратни метри, од која има панорамски поглед кон Медитеранот. На четвртиот кат има голема библиотека, соба за учење, трпезарија за 20 лица, кујна и дневна соба со камин. На третиот кат се наоѓаат три спални соби. Во секоја од нив има приватно кино, градина, посебна соба со билјард-маса, лифт и бањи.
Вториот кат е резервиран како место за релаксација и забава. Овде има солариум, сауна, бања со кал, соба за масажа, фитнес сала, базен, соблекувални, винарија, шпајз за храна и кујна. На првиот кат има уште три спални како и соби за персоналот. Хациендата е надополнета со гаража за три возила и огромен надворешен базен.



rn