КАФЕ ПАУЗА

Tag: мудрост

  • 50 мудри изреки од земјите на ориентот – Арабија

    50 мудри изреки од земјите на ориентот – Арабија

    Арабија има вековна традиција која произлегува од арапската цивилизација. Дел од секоја култура се и мудрите народни изреки. Еве 50 изреки на мудроста кои произлегуваат од цивилизацијата на ориентот.rnrn1-50-mudri-izreki-od-zemjata-na-orientot – Arabija-kafepauza.mkrnrn1. Ако сакате некоја земја да пропадне, помолете се во неа да има многу водачи.rnrn2. Ако сееш кактус, не очекувај грозје.rnrn3. Без причина човек може да се насмее, ама не и да заплака.rnrn4. Подобро е да имате илјада непријатели надвор од домот, отколку еден во домот.rnrn5. Подобро е на пријателот да му простите, отколку да го изгубите.rnrn6. Биди мудар на зборови, а уште помудар на дела.rnrn7. Вредноста на човекот се наоѓа во неговото срце и во неговиот јазик.rnrn8. Времето е господар на оние кои немаат други господари.rnrn9. Да сакаме некого совршено, треба да го сакаме како утре да ќе умре.rnrn10. За разлика од луѓето , кучињата, кога ќе се најадат, подготвени се да си го препуштат еден на друг она што останало.rnrn11. Има нешта за кои е потребен сведок, ама има и такви кои сами за себе се сведоци.rnrn12. Казната не поправа ниту една неправда, ама може да спречи стотици други.rnrn13. Кој не си го знае местото ќе остане без него.rnrn14. Најди оправдување, па од џамија укради килим.rnrn15. Никогаш не ја потценувај моќта на човековата глупост.rnrn16. Две работи ја откриваат својата вредност тек откако ќе ги изгубиме: младоста и здравјето.rnrn17. Делата сведочат за паметот на човекот, а зборовите за неговото знаење.rnrn18. Децата се крилјата на човекот.rnrn19. И една ноќ анархија е полоша од многу години тиранија.rnrn20. Има две врсти луѓе: оние кои можат да бидат среќни ама не се и оние кои ја бараат среќата ама не ја наоѓаат.rnrn21. Еден пријател – не е малку, ако се илјада – не се многу.rnrn22. Едно корисно искуство вреди повеќе од сите правила на мудроста.rnrn23. Јазикот е како лав: ако го држиш – те штити, ако го пуштиш – ќе те растргне.rnrn24. Кога се караш со некого, остави простор за смирување.rnrn25. Кога двајца се расправаат околу верата, тогаш барем едниот е будала.rnrn26. Кога го немаш она што го сакаш, сакај го она што го имаш.rnrn27. Кому му се доказите кратки, јазикот му е долг.rnrn28. Лагата понекогаш му е одвратна и на самиот лажго.rnrn29. Мала е користа од очите ако умот е слеп.rnrn30. Мудроста е стебло кое расте во срцето, а на јазикот му ги носи плодовите.rnrn31. Ако се надеваш на простување од оној кој е над тебе, тогаш биди подготвен да им простиш и на оние кои се под тебе.rnrn32. Најдрагоцени се оние пријатели кои не ги познаваме.rnrn33. За ниту една работа немој премногу да се радуваш, но ниту да се растажуваш, затоа што работите не се вечни.rnrn34. Знаење од кое нема корист е исто како лек кој не го лечи болниот.rnrn35. Оној кој посакува добро личи на оној кој прави добро.rnrn36. Побрзај да направиш добро кога можеш, затоа што секогаш не ќе можеш.rnrn37. Посетувај ги мудрите луѓе: ако си глупав – тие ќе те подучат, ако си мудар ќе станеш уште помудар.rnrn38. Послушај го оној кој ќе те натера да плачеш, а не оној кој ќе те насмее.rnrn39. Разликата помеѓу знаењето и богатството е тоа што знаењето нас нè чува, а богатството мора ние да го чуваме и во тоа што знаењето со употребата расте, а богатството се намалува.rnrn40. Зборовите кои доаѓаат од срцето допираат до срцето, а оние кои се од устата стигнуваат најдалеку до ушите.rnrn41. Раката која дава е секогаш над онаа која прима.rnrn42. Секое чесно добро полека капе, а нечесното обилно тече: ама подобро малку и праведно отколку многу, а злобно.rnrn43. Смртта може да те заборави еден ден, ама нема да те заборави утредента.rnrn44. Бавноста доаѓа од Бога, а брзината од ѓаволот.rnrn45. Три работи водат до пропаст: лакомост, алчност и самољубие.rnrn46. Учени без работа – како облак без дожд.rnrn47. Молчењето е украс на умниот, а маска на глупавиот.rnrn48. Човек без воспитување е како тело без душа.rnrn49. Човекот е господар на зборовите кои не ги изговорил, ама е роб на оние кои му излетале.rnrn50. Чувај се од брзање, затоа што тоа секогаш доведува до каење: оној кој брза – зборува пред да дознае, одлучува пред да провери и куди пред да се увери.

  • Мудроста во сомнежот и поставувањето прашања низ 20 цитати

    Мудроста во сомнежот и поставувањето прашања низ 20 цитати

    Повеќе пати сме пишувале дека сомневањето во работите и поставувањето прашања во врска со сè и сешто е една од суштинските работи кои ја извлекуваат мудроста од секојдневието. Овие дваесет цитати кажани и напишани од страна на мудри и успешни луѓе ќе ви го потврдат тоа на краток и јасен начин.rnrnМудроста во сомнежот и поставувањето прашања низ 20 цитатиrn

    „Не е одговорот она што просветлува, туку прашањето.“ – Ежен Јонеско

    rn

    „Сомневај се во сè. Научи нешто. Не одговарај ништо.“ – Еврипид

    rn

    „Ова е клучот на мудроста: постојано и често поставување прашања, затоа што сомнежот нè води кон прашањето, а со прашањето стигнуваме до вистината.“ – Питер Абелард

    rn

    „Мудриот човек може да научи повеќе од глупаво прашање отколку глупав човек што може да научи од мудар одговор.“ – Брус Ли

    rn

    „Уметноста на поставување прашања мора да биде поголема вредност од решението.“ – Георг Кантор

    rnМудроста во сомнежот и поставувањето прашања низ 20 цитатиrn

    „Подобро е да дебатираш за прашање и да не се согласиш отколку да се согласиш за прашање без да дебатираш.“ – Жозеф Жубер

    rn

    „Најдобрите научници и истражувачи имаат особини на деца. Поставуваат прашања со чувство на вчудовиденост. Љубопитни се. Кој, што, каде, како, кога и како! Никогаш не престануваат да прашуваат и никогаш не престануваат да прашуваат, баш како петгодишни деца.“ – Силвија Ерл

    rn

    „Прашањето што понекогаш ме излудува е тоа дали јас сум луд или другите се луди.“ – Алберт Ајнштајн

    rn

    „Мислам дека најважното нешто во нашето образование беше тоа што нè научи да се сомневаме дури и во работите кои мислевме дека ги знаеме.“ – Табо Мбеки

    rn

    „Убавото прашање е половина мудрост.“ – Френсис Бејкон

    rnМудроста во сомнежот и поставувањето прашања низ 20 цитатиrn

    „Храбро сомневај се, дури и во постоењето на Бог, затоа што ако тој постои тогаш мора повеќе да ја оправдува почитта кон разумот отколку кон слепиот страв.“ – Томас Џеферсон

    rn

    „Стравот е прашање. Од што се плашиш и зошто? Нашите стравови се ризница на знаење за себе ако ги истражиме.“ – Мерилин Френч

    rn

    „Прекрасната работа за доброто прашање е тоа што ни го обликува идентитетот исто колку и прашањето и одговорот.“ – Дејвид Вајт

    rn

    „Повеќе учиме од потрагата по одговорот на некое прашање отколку што учиме од самиот одговор.“ – Лојд Александер

    rn

    „Моето вложено време како едукатор, по мое мислење, најдобро служи кога ги учам луѓето како да размислуваат за светот околу нив. Да ги научам како да постават прашање. Како да разликуваат вистина од невистина.“ – Нил деГрас Тајсон

    rnМудроста во сомнежот и поставувањето прашања низ 20 цитатиrn

    „Мора да е многу прост оној кој ги знае одговорите на сите прашања што му се поставуваат.“ – Волтер

    rn

    „Да се биде религиозен значи страсно да се бара одговорот на прашањето на нашето постоење и волно да се примаат одговори, дури и кога одговорот може да боли.“ – Пол Тилич

    rn

    „Во мојата работа е добро одвреме-навреме да ставиш знак прашалник на работите кои долго време си ги земал здраво за готово.“ – Бертранд Расел

    rn

    „Прашањето на мудриот човек веќе содржи половина од одговорот.“ – Соломон Ибн Габирол

    rn

    „Не барај одговори кои не ти се дадени затоа што нема да можеш да ги живееш. А целта е да се доживее сè. Живеј го прашањето. Можеби тогаш, еден ден во далечна иднина, полека и без да забележиш ќе почнеш да го живееш и одговорот.“ – Рајнер Марија Рилке

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 13 нешта кои ќе ги разберат само оние кои имаат помала сестра

    13 нешта кои ќе ги разберат само оние кои имаат помала сестра

    Ништо не може да ја надмине поврзаноста која постои помеѓу две сестри. Тие од мали нозе растат една покрај друга, следејќи ги нивните промени и учејќи сè што може да се научи една за друга. Тие неверојатно добро се познаваат и секогаш се тука за поддршка во лошите денови. Сестрите се бесценето богатство, особено оние помалите, па токму затоа само оние кои ги имаат ќе ги разберат овие нешта…rnrn13 нешта кои ќе ги разберат само оние кои имаат помала сестраrn

    1. Тие прават да се почувствувате како мајка

    rnВашата помала сестра, без да знае, сигурно веќе ви го овозможила вашето прво искуство како мајка. Вие сте биле во ситуација кога сте се погрижиле дека таа станала навреме и дека нема да доцни на училиште. Или пак, кога вашите родители излегле со пријатели, вие сте биле таа која ја чувала.rn

    2. Поддршка во доцните часови

    rnМногу често се случува сестрите да делат соба, па и покрај жалбите дека немаат доволно приватност, делењето простор со сестра делува многу природно. Не се сите храбри да спијат сами, па дури и покрај тоа што големите сестри треба да бидат оние храбрите и силните, многу е утешно кога ќе ја видите вашата помала сестра како слатко спие во ваша близина. И да не заборавиме на сите оние ноќи кои сте ги поминале во разговор и споделување тајни кои само вие две ги знаете…rn

    3. Таа е првата која ќе ја чуе вашата новооткриена мудрост

    rnСо годините и искуството доаѓа и мудроста, па токму затоа доколку вашата помала сестра се најде во опасна ситуација низ која и вие самите сте поминале, тогаш големи се шансите дека ќе се активира вашиот „поголема сестра“ аларм. Вие ќе го споделите вашиот совет со неа и, и покрај тоа што во моментот таа може да дава отпор, за некое време ќе ви биде благодарна. Вашата сестра е првата личност која сте подготвени да ја заштитувате од сè и по секоја цена.rn

    4. Вашите пријатели ја обожаваат

    rnТаа е вашата помала сестра, па токму затоа и вашите пријатели автоматски ја сакаат. Дури и некогаш кога посакувате да ја одделите од групата, мора да признаете дека нејзиното присуство ги прави работите многу позабавни.rn

    5. Никој не ја „закача“ вашата помала сестра… освен вие.

    rnСите нејзини пријатели знаат дека вие сте ѝ поголемата сестра, па токму затоа им е забрането дури и да ја допрат. Но, доколку таа сепак успее да западне во одредена неволја, вие сте подготвени да се борите со цел да ја заштитите и одбраните.rn

    6. Имате сопствен јазик

    rnБидејќи поминувате многу време заедно, вие не само што многу добро знаете невербално да комуницирате, туку и сте нашле свој начин на вербална комуникација кој другите не го разбираат. Токму затоа секогаш имате нешто што е само ваше и што може да ве насмее дури и во моментите кога сте опколени со голема група луѓе.rn

    7. Таа секогаш ве изненадува

    rnКога имате лош ден и сакате само да се изолирате од светот и да се затворите помеѓу 4 ѕида, таа многу често знае да ве изненади и да го подобри вашето расположение. Никогаш не се двоумете во неа, бидејќи не знаете за што сè е способна. Можеби досега не сте забележале, ама таа навистина добро пее и уште подобро готви, па токму овие нешта ќе ги употреби за да ве расположи. Дури и доколку сте имале некое недоразбирање, таа на крајот од денот секогаш ќе ви се насмевне и ќе ве прегрне.rn

    8. Невозможно е да ѝ се налутите

    rnТаа може да биде комплицирана, тешка, разгалена и невозможна. Сите сестри се караат до одредена возраст, но најдоброто нешто при овие расправии е фактот што едноставно не можете долго време да ѝ останете лути. Без разлика на тоа што го направила, таа е вашата помала сестра и токму затоа секогаш ќе ви биде слатка.rn

    9. Ве познава подобро од сите останати

    rnТаа ги слушнала зборовите кои ги шепотите во сон, знае колку гласно рчите и да не заборавиме, големи се шансите дека ве видела гола и знае точно како изгледате под вашата облека. Таа секогаш ви ги подарува најдобрите роденденски подароци само затоа што вистински ве познава. Таа има неверојатна способност да ги открие вашите чувства, дури и во оние моменти кога мислите дека одлично ги прикривате. Токму тоа треба да го цените!rn

    10. Таа никогаш не ве заборава

    rnБез разлика колку пријатели има во моментов или ќе има во иднина, таа никогаш нема да го заборави својот најдобар пријател – вие! Малите сестри се неверојатно лојални и секогаш се на ваша страна во животот, стоејќи рамо до рамо покрај вас и во добри и во лоши времиња.rn

    11. Таа ве спречила да правите многу глупави нешта

    rnМалите сестри се чувствуваат одговорни да ве спречат да ги направите оние нешта за кои тие знаат дека некој ден ќе се каете. Доволно е само еден поглед од нивна страна и вие веќе знаете дека не треба да го направите тоа. Понекогаш дури и не се грижите за она што ќе го кажат вашите родители, но секогаш ја имате на ум вашата мала сестра бидејќи нејзиното мислење ви е поважно од сè. Токму затоа големи се шансите дека вашата мала сестра е главниот фактор што сте се развиле во одговорна возрасна личност.rn

    12. Таа секогаш е тука да ве ислуша

    rnВо оние тешки тинејџерски фази, доколку вашите родители не можат да допрат до неа, големи се шансите дека вие ќе успеете да го сторите тоа. Бидејќи сте поблизу до нејзината возраст, таа знае дека со вас може да разговара за сè. Вие сте нејзиниот извор на утеха, но исто така сте и водич за нејзиниот живот. Дури и во оние моменти кога ви изгледа како да не ве слуша, вашите зборови ѝ значат повеќе отколку што можете да замислите.rn

    13. Гледањето како расте ви побудува многу чувства

    rnВие активно ги следите сите големи фази во нејзиниот живот. Сте биле таму да ѝ помогнете кога тргнала прв пат на училиште, кога требало да одбере факултет, но и кога дипломирала. Вие сте биле строги кон нејзиното момче затоа што знаете дека таа вреди, а на нејзината свадба – сигурно не сте можеле да престанете да плачете од среќа. И покрај тоа што таа е веќе возрасна личност, во вашите очи секогаш ќе биде вашата мала и слатка сестра која е огромен дел од вашиот живот и секогаш ќе бидете горди на неа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Цитати за животот и љубовта од генијалните дела на Мехмед Меша Селимовиќ

    Цитати за животот и љубовта од генијалните дела на Мехмед Меша Селимовиќ

    Мехмед Меша Селимовиќ е еден од најголемите југословенски писатели. Негово најпознато дело е прекрасниот роман „Дервишот и смртта“, а покрај со него се прославил и со „Тврдина“, „Остров“, „Тишина“, „Магла и месечина“ и др. Сите негови дела содржат многу мудрост. Во нив зборува за животот, правдата и неправдата, љубовта, стравот, спомените и помирувањето со нив, природата на луѓето и сè друго што видел и доживеал во својата родна Босна. Затоа од неговите дела издвоивме неколку одлични цитати кои можете да ги прочитате во галеријата.rnrnЦитати за животот и љубовта од генијалните дела на Мехмед Меша Селимовиќrnrnrnrn

  • 10 древни мудрости од Американските Индијанци

    10 древни мудрости од Американските Индијанци

    Американските Индијанци знаеле како да го уредат животот во хармонија со природата. Иако тие се речиси истребени, нивната мудрост останува да живее и да нè учи како да живееме во согласност со сопствената природа и со околината.rnrn10 мудрости од Американските Индијанциrnrn rn

    „Големиот Дух е насекаде, тој е во воздухот што го дишеме. Големиот Дух е нашиот Татко, но земјата е нашата Мајка. Таа нè храни. Сè што ќе ставиме во неа таа ни го враќа назад.“ – Големата Молња од племето Вабанаки Алгонквин

    rn

    „Првиот дел, кој е и најважен, извира од душата на луѓето кога тие ќе ја сфатат нивната врска и единство со Универзумот и сите негови моќи и кога ќе сфатат дека Големиот Дух е во средиштето на Универзумот, а тоа средиште е во секој од нас.“ – Црниот Лос од Оглала Сијуксите

    rn

    „Кога ќе го исечеме и последното дрво, ќе ја загадиме и последната река и ќе ја уловиме и последната риба ќе сфатиме дека не можеме да јадеме пари.“ – непознат Кри Индијанец

    rn

    „Кога се сомневаш, остани мирен и чекај. Кога сомнежот ќе го снема продолжи храбро напред. Остани мирен додека те опкружува маглата, но кога ќе пробијат првите зраци, а ќе пробијат, делувај храбро.“ – Белиот Орел од Понка

    rn

    „Убаво однесувај се со земјата. Таа не ти е дадена од родителите, туку ти е позајмена од децата. Ние не ја наследуваме земјата од нашите предци, туку ја позајмуваме од нашите деца.“ – стара индијанска поговорка

    rn

    „Човекот не ја исткајал мрежата на животот. Ние сме само еден конец во неа. Тоа што ѝ правиме на мрежата, тоа си правиме себеси. Сè е поврзано.“ – Сиетл од племето Дувамиш

    rn

    „Нека ѕвездите ја истераат тагата од тебе. Цвеќињата нека те исполнат со убавина. Надежта нека ти ги избрише солзите. Но, пред сè, нека тишината те направи посилен.“ – Ден Џорџ од Тслеил Ваутут

    rn

    „Пред да пристигнат овде нашите бели браќа за да нè цивилизираат, ние немавме никакви затвори. Затоа немавме ниту престапници. Без затвор, нема ни престапници. Немавме ниту брави и катанци, па немавме ниту крадци. Кога некој беше многу сиромашен и не можеше да си дозволи коњ, шатор или ќебе, тој тоа ќе го добиеше како подарок. Ние бевме премногу нецивилизирани за да ѝ дадеме важност на цивилизираната сопственост. Не знаевме за пари, па затоа и вредноста на човекот не беше мерена според неговото богатство. Немавме пишани закони,немавме адвокати и политичари, па затоа не знаевме ниту да се лажеме меѓу себе. Навистина бевме за никаде пред да се појават белите луѓе и не можам да објаснам како успевавме да се справуваме со овие основни работи кои според нив се неопходни за едно цивилизирано општество.“ – Огнениот Сакат Елен од Лакота Сијуксите

    rn

    „О, Голем Духу, помогни ми тивко да ја зборувам вистината, да слушам со отворен ум кога другите зборуваат и да не заборавам дека мирот може да се најде во тишината.“ – молитва на Чироки Индијанците

    rn

    „Мирот и среќата ни се на дофат во секој момент. Мирот е во секој чекор. Треба да чекориме фатени за раце. Не постојат политички решенија за духовни проблеми. Запомнете, ако Создателот ставил нешто таму, тоа му е местото. Не може да има виножито во душата без дожд во очите. Кажете им на вашите луѓе дека откако ни ветија дека нема да нè преселат од овде, нè преселија дури пет пати.“ – непознат индијански поглаватар

  • Обидете се да ја решите оваа загатка: Татко и двајца синови

    Обидете се да ја решите оваа загатка: Татко и двајца синови

    Татко кој е на смртна постела има два сина и мал имот, а секој од синовите поседува по еден коњ. Таткото една вечер ги викнал своите синови и им кажал:rn
    rn

    „Синови мои, бидејќи сум на смртна постела, би сакал нешто да се договориме. Имотот кој го имам е премногу мал да се дели на половина. Токму затоа целиот имот треба да му припадне на оној кој има побавен коњ. Оној чиј коњ е побрз, не мора да добие ништо бидејќи неговиот коњ ќе му помогне доволно сам да си заработи.“

    rnОбидете се да ја решите оваа загатка: Татко и два синаrnrnСиновите решиле да организираат трка со цел да дознаат чиј коњ е побавен, но кога соседот дал знак за почеток, ниту еден од нив не тргнал бидејќи сакал неговиот коњ да е побавниот. Токму затоа отишле да побараат совет од еден стар мудрец. Откако тој ги сослушал им дал совет како да почнат и како да ја завршат трката, без притоа да го сменат основното правило дека оној кој има побрз коњ не треба ништо да добие.rnrnДали знаете што ги советувал мудрецот?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]rnrnМудрецот ги советувал да ги заменат коњите, бидејќи така и двајцата ќе се обидуваат што побрзо да стигнат до целта.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Поучна приказна: Одговорот се наоѓа во твоите раце

    Поучна приказна: Одговорот се наоѓа во твоите раце

    Еден млад човек уловил мала птица и ја скрил во рацете склопени зад својот грб. Потоа прашал: „Мајсторе, дали птицата што ја држам во раце е жива или мртва?“rnrn0-pouchna-prikazna-Odgovorot-se- naogja- vo- tvoite- race-kafepauza.comrnrnМомчето сметало дека ова е одлична можност да си поигра со старецот. Ако мајсторот одговори „мртва“ ќе ја пушти да одлета. Ако мајсторот одговори „жива“ тој едноставно ќе ѝ го свитка вратот.rnrnМајсторот одговорил „Одговорот се наоѓа во твоите раце“.

  • Тибетски хороскоп: 12-те патеки на мудроста и задачите кои нè чекаат во животот

    Тибетски хороскоп: 12-те патеки на мудроста и задачите кои нè чекаат во животот

    Секој знак во тибетскиот хороскоп носи одредена мудрост. Дознајте што ви порачува вашиот. Тибетскиот хороскоп се заснова на верувањето во 12-те патеки на мудроста, а секој човек според датумот на раѓање има свој пат на мудроста, цел и кармичка задача која мора да ја оствари во животот. Проверете дали се пронаоѓате.rnrntibetski-horoskop-12-te-pateki-na-mudrosta-i-zadachite-koi-ne-chekaat-vo-zhivotot-kafepauza.mkrn

    Овен – Реинкарнација

    rnОвенот во животниот циклус означува минат живот. Тој е херојски змеј кој се бори против внатрешните демони и надворешните искушенија. Ја има енергијата и агресивноста на Марс. Бега од монотонија и размислување. На Овните им се препорачуваат социјални професии преку кои можат да се подобрат себеси и да ја трансформираат својата егоцентричност.rnrnКарма: Треба да живеете во сегашноста, да го испитате вашиот внатрешен живот, да медитирате, да пронаоѓате радост, да научите да го поднесувате животот и кога не е розов. Треба да заборавите на неуспесите и да гледате напред. Така Овните го откриваат тајниот клуч до универзалниот мир.rn

    Бик – Создавање на духот

    rnБикот претставува раст, разбирање на мудроста. Заштитен е од Венера, земската љубов, мајката на убавината и уметноста. Создава сигурност бидејќи го има искуството од минатиот живот, но создавањето на духот го поттикнува на контактирање со својот внатрешен живот.rnrnКарма: Акцијата не зависи од работата, туку од психата. Огнената природа крие несигурност. Биковите не ги мотивира сигурноста туку сомнежот. Конзервативизмот можат да го победат со контролирање на својата енергија. Само така ќе најдат внатрешна сигурност.rn

    Близнаци – Психичка и духовна еволуција

    rnВо животниот круг претставуваат спознавање и интелигенција, дуализам: духовно-еволутивна свест и земско познавање на стагнацијата. Кај нив доминира Меркур, заради што се дружељубиви, вешти, пријатни, внимателни, љубопитни, темпераментни, интелигентни, лажливи, непостојани, со добра меморија, но ништо не спроведуваат до крај. Иако чувствуваат потреба да се развијат духовно, никогаш нема да пронајдат мир.rnrnКарма: Нестабилни се, со осцилации во расположението. Ако во остварувањето на големите цели останат реални, ќе можат да ја совладаат својата контрадикторност. Треба да медитираат, да одлучуваат, решението на проблемот е поблизу одошто изгледа.rn

    Рак – Раѓање на човекот

    rnПретставува знаење, инкарнација на духот во физичкиот свет. Психичката инкарнација е при крај, почнува физичката. Симбол е на мајчинството, телото, чувствата, универзумот на жените. За да се заштити, ги држи сите околу себе како во затворена кутија. Во семејството пронаоѓа духовни вредности, но само по долга и трпелива медитација, кога конечно ќе сфати каде е изворот на животот. Премногу верува во вселената, сака да го продолжи детството, бара внимание, верност и непрекинато докажување на љубовта.rnrnКарма: Посесивен е и сака да биде во центарот на вниманието. Многу е авторитетен и сите ќе побегнат од него поради стравот да не му паднат в раце.rn

    Лав – Универзална свест

    rnПретставува синтеза помеѓу свеста и реалноста. Човекот за него е срце, микрокосмос. Лавот учествува во материјалниот свет, сака успех и постојано докажува дека е водач. Ќе успее кога ќе ја победи зависта, потребата сите да му завидуваат, гурманството и сензуалноста.rnrnКарма: Се чувствува како центарот на светот. Ако не управува добро со енергијата, може да го наруши развојот на својата личност и да претера во егоизмот. И најсигурниот Лав може да го изгуби здравиот разум. Кога тоа ќе се случи треба да застане, да слуша и да учи од другите. Треба да им служи на другите – само така ќе воспостави кохезија помеѓу неговата свест и реалноста.rn

    Девица – Материја, работа, физички свет

    rnДевицата сака да се врати во детството. Со неа доминира Меркур. Односите кои ги гради се двојни, истовремено и прима и дава. Со години го развива критичкиот дух, па затоа има приговор кон сè и никогаш не е задоволна. Проблемот лежи во тоа што е претерано големо злопамтило. Затоа пак во анализирањето, Девицата е многу непристрасна.rnrnКарма: Ако сака да созрее духовно, треба да престане да се занимава со себе и да почне да се грижи за другите. Треба да се отвори кон идеалите на хуманоста.rn

    Вага – Чувствителна експанзија

    rnВагата бара рамнотежа помеѓу материјата и духот. Треба да се одлучи за хармонија или дисхармонија. Амбицијата ќе ѝ се намали само во случај да пронајде некој на кој ќе му се допадне. Има мирен темперамент, активна е и не претерува – среќна комбинација во општествениот живот. Треба да го пронајде универзалното знаење.rnrnКарма: Ова е најнестабилниот знак во Зодијакот, кој се одликува со голема чувствителност. Може да се вивне во височините, но и да ја уништи динамиката. Рамнотежата ќе ја најде ако не дозволи да се затвори во сопствената статика и одлучи да ризикува и да се вознемири самата себе.rn

    Скорпија – Желба за вечен живот

    rnСкорпијата е конфликт помеѓу духот и материјата, привлечна е, мора да им служи на задоволствата на луѓето. Скорпијата се движи за да освојува. Желбата за живот ѝ е продолжена, се карактеризира со себичност, убавина, сензуалност и посесивност. Сака да ужива во земските страсти, а ја привлекуваат духовните работи. Може да се изгуби во неконтролирани телесни импулси. Со својата критика уништува, се плаши од смрт. Негативните Скорпии се уништуваат самите себе.rnrnКарма: Треба да научат да ја штедат енергијата, да не претеруваат и да не ја сопираат страста. Исто така треба да ја контролираат својата деструктивна страна.rn

    Стрелец – Етапа на созревање

    rnПретставува победа во борбата помеѓу духот и материјата. Задоволен е. Кога ќе одлучи да престане да дели правда по светот, ќе добие сила да постане протагонист на Божјиот закон. Може да живее во општествениот живот и да еволуира однатре. Сака да поседува материјални добра, ужива во земскиот успех, но е великодушен. Му се заканува враќањето назад.rnrnКарма: Не би требало да се обидува да дознае сè по секоја цена, не смее да ја губи енергијата расфрлајќи се на милион работи. Внатрешниот мир се постигнува со смиреност и алтруизам. Не треба да се троши таму каде што не е потребно.rn

    Јарец – Познавање на супериорното знаење

    rnУспехот доаѓа низ искушенија. Сиромавиот (просјакот, пророкот) го поседува клучот за познавање на границите на земската духовност, знае да го заврши процесот на реинкарнација. Само тој ја знае целта на својот пат, работи во тишина, издржува во времето, живее во самотија. За да се развие треба да контактира со луѓето.rnrnКарма: Сака да се наметнува, што може да иницира циничен деспотизам на мегаломанија. Енергијата треба да се насочи кон небото, кон спиритуалното знаење. Само така може да се навлезе во срцето на случувањата.rn

    Водолија – Свесен избор

    rnВодолијата кон другите е свртена со грб, презема одговорност врз себе, одговара за своите постапки, таа е возрасен човек. Нема илузии и не може да ги затвори очите пред стварноста. Управува сама со својата карма, таа е вистински пријател, и треба да работи во област која ѝ дозволува да дојде до израз нејзиниот општествен интерес. Во Водолијата се соединети сите енергии: дуалност и внатрешни конфликти. Таа е иницијатор, бесмртник, го познава интелектуалниот механизам на духот, се дава себеси, што луѓето често знаат да го ценат.rnrnКарма: Во себе има огромно богатство од љубов, а постојано живее во страв дека сите ќе ја напуштат и изневерат, дури и најдобрите пријатели. Не можат сите да ја разберат големината на Водолијата. И многу љубов понекогаш може да биде погубна.rn

    Риби – Враќање на светлината

    rnРибите претставуваат синтеза на повторното раѓање. Тие се деца на морето, живеат во океанот. Сами се, но обединети се со универзумот. Добро се снаоѓаат со божественото, а притоа не ја губат својата индивидуалност. Треба да ја отворат вратата која води кон универзумот.rnrnДванаесеттиот знак е симбол на смртта бидејќи личноста се збогува од телесниот материјален живот и навлегува во водите на универзумот. Кога ќе престане физичкото дишење, се создава ново тело. Циклусот е завршен, човековото тело е пред смртта, но духот и менталното тело започнуваат нов циклус на учење сè додека духот не се прочисти и ослободи.rnrnКарма: Треба да се препуштат на морето за да можат да стигнат на врвот на брановите. Долгиот пат кој го започнуваат ќе биде полн со тешкотии па затоа треба да го одберат оној најлесниот. Низ љубовта ќе доживеат комплетна емоционална обнова.

  • Книга: „Четири спогодби“ – Дон Мигел Руис

    Книга: „Четири спогодби“ – Дон Мигел Руис

    Практичен водач кон личната слобода

    rn1-kniga-chetiri-spogodbi-don-migel-ruis-kafepauza.mkrn

    Наша оценка: 7

    rn

    Ваша оценка: [ratings]

    rnОва е книга со каква што човекот од западната цивилизација не се среќава често. Нејзината благост, која потсетува на изворните учења на Исус и Буда, е облагородена со длабоката мудрост на стариот индијански народ – Толтеци, коишто според легендите не изумреле, туку само ги пронашле повисоките сфери на духот. Толтеците првенствено биле уметници и научници кои се собирале како учители (нагвали) во Теотихуакан, древен град во близина на Мексико, познат како место на кое „човекот станува Бог“. Толтечкото знаење потекнува од истото суштинско, вистинско единство како и сите други свети езотерични традиции ширум светот. Насочено е кон духовноста и најточно може да се опише како начин на живеење што нè води по патот на среќата и љубовта. Иако стотици години биле скриени под превезот на тајната, древните пророштва навестувале дека ќе дојде време кога ќе биде неопходно таа мудрост да им се врати на луѓето.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn


    rnrnСега Дон Мигел Руис, нагвал од родот Витези на орелот, го споделува со нас своето толтечко учење. Во книгата тој зборува за тоа дека луѓето, дури пред да се родат, веќе создаваат еден голем надворешен, општествен односно планетарен сон, кој ги вклучува сите општествени правила, верувања, закони, религии, култури, влади, училишта. Како деца, луѓето немаат можност да ги изберат своите верувања, туку се согласуваат со информациите што им се пренесени преку другите луѓе од планетарниот сон. Тие не ги избирале тие верувања и можеби се бунеле против нив, но не биле доволно силни за да победат во својот бунт. Како последица на тоа, им се препуштиле на тие верувања и склучиле сопствена спогодба. Овој процес Мигел Руис го нарекува припитомување на луѓето. При тоа припитомување тие учат како да живеат и како да сонуваат. Во припитомувањето на луѓето информациите од надворешниот сон се пренесуваат во внатрешниот сон обликувајќи цел систем на верувања. Надворешниот сон ги учи какви треба да бидат како луѓе. Од ден на ден, дома, на училиште, в црква, на телевизија им кажуваат како треба да живеат, какво однесување е прифатливо.rnrn2-kniga-chetiri-spogodbi-don-migel-ruis-kafepauza.mkrnrnАко сакате да живеете среќно и задоволно, мора да имате доволно храброст да ги раскинете спогодбите востановени од други луѓе, а засновани врз стравот, кои ви ја одземаат силата. Дон Мигел Руис зборува за тоа дека ако не сте задоволни со вашиот животен сон, треба да ги измените тие спогодби и да склучите четири многу моќни спогодби кои ќе ви помогнат да ги раскинете оние што потекнуваат од стравот и ви ја намалуваат енергијата. Ако ги усвоите овие четири спогодби, вели тој, ќе добиете доволно лична сила и храброст да го измените целиот систем на вашите стари верувања, а тие накратко гласат:rnrn1. Беспрекорно користете го својот збор – Зборувајте почитувајќи го својот интегритет и кажувајќи го она што навистина го мислите. Не озборувајте и користете ја моќта на зборовите во правец на вистината и љубовта.rnrn2. Ништо не сфаќајте лично – Ништо што прават другите не е поради вас. Кога сте имуни на мислењето и постапките на другите, не може да станете жртва на непотребно страдање и измачување.rnrn3. Не правете претпоставки – Имајте храброст да поставувате прашања и да кажете што сакате навистина. Комуницирајте со другите што е можно појасно, за да ги избегнете недоразбирањата, болката и драмите.rnrn4. Секогаш направете сè што можете – Во која и да било ситуација направете сè што можете и ќе нема потреба да се осудувате и измачувате себеси, исполнувајќи се со негативни чувства и каење.rnrnСекој треба да ги применува овие четири реченици за темелно да го промени својот живот. Иако ова можеби звучи смешно, сепак вреди да се обидете и да му дадете шанса на ова толтечко учење. Овие едноставни начела и мудроста која се крие зад нив, ќе ви отворат нови хоризонти, ќе ве наоружаат со храброст и самопочит и ќе ве научат засекогаш да се ослободите од срамот, каењето, самопрезирот. Барем така вели Дон Мигел Руис. Секако, тоа нема да се случи одеднаш и потребен е огромен труд, трпение и упорност. Но, ќе успеат само оние кои навистина веруваат.rnrnИако „Четири спогодби“ не е грандиозно литературно дело со богата вредност, сепак е просечно практично четиво кое во одредена мера може да ви помогне во пронаоѓањето на личната слобода и да ја поттикне желбата за промена. Не очекувајте премногу. Едноставно не правете претпоставки и прочитајте ја книгата. Заборавете на предрасудите и ограничувањата за ваквиот тип книги и отворете се за можна лична трансформација. Можеби навистина е време за нова спогодба со себе и својата душа. А најдобриот начин да го направите тоа е веќе да склучите спогодба да ја прочитате „Четири спогодби“!rnrn
    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 1 октомври 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • Научно докажано: Љубителите на книги се подобри партнери

    Научно докажано: Љубителите на книги се подобри партнери

    Според истражувањата спроведени од Рејмонд Мар, психолог на Универзитетот Јорк и Кејт Отли, професор по когнитивна психологија на Универзитетот во Торонто, луѓето кои читаат книги се многу поемпатични и покрај своите, полесно ги поддржуваат туѓите мислења, верувања и интереси. Иако ова се смета за вродена особина на сите луѓе, сепак потребни се различни нивоа на социјални искуства за таа да излезе на виделина.rnrn(0) nauchno-dokazhano-ljubitelite-na-knigi-se-podobri-partneri-kafepauza.mkrnrnТокму тие нивоа на социјални искуства, сметаат психолозите, се стекнуваат преку книгите. Преку умственото искусување на туѓи животи, тие ги напуштаат сопствените тела и за момент го гледаат светот низ поинаква призма. Живеат стотина животи, собирајќи мудрост и знаење. Секој триумф, лекција, откровение на главниот лик го чувствуваат како личен. Овие луѓе се полни со мудрост и душа, а тоа ќе го забележите уште при првиот разговор. Еве зошто после сѐ, тие се и најдобриот избор за иден партнер во вашиот живот.rn

    Сѐ освен обичен разговор

    rnОва се речити луѓе и постојано ќе ве опсипуваат со писма и поеми, но не на досаден и одбивен начин. Тие нема да понудат обичен разговор, туку изнесуваат длабоки размислувања и теории. Едноставно ќе ве маѓепсаат со нивното знаење, идеи и убави зборови. Направете си услуга и бидете во врска со некој кој ќе ви го пружи ова мало, но слатко душевно задоволство.rn

    Целосно разбирање

    rnЛуѓето при читањето се поврзуваат со ликови кои никогаш не ги сретнале, а тоа прави полесно да ги разбираат оние кои се во нивната вистинска околина. Тие имаат огромен капацитет за емпатија. Можеби не секогаш ќе се согласуваат со вас, но ќе се обидат да ги погледнат нештата и од ваша гледна точка. Затоа, вљубете се во некој кој не само ве познава, туку и целосно го разбира секој дел од вас и вашата личност, токму како овие луѓе.rn

    Интелигенција и мудрост

    rnДодека наметливата интелигенција е малку одбивна, мудроста е сосема привлечна. Постои нешто неодоливо кај луѓето од кои можете да научите нешто ново и да водите богат, содржаен и интересен разговор. Овие луѓе се помудри и поинтелигентни поради зголемениот вокабулар и вештини за помнење, како резултат на прочитаните книги. Имаат поразвиени когнитивни функции и комуницираат подлабоко и поефективно. Искуствата на ликовите во книгите, ги имаат акумулирано како свои, а оттука и мудроста е неизбежна.