КАФЕ ПАУЗА

Tag: мудрост

  • Што е мудроста и како да ја развиеме во себе?

    Што е мудроста и како да ја развиеме во себе?

    Автор: Петар ЛазаровrnrnВо претходниот мој неделен совет пишував за умешноста на живеењето, т.е. што значи да умееш да донесуваш правилни одлуки, во право време. Сите истражувања и вистини водеа кон тоа дека мудроста е таа што ги донесува тие одлуки. Колку сме помудри, толку поубави одлуки ќе донесуваме.rnrnshto-e-mudrosta-i-kako-da-ja-razvieme-vo-sebe-kafepauza.mkrn

    Но што претставува мудроста?

    rnМудроста е способност да се донесуваат правилни одлуки и да се оди во вистинската насока, по вистинскиот пат, и сето тоа засновано на знаење и разбирање. Мудрост е способноста да мислиме и делуваме употребувајќи знаење, искуство, разбирање и свесност. Тоа е карактеристика која ни овозможува да ги направиме работите со најголемо ниво на прецизност, и тоа во секои услови. Или како што вели еден мој мудар пријател, мудрост значи да си среќен и исполнет и да го правиш со ист елан она што го сакаш, но и она што не го сакаш.rnrnСпоред медицинскиот центар на Харвард, мудроста е способност да се разберат природата и однесувањето на работите, луѓето и настаните. Способност да ги погледнеме работите од други перспективи и да избегнуваме црно-бело размислување. Карактеристика која секој од нас ја поседува (повеќе или помалку) и која е во директна корелација со нашиот внатрешен капацитет (когнитивен, емоционален и физички), надворешниот свет и динамичната релација на внатрешниот со надворешниот свет.rnrnАристотел ја дефинирал мудроста како разбирање зошто работите се такви какви што се, што е огромна разлика отколку само знаење дека работите се такви. Сето ова звучи фолозофски, но и самиот збор „филозофија“ означува „љубов кон мудроста“.rnrnВо секој случај, од горните дефиниции може да се воочи дека, мудроста се поврзува со разбирањето. Прво мора да ја дефинираме разликата помеѓу знаење и разбирање. Основата на знаењето е во разбирање на знаењето, и апликативноста на тоа знаење. Во спротивно ќе имаме само одвишок знаење околу некоја работа. Но тоа не значи дека сме ја разбрале таа работа.rnrnЗнаењето користи еден центар во мозокот, додека пак разбирањето активира неколку центри.rn

      rn011

    • За да се сфати мудроста, понекогаш добро е да се сфати што не е мудрост.
    • rn011

    • Да се зборува или делува на глупав начин, а потоа да се обвинуваат другите за тоа што се случило
    • rn011

    • Да се зборува или делува на начин што ќе предизвика тешкотии за блиските луѓе
    • rn011

    • Да не учиме од нашите грешки, и да ги повторуваме истите грешки
    • rn011

    • Да сме горчливи за минатото и цинични за иднината
    • rn011

    • Да критикуваме постојано
    • rn011

    • Да се водиме обратно од нашите вистински вредности
    • rn

    rnЕдно од најдобрите работи за мудроста е тоа што ни прави баланс на срцето и умот. Овој баланс – мир се постигнува поради тоа што ние дејствуваме во релација со нашите вистински цели, а го избегнуваме губењето на енергија додека трагаме по вистинскиот пат. А генерално ни се случува да се вртиме во круг и секогаш се наоѓаме во иста ситуација, само со различно сценарио.rnrnНајинтересно е тоа што мудроста не е поврзана генерално со годините. Не важи само она старото правило, некој е мудар бидејќи е стар. Сите ние може да ја развиваме нашата мудрост. Како и сѐ друго, и тоа е вештина која може да се развива.rnrn

    „Нам мудроста не ни е дадена, ние мора самите да ја пронајдеме одејќи по дивиот пат кој никој не може да го изоди за нас, и е мака од која никој не може да не поштеди.“ – Марсел Пруст

    rnЕве неколку насоки за размислување (бидејќи глупаво би било да шаблонизираме некоја толку апстрактна тема, и да мислиме дека може да ја ставиме во 6 чекори или 11 основни правила):rnrn Патот до мудроста: За да може да работиме на својата мудрост како вештина, мора прво да сфатиме добро што е мудрост (незнам дали е доволно да го прочитате само овој текст), и најважно да сфатиме дека нема лесен пат до мудроста. Се вели дека, како што потребата е мајка на иновацијата, макотрпноста е на мудроста.rnrnКарактеристики на мудар човек: Сочувство, одговорност, интегритет, прифаќање, желба за знаење, поглед од повеќе перспективи, емпатија, внимателен и добродушен, дарежлив, човек од доверба, скромен, отворен, трпелив итн. Треба да ги развиваме овие убави вредности и напорно да работиме на тоа.rnrnБидете набљудувач: Набљудувајте се себе и другите. За подобро да ги разбереме сите односи и сѐ она што се случува околу нас, мора прво да се познаваме самите себе и другите. И најважно да не судиме. Ниту другите, ниту себе. Тоа значи да се прифатиме какви што сме (и ако не си се допаѓаме, да се промениме) и да ги прифатиме другите какви што се (а нив, да не пробуваме да ги промениме).rnrnМедитација: Едуцирајте се повеќе за медитацијата и почнете да ја практикувате. Многу познати, успешни и мудри луѓе ја користеле и ја користат (Џон Ленон, Стив Џобс, Ајнштајн, Опра, Стинг, Тесла и др.)rnrnВежбање телесни вештини: Источните практики се најдобри за развој на телесната интелигенција. Преку нивно практикување и омекнување на телото, омекнуваме и ги менуваме наши ставови, принципи и заклучоци.rnrnРазговарајте со мудри луѓе: Ако имате некој што го сметате за мудар, поминувајте повеќе време со него. Набљудувајте го и видете што е она што таа личност го има и што може да украдете од неа.rnrnСамоменаџирање: Еден од основните концепти за развој на мудроста како вештина, е да работиме на себе, т.е. да го ставиме фокусот на внатрешниот, а не на надворешниот свет. Ако не ни се допаѓа надвор, треба решението да го бараме внатре. Дознајте повеќе и работете на техники за смирување на умот, развој на мотивација за самознаење, техники за надминување на егото и други техники за самореализација.rnrnПравени се медицински истражувања каде што било евидентирано дека пациентите кои се справувале со тешки и хронични болки, почнувале да зборуваат за нивната состојба со јазикот на мудроста (покажувале сочувство, разбирање на другите и за лимитацијата на знаењето, простувале итн.). Да не чекаме да ни се случи нешто такво за да го научиме јазикот на мудроста. Да бидеме мудри и да почнеме со негово изучување уште сега.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]

  • 15 мудрости од Аристотел

    15 мудрости од Аристотел

    Невозможно е преку само еден пост да се пренесат ниту основите на Аристотеловите учења. Овие 15 цитати служат само да ве инспирираат и да ви бидат насока за понатамошно размислување.rnrn15 мудрости од Аристотелrn

    „Моралната изврсност е резултат на навика. Стануваме праведни чинејќи праведни дела, умерени преку чинење на умерени дела и храбри преку чинење на храбри дела.“

    rn

    „Ние сме она што постојано го правиме. Оттаму, изврсноста не е чин, туку е навика.“

    rn

    „Моралните особини кај нас не се формираат ниту природно ниту неприродно. Природата само го подготвува теренот за нивно прифаќање, а нивното целосно формирање е производ на навиката.“

    rn

    „Оној што е пријател секому не е пријател никому.“

    rn

    „Карактеристика на едуцираниот човек е да се занимава со некоја мисла без да ја прифати.“

    rn

    „Ако можеме да сториме нешто, можеме и да не го сториме тоа.“

    rn

    „Љубовта е една душа во две тела.“

    rn

    „Храброста е најважниот човечки квалитет затоа што ги гарантира сите други.“

    rn15 мудрости од Аристотелrn

    „Образованиот се разликува од необразованиот како живиот од мртвиот.“

    rn

    „Оној кој не се вклопува во општеството, или кому не му е потребен никој затоа што сам себеси си е доволен, мора да е или ѕвер или бог.“

    rn

    „Целото е повеќе отколку збирот на неговите делови.“

    rn

    „Природата ништо не прави за џабе.“

    rn

    „Тоа што е блесок на денот за очите на лилјакот, тоа е и разумот во нашата душа за работите кои изгледаат најочигледни.“

    rn

    „Мудриот не се изложува на непотребна опасност затоа што има малку нешта за кои доволно се грижи, но во тешки времиња спремен е да го даде и животот знаејќи дека под одредени услови не вреди да се живее.“

    rn

    „Бегството од проблемите е форма на кукавичлук, така што иако самоубиството бара храброст за соочување со смртта, тоа не се прави поради некоја благородна причина туку за да се побегне од болката.“

  • Креативноста е…

    Креативноста е…

    „Креативноста е интелигенција што се забавува.“ – Алберт Ајнштајн

    rnКреативноста е...
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работата е најдоброто нешто на светот…

    Работата е најдоброто нешто на светот…

    „Работата е најдоброто нешто на светот. Затоа секогаш треба да оставаме нешто и за утре.“ – Дон Херолд

    rnРаботата е најдоброто нешто на светот...
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 цитати за детството

    15 цитати за детството

    Повелете 15 цитати за детството, за тој период на безгрижност и љубопитност кој често се идеализира кога ќе настапат обврските својствени за животот на возрасните.rnrn15 цитати за детството
    rn

    „Детството се мери само со звуци, мириси и глетки, пред да настапи мрачната ера на разумот.“ – Џон Бечман

    rn

    „Предјадењата отсекогаш ми биле интересни на патетичен начин. Ме потсетуваат на детството, на тоа како човек поминува низ нив прашувајќи се какво ќе биде главното јадење, а до крајот на оброкот посакува да изедел повеќе од предјадењето.“ – Хектор Хју Монро

    rn

    „Секое детство има свои талисмани, свети работи кои изгледаат доволно наивно за надворешниот свет, но предизвикуваат бура од живописни спомени кога возрасното дете ќе се соочи со нив.“ – Стивен Џонсон

    rn

    „Дозволи му на човек да се сврти кон своето детство, не подалеку, за да си го обнови чувството на изолираност и мистеријата на промената.“ – Алис Мејнел

    rn

    „Детството дефинитивно е измислица, зарем не? Мислам дека затоа луѓето имаат деца и потоа почнуваат да го ценат своето детство многу повеќе.“ – Хелен МекКрори

    rn15 цитати за детството
    rn

    „Кога сме жедни, пиеме од белите води на бунарот на нашето слатко и тажно детство.“ – Георг Тракл

    rn

    „После сè, детството не е крај, туку состојба на исполнетост со моќна љубопитност.“ – Рејчел Каск

    rn

    „Секој од нас има момент од детството кога се почувствувал жив за прв пат. Се враќаме кон тие моменти и си мислиме, тоа е моментот кога јас станав јас.“ – Рита Дав

    rn

    „Суштината на детството, секако, е играта која јас и моите другари безгранично ја имавме на улиците кои безволно ги делевме со сообраќајот.“ – Бил Козби

    rn

    „Кога конечно ќе се вратиш во својот стар дом, ќе сфатиш дека не ти фалел домот туку детството.“ – Сем Јуинг

    rn15 цитати за детството
    rn

    „Ако си го носиш детството со себе, никогаш нема да остариш.“ – Том Стопард

    rn

    „Имав прекрасно детство, што не е лесно, затоа потоа е тешко да се подготвиш за бедното возрасно доба.“ – Лери Дејвид

    rn

    „Детството само по себе не секогаш е подобро од весела, мирна, сончева старост.“ – Лидија Чајлд

    rn

    „Генијалноста е враќање на детството по сопствена волја.“ – Артур Рембо

    rn

    „Продолженото детство не може да остане бајка. Тоа се претвора во пекол.“ – Луиз Боган


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку паметни реченици за љубомората

    Неколку паметни реченици за љубомората

    Прочитајте ги овие неколку паметни реченици за љубомората кажани од паметни луѓе, па потоа само одлучете дали треба да бидете љубоморни и дали треба да се заморувате ако сметате дека некој ви е љубоморен.rnrnНеколку паметни реченици за љубомората
    rn

    „Љубовта е состојба во која среќата на друга личност е од суштинско значење за твојата… Љубомората е болест, љубовта е здравје. Незрелиот ум често ги меша или смета дека колку е поголема љубовта, толку е поголема и љубомората.“ – Роберт Хајнлајн

    rn

    „Љубомората е, ми се чини, најлошата од сите маани затоа што прави жртви од двете страни.“ – Џин Тирни

    rn

    „Љубомората е признание што просечните им го даваат на генијалците.“ – Фултон Шин

    rn

    „Љубомората содржи повеќе самољубие отколку љубов.“ – Франсоа де ла Рошфуко

    rn

    „Љубомората е сета онаа забава која мислите дека другите ја имаат.“ – Ерика Јонг

    rn

    „Љубоморните се опседнати од луд ѓавол и слаб дух истовремено.“ – Јохан Каспар Лаватер

    rnНеколку паметни реченици за љубомората
    rn

    „Не е љубовта слепа, туку љубомората.“ – Лоренс Дурел

    rn

    „Љубомора, тој змеј кој ја убива љубовта преправајќи се дека ја штити.“ – Хавлок Елис

    rn

    „Способна и самоуверена личност не може да биде љубоморна за нешто. Љубомората без исклучок е знак на невротична несигурност.“ – Роберт Хајнлајн

    rn

    „Љубомората не е ништо повеќе од чувство на осаменост наспроти насмеаните непријатели.“ – Елизабет Боуен

    rn

    „Љубоморните се проблем за другите, но измачување за себе.“ – Вилијам Пен

    rnНеколку паметни реченици за љубомората
    rn

    „Љубовниците можат да бидат и генерално се непријатели, тие никогаш не можат да бидат пријатели, затоа што секогаш мора да има искра на љубомора и дел од своето Јас во сите нивни размислувања.“ – Џорџ Бајрон

    rn

    „Така го поминав животот. Не паметам дека некогаш сум бил особено љубоморен некому, затоа што сфатив дек ако не можам да успеам во нешто, тогаш не го ни заслужувам.“ – Клајд Томбо

    rn

    „Не ги сфаќам љубоморните луѓе. Љубомората е само губење време, затоа што ако си љубоморен некому, а тој си ги живее животот и си поминува убаво, во што е тогаш поентата?“ – Џој Бехар

    rn

    „Природата работи. Карактерот и судбината се нејзини алатки. Таа ни дава љубов и омраза, љубомора и почитување. Ние ја имаме само моќта да одлучиме кој импулс ќе го следиме.“ – Дејвид Сибери

    rn

    „Љубомората… е рак на духот.“ – Б.С. Форбс


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Африкански народни поговорки

    Африкански народни поговорки

    Африканските народни поговорки учат на лекции од секојдневниот живот на Африканците, така што секогаш се неизбежно поврзани со земјата и со животните. Ова е еден мал дел од мудроста од целиот континент, од различни народи и племиња кои имаат што да ни пренесат од своето искуство.rnrnАфрикански народни поговоркиrn

    „Птицата која полетува од земјата и се спушта на мравјалник сè уште е на земјата.“

    rn

    „Оној кој чука на тапан за некој лудак да танцува не е подобар од самиот лудак.“

    rn

    „Каде што царува водата, земјата мора да се потчини.“

    rn

    „Колку и да е убав ковчегот, нема никого да натера да ја посака смртта.“

    rn

    „Оној кој трча по среќа бега од мирот.“

    rn

    „Забите не знаат за сиромаштија.“

    rn

    „Ако со ги одбрал едниот крај на стапот, си го одбрал и другиот.“

    rn

    „Подобро малку отколку премалку.“

    rn

    „Паметен непријател е подобар отколку глупав пријател.“

    rnАфрикански народни поговоркиrn

    „Младата птица не грака додека не ги слушне постарите.“

    rn

    „Немој да танцуваш ако носиш кошница со јајца.“

    rn

    „Храната која е зготвена нема свој господар.“

    rn

    „Тој што не знае да танцува вели дека подот е тврд.“

    rn

    „Направи добро дело и фрли го во морето.“

    rn

    „Кога корените на дрвото ќе почнат да се распаѓаат, почнуваат да носат смрт и кон гранките.“

    rn

    „Детето е сечие дете.“

    rn

    „Ако чеканот е твоето единствено средство, секој проблем ќе ти изгледа како шајка.“

    rn

    „Кога на дете му ја покажуваш месечината, тоа го гледа само твојот прст.“

    rn

    „Тој што намерно се бања со студена вода не го чувствува студот.“

    rnАфрикански народни поговоркиrn

    „Земјата е кралица на креветите.“

    rn

    „Биди планина или потпри се на некоја.“

    rn

    „Болвата може да му направи повеќе проблеми на лавот отколку тој нејзе.“

    rn

    „Мудроста е како дрвото баобаб: ниту еден поединец не може сам да ја земе в раце.“

    rn

    „Гневот и лудилото се браќа.“

    rn

    „Немој да следиш некого кој бега.“

    rn

    „Како што стрелецот ја сака стрелата која се движи, така го сака и лакот кој останува во неговите раце.“

    rn

    „Ако градиш куќа и ти се скрши една шајка, ќе престанеш да градиш или ќе ја смениш шајката?“

    rn

    „На нашите деца се обидуваме да им оставиме две работи: првата е корени, а втората крилја.“

  • Мудрите луѓе и патриотизмот

    Мудрите луѓе и патриотизмот

    Поставувањето на дефиниција за патриотизам за филозофите претставува проблем поради тоа што тој може да манифестира многу различни карактеристики кои се движат од едноставна љубов кон сопствената земја, па сè до омраза кон сè што „не е наше“. Политичарите знаат тоа многу добро да го искористат и да постигнат цели кои не се баш „патриотски“, но за среќа, честопати филозофите, писателите, психолозите и други мислители се осмелуваат да коментираат за тоа што претставува патриотизмот и да дадат малку поинакво гледиште на работите.rnrnМудрите луѓе и патриотизмотrn

    „Патриотизам е личното убедување дека твојата земја е подобра во однос на другите затоа што си се родил во неа.“ – Џорџ Бернард Шо

    rn

    „Патриот: човек кој може да вика најгласно без да знае зошто вика.“ – Марк Твен

    rn

    „Национализмот е нашата форма на инцест, тоа е нашата идолатрија, нашето лудило. ‘Патриотизмот’ е неговиот култ. Не е потребно да спомнам дека под ‘патриотизам’ го подразбирам оној став кој ја става сопствената нација над човештвото и над принципите на вистината и правдата; не верниот интерес за сопствената нација, кој е во врска со нејзината духовна, како и материјална благосостојба – не со моќта врз други нации. Како што љубовта кон само еден човек која ја исклучува љубовта кон другите луѓе не е љубов, така и љубовта кон една земја која не е дел од љубовта кон целото човештво не е љубов, туку идолатриско обожување“. – Ерих Фром

    rn

    „Жалосно е што за да биде човек добар патриот, тој треба да стане непријател на остатокот од човештвото.“ – Волтер

    rn

    „Патриотизам е подготвеноста да се убие и да се биде убиен поради банални причини.“ – Бертранд Расел

    rn

    „Патриотизмот е последното скривалиште на подлиот.“ – Семјуел Џонсон

    rn

    „Јас немам земја за да се борам за неа, мојата земја е планетата, а јас сум граѓанин на светот.“ – Јуџин В. Дебс

    rn

    „За мене е одвратно и недостоинствено да имам душа контролирана од географија.“ – Џорџ Сантијана

    rn

    „Љубовта кон својата земја е прекрасна работа. Но зошто љубовта треба да застане на граница?“ – Пабло Касалс

    rn

    „Национализмот е еден смешен петел кој кукурика на сопственото буниште.“ – Ричард Алдингтон

    rn

    „Хероизам по наредба, бесчувствително насилство и сите оние гадни бесмислици кои се продаваат како патриотизам – многу ги мразам!“ – Алберт Ајнштајн

    rn

    „Тоталитаризмот е институционализиран патриотизам.“ – Стив Ален

    rn

    „Не постои патриотска обврска да му помогнеш на политичар да напредува во кариерата кој инаку се залага за интереси кои се неетички според твоите вредности.“ – Џон Болтон

    rn

    „Патриотизмот е чувство што наводно сите треба да го имаат. Но зошто? Зошто е поблагородно да ја сакаш својата земја отколку нечија друга?“ – Валас Шон

    rn

    „Патриотизмот во Америка, како што јас го разбирам, е прашање на страдање кога државата не успева да ги исполни своите ветувања или свесно ги напушта.“ – Грејл Маркус

    rn

    „Кога кучето лае накај месечината, тоа е религија, а кога лае по странците, тоа е патриотизам.“ – Дејвид Стар Џонсон

    rn

    „Патриотизмот е силно националистичко чувство во земја чии граници, легитимитет и етнички состав се земаат здраво за готово.“ – Мајкл Игнатиеф

    rn

    „Патриотизмот е краткотрајна реакција која избледува штом почне војната.“ – Мик Џегер

  • 10 знаци дека некој е попаметен од вас

    10 знаци дека некој е попаметен од вас

    Освен доколку не мислите дека вие сте најпаметни во светот, сигурно сакате вашата интелигенција постојано да е во раст. Џејмс Гарднер, кариерен иноватор во голема корпорација, напишал 10 знаци според кои ќе препознаете дека некој е паметен. И покрај тоа што неговата намера со овој текст била делумно хумористична, сепак мора да признаеме дека има вистина во овие зборови.rnrn10 знаци дека некој е попаметен од васrnrn1. Тие не зборуваат колку вас, бидејќи знаат дека станале паметни бидејќи слушале.rnrn2. Тие знаат многу работи кои се надвор од нивната специјалност. Надарени се со широк, отворен ум, константно нахранет со стимулот да бидат заинтересирани за сето она што го прават другите луѓе.rnrn3. Тие умешно „жонглираат“ со семејните, професионалните и личните интереси и никогаш не зборуваат за тоа колку е тешко да постигнеш баланс помеѓу работата и животот. И додека „жонглираат“ изгледаат како да се 100% посветени на тоа што го прават во моментот, симултано, на сите животни фронтови. Прават сè за да се осигурат дека нивниот живот е совршено избалансиран и спокоен.rnrn4. Тие веројатно се активни на социјалните мрежи. Можеби не постојано, но веројатно сепак се активни. Не само што социјалните мрежи се уште една шанса да „слушаат“ внимателно, туку и ги користат за да се осигурат дека ќе го нахранат нивниот мозок со информации кои инаку не би допреле до нив.rnrn5. Дури и кога работите одат кон лошо, тие се смеат. Паметните луѓе никогаш не се вознемируваат и муртат, бидејќи нивниот паметен мозок брзо им презентира алтернативни решенија уште пред да се случи проблемот.rnrn10 знаци дека некој е попаметен од васrnrn6. Знаат дека најчесто се најпаметните во просторијата, но тие не си го губат времето чувствувајќи се така. Наместо тоа, за нив претставува вистински предизвик да видат дали можат да придонесат сите останати луѓе да бидат исто така, најпаметни во просторијата.rnrn7. Доколку се менаџери, тие ќе ги вложат сите напори за нивните вработени да бидат попаметни, поповрзани и попопуларни од нив во тимот. Тоа не прави да се чувствуваат загрозени, бидејќи знаат дека интелигенцијата е синергична. Тие исто така сакаат да се осигурат дека нивните интелигентни вработени ќе изгледаат пред другите уште попаметно од нив, поради истата причина – соработка на бистри умови.rnrn8. Тие имаат скриени способности, кои не излегуваат на површина сè додека не им притребаат. Не чувствуваат апсолутно никаква потреба да ги покажат нивните целосни способности, за да докажат дека се подобри од другите.rnrn9. Можеби имаат завршено скапо образование, а можеби и немаат. Финтата е дека вие никогаш нема да го дознаете тоа само затоа што поминувате време со таа личност, освен ако не погледнете директно во нивното сиви.rnrn10. Никогаш, во ниедна ситуација не прават да се чувствувате глупаво, дури и ако имаат вистинска причина да го сторат тоа. Тие имаат научено по пат на горко искуство дека единствената работа којашто се случува кога се трудиш да направиш некој да изгледа лошо, е да изгледаш и самиот лошо.rnrnПосле овој текст сигурно добивте желба и вие да бидете едни од паметните луѓе нели?! А за да го постигнете тоа, ќе ви помогне еден екстра совет од мудриот Стив Џобс: „Остани гладен. Остани будалест.“rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 цитати со корисни совети од познатите мудри жени

    5 цитати со корисни совети од познатите мудри жени

    Од Дороти Паркер до Маргарет Тачер, еве што кажале едни од најпознатите жени на сите времиња. Ова се 5 кратки цитати од познатите мудри и успешни жени.rn

    „Ми се допаѓа тоа што сум мажена. Толку е прекрасно да ја најдеш таа посебна личност на која сакаш да ѝ одиш на нерви до крајот на твојот живот.“ – Рита Руднер, американска комичарка, писателка и актерка

    rnНема совршен брак ниту совршена врска. Постојат моменти кога другата личност ќе ви оди на нерви, а и вие неа, но тоа е во ред. Најбитното е што на крајот на денот може да заминете во нечии прегратки и да заборавите на сите грижи и проблеми.rnrn5 цитати со корисни совети од познатите мудри жениrnrn

    „Таа жена зборува 18 јазици, а не знае да каже ‘не’ на ниеден од нив.“ – Дороти Паркер, поетеса, писателка, критичарка, позната по своето мудро и сатирично изразување

    rnЕдна од најлошите особини која човек може да ја има е неспособноста да рече „не“. Работата е во тоа што никогаш не би успеале секому да удоволите, а од добар дел од луѓето нема да добиете повратна услуга кога ќе имате потреба. Научете да одречете, негирате или одбиете правење услуга.rnrn5 цитати со корисни совети од познатите мудри жениrnrnrn

    „Жената може да го промени мажот само додека тој е бебе.“ – Натали Вуд, американска актерка со руско потекло

    rnЛуѓето не се менуваат. Колку побрзо го сфатиме тоа, толку повеќе ќе се поштедиме од залудни обиди. На крајот на краиштата, зошто би биле во врска со некој кој сакате да го промените?rn

    „Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано обрати се на маж, ако сакаш нешто да биде направено обрати ѝ се на жена.“ – Маргарет Тачер, поранешен лидер на конзервативната партија и премиер на Британија; позната како челичната дама

    rnМаргарет Тачер е жена која засекогаш ќе остане запаметена. Својот авторитет во политиката го изгради врз моќта да биде доследна на своите ветувања и да ги исполнува своите обврски. Таа ги поттикнала жените да бидат мудри, снаодливи, грижливи и моќно да балансираат меѓу кариерата и семејството.rnrn5 цитати со корисни совети од познатите мудри жениrnrnrn

    „Не сакам да стигнам до крајот на животот и да откријам дека сум ја живеела само неговата должина. Сакам да го проживеам животот и во целата негова широчина.“ – Дајен Акерман, американска авторка и поетеса

    rnИма разлика меѓу преживување и живеење. Бидете слободни да го искусите животот на најубав начин и дајте го најдоброто од вас.