Опуштете се, смирете го умот и изберете еден од бродовите на сликата. Вашиот избор ќе ви открие што ве очекува во блиска иднина.rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Брод бр. 1″ active=”false”]Ќе имате можност брзо да ги решите проблемите кои сè уште ве мачат и кои се поврзани со финансиската состојба, работата и семејството. Не грижете се бидејќи набргу ќе најдете излез од моменталната тешка ситуација. Меѓу другото, со оглед на тоа дека ќе бидете на вистинското место во вистинското време, ќе откриете работи за себе што ќе ви овозможат да продолжите понатаму. Ќе ги отфрлите сите сомнежи, ќе си поставите јасни цели и ќе бидете во доминантна позиција.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Брод бр. 2″ active=”false”]Ќе наидете на нови можности благодарение на кои ќе ви биде полесно да направите избор. Тие можат да бидат поврзани со преселба, промена на работниот тим или на работното место. Ова е можност да избегате од она што не ви одговора и да пронајдете нешто што ќе ве мотивира за нови достигнувања. Освен тоа, можеби конфликтна ситуација може да придонесе за брзо решавање на вашиот проблем. Во секој случај, ве очекуваат промени кои ќе ве придвижат напред и ќе ги прошират вашите хоризонти нудејќи ви нови можности.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Брод бр. 3″ active=”false”]Вашите интереси кои можеби се поврзани со семејни или лични работи ќе бидат заштитени. Освен тоа, сплетот на околностите ќе ви оди во прилог ако ги искористите сопствените вештини и почнете да го исполнувате она што го сакате. Некои од вас ќе имаат можност да го решат станбеното прашање. Некои, пак, ќе ги бранат сопствените права и интереси. Меѓу другото, ќе имате можност да одлучите за одредена ситуација во ваша корист. Бидете мудри.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете дали вашата желба ќе се оствари или не.rnrnИзвор: atma.hr
Tag: можности
-

Тест: Изберете брод и откријте какви можности ве очекуваат во блиска иднина!
-

Месечен кинески хороскоп за март 2022 година: Доаѓаат нови предизвици!
Кои знаци ќе наидат на нови можности, а кои треба да бидат претпазливи? Прочитајте во продолжение!rnrn
rnСтаорец (1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)
rnОвој месец ви претстојат неколку предизвици во поглед на вашиот однос со другите. Ќе наидете на проблеми и на канцеларија и дома. Иако се работи за навидум безначајни проблеми, сепак ќе морате да ги решите навремено. Не дозволувајте да ви го расипат расположението. Доволно е да размислите со трезвен ум кој е најдобриот начин да ги решите.rn
Вол (1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009)
rnБидете подготвени да се соочите со опаѓање на расположението. Понекогаш, ќе се јават моменти во кои ќе се чувствувате безволно и празно поради начинот на кој се одвива вашиот живот. Покрај тоа, можат да се јават непредвидени трошоци. Сепак, можете да се справите со сите промени. Пробајте да ја преиспитате вашата насока во животот и прифатете го сето она што ќе дојде. На тој начин ќе научите како да напредувате.rn
Тигар (1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)
rnМарт ќе ви донесе напредок во кариерата. Конечно ќе ги утврдите вашите цели, а откако ќе го направите тоа, ќе ви биде полесно да се стремите кон нив. Сепак, не занемарувајте го вашето здравје – можни се помали респираторни заболувања. Подобро е да се спречи отколку да се лечи, па затоа внимавајте на исхраната и психофизичкото здравје.rn
Зајак (1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011)
rnЗа вас, март ќе биде месец на промени, особено во поглед на вашата работа. Ќе се соочите со нешто ново и непознато што ќе ви биде голем предизвик. Доволно е да го прифатите предизвикот со позитивни мисли и да го претворите во можност за учење и развој. Тргнете кон иднината смело и насмеано!rn
Змеј (1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012)
rnВашата мотивација ќе опадне овој месец. Погрижете се да не заостанете зад другите така што ќе си направите распоред на работните обврски и, доколку е потребно, ќе побарате помош од колегите. Искористете го слободното време да се дружите со пријателите и семејството кои ќе ви бидат голема поддршка во овој период.rn
Змија (1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013)
rnКонечно ќе ја добиете поддршката која ја баравте досега. Не плашете се да воспоставите нови познанства, одново поврзете се со старите и искористете го моментот кога ќе се појави можноста. Поставете си цел, но и план како да ја реализирате. Ќе сфатите дека кога имате јасна идеја, многу поголема е веројатноста да ја добиете поддршката од другите.rn
Коњ (1918, 1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014)
rnОвој месец ќе се зголеми тензијата на работа. Внимавајте да не ја носите вашата фрустрација дома бидејќи тоа може да го наруши односот со вашите најблиски. Од друга страна, доколку сè уште не сте во врска, можеби ќе ја сретнете вашата сродна душа токму во овој период. Доколку сте во брак, односите и нема да бидат многу хармонични, но тоа е само поради моменталниот стрес на работа.rn
Коза (1919, 1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015)
rnМарт ќе биде одличен месец за вас. Очекувајте поволни промени во поглед на личните односи, богатството и кариерата, особено доколку претходно сте имале проблеми со нив. Позитивниот начин на размислување ќе ви донесе многу нови можности. Покажете добра волја кон оние со кои сте се расправале порано и можеби ќе откриете дека тие чекале можност да се помират со вас.rn
Мајмун (1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016)
rnОва е месец кога треба да бидете претпазливи бидејќи постои ризик од несреќи или проблеми со законот. Од друга страна, за да не дојде до евентуални проблеми со здравјето, фокусирајте се на здрави навики и здрава исхрана. Ќе сфатите дека тоа поволно ќе се одрази врз вашето целокупно здравје.rn
Петел (1921, 1933, 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017)
rnМарт ќе ви биде прилично проблематичен период особено во поглед на вашиот однос со другите. Постои голема можност за несогласување со членовите на вашето семејство. На работа пак, ќе се појават поединци кои ќе се обидат да влијаат врз вашата положба. Не паѓајте на нивно ниво. Доволно е да одговорите со скромност и позитивност на нивните ниски обиди.rn
Куче (1922, 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018)
rnМарт ќе ви биде еден од највозбудливите месеци во текот на оваа година. Ќе наидете на многу можности за професионален напредок и нови познанства. Останете посветени докрај на вашите цели. Сепак, понекогаш пред да кажете „да“ проценете дали таа можност навистина вреди за да го вложите вашето драгоцено време.rn
Свиња (1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019)
rnОвој месец посветете го на личен раст и исцелување. Одвојте време за самоанализа, а тоа ќе ви помогне одново да ја најдете страста и мотивацијата. Бидете нежни, но решителни во поглед на одлуката засекогаш да им ставите крај на лошите искуства од минатото. Ставете се себеси на прво место и обидете се да уживате во животот.rnrnОткако го прочитавте месечниот кинески хороскоп за март, можеби ќе сакате да го прочитате и големиот кинески хороскоп за 2022 година.rnrnИзвор: tatlerasia.com
-

Меркур во Водолија до 25 јануари: Какви можности ќе ни донесе?
Почнувајќи од 2 јануари, Меркур е во знакот Водолија каде ќе остане сè до 25 јануари кога ќе тргне во ретроградно движење во знакот Јарец. Пред да почне неговото ретроградно движење, Меркур ќе ни донесе шанси за светла иднина!rnrn
rnrnСпоред астролозите, оваа необична положба на планетата на комуникацијата ќе ни го „наруши“ секојдневието, но на позитивен начин. Можно е да стекнеме некои нови сознанија кои ќе ни помогнат да гледаме на животот од поинаков агол. Астролозите предвидуваат дека во следниот период најчесто ќе размислуваме за тоа како да ја направиме нашата иднина подобра, посветла и попозитивна.rnrnВо овој период, исто така, разумот ќе ги надвладее емоциите, па така некои ситуации на кои порано сме им пристапувале со нагласени емоции, сега можеме да ги гледаме од порационална страна. Ова може да одигра значајна улога во процесот на донесување одлуки бидејќи ќе ги гледаме луѓето и ситуациите онакви какви што се.rnrnНегативната страна се состои во тоа што честопати ќе ги игнорираме туѓите емоции. Да не заборавиме дека емпатијата е еден од најважните елементи кога станува збор за комуникација.rnrnНа полето на кариерата, периодот на транзитот на Меркур во Водолија ќе се покаже како поволен бидејќи ќе имаме храброст да ги претставиме нашите идеи на реален и рационален начин. Во деновите што доаѓаат, можно е да го исфрлите она што мислите дека повеќе не функционира и да им оставите простор на одредени иновации кои можат да ја унапредат вашата кариера.rnrnДруга важна работа е дека нема да ги занемарите вашите потреби и дека ќе си пружите одмор и релаксација секогаш кога ви се потребни.rnНе бегајте од дискусија бидејќи вашите мислења за различни теми ќе бидат силно поткрепени со факти и ќе уживате во долгите разговори со колегите. Добро ќе се снајдете во каква било ситуација, макар и во онаа која бара прилагодување. Ќе работите брзо и фокусирано, ќе ви се зголеми способноста за набљудување и ништо нема да пропуштите. Најуспешни ќе бидат оние луѓе родени во знакот Бик, Лав и Скорпија.rnrnЌе ги оставите настрана претпоставките за другите, па така ќе ви биде полесно да се поврзете со која било личност, дури и ако е сосема различна од вас. Најмногу од сè, ќе сакате да бидете во друштво на необични луѓе кои ќе ви помогнат да ги проширите познанствата и хоризонтите.rnrnОбидете се да ја искористите оваа енергија и за подобрување на финансиската состојба. Не оптоварувајте се со мислите и желбите на другите, туку фокусирајте се на себе и вашите потенцијали.rnrnОткако прочитавте какви можности нè очекуваат во следниот период, можеби ќе сакате да го прочитате и годишниот хороскоп за 2022 година во поглед на работата и кариерата.rnrnИзвор: atma.hr -

Цитати кои ќе ве мотивираат да не ги пропуштите можностите за успех
Понекогаш во животот има моменти кога се чувствувате обесхрабрени и сте доведени во искушение да се откажете. Во таквите мигови тешко е да се издржи докрај, иако можностите за успех се чини дека ни се многу блиску. Во продолжение прочитајте ги цитатите што ги одбравме за вас, а имаат за цел да ве мотивираат за да ги надминете сите пречки што ќе ви се појават.rnrn
rn„Претворете ги вашите пречки во можности, а вашите проблеми во перспективи.“ – Рој Т. Бенет
rn
„Мудриот човек ќе создаде повеќе можности отколку што навидум постојат.“ – Френсис Бејкон
rn
„Често ги пропуштаме можностите затоа што ни оддаваат впечаток на премногу работа.“ – Томас А. Едисон
rn
„Неуспехот е само можност поинтелигентно да започнете одново.“ – Хенри Форд
rn
„Кога работите не одат како што сакате, запомнете дека секој предизвик, секоја неволја, содржи можности за ваш личен развој.“ – Рој Т. Бенет
rn
„Наградата за добро завршената работа е можноста да се направи повеќе.“ – Џонас Салк
rn
„Можноста не чука, таа се појавува кога ќе ја срушите вратата.“ – Кајл Чендлер
rn
„Секој ден е нова можност. Можете да го надградите вчерашниот успех или да ги оставите сопствените неуспеси зад себе и да започнете одново. Таков е животот со секој нов ден, а таков е и бејзболот.“ – Боб Фелер
rn
„Можностите се како изгрејсонце. Ако чекате премногу долго, ќе ги пропуштите.“ – Вилијам Артур Вард
rn
„Не дозволувајте пропуштените можности од минатото да се мешаат во можностите пред вас.“ – Рајан Робинс
rn
„Успехот е таму каде што се спојуваат подготовката и можностите.“ – Боби Унсер
rn
„Не чекајте извонредни можности. Искористете ги обичните прилики и направете ги одлични. Слабите по карактер ги чекаат можностите, а силните пак, ги создаваат.“ – Орисон Свет Марден
rn
„Ретко можев да видам можност додека таа не престана да биде тоа.“ – Марк Твен
rn
„Премногу луѓе мислат на сигурност отколку на можност. Изгледа дека повеќе се плашат од животот отколку од смртта.“ – Џејмс Ф. Бирнс
rn
„Тешко е да се препознае можноста, а ние вообичаено чекаме да нè мами со звучни сигнали и билборди.“ – Вилијам Артур Вад
rn
„Можноста не го губи своето време со оние кои не се подготвени.“ – Идоу Којеникан
rn
„Ако некој ви понуди неверојатна можност, но не сте сигурни дека можете да го направите тоа, кажете „да“, а потоа ќе научите што треба да направите!“ – Ричард Бренсон
rn
„Сè што е негативно, сиот притисок, сите предизвици – сето тоа е можност за мене да се издигнам.“ – Коби Брајант
rn
„Тајната на успехот е да бидете подготвени кога ќе ви се укаже можноста.“ – Бенџамин Дизраели
rnДоколку ви се допаднаа овие цитати, ви препорачуваме да прочитате и 10 цитати што ќе ве инспирираат да го пронајдете успехот што ви значи.rnrnИзвор: yourtango.com
-

Месечен кинески хороскоп за ноември 2021: Период на нови можности
Според кинескиот хороскоп, ноември е период кога ќе бидат достигнати многу цели. Ноември е и месец кога многу тајни ќе бидат откриени. На љубовно поле можат да се појават романтични искри и да прераснат во љубовна врска. Обидете се да ги избегнете недоразбирањата и не однесувајте се импулсивно при носењето одлуки. Погледнете во продолжение што ви предвидува кинескиот хороскоп за следниот период.rnrn
rnСтаорец (1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)
rnВо ноември ве очекуваат убави патувања, а некои од нив можат да ви донесат корист и на професионален план. Сè е во ред на полето на финансии, дури и можете да сметате на наклонетоста и помошта на вашите пријатели и семејство. На крајот на месецот очекувајте поволен пресврт на полето на кариерата. Во овој период во вас ќе се разбуди страст за одредени вештини кои ќе ве поттурнат на патот кон успехот.rn
Вол (1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009)
rnВо ноември ќе бидете преоптоварени со работни обврски кои можат да го нарушат вашето здравје па затоа обидете се да ја намалите изложеноста на стрес. Ако останале некои нерешени прашања од минатото, време е да се соочите со нив. Од друга страна, ќе имате можност да покажете колку сте навистина вредни и способни.rn
Тигар (1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)
rnВас ве очекува занимлив период! Постои можност да запознаете интересна личност во ноември. Кон крајот на месецот добрите околности ќе направат да ви се исполни желбата, а тоа само по себе значи дека ќе бидете радосни и среќни. Иако понекогаш ќе бидете доведени во ситуација да ги браните своите интереси, сепак не се откажувајте од своите ставови и одете докрај.rn
Зајак (1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011)
rnНа почетокот на месецот треба да направите пауза од работата и да се одморите, како и да посветите повеќе внимание на вашето здравје. Кога ќе се чувствувате подготвени, можете да направите чекор напред и да постигнете резултат со кој ќе се гордеете! Во текот на ноември, ненадеен пресврт на судбината ќе ви даде можност да ги исполните вашите желби. Очекувајте и зголемување на вашите приходи овој период.rn
Змеј (1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012)
rnПочетокот на месецот ќе ви биде прилично исполнет затоа што ќе сакате да почнете да се бавите со нешто ново, на пример некој спорт или пак ќе патувате некаде. Ќе дејствувате храбро и одлучно во постигнувањето на вашите цели затоа што верувате во себе дека можете. Ќе бидете доста самоуверени во моментот кога ќе треба да ги браните вашите интереси. Има можност да запознаете интересна личност.rn
Змија (1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013)
rnВо ноември не е препорачливо да реагирате непромислено во комуникацијата со другите, па затоа покажете малку мудрост! Дури и ако нешто не оди, не грижете се. Очигледно е дека старите методи веќе не функционираат, па затоа користете нови и поиновативни начини за да постигнете резултати. Ќе бидете полни со енергија, храброст и самодоверба. Сепак, не ги занемарувајте тестовите и испитите и запомнете дека треба добро да се подготвите за да ги положите.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
-

3 хороскопски знаци што ќе имаат незаборавно лето
Рускиот астролог Павел Глоба открива што нè чека ова лето, а еве кои 3 хороскопски знаци ќе имаат незаборавно лето:rnrn
rnrnЗа луѓето родени во хороскопскиот знак Риби, време е да ги претворат своите соништа во реалност. Ако се појави можност, искористете ја вашата шанса и не одложувајте го успехот.rnrnНа почетокот на јуни, среќата ќе им се насмевне на луѓето родени во хороскопскиот знак Рак. Ќе им се случи промена на лично ниво – можно е да започнат љубовна врска. Ќе има затишје на работа, но и во семејството.rnrnПрипадниците на хороскопскиот знак Девица ќе имаат прекрасно лето од финансиска гледна точка. Можеби некој пријател ќе им помогне. Јуни е месец во кој Девиците ќе дојдат до израз.rnrnПрочитајте кои 3 хороскопски знаци ги очекуваат многу среќа и успех во јуни. -

2 работи што треба да ги направите за време на ретроградниот Марс и 3 работи што треба да ги избегнувате
Ретроградното движење на Марс започна на 9 септември и ќе трае до 13 ноември, па во следниот период може да бидете исфрустрирани, нетрпеливи и исцрпени, но ќе имате можност да ги преиспитате вашите цели и страсти. Ако се придржувате до овие совети, можете максимално да го искористите овој тежок транзит.rnrn
rnПронајдете конструктивни начини да ја изразите лутината
rnЗа време на ретроградниот Марс, може да бидете исфрустрирани и потиснатиот гнев да исплива на површината. Длабокото дишење ќе ви помогне да го задржите чувството на мир. Секојдневното вежбање или водењето дневник може да ви помогнат да одржувате рамнотежа во вашиот живот за време на ретроградниот Марс.rn
Искористете ја енергијата на Венера – планетата на љубовта
rnРетроградниот Марс може да ги намали вашето либидо и тоа може да предизвика огромно оптоварување на романтичните врски. Најдете начин да внесете возбуда во љубовниот живот и потрудете се да бидете романтични.rn
Не преминувајте ги физичките граници
rnПотрудете се да не се изморувате премногу бидејќи во овој период постојат големи шанси за повреди, несреќи или општа исцрпеност. Важно е да се движите и да бидете хидрирани. Слушајте го своето тело за време на овој транзит, не преземајте физички ризици и водете сметка за безбедноста, за здравјето и за имунитетот.rn
Не реагирајте импулсивно и не ризикувајте
rnЗа време на ретроградниот Марс ќе се чувствувате како да не можете да се движите напред или да напредувате. Ова ретроградно движење е во хороскопскиот знак Овен, што е управуван од Марс, па ќе се чувствувате уште понетрпеливи. И покрај тоа што ќе чувствувате голем притисок да донесете брзи одлуки, обидете се да се справите со нагонот за импулсивно реагирање. Одвојте време да размислите што е најдобро за вас, а не за другите. Искористете ја енергијата на ретроградниот Марс за да созреете, дури и ако промената може да биде болна.rn
Не започнувајте нови проекти
rnЗа време на ретроградниот Марс, ќе се чувствувате помалку амбициозни од вообичаеното и целата страст што ја чувствувавте за нашите цели може да испари. Искористете го овој период за повторно да се поврзете со вашите вистински цели, наместо да смислувате нови. Ова не е период за започнување нови проекти. Темелите треба да се градат на силна основа, а земјата е премногу непостојана за време на ова ретроградно движење.rnrnПрочитајте кои 4 хороскопски знаци ќе бидат најмногу погодени од ретроградниот Марс.
-

Хороскоп: За кои работи што сте ги правеле во 20-тите години ќе се каете подоцна во животот?
Секој човек во животот се кае за нешто и тоа е сосема во ред. Каењето е чудно чувство и обично се однесува на работите што не сте ги направиле, на можностите што сте ги пропуштиле или на зборовите што сте ги кажале или што не сте ги кажале. Во продолжение астрологијата ви открива за што ќе се каете подоцна во животот, па ако не сакате да жалите за пропуштените можности, треба веднаш да започнете со промените.rnrn
rnОвен
rnВие сте горди на вашата кариера. Работите со часови и ги завршувате сите обврски. Но, еден ден ќе се каете што поминувате толку многу време работејќи и што не одвојувавте доволно време за одмор. Ќе жалите за работите што не ги ставивте на вашиот список со желби. Не оставајте ги вашите соништа за подоцна. Живејте ги сега додека сè уште можете.rn
Бик
rnЌе се каете што сте потрошиле толку многу време на погрешни луѓе и што сте останале во токсична врска без љубов. Ќе се каете што сте се труделе да ги одржувате токсичните пријателства само затоа што сте имале многу заеднички работи. Во иднина, ќе жалите што вашите стандарди некогаш биле толку многу ниски и што сте дозволиле да ве третираат многу полошо отколку што заслужувате.rn
Близнаци
rnЌе се каете што сте правеле практични работи наместо она што навистина сте сакале да го направите. Ќе се каете што сте го избрале она што другите луѓе ве натерале да го изберете наместо да го изберете она што ќе ве направи најсреќни. Ќе се каете што сте тргнале по патот по којшто требало, а не по оној по којшто сакавте да одите.rn
Рак
rnПремногу сте фокусирани на љубовта. Го поминувате целото време во потрага по личноста што е совршена за вас, а ако веќе сте ја нашле, го поминувате целото ваше време со неа. Но, мора да бидете внимателни да не создадете премногу растојание помеѓу вас и вашите пријатели. Сигурно не сакате да ги изгубите пријателите и подоцна да жалите за тоа.rn
Лав
rnЌе се каете за лошото однесување кон себе. Ќе се каете за емоциите што ги чувавте во себе и што никогаш не зборувавте за тоа што ве мачи, дури ни со вашиот најдобар пријател. Ќе се каете за долгото страдање во тишина, без да дозволите некој друг да знае што ви се случува.rn
Девица
rnЌе се каете што сте потрошиле толку многу време во размислување што кажала некоја личност и што мисли таа за вас. Ќе се каете што постојано им се навраќате на некои непријатни моменти што ви се вртат во главата. Ќе се каете што се нервиравте за многу непотребни работи затоа што кога ќе бидете постари ќе сфатите дека единственото мислење што некогаш било важно е вашето.rn
Вага
rnЌе се каете за сите планови што не ги реализиравте и за сите пропуштени моменти само затоа што имавте изговор дека сте премногу зафатени. Ќе жалите за сите пропуштени забави само затоа што имавте работа. Ќе се каете што останавте во удобната зона и што одбивавте да излезете и да создадете спомени што ќе траат цел живот.rn
Скорпија
rnЌе се каете за начинот на кој се однесувавте кон родителите и ќе се каете што не поминавте повеќе време со нив додека живеевте заедно. Ќе жалите за пропуштените семејни вечери и за отсуството од роденденот на вашите братучеди. Ќе се каете бидејќи сте се оддалечиле од луѓето со коишто сте пораснале.rn
Стрелец
rnВие поминувате премногу време играјќи и не посветувате доволно време на работата. Можеби имате доволно пари за да преживеете во моментов, но никогаш нема да ја работите работата од соништата, освен ако не започнете да вложувате повеќе труд. Треба да почнете да се трудите многу повеќе уште денес. Ако ги пропуштите вашите соништа затоа што ги одолговлекувавте работите, еден ден многу ќе жалите за тоа.rn
Јарец
rnЌе жалите што го сфативте животот толку сериозно. Ќе се каете бидејќи брзавте да пораснете и ги потрошивте најубавите години. Добро е што веќе се однесувате како одговорна и возрасна личност, но понекогаш треба и да се опуштите. Најдете време за забава и за одмор.rn
Водолија
rnЌе се каете што бевте многу мрзливи кога требаше да се грижите за себе. Дури и ако сте задоволни со изгледот на вашето тело, треба да вежбате. Дури и ако сте задоволни со вашето лице, треба да го негувате. Колку подобро ќе се грижите за себе во 20-тите години, толку подобро ќе се чувствувате во 30-тите.rn
Риби
rnЌе се каете за работите што не сте ги направиле, за одморот со пријателите што го одбивте, за тетоважата што не ја направивте, за тоа што не ја поканивте на состанок личноста што ви се допаѓаше. Ќе се каете за стравот што го чувствувавте и за сите пропуштени можности.rnrnПрочитајте за што треба секој хороскопски знак да почне да вложува повеќе труд.
-

Најсреќниот ден во 2020 година за секој хороскопски знак
Со доаѓањето на новата година доаѓаат и нови можности во сите области од вашиот живот, од пари и кариера до љубов. Земете календар и пенкало затоа што секој хороскопски знак ќе има еден навистина среќен ден во 2020 година, а вие не сакате да го пропуштите токму својот најсреќен ден.rnrn
rnrnСледната година ќе биде многу добра за многумина, но еден знак ќе биде најсреќен од сите останати. Ако сте родени во хороскопскиот знак Јарец, подгответе се за одлична година. Сепак, тоа не значи дека Јарците ќе ја имаат целата среќа. Погледнете кој ќе биде вашиот најсреќен ден во 2020 година.rnОвен: 1 октомври
rnМарс и Венера, двете планети што владеат со вашиот љубовен живот, ќе го направат 1 октомври емоционален ден. Кога станува збор за љубовта, за романтиката и за забавата, на овој ден ќе летаат искри. Ако сте родени во овој хороскопски знак, ставете го фокусот на сите видови нови почетоци. Искористете го овој ден максимално бидејќи нема да имате уште еден таков ден.rn
Бик: 8 март
rnБез разлика дали барате среќа во љубовта или во кариерата, 8 март ќе биде неверојатен ден за вас. На овој ден патувајте или испробајте нови искуства. Ако постојат места што сте сакале да ги посетите, резервирајте патување токму за таа недела.rnrnНа овој ден може да се појави изненадувачки нов извор на приходи. Ако некој ви понуди да направите нешто што е малку повеќе авангардно, овој ден ќе биде одличен за да го започнете тоа. И покрај тоа што мразите изненадувања и сметате дека промените се непријатни, време е да се навикнете на тоа, бидејќи Уран ќе биде во вашиот знак следните седум години.rn
Близнаци: 7 август
rnОвој ден ќе биде одличен ден за вас во однос на парите и на кариерата. Материјалниот свет започнува да биде во вашиот фокус, а вашите вредности излегуваат на површина и ќе можете да се справите со енергијата на парите. Ако имате проект што сакате да го реализирате, ова е одличен ден за да започнете со тоа. Овој успешен период ќе ви помогне да влезете во улогата на моќен креатор и ќе бидете горди што ќе имате можност да ги покажете резултатите од работата што сте ја сработиле. Вашиот ум веќе е прилично остар, но на овој ден ќе биде уште постар и ќе бидете во можност да се изразите на таков начин што ќе ви помогне да ги манифестирате своите желби.rn
Рак: 14 декември
rnМожеби за вашиот среќен ден ќе треба да почекате до крајот на годината, но ќе вреди да се чека. На овој ден ќе ги зацврстите вашите односи и тогаш ќе започне вашиот период на романтика и забава. Исто така, можеби ќе добиете понуда за ново работно место или ќе започнете нова велнес-рутина што ќе ви помогне да се чувствувате навистина добро.rn
Лав: 6 септември
rnАко барате љубов, бидете подготвени да ја пронајдете на 6 септември. На овој ден ќе бидете толку привлечни што ќе направите другите многу лесно да се вљубат во вашата аура. Ќе зрачите со убавина и со самодоверба, а луѓето ќе гравитираат околу вас. Ова е одличен ден за да закажете прв состанок или да излезете и да сретнете некој во текот на денот. Првиот впечаток е многу важен, а впечатокот што ќе го оставите вие ќе биде толку силен што ќе направи да влезете во љубовна врска што ќе трае засекогаш.rn
Девица: 25 август
rnАко вашата кариера има потреба од малку поттик, 25 август ќе биде среќен ден за вас. Ова е одлично време за какви било проекти поврзани со пишување, со уредување и со објавување. Исто така, на овој ден можете да побарате и покачување на платата. Не плашете се да го побарате тоа што го сакате и тоа што го заслужувате, дури и ако сметате дека тоа нема да биде во ваша корист. Следната година ќе ви понуди многу иновации, па затоа погрижете се да го искористите максимумот од тие можности.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
-

Астролозите откриваат кои хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2020 година
На крајот од 2019 година Јупитер ќе влезе во знакот на Јарец и ќе донесе многу промени, а дотогаш Плутон и Сатурн веќе ќе бидат влезени во овој знак. Тоа значи дека во 2020 година три планети ќе бидат во овој земјен знак и следната година ќе донесе многу промени. Притоа, овие три хороскопски знаци ќе бидат особено среќни затоа што во 2020 година ги очекуваат многу можности и предизвици.rnrn
rn1. Јарец
rnБлагодарение на Јупитер, личностите родени во овој хороскопски знак ќе имаат многу среќа во 2020 година. Овие личности ќе ги следи неверојатна мотивација и ќе имаат многу можности. Јарците ќе бидат среќни затоа што 2020 година ќе биде нивна година. Одлучноста и упорноста ќе им донесат напредок на овие личности уште во првите месеци од следната година.rn
2. Девица
rnСледната година ќе биде полна со успеси и за Девиците. Личностите родени во овој хороскопски знак ќе имаат среќа во сите области од животот: во кариерата, во љубовта, во семејство и во кругот на пријателите. Овие личности можат да очекуваат возбудлива и ветувачка година, а кога станува збор за финансиите, изгледите за зголемување на приходите се многу големи. Сепак, треба внимателно да размислите пред да направите големи инвестиции, но вие ќе „намирисате“ кога да го направите тоа. Едноставно, доаѓа време кога треба да ја искористите својата среќа.rn
3. Бик
rnЛичностите родени во хороскопскиот знак Бик можат многу да се радуваат. Тие се меѓу трите најсреќни хороскопски знаци и го завршуваат среќното земјено трио. Следната година, овие личности можеби ќе доживеат нешто неочекувано, но тоа нема да биде ништо лошо. Промените ќе им донесат среќа на личностите родени во овој хороскопски знак и тие ќе можат да ги искористат новите можности за да се развиваат во добра насока. На љубовен план, овие личности ќе се чувствуваат особено добро и сите Бикови што не се во постојана врска ќе се вљубат и ќе уживаат во врската.rnrnПогледнете за кои 6 хороскопски знаци почнува најдобриот период затоа што нив следните 5 години ќе ги следи среќа.