Морските полжави без школка не се суштества за кои некој би рекол дека можат да видат неодоливи, но овој необичен вид од Јапонија го смени мислењето на целиот свет. Тие не само што се слатки, туку изгледаат и како мали крзнени зајчиња. Необичните мали полжави имаат зајачки уши кои всушност се еден вид сензори за вкус кои им помагаат да ги детектираат хемикалиите во водата и да го најдат својот пат низ океанското дно. Тие можат да се најдат од Индискиот океан, па сè до Филипините и Јапонија.rnrn
rnrn
Tag: морски животни
-

Морски зајчиња: Сите полудеа по овие неодоливи водни полжави без школка
-

Досега невидена убавина на бавниот морски живот
Направена од 150.000 индивидуални фотографии, тајмлапсот „Бавниот живот“ од Даниел Ступин е едно од најневеројатните видеа кои некогаш сте ги погледнале.rnrn
rn„Бавните морски животни го покажуваат својот таен живот кога се набљудувани на микроскопско ниво. Коралите и сунѓерите се неверојатно подвижни суштества, но нивното движење може да се забележи само со тајмлапс технологијата, бидејќи се движат на различни временски скали од нашите. За да го направам ова кратко видео, ми беа потребни 150.000 снимки. Зошто толку многу? Бидејќи макро-фотографијата вклучува многу плитко поле на длабочина. За да го зголемам, јас употребував собирање на фокусот. Секоја рамка од видеото е всушност еден куп кој се состои од 3-12 снимки каде што се споени областите во фокусот. Само воведот и последната сцена се снимки во вистинско време. За една рамка се потребни околу 10-тина минути процесирање,“ вели Ступин.
rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Необични октоподи кои се бакнуваат
Научниците откриле ретка раса октоподи кои досега не биле достапни за окото на јавноста. За разлика од другите веќе познати октоподи, кај кои женките имаат лоша навика да ги јадат своите партнери за време на сексот, „Големите пацифички пругасти октоподи“ за време на парењето ги спојуваат своите клунести носови и усни, притискајќи се еден со друг во интимна прегратка.
Ова прекрасно животно исто така може и да ја смени својата боја, од темно црвена до црно-бели линии и точки во зависност од местото каде што живее. Овој океански жител е достапен за набљудување во Академијата за науки во Калифорнија, Сан Франциско.rnrn„Возбуден сум дека посетителите на Академијата ќе можат да го видат ова фасцинантно животно одблизу, во аквариум, каде што ќе можат да ја забележат целата негова убавина, уникатните техники на парење и социјалните навики кои ги има во општеството на главоногите,“ изјави Ричард Рос, биолог во Академијата на Науки.
rnОвој октопод бил првпат откриен во 1991 година, но повеќе од една декада бил целосно заборавен. Видот е толку нов, што сè уште нема име. За разлика од другите видови октоподи, женките преживуваат многу години по положувањето на јајцата, наместо да починат веднаш по првото размножување. И покрај тоа што научниците сè уште не знаат многу за условите во кои овие животни живеат, се верува дека тие се дел од големи групи од по 40-тина октоподи од истиот вид.

rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Интересни факти за впечатливите морски ѕвезди
Морските ѕвезди (asteroideа), всушност не се риби – туку сосема различен и посебен вид. Нивната должина може да биде од 5 до 20 сантиметри со тежина од 0,1 до 6 килограми. Морските ѕвезди се најпрепознатливи по своите „раце“ кои се протегаат од центарот на нивните симетрични тела. И покрај тоа што најпознатиот вид е петокраката, можат да се сретнат и морски ѕвезди со по 40 до 50 „краци“. Тие немаат мозок, ниту пак крв, но како замена за нив имаат филтрирана морска вода.rnrn

rnrnМожат да се најдат повеќе од 2.000 видови морски ѕвезди низ светот. Некои преферираат потопла вода, додека пак други повеќе ги сакаат ниските температури, дел од нив живеат во плиткото покрај бреговите, а останатите живеат во најдлабоките делови на океанот. Тие полека се движат на дното на океанот со помош на многу „нозе“ во форма на тубички кои се наоѓаат на долниот дел од нивното тело. Исто така имаат и „чашки“ со способност за вшмукување со чија помош стојат цврсто на дното.rnrn
rnrnДиетата на морските ѕвезди се содржи од остриги и школки. Тие имаат 2 стомака кои им помагаат со исхраната. Мал дел од нив можат да ловат со „рацете“ така што ги отвораат школките и откако ќе завршат, нивниот стомак излегува низ нивната „уста“ влегува во отворената школка и ја вари храната пред да се врати во сопственото тело.rnrn
rnrnМорските ѕвезди имаат неколку начини на справување со предатори. Некои од нив продуцираат силни и интензивни бои со кои или се камуфлираат или го плашат противникот. Нивната ковчеста кожа со калциум исто така им помага во одбрана од заканите на морското дно. Во случај кога тие при напад ќе изгубат една или повеќе „раце“ за многу брзо време им растат нови, додека пак изгубениот „крак“ може да се регенерира во сосема нова морска ѕвезда. Ова е можно бидејќи поголемиот број на нивните витални органи се наоѓаат во нивните „раце.“rnrn
rnrnОвој неверојатен вид има и извонредна способност да си го смени својот пол доколку сака. Женските морски ѕвезди испуштаат до 2.000.000 (во просек околу 1.000.000) јајца во океанот кои чекаат да бидат оплодени од машките. По оплодување настануваат ларви кои околу 3 недели си пливаат наоколу. Потоа наоѓаат некое побезбедно место и се метаморфозираат во најчестата форма на морска ѕвезда.rnrn
rnrnПокрај нивните фасцинантни способности и уникатен начин на живот кој се издвојува од другите живи форми на Земјата, тие се најпрепознатливи по впечатливите бои во кои можат да бидат забележани. Погледнете ги и останатите фотографии од оваа неверојатна колекција за морските ѕвезди…rnrn






rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

10 неверојатни фотографии од животни скриени под Арктичкиот мраз
Има илјадници животни кои егзистираат под големите слоеви мраз на Арктикот. Некои од нив изгледаат многу чудно и морничаво, што дури може да се поистоветат со вонземски суштества. Други се микроскопски, односно не се видливи со голо око. Едно е сигурно, какви и да се, живеат многу далеку од нас, во прилично сурови животни средини, па освен на фотографија не можеме да ги видиме на друг начин.rnrnНационалната агенција за океански и атмосферски истражувања направи експедиција во Канадскиот базен, собирајќи информации за промените на глобалната клима и се врати со следниве фотографии:rn.rn
1. Crossota
rn
Оваа брилијантна мала медуза целиот свој живот го поминува како воден планктон.

rnrn
2. Eusirus holmii
rn
Овој вид спаѓа во групата на раковидни животни без оклоп и е најден на 2.000 метри длабочина, како и под површината на мразот.

rnrn
3. Hymenodora glacialis
rn
Овие убавици се единствените пеларгични морски ракчиња кои живеат во Канадскиот базен.

rnrn
4. Copoped
rn
Овој машки вид раковидно животинче (copepod=нозе во форма на лопатка) е познат по својата екстра долга опашка и големите антени. Машките видови немаат голем животен век.

rnrn
5. Морска ѕвезда
rn
Прекрасна морска ѕвезда извадена од дното на морето. Тие се клучни видови и имаат огромен ефект врз околината и екологијата. Секако ќе ја споменеме и нивната способност за регенерација.

rnrn
6. Amphipod (раковидни животни)
rn
Ова е сè уште непознат вид ракче кое е фатено на 1.000 метри длабочина.

rnrn
7. Мекотелци
rn
Овие школки-бивалвии потекнуваат од дното на океанот, а можат да се извадат со помош на дупчалките кои бушат директно во дното на океанот.

rnrn
8. Cione
rn
Овој вид спаѓа во групата на морски мекотелци и се нарекува морска пеперутка. Опстојува на површината на водата.

rnrn
9. Larvacean
rn
На оваа фотографија е прикажан непознат вид од редот на туникати (мантиести животни), кои претставуваат планктонски видови.

rnrn
10. Aulococtena
rnОвие видови живеат на длабочина 350-1.000 метри и се со големина и боја на портокал. Имаат и две лигави пипци кои се забележуваат на сликата.
rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Неверојатниот морски свет во Големиот корален гребен
Големиот корален гребен е најголемиот морски гребен во светот, познат по својата природна убавина, однадвор и однатре. Гребенот, кој претставува огромна атракција за туристите од сите делови на светот е едно од Седумте природни светски чуда. Тој е лоциран во Коралното море, на брегот во Квинсленд, во северно-источна Австралија.
Тој всушност претставува комбинација од над 2.900 посебни корални гребени и 900 острови, се протега на површина од 344.400 квадратни километри, а е долг над 2.900 километри. Тој е поголем од Кинескиот ѕид и може да се види од вселената. Гребенот е најголемата постоечка структура составена од живи организми. Се смета дека во него има 350-400 видови корали, милијарди малечки организми, познати како корални полипи и разнообразни други морски животинки.
Во 1975 година владата оформила тело кое се вика Морскиот парк на Големиот корален гребен (GBRMPA), кој оттогаш па наваму, го ограничува туризмот, риболовот и пловењето од страна на посетителите, сè со цел да се сочува и заштити гребенот. Други видови штета кои можат да му се случат на Големиот корален гребен се преливање на водата, побелување на коралите како резултат на климатските промени и цикличното труење на морските грабливци од страна на морските ѕвезди т.н. Круна од трње, кои шират отров.
Овој гребен е многу популарна дестинација за туристите, особено за оние кои доаѓаат од островите Витсандеј и градот Кернс. Туризмот е важна економска активност, од која земјата заработува 1 милијарда долари годишно.











Доколку сакате повеќе да се информирате за ова неверојатно чудо на природата, погледнете го видеото.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn





