Откако Ејва Кларк се родила, нејзините родители веднаш забележале дека има нешто различно кај неа. Нејзините очи биле сино-зелени, усните силно розови, а кожата светла. Дури и косата која полека почнувала да ѝ расте била руса. Сè ова било толку необично затоа што нејзините биолошки родители се Афро-американци со кафеави очи. Но, токму поради нејзиниот прекрасен и уникатен изглед, таа брзо почнала да ги привлекува очите на модните агенции.rnrnrnrnДенес Кларк има 8 години и веќе зад себе има долга кариера како модел. Нејзиниот уникатен изглед е резултат на албинизам, генетско нарушување кое се манифестира преку недостаток на пигмент во кожата, очите и косата. Албинизмот може да се појави кај сите раси, и покрај тоа што создава проблеми со видот и претерана чувствителност на сонцето, не претставува никаков проблем за здравјето на личноста.rnrnКларк поминала низ голем број генетски тестирања и испитувања на нејзините очи уште како бебе, но и покрај тоа што докторите рекле дека брзо ќе ослепи, таа им пркоси на шансите. По 4-годишна возраст видот на Ејва престанал да се влошува и денес има можност да оди во обично училиште и да носи обични очила. Но, за разлика од другите деца на нејзина возраст, таа не мора да биде потсетувана да ги носи.rnrnrnrnИ покрај тоа што таа работела со големи модни компании, животот не е лесен за луѓето со албинизам. Многу често ова нарушување подлегнува на различни стигми, па оние кои го поседуваат се исмејувани за нивниот необичен изглед – особено за „црвените очи“ – мит кој потекнува од фактот дека блесокот од апаратите понекогаш ги прават нивните светло зелени, сини или сиви очи да делуваат црвено на фотографиите.rnrnОвие проблеми стануваат уште полоши во Африка, каде што може да биде и опасно по живот. Тоа не е бидејќи албинизмот е фатален, туку затоа што луѓето кои го поседуваат се често ловени, киднапирани и убивани. Во местата како Малави или Танзанија, се верува дека деловите на телото на овие луѓе се магични, па се користат за правење лековити напивки. Луѓето во овие држави живеат во страв дека ќе бидат киднапирани и распарчени, а потоа нивните екстремитети и органи продадени на вештерски доктори.rnrnrnrnДодека ги гледате фотографиите на Ејва Кларк, ќе ви биде многу тешко да си поверувате дека некој би сакал да ја повреди или кој било како неа. Ако ја тргнеме на страна нејзината убавина, лесно може да се забележи дека таа знае како да ја заведе камерата. И оние кои ја познаваат лично велат дека нејзиниот карактер е подеднакво опоен. Да се биде толку млад, толку прекрасен и однатре и однадвор, додека се надминуваат сите оние негативни прогнози и долготрајни социјални стигми е нешто на што сите ние беспрекорно се воодушевуваме.rnrnrnrn
Филип Дима е толкувач на правото кој никогаш не посакал да ја примени својата струка во праксата и наместо тоа одлучил да се занимава со бизнис и рекламирање. Пред 3 месеци одлучил да ја порасне својата брада само затоа што мислел дека ќе биде забавно, но не и неуредно, меѓутоа на луѓето многу им се допаднал неговиот нов изглед.rnrnrnrnТака, помислил, зошто да не се обиде како модел. Започнал да внимава на начинот на облекување и сфатил дека можеби сепак може да направи нешто интересно. Почнал да стапува во контакт со разни модни агенции и неговата кариера започнала. Тогаш веќе наполнил 60 години.rnrnrnrnФилип ја обожава својата работа и црпи голема инспирација и задоволство од неа. Вели, што би можело друго човек да посака? Посакува во иднина да соработува со големите интернационални компании како Шанел или Диор. Сите имаме соништа, па така и Филип и можеби токму оваа негова популарност на социјалните мрежи ќе го однесе чекор понапред во нивното остварување.rnrn
Сигурни сме дека никогаш не сте ни помислиле дека нешто вакво ви е потребно. Доколку некогаш во вашиот скут се наоѓале мало куче или маче, тогаш знаете колку многу тие понекогаш сакаат да се гушкаат. И да, најверојатно и вие уживате во нивното топло и меко присуство, но на сите одвреме-навреме им се потребни рацете, а овие мали крзнени топчиња често обожаваат да ги преокупираат.rnrnrnrnЗа среќа, постои дуксер кој е специјално дизајниран да му овозможи на вашето милениче простор за гушкање, додека истовремено вашите раце се целосно слободни. Ако ова не ви изгледа како најудобното нешто досега измислено, тогаш без сомнение не сте личност која сака домашни животни.rnrnrnrnШто се однесува до моделот, на капата се наоѓаат мали ушиња, а на ракавите отпечатоци од шепи кои што ќе предизвикаат да изгледате неодоливо додека се галите со вашето крзнено пријателче. Вие дури можете и да ги носите вашите мали куче или маче како кенгур, каде и да одите. Постои и видео кое го покажува овој модел во акција и е едноставно неодоливо! Погледнете…rnrn
Пролетта, а наскоро и летото, се одлично време за носење бермуди и тексас шорцеви. Тие може да се комбинираат на најразлични начини, но исто така остануваат главен тренд од сезона во сезона. Но сепак, дали знаевте дека секој модел одговара на посебен тип градба на тело? Ако не сте знаеле досега, тогаш задолжително прочитајте го овој водич и одредете кои се идеалните за вас.rnrnrn
1. Тело со облик на јаболка
rnДоколку имате заоблени рамена и силни нозе, за вас се идеални бермудите со исечени рабови. Тие ќе го формираат вашето тело на вистинскиот начин. Само водете сметка да изберете благо широк модел, а не премногу тесен.rnrnrn
2. Ниска и ситна градба
rnНа ниските и ситни жени најдобро им стојат бели бермуди со подвиен раб, бидејќи прават нозете да им изгледаат многу подолги. Тие лесно се вклопуваат со разни стилови, а исто така би требало да бидат и тесни.rnrnrn
3. Подолго торзо
rnБермудите со подвиткан раб кои се благо искинати ќе го привлечат вниманието кон нозете и ќе го скратат предолгото торзо. Ако се одлучите за сандали со каиши ќе го постигнете баш оној посакуван ефект, односно целата ваша фигура ќе изгледа сјајно.rnrnrn
4. Висока и слаба градба
rnИмате идеална градба за бермуди и тоа за оние до колена. Носете што потесни модели, без разлика дали станува збор за искинати или регуларни фармерки.rnrnrn
5. Атлетска граба на телото
rnВашето затегнато тело, особено нозете, сигурни сме дека ќе сакате да ги покажувате со гордост, па би било добро да изберете пократки модели со превиткан раб. На тој начин ќе го насочите вниманието кон вашите мускули кои нема да поминат незабележани.rnrnrn
6. Поголемо стомаче
rnАко имате стомаче кое сакате да го прикриете, а обожавате кратки модели на блузи, тогаш идеално е да облечете бермуди со висок струк и тоа што пошироки. Доколку се искинати на крајот, тогаш сè останато ќе изгледа одлично на вас.rnrnrn
7. Долги нозе, кратко торзо
rnДоколку спаѓате помеѓу среќниците со долги нозе, класичните модели на бермуди со хоризонтални или вертикални шари ќе направат вашите нозе да изгледаат потполно неодоливо.rnrnrn
8. Долги нозе, долго торзо
rnПокажете ја вашата манекенска градба со помош на кратките бермуди. Искинатиот и избледен тексас ќе го привлече целото внимание кон вашите долги и витки нозе. Доколку на горниот дел носите блејзер, тогаш ќе изгледате навистина одлично.rnrnrn
9. Тело со облик на круша
rnДоколку вашите колкови се посилни од останатите делови, кратките бермуди од кои излегуваат џебовите се идеалното решение. Искинатите или подвитканите бермуди ќе дадат илузија дека вашите нозе се подолги, а џебовите ќе го оттргнат вниманието од вашите колкови. Доколку вклопите и кошула, исто така ќе го оттргнете вниманието од вашите колкови на тенката половина.rnrnrn
10. Витка градба со мали облини
rnВие одлично можете да експериментирате кога се во прашање моделите и должината на бермудите. Изберете ги оние со необичен принт за да ги истакнете вашите облини.rnrnrn
11. Тело со облик на песочен часовник
rnБидејќи вашиот струк е премногу тесен, а колковите широки, изберете искинати фармерки кој ќе го насочат вниманието на вашиот најдобар дел од телото. Нека блузата биде вклопена, на тој начин што каишот ќе се гледа, а секако вашите нозе нека бидат во прв план. Можеби ќе треба некои бермуди да ги исечете, а некои да ги порабите. Најважно е во секој момент да го истакнете она што е најубаво на вас.rnrn
Британскиот модел со „плус големина“, Оливија Кемпбел, која истовремено е и самохрана мајка, се ослободи од својот емотивен товар и се соблече по долна облека за време на интервју за проектот „Што лежи под површината“ – документарец во кој жените се соголуваат емотивно и физички пред камера.rnrnrn
„Според мене, нема ништо лошо во тоа да се биде подебел“, вели Кемпбел во нејзиното разголено интервју кое на моменти е исполнето со солзи. „Јас сум дебела. Јас навистина сум дебела“, вели Оливија додека ги покажува своите бутови и го соблекува палтото како да сака да докаже нешто. „Тоа е само една обична описна придавка.“
rnНо, Кемпбел не се чувствувала отсекогаш толку удобно во своја кожа.rn
„Со години тоа беше најлошото нешто што некој можеше да ми го каже“, вели таа потсетувајќи се на периодот кога имала 11 години и момчето во кое била вљубена ја нарекувало бафало.
rnrnrnТаа го напуштила училиштето кога имала 15 години за да се заштити од сексуалното и емотивното малтретирање од страна на нејзините соученици. За Кемпбел, тоа бил најтешкиот период од нејзиниот живот бидејќи и нејзината мајка и нејзината маќеа истовремено дознале дека се болни од рак. Оваа несреќа ја поттикнала да си постави цел во животот, да се избори со депресијата и конечно да се прифати себеси онаква каква што е.rn
„Тие луѓе не допираат до мене сега“, вели таа додека емоциите почнуваат да ја надвладуваат. „Но, јас плачев и плачев со години и со години мислев дека сум безвредна и бескорисна. Зборовите се моќни, многу моќни, исто како делата.“
rnrnrnСега гордо вооружена со висока самодоверба, овој модел нема воопшто намера да ослаби за да се вклопи во рамките на општествените стандарди за убавина.rn
„Веројатно би можела да го променам телото ако вежбам 13 часа на ден и јадам целер“, вели таа додека полека почнува да се соблекува. „Но, јас имам живот, јас сум мајка, имам попаметни работи за правење.“
rnСега Кемпбел го прифаќа она што го гледа во огледало, а што порано го одбегнувала.rn
„Поминувам гола покрај огледало, и си помислувам, браво!“
rnКемпбел го завршува интервјуто со зборовите:rn
„Јас уживам во моето тело, и уживам во моето лудило“.
rnПогледнете го неверојатното видео кое целосно ќе ви ја смени перспективата кон вашето тело…rnrn
6-годишниот модел Гавин живее во Калифорнија и полека го освојува модниот свет. Можеби е тешко да се поверува, но малиот трендсетер сам ги избира сите комбинации и се облекува како што тој сака, додека мајка му ги одржува сите социјални платформи каде Гавин има свој профил. Неговиот омилен социјален медиум е Инстаграм и на него има неверојатни 210.000 следачи.rnrnrnrnТука, тој објавува фотографии од најразлични модни комбинации и воодушевува со својот стил. Погледнете дел од неговите фотографии и добро запомнете ги, бидејќи едно е сигурно: Кога ќе порасне, Гавин ќе биде на насловните страници на сите светски модни списанија.rnrn
Запознајте го Пол Мејсон, модерниот Дедо Мраз. Мејсон, кој работи како модел веќе 30 години, изгледа како послаба и помлада верзија од класичниот Дедо Мраз кој сите го знаеме. Пол моментално може да го најдете во трговскиот центар Јоркдејл во Торонто, Канада, каде се фотографира со бројните посетители. За секое селфи со згодниот Дедо Мраз, кое ќе се објави на социјалните мрежи со наслов #YorkdaleFashionSanta, трговскиот центар ќе донира по 1 долар на фондацијата за помош на болните деца SickKids.rnrnrn
„Тоа е една модернизирана верзија на типичните фотографии со Дедо Мраз. Правам толку многу фотографии поради мојот профил и брадата, па ми изгледаше како логичен чекор“ – вели Мејсон.
rnШто мислат децата за него? Според канадската ѕвезда, тој се обидува да стои подалеку од децата во трговскиот центар за да не го помешаат со традиционалниот Дедо Мраз.rn
Одмаздата на интернет моделот Есена Онил против социјалните мрежи е моќна. Кога станува збор за Инстаграм славни, постојат малку модели кои заработувале повеќе од оваа 18-годишна девојка од Австралија. Нејзиниот профил кој вклучува комбинација од пејзажи и фотографии од неа покрај водопади, достигнал скоро 580.000 следачи. Таа исто така имала и 260.000 претплатници на Јутјуб и 60.000 на Снепчет.rnrnСè тоа се случувало пред нејзиниот слом, кој резултирал со бришење на повеќе од 2.000 фотографии и неактивност на Јутјуб и Снепчет со цел да ја открие реалноста зад работата како модел на социјалните мрежи. Таа ги модификувала објавите на фотографиите кои ги оставила на Инстаграм со цел да открие низ што поминувала за нејзините фотографии да изгледаат толку совршени, а сепак спонтани.rnrnНЕ Е ВИСТИНСКИ ЖИВОТ – Направив над 100 фотографии во слични позиции додека да го направам мојот стомак да изгледа добро. Скоро и да не јадев тој ден. Постојано ѝ викав на мојата помала сестра да продолжи да ме фотографира сè додека не налетав на фотографија на која донекаде бев горда.rnrnНЕ Е ВИСТИНСКИ ЖИВОТ – Не платив за овој фустан, направив безброј фотографии за да се обидам да изгледам жешко за Инстаграм, формалното ме направи да се чувствувам исклучително осамено.rnrnТука имав акни, ова е многу шминка. Се смеев бидејќи мислев дека изгледам добро. Среќата базирана врз естетика ќе го загуши вашиот потенцијал тука на Земјата.rnrnБев платена 400 долари за да објавам фотографија со фустан. Тоа беше кога имав можеби 150.000 следачи. Со половина милион следачи, многу онлајн брендови (со голем буџет) плаќаат и до 2.000 долари за објава. Нема ништо лошо во тоа да прифатите договор со бренд. Само сакам да се знае што се случува. Оваа фотографија нема основа, не е од етички производител (во тоа време не бев образована). Сакам да кажам дека СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ НЕ СЕ ВИСТИНСКИ. Бидете внимателни за она што луѓето го промовираат и запрашајте се што се нивните намери зад фотографијата.rnrnНЕ Е ВИСТИНСКИ ЖИВОТ – Ме платија за да ги промовирам и фармерките и маичката.rnrnПРОМЕНА НА ВИСТИНСКИОТ КЕПШН: Платив за оваа фотографија. Ако забележите дека ги гледате „Инстаграм девојките“ и дека посакувате вашиот живот да е таков… Сфатете дека вие го гледате само она кое тие сакаат да го видите. Ако спомнат компанија, постојат 99% шанса дека тие ги платиле да го направат тоа. Нема ништо лошо во поддршката на оние брендови кои ги сакате (на пример, јас гордо би промовирала еколошки чаршафи или веганско јадење во замена за пари бидејќи тоа е бизнис со цел за мене). Но, ова нема цел. Нема цел во лажната насмевка, малите облеки и плаќањето да изгледате убаво. Ние сме генерација на која ѝ се кажува да консумира и консумира, без размислување од каде доаѓа сè тоа и кон што води.rnrnЕдинственото нешто што направи да се чувствувам добро тој ден беше оваа фотографија. Колку длабоко депресивно. Имањето добро тело не е сè за што ние луѓето сме способни.rnrn🐬 Уште една фотографија која е направена со цел да го промовира моето 16-годишно тело. Ова беше целиот мој идентитет. Тоа ограничуваше. Ме направи неверојатно несигурна. Немате идеја.rnrnСите овие промени во објавите се одвиваат паралелно со појавата на нејзиниот нов веб-сајт „Let’s Be Game Changers“ кој досега се состои од лични блог постови, информации, форум и серија влогови против светот на моделите кои ви даваат точна слика за она што се случува во нејзиниот ум додека таа агресивно си оди од кариерата која успешно ја изградила.rnrnПоследното видео кое го објавила на сајтот е ова видео каде што таа го објаснува бизнисот на социјалните мрежи, како е да се работи како модел и што требало да се промени за таа да дојде до момент кога сметала дека откажувањето е единственото нешто што таа може да го направи за својата добросостојба.rnrn
Во своите доцни 20-ти, поголемиот дел од жените воопшто не размислуваат за кариера во светот на модата. Тие уште помалку помислуваат на тоа кога се во 50-тите години од својот живот. Но, оваа 59-годишна баба, Јасмина Роси, ги руши сите стандарди за убавина. Таа е успешен модел која соработува со огромен број познати интернационални брендови. Роси била родена во Франција, во 1955 година, но она што сите сакаат да го знаат е како таа го задржала својот релативно младолик изглед и добро здравје.rnrnrn
„Не постои голема тајна“, вели таа. „Отсекогаш сум јадела органска храна, дури и пред таа да стане тренд. Нанесувам маслиново масло на мојата кожа и си правам редовно пилинг од маслиново масло и шеќер. Ставам масло од семе од репка на мојата коса. Јадам авокадо секој ден и органско месо и риба.“
rnИ покрај нејзините години, таа изгледа неверојатно. Погледнете…rnrnrnrn
Кони-Роуз Сиборн, 23-месечно девојче со Даунов синдром кое живее во Велика Британија, постојано добивала пофалби за нејзината прекрасна насмевка од страна на пријателките на нејзината мајка. Откако ја советувале да се обиде да стапи во контакт со модна агенција, нејзината мајка решила да проба. Набрзо потоа Кони добила 2 договори и станала популарен детски модел.rnrnrn
„Кога разговарав со агенциите за нејзината дијагноза, тие воопшто не го сфатија тоа како нешто негативно“, вели Џули, нејзината мајка. „Таа апсолутно го сака ова. Ги следи насоките многу добро и многу се забавува пред камерите.“
rnКони била родена 2 месеци порано и била дијагностицирана со Даунов синдром кога имала само 2 недели.rnrnrn
„Ние имаме пријатели со деца кои исто така имаат Даунов синдром и тие имаат само позитивни искуства со нив. Таа за нас беше исто како и секое друго мало бебе кое има потреба да биде сакано.“