КАФЕ ПАУЗА

Tag: мјузикл

  • ТВ серија: Галавант (Galavant)

    ТВ серија: Галавант (Galavant)

    ТВ серија за принцот Галавант кој сака да му се одмазди на кралот кој ја украл неговата вистинска љубов

    rnТВ серија: Галавант (Galavant)Главни улоги: Џошуа Сас, Тимоти Омундсон, Вини Џоунс, Мелори Јансен, Керен ДејвидrnrnЖанр: комедија, мјузиклrnrnКреатори: Ден ФоглманrnrnПремиера: 4 јануари 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 22 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnДоколку сте љубители на мјузикли и сакате да се навратите малку во времето на принцовите на бели коњи, дамите во опасност и злобните кралеви, тогаш оваа ТВ серија би била одличен начин за исполнување на вашето слободно време. Приказната е лесна и певлива, па токму тоа ќе го одмори вашиот мозок од секојдневните проблеми и целосно ќе ве опушти. Всушност, дури и да не сте големи љубители на мјузикли, урнебесната тематика и забавните песни кои веднаш се „заробуваат“ во вашите уши ќе направат инстантно да ги засакате главните ликови.rnrnТВ серија: Галавант (Galavant) ТВ серија: Галавант (Galavant)rnrnСтанува збор за принцот Галавант (Џошуа Сас), кој бил познат по своето херојство. Тој еден ден толку многу се заљубил, што едноставно не можел да си го замисли својот живот без прекрасната Маделејна (Мелори Јансен). Но, злобниот крал Ричард (Тимоти Омундсон) ја киднапирал девојката, ја заробил во својот замок и почнал да ја подготвува да биде негова жена, кралица. Бестрашниот Галавант ќе тргне во мисија да ја врати својата љубов, ќе ги надмине сите препреки, подготвен дури и да го изгуби својот живот за неа, но таа ќе го одбере кралот и животот во раскош, а со тоа и ќе му забоде нож во срцето на добриот принц.rnrnТВ серија: Галавант (Galavant) ТВ серија: Галавант (Galavant)rnrnТој нема да може да ја преболи одлуката на Маделејна, па токму затоа ќе се затвори во својот дом, каде што времето ќе го поминува пиејќи и спиејќи. Ова негово однесување ќе трае долго време и никој нема да може да влијае врз неговата депресија. Но, работите одеднаш ќе тргнат во спротивна насока, кога принцезата Изабела (Керен Дејвид) ќе ја побара неговата помош. На кратко, следува типична клише бајка, со многу хумор, музика и забава која нема да ве остави рамнодушни.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • ТВ серија: Нешвил (Nashville)

    ТВ серија: Нешвил (Nashville)

    Кога музиката ти е животот и ќе направиш сè за да се издигнеш кон врвот, но и да останеш таму ако некогаш одамна си успеалrnrnТВ серија: Нешвил (Nashville)Главни улоги: Кони Бритон, Хајден Панетиер, Клер Боуен, Чарлс Естен, Џонатан ЏексонrnrnЖанр: драма, мјузиклrnrnКреатор: Кели Кури (Телма и Луиз)rnrnПремиера: 10 октомври 2012rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnНешвил е центарот на музичката индустрија, каде што големите успеале, а ентузијастите одат да живеат за да ја испитаат својата шанса за пробив. Една од главните ѕвезди е Рејна Џејмс  (Кони Бритон) – позната кантри пеачка која ја држи сцената повеќе од 20 години. Од друга страна, младата публика ѝ е наклонета на младата Џулиет Барнс (Хајден Панетиер), која очајно сака да се пробие како вистинска пеачка. Нив две ги поврзува музичката куќа со која соработуваат, но и главниот гитарист на бендот на Рејна – Дикон (Чарлс Естен), кого Џулиет сака да го земе со себе на претстојната турнеја. Тие меѓусебно не се почитуваат, па и не се сакаат, но судбината некако им ги спојува патиштата, сакале тие или не.ТВ серија: Нешвил (Nashville)ТВ серија: Нешвил (Nashville)Во овој град сите пеат, пишуваат и продуцираат музика. Музиката е главната тема на која протагонистите разговараат и главната причина поради која понекогаш се караат, но често стануваат среќни. ТВ серија: Нешвил (Nashville)Паралелно се прикажуваат животните приказни на уште неколку ликови кои го движат дејството. Скарлет (Клер Боуен) е атрактивна скромна девојка која се преселила во Нешвил за да биде со нејзиното момче Ејвери (Џонатан Џексон) кого бескрајно го сака. Тој пак се обидува да успее со неговиот бенд, кој иако има редовни вечерни свирки, тежнее да се пробие на голема врата и да потпише за голема издавачка куќа. За жал, наспроти безрезервната, дури глупава љубов на Скарлет кон Ејвери, тој се чини повеќе го сака успехот во музиката, отколку неа. Но, таа го има колегата од кафулето Ганер (Сем Паладио), со кого пак случајно ќе почне да твори музика и на тој начин, да се пробива на својот пат кон успехот.ТВ серија: Нешвил (Nashville)Во серијата ги гледаме и животите на семејството на Рејна, две деца и сопруг, кој пак со поддршката на нејзиниот татко (кого таа не го сака баш многу) се кандидира за градоначалник на претстојните избори. Семејството на нејзината неомилена колешка Џулиет пак, се состои само од нејзината мајка која е зависник од дрога и веројатно главна причина што Џулиет е таква каква што е – секогаш весела на сцената, но тажна, скршена и осамена кога никому не треба да му прикаже широка насмевка. ТВ серија: Нешвил (Nashville)Ако се мислите дали да почнете да ја гледате серијата и веднаш ве одбиваат зборовите „кантри“ и „мјузикл“, еве обид да ве премислиме. Дефинитивно треба да сакате музика за да можете да ја гледате серијава, но кој не сака музика?! Исто така, и покрај тоа што „Нешвил“ изгледа како обид за промоција на кантри музиката, тука всушност има и многу добри стихови и мелодии кои не само што ќе ви го разложат срцето на парчиња кои искрат, туку и ќе ве натераат да ги побарате песните на Јутјуб и да ги слушате одново и одново. За среќа, саундтракот е достапен за слушање, а ние правиме селекција на две песни, кои дефинитивно облеваат со морници и однадвор и однатре.rn

    rn

    rn

    Ленон и Мејси Стела кои ги знаеме како сестрите кои  пеат и „свират“ со кутии од маргарин

    rnДве причини плус да ја гледате оваа серија е фантастичната глума и добро изградените ликови, како и самата приказна која е во совршен баланс (а не потчинета на) со музичките сцени.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Музичка пародија на популaрната ТВ серија „Живи мртовци“

    Музичка пародија на популaрната ТВ серија „Живи мртовци“

    Во пародијата на Виџeј Назарет страшните зомбија знаат и да пеат и танцуваат. Откако ќе ја погледнете, ризикувате да ви се допаднат „живите мртовци“ и да го уништите страшниот ефект кој го носи 3-тата сезона на популарната ТВ серија. 🙂Музичка пародија на популaрната ТВ серија „Живи мртовци“rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фејсбук мјузикл

    Фејсбук мјузикл

    Слушнете ја приказната за Фејсбук и нејзиниот основач Марк Цукерберг, раскажана преку три и пол минутно, забавно и смешно музичко видео. Младите њуројчани од „CDZA“ подготвиле „Фејсбук мјузикл“ за поставувањето на „темелите“ на најголемата социјална мрежа и нејзиниот брз прогрес…Фејсбук мјузиклrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најпознатите сцени од незаборавни мјузикли

    Најпознатите сцени од незаборавни мјузикли

    Автор: Моника ТрајковскаrnrnМузичките сцени од мјузиклите имаат за цел да ја потенцираат и развијат приказната, да ни ги доближат карактерите, понекогаш да нè оттргнат од главното дејство, а неретко и да не насмеат. Несомнено, уживателите во мјузиклите знаат зошто го почитуваат овој филмски жанр. Спојот на музиката, танцувањето и развивањето на приказната, како и начинот на кој карактерите ни се обраќаат преку ТВ екраните, создава аудиовизуелна уметничка творба, која на умешен начин ги спојува филмот, музиката и театарот.Најпознатите сцени од незаборавни мјузиклиЕве 10 фантастични музички сцени кои се извадоци од некои незаборавни мјузикли:rn
    rn

    Волшебникот од Оз (The Wizard of Oz, 1939)

    rnБазиран на новелата за деца од 1900 година, главните улоги во филмот им припаѓаат на Џуди Гарланд, Реј Болгер, Џек Хејли, Берт Лар и Френк Морган. Во времето кога се појавил, бил познат по своите специјални ефекти, фантазијата на приказната и необичните карактери. Подоцна оваа приказна станува една од најпознатите во светот.rn

    rn.

    rn

    Пеејќи на дождот (Singin’ in the rain, 1952)

    rnОвој филм е комедија-мјузикл во кој учествуваат Џин Кели, Доналд О’Конор и Деби Рејнолдс. Се работи за комичен опис на Холивуд и го означува преминот од неми кон тонски филмови. И покрај тоа што не бил голем хит кога се појавил, добил легендарен статус од модерните критичари. Денес постојано е опишуван како еден од најдобрите мјузикли кои се некогаш направени. За оваа сцена се зборува дека Џин Кели бил премногу болен додека ја снимал и одбивал да ја прекине пред да ја заврши. Наводно успеал да ја сними совршено од прва, за да може да си оди побрзо.rn

    rn.

    rn

    Мажите повеќе сакаат блондинки (Gentelmen prefer blondes, 1953)

    rnВо овој мјузикл може да се сретнат неколку од најдобрите изведби на Мерлин Монро. Приказната е за девојка од Америка која патува во Париз за да настапува во ноќен клуб. Познатите песни „Bye, Bye Baby“ и „Diamonds are girl’s best friend“ за првпат се сретнуваат токму во овој мјузикл кој и до денешен ден е незаборавен хит.rn

    rn.

    rn

    Кралот и јас (The king and I, 1956)

    rn„Кралот и јас“ е мјузикл во кој настапуваат Дебора Кер и Јул Бринер како Ана и кралот од Сијам. Дејството се случува во деветнаесеттиот век и ја раскажува приказната на наставничка по англиски која требало да се грижи за децата на кралот. Најдобро познати сцени од овој мјузикл се „Getting to know you“, „Shall we dance“ и „I whistle a happy tune“.rn

    rn.

    rn

    Мери Попинс (Mary Poppins, 1964)

    rnВо овој мјузикл настапуваат Џули Ендрус и Дик Ван Дајк. И покрај тоа што филмот е во продукција на Дизни и се очекувало да биде добро прифатен, никој не ни претпоставил дека денес ќе биде еден од најголемите успеси во историјата на филмовите. Најдобрите музички сцени се „Jolly Holiday“, „Supercalifragilisticexpialidocious„ и секако „Step in time”.rn

    rn.

    rn

    Брилијантин (Grease, 1978)

    rnСо помош на Оливија Њутн Џон и Џон Траволта, овој филм е еден од најгледаните во светот. Се работи за животот во средните училишта во 50-те години во Америка, како и за љубовта помеѓу Дени Зуко и Сенди Олсон кои припаѓаат на различни групи на луѓе. Песните „You’re the One That I Want“ и „Summer Nights“ биле број 1 хитови во Велика Британија, а „Grease“ била број 1 во Америка.rn

    rn.

    rn

    Мулен Руж (Moulin Rouge, 2001)

    rnВо овој мјузикл настапуваат Никол Кидман и Ијан Мекгрегор. Се работи за Британски поет и писател кој се заљубува во неизлечливо болната ѕвезда на Мулен Руж, кабаре актерка и куртизана Сатин. Овој филм е еден од ретките каде што сите актери сами пеат. Незаборавни сцени се „Diamonds are girl’s best friend“ и „El tango de Roxanne“.rn

    rn.

    rn

    Чикаго (Chicago, 2002)

    rn„Чикаго“ е мјузикл во кој се обработуваат темите на славноста, скандалот и корупцијата во времето на џезот во градот Чикаго. Главните улоги ги имаат Рене Зелвегер (Рокси Харт), Ричард Гир (Били Флин) и Кетрин Зета Џонс (Велма Кели). Приказната е за две жени кои биле пратени во затвор за убиство. Велма е танчерка во ноќен клуб која ги убила маж ѝ и сестра ѝ кога ги фатила заедно во кревет, а Рокси го убила нејзиното момче зашто не успеал да ја направи славна. Овој филм има многу добри сцени, но се издвојуваат „The cell block tango“ и „All that jazz“.rn

    rn.

    rn

    Лак за коса (Hairspray, 2007)

    rnОвој мјузикл се однесува на една „пријатно пополничка“ тинејџерка Трејси Трнблад (Ники Блонски) која ја следи својата желба да биде танчерка на локалната телевизиска емисија која функционира малку расистички. Нејзината мајка ја глуми Џон Траволта, а останатите улоги им припаѓаат на Мишел Фајфер, Кристофер Волкен, Аманда Бајнс, Зек Ефрон, Квин Латифа и Британи Сноу. Најдобро познати сцени се „Ladies’ Choice“, „Welcome to the 60s“ и „You can’t stop the beat“.rn

    rn.

    rn

    Мама Миа! (Mamma Mia!, 2008)

    rnЕден од најгледаните модерни мјузикли, базиран според песните на многу познатата поп група АБА. Главната улога ја има Мерил Стрип која ја глуми самохрната мајка Дона Шеридан. Пирс Броснан, Колин Фирт и Стелан Скаршгорд ги глумат трите можни татковци на нејзината ќерка Софи која ја глуми Аманда Сејфрид. Приказната е за младата девојка Софи која треба да се венча и сака да си го пронајде таткото за да ја придружува до олтарот. Најнезаборавни сцени се „Voulez-Vous“, „Mamma Mia!“, „Super Trouper“, „Gimme! Gimme! Gimme! (A Man After Midnight)“ и „Dancing Queen“.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нови ТВ серии кои ќе ви го исполнат слободното време во 2012

    Нови ТВ серии кои ќе ви го исполнат слободното време во 2012

    Автор: Даниела РаденлиеваrnrnТВ сериите ни прават друштво во слободното време и иако ретко кој има многу часови на располагање во денот за да ги помине пред телевизорот, сепак миговите додека се релаксираме на овој начин ни причинуваат големо задоволство. Затоа ви нудиме 6 нови серии чии премиери ќе бидат во 2012 година и кои ќе ви годат со шолја кафе во секој дел од денот.Нови ТВ серии кои ќе ви го исполнат слободното време во 2012rn

    1. Куќа на лаги (House of Lies)

    rnНови ТВ серии кои ќе ви го исполнат слободното време во 2012Жанр: драма, комедијаrnЈазик: англискиrnПремиера: 8 јануари 2012 на ShowtimernГлавни улоги: Дон Чидл, Дон Оливиери и Кристен Бел, која веројатно ќе ви биде одлучувачки фактор за да почнете да ја гледате серијата, а ја знаете како озборувачката во најпопуларната тинејџерска серија „Gossip Girl“rnКратка содржина: Серијата следи група на менаџмент-консултанти кои ќе направат сè за да ја склучат бизнис зделката, без притоа да се двоумат дали и кого ќе искористат за да ја добијат информацијата која им е потребна на нивните клиенти.rnrnНаправена е според книгата на Мартин Кин: „Куќа на лаги: Како менаџмент-консултантите ќе ви го украдат часовникот, а потоа ќе ви кажат колку е часот”, па освен добра забава, ви нуди и можност да научите нешто во полето на бизнисот.rn


    rn

    2. Само си ги сакам назад моите панталони (I Just Want My Pants Back)

    rnНови ТВ серии кои ќе ви го исполнат слободното време во 2012Жанр: комедија, драмаrnЈазик: англискиrnПремиера: 2 февруари 2012 на MTVrnГлавни улоги: Питер Вeк, Елизабет Хауер, Џордан Карлос, Ким ШоrnКратка содржина: Растргнат помеѓу љубовта, пријателството, кариерата и сексот, дваесет и нешто годишниот Џексон трага низ животот, барајќи забава и само забава. Живее во Бруклин, а дружењето со пријателите, одењето по барови и фаќањето девојки ги става пред својата работа во кастинг-агенцијата во која има најниска функција. Сè се менува една ноќ, кога после секс-авантурата со една девојка, таа му ги краде омилените панталони, а притоа и срцето. Сега тој добива нова цел во животот, да ја пронајде неа.rn


    rn

    3. Алкатраз (Alcatraz)

    rnНови ТВ серии кои ќе ви го исполнат слободното време во 2012Жанр: драма, научна фантастика, мистеријаrnЈазик: англискиrnПремиера: 16 јануари 2012 на Fox TVrnГлавни улоги: Сара Џоунс, Џефри Пирс, Сем НилrnКратка содржина: Неочекуваното исчезнување на неколкумина затвореници и чувари од Алкатраз и ненадејното и мистериозно враќање во сегашноста е главен предмет на истрага на FBI-агентите кои се во потрага по вистината за исчезнувањето, како и за лицата кои стојат зад сето тоа.rn


    rn

    4. Добрите христијанки (Good Christian Belles)

    rnНови ТВ серии кои ќе ви го исполнат слободното време во 2012Жанр: драма, комедијаrnЈазик: англискиrnПремиера: 4 март 2012 на ABCrnГлавни улоги: Лесли Биб, Кристин Ченовет, Ени Потс, Џенифер Аспен
    rnКратка содржина: Серијата го следи животот на Аманда, која е неодамна разведена, мајка на две деца и сè уште позната по титулата „Кралица на кучките“ (Queen Bitch), која ù е дадена во средношколските денови. Таа се враќа во својата родна куќа, ги среќава соучениците кои ги задевала во средно училиште и се бори со однесувањето на својата мајка, која сè уште живее како во своите дваесетти години.rnrnНаправена е според книгата „Добрите христијански кучки” и ветува многу забава и многу драма.rn


    rn

    5. Измачување зад сцената (Smash)

    rnНови ТВ серии кои ќе ви го исполнат слободното време во 2012Жанр: мјузикл, драма, комедијаrnЈазик: англискиrnПремиера: 6 февруари 2012 на NBCrnГлавни улоги: Дебра Месинг, Брајан Дарси Џејмс, Кристијан БорлеrnКратка содржина: Драмата што ја гледаме на сцената не е ништо во споредба со онаа што се случува зад неа, додека траат подготовките за еден мјузикл. Група актери се собираат за да направат Бродвеј-мјузикл за животот на најпознатата блондинка Мерлин Монро, но тешкотиите, драмата како и личните проблеми им стојат на патот кон совршенството.rn


    rn

    6. Непишано право (Common Law)

    rnНови ТВ серии кои ќе ви го исполнат слободното време во 2012Жанр: драма, комедијаrnЈазик: англискиrnПремиера: за жал премиерата на оваа серија се одложи за во јуни оваа година, па ќе морате да почекате неколку месеци до нејзиното прикажување.rnГлавни улоги: Мајкл Ијали, Ворен Кол, Џек МекгиrnКратка содржина: Се работи за двајца партнери, детективи во одделот за убиства, кои буквално не можат да се поднесат меѓусебно. Заради постојаните расправии помеѓу нив, нивниот командир одлучува да ги прати кај терапевт за двојки, со надеж дека ќе си го подобрат односот. Серијата ветува комични ситуации исполнети со многу драма и акција.rn

    rnrnСе надеваме дека нашите предлози ќе ви се допаднат. Се обидовме да најдеме серии за сечиј вкус. Па, уживајте во слободните мигови од новата година.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку причини зошто да гледате „Glee“

    Неколку причини зошто да гледате „Glee“

    “Гли„ (Glee) е музичка ТВ серија која на малите екрани своето официјалното деби го имаше на 19 мај 2009 година. Таа е во продукција на „20th Century Fox Television“, а нејзината популарност ја докажува фактот дека првата сезона била гледана од над 10 милиони гледачи само во САД.Неколку причини зошто треба да ја гледате Тв серијата „Гли“Главни улоги: Лиа Мишел, Диана Агрон, Крис Колфер, Кори Монтих, Метју Морисон, Џејн Линч….rnЖанр: комедија, мјузикл, драмаrnВреметраење: 42 – 48 минутиrnНаша оценка: 7/10rn.rnrnrn

    Тинејџерската серија е приказна за вистинските вредности во животот, амбициите и желбите, подемите и падовите. Сатиричната приказна проследена со песна, ја издвојува оваа серија од класичните мјузикли, а пофалбите пристигнуваат токму на адреса на изборот на песните. Покрај стари незаборавни класици, во серијата се пеат песни кои моментално се актуелни и вртени по ТВ и радио станиците. Низ епизодите ќе наидете на песни од Мадона, Бијонсе, Кети Пери, Лејди Гага, Аврил Лавињ, Кели Кларксон, Џастин, Ашер, Јуту, Бон Џови и многу други славни и прочуени имиња на музичката сцена.rn.rnrnrn

    Одлично испеаните песни проследени со уште поинтересна кореографија, ќе ви покажат како да ги испеете вашите емоции, дури и ако не сте музички талентирани. Ако сè уште не сте почнале да ја гледате оваа серија, а сте решени да го сторите тоа, никако не се откажувајте после првата епизода, која ќе ви создаде чувство како да гледате уште еден тинејџерски мјузикл. Напротив, ова е серија која ве советува дека не треба да се откажувате од вашите соништа, затоа што никогаш не е премногу доцна за да го живеете вашиот животен сон. Таа ќе внесе оптимизам во вашите мисли и надежи и навистина ќе си поигрува со вашите емоции.Неколку причини зошто треба да ја гледате Тв серијата „Гли“Неколку причини зошто треба да ја гледате Тв серијата „Гли“Кратка содржина: Приказната се одвива во едно средно училиште во Охајо, каде што учителот по шпански јазик, го презема клубот „Гли“. Неговата цел е да ја врати старата слава на клубот, па така и покрај критиките и незгодите кои ќе му се случуваат, тој успева да ја подобри програмата и да натера дел од учениците да се приклучат, меѓу кои се и некои од познатите фудбалери и мажуретки во училиштето..Неколку причини зошто треба да ја гледате Тв серијата „Гли“Неколку причини зошто треба да ја гледате Тв серијата „Гли“Неколку причини зошто треба да ја гледате Тв серијата „Гли“