КАФЕ ПАУЗА

Tag: мит

  • Дали треба да си легнувате гладни доколку сакате да ослабите?

    Дали треба да си легнувате гладни доколку сакате да ослабите?

    Да си легнете гладни е мит во областа на диетите со кои сите сме се сретнале барем еднаш во животот. Токму затоа еден нутриционист од Австралија ни открива дали навистина не треба да јадете пред да си легнете и која храна треба да ја избегнувате доколку сакате да изгубите неколку вишок килограми.rnrnДали треба да си легнувате гладни доколку сакате да ослабите?rnrnДодека спиете, организмот непрекинато ви работи. Тој ги обновува и размножува своите клетки, ја обработува храната која сте ја консумирале и цела низа други биолошки нешта кои се неопходни за живот. Сите овие процеси бараат енергија, која организмот ја презема од храната која сте ја изеле во текот на денот и ноќта.rn

    „Доколку пред да спиете сте јаделе храна која е богата со „празни“ калории како сладоледот, тогаш нивото на шеќерот во крвта брзо ќе ви се зголеми, а добиената „енергија“ автоматски ќе се претвори во облик на масни перничиња,“ објаснува нутриционистот Тим Робардс.

    rnТокму затоа за мирен и квалитетен сон, подобро е доколку неколку часа пред легнување не јадете ништо, со цел варењето на храната да не ве одржува будни. Но, доколку јадете во времето пред легнување, тогаш одберете храна која е со ниско ниво на шеќер и јаглехидрати. На овој начин вие побрзо ќе zaспиете и помалку ќе се будите во текот на ноќта, но и истовремено брзо ќе ја намалите вашата телесна тежина. На кратко, не мора да легнувате гладни за да ослабите, само треба да внимавате што точно јадете пред спиење.

  • 10 урбани легенди од кои ќе ве полазат морници

    10 урбани легенди од кои ќе ве полазат морници

    Урбаната легенда се дефинира како модерна фолклорна форма која што можеби е вистинита, можеби не, и обично поседува хорор елементи на кои може да им се верува. Биле вистинити или не, следните 10 приказни содржат доволно застрашувачки делови за да ве полазат морници додека ги читате.rn

    Траги во снегот

    rnЕдна тинејџерка од САД останала сама дома со својата сестричка откако родителите заминале на вечера со пријатели. Гледале телевизија, по што помалата сестра отишла в кревет, а поголемата продолжила со следење на ТВ програмите. Набргу ѝ здодеало и отишла на големиот прозорец од дневната соба. Таму подолго време ја набљудувала идиличната слика додека надвор полека паѓа снег. Уживала сè додека во дворот не забележала маж којшто се движи кон прозорецот со нож в раце. Целата исплашена, го зела безжичниот телефон, се покрила со ќебе и повикала полиција. За среќа, имало патролно возило непосредно до нејзиниот дом. Полицијата почнала да го испитува теренот и забележала траги во снегот кои водат кон куќата, но не и такви кои водат надвор. Ситуацијата изгледала сосема нелогично сè додека не забележале мокри траги од стапала и на килимот во дневната соба. Натрапникот всушност цело време бил внатре, стоел зад девојката, а таа го видела неговиот одраз на стаклото од прозорецот.rnrn10 урбани легенди од кои ќе ве полазат морнициrn

    Морничаво откритие

    rnЕдна студентка ја поминувала ноќта во библиотека учејќи за испитите кои следувале наскоро. По некое време сфатила дека заборавила нешто во својата соба во студентскиот дом. Се вратила таму, а не сакајќи да ја разбуди својата цимерка го зела тоа што ѝ треба додека светлото било исклучено. Кога се вратила после учењето, го вклучила светлото, а на подот ја нашла својата цимерка со пресечено грло. На огледалото во бањата пишувало: „Зарем не ти е мило што не го вклучи светлото?“rnrn10 урбани легенди од кои ќе ве полазат морнициrn

    Несреќа со палтата

    rnЕдна пресреќна двојка од тазе родители го крстиле своето бебе во еден зимски ден. Потоа почнале да ги примаат гостите дома, а тие, како што пристигнувале ги оставале палтата на креветот во близина на дневната соба. Кога по некое време мајката сакала да го донесе изворот на својата голема радост кај гостите, тргнала накај неговото креветче и забележала дека врз него има многу палта. Бебето веќе било задушено.rnrn10 урбани легенди од кои ќе ве полазат морнициrn

    На бензинска пумпа

    rnЕдна девојка возела доцна во ноќта во пуст дел од САД со својот стар автомобил. Морала да наполни гориво и, баш како во филмовите, наишла на осамена бензинска пумпа во сред пустелија. Момчето кое работело на бензинската пумпа се приближило кон неа, таа му рекла колку гориво да наполни, а тој го сторил тоа. Но, за сето тоа време тој изгледал многу нервозно, а тоа ја плашело девојката. Кога завршил таа му дала банкнота од 20 долари, тој се загледал во неа и ѝ рекол дека е фалсификат. Девојката сега уште повеќе чувствувала дека нешто не е во ред со него. Тогаш тој побарал од неа да излезе од автомобилот и да оди внатре во бензинската со него затоа што треба да го пријави тоа. Кога конечно ја убедил да го стори тоа, тој ѝ објаснил дека не се работи за фалсификат, туку дека на задното седиште од нејзиниот автомобил се криел човек со качулка на главата.rnrn10 урбани легенди од кои ќе ве полазат морнициrn

    Натрапникот

    rnЖена ја поминувала ноќта сама во својот стан кога одеднаш некоја жена почнала да тропа на нејзината врата молејќи да ја пушти внатре. Кога прашала кој е тоа, другата жена рекла дека некој сака да ја повреди и дека мора да се засолни некаде. Кога жената која биле дома почнала да слуша повнимателно, забележала дека однадвор навистина доаѓа машки глас, но делувало како тој да води нормален муабет со жената. Жената се обидела да ѕирне низ шпиончето, но тоа било покриено со раката на натрапникот. Потоа ѕирнала низ прозорецот и таму навистина видела дека пред вратата стои жена облечена во црно, но за тоа време некој продолжил да бара да ѝ отвори со машки глас. Таа не отворила, па жената и кој и да бил надвор со неа, си отишле.rnrn10 урбани легенди од кои ќе ве полазат морнициrnrn

  • 5 најчести митови за губењето килограми

    5 најчести митови за губењето килограми

    Дали имате проблем во борбата со килограмите? Дали веќе долго време пробувате да ослабнете, но не ги постигнувате посакуваните резултати? Можеби сте поверувале во некој од митовите за губењето килограми кои ви го отежнуваат патот до целта. Ова се 5-те најчести митови за слабеењето.rn

    5 најчести митови за губењето килограми

    rnrn

    Мит #1: Не треба да се јаде по 18 часот

    rnСите сме чуле совети од типот не внесувај храна по шест или по осум часот навечер. Според тие совети, или подобро кажано, тој мит, јадењето по одредено време во денот предизвикува зголемување на килограмите. Овој мит е поправен од страна на многу експерти и нутриционисти, а една од нив е Елиса Зеид која тврди дека нема апсолутно никакви докази дека консумирањето храна по одреден временски период во текот на денот би водело до накачување на килограмите.rn

    Вистина

    rnАко чувствувате дека сте многу гладни доцна навечер тоа е показател дека не сте се хранеле доволно добро во текот на денот. Ако прескокнувате оброци голема е веројатноста дека ќе се прејадете за време на вечерата. Значи не е важно времето кога јадете туку гладувањето па прејадувањето е она што причинува зголемување на килограмите. Создадете навика да јадете приближно во исто време секој ден, не изгладнувајте. Со неконстантно внесување храна во организмот, не само што ќе имате проблем со контролата на килограмите туку и проблем со своето здравје.rn

    Мит #2: Треба да се избегнува буквално секаква храна која содржи јаглехидрати

    rnСпоред овој мит, оние кои сакаат да ги намалат килограмите не смеат да јадат апсолутно ништо што содржи јаглехидрати. Воопшто да не се внесува леб, тестенини или ориз. Но, која е вистината?rn

    Вистина

    rnЈаглехидратите се многу важни извори на енергија во организмот. Доколку целосно ги избегнувате, вие нема да имате енергија да вежбате и да бидете доволно физички активни. Јаглехидратите му се потребни на организмот, само што постојат „добри“ и „лоши“ јаглехидрати. Подобро да ги избегнувате преработените јаглехидрати како белиот леб, белите зрна и шеќери. Тие се рафинирани јаглехидрати и не содржат доволно хранливи состојки. Наместо тоа консумирајте пченичен леб, интегрални житарки, грав, кафеав шеќер…rn

    Мит #3: Со прескокнување оброци полесно ќе изгубите килограми

    rnМногумина веруваат дека со прескокнувањето оброци или со внесувањето сосема мала количина на храна колку да го поминат денот, ќе изгубат килограми.rn

    Вистина

    rnВистината е целосно спротивна. Прескокнувањето оброци ќе придонесе за покачување на вашата телесна тежина. Најважно од сè е да го започнете утрото со обилен појадок и во никој случај да не го прескокнете првиот оброк во текот на денот.rnrnЗошто ова тврдење е само мит? Доколку прескокнете некој оброк, ќе изедете повеќе во текот на наредниот. А дури и да умеете да се контролирате, вие сепак го навикнувате телото на режим на исхрана што ќе го забави вашиот метаболизам, а со тоа и согорувањето калории. Доколку вашето тело го навикнете да гладува, тоа ќе се научи да чува резерви на храна, а со тоа побавно ги согорува маснотиите и го забавува метаболизмот. Затоа баш обратно од очекувањата, кога ќе прескокнете некој оброк сепак ќе се чувствувате подуено.rn

    5 најчести митови за губењето килограми

    rnrn

    Мит #4: Вежбањето е единствен начин да ги намалите килограмите

    rnВежбате можеби и по 2 часа дневно, но сепак не ги намалувате килограмите?rn

    Вистина

    rnИ вежбањето и здравата исхрана се важни и би требало да се воспостави некаков баланс. Доколку вежбате напорно, но не внимавате на калориите и внесувате повеќе отколку што трошите, не очекувајте некои големи резултати. Вежбањето и физичката активност се важни за вашето здравје, но кога примарната цел ви е да изгубите килограми поради која било причина, треба многу да внимавате и на храната која ја внесувате додека трае вашиот режим на вежбање.rn

    Мит #5: Треба да се јаде исклучиво здрава храна

    rnВи кажуваат дека со цел да изгубите килограми мора да внесувате само здрава храна, овошје и зеленчук, и вие го правите тоа, но сепак не губите килограми. Која е причината?rn

    Вистина

    rnДа, важно е да се внесува здрава и свежа сезонска храна. Се препорачува консумирање овошје и зеленчук. Но во никој случај не значи дека тоа е единственото нешто што треба да го внесувате. Разновидноста во исхраната е многу важна. Вашата исхрана треба да содржи и протеини и „здрави“ јаглехидрати.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 3-те најголеми митови за романтичните врски

    3-те најголеми митови за романтичните врски

    Сказните кои ни ги читале како малечки наголемо придонеле за оформување на одредени митови поврзани со љубовта и врските. Истите тие сказни сè уште влијаат на нас. Дали и колку овие митови можат да нè спречат во формирањето на стабилна и реална љубовна врска?rnrnВистината е дека кога еднаш ќе се ослободиме од сите предрасуди и нереални очекувања од љубовните врски, ќе си дозволиме себеси да имаме реална конекција со одредена личност, врска со добри и лоши моменти, но пред сè заснована на вистина, а не на мит.rnrn3-те најголеми митови за романтичните врскиrn

    Мит #1: Верувањето дека партнерот е извор на нашата љубов

    rnВеруваме дека љубовта ја наоѓаме во другите кога всушност таа се наоѓа во секој од нас. Љубиме онолку колку што сме способни. Способноста да сакаме зависи од нас самите. Верувањето дека партнерот е извор на нашата љубов и дека постои само еден единствен човек кого би можеле вистински да го сакаме е мит. Нашата љубов не е ограничена и не е потрошен материјал. Можеме да сакаме, да престанеме да сакаме, па да се заљубиме во друга личност. Ограничувањата дека може да се сака само еднаш и само еден човек се формирани под влијание на сказните.rnrn

    Мит #2: Љубовта и страста треба да останат непроменети од почетокот на врската

    rnНа љубовта често ѝ се дава епитетот „вечна“, но тоа не значи непроменета. Сите копнееме по љубов и страст која ќе гори низ годините, но зошто би се стремеле таа љубов да остане непроменета? Всушност, ништо во животот не останува исто засекогаш. Напротив, љубовта некогаш е посилна, некогаш послаба, доживува подеми и падови, со други зборови, се развива и созрева. Љубовта се менува со текот на годините, но тоа не значи дека слабее или исчезнува.rnrn

    Мит #3: Љубовната врска е главен извор на среќа

    rnИсто како љубовта, така и среќата зависи од нас самите. Очекуваме толку многу од нашите партнери, правејќи ги задолжени за нашата благосостојба и дежурни виновници за нашата несреќа. Иако вашиот партнер треба да се грижи да бидете исполнети и среќни, вистината е дека најголемиот дел зависи од вас самите. Вашата среќа зависи од тоа колку вие сте способни да ги срушите бариерите, да се ослободите себеси и да бидете тоа што навистина сте. Колку и да е прекрасна личноста со која сте во врска и колку и да се грижи за вас, вие нема да бидете среќни доколку, како прво и основно, самите не се потрудите.rn

  • Дали луѓето навистина употребуваат само 10 проценти од мозокот?

    Дали луѓето навистина употребуваат само 10 проценти од мозокот?

    Колку би било добро доколку човечкиот мозок би имал недопрени 90 проценти резерва која би била наменета за видовити моќи, за учество на квизови на знаење или пак за помнење на имињата на роднините на собири. Но, за жал фактите ни укажуваат дека одговорот на ова прашање е „НЕ“!rnrnДали луѓето навистина употребуваат само 10 проценти од мозокот?rnrnЗа добро или лошо, мозоците на поголемиот број од луѓето работат со целосен капацитет. Потеклото на овој мит не е многу јасно, но тоа што го знаеме со сигурност се резултатите од истражувањето спроведено на оваа тема. Различни скенирања на мозокот покажале дека голем дел од него постојано е во употреба и покрај тоа што луѓето не ги користат сите мускулни групи одеднаш и секако во даден момент не го користат целиот мозок.rnrnОва „верување“ исто така нема логика ни од еволутивна перспектива. Ние не употребуваме само 10 проценти ни од другите органи (како срцето, белите дробови или црниот дроб), па тогаш зошто би требало да мислиме дека приказната со мозокот е поразлична?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дестинации обвиени со митови и легенди

    Дестинации обвиени со митови и легенди

    Некои места со себе носат одредени мистерии, други се создадени за потрага по душевен мир, па затоа митовите и легендите од минатото сè уште се асоцијација за нив.rn

    Чичен Ица, Мексико

    rnХрамот на богот Кецелкоатл во Чичен Ица всушност е најголемиот календар во светот. Секоја од четирите страни има по 365 скалила, а на есенската и пролетната рамноденица формира сенка во облик на змија.rnrnДестинации обвиени со митови и легендиrn

    Велигденски Острови

    rnЗа научниците не е познато како големите скулптури на Велигденските Острови, наречени Моаи, се распоредиле на островите. Легендата вели дека некогашниот крал на островите имал магични моќи, па кога ќе им наредел на скулптурите да одат каде што треба, тие веднаш постапувале по неговата желба.rnrnДестинации обвиени со митови и легендиrn

    Ангкор Ват, Камбоџа

    rnОвој будистички храм е најголемиот религиозен објект во светот. Изграден е во чест на богот Вишну, па бил седиште на Кмерската Империја, за потоа да биде сосема напуштен. Мочуриштата околу него не дозволиле да се загуби во џунгла, па затоа кога бил повторно откриен во шеснаесеттиот век сè уште бил во добра состојба.rnrnДестинации обвиени со митови и легендиrn

    Статуата на Исус Христос, Рио де Жанеиро

    rnИако првата асоцијација за Рио де Жанеиро е хедонизмот, огромната статуа на Исус на една од соседните планини го прави овој град привлечен и за верниците кои бараат духовен мир.rnrnДестинации обвиени со митови и легендиrn

    Гиза, Египет

    rnПирамидите во Гиза, Египет, ќе бидат обвиени во мистерија сè додека научниците не најдат соодветно објаснување како луѓето во тие дамнешни времиња успеале да изградат такви масивни храмови. Познато е дека старите Египќани биле одлични математичари, но и понатаму се појавуваат разни теории кои се обидуваат да ги демистифицираат импозантните градби.rnrnДестинации обвиени со митови и легендиrn

    Мачу Пикчу, Перу

    rnИзгубениот град на Инките бил пронајден во почетокот на дваесеттиот век, а претходно неговото постоење било само легенда. Не е познато кога точно бил напуштен.rnrnДестинации обвиени со митови и легендиrn

    Петра, Јордан

    rnПетра е преубав магичен град изграден во карпи. Личи на некоја локација од бајките, а е изграден во шестиот век п.н.е. од некое локално племе, наречено Набатеанци.rnrnДестинации обвиени со митови и легендиrn

    Стоунхенџ

    rnИ Стоунхенџ е обвиен со многу митови и легенди од причина што науката сè уште се мачи да најде објаснување за тоа како овие огромни камења се донесени овде и кој и како ги наредил.rnrnДестинации обвиени со митови и легендиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Општо познати верувања кои се всушност заблуди

    Општо познати верувања кои се всушност заблуди

    Сме слушнале многу работи и често ги прифаќаме како такви цел живот без да ја преиспитуваме нивната вистинитост, бидејќи тие се „општо познати“. Време е да ги закопаме митовите во минатото…rnrnОпшто познати верувања кои се всушност заблудиrnrn1. Не постојат докази дека викинзите имале рогови на шлемовите.rnrn2. Наполеон не бил низок, иако не бил ни особено висок (1,69 м).rnrn3. Мусолини не е заслужен за навременото пристигнување на возовите.rnrn4. На голтната мастика не ѝ требаат 7 години за да се разгради (затоа што брзо ќе се исфрли од вашиот организам).rnrn5. Големиот Кинески ѕид не е видлив од вселената. Според НАСА, ниеден астронаут го нема видено.rnrn6. Лилјаците не се слепи, само имаат други поразвиени сетила кои примарно ги користат.rnrn7. Црвената боја не ги разлутува биковите, туку матадорите кои мавтаат со своите наметки пред нив.rnrnОпшто познати верувања кои се всушност заблудиrnrn8. Бричењето не предизвикува влакната да растат побрзо, погусто и појако.rnrn9. Црвенокосите луѓе нема да исчезнат.rnrn10. Алкохолот не ги убива мозочните клетки.rnrn11. Мажите не мислат на секс секои 7 секунди. Можеби мислат, но статистички е невозможно да се измери.rnrn12. Повеќето метеорити се ладни кога ќе ја допрат Земјата.rnrn13. Пукањето на прстите не предизвикува артритис.rnrnОпшто познати верувања кои се всушност заблудиrnrn14. Црвениот сок од живото месо не е крв, туку комбинација од протеинот миоглобин и вода.rnrn15. Мислењето дека луѓето кои повеќе ја користат левата односно десната страна на мозокот се повеќе предодредени за уметност, односно за логика е тотален мит.rnrn16. Библијата не потенцира каков вид овошје зеле Адам и Ева од дрвото.rnrn17. Сонцето не е жолто, бело е. Така ни изгледа поради распрскувањето на светлината во атмосферата.rnrn18. Гледањето премногу телевизија не влијае на вашиот вид.rnrnОпшто познати верувања кои се всушност заблудиrnrn19. Имаме многу повеќе од 5 сетила. Научниците одредиле 14-20, во зависност од начинот на кој се дефинира зборот сетило.rnrn20. Мускулите не се претвораат во сало откако ќе престанете со вежбање.rnrn21. Не користиме само 10% од мозокот.rnrn22. Ноевите не ја кријат главата во песок, само ја доближуваат до земјата.rnrn23. Суши не е сирова риба. Сашими е. Тоа се парчиња жива риба потопени во сос, кои понекогаш се служат со суши. Сушито е јадење кое се состои од ориз со оцет, а може да содржи сирова риба или други морски плодови и понекогаш доаѓа со разни топинзи.rnrn24. Доколку разбудите месечар, нема да го повредите. Но, ако не го разбудите, тој може да се сопне и да се повреди самиот.rnrn25. Златните рипки имаат малку подолго помнење од само неколку секунди.

  • Кој е виновен за стравот од петок 13-ти?

    Кој е виновен за стравот од петок 13-ти?

    Стравот од петок 13-ти, наречен уште и параскеводекатриафобија или фригатрискаидекафобија, настанал длабоко во историјата. Зад најстарата теорија стои историчарот Доналд Доси. Тој верува дека сè започнало во Норвешка, повикувајќи се на древен скандинавски мит. Додека 12 богови се забавувале во Валхала, непоканет влетал богот на злото и огнот, Локи. Тој за време на веселбата организирал убиство над Балдер, богот на забавата и задоволството. Го навел Ходер, слепиот бог на темницата, да го погоди со неговата стрела, која била обложена со имела. По смртта на Балдер на земјата завладеала темнина. Оттогаш, петок 13 се смета за несреќен и кобен.Страшниот петок 13-ти Несреќниот ден е запишан и во Библијата. Христијаните веруваат дека токму на овој ден бил распнат Исус Христос, а предавникот Јуда, бил 13-от гостин на последната тајна вечера. Некои библиски учители се уверени дека Адам и Ева во петок го пробале забранетото овошје. Петок е денот и кога Каин го убил својот брат Авел. Исто така, во антички Рим постоело верување дека вештерките се собираат во групи по 12. Тринаесеттото место било резервирано за ѓаволот.rnrnСпоред верувањата, тогаш не треба да се патува, не се менува местото на живеење и работата, не се започнува дури ни диета, односно не се преземаат никакви важни чекори. Ако перете, се смета дека со тоа може да предизвикате поплава, а оној кој тогаш ќе меси и пече леб, ќе живее во сиромаштија. Завивањето на мачките на петок 13-ти е знак за кавга, а какво ќе биде времето на овој ден, особено околу пладне, таков ќе биде и остатокот од неделата.rnrnТомас Фермслер, математичар и научник, верува дека бројот 13 е несреќен, бидејќи доаѓа веднаш после бројот 12, кој често означува комплетираност, завршен циклус. Постојат 12 богови на Олимп, 12 месеци во годината, 12 хороскопски знаци, 12 племиња на Израел, 12 апостоли на Исус… Многу хотели немаат соба со бројот 13, некои аеродроми немаат таква писта и излез, во Фиренца ниту една улица не го носи овој број, во Формула 1 нема болид со број 13.rnrnСепак, најголемиот дел од историчарите веруваат дека петок 13-ти дошол на лош глас по почетокот на една од најголемите човечки трагедии во историјата. На овој ден во 1307 година, францускиот крал Филип IV во договор со тогашниот папа наредил апсење на над 100 витези од редот на Темпларите, обвинувајќи ги за ерес. Цели седум години биле измачувани и убивани, а огромен број завршиле и по затворите. Тогаш бил запален и Жак де Молеј, последниот Голем мајстор на витешкиот ред. Во Англија и во САД пак, на овој ден криминалците ги воделе на бесилка.rnrnНишто од ова не важи кога се во прашање Германците. И денот и бројката за нив се среќна добивка. Според нивната култура, во петок на луѓето им оди најдобро, децата родени на овој ден ќе ги прати среќа, а жетвата ќе биде богата. Дека ја сметаат за среќна бројка покажува и германското лото. Токму 13 е најчесто извлекуваниот број.rnrnСледниот петок 13-ти е во септември, 2013 година. :-)rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Скептикот за љубовта

    Скептикот за љубовта

    Како е можно да си толкав антиромантичар? И како тоа не постои љубов? Љубовта е сè околу нас, љубовта е воздухот кој го дишеме, храна која нè одржува во живот… БЉАК! Наместо на малите девојчиња да им ги перат мозоците со принцеви на бели коњи, треба да ги учат да велат „Бљак“ на вакви глупости! Заради тие глупави сказни, по светов шетаат избезумени, „заљубени“ и побудалени тинејџерки, зависни од тоа да имаат дечко, зашто без љубов не се живеело… чисто информативно, мене ми успева веќе цели 20 години. Не, не зборам за љубов кон семејството, туку за онаа која луѓето најчесто погрешно ја дефинираат.rnrnЉубовта не се наоѓа во трнот на розата, ниту во бакнежот на принцот, а ја нема ни во изгубената чевличка… и фала Богу, еден најобичен крекач како што е жабата нема никогаш да се претвори во принц, па ако ви е ќеф, бакнувајте водоземци со надеж дека во иднина би биле нешто друго! Тоа се сказни и фантазии, кои треба да бидат строго одделени од реалноста.Скептикот за љубовтаЈас верувам во љубов, ама во вистинска, силна, исконска љубов, која не секој ја наоѓа и не секој кој ќе ја најде знае да ја цени. Не верувам дека се појавува од зад аголот, дека ќе ти тропне на врата и ќе ти рече: „Јас сум вистинската љубов, пушти ме да влезам“. И не мислам дека љубовта ти ја нудат на послужавник, така можеш само да си порачаш еден добар коктел, ама не љубов!rnrnВистинската љубов нема да те натера да се откажеш од она што навистина си, нема да ти поставува услови, не е себична… Поради тоа што ова чувство е толку силно и волшебно, веќе почна да му се губи секаква смисла, да се користи за да се добие нешто, да се заработи, за некој да си оствари некаква цел… Баш ме интересира, како гледате љубов во листови од рози поставени на креветот од страна на дечко чија единствена цел му е да ја „легне“ девојката, кај е тука романтиката? И фала Богу, оваа ќе се стопи и ќе „падне“ на гестот, зашто ја учеле да си го чека принцот, па лошата дефиниција за љубов и романтика ја попречиле да сфати дека тој е само коњ!rnrnЉубовта е дефинитивно потценета, и тоа ме прави уште поголем скептик, ме иритира и станувам бунтовна. На луѓево сè им е љубов! По музичките канали само љубовни песни и балади фрчат. Најтрагичното е тоа што можеби половина од оние кои пеат за љубов никогаш вистински не ја искусиле… кои лицемери! Секој самопрогласен филозоф „тропа глупости“ за љубовта… Секоја втора тинејџерка мисли дека е вљубена, кубе коси, сече вени… Има 16 години, ама после него нема да љубела повторно. Ми се лоши! Алоо, нормална си ти, свесна си дека имаш 16 години, или треба некој да ти нацрта?!rnrnДеца сте, уживајте во детството! Сето тоа го прави општеството, тоа глупаво прославување на денот на вљубените и слични глупости. На вистинските вљубени, секој ден им е ден на вљубените. Тие не чекаат одреден датум за да си посветат внимание и не мора тоа да го поделат со целокупното општествено опкружување. Вистинскиот романтичар би требало да биде оригинален, на посебен начин да ја истакне љубовта, со авантура, со страст, со нешто необично, не со „lame“ потег од праисторијата. Љубовта е нешто многу посебно и свето, затоа се вознемирувам кога ја спомнуваат во глупави контексти, кога ја потценуваат, ја прават да биде толку честа и лесна за пронаоѓање.rnrnГи жалеле луѓето кои не веруваат во љубов, но јас ги жалам оние кои мислат дека ја има насекаде. Се затрескуваат три пати дневно, а кога ќе им се случи тоа, веќе не се паметни личности, дури и да имале коефициент на интелегенција колку Ајнштајн. Зашто тоа што вие го дефинирате како пеперутки во стомакот, мене ми се цицачи на разумот.rnrnПостои љубов, она чувство кое го имате за вашето семејство, за родниот крај… тоа е љубов. Во меѓувреме не ми е во план таа љубов да ја потценам изедачувајќи ја со некаква моментална возбуда или инстинкт! Можеби ќе го пронајдам оној кон кој ќе чувствувам вистинска љубов, а можеби ќе треба да се задоволам со чувството на почит, разбирање и она кога некој ти е мил…rnrnДраги мои, нека не ве залажува насловот, јас не ви велам да не верувате во љубовта, туку да бидете претпазливи, да ги разграничувате чувствата, секогаш да им пристапувате со доза на свест и разум, и најважно од сè, да не заборавате да се цените себеси… колку и да го/ја сакате, сакајте се себе повеќе!rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 9 митови поврзани со спиењето

    9 митови поврзани со спиењето

    Ако понекогаш имате тешкотија да заспиете или пак имате несоница, можеби мислите дека знаете што ја предизвикало таквата состојба. Но, Мишел Дрерап, доктор по психологија на клиничкиот центар за справување со нарушеното спиење во Кливленд и креатор на онлајн програмата „GO! To sleep“, открива 9 митови поврзани со спиењето, кои отсекогаш сме слушале од повозрасните луѓе, дека се причина поради која се чувствуваме наспано или уморно во текот на денот.rnrn9 митови поврзани со спиењетоrn

    1. Мит: Потребни ни се точно 8 часа спиење на ден

    rnВистина: Секој има различна потреба за спиење. Нема апсолутно ништо магично во бројот 8. На некои луѓе им се потребни 8-9 часа сон за да се чувствуваат одморено во текот на денот, а на други само 6, бидејќи потребата за спиење варира од човек до човек. Клучот за да се чувствувате енергично во текот на денот, е во пронаоѓањето на вашите индивидуални потреби за спиење. За да ја пронајдете вашата мерка, треба да тестирате колку часа спиење ви се потребни, за да се чувствувате одморено, освежено и подновено наредниот ден. Кога немате обврски наредниот ден, исклучете го алармот, легнете си пред полноќ и видете кога ќе се разбудите наредниот ден.rn

    2. Мит: Колку повеќе спиете, толку подобро ќе се чувствувате

    rnВистина: Истражувањата покажуваат дека вишокот спиење, не е здраво. Резултатите покажале дека процентуално, оние луѓе кои спијат од 6 до 8 часа дневно, имаат пониска стапка на смртност, во однос на оние кои спиеле повеќе од 8 часа, кај кои имало прогресивно растечка стапка на смртност. И покрај тоа што е нејасно дали подолгото спиење само по себе предизвикува лоша здравствена состојба или е резултат на други недефинирани проблеми со здравјето, сепак има болести кои се поврзани со поминувањето повеќе часа во кревет како, депресија, неконтролиран дијабетес и опструктивен прекин на дишењето во сон.rnrn9 митови поврзани со спиењетоrn

    3. Мит: спиењето до покасно за време на викендите, го надокнадува уморот акумулиран од работната недела

    rnВистина: Конзистентноста е најдобро решение  – нашето тело е во најдобра состојба ако секое утро стануваме од кревет во исто време. Ваквото „надокнадување“ на пропуштениот сон од работната недела, во текот на викендот, го нарушува деноноќниот ритам на живот и не придонесува за да се чувствуваме посвежо, ако малку повеќе сме поспале. Поради тоа, на луѓето им е најтешко да заспијат во недела навечер. Еве зошто: Ако во недела сте спиеле до 11 часот, не можете да очекувате дека вашето тело ќе биде спремно за спиење во 22 часот, само затоа што наредното утро треба да станете во 6 часот за на работа или факултет. Ако се превртувате во кревет од една на друга страна, тоа значи дека вашето тело ви сигнализира дека не е доволно опуштено, за да биде подготвено за сон. Па така, обидувајќи се да се наспиете за време на викенд, правите да се чувствувате полошо, креирајќи циклус на проблеми со спиењето.rnrn9 митови поврзани со спиењетоrn

    4. Мит: Гледањето ТВ во кревет може да ви помогне да се релаксирате и да заспиете

    rnВистина: Гледањето телевизија непосредно пред часот кога најчесто си легнувате да спиете, особено во спалната соба, го спречува квалитетниот сон. Телевизијата стимулира: звуците, светлата кои трепкаат и ангажираноста од страна на вашиот мозок ве држат будни. Ноќните шоуа како криминалистичките серии, вестите и слично, исто така ја зголемуваат вашата тензија, која очигледно не ви помага да се опуштите и да заспиете. Ако гледате телевизија додека лежите во кревет, вие потсвесно го поврзувате лежењето со будната, а не со заспаната состојба на вашето тело и ум. Ваквата навика, исто така, може да доведе до непотребно будење во текот на ноќта, особено доколку заспиете со вклучен телевизор. Не е само телевизорот некомпатибилен уред со спиењето. Не треба ниту да јадете, зборувате на телефон, да проверувате имејл или да ги разгледувате сметките за комуналии додека лежите во кревет и се подготвувате за спиење. Избегнувајте сè што ви создава тензија.rnrn9 митови поврзани со спиењетоrn

    5. Мит: Кога не ви се спие, лежете и одмарајте

    rnВистина: Кога не можете да заспиете треба да станете и да правите некоја друга активност. Доколку само лежите, создавате умствена состојба во која креветот и спалната ги поврзувате со будност, а не со спиењето. Тоа секако не ви оди во прилог, бидејќи кога лежите во кревет будни, а всушност ви се спие, тоа најчесто прави да се чувствувате исфрустрирано, вознемирено и нервозно, а тоа нема да ви помогне да се одморите, нели!?rn

    6. Мит: Алкохолот помага при заспивањето

    rnВистина: Алкохолот е седатив кој може да ви помогне да заспиете, но нема да ве одржи цврсто во сон. Алкохолот почнува да прави проблем во втората половина од спиењето, кога телото треба да се опушти. Поради тоа, алкохолот го прави спиењето многу помалку релаксирачко отколку што треба да биде. Тој создава често будење и немирен сон, особено откако ќе се раздени. Затоа доколку сте решиле да пиете алкохол, најдобро е да престанете неколку часа пред да си легнете. А откога ќе станете, преземете соодветни мерки за да се ослободите од мамурлакот.rnrn9 митови поврзани со спиењетоrn

    7. Мит: Доколку патите од несоница, дремките можат да ви го намалат уморот

    rnВистина: Доколку имате проблем со спиењето, дремките можат само да ја направат ситуацијата уште полоша. За оние луѓе кои немаат проблем со спиењето, дремките можат да бидат одличен начин за да се преживее некој напорен ден, бидејќи истражувањата покажале дека дремката од 45 минути може да ја подобри меморијата и да го намали нивото на крвниот притисок. Но, за луѓе кои имаат проблем со спиењето, ова може драстично да ги намали шансите за да заспијат и да се одржат во сон во текот на ноќта.rnrn9 митови поврзани со спиењетоrn

    8. Мит: Не е голема работа ако не спиете еден ден, само наредниот ќе бидете уморни

    rnВистина: Спиењето е од огромна важност за нормално функционирање на човечкото тело. Тоа не претставува само период за одморање. За време на спиењето, телото постојано работи. Тоа создава трајна меморија и ги поправа штетите кои ги добило во текот на денот. Не за џабе, луѓето секогаш ви велат „преспиј го денот и донеси одлука утре“ кога сте имале некое непријатно искуство. Една од бенефициите на спиењето е можноста мозокот подобро да ги испроцесира новите искуства и информации, што доведува до подобро разбирање и помнење на работите. Исто така, додека спиете, телото произведува дополнителни протеински молекули, кои го зајакнуваат вашиот имунолошки систем и овозможуваат тој подобро да се бори против инфекции и да го одржи целокупното здравје.rn

    9. Мит: Вежбањето пред спиење изморува, па така побрзо ќе заспиете

    rnВистина: Вежбањето може да помогне при заспивањето, но не доколку тоа се случува непосредно пред легнувањето. Доколку вежбате непосредно пред спиење, вие можете да создадете контра ефект. Вежбите го стимулираат срцето, мозокот и мускулите, обратното од она што вие сакате да го сторите преку спиењето. Исто така ја подигнува температурата на телото, нешто што е контрапродуктивно при обидот за заспивање.rnrn9 митови поврзани со спиењетоrnrnУтринското вежбање може да ви помогне за ослободување од стресот и да ви го подобри расположението, што има индиректно влијание врз вашето спиење. Исто така, ако секојдневно излегувате надвор на прошетка, изложени на природна сончева светлина, можете да си го подобрите сонот, поттикнувајќи го 24-часовниот циклус од будна и заспана состојба, да функционира подобро. Доцното попладне е исто така добар период за спорт, бидејќи постои поврзаност помеѓу телесната температура и заспивањето. Температурата на телото се покачува додека вежбате, а потоа на телото му се потребни околу 6 часа за да почне да се лади, па така тоа ќе биде во совршена состојба додека дојде време за спиење. Кога и да одлучите да вежбате, гледајте да е минимум 3 часа пред легнување во кревет.rnrnМожеби би ве интересирало да научите како да ги помните вашите соништа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.