КАФЕ ПАУЗА

Tag: мит

  • Дали човечкото тело навистина се обновува на секои 7 години?

    Дали човечкото тело навистина се обновува на секои 7 години?

    Овој концепт е навистина совршен – на секои 7 години станувате потполна нова личност. Но дали станува збор за вистински факт, или сепак е само мит?rnrnДали човечкото тело навистина се обновува на секои 7 години?rn

    Раѓање на клетките

    rnЗа да разберете колку често се менуваат клетките, потребно е да знаете како настануваат. Телото може да создава нови клетки на неколку начини – со митоза или од матични клетки.rnrnМатичните клетки се посебни и иако ги има во телото, нивниот број е премногу мал. Тие не само што можат да создаваат сопствени копии со помош на митоза, туку можат да направат и нови, „специјализирани“ клетки, како на пример крвни, нервни и слично, кои не можат да создадат нивни копии.rnrnЗа да се контролира растот на новите клетки, старите треба да умираат. Оваа „програмирана“ клеточна смрт е неопходна за да имаме одвоени прсти на рацете и на стапалата. Покрај тоа, големиот број клетки имаат свој рок на траење и после одредено време умираат.rn

    Разлики помеѓу клетките

    rnНе сите клетки во организмот имаат ист животен век. Ова значи дека некои клетки се обновуваат многу брзо, во просек на секои 2 дена, додека другите се менуваат на секои 2 до 3 недели, како на пример кожните клетки.rnrnОд друга страна, црвените крвни зрнца живеат околу 4 месеци. Белите крвни зрнца, главните „војници“ во нашето тело, можат да траат од неколку денови, до малку повеќе од една недела. Најдолго живеат масните клетки, односно 10 години во просек, како и клетките од кои се направени нашите коски кои се регенерираат на секои 10 години.rnrnЗначи, иако концептот е совршен, за жал не е вистина. Најверојатно не се ни сеќавате кога прв пат сте налетале на оваа теорија, но овој мит за 7-те години не одговара ни за просечниот животен век на просечните клетки на човечкиот организам.rnrnПрочитајте ги и овие неверојатни научни факти за човечкото тело.

  • Митот за протеините: Разбивање на предрасудите за веганството

    Митот за протеините: Разбивање на предрасудите за веганството

    Веганскиот и вегетаријанскиот начин на исхрана стануваат сè попопуларни. Многу луѓе се откажуваат од храната со животинско потекло поради етички причини, а некои пак го прават тоа за да го подобрат нивното здравје. Но сите вегани и вегетаријанци се соочени со прашањето за недостаток од протеини, за кои наводно најдобар извор е храната со животинско потекло. Па дали всушност има простор за грижа?rnrnМитот за протеините: Разбивање на предрасудите за веганствотоrn

    Дали ни се неопходни животинските протеини за да бидеме здрави?

    rnОдговорот на ова прашање е не. Според непрофитната организација American Heart Association, секојдневното консумирањето неколку видови житарки, овошје и зеленчук целосно ја задоволува потребата на организмот за сите неопходни аминокиселини. Сепак, важно е оброкот да биде разновиден, а внесот на калории да ги задоволува енергетските потреби. Житарките, мешунките, зелениот зеленчук, семињата, сусамот и јаткастите плодови се најдобар извор на растителни протеини.rn

    Дали вегетаријанската храна е „без вкус“?

    rnМногу луѓе веруваат дека растителната храна нема вкус, а ова е уште еден од најголемите митови за веганството. Во веганската исхрана не спаѓаат само оризот и зеленчукот и таа е сè освен еднолична. Постојат многу намирници кои воопшто не би ги пробале доколку јадете месо. Овде спаѓаат тофу, кускус, алги, леблебија, вегански плескавици од печурки… Опциите се навистина без број, а вкусовите неверојатни.rnrnЗа жал, веганскиот и вегетаријанскиот начин на исхрана сè уште се гледаат како жртвување наместо како животен стил. Многу луѓе ги сметаат за одрекување, а не за последица на внатрешните потреби и желби. Постои и верување дека овој начин на исхрана не е здрав за децата, што повторно не е вистина. Доколку исхраната е разновидна, не би требало да се појави никаков проблем ни кај децата, ни кај возрасните.rnrnДоколку сте одлучиле да му дадете шанса на овој начин на исхрана, погледнете ги намирниците што треба да ги консумирате наместо месо.

  • Дали гените се причината за настанувањето на менталните болести?

    Дали гените се причината за настанувањето на менталните болести?

    Една од најголемите невистини во врска со развојот на една личност, е верувањето дека нашиот карактер зависи 100% од нашите гени. И покрај тоа што гените имаат улога во развојот на личноста, сепак факторите на коишто сме подложни во нашата животната средина, се најважното нешто коешто го оформува и дефинира карактерот.rnrnДали гените се причината за настанувањето на менталните болести?rnrnВерувањето дека вие не можете да бидете подобра верзија од себеси, под изговор дека „немате добри гени“ или затоа што чувствувате дека не можете да го подобрите вашето однесување затоа што гените би ве ограничиле во остварувањето на таа цел, е сосема погрешен начин на размислување. По пат на учење како правилно да се справуваме со надворешните влијанија на коишто сме изложени во текот на целиот живот, ние можеме да го обликуваме нашиот карактер, на начинот на којшто посакуваме.rn

    Поврзаноста меѓу нарушувањата на личноста и гените

    rnНекои луѓе одат толку далеку со овие лажни убедувања, верувајќи дека тие имаат недостаток од самодоверба зашто што немаат такви гени или пак сметаат дека се чувствуваат инфериорно зошто им недостига некој конкретен ген. Доколку и вие сте дел од таа група луѓе, имаме добри вести за вас: сите овие верувања, се само митови со коишто на некој начин сте се здобиле, во текот на животот. Едноставно, разните животни искуства низ коишто поминуваме во текот на нашите животи, може да бидат главната причина којашто стои зад нашиот недостаток на самодоверба и чувството на пониска вредност во однос на останатите.rnrnВажно е да запомните дека никој од нас не се родил инфериорен или без самодоверба. Гените немаат никаква поврзаност со овие состојби. Ситуациите со коишто сте се соочиле во животот, довеле до тоа да се чувствувате сега така. Токму поради тоа, проблемите од овој тип, честопати се нарекуваат „нарушувања на личноста“. Нормалната, вообичаена состојба на умот е чувството на самодоверба, а не обратното сценарио.rn

    Генетските тенденции и проблемите со идентитетот

    rnДоколку читате психолошка литература, тогаш сигурно досега сте се сретнале со терминот „генетска тенденција“. И покрај тоа што многу луѓе имаат генетска предиспозиција да развијат одредени психолошки растројства, тие никогаш не би страдале од нив, доколку подобро управуваат со животните проблеми.rnrnДали сте знаеле дека повеќе од 300 милиони луѓе ширум светот, од различна возраст страдаат од депресија? За жал, многумина имаат тенденција да се депримираат, кога се соочени со пролонгиран стрес. Меѓутоа, тука е важно да се потенцира дека доколку некои од овие луѓе научат како подобро да се справуваат со стресот, тие нема да завршат во депресија, дури и ако имаат генетска тенденција за психолошки нарушувања.rnrnДали гените се причината за настанувањето на менталните болести?rnrnДруги луѓе пак, ја носат оваа проблематика на уште поразлично ниво и доаѓаат до заклучоци дека депресијата е предизвикана исклучиво од генетиката и поради тоа, тие секогаш препорачуваат медикаменти за луѓето коишто страдаат од ова растројство, без да понудат никакви други можни солуции.rnrnСигурни сме дека и вие, исто како и јас, сте ја слушнале реченицата „Јас сум биполарен/на“ повеќе од еднаш во животот, без разлика дали било кажано како шега или не. Луѓето коишто кажуваат вакви работи, не мислат дека имаат некое конкретно ментално нарушување, туку тие веруваат дека нивниот идентитет и нарушување, се едно исто. Овие луѓе не велат дека се депресивни, туку биполарни, небаре го поврзале ова растројство со самите себеси и со нивната личност.rnrnМногу луѓе исто така, веруваат дека срамежливоста е карактерна особина, но и покрај тоа што одредени истражувања ја поврзуваат срамежливоста со генетиката, сепак голем број фактори треба да се земат во целина, за да се појави срамежливост кај една личност.rn

    Не ја обвинувајте генетиката за психолошките проблеми

    rnНемојте да бидете плен на овие митови и не го блокирајте вашиот личен развој поради ваквото ограничено верување. По пат на игнорирање на вашите моментални карактерни особини, вие секогаш ќе можете да се подобрувате себеси во секоја смисла на зборот и да станете среќна личност.rnrnСè што треба да направите за да дојдете до таа состојба на умот, е да донесете одлука, а потоа да направите сè што знаете и умеете, за да ја претворите ваквата одлука во план којшто страсно ќе го спроведувате. Дури тогаш, самите ќе ги забележите позитивните резултати кои ќе произлезат од таквото однесување.rnrnМоже да ве интересира и Која е најголемата причина за појава на депресија ширум светот?

  • Легендата за Шамбала: Сте чуле за скриената земја која постои во нашата?

    Легендата за Шамбала: Сте чуле за скриената земја која постои во нашата?

    Според легендите, Шамбала има кружна форма, иако во записите таа е претставена како цвет од лотос со 8 ливчиња. Таа исто така е и симбол за срцевата чакра. Многу древни текстови ја нарекуваат оваа земја „магична“ или „митска“, но ако добро размислите, голем дел од записите на Будистите, Ведите и другите источни земји се веќе и научно потврдени, па којзнае, можеби и Шамбала не е толку мистична колку што мислиме.rnrntajnata-za-shambala-sokrienata-zemja-koja-postoi-vo-nashata-kafepauza.mkrnrnИсто така, кога станува збор за вакви легенди, во последно време сè поголем замав земаат и објаснувањата од квантната физика. Еден одличен пример за тоа е мистеријата за човечката свест. Според теориите од квантната физика, постоењето на свесноста може да се објасни и со постоење на други димензии. Можеби токму заради ова идеите на Никола Тесла имале толку големо влијание од древната источна филозофија. Малкумина го знаат ова, но некои од најдобрите научници биле мистици, вклучувајќи го и Исак Њутн кој ја изучувал и алхемијата.rn

    „Ако ја гледаме поголемата слика, иако постојат некои разлики, сметам дека будистичката филозофија и квантната механика може да си подадат рака за нивните гледишта кон светот. Во овие неверојатни примери, лесно можеме да го видиме плодот од човечкото размислување. Без разлика на восхитот кој го чувствуваме кон овие големи мислители, не треба да го заборавиме ни фактот дека и тие се само луѓе како нас.“ – Далај Лама

    rnТокму поради ова не треба да ја отфрлиме можноста дека постои скриено знаење во древните текстови, особено кога доказите сè повеќе ја зајакнуваат врската помеѓу древната мудрост и модерното знаење.rn

    Шамбала

    rnПовеќе древни текстови од разни традиции спомнуваат битија од „друг свет“ кои постојат во нашиот. Еден ваков свет кој се спомнува во традициите на хиндуистите и тибетските будисти е Шамбала, скриеното кралство во нашата планета. Тоа е место што не го разбираме и што е тешко да се пронајде.rn

    „Духовно“ место

    rnДалај Лама го изјавил следново на еден говор кој бил одржан во 1985 година:rn

    „Иако оние со посебна припадност би можеле да отидат таму со нивната кармичка врска, тоа не е физичко место кое можеме да го пронајдеме. Единствено можеме да кажеме дека тоа е чиста земја, чиста земја во човечкото царство. Ако ја немате соодветната кармичка поврзаност и заслуга, не можете да пристигнете таму.“

    rnОвој опис е многу сличен со духовните принципи кои ја воделе Атлантида и кои биле предложени од Платон и други учители. Менли П. Хол, автор, историчар и масон од 33-ти ред изјавил:rn

    „Пред да потоне Атлантида, нејзината духовност ги просветила луѓето кои сфатиле дека нивната земја е проколната бидејќи тие се тргнале од Патот на светлината. Носејќи ја со себе оваа света и тајна доктрина, луѓето од Атлантида се сместиле во Египет и станале првите божествени владетели. Речиси сите големи космолошки митови кои се формирани се засновани на неколкуте свети книги за атлантските митски ритуали. “

    rnСпоред модерната теозофска традиција:rn

    „Шамбала, иако никој не успеал да ја лоцира географски, е земја или реон, седиштето на големото братство на духовноста и нивните владетели на земјата. Од Шамбала, во одредени периоди низ историјата, доаѓале учители кои работеле на духовноста на луѓето.“

    rnЕдвин Бернбаум, во неговата книга „Патот до Шамбала“ (The Way to Shambhala), изјавил дека патот не е јасен. Шамбала е физичко место кое постои во човечкото царство, но истовремено е духовно, дури и натприродно место за кое многумина веруваат дека постои во друга димензија.rnrnМајкл Вуд, новинар од BBC, ја опишал Шамбала како изгубено кралство закопано во Хималаите. Тој напишал дека името Шамбала прв пат се појавува во текст познат како „Kalachakra tantra“, односно „Тркалото на учењето на времето“. Оваа доктрина припаѓа на високото учење на будистите. Тој исто така запишал дека во Шамбала луѓето живеат во мир и хармонија и дека се верни на будистичката традиција. Во оваа земја војната, тагата и злото се непознати. Според Мајкл, еден коментатор на текстот го изјавил следново:rn

    „Шамбала се наоѓа во долина. Пристапот до неа е преку прстен од снежни врвови како ливчиња на лотос. На центарот се наоѓа кристална планина од 9 ката која стои над свето езеро. Шамбала е кралството каде што човечката мудрост е поштедена од уништувањето и корупцијата на времето и историјата и е подготвена да го спаси светот кога тоа ќе биде потребно. Пророштвото на Шамбала тврди дека секој од нејзините 32 крала ќе владее по 100 години. Штом ќе помине нивното владеење, надворешниот свет ќе се влоши. Луѓето ќе станат опседнати со војна, а материјализмот ќе го надвладее духовниот живот. Евентуално ќе се појави злобен тиранин кој ќе донесе вистински терор на земјата. Но токму тогаш кога ќе изгледа дека светот ќе се уништи, маглата ќе се крене и ќе ги открие замрзнатите планини на Шамбала. Тогаш, 32-иот крал на Шамбала ќе го уништи тиранинот и мирот ќе се врати.“

    rn

    Какви докази имаме за ова место?

    rnЛегендите кажуваат за луѓе кои влегле во оваа земја и никогаш не се вратиле, како и за луѓе кои загинале барајќи ја Шамбала. Во последно време се прават поврзувања со феноменот на НЛО. Можеби веќе знаете, но најчесто сите неидентификувани летачки објекти се следат со воздушни и земјени радари додека истовремено се гледани и од пилоти кои се испратени да ги пресретнат. Илјадници документи се достапни за јавноста, а многу луѓе ги споделуваат нивните лични искуства. Поранешен астронаут од НАСА, професор Брајан Олер изјавил:rn

    „Има многу докази дека нè контактираат и дека долго време сме посетувани од други цивилизации.“

    rnПокрај овие гласини има луѓе кои тврдат дека навистина го искусиле ова место. Адмиралот Ричард Бирд, офицер на морнарицата на САД, е човекот кој прв го прелетал Јужниот Пол. Наводно тој отпатувал до шупливата Земја. Адмиралот Ричард исто така го надлетал и Северниот Пол и запишал дека забележал некаков отвор. Неговиот дневник ја опишува неговата авантура низ отворот каде што имало езера, реки, вегетација и многу други работи. Тој учествувал во многу експедиции на Северниот Пол. Неговата главна цел била да направи истражувачка база на Антарктикот. Тој тврди дека се сретнал со летачка машина и тогаш прв пат стапил во контакт со битијата кои живееле на тоа место.rnrnНиколај Рерих, познат руски истражувач, исто така запишал дека Шамбала е лоцирана на северот. Тој патувал преку Монголија и Кина до границите на Тибет и изјавил дека додека разговарал со еден Лама, му кажал дека Шамбала се наоѓа после океанот. Ламата исто така му кажал:rn

    „Шамбала е будна за човештвото. Ја гледа земјата во своето магично огледало, а моќта на нејзините мисли стигаат и до најдалечните земји. Безбројни се жителите на Шамбала. Бројни и неверојатни нови сили и достигнувања се подготвуваат таму за човештвото.“

    rnСпоред гласините, ако постои влез, тој се наоѓа на Антарктикот или длабоко под неколку планински венци, вклучувајќи ги и Хималаите. Едно заедничко нешто кое го имаат сите гласини се дека Шамбала и нејзините тајни строго се чуваат и никој не може да влезе освен ако не е повикан внатре.rn

    Што знаеме за јадрото на Земјата?

    rnНашето сегашно разбирање и знаење за јадрото на Земјата е теорија. Доказите за составот на Земјиното јадро не се докажани. Сè уште не можеме директно да земеме примерок од внатрешноста на планетата и никој нема видено што всушност се случува внатре. Можеби идејата за шуплива Земја се однесува на друга димензија. Многу големи умови од минатото и од денес веруваат дека постои нешто чудно кое се наоѓа под нашите нозе. На пример, шведскиот математичар и физичар Леонард Ојлер сметал дека Земјата е шуплива и нејзината внатрешност е населена.rnrnДоколку сакате вакви приказни, погледнете ги и овие мистериозни книги што ќе ги замислат и најголемите скептици.

  • Митот за биолошкиот часовник на жените

    Митот за биолошкиот часовник на жените

    Поради информациите кои ги читаме во медиумите, ќе помислиме дека биолошкиот часовник е нешто кое го имаат само жените. Но изгледа дека ова е грешка. И на двата пола им станува потешко да имаат деца со текот на годините, и е многу поверојатно дека децата ќе имаат компликации за време на пораѓајот ако се од постари родители. Најголемата разлика е тоа што плодноста кај мажите се намалува 5 години подоцна отколку кај жените.rnrnmitot-za-bioloshkiot-chasovnik-na-zhenite-kafepauza.mkrnrnОвие информации се од истражување спроведено во 2007 година во Франција во кое учествувале околу 2.000 парови. Друго истражување покажало дека мажите кои имаат над 35 години имаат двојно поголеми шанси за неплодност од мажите кои се 25 години или помлади. Квалитетот на спермата се намалува со текот на годините со тоа зголемувајќи ги ризикот за спонтан абортус и шансите детето да има здравствени проблеми, како на пример аутизам.rn

    Од каде доаѓа поврзаноста на биолошкиот часовник со жените?

    rnОва недоразбирање произлегува од фактот дека плодноста кај мажите почнала да се истражува дури неодамна. Жените имаат различни периоди на репродукција, а тие имаат јасен почеток и крај. Нам ни е познато дека мажите произведуваат сперма од пубертетот па до крајот на животот, па сè до неодамна било непознато дали спермата е исто ефективна во текот на целиот живот.rnrnДодека жените се родени со конечен број на јајце клетки, мажите произведуваат спрема во текот на целиот живот, со тоа што постоечките сперматозоиди ја реплицираат својата ДНК и потоа се делат на две, одново и одново. Ова може да изгледа како фонтана на младоста за мажите, но всушност повеќе наликува на играта „Расипан телефон“. Секој пат кога овој процес се повторува, постои шанса дека ДНК-та барем малку ќе се промени.

  • Најголемиот мит за градниците кој сите жени треба да го заборават!

    Најголемиот мит за градниците кој сите жени треба да го заборават!

    Купувањето градник не е лесна задача, а тоа може да го потврди и секоја жена. Без оглед на тоа што веќе доволно се познавате себеси и мислите дека ги знаете најважните правила кои треба да ги почитувате при купување на ова парче долна облека, сепак, се случува да се вратите дома со моделот кој сепак не ви одговара.rnrnОва е најголемиот мит за градниците кој сите жени треба да го забораватrnrnТаа грешка често се случува затоа што повеќето жени веруваат во најголемиот мит за градниците кој се однесува на нивната големина. Имено, многу жени се убедени дека секогаш мора да купуваат градник со иста големина, без оглед на марката. Тоа е најчестата причина за грешење при купување, затоа што не постои изедначена изработка на сите големини кај различни произведувачи. Така, одредена големина на градник од една марка може да ви се вклопува совршено, но кога би отишле во друга продавница и ќе земете градник со истиот број на големина, но од друг производител, ќе сфатите дека не ви прилега толку добро. Освен што се забележува разлика помеѓу поедини произведувачи, може да се случи различни колекции од иста марка, да имаат нееднаквост во големините. Затоа, модните експерти советуваат при секое купување градник да се однесувате како тоа да го правите прв пат.

  • Најчестите мејкап правила: Што е мит, а што вистина?

    Најчестите мејкап правила: Што е мит, а што вистина?

    Кога сме помлади и кога се наоѓаме на почетокот на целата филозофија на шминкањето, обично веруваме во некои правила кои сме ги прочитале на непроверени извори. Сепак, проблемот е во тоа што веруваме во тие правила и кога ќе остариме, а тогаш ќе се открие дека тие не биле ништо друго освен митови! Но тогаш, која е вистината?rnrn1-10-mejkap-pravila-koi-se-mitovi-no-koja-e-vistinata-www.kafepauza.mk_rn

    Мит бр. 1: Црвениот кармин не им стои на сите!

    rnВистина: 110% неточно! Црвениот кармин им стои на сите, но само е потребно да ја изберете вистинската нијанса во однос на вашата кожа.rnrn2-10-mejkap-pravila-koi-se-mitovi-no-koja-e-vistinata-www.kafepauza.mk_rn

    Мит бр. 2: Маскарата треба да ја фрлите откако ќе ја потрошите?

    rnВистина: Не, маскарата треба да ја фрлите после 3 месеци користење. Секако, и порано ако ја потрошите. Но, рокот на траење на маскарата е 3 месеци, бидејќи после тоа таа е само легло на бактериите и нечистотиите кои може да доведат до иритации и инфекции.rnrn3-10-mejkap-pravila-koi-se-mitovi-no-koja-e-vistinata-www.kafepauza.mk_rn

    Мит бр. 3: Не мора секогаш да ја бришете шминката пред спиење?

    rnВистина: Некогаш се случува да заспиеме со шминка на лицето, но тоа е навистина штетно за нашата кожа. Тоа е така, бидејќи нашата кожа се обновува токму кога спиеме, а доколку ја „затвориме“ со тешка шминка, наутро кога ќе се разбудиме таа воопшто нема да изгледа свежо. Напротив, очекувајте нови акни и многу затворени пори.rnrn4-10-mejkap-pravila-koi-se-mitovi-no-koja-e-vistinata-www.kafepauza.mk_rn

    Мит бр. 4: Шминката нема рок на траење?

    rnВистина: Исто како и маскарата, секоја шминка има свој рок на траење кој е одбележан на пакувањето. Значи, од отворањето, па неколку месеци, зависи од тоа за кој производ станува збор. После истекување на рокот на траење, задолжително фрлете го тој производ за да ја заштитите вашата кожа.rnrn5-10-mejkap-pravila-koi-se-mitovi-no-koja-e-vistinata-www.kafepauza.mk_rn

    Мит бр. 5: Не мора да ги чистите четките за шминка, ако ги користите само вие?

    rnВистина: Никако! Без разлика дали ги користите само вие или повеќе луѓе, на нив секојдневно се собира нечистотија, прашина, бактерии… И ете, повторно акни! Накратко, чистете ги редовно.rnrn6-10-mejkap-pravila-koi-se-mitovi-no-koja-e-vistinata-www.kafepauza.mk_rn

    Мит бр. 6: Шминката не може да се расипе?

    rnВистина: Зависи. Водете сметка за тоа колку е рокот на траење на производите и на какво место ги чувате (темно, светло, топло, ладно).rnrn7-10-mejkap-pravila-koi-se-mitovi-no-koja-e-vistinata-www.kafepauza.mk_rn

    Мит бр. 7: Хидратантната крема може да го замени прајмерот?

    rnВистина: Не баш. Двата производи може да ја одржуваат хидратацијата на кожата, но благодарение на прајмерот, шминката трае многу подолго на вашето лице и порите се помалку видливи.rnrn8-10-mejkap-pravila-koi-se-mitovi-no-koja-e-vistinata-www.kafepauza.mk_rn

    Мит бр. 8: Прво се нанесува коректор, па пудра?

    rnВистина: Обратно. Најдобро е прво да нанесете пудра, а потоа коректор. Секако, доколку е потребно.rnrn9-10-mejkap-pravila-koi-se-mitovi-no-koja-e-vistinata-www.kafepauza.mk_rn

    Мит бр. 9: Веѓите треба да бидат две нијанси потемни од бојата на косата?

    rnВистина: Само доколку имате светла коса нашминкајте ги веѓите за да бидат потемни. Ако вашата коса е веќе темна, премногу темните веѓи ќе направат да изгледате чудно. Значи, не!rnrn10-10-mejkap-pravila-koi-se-mitovi-no-koja-e-vistinata-www.kafepauza.mk_rn

    Мит бр. 10: Темниот ајлајнер ги прави очите покрупни?

    rnВистина: Само ајлајнер во комбинација со светла сенка – да. Зачадените очи, баш напротив, ги прави очите впечатливи, но не и покрупни. Исто така, на внатрешната долна линија од окото секогаш нанесувајте бел молив за очи, бидејќи тој ќе го „отвори“ вашиот поглед, спротивно од црниот кој ќе го „стесни“.rnrn11-10-mejkap-pravila-koi-se-mitovi-no-koja-e-vistinata-www.kafepauza.mk_

  • Најголемите митови поврзани со сексот

    Најголемите митови поврзани со сексот

    Во денешно време многу е лесно да се дојде до информациите што нè интересираат, но тешко е да се одреди кои од тие информации се вистинити, а кои не. Сигурно сте налетале на многу статии посветени на сексот или, пак, сте разговарале со вашите пријатели на оваа тема и сте се запрашале дали има некоја вистина во сè тоа што го читате и слушате. Ние ви ги разоткриваме најпознатите митови поврзани со сексот кои можеби конечно ќе ви го дадат одговорот на прашањата што ги имате…rnrnНајголемите митови поврзани со сексотrn

    Сексот го намалува крвниот притисок

    rnНеточно: Всушност го покачува, но само на кратко. Малку се тие случаи кога некој доживеал срцев удар за време на сексот. И покрај тоа што крвниот притисок навистина се покачува, не може да се покачи до тој степен.rn

    Сексот го намалува стресот

    rnТочно: Во едно истражување од областа на биолошка психологија, од испитаниците било побарано да водат дневник во кој ќе ги бележат нивните сексуални активности и потоа да го измерат крвниот притисок по стресни настани како што е говорење во јавност. Тие што имале редовен секс, покажале подобри резултати од тие што немале.rn

    Алкохолот ја зголемува сексуалната желба кај жените

    rnТочно: Многу мала количина алкохол може да предизвика привремено лачење на машкиот хормон тестостерон кај жените, што доведува до зголемено либидо.rn

    Викендите се најдоброто време за секс

    rnНеточно: Според едно истражување спроведено од страна на економскиот факултет во Лондон, најдобриот ден за да се има секс е четврток. Причината за тоа е што во текот на целата недела се таложел хормонот за стрес кортизол, кој ги стимулира хормоните заслужни за зголемувањето на сексуалната желба, со тоа што нивната активност е на највисоко ниво токму во четврток.rn

    Само мажите фантазираат

    rnНеточно: 80% од жените имале сексуални фантазии за други луѓе покрај нивниот партнер, додека пак, истово се однесува за 98% од мажите.rn

    Сексот ја зголемува интелигенцијата

    rnТочно: Според едно истражување на Универзитетот во Мериленд, сексот го зголемува нивото на неврони во хипокампусот, дел од мозокот заслужен за формирање долгорочна меморија.rn

    Сексот согорува повеќе калории од трчањето

    rnНеточно: Истражувањата спроведени на универзитетот во Квебек, Канада дошле до следниве резултати:rn

      rn011

    • 1 минута на лента за трчање согорува 9,2 калории кај мажи
    • rn011

    • 1 минута секс согорува 4,2 калории кај мажи
    • rn011

    • 1 минута на лента за трчање согорува 7,2 калории кај жени
    • rn011

    • 1 минута секс согорува 3,1 калории кај жени
    • rn

    rn

    Што вели статистиката?

    rn

      rn011

    • 1 од 4 двојки со над 50 години немаат воопшто секс.
    • rn011

    • Паровите во нивните 20-ти и 30-ти години во просек имаат 8 до 9 пати секс месечно.
    • rn011

    • Паровите кои се заедно повеќе од 2 години имаат секс 6 пати месечно.
    • rn

  • Мејн кун: Мачки покрај кои вашата би изгледала минијатурно

    Мејн кун: Мачки покрај кои вашата би изгледала минијатурно

    Мејн кун е една од најголемите припитомени раси мачки. Всушност, рекордот за најдолга мачка во Гинисовата книга на рекорди од 2010 го држи Стуи со измерени 123 см од врвот на носот до врвот на опашката. Машките мачки од овој вид тежат до 15,9 кг.rnrn12-mejn-kun-machki-pokraj-koi-vashata-bi-izgledala-minijaturno-kafepauza.mk18-mejn-kun-machki-pokraj-koi-vashata-bi-izgledala-minijaturno-kafepauza.mkrnrnПотеклото на мејн кун е завиено во мистерија. Иако генетски невозможно, еден мит вели дека овие мачки се добиени со вкрстување на мачки и ракуни. Друг мит е дека Марија Антоанета, кралицата на Франција, се обидела да избега за да се спаси од егзекуција заедно со нејзините омилени турски ангорки. Додека таа не успеала да стигне во САД, мачките наводно слетале на брегот на Вискасет, Мејн, каде што започнале да се размножуваат.rnrn

  • Сетете се на ова секогаш кога ќе посакате да зготвите храна во микробранова печка

    Сетете се на ова секогаш кога ќе посакате да зготвите храна во микробранова печка

    Многупати досега сте слушнале дека треба да се ослободите од микробарновата печка и дека не треба да ја подготвувате храната во неа. Меѓутоа, никој нема толку силни аргументи за да го докаже тоа. Ние ќе ви откриеме 4 работи кои се всушност митови кога станува збор за подготовка на храната во микробранова печка.rnrn1-setete-se-na-ova-sekogash-koga-kje-posakate-da-zgotvite-hrana-vo-mikrobranova-pechka-www.kafepauza.mk_rn

    1. Ги убива хранливите материи од храната

    rnОва е мит. Во сите облици на термичка обработка на храната таа губи дел од своите хранливи материи. Со подолго готвење и појака температура се губат повеќе хранливи материи, па така некои витамини може да испарат ако се готват предолго време. Затоа микробрановата има свои предности. Доколку ја подготвувате храната во неа тоа значи дека таа ќе се готви помалку, на пониска температура, со помалку вода, а тоа пак значи дека вашиот оброк ќе има повеќе хранливи материи, отколку ако сте го зготвиле на шпорет.rn

    2. Зрачење

    rnВистина е дека микробрановите печки емитираат зрачење, но не е точно дека тие зраци се опасни. Зрачењето се мери на спектар од највисока фреквенција до најниска. Познато е дека високофреквентните облици на зрачење може да ја оштетат ДНК и да предизвикаат многу болести, но микробрановата нема толку високо зрачење, па со самото тоа е безбедно да се користи. Секоја микробранова печка поминува низ одредени безбедносни мерки пред да се пушти во продажба.rnrn2-setete-se-na-ova-sekogash-koga-kje-posakate-da-zgotvite-hrana-vo-mikrobranova-pechka-www.kafepauza.mk_rn

    3. Токсична храна

    rnИнтернетот е полн со приказни за опасни, токсични соединенија кои се создаваат со употреба на микробрановите печки, меѓутоа ова не е точно. Повеќето професионалци велат дека нема јасни докази дека микробрановата остава некои последици и дека е штетна за нашето здравје. Сите методи на загревање на храната може да создадат определени промени, а микробрановата е само еден начин на загревање, кој може да предизвика многу помалку токсични соединенија во однос на готвењето на отворен оган.rn

    4. Садови за подготовка на храната

    rnЕдинственото нешто за што треба да се грижите е изборот на садови во кои ќе ја приготвувате или пак подгревате храната. Па затоа, стаклото и керамичките садови се единствени кои треба да ги користите. Со металните, пластичните или картонските садови може да дојде до виткање, па дури и до палење.