КАФЕ ПАУЗА

Tag: милијардер

  • Џ. Пол Гети: Милијардерот кој одбил да плати откуп за неговиот внук

    Џ. Пол Гети: Милијардерот кој одбил да плати откуп за неговиот внук

    Кога ќе го слушнете зборот милијардер, најверојатно помислувате на Џон Д. Рокфелер или Бил Гејтс. Но, во оваа група луѓе спаѓа и помалку познатиот Џ. Пол Гети. Тој живеел во втората половина од 20-тиот век и бил најбогатиот човек на планетата – поседувал 80% од нафтата во целиот свет. Тајкунот бил роден во многу богато семејство и само го зголемил тоа богатство. Во продолжение, погледнете некои интересни факти за него и за неговиот живот.rnrnЏ. Пол Гети: Милијардерот кој одбил да плати откуп за неговиот внукrn

      rn 011

    • Родителите на Пол верувале дека Бог им давал богатство на луѓето доколку ги следеле правилата. Тие го одгледале нивниот син на строг и авторитарен начин.
    • rn 011

    • Нивното прво дете умрело, па родителите му забраниле на Пол да комуницира со неговите врсници. Мајка му верувала дека може да се зарази со истата болест што го убила првото дете. Истовремено, отворено му кажувале дека го сакале помалку бидејќи не сакале да страдаат доколку и тој умрел.
    • rn 011

    • Џ. Пол Гети верувал во реинкарнација. Еднаш видел фотографија од статуа од римскиот император Трајан и помислил дека си наликуваат. Подоцна изјавил: „Сакам да верувам дека душата на Трајан живее во моето тело и сакам да го видам начинот на којшто би се однесувал.“
    • rn 011

    • И покрај учењата на неговите родители, Пол не станал религиозен, туку им се противел. Ова буквално го чинело многу. Татко му му давал поразително мала финансиска поддршка, а во тестаментот нагласил дека неговото богатство ќе го наследи сопругата, а не син му.
    • rn

    rnЏ. Пол Гети: Милијардерот кој одбил да плати откуп за неговиот внукrn

      rn 011

    • Откако Џ. Пол Гети дипломирал на Оксфорд, решил да му се приклучи на семејниот бизнис. Татко му му давал плата од околу 100 евра месечно.
    • rn 011

    • Џ. Пол Гети го направил првиот милион кога наполнил 23 години. Ова би се случило и порано, доколку татко му му ги дал парите што Пол ги побарал на заем. И мајка му одбивала да му позајмува голема сума пари.
    • rn 011

    • Во 1966-та година, Гинисовата книга за рекорди го именува Пол како најбогатиот човек во светот. Неговото богатство било проценето на околу 1 милијарда евра, односно 9 милијарди според стандардите во 2017-та година.
    • rn 011

    • Еден од најпознатите цитати на Гети е: „Трајната врска со жена е возможна само ако сте бизнис неуспех.“ Тој бил во брак 5 пати, и секоја од неговите сопруги била доволно млада да му биде ќерка. Според неговите биографии, 4 од нив биле девици.
    • rn

    rnЏ. Пол Гети: Милијардерот кој одбил да плати откуп за неговиот внукrn

      rn 011

    • Од овие 5 брака, Пол имал 5 сина. Еден од нив умрел за време на операција на 12-годишна возраст. Во овој период, Пол бил во Европа. Одбил да се врати во Америка бидејќи бизнисот не смеел да чека.
    • rn 011

    • Во 1973-та година, уште еден од синовите, кого Пол го сметал за наследник, умрел. Во овој период еден од помладите синови го тужел, барајќи поголема финансиска поддршка за него и за неговите браќа. Гети го добил случајот, но сепак почнал да им дава пари на синовите, секако, помалку отколку што барале.
    • rn 011

    • Во 1973-та година, 16-годишниот внук на Пол бил киднапиран. Пол одбивал да го плати откупот од 15 милиони евра цели 5 месеци. Во врска со ова изјавил: „Имам 15 внуци, ако платам сега, веднаш ќе ги ставам останатите 14 внуци на ризик од киднапери.“
    • rn

    rnЏ. Пол Гети: Милијардерот кој одбил да плати откуп за неговиот внукrn

      rn 011

    • Кога киднаперите му пратиле на Пол прамен од косата на внукот и неговото уво, и откако ја намалиле сумата на 2 милиони, Гети се согласил да плати.
    • rn 011

    • Кога Џон му се јавил на дедо му за да му се заблагодари за откупот, Пол не одговорил на телефонот.
    • rn 011

    • Филмот „Сите пари на светот“ (All the Money in the World) е направен според овие трагични настани.
    • rn

    rnЏ. Пол Гети: Милијардерот кој одбил да плати откуп за неговиот внукrn

      rn 011

    • Гети го купил Сатон Плејс во Англија и живеел таму сам, не вклучувајќи го обезбедувањето. Во својата вила имал 34 спални соби и 14 бањи. Никогаш не поканил ниту еден роднина да го посети.
    • rn 011

    • Во подоцнежните години од неговиот живот, Гети имал многу аристократски љубовници кои живееле со него во вилата. Гети уживал во фактот дека аристократка готвела за него и му ги исполнувал желбите.
    • rn

    rnЏ. Пол Гети: Милијардерот кој одбил да плати откуп за неговиот внукrn

      rn 011

    • Сите овие жени морале да потпишат договор дека нема да бараат никакви финансиски средства од Гети. Дури тогаш можеле да живеат во вилата.
    • rn 011

    • Рециклирањето на Гети го достигнало врвот во подоцнежните години. Рециклирал и канцелариски материјал. Внимателно ги чувал и ги рециклирал ковертите, прецртувајќи ги старите адреси. Пишувал писма на веќе употребени листови наместо на нови.
    • rn 011

    • За да заштеди за централно греење, Гети поставил неколку електрични греалки во неговата дневна соба.
    • rn 011

    • Понекогаш, неговите гости во вилата се јавувале во Австралија или во Америка. Овие повици не биле евтини, па Гети инсталирал телефонски говорници за неговите гости. Доколку сакале да се јават, морале да платат.
    • rn 011

    • Еднаш Гети однел група пријатели на шоу за кучиња во Лондон. Ги натерал да пешачат околу соседството 10-тина минути додека билетите не паднале на половина цена.
    • rn 011

    • Според администрацијата за данок на Америка, многу години, даноците на Гети не биле повисоки од 500 евра годишно.
    • rn

    rnЏ. Пол Гети: Милијардерот кој одбил да плати откуп за неговиот внукrn

      rn 011

    • Пол бил штедлив дури и кога станувало збор за него. На пример, не купувал чорапи поскапи од 90 центи.
    • rn 011

    • Во неговата старост, Гети страдал од разни фобии. Му било страв да лета и да се јавува на телефон, па поради ова секретарка им кажувала на роднините дека не сака да зборува со нив.
    • rn 011

    • Во 80-тите, Гети користел експериментална дрога за да ја зачува потенцијата.
    • rn 011

    • Во неговото последно интервју, направено неколку недели пред неговата смрт, го прашале што друго сака од животот кога е најбогатиот човек на светот. Тој одговорил дека сакал да продолжи со бизнисот.
    • rn 011

    • Кога Гети умрел, неговото семејство, вклучувајќи ги синовите и посветените слуги, не добиле речиси ништо. Најголемиот дел од неговото богатство завршило во музеј во Малибу, што го направило најбогатиот музеј во светот.
    • rn 011

    • Еден новинар го дал овој коментар за смртта на Гети: „Најбогатиот, најосамениот и најсебичниот маж умре денес. За 84 години од неговиот живот, тој не даде ни цент во добротворни цели.“
    • rn

    rnЗапознајте ги и милијардерите чија скромност ќе ве натера да размислите за вашите приоритети.

  • Најмладата милијардерка во светот: Таа го сруши рекордот на Марк Закерберг!

    Најмладата милијардерка во светот: Таа го сруши рекордот на Марк Закерберг!

    Најмладата сестра од кланот Кардашијан-Џенер неодамна ја заработи својата прва милијарда. Станува збор за 21-годишната Кајли Џенер која официјално станала најмладата милијардерка во историјата што самата ги заработила своите пари.rnrnrnrnКајли минатата година прв пат се појавила на насловната страница на угледното финансиско списание Форбс, каде што било објавено дека таа наскоро може да го сруши рекордот кој дотогаш го држел основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, со стекнување статус на милијардер на 23 години.rnrnЗа разлика од Марк Закерберг, Кајли Џенер ја заработила својата милијарда благодарение на нејзиниот бјути бренд Кајли Козметикс, во комбинација со парите што ги заработува од семејното шоу и соработката со други познати брендови.rnrnТоа што можеби е поинтересно е фактот што во моментов Кајли е официјално најбогатиот член од нејзиното семејство.rnrnЗапознајте ги и овие 8 милијардери чија скромност ќе ве натера да размислите за вашите приоритети.

  • Милијардер го дал своето богатство за да помогне да се спасат океаните

    Милијардер го дал своето богатство за да помогне да се спасат океаните

    Бизнисменот од Норвешка, Кјел Инге Роке не е личност која била ценета за придонесот за заштита на околината. Тој бил опишуван како безмилосен лидер на корпорација и ги направил своите милијарди со транспорт и вадење нафта од океаните.rnrnМилијардер го дал своето богатство за да помогне да се спасат океанитеrnrnНо приказната добила вистински пресврт кога Роке одлучил да даде голем дел од неговото богатство кое изнесува речиси 2,7 милијарди евра за изградба на брод за истражување кој е дизајниран и за собирање на пластика од океаните.rnrnБродот ќе може да собира и до 5 тони пластика дневно од водата и да ја стопи.rn

    „Сакам да му вратам на општеството дел од мојата заработка. Овој брод е дел од тоа.“

    rnОгромната јахта, која ќе биде најголема во светот штом ќе се изгради, ќе може да пренесува 60 научници и екипаж од 40 луѓе. Ќе биде опремена со модерни лаборатории, аудиториум, 2 хелидроми и хангар. Исто така ќе има опрема за набљудување на водните површини. Јахтата ќе биде достапна и за туристи и може да собере 36 гости и екипаж од 54 луѓе. На овој начин ќе се зголемат приходите за истражувањето.rnrnРоке, кој порано бил и рибар, изјавил дека океаните се од голема важност за општеството, но и за него и за неговото семејство.rn

    „Океаните се под голем притисок дури и пред претераниот риболов, загадувањето, уништувањето на живеалиштата, климатската промена и киселоста на океанот. Еден од најголемите проблеми е пластиката во океаните. Мора итно да се најде решение.“

    rnДодека се на бродот, истражувачите ќе се обидат да одговорат некои од најважните прашања поврзани со океаните и морињата на Земјата.rn

      rn 011

    • Какво влијание има емисијата на јаглероден диоксид на океаните и нивната киселост и како можеме да ги намалиме ефектите?
    • rn 011

    • Како можеме да се справиме со загадувањето со пластика кое предизвикува голема штета во водниот синџир на исхрана?
    • rn 011

    • Што можеме да направиме за да ги спасиме загрозените видови?
    • rn 011

    • Како можеме да го намалиме риболовот и да го направиме користењето на водните ресурси одржливо?
    • rn 011

    • Дали има недопрени ресурси во океаните преку кои би добиле нови извори на храна или енергија за идните генерации?
    • rn

    rn

    „Јахтата ќе биде платформа за собирање знаење. Би сакал да ги поканам истражувачите, групите за заштита на околината и другите институции да стекнат нови вештини и да најдат решенија за овие предизвици.“

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=IN0MHPnRYWcrnrnЈахтите, особено со оваа големина, можат да предизвикаат одредена штета на опкружувањето. Но, бродот има и некои „зелени“ карактеристики со чија помош ќе се направи побезбеден за околината и водата. Се очекува јахтата да се пушти во употреба до летото во 2020-та година. Оваа јахта не само што ќе биде најголема, туку ќе биде и најтешка со маса од цели 16.000 гигатони.rnrnПогледнете како и вие да го намалите загадувањето на водата.

  • Запознајте го Џон Колисон: Најмладиот човек во светот кој започнал свој бизнис и станал милијардер

    Запознајте го Џон Колисон: Најмладиот човек во светот кој започнал свој бизнис и станал милијардер

    Џон Колисон, коосновач и претседател на Страјп, има само 27 години и е најмладиот човек на светот кој станал милијардер благодарение на тоа што започнал свој бизнис. Тој ја основал Страјп во 2010 година заедно со брат му кога имал 19 години. Станува збор за технолошка компанија која го променила начинот на кој луѓето плаќаат онлајн. Џон потекнува од мало село во Ирска и тој дошол во САД за да студира на Харвард, но ги прекинал студиите за да се фокусира на Страјп во Силициумската долина.rnrnЗапознајте го Џон Колисон: Најмладиот човек во светот кој започнал свој бизнис и станал милијардерrnrnСега Колисон важи за најмладиот милијардер за светот со сопствен бизнис. Неговото богатство изнесува 1,1 милијарди долари, а вредноста на компанијата во 2016-та била проценета дека изнесува 9 милијарди долари. Вреди да се спомене дека Страјп е омилениот избор на огромни компании, како што се Lyft и Фејсбук.rnrnИако браќата имаат стекнато огромно богатство, тие не заборавиле на своите скромни корени во малото ирско село. Колисон бил одличен ученик кој бил примен на Харвард уште пред да ги полага завршните испити, кои ги положил со највисоките оценки.rnrn

    Запознајте го Џон Колисон: Најмладиот човек во светот кој започнал свој бизнис и станал милијардер
    Колиба во ирското село
    rnrnКолисон и неговиот постар брат Патрик веќе станале милијардери пред Џон да се запише на факултет. Тие започнале софтверска фирма која им го олеснила управувањето со трансакциите на продавачите на Ибеј.rnrnИ покрај тоа, Колисон отишол во САД за да студира физика на Харвард во 2009-та година.rn

    „Многу е чудно тоа што луѓето се изненадени кога ќе им кажам дека ќе се запишам на факултет. Нема сомнеж дека сакам да одам на факултет“, изјавил Џон во тој период.

    rnНо, следната година, Колисон го сменил мислењето. Тој ги прекинал студиите, се преселил во Силициумската долина и ја започнал компанијата Страјп. На почетокот, браќата возеле велосипеди до нивната канцеларија во Пало Алто секој ден, бидејќи не сакале да трошат пари на автомобил.rnrnЗапознајте го Џон Колисон: Најмладиот човек во светот кој започнал свој бизнис и станал милијардерrnrnСтрајп се појавила во јавноста во 2011-та година. Компанијата имала цел да го олесни начинот на кој бизнис фирмите ги примале трансакциите направени онлајн, со тоа што им овозможила да ги процесираат исплатите преку нивните веб-сајтови, наместо да ги принудуваат корисниците да се регистрираат и да отвораат профил.rnrnЗапознајте го Џон Колисон: Најмладиот човек во светот кој започнал свој бизнис и станал милијардерrnrnДо 2015-та година, вредноста на Страјп била проценета на 5 милијарди долари, а до ноември 2016, нејзината вредност пораснала на неверојатни 9,2 милијарди долари. Тоа го зголемило богатството на Колисон на 1,1 милијарди долари и така тој станал најмладиот милијардер во светот со сопствен бизнис на 26-годишна возраст. Денес, компанијата има 750 вработени и е стационирана во Сан Франциско.rnrnЗапознајте го Џон Колисон: Најмладиот човек во светот кој започнал свој бизнис и станал милијардерrnrnВо слободно време, браќата сакаат да уживаат во голем број интересни активности. Колисон е лиценциран пилот и најчесто лета кога има време. Тој е исто така страсен планинар, сака да трча и многу често учествува во екскурзиите организирани од страна на компанијата заедно со своите колеги. Џон објавува и фотографии на социјалните мрежи од неговите авантури со колегите како што е патувањето на планината Тамалпаис.rnrnЗапознајте го Џон Колисон: Најмладиот човек во светот кој започнал свој бизнис и станал милијардерrnrnЗапознајте го Џон Колисон: Најмладиот човек во светот кој започнал свој бизнис и станал милијардерrnrnМајк Мориц, член на одборот на Страјп, открил дека браќата Колисон биле многу поскромни и поприземни од останатите милијардери. Мора да признаеме дека нивната приказна е неверојатна: Двајца браќа, кои доаѓаат од мало село, ја основаат една од најважните Интернет компании! Кои се шансите да се случи такво нешто?!rnrnВо продолжение прочитајте нешто повеќе и за 10-те млади милионери кои не наследиле ниту денар од нивните родители.

  • Австралиски милијардер планира да го изгради Титаник 2

    Австралиски милијардер планира да го изгради Титаник 2

    Има големи шанси во наредните неколку години да плови нов Титаник по отвореното море. Австралискиот милијардер Клајв Палмер ги објавил своите планови за изградба на ултрамодерна, луксузна верзија на „проколнатиот“ Титаник во Кина.Австралиски милијардер планира да го изгради Титаник 2 Палмер, кој е еден од најбогатите луѓе во Австралија, изјавил дека конструкцијата на Титаник 2 ќе биде со подеднакви димензии како оригиналот.Австралиски милијардер планира да го изгради Титаник 2
    rn

    „Ќе биде исто толку луксузен како оригиналниот Титаник, но секако ќе ја има најдобрата технологија на 21-от век, како и најновите навигациски и безбедносни системи. Титаник 2 ќе биде неверојатен, и ќе има сала за вежбање, базен, библиотеки, првокласни ресторани и луксузни кабини.“


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 интересни факти за милијардерот Карлос Слим

    10 интересни факти за милијардерот Карлос Слим

    Мексиканскиот бизнисмен Карлос Слим веќе неколку години по ред важи за најбогатиот човек на светот според листата што ја изготвува магазинот Форбс. Неговото богатство и покрај загубите во економската криза останува над 70 милијарди американски долари, а го стекнал кревајќи ги од дното компаниите кои ги купил додека пропаѓале. Ова се 10 интересни факти поврзани со него.10 интересни факти за милијардерот Карлос Слим1. Роден е во Мексико Сити на 28 јануари 1940 година во семејство на Либански емигранти. Неговиот татко емигрирал сам во средноамериканската држава уште додека имал 14 години, а по некое време почнал да се занимава со разни бизниси од кои заработил големо богатство.rnrn2. Карлос Слим исто така започнал со малку пари кои ги добил од татко му, а империјата ја создал со инвестициите во енергетскиот, телекомуникацискиот и градежниот сектор. Првата инвестиција ја направил на 11 години во банкарскиот сектор.10 интересни факти за милијардерот Карлос Слим3. Неговото богатство е толку големо што изнесува цели седум проценти од бруто националниот доход на Мексико. Кога би го поседувал истиот процент во САД, тоа би изнесувало повеќе од 900 милијарди долари.rnrn4. Тој е првиот бизнисмен од земја во развој којшто стигнал на врвот на листата на најбогати луѓе на светот.rnrn5. Слим и неговата сопруга Сумаја имаат шест деца, а неговите тројца синови се поставени на битни позиции во неговите компании. Неговата сопруга почина во 1999 година, а била вклучена во бројни филантропски проекти поддржани од Слим.rnrn6. Тој е неверојатно скромен. За разлика од многу други богаташи, тој практикува доста едноставен живот. Сè уште сам се вози на работа, а неговото обезбедување е незабележливо.10 интересни факти за милијардерот Карлос Слим7. Карлос Слим живее во истата куќа во која живеел и пред триесет години. Не поседува куќа надвор од Мексико, ниту пак јахта.rnrn8. По професија е градежен инженер. Дипломирал на Националниот автономен универзитет во Мексико Сити и до ден денес е верен навивач на школскиот фудбалски тим Пумас.rnrn9. Карлос Слим е страстен колекционер на уметнички дела. Се претпоставува дека поседува најголем број скулптури од Огист Роден надвор од Франција. Тие се изложени во музеј во Мексико Сити, крстен според сопругата на Карлос, Сумаја.rnrn10. Тој е голем филантроп. Неговите донации најчесто завршуваат во областа на медицинските истражувања, трансплантацијата на човечки органи и изградбата на спортски центри во сиромашните краишта.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 факти за милијардерот Доналд Трамп

    10 факти за милијардерот Доналд Трамп

    Доналд Трамп е роден на 14 јуни 1946 година во Њујорк, САД. Тој е еден од најпознатите бизнис магнати во светот, директор на корпорацијата „Трамп“ која се занимава со недвижнини, а покрај тоа, тој е и автор и телевизиски шоумен. Ова се 10 уникатни факти поврзани со него и неговиот живот.rn10 факти за билионерот Доналд Трамп1. Ова дефинитивно е најуникатниот факт за Доналд кој многумина не го знаат. Во 1990 година, тој беше на работ на персонален и бизнис банкрот. Сепак, до 1994 година, тој успева да го отплати личниот долг од 900 милиони американски долари, а бизнис долгот да го намали на 3,5 милијарди долари. Се откажал од својот личен авион, но ги задржал зградата „Трамп“ и трите казина во Атлантик Сити. Денеска неговата организација поседува повеќе од 100 фирми и е проценета на повеќе од 2,6 милијарди американски долари.rnrn2. Тој има дипломирано економија на бизнис школата Вортон на Универзиететот во Пенсилванија.rnrn3. Неговата зграда или кулата Трамп, како што често е нарекувана, е најголемата станбена зграда во светот. Таа има 90 ката.rn10 факти за билионерот Доналд Трамп4. Тој исто така поседува и палата во Палм Бич, Флорида со 18 спални соби, наречена палатата Трамп. Тоа е еден од најскапите имоти во државата.rnrn5. Трамп кратко беше замешан и во американскиот фудбал (рагбито). Овој факт е исто така помалку познат, но сепак интересен. Доналд Трамп извесен период беше сопственик на рагби тимот „New Jersey Generals“ кој се натпреваруваше во фудбалската лига на САД.rnrn6. Трамп еднаш се има обложено со Винс Макмехон, сопственикот на Светската боречка федерација (WWE) при што и двајцата одбрале свој борач, а борбата била наречена „Битката на милијардерите“. Губитникот морал да си ја избричи главата. Во борбата победил натпреварувачот на Трамп, по што тој помогнал при бричењето на главата на Винс.rn10 факти за билионерот Доналд Трамп7. Во 2002 година, Доналд Трамп и телевизијата „NBC“ направиле ексклузивен договор со кој Трамп станал еднаков партнер во франшизата за Мис Универзум.rnrn8. Во 1999 година, Доналд Трамп покажал интерес за кандидирање за позицијата претседател на САД како претставник на реформската партија, на изборите во 2000 година. Сепак, на крајот не се кандидираше. Годинава пак и се врати на таа идеја.rnrn9. Во 2004 година, Доналд стана извршен директор и ѕвезда на реалното шоу на телевизијата „NBC“, „The Apprentice“ (Ученикот). Она што ретко кој го знае е фактот дека добивал плата од 375.000 американски долари по епизода.rnrn10. Доналд Трамп е тотален трезвеник и никогаш се нема напиено алкохол.

  • Друштвена мрежа (The Social Network)

    Друштвена мрежа (The Social Network)

    Филм за тоа како е да се гази по лешови за да се изгради мултимилионски бизнис, но и за онаа мала (сé уште постојна) трошка на совест. Каков човек треба да бидеш за да станеш најмладиот милијардер во светот?rnrnДруштвена мрежа (The Social Network)Режија: Дејвид ФинчерrnrnСценарио: Арон СоркинrnrnГлавни улоги: Џеси Ајсенберг, Ендрју Гарфилд, Џастин ТимберлејкrnrnЖанр: драмаrnrnВреметраење: 120 минутиrnrnПремиера: 1 октомври 2010rnrnЈазик: англискиrnrnОфицијален веб-сајтrnrn

    Наша оценка: 9/10rn___________________________________________________________________________________________rnМарк Зукерберг е претенциозно копиле кое не знае нормално да комуницира со луѓе освен ако не се во чет-прозорче. Но, Марк Зукерберг е и основач на социјалната мрежа Фејсбук и милијардер, а има само 26 години. Најверојатно, мора во исто време да бидеш и двете за да го поминеш патот до мултимилионски бизнис? Кеш, слава, почит, но и одлуки од типот дали да го оставиш на цедило најдобриот пријател, дали да украдеш нечија идеја, дали да играш валкано. И пак мора да бидеш толку самозадоволен за на крајот на денот да се погледнеш во огледало и да го сакаш тоа што го гледаш. Што е вистина, а што е лага во овој филм? Не си даваме за право да судиме. Сепак, и покрај сé, приказната те фаќа веќе во првите 5 минути и никако да те пушти. А таков филм, независно за кого е направен, секогаш вреди да се види.rn___________________________________________________________________________________________rnrnrnПриказна: Фокусот на филмот е правното сослушување на Марк Зукерберг, на луѓето кои велат дека идејата за Фејсбук е нивна и на неговиот најдобар пријател Едуардо Саверин со кого го почнале бизнисот. Преку нивните искази, приказната оди уште од почетокот на целата историја кога Фејсбук не им бил ни на крај памет, а Зукенберг бил студент на „Харвард“. Филмот е преполн со остар саркастичен хумор, со динамични дијалози… Да, вака кажаната приказна звучи целосно неатрактивно – ех, па кој би сакал да гледа филм за правно сослушување? Иако станува збор за големи пари, ниту еден живот не е загрозен. Сепак, впечатокот е дека „Друштвена мрежа“ посилно го катапултира адреналинот и од повеќето акциони филмови.Друштвена мрежа (The Social Network)Друштвена мрежа (The Social Network)Кинематографија: Кога ќе го видите филмското си-ви на Друштвена мрежа – режисерот Финчер ги потпишал и филмовите „Седум“, „Чудниот случај на Бенџамин Батон“, а сценаристот Соркин го напишал и „Неколку добри луѓе“, грешки би биле непростливи. Брзи кадри и приказна, феноменални актерски остварувања (буквално ниту еден актер не ја утна работата)… Интересно е што приказната е проследена со исклучително динамична музика, што на почетокот е малку смешно (па, добро, не е толку напната приказната за таа музика), но како што навлегуваш, сфаќаш дека посоодветна музика не може да се најде. Го засилува филмското случување за 100 степени.Друштвена мрежа (The Social Network)Друштвена мрежа (The Social Network)Кога и како да го гледате? Да го имавме во некое од нашите кина, ќе ви кажев да го погледнете таму, но како и секој блокбастер така и овој нé заобиколи, па воопшто и не е потребно да давам некаков коментар – едноставно ќе морате да го проследите дома. Секако, навечер и со изгаснати светла. Филмот е доволно интересен и сленговски кажано „ве вози“, така што можете да го гледате и подоцна во ноќта, верувајте, нема да заспиете. Иако глумат само момчиња, и тоа некои од моментално најсексапилните на планетата како Џастин Тимберлејк, сепак, приказната во Друштвена мрежа е и машка и женска така што може да го гледате во секаква комбинација – со пријатели, со девојка/момче, сами…Друштвена мрежа (The Social Network)Друштвена мрежа (The Social Network)