КАФЕ ПАУЗА

Tag: ментална институција

  • Експеримент: Колку е тешко да се излезе од ментална установа?

    Експеримент: Колку е тешко да се излезе од ментална установа?

    Дали некогаш сте си помислиле како е да бидете затворени во ментална установа иако сте совршено здрави? Веројатно мислите дека ова е ирационален страв, зарем не? Едноставно ќе кажете дека сте „нормални“, дека немате сериозни проблеми со менталното здравје, и можете слободно да си одите.rnrnЕксперимент: Колку е тешко да се излезе од ментална установа?rnrnНо изгледа дека постои нешто навистина чудно со менталните институции, бидејќи штом еднаш ќе влезете, не е толку едноставно да излезите.rnrnВо 1969-та година, психологот Дејвид Росенхан направил експеримент и го нарекол „Да се биде нормален на ненормални места“.rnrnЕксперимент: Колку е тешко да се излезе од ментална установа?rnrnЦелата идеја зад овој уникатен експеримент била да се тестира колку е лесно да се влезе во ментална институција, а колку е тешко да се излезе. Дејвид собрал 8 луѓе – 3 жени и 5 мажи, и секој од нив бил примен во разна психијатриска установа. Помеѓу испитаниците имало психолози, педијатар, психијатар, сликар и домаќинка. Секој од нив изјавил дека слуша гласови кои повторувале три збора – празно, здодевно и удар.rnrnДоволен бил само овој симптом за испитаниците да бидат примени во установите. Дејвид изјавил дека му било страв дека брзо ќе бидат фатени, но овој страв бил далеку од реалноста.rnrnЕксперимент: Колку е тешко да се излезе од ментална установа?rnrnШтом испитаниците стапнале во болниците, сите почнале да тврдат дека им исчезнале симптомите и се чувствувале подобро. Но ова не било доволно за да ги ослободат. Всушност, ниту еден од вработените не забележал дека овие луѓе можеби ги лажирале нивните проблеми со менталното здравје.rnrnЕксперимент: Колку е тешко да се излезе од ментална установа?rnrnБиле потребни од 7 до 50 денови за сите испитаници да бидат ослободени од болниците, но никој од нив не бил обележан како здрав. Сите биле ослободени со дијагнози како манична депресија, па дури и шизофренија.rnrnЕксперимент: Колку е тешко да се излезе од ментална установа?rnrnИако испитаниците се однесувале сосема нормално, нивните постапки, како на пример, пишување дневник, се сметале за вознемирувачки. Исто така со нив се однесувале лошо, иако тие биле добри кон негувателите. Понекогаш се соочувале и со малтретирање. Дејвид го употребил зборот „дехуманизирачко“ за да го опише целото искуство.rnrnОна што е можеби најинтересно е дека од 118-те вистински пациенти, 35 забележале нешто невообичаено кај испитаниците. Изјавиле дека сметале дека се новинари или професори кои спроведуваат експеримент.rnrnЕксперимент: Колку е тешко да се излезе од ментална установа?rnrnЦелиот експеримент резултирал со едноставен заклучок – менталните институции почесто погрешно дијагностицираат здрава личност како болна, наместо болна како здрава. Дејвид запишал:rn

    „Очигледно е дека не можеме да ги разликуваме лудите од нормалните во психијатриските болници.“

    rnДали знаете кои се најчестите погрешни сфаќања за психотерапијата?

  • Куќа од соништата (Dream House)

    Куќа од соништата (Dream House)

    Филм за животните трагедии и за игнорирањето на суровата реалност со која мораме да се соочиме за да продолжиме со живототrnrnrnКуќа од соништата (Dream House)Режија: Џим ШериданrnrnСценарио: Дејвид ЛукаrnrnУлоги: Даниел Крег, Рејчел Вајс, Наоми Ватс, Матрин Кокас, Тејлор Гир, Марк Вилсон, Џонатан ПотсrnrnВреметраење: 92 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 30 септември 2011rnrnЖанр: психолошки трилерrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn
    rnrn


    Одбивањето на суровата реалност и затворањето во свој имагинарен свет е психолошко нарушување кое многупати досега било предизвик за филмаџиите. „Куќа од соништата“ е уште еден потресен филм, во кој на едноставен начин е прикажано што се случува кога нашиот мозок одбива да ја прифати трагедијата и да се соочи со последиците од неа. Тогаш замислуваме дека живееме во свет во кој сè е беспрекорно убаво. Но, наеднаш потсвеста испливува на површина, ни ја открива вистината од која упорно бегаме и нè враќа во кошмарот со кој одново треба да се соочиме. Покрај психијатрите и менталните институции, за да ја пребродиме трагедијата и да продолжиме понатаму, потребни ни се голема храброст и безусловна поддршка од пријателите. rnrnВо филмот се испреплетуваат неколку веќе видени холивудски приказни, кои на почетокот може да ве наведат на погрешен заклучок. Можеби ќе помислите дека се работи за излитен хорор, но ако ги издржите првите сцени и не го исклучите телевизорот, ќе ви биде мило што сте му дале шанса и на ова остварување на Шеридан.rnrn


    rn


    rn

    rnПриказна: Филмот започнува кога главниот лик Питер (Даниел Крег) се враќа од ментална институција во неговата стара напуштена куќа, која е речиси распадната и прекриена со графити. Но, во неговата глава сè е поинаку. За него, душевната болница е фирмата во која работи и од која дава отказ, со цел да му се посвети на семејството. Питер замислува како го напушта бурниот градски живот и се враќа во неговата куќа, во мирното предградие во Англија, каде живее удобен живот од соништата, заедно со неговата сопруга (Рејчел Вејс) и со двете ќерки. Питер не е свесен дека тие се мртви и дека тој бил обвинет за нивното убиство, по што бил прогласен за луд и затворен во душевна болница. По пет години рехабилитација, неговиот психијатар констатира дека е излечен и тој ја напушта болницата.Куќа од соништата (Dream House)Куќа од соништата (Dream House)Во имагинарниот свет кој Питер го создал за време на сеансите, одбивајќи да се соочи со трагедијата, тој креирал нов идентитет. Од шифрата W1-1L 8-10-10 под која се лекувал, го сменил името во Вил. Смислил нови имиња и за сопругата и за ќерките. Но, кога се враќа во куќата, на Питер полека почнува да му проработува потсвеста и да се присетува на некои работи. Најпрво не ја препознава неговата сосетка Ен Петерсон (Наоми Ватс) и блиска пријателка на неговото семејство. Таа станува свесна дека Питер сè уште не е излекуван и дека ги замислува мртвите ќерки и сопругата. Клопчето започнува да се одмотува кога на Питер му се причинува дека неговите ќерки гледаат како некој човек ги набљудува. Полицијата одбива да му помогне и тој одлучува да поведе сопствена истрага…Куќа од соништата (Dream House)Глума: Крег, Вајс и Ватс одлично се носат со улогите, но слободно можеме да кажеме дека сме ги виделе во многу подобро светло. Ова се едни од нивните посиромашни филмски ангажмани, во кои најверојатно повеќе би уживале на почетоците на нивната кариера. После овој филм, се роди нова љубов меѓу Крег и Вејс, која подоцна беше крунисана и со брак.Куќа од соништата (Dream House)Кога и како да го гледате: Веднаш да ви кажеме дека овој филм не беше баш најдобро прифатен од филмските критичари. Некои го оценија како тотално промашување. Но, од публиката доби малку поинаков одговор, па затоа и ви го препорачуваме.rnrn„Куќа од соништата“ е најдобро да го гледате на крајот од неделата, сами или со вашите кино-сојузници, со кои подоцна би можеле да дебатирате дали познавачите на филмот се во право или сè е до вкусовите и на крајот на краиштата, главниот збор го има публиката. Сместете се удобно во омилената фотелја или на каучот, не заборавајте ги грицките, бидејќи некои сцени се неми и траат малку подолго од вообичаеното, па тишината ќе можете да ја разбиете со крцкавите звуци. 🙂Куќа од соништата (Dream House)
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.