КАФЕ ПАУЗА

Tag: меланхолија

  • Победете ја есенската меланхолија во 3 едноставни чекори

    Победете ја есенската меланхолија во 3 едноставни чекори

    Есента секогаш се поврзува со меланхолија. Денот се намалува, сонцето сè почесто ѕирка низ облаците, ветрот е ладен, често врне… Сите овие нешта влијаат на расположението, но добрата вест е што има неколку навики што можат да ви помогнат да се изборите со меланхолијата и навистина да уживате во есента. Еве како да го сторите тоа…rnrnrn

    1. Создајте топла домашна атмосфера

    rnКога ви е удобно во својот топол ден, ништо не може да ви го наруши расположението. Можете слободно да се излежувате во најмекото ќебе што го имате, пиејќи шолја чај со вкус на јаболка и цимет и читајќи добра книга. Ако не сте љубители на пишаниот збор, можете да уживате и во филм или серија, или едноставно да заспиете во топлата прегратка на партнерот. За доживувањето да ви биде целосно, запалете и миризлива свеќа – портокал, цимет или ванила се најдобрите избори за вас.rn

    2. Спа во сопствениот дом

    rnОдредете еден ден во неделата кога ќе се посветите само на себе. Негувајте се со пилинг и Победете ја есенската меланхолија во 3 едноставни чекориПобедете ја есенската меланхолија во 3 едноставни чекорихидратантни креми. Ставете маска на лицето и опуштете се во пенлива бања. Пуштете ја омилената музика, средете си ги ноктите и косата, и едноставно заборавете на сите грижи.rn

    3. Секојдневно шетајте на свеж воздух

    rnОваа навика не само што ќе ви го подобри расположението, туку и ќе ви помогне да го одржите здравјето на високо ниво за време на периодот на настинките и болести. Едноставно затуткајте се во топла облека и посетете го најблискиот парк – ова е најдобриот начин да ја почувствувате есента во полн сјај. Лисјата во сите нијанси на жолтата боја, што крцкаат под вашите стапала, ќе ве опуштат и ќе ве наполнат со енергија што ќе ве одржува во текот на целата сезона.rnrnОдлична идеја: Како од балконот да направите удобен простор за есенско уживање?

  • Меланхоличниот лик на Хамлет – убиство, одмазда, трагична љубов

    Меланхоличниот лик на Хамлет – убиство, одмазда, трагична љубов

    „Хамлет“ е најдолгата Шекспирова драма и една од најмоќните трагедии некогаш напишани. Базирана врз легендата за Амлет, оваа драма е најпопуларно дело на англискиот поет и драматург Вилијам Шекспир. Кога зборуваме за „Хамлет“, мислиме на врвно достигнување во литературата. Хамлет со векови ги фасцинира публиката и читателите.rnrnЛикот на Хамлет е најпознатиот и најанализираниот лик од Шекспировите драми. Познат како екстремно разочаран и меланхоличен, Хамлет е полн со омраза кон неговиот чичко Клавдиј. На ваквата негова состојба влијаат многу емоционални фактори, како смртта на неговиот татко и бракот кој неговата мајка го склопува со Клавдиј. Хамлет станува опседнат со идејата за смрт и одмазда, но неговата меланхолична состојба придонесува тој постојано да одложува преземање акција. Неговото познато „да се биде или не“, е само дел од неговите меланхолични говори, во кој е опседнат со идејата за самоубиство. Иако сака да му стави крај на своето страдање, тој нема да посегне по својот живот, плашејќи се дека доколку го направи тоа, ќе биде проколнат на вечно страдање во пеколот.Меланхоличниот лик на Хамлет – убиство, одмазда, трагична љубовОвој лик е толку комплексен, што речиси секој кој ја чита драмата ќе си оформи своја верзија за Хамлет. Можеби тоа е резултат на тоа што оваа драма е напишана во период од Шекспировиот живот кога тој е многу зрел писател со силно познавање на човековата природа. Врз оформувањето на ликот на Хамлет, влијае култот на меланхолијата, кој се издигнува во Англија во раниот 17-ти век. Имено, тогаш се верувало дека доколку се наруши балансот на телесните течности во човековото тело, тоа ќе резултира со болест од емоционална природа. Во тој период и други писатели се осврнале кон креирање меланхолични ликови, како Џон Вебстер во драмата „Војвотката од Малфи“.rnrnЕдна од познатите теории за ликот на Хамлет, е дека тој имал Едипов комплекс, односно дека кон својата мајка не чувствувал само љубов и почит, туку и сексуална желба. Многу постапки на овој лик нè тераат да веруваме дека Хамлет чувствува сексуална привлечност кон мајка си, и ја гледа повеќе како жена отколку како своја мајка. Некои литературни критичари го објаснуваат ова тврдење, изнесувајќи аргументи дека Хамлетовата опседнатост со смртта на Клавдиј, не е само поради одмазда на смртта на стариот крал Хамлет, туку и поради спасување на кралицата Гертруда од тој срамен брак.Меланхоличниот лик на Хамлет – убиство, одмазда, трагична љубовХамлет чувствува дека Клавдиј го презема неговото место до Гертруда. Тој сака да биде единствениот кон кого неговата мајка ќе чувствува љубов. Бракот меѓу Клавдиј и Гертруда, Хамлет го гледа како одвратна игра, го смета за инцест и за акт со кој се понижува кралството. Хамлет го мрази чичко си толку многу, што одбива да го убие за време на молитва, верувајќи дека на тој начин Клавдиј би одел во рајот.rnrnХамлетовите извртени зборови придонесуваат ликот никогаш да не е потполно јасен за своите чувства, а токму тоа му дава слобода на секој читател да оформи своја теорија за емоционалната состојба на Хамлет и причината за неговото однесување. Комплексноста на овој лик е што од една страна толку ја вреднува мајка си, а од друга страна во многу наврати со неговите зборови остава впечаток дека не ги почитува жените. Исто така, Хамлет постојано го одлага своето дејствување и премногу размислува за секоја своја постапка, но во еден момент без да размислува го следи својот инстинкт и го убива Полониј.Меланхоличниот лик на Хамлет – убиство, одмазда, трагична љубовЈасно е дека Хамлет го режира своето лудило, шетајќи и зборувајќи сам со себе, но која е неговата вистинска цел? Неговото божемско лудило е мотив за неговата љубена Офелија навистина да го загуби разумот, посегнувајќи по својот живот, што меѓу другото, ја прави оваа драма и љубовна трагедија.rnrnОваа Шекспирова трагедија е вистински сплет на убиство, одмазда и сексуална желба. Како и другите дела на Шекспир, и оваа драма е одраз на тогашната состојба во Англија, само што Шекспир секогаш поставува други земји како место на случување (во случајов се работи за Данска). Со „Хамлет“, Шекспир дава одраз на негативностите во општеството, како братоубиството, лицемерието и желбата за власт.rn

    rnСте ја прочитале ли трагедијата за Хамлет? Како вие го разбирате ликот на Хамлет?rn
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали депресијата е заразна?

    Дали депресијата е заразна?

    Дали некогаш сте забележале како вашето расположение се менува кога сте во друштво на негативни личности? Депресивното расположение не само што е лошо за личноста која така се чувствува, туку влијае негативно и на другите. Чувството на депресија е заразно. Одбегнувајте да бидете со личност која е во депресија или најдете начин да помогнете за излез од меланхоличното расположение.Дали депресијата е заразна?rn

    Како депресијата е заразна?

    rnЕкспертите тврдат дека депресијата е заразна, тргнувајќи од нагонот за критикување кој го имаат таквите личности. Најчесто депресијата се случува поради загуба на нешто важно, па личностите кои се во депресија, како резултат на беспомошноста, престануваат да се ценат самите себе. Како што не се ценат себеси, така не вреднуваат ничиј труд. Што и да правите ќе бидете критикувани. Не очекувајте личност која е во депресија да ве пофали дека сте изгубиле неколку кила, туку ќе го потенцира негативното бидејќи тоа е единственото што го забележува. На пример, дека новата фризура не ви стои добро. Колку и да се чувствувате самоуверено, во постојано друштво на вакви луѓе вашата самодоверба ќе почне да се ниша.rnrnДепримираните личности ја пренесуваат негативната енергија. Тоа е како да стои темен облак над нив, па штом сте до нив и вас ве зафаќа истиот облак. Тие се изолираат од социјалните збиднувања, па доколку, на пример вашиот партнер е депримиран, ќе ве повлече да останете со него дома пред телевизор.Дали депресијата е заразна?Оние кои се во депресија ви ги отежнуваат обврските. Исто како што инспирираните луѓе ве мотивираат за повеќе, депримираните ве држат пасивни. Ако, на пример, го гледате вашиот колега како доаѓа на работа без волја за живот, истото тоа депресивно расположение ќе ве зарази и вас. Доколку во бракот еден од партнерите е во депресија, тој/таа ќе престане да ги извршува домашните обврски, оставајќи премногу на ваш товар, што со сигурност нема да направи да се чувствувате добро.rn
    rn

    Депресијата може да се излечи

    rnДепресијата не смее да се игнорира! Стресот на модерното живеење неретко резултира со физички и психички болести. Кога гледате како личност која ви е блиска запаѓа во депресивно расположение, не смеете да го игнорирате проблемот мислејќи дека ќе мине за брзо. Постојат многу начини и терапии со чија помош депресивното расположение може да исчезне. Ако личноста не ви е толку блиска за да ја советувате, или не го прифаќа вашиот совет, оддалечете се, депресијата е заразна и со сигурност на некаков начин ќе ви наштети и вам.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Дневник на румот (The Rum Diary)­

    Дневник на румот (The Rum Diary)­

    Автор: Петар ЏајковскиrnrnЕдна доза бес. Една доза правда. Три дози рум. Промешај добро!rnrnДневник на румот (The Rum Diary)­Автор: Хантер С. ТомсонrnrnАдаптација и режија: Брус РобинсонrnrnГлавни улоги: Џони Деп, Амбер Херд, Мајкл Рисполи, Џовани Рибиси, Арон ЕкхартrnrnЖанр: комедија, драма, биографијаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 28 октомври 2011 (САД)rnrnВреметраење: 120 минутиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn
    rn


    rnПо излегувањето на големото платно, „Страв и параноја во Лас Вегас(Fear and Loathing in L.A., 1998) премина од критички омразен до „неочекувано“ популарен хит. Како резултат на овој филм публиката остана со сува уста, жедна за уште од алкохолот, дрогата, лудилото и генијалноста на Хантер С. Томсон да биде пресликана на големото платно. Па изгледаше дека пријателот на Хантер и главниот јунак во претходниот филм Џони Деп скоро и да нема друг избор освен да му овозможи на стариот доктор по новинарство, повторно да оживее преку филмската лента.


    rnrnДневник на румот е интересен филм во кој на прилично точен и реалистичен начин се прикажани новинарските почетоци на Хантер во Пуерто Рико потопени во многу рум. Но, овој филм не е она што го очекуваше публиката. Ова е повеќе една меланхолична приказна измешана со (бес)краен алкохолизам и социјална нееднаквост (како критика, но и протест кон општествената криминална политика) за разлика од лудото халуциногено патување во потрага по Американскиот сон кое го гледавме во „Страв и параноја…“rnrnХантеровиот хумор и глас нè следат низ целиот филм, но идеалот кој е врежан во сите дела на Томсон тука е за нота потивок и повнимателен што може да биде разочарувачки фактор за сите оние кои очекуваа динамична забава во стилот на „Fear and Loathing“. Сепак овој филм дефинитивно го заслужува вниманието на сите следбеници на д-р Гонзо, како и на фановите на Џони Деп и недоволно почитуваниот британски режисер Брус Робинсон.rn

    rnПриказна: Филмот, како што веќе споменав, зборува за почетоците на младиот, наивен и полн со ентузијазам новинар кој пишува под псевдонимот Пол Кемп како репортер за „Сан јуан стар“ – весник кој е на работ на пропаст. Пол е еден чуден млад човек кој е повеќе од среќен поминувајќи ги карипските ноќи пиејќи 470 (да, четиристотини и седумдесет!) процентен алкохол и тестирајќи непознати халуциногени супстанци.rnrnНо, овој млад писател сè уште не го пронашол својот авторски глас, својот стил на пишување кој подоцна ќе прерасне во едно цело движење и идеологија позната како „Gonzo Journalism“. Сепак, овој период од неговиот живот е пресуден за развој на омразата кон „копилињата“ кои го држат светот во своите раце претставени преку ликот на главниот антагонист Сандерсон. Оваа омраза и презир кон неправедните авторитети подоцна ќе прерасне во движечка сила и главен мотив кој ќе биде еден од основните елементи во сите неговите книжевни дела, како и во предизборната претседателска кампања од 1972 година која ја покривал пишувајќи за американскиот весник „The Rolling Stone“.Дневник на румот (The Rum Diary)­Дневник на румот (The Rum Diary)­Секако, во филмот има и многу забава. Сцените во кои се појавува хистерично загубениот репортер Моберг, кој генијално е одигран од Џовани Рибиси, се екстремно траги-комични и крајно непредвидливи. Самата атмосфера во Пуерто Рико е мистична и едноставна, но сепак полна со авантури и опасности кои постојано го демнат главниот лик и неговиот цимер и колега Сала. Не недостасува ни сексапил, напротив ликот на Амбер Херд изобилува со него и како митска нимфа го маѓепсува Пол Кемп, будејќи го либидото во него, но и страста кон автомобилската брзина.Дневник на румот (The Rum Diary)­Дневник на румот (The Rum Diary)­Како и кога да го гледате: За да го доловите елементот на овој филм и вистински да го осетите на своја кожа, високо пожелно е да соберете лудо друштво и да се снабдите со многу алкохол (+18), по можност рум. Тоа ќе создаде идеална атмосфера за да се претопите во филмското дејство и целосно да се соживеете со приказната.Дневник на румот (The Rum Diary)­
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поезија: Има ли крај?

    Поезија: Има ли крај?

    Автор: Soldier of LovernrnrnИма ли крај?rnrnСе буди нов ден.rnБудилникот повторно ја пее својата мелодија.rnЈас повторно се будам уморна.rnНишто ново на запад.rnПовторно истите исцрпувачки мисли кои го окупираат мојот мозок.rnПовторно истата мелодија според која чука моето срце.rnПовторно истата тага и меланхолија.rnЈас сум истата, на истото место, во истото време.rnДеновите се копии едни на други.rnДенови исполнети со кафе покрај креветот,rnпепелник во кој една цигара постојано догоруваrnи истите тажни песни кои по којзнае кој пат предизвикуваат солзи на моето лице.rnПовторно гледам грб кој го напушта мојот живот.rnПовторно скршена, повторно ранлива и сама.rnИ по којзнае кој пат со себе го носам својот најскапоцен моден додаток – насмевката.rnНасмевка која ги крие тие солзи, таа болка, таа меланхолија.rnМоите очи молат некој конечно да земе гума и да ја избрише таа болка, но…rnкако и секогаш, нема никој кој ќе ги слушне моите неми повици за помош.rnСветот е полн со луѓе, а сепак осаменоста е константна.rnОсаменост која убива, гуши и омалува…rnИма ли крај на оваа душевна апатија?rnА ако има, каде е?

  • Започнете ја седмицата понеделнички

    Започнете ја седмицата понеделнички

    После еден мрзливо поминат викенд, со чипсот во рака, пружени на каучот пред телевизор, на повеќето од нас ни е депресивна мислата дека треба да почне уште една напорна работна седмица. Но, ако и дозволиме на понеделничката меланхолија да не обземе, постои опасност таа да ни ја уништи целата седмица. За да не се случи тоа, треба да излеземе од рутинското секојдневие и да ги прегрнуваме понеделниците исто онака како што ги прегрнуваме петоците. Прочитајте ги следниве 7 начини да ги победите понеделничките депресии. Започнете ја седмицата понеделничкиrn

    1. Дотерајте се

    rnОдличен начин да ги победите негативните чувства, кои се обидуваат да ви ја исцицаат енергија на почетокот од седмицата, е да се погрижите за вашиот изглед. Облечете нешто во кое се чувствувате секси, средете си ја косата, ставете ја вашата омилена алка и прснете на себе од скапиот парфем кој го чувате за „посебни пригоди“. Со што и да решите да се почестите, гледајте тоа да биде нешто кое прави да изгледате и да се чувствувате волшебно. Маката која претходно ја чувствувате ќе исчезне за миг.Започнете ја седмицата понеделничкиrn

    2. Разгалете се

    rnПронајдете начин да направите понеделник да ви биде ден наменет за нешто специјално. На пример, подгответе си го вашиот омилен појадок пред да излезете од дома или купете си го на работа/факултет вашиот највкусен оброк. Нема потреба да чекате да дојде викенд за да го направите тоа, бидејќи тие два дена и без тоа ви причинуваат задоволство сами по себе.rn

    3. „Рокнете“ го радиото

    rnМузиката може значително да го подобри вашето расположение. Попуштете го звукот додека ја слушате вашата омилена радио станица и дозволете му вашето тело и ум да се препуштат на ритамот. Честопати занимливите вести и шегите кои ќе ги чуете од радио водителот, во себе кријат интересна тема за разговор или смешка која ќе можете да ја раскажувате за да ги разведрите вашите колеги и другари. Преку веселата комуникација со вашите колеги, ќе ги заборавите сите причини зошто претходно се чувствувавте мизерно.Започнете ја седмицата понеделничкиrn

    4. Филмска вечер

    rnЗошто треба гледањето филмови да биде резервирано само за во викендите? Ако сте филмски ентузијаст, викнете го вашиот партнер или некој другар/ка на пуканки и добро филмче. На овој начин, ќе ви се случува нешто интересно уште на почетокот од седмицата, поради што можеби ќе го засакате токму овој ден од седмицата.Започнете ја седмицата понеделничкиrn

    5. Прегледајте ја вашата имејл пошта во недела навечер

    rnИ покрај тоа што во недела навечер сакате уште малку да поуживате во преостанатите слободни часови, попаметно е да ја победите мрзата и да завршите неколку ситни обврски, кои доколку се насоберат можат многу да ви ја преоптоварат работната седмица. Така, доколку во вашето имејл сандаче сè уште ви стојат неотворени неколку мејлови на кои морате да одговорите, зошто да не ја тргнете таа мисла од глава?! Плус со таквата постапка, веќе сте завршиле пола од работата која ве очекува во понеделник, со што го правите овој ден помалку меланхоличен.rn

    6. Купете си нешто ново во понеделник

    rnКупувањето нешто што ви треба или ви се допаѓа доволно за да ве развесели понеделнички, е одличен начин да го победите меланхоличното расположение. Не мора да биде нешто скапо, туку нешто во кое ќе уживате додека го употребувате во овој депресивен ден, како на пример убаво пенкало, паричник, лабело…Започнете ја седмицата понеделничкиrn

    7. Одете со пријател на ручек

    rnПред да заврши викендот, јавете се на некој пријател кој е исто толку очаен како вас зашто почнува нова работна недела и закажете за утредента ручек во ресторан. Ништо не може повеќе да го покрене расположението од добра храна и уште подобар муабет со вашиот другар/ка. Па, договорете средба и којзнае можеби понеделничкиот ручек ќе ви стане редовна пракса.