Сега постои начин балоните од детството да ги вметнете во вашето домаќинство. Овие елегантни маси со балони се дизајнирани од „Duffy London“. Ова студио со седиште во Велика Британија ги комбинира уметноста и функционалноста додека си поигрува со концептите на геометријата, на гравитацијата и на илузијата. Меѓу најдобрите креации е масата со балони која се одликува со визуелна илузија што прикажува балони кои креваат стакло. За илузијата да биде уште поверојатна, некои балони се пократки и не ја допираат земјата, а има и такви што едноставно „лебдат“ без никакви врвки на нив.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги и овие фотографии од скулптури на животни направени од рециклирано сребро.
Tag: маса
-

Стаклени маси инспирирани од балони што ќе ве вратат во детството
-

Бонтон на маса: 14 манири за коишто повеќето луѓе немаат ни слушнато
Можеби вам веќе ви се познати основните принципи за бонтонот на маса и ако тоа е така, веројатно сте изненадени кога ќе наидете на луѓе, кои тотално не ги знаат. Но, сепак постојат некои не толку очигледни манири, на коишто би било добро да обрнете посебно внимание. Така на пример, многу луѓе не знаат која храна смее да се јаде со раце, а во кои случаи е подобро да се користи прибор за јадење.rnrn
rnrnПогледнете ја оваа листа од 14 практични совети, кои ќе ви помогнат да се чувствувате удобно додека јадете на некоја свечена прослава или деловен состанок. Со нивна помош, ќе избегнете да се чувствувате посрамотени поради евентуалните грешки, кои ќе ги направите на масата.rn1. Мисо супа
rnПопуларната јапонска Мисо супа обично се послужува во мал, длабок сад, којшто треба да го кренете со вашата дланка и да пиете мали голтки од течноста. Од друга страна, стапчињата за јадење се наменети за придржување на тофуто и другите состојки. Откако ќе ја испиете течноста, можете да го изедете и тофуто, печурките и другите цврсти состојки, со помош на лажица или стапчиња.rnrn
rn2. Сланина
rnБидејќи крцкавата сланина може да се скрши ако ја пресечеме со нож, сосема е прифатливо да се јаде со раце. Меката сланина е обично доста мрсна, па доколку не сакате да си ги извалкате рацете, можете да користите нож и виљушка.rnrn
rn3. Маслинки
rnКога маслинките се послужени како мезе, можете да ги јадете со раце. Но, ако тие се дел од состојките во некое јадење, како на пример во салата, тогаш треба да ги боцнете на виљушка. Исто така, можете да ја изедете маслинката ставена во чашата со мартини, но само откако ќе го испиете пијалакот и целосно ја фрлите во устата, без да ја гризете на залчиња.rnrn
rn4. Кременадли од риба
rnКременадлите пресечени од риба, најчесто од лосос или крап, може да се јадат со специјален прибор: виљушка со три запци или нож со форма на шпатула. Месото од рибата е многу меко, па затоа треба внимателно да се одвои со нож и потоа да се внесе во устата со виљушка. Исто така, ножот може да се користи и за тргање на кожата и коските на страна.rnrn
rn5. Цело парче риба
rnНајпрво, треба да ја пресечете рибата на средина, почнувајќи од главата кон опашката, без да го допирате ‘рбетот со ножот. Поткренете го горниот дел од парчето со нож, како да отворате дебела корица од книга, а останатиот дел од месото, придржувајте го со виљушката. Ставете ги пресечените парчиња, во слободниот дел од чинијата. Користете виљушка, за да го отстраните ‘рбетот и ставете го во чинијата за коски. На крај, можете да прснете малку лимон врз рибата и започнете да ја јадете со истата виљушка и нож.rnrn
rnПогледнете ги останатите бонтон правила за на маса, на следната страница…rn -

Погледнете што имате на вашата работна маса во овој момент и откријте нешто повеќе за себе
На вашата работна маса има повеќе нечисти шолји кафе отколку документи? Имате многу спојувалки во различни бои? Или пак, нема ништо друго освен едно пенкало? Предметите кои ги чуваме на работната маса можат да откријат многу за една личност, па токму затоа погледнете убаво што имате пред вас и дознајте што тоа кажува за вас…rnrn
rn1. Спојувалки во различни бои
rnВие поминувате многу време во сурфање низ портали за животен стил и мечтаете да направите бизнис од вашиот профил на Инстаграм. На социјалните мрежи редовно објавувате фотографии од вашите очила за сонце покрај утринската шолја кафе, кои поминале низ неколку апликации за филтри. Познати сте како главниот организатор на празничните забави во вашата канцеларија и постојано испраќате мејлови во кои ги потсетувате колегите за оние кои имаат роденден. Токму затоа сите ве сакаат.rn
2. Потсетник во кој пишува сè што морате да направите
rnПрецртување на завршените задачи во вашиот роковник многу ве исполнува, но и ве прави попрактични. Вие повеќе сакате печатени книги отколку е-книги, готвење отколку јадење во ресторан, гледање филмови во кино отколку онлајн и на работа сакате да носите пристојна и класична облека наместо она што моментално е во тренд. Другите постојано бараат од вас да им препорачате добро вино или книга. Некои дури можеби ве сметаат и за сноб, но вие сте само една дама која знае што сака.rn
3. Неколку нечисти шолји кафе
rnДрамата за вас почнува рано наутро, без разлика дали станува збор за караница со партнерот, непослушни деца, пасивно-агресивен цимер, гужва во сообраќајот… До 8 часот наутро вие веќе сè сте преживеале и кога ќе пристигнете на работа детално им ги раскажувате вашите патешествија на поспаните колеги. Вие сте и голем експерт во работење додека сè уште сте мамурни и во едната фиока од вашата работна маса секогаш можете да најдете екстра маица, фустан или пар чевли. Вие исто така знаете точно каде се наоѓаат најдобрите места за забава по работата.rn
4. Пенкала во сите бои
rnВие сте горди на вашите профили на Инстаграм и Пинтерест и воопшто не ви е јасно зошто некои луѓе од вашата канцеларија не ве следат на социјалните мрежи. Уверени сте дека тоа е повеќе нивна загуба отколку ваша. Вие сте експерт за подготвување здрава храна, знаете да подготвите и безглутенски кекси и на сите им зборувате како палачинките од киноа се многу вкусни. Постојано размислувате да ги означите полиците за книги со различни бои, бидејќи така ќе изгледаат кул. Многу ве нервира идејата да одите на работни состаноци, иако потајно уживате во нив.rn
5. Едно пенкало и скоро ништо друго
rnВие ја мразите вашата работа и едвај чекате да дојде крајот на работното време. За време на паузите за ручек вие барате понуди за друга работа. Наместо да ги завршувате работните задачи, повеќето од времето го поминувате во сурфање по интернет и одржување на вашиот профил на „Linkedln“ и останатите мрежи за вработување. Вие живеете од ден за ден, наоѓате утеха во јогата, медитацијата, кафето или инспиративните цитати. Повремено си дозволувате да плачете во тоалетот на работа, но потоа брзо се соземате и се однесувате како ништо да не се случило.rn
6. Фотографии од мачки
rnВас ве гледаат како чудакот во канцеларијата кој зборува со јазикот на интернетот и ги информира сите за новостите од Инстаграм профилите на славните ѕвезди. Најверојатно работите со социјални медиуми или во компанија која се занимава со други видови маркетинг каде што можете да бидете колку сакате почудни и да го наречете тоа „добро завршена работа“. Вие сакате впечатливи ѓердани, шарени хулахопки, како и да гледате како колегите ве потценуваат само затоа што носите женствени фустани. Никој вас не ве смета за закана, па токму затоа тајно водите преговори со шефот за зголемување на вашата плата без колегите да го знаат тоа.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Прекрасни уникатни маси низ кои течат реки и езера
Автор: Сања ПетровскаrnrnИмагинацијата и креативноста кај некои луѓе едноставно немаат граници. Понесени од многуте идеи кои им се вртат низ глава, уметниците успеваат да создадат неверојатни работи кои постојано нѐ изненадуваат и воодушевуваат.rnrn
rnrnГрег Класен се занимава со изработка на единствени парчиња мебел познати под името „Речна колекција“. Неговите изработки претставуваат уникатни дрвени маси низ кои поминува рачно исечено парче стакло кое создава речен или езерски ефект. Парчето стакло милиметарски точно се поклопува со дрвената конструкција, а за целата изработка од почеток до крај е задолжен самиот тој. Посебно значење во неговата работа има соработката со локалната пилана од каде го добива дрвото во сурова форма, така добивајќи можност да ги искористи неговите природни шари и облици. Работата на Класен всушност е резултат на спојот од дизајнирање на мебел и уметност.rnrn
rnrnСекој кој сака да поседува една од овие единствени маси, тие може да се нарачаат директно од неговиот веб-сајт. Достапни се во сите големини и облици така што би можеле совршено да ги вклопите во вашиот ентериер.rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Дизајнирајте ја пицата што сакате да ја нарачате
Брендот „Pizza Hut“ во соработка со „Chaotic Moon Studios“ направиле иновативна дигитална маса, на која секој буквално може да си ги нареди состојките на пицата што сака да ја нарача. Муштериите можат да си изберат големина на пица, сос, сирење и разни други додатоци. Тие исто така можат да прават и дополнителни нарачки како на пример зачинети пилешки крилца. По селекцијата на начинот на плаќање, купувачите дури можат да изберат да играат игри додека чекаат.rnrn
rnrnКомпанијата вели дека овој интерактивен концепт е нешто што може да стане дел од иднината на нарачувачкото искуство во Pizza Hut. Забавно, нели?rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

10 генијални идеи за уредување применливи во мал простор
Малиот простор е проблематичен од два аспекти – треба да изгледа добро уреден, додека истовремено треба да ви ја овозможува сета практичност и достапност која секому му е потребна во домот. Доколку имате мала квадратура, овие неколку генијални идеи ќе ви помогнат да дојдете до некои решенија за преуредување на просторот со кој располагате.rn
Разделник за соби со библиотека и основа за прикачување телевизор
rn
rnКревет на спуштање кој го ослободува просторот во текот на денот
rn
rnМаса на собирање
rn
rnФункционално пополнување на просторот околу прозорец
rn
rnКауч во форма на буквата L кој се трансформира во кревет за спиење
rn
rnИмитација на маса доцртана на ѕид околу лебдечка полица
rn
rnЦела кујна на отворање
rn
rnПодвижна кабина која служи за спиење
rn
rnМал простор комплетно опремен со кревет на таван, кујна, дневна и тоалет
rn
rnПлакар-соба над кој е поставен креветот за спиење
rn
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Креативен божиќен ручек направен од торти
Зеленчукот и печениот компир изгледаат вкусно и крцкаво, мисирката има совршена кафена нијанса. Целата трпеза е сервирана, па дури и децата едвај чекаат да ја вкусат. Но, ова не е традиционален божиќен ручек. Сè што гледате на трпезата, се всушност прецизно подготвени торти. Мисирката можеби изгледа реално, но таа е направена од пандишпан во неколку ката. Прокељот се всушност мали чоколадни тортички, боровинките се направени од шеќерна паста, а доколку сè уште сте гладни после сите овие слатки продукти, можете да ја изедете и чинијата.rnrn
rnrnВиновникот за подготовка на оваа креативна божиќна вечера е дизајнерката на торти Керолин Вајт, која ја напуштила нејзината работа во маркетинг пред 12 години, за да започне сопствен бизнис за торти. Нејзината интересна божиќна трпеза ѝ одзела повеќе од 40 часа работа. Заедно со тричлениот тим во нејзината фирма во Лондон „Cakes 4 Fun“, ја создале оваа слатка уметност, создадена од секојдневни состојки како марципан, пандишпан, џем и чоколадо.rnrn
rn„Ова е една од најнеобичните работи коишто сме ги создале“ – вели Керолин која истовремено води и училиште за торти, кое подучува 5.000 ученици годишно. „Правиме секаков вид храна: суши, даска со сирења, како и секси торти. Забавно е и се надеваме дека ќе охрабриме и други луѓе да се заинтересираат за правење вакви интересни торти.“
rn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Отстранете ги трагите од мокри чаши на вашата маса
Оставањето мокри чаши на дрвена маса може да остави трајни траги кои не можат да се отстранат со средство за чистење. Овој трик е многу едноставен и гарантира резултати. Сè што ви е потребно е пегла, парче памучна ткаенина и масата со дамки од мокри чаши.rnrn
rnПостапка:
rn1. Вклучете ја пеглата и прилагодете ја на средна температура.rnrn2. Покријте го оштетениот дел од масата со бела маица или друго памучно парче.rnrn3. Пеглајте ја маицата врз масата сè додека трагите не исчезнат.rnrn
rnДополнителен совет:
rnПодобро е да пеглате врз еден слој ткаенина и бидете поупорни со поголемите дамки. Проверувајте го повремено дрвото да не го оштетите, но со неколку минути плус пеглање, би требало да исчезнат и најзафатените површини.rnrnЗа да ги покриете изгребаните делови пак, обидете се да триете врз нив со излупен орев. Нема да се случи чудо, но дефинитивно ќе ги покриете малите гребаници и дамките од потчукнување.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Сладок мебел од кој ќе ви се пријаде нешто благичко
Дизајнерот Боги Чен е креатор на овој разигран, сладок мебел во облик на огромни слатки. Серијата ја нарекува „Sweeties“, а се состои од столчиња во форма на мали тортички и бисквит-маса. Комбинирајќи го својот ентузијазам за храна и познавањата од индустрискиот дизајн, Боги ги изработил овие „вкусни“ предмети со сразмерна големина. На столчето кое личи на колаче, му се прилагодува висината од 30 до 50 см, во зависност од потребите на корисникот. Растопениот фил на колачето и кремот во сендвич-колачето се направени од полиуретан.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како да ја поставите масата за посебни прилики?
Добрите манири ја одразуваат културата, љубезноста, дури и самиот карактер на една личност. Таквите правила на однесување се учат еднаш, се употребуваат секојдневно и траат засекогаш.rnrnКако и во многу други нешта, постојат одредени правила кои треба да се почитуваат и при поставување на масата за посебни прилики. Ваквите правила се разликуваат во зависност од формалноста на пригодата, а се вистина лесни и едноставни.rnrn
rnrnЗа почеток, при поставувањето на масата за неформални прилики, треба да се внимава на распоредот на приборот за јадење, потребен за трите оброка кои се послужуваат. Па така, чинијата е првиот елемент кој треба да го поставите. Над неа се става салфетката, која е едноставно свиткана на половина. На левата страна од чинијата се ставаат две виљушки, помала и поголема. Поголемата стои веднаш до чинијата и служи за главното јадење, додека помалата е наменета за салата или друг вид предјадење. Од десната страна на чинијата се ставаат ножот и лажиците за чај и супа. Во просторот над нив, се поставуваат чашите за вино и вода.rnrn
rnrnПоставувањето на масата за поформални прилики се состои од повеќе елементи и бара повеќе труд и внимание. Имено, над чинијата за главниот оброк, се поставува уште една помала чинија, која служи за салата. Од левата страна се распоредуваат виљушките, а од десната, ножот и лажиците, исто како во неформалното поставување. Салфетката овој пат се става веднаш до виљушките од левата страна. Во просторот над нив пак, стои мала чинија за леб. Над самата главна чинија, хоризонтално се поставуваат лажичка и мала виљушка за десертот. Со послужувањето на десертот, на масата се поставува и шолја за топол напиток, со тацна. Секако, тука се и чашите за бело вино, црвено вино и вода, кои се поставуваат во горниот дел од десната страна на чинијата.rnrn
rnrnЗа полесно разбирање на овие правила, погледнете ги убаво илустрациите и запаметете: Убавите манири никогаш не излегуваат од мода.rnrnПрочитајте и како да дадете одредени сигнали со приборот за јадење кога јадете во ресторан.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.








