Просечно, луѓето трошат половина час од својот ден стоејќи во редови. Народот на една земја, за стоење во редови може да изгуби десет милијарди часови. Научниците се шокирани од овој број, па затоа се одлучиле да ги напрегнат своите мозоци и да истражат што сè може да ни помогне да го скратиме времето кое го минуваме во редот за наплаќање. Со цел да го поминете вашето време попродуктивно, погледнете ги следниве совети за тоа како да ја изберете редицата која најбрзо се движи.rnrn
rn
1. Застанете зад купувачот кој има полна кошничка
rnНајверојатно сега мислите дека ова нема баш никаква смисла, но истражувачите докажале дека на овој начин многу побрзо ќе поминете на другата страна од касата. Секоја личност троши одредена количина време за да се поздрави со касиерката, потоа за да плати, да ги земе кесите и да замине. Ова просечно трае 41 секунда по личност, без да е израчунато во ова и времето за ставање на производите на лентата и скенирањето на баркодовите на касата (скенирањето трае по 3 секунди од предмет).rnrn
rnrnНаучниците откриваат дека доколку застанете зад личноста која има 100 производи во својата кошничка, ќе поминете 6 минути во чекање ред. Но, доколку застанете зад четворица луѓе од кои секој има по 20 предмети, тоа ќе потрае скоро 7 минути. Ова значи дека помалку ќе чекате во редицата во кој има помал број луѓе со полни кошнички, отколку во редица со повеќе луѓе со полупразни кошнички.rn
2. Редиците од вашата лева страна се почесто пократки
rnБидејќи поголемиот дел од луѓето се десничари, тие обично вртат на десно. Затоа е подобро да застанете во редот од вашата лева страна.rn
3. На касата е касиерка! Одлично!
rnПо правило, ако ве услужува женска личност, ќе бидете поефикасно и побрзо услужени.rnrn
rn
4. Проверете што имаат купувачите пред вас во нивната кошничка
rnЗа да си го скратите времето, обрнете внимание на производите што ги одбрале оние кои чекаат пред вас, бидејќи стаклените артикли и цврстите пакувања најбрзо поминуваат покрај скенерот. Потребно е подолго време за скенирање на баркодовите од лепенката на пластичните кеси, затоа што понекогаш касиерката мора рачно да ги внесува. Значи, купувачот кој има само шише млеко и сок во својата кошничка ќе го заврши своето купување побрзо од купувачот со кеса свеж зеленчук и овошје.rn
5. Немојте да ја изберете редицата што е подолга од полиците крај касата
rnСпоред истражувачите, касиерите се многу побавни доколку не го гледаат целиот ред купувачи на својата каса.

















rnrnЕден од најпознатите и најголемите пазари во Германија е Франкфуртскиот божиќен пазар, лоциран на плоштадот Сент Пол, кој ќе ве освои со својот шарм.rn
rnrnБожиќните пазари се вообичаени за австрискиот главен град и се лоцирани на многу значајни места како пред Градското собрание или пред популарната палата Белведере. Маркетите се полни со штандови со костени и топло чоколадо, како и многу рачно изработени предмети кои претставуваат совршени подароци за празниците.rn
rnrnРачно изработените декорации, вкусните колачи и прекрасното опкружување го прават божиќниот пазар во Салзбург еден од најпознатите во Европа.rn
rnrnВо текот на празниците се поставуваат божиќни пазари низ целиот град кои се преполни со локални прехранбени богатства и подароци за сите на вашата листа.rn
rnrnТрадиционалното божиќно село Аоста, наречено „Зелен божиќен пазар“ изгледа како магично место од бајките бидејќи организаторите го претвораат античкиот римски театар во алпско село. Тука ќе најдете рачно изработени украси и разни слатки колку што ви сака душата.rnrn
Во еден маркет во Пекинг, уметникот Лиу Болин го претставил својот последен проект. Преку целото тело ги нацртал соодветните зеленчуци кои се наредени зад него, за да се „вклопи“ со полиците и да изгледа како таму да нема никој.

rnrn
Првиот виртуелен супермаркет во светот се отвори во Сеул, главниот град на Јужна Кореа. Тука можете да купувате продукти кои се прикажани на слики во метро станица, со едноставно скенирање на нивниот
„
Во моментов, само корисниците на Андроид имаат можност да ја користат оваа услуга, која што беше овозможена во текот на изминатата седмица. Не дека „Хоумплус“ немаат изработено апликација за Ајфон, но чекаат таа да биде одобрена од страна на „Епл“.rnrnЦената за испорака на продуктите од онлајн продавницата, ќе варира од 1000 до 4000 јужнокорејски вони или претворено во евра од 0,6 до 2,6 евра, во зависност од часот кога муштеријата сака да му бидат испорачани.
Извршниот директор на „Хоумплус“ Ли Сунг-хан, вели дека маркетите мораат да се прилагодат на брзите промени во навиките и однесувањето на потрошувачите. Тој вели дека повеќето корисници на паметни телефони, најмногу ги користат додека се движат од една до друга секојдневна релација и ова е најдобриот период од денот за таргетирање на купувачи.rnrnСпоред корејската комисија за комуникации, бројот на корисниците на паметни телефони се очекува да порасне од 7,2 милиони во првата половина од оваа година, на 25 милиони во втората половина.rn