КАФЕ ПАУЗА

Tag: манчмелоу

  • Што е најслаткото нешто што ви го кажало вашето дете? Овој одговор ќе ви го стопи срцето!

    Што е најслаткото нешто што ви го кажало вашето дете? Овој одговор ќе ви го стопи срцето!

    Децата никогаш нема да престанат да нè изненадуваат и тоа е одлично бидејќи така на сите ни го прават животот поинтересен. Некој корисник на сервисот Quora го поставил прашањето: „Што е најслаткото нешто што ви го кажало вашето дете?“, а одговорот од еден човек ќе ви го стопи срцето.rnrnШто е најслаткото нешто што ви го кажало вашето дете? Овој одговор ќе ви го стопи срцето!rnrnПрофесорот по физика Ричард Мулер решил да го изведе експериментот со манчмелоу врз неговата 3-годишна внука, а резултатите биле нешто што навистина не го очекувал. Тестот се користи за да се измери колку детето ќе биде успешно понатаму во животот, а внуката на овој професор не само што го поминала туку и несомнено покажала дека има големо срце.rnrnПрочитајте ја приказната…rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rn„ОК, не се работи за моето дете туку за мојата внука, но сепак се важи.rnrnИмав читано за тестот со манчмелоу. Му даваш на дете едно манчмелоу и доколку тоа (во случајов Лејла) успее да му одолее 10 минути, ќе добие уште едно.rnrnГо испробав експериментот со внука ми, само што наместо манчмелоу користев чоколадо што таа многу повеќе го сака.rnrnСпоред обемните истражувања, децата кои ќе го „положат“ тестот, потоа стануваат многу поуспешни во животот.rnrnТие ја научиле фундаменталната вистина на животот дека одложеното задоволство може да доведе до многу подобар и подолгорочен исход.rnrnТаа седеше и го гледаше чоколадото. 10-те минути конечно поминаа, таа успеа. Потоа ми го побара второто чоколадо.rnrnЍ го дадов и сега таа имаше две во рацете. Седеше така, а потоа ме погледна и ми рече: ‘Сакаш едно дедо?’rnrnНе мора да потенцирам дека после ова би си го дал и животот за неа.“rnrn[/message_box]rnrnШто е најслаткото нешто што вие сте го чуле од вашите деца? Би го пробале овој експеримент со нив?rnrnПрочитајте ги и овие урнебесни детски изјави што ги засрамиле нивните родители во јавност.

  • Вашиот омилен десерт: Домашни манчмелоу колачиња

    Вашиот омилен десерт: Домашни манчмелоу колачиња

    Вкусен, незаборавен и неверојатно едноставен рецепт

    rnВашиот омилен десерт: Домашни манчмелоу колачињаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 8 јајца
    • rn011

    • 400 грама шеќер
    • rn011

    • 230 милилитри млеко
    • rn011

    • 30-40 милилитри масло
    • rn011

    • 70-80 грама брашно
    • rn011

    • 1 прашок за печиво
    • rn011

    • 2 лажички какао
    • rn011

    • 100 грама чоколадо за готвење
    • rn011

    • 2 лажички вода
    • rn011

    • Маргарин
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзматете ги жолчките заедно со 200 грама шеќер, па додајте го млекото и маслото. Матете сè додека не се соединат сите состојки, а потоа додадете го и брашното, прашокот за печиво, како и какаото. Матете со миксер и потоа ставете ја смесата во сад за печење. Загрејте ја рерната на 220 степени и печете 10-15 минути.rnrnВо меѓувреме матете ги белките сè додека не се згуснат, па додајте им го останатиот шеќер. Извадете ја кората од рерната и рамномерно разнесете ја смесата со белките врз неа, па вратете го садот во рерната на уште неколку минути. Внимавајте да не ги препечете белките бидејќи ќе станат гумени.rnrnРастопете го чоколадото со вода и малку маргарин, па прелијте го преку оладениот колач. Оставете го вашето домашно манчмелоу во фрижидер на околу 3 часа, а потоа послужете ладно.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #28

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #28

    На многумина денот им почнува со мирисот на штотуку приготвеното кафе. Оваа арома е незаменлива, моќна, волшебна. Ако кафето го искомбинирате и со нешто слатко, мммм… добитна комбинација за убав ден. Поставете ја оваа позадина на вашиот десктоп, која буквално „ќе легне“ на екранот. Ова се малецки слатки манчмелоу колачиња кои лебдат над густо кремасто кафе…rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #28
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1280×800) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.