КАФЕ ПАУЗА

Tag: манастир

  • Мон Сен Мишел: Магичен остров до кој можете да стигнете пеш само за време на осеката!

    Мон Сен Мишел: Магичен остров до кој можете да стигнете пеш само за време на осеката!

    Едно од местата што е додадено на списокот на светско наследство на УНЕСКО уште во 1979 година е Мон Сен Мишел во Франција. Освен по својата убавина, местото е специфично и по нешто друго. Имено, овде можете да ги забележите најголемите разлики во нивото на морето за време на плимата и осеката кои достигнуваат и до 15 метри.rnrnМон Сен Мишел: Магичен остров до кој можете да стигнете пеш само за време на осеката!rnrnИако ова е интересен феномен, сепак може да биде опасен. Доколку се најдете на пат кон островот за време на осеката, песокот е влажен и можете да потонете во него како во жива кал, а со плимата, која брзо навлегува, дури и да се удавите.rnrnОсвен тоа, морето може да се повлече и до 15 километри во пролетните месеци, така што се чини дека ова место е дел од копното, додека за време на плимата се претвора во остров опкружен со море.rnrnВисоко на островот се наоѓа манастир и средновековен замок изграден околу него до кои водат 900 скалила. Овде живеат помалку од 50 жители, а замокот го посетуваат три милиони туристи годишно.rnrnВиктор Иго еднаш изјавил дека Мон Сен Мишел за Франција е исто што и пирамидите се за Египет.rnrnОткако прочитавте за оваа туристичка дестинација во Франција, можеби ќе сакате да прочитате и за прекрасниот град на југот на Франција што ги збунува туристите.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Манастирот Фанеромени на Лефкада

    Манастирот Фанеромени на Лефкада

    [message_box title=”Летувајте со Игуана Турс” color=”yellow”]rnrniguana-logornrnПогледнете ја понудата за Лефкадаrnrn[/message_box]rnrnМанастирот Фанеромени во Лефкада е еден од најстарите и најзначајните христијански споменици во Грција и единствен на островот во кој сѐ уште живеат монаси.rnrn1-manastirot-faneromeni-na-lefkada-kafepauza.mkrnrnМанастирот Фанеромени се наоѓа на пошумениот рид, на западната страна од градот Лефкада. Од таму има прекрасен поглед на замокот и на целиот град. Точната старост на храмот не е позната, но легендите велат дека датира уште од времето на апостолот Павле.rnrnПред манастирот, на ова место се наоѓал храм посветен на Артемида, во целост изграден од бел мермер. Учениците на апостолот Павле биле испратени на Лефкада да го рашират христијанството, по што еден од нив отишол на местото каде што денес се наоѓа манастирот. Легендата вели дека тој го погледнал мермерниот храм, клекнал пред него, се помолил и храмот веднаш бил срамнет со земја од невидлива сила.rnrn2-manastirot-faneromeni-na-lefkada-kafepauza.mkrnrnВо годините по овој настан била подигната првата црква на тоа место, посветена на Богородица. Во 332 година, првите монаси пристигнале кај црквата, започнале да градат испоснички ќелии и до ден-денешен таму функционира манастир во кој живеат монаси – единствен од ваков вид на островот.rnrnФанеромени е манастир што денес е отворен за посетители и место каде што барем за миг ќе почувствувате неверојатен мир, опкружен со прекрасна природа и величествен поглед. Токму затоа им препорачуваме на сите оние што ќе летуваат на Лефкада да одвојат неколку часа и да го посетат ова место.rnrn

    rnrnrn[message_box title=”Летувајте со Игуана Турс” color=”yellow”]rnrniguana-logornrnПогледнете ја понудата за Лефкадаrnrn[/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Рилскиот манастир изработен од 6 милиони чкорчиња

    Рилскиот манастир изработен од 6 милиони чкорчиња

    Дали мислите дека имате време и трпение за да создадете неверојатно дело како ова? За почеток ќе треба да соберете само 6 милиони чкорчиња од кибрит. Бугарскиот артист Пламен Игнатов употребил токму толкав број чкорчиња за да го создаде овој минијатурен модел од Рилскиот манастир, на кој посветил 16 години од својот живот.rnrnРилскиот манастир изработен од 6 милиони чкорчиња rnrnМакетата е изработена не само од чкорчиња, туку и од дрво и камења, а моментално е изложена во археолошкиот музеј во Софија, Бугарија. Рилскиот манастир е најголемиот и најпознатиот манастир во Бугарија. Тој се смета за најважниот културолошки, историски и  архитектски објект во земјата и е главна туристичка атракција. Манастирот е заштитен од светската организација УНЕСКО.rnrnРилскиот манастир изработен од 6 милиони чкорчињаРилскиот манастир изработен од 6 милиони чкорчињаРилскиот манастир изработен од 6 милиони чкорчињаРилскиот манастир изработен од 6 милиони чкорчињаrnrnПотсетете се на скулптурата „Тркалање низ заливот“ од Скот Вивер, која е изработена од 100.000 чепкалки за заби.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 помалку познати светски чуда

    7 помалку познати светски чуда

    Сите ние сме запознаени со големите чуда на светот, било да се остатоци од антички времиња или модерни структури. Кога ќе се спомне поимот светско чудо прво што ни паѓа на памет се пирамидите во Гиза, Таџ Махал во Индија и големиот кањон на Колорадо. Но зборот чудо, кога се работи за светските чуда, не мора да се употреби само за најголемите светски чуда. Има места во светот што се волшебни и пленат со нивната убавина, а се помалку познати. Еве листа на 7 од нив.rn.rn

    1. Манастирите Метеора во Грција

    rnВосхитувачки, манастирите Метора се уште познати како „висечки карпи“ и претставуваат голем и значаен комплекс на православни манастири во Грција. Шест објекти, изградени на врвот на природните варовнички карпи, прават прекрасна глетка. Овие манастири се изградени меѓу планината Пинд во централна Грција и очигледно биле наменети да бидат дефанзивни објекти, бидејќи пристапот до нив е многу тежок. За да стигнете до нив потребни ви се скали или влечни лифтови. Секако во денешно време сето тоа се изведува многу полесно.7 помалку познати светски чуда rn

    2. Оризови тераси во Филипини

    rnНа површина од преку 4.000 квадратни милји и на надморска висина од 1524 метри во планините на Ифуаго, ќе најдете нешто што локалното население го нарекува осмо светско чудо: оризови полиња во форма на слоеви, кои биле изработени рачно и ненамерно. На нив се одгледува ориз најмалку 2.000 години. Античките народи што живееле на Филипините ги изработувале овие тераси постепено, во текот на бројни генерации. Водата за наводнување се пренесува преку систем за наводнување, а се добива од локалните дождовни шуми кои се наоѓаат над нив. Луѓето денес, на нив одгледуваат и бројни земјоделски култури, а се верува дека ако може сите тераси да се подредат во една линија ќе може да се заобиколи целиот свет. Навистина неверојатно.7 помалку познати светски чудаrn

    3. Камената тврдина Сигирија во Шри Ланка

    rnИзградена преку 1.500 години, за време на владеењето на кралот Касапа (477-495), Сигирија уште позната како „карпата на лавот“ е древна тврдина која е сместена на островот Шри Ланка. Таа е голема туристичка атракција, која е опкружена со огромни градини и ливади. Сигирија е една од седумте светски наследства на островот вреднувана по своите фрески, слични на овие во пештерите на Ајанта во Индија. Многу историски записи укажуваат на тоа дека Сигирија функционирала како карпест манастир од 5 век п.н.е.7 помалку познати светски чудаrn

    4. Кулата на Херкулес во Шпанија

    rnОваа кула се верува дека постоела од 2 век па наваму. Се претпоставува дека е изградена од римскиот инженер Севиус Лупус. Светилникот е висок 180 метри и гледа на север на атланскиот брег на Шпанија. Во 1788 година кралот Карлос VI направил фасада на кулата, која е задржана и до денешен ден. Кулата е најстариот функционален објект изграден од Римјаните.7 помалку познати светски чудаrn

    5. Пештерите Ајанта во Махараштра, Индија

    rnПредходно споменати во описот за Сиригија, овие пештери имаат големо религиозно и културно значење. Овие прекрасни пештери се засолниште на извонредни детални слики и мозаици што припаѓаат на Будистичката верска уметност. Пештерите биле окупирани во 2 век, а 300 години подоцна биле напуштени. Така напуштени без никакво присуство на човек стоеле 1.000 години, се додека во 1819 година еден британски офицер од армијата Мадрас не ги пронашол и тоа сосема ненадејно, додека ловел. Овој офицер Смит, со откривањето на овие пештери оставил огромно наследство за идните генерации.7 помалку познати светски чудаrn

    6. Торун – стариот град во Полска

    rnТорун е средновековен град, родното место на Никола Коперник. Археолозите го пресметале точното населување на овој град и тоа се случило во околу 11оо година п.н.е, додека од 7-13 век луѓето се населувале покрај течението на реката. Во 1231 година, тевтонските витези изградиле преубав замок, во близина на градот, а 30 години подоцна него го населиле францискијански монаси. Во 1280 година, градот се приклучува кон Хазанската трговска лига, со што станува важен средновековен трговски центар.7 помалку познати светски чудаrn

    7. Баган – антички град во Бурма

    rnМандалај е дел од полуостровот Бурма и во него се наоѓа волшебниот антички град Баган. Тој бил антички центар на повеќе царства. Баган претставува единственото светско чудо што не припаѓа кон листата на светски наследства, бидејќи локалитетот не бил реставриран во согласност со верните архитектонски стилови. Наместо тоа биле користени модерни материјали кои не изгледале баш убаво, во целост. Како и да е, ова е помалку познато светско чудо, но вреди да се посети.7 помалку познати светски чудаrn
    rn


    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мистериозниот островски манастир од камен

    Мистериозниот островски манастир од камен

    На 15 километри од брегот на областа Кери во западниот дел од Ирска, во Атланскиот океан се наоѓаат два мали карпести острови. Поголемиот од нив, Скелиг Мајкл, е островот на кој се наоѓа нешто навистина неверојатно. На него има манастир стар 1.400 години, кој само мал број луѓе можат да го посетат.rnМистериозниот островски манастир од каменСе верува дека манастирот е направен некаде во 7 век од нашата ера, а монашкиот живот опстојувал таму долги 600 години. Главната причина за напуштањето на островот се бара во неговата непристапност, за што говори и фактот дека она што го оставиле монасите, со векови останало недопрено и непроменето. Името на островот е од Ирскиот јазик и значи карпата на Мајкл. Карпата која се издигнува на островот е висока 230 метра. Токму затоа и многумина се обесхрабруваат да појдат да го посетат, но тоа секако помага оваа стара градба да остане зачувана.rnМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменКако резултат на влошувањето на состојбата на ова место поради посетите на туристите, се донела одлука за ограничување на бројот на турите на островот. На туристичките организатори им биле доделени само 13 лиценци, со кои можат само еднаш да го посетат островот.Мистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од камен